натанаел лимински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natanael-liminski/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Mar 2023 17:04:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png натанаел лимински Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natanael-liminski/ 32 32 Османи на средба со Лимински, во најава интезивирање на соработката со Северна Рајна- Вестфалија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/osmani-na-sredba-so-liminski-vo-najava-intezivirane-na-sorabotkata-so-severna-rajna-vestfalija/ Mon, 20 Mar 2023 17:20:15 +0000 https://republika.mk/?p=621712

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи и медиуми на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински.

На средбата, министерот Османи ја поздрави одличната соработка со најголемата германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, која се официјализираше со потпишувањето на Заедничката декларација за соработка меѓу Владите на Република Македонија и Северна Рајна-Вестфалија, февруари 2021 година, а која несомнено ја збогатува севкупна билатерална соработка и пријателските врски со Германија.

Министерот Османи подвлече дека економската соработка со оваа покраина, која е седиште на бројни водечки индустриски и бизнис капацитети, има значаен удел во севкупната економска соработка со СР Германија и се одвива во нагорна линија со акцент на присуство на компаниите како Гересхајмер, Костал Груп Кромберг и Шуберт на нашиот пазар.

„Интензивната програмска соработка со Северна Рајна Вестфалија е од особено значење и истата високо ја цениме имајќи ја предвид нејзината цел, преку модернизација на домашните економски структури, да се спротивстави на миграцискиот притисок “, истакна Министерот.

Министерот Лимински изрази задоволство од досегашната соработка со уверување дека истата ќе се интензивира како на политички, така и на економски план посебно со веќе воспоставената бизнис соработка и фирмите кои веќе успешно работаат во Македонија. Посебно го истакна проектот за обука на 30-те млади студенти, клучен во нивното профилирање како професионалци во иднина, со што своето искуство ќе го пренесат во Македонија и ќе станат мост за соработка меѓу економиите на двете земји.

Германскиот соговорник ја реафирмираше поддршката за забрзување на отпочнатите преговори на нашата држава со Европската унија и усвојувањето на уставните измени во најскоро време, како би можела Македонија да започне со отворање на поглавјата во процесот на преговорите со Европската Унија.

Министрите разменија мислења и за новата геополитичка реалност, нашето претседавање со ОБСЕ, актуелните политички случувања и безбедносните предизвици во регионот на Југоисточна Европа, како и други прашања од доменот на надворешната и безбедносна политика.

The post Османи на средба со Лимински, во најава интезивирање на соработката со Северна Рајна- Вестфалија appeared first on Република.

]]>

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи и медиуми на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински. На средбата, министерот Османи ја поздрави одличната соработка со најголемата германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, која се официјализираше со потпишувањето на Заедничката декларација за соработка меѓу Владите на Република Македонија и Северна Рајна-Вестфалија, февруари 2021 година, а која несомнено ја збогатува севкупна билатерална соработка и пријателските врски со Германија. Министерот Османи подвлече дека економската соработка со оваа покраина, која е седиште на бројни водечки индустриски и бизнис капацитети, има значаен удел во севкупната економска соработка со СР Германија и се одвива во нагорна линија со акцент на присуство на компаниите како Гересхајмер, Костал Груп Кромберг и Шуберт на нашиот пазар. „Интензивната програмска соработка со Северна Рајна Вестфалија е од особено значење и истата високо ја цениме имајќи ја предвид нејзината цел, преку модернизација на домашните економски структури, да се спротивстави на миграцискиот притисок “, истакна Министерот. Министерот Лимински изрази задоволство од досегашната соработка со уверување дека истата ќе се интензивира како на политички, така и на економски план посебно со веќе воспоставената бизнис соработка и фирмите кои веќе успешно работаат во Македонија. Посебно го истакна проектот за обука на 30-те млади студенти, клучен во нивното профилирање како професионалци во иднина, со што своето искуство ќе го пренесат во Македонија и ќе станат мост за соработка меѓу економиите на двете земји. Германскиот соговорник ја реафирмираше поддршката за забрзување на отпочнатите преговори на нашата држава со Европската унија и усвојувањето на уставните измени во најскоро време, како би можела Македонија да започне со отворање на поглавјата во процесот на преговорите со Европската Унија. Министрите разменија мислења и за новата геополитичка реалност, нашето претседавање со ОБСЕ, актуелните политички случувања и безбедносните предизвици во регионот на Југоисточна Европа, како и други прашања од доменот на надворешната и безбедносна политика.

The post Османи на средба со Лимински, во најава интезивирање на соработката со Северна Рајна- Вестфалија appeared first on Република.

]]>
Уште еден Германец дојде во Македонија за да инсистира на уставни измени во корист на Бугарите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ushte-eden-germanets-dojde-vo-makedonija-za-da-insistira-na-ustavni-izmeni-vo-korist-na-bugarite/ Mon, 20 Mar 2023 16:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=621701

Треба да ги отстраниме бариерите на патот кон ЕУ, бидејќи Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европската Унија, порача денеска од Скопје Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, говорејќи на конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.

-Сериозни сме во поддршката на земјава на патот кон ЕУ, и затоа сакаме да неопходните уставни измени наскоро да бидат донесени. Знам дека ова ќе предизвика дебати во општеството, но тоа е нешто низ кое треба да поминете, и можете да сметате на нас дека сме на ваша страна во овој процес, и се надеваме дека на крајот на сето ова, државата ќе биде помалку поларизирана, рече Лимински.

Тој истакна дека нивната посета на Скопје е да го реафирмираат партнерството со Македонија.

-Нашето партнерство се зголемува и продлабочува во повеќе области, во бизнис секторот, граѓанското општество, образованието, особено постдипломските студии, имавме проекти за зајакнување на новинарството, ја означивме соработката меѓу полициите. Присуството овде на бизнис делегацијата покажува дека сакаме да го продлабочиме ова партнерство, рече Лимински.

Тој изрази очекување дека пречките на патот на земјава кон ЕУ брзо ќе се надминат, потсетувајќи дека во јули минатата година процесот на пристапување продолжи со одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, што беше оддолжено подолго време.

Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека Германија е најзначаен европски партнер на Македонија и Германија, рече тој, е земјата којашто најмногу не поддржуваше на нашиот пат кон интеграција во Европската Унија.

-Ова не се само зборови, тие направија многу силни напори за да не туркаат напред, вклучително и при решавањето на прашањето со Бугарија. Ова е само почеток, очекуваме натамошна поддршка во периодот што претстои, особено во областите како што се владеење на правото, борба против корупцијата, демократијата, граѓанското општество, но исто така и во реформата на образованието, особено стручното образование, реформа на јавната администрација, но исто така и поддршка на економските струкурурни реформи и развивање на економската соработка, истакна Маричиќ.

Во моментов, оцени вицепремиерот, имаме тежок период со нашите соседи.

-Го надминавме долгорочното прашање со Грција, сега сме во процес на надминување на истото со Бугарија, но сметам дека треба да се фокусираме на наградата, а наградата е членството во ЕУ, рече Маричиќ.

Обраќајќи се кон младите, Маричиќ кажа дека неговата генерација има задача да донесе тешки одлуки, за да нивната генерација не се занимава со истите работи.

-Навистина не сакам да видам некој од вас, седејќи на ова исто место, за пет или десет години, да ги решавате истите прашања и да дискутирате за истите работи. Прашањата коишто не се решени од претходните генерации политичари, сега останува на нас да се занимаваме со истите прашања повторно, само 20 години подоцна, рече Маричиќ.

Тој додаде треба прво да се работи на домашните реформи, особено во владењето на правото, ефикасно судство, ефикасна борба против корупцијата, функционирање на демократските институции и реформа на јавната администрација.

-Овие области беа идентификувани во скрининг процесот со ЕУ како успешни, но сме на половина пат. Сега сме во првата многу важна фаза, а тоа е скрининг процесот во којшто треба да ги идентификуваме сите наши предности и слабости и да проектираме за колку време ќе ги имплементираме сите европски стандарди и да станеме земја-членка на ЕУ. Ќе бидеме амбициозни, но реални, сакаме да ги исполниме овие стандарди не подоцна од 2030 година. Ова ќе биде можно ако се вклучат сите чинители во општеството - институциите, граѓанското општество, бизнис секторот и сите политички партии, рече Маричиќ во обраќањето на Конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование. нд/са/

The post Уште еден Германец дојде во Македонија за да инсистира на уставни измени во корист на Бугарите appeared first on Република.

]]>

Треба да ги отстраниме бариерите на патот кон ЕУ, бидејќи Македонија треба да го заземе заслуженото место во Европската Унија, порача денеска од Скопје Натанаел Лимински, министер за федерални, европски и меѓународни прашања и медиуми и шеф на државната канцеларија на Северна Рајна-Вестфалија, говорејќи на конференцијата „30 години македонско-германски дипломатски односи: Билатерална соработка и развојна поддршка со Северна Рајна - Вестфалија“, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование.
-Сериозни сме во поддршката на земјава на патот кон ЕУ, и затоа сакаме да неопходните уставни измени наскоро да бидат донесени. Знам дека ова ќе предизвика дебати во општеството, но тоа е нешто низ кое треба да поминете, и можете да сметате на нас дека сме на ваша страна во овој процес, и се надеваме дека на крајот на сето ова, државата ќе биде помалку поларизирана, рече Лимински.
Тој истакна дека нивната посета на Скопје е да го реафирмираат партнерството со Македонија.
-Нашето партнерство се зголемува и продлабочува во повеќе области, во бизнис секторот, граѓанското општество, образованието, особено постдипломските студии, имавме проекти за зајакнување на новинарството, ја означивме соработката меѓу полициите. Присуството овде на бизнис делегацијата покажува дека сакаме да го продлабочиме ова партнерство, рече Лимински.
Тој изрази очекување дека пречките на патот на земјава кон ЕУ брзо ќе се надминат, потсетувајќи дека во јули минатата година процесот на пристапување продолжи со одржување на првата меѓувладина конференција со ЕУ, што беше оддолжено подолго време. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ истакна дека Германија е најзначаен европски партнер на Македонија и Германија, рече тој, е земјата којашто најмногу не поддржуваше на нашиот пат кон интеграција во Европската Унија.