Наталија Задорожњук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natalija-zadoroznjuk/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Feb 2022 11:25:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наталија Задорожњук Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natalija-zadoroznjuk/ 32 32 Меѓу цивилните жртви има и три деца, вели украинската амбасадорка во Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/megju-civilnite-zrtvi-ima-i-tri-deca-veli-ukrainskata-ambasadorka-vo-makedonija/ Sat, 26 Feb 2022 11:25:25 +0000 https://republika.mk/?p=464213

Најцинично е што цел на нападите се социјалната сфера, цивилите. Ракети беа лансирани кон градинки и сиропиталишта, стрелат по колите на итна помош, хоспитали. Вчера ракета беше лансирана во висококатница во Киев на улицата Лобановскиј. Во близина има породилиште, училиште. Гранатирањето на куќата на Лобановскиј ќе биде една од епизодите во истрагата за воените злосторства на рускиот режим во Меѓународниот кривичен суд во Хаг. Соодветниот правен процес е веќе започнат, ова денеска преку обраќање до јавноста го истакна амбасадорката на Украина во Македонија, Наталија Задорожњук.

-Злото, обично излегува навечер. Оваа ноќ повторно беше силно бомбардиран нашиот прекрасен илјадагодишен Киев. Русите се обидуваат да го опкружат нашиот главен град од сите страни. Ги бомбардираат сите делови на Киев. Тие лансираат диверзантски групи кои се претставувват како украински војници или полицајци облечени во нивната облека. Во Киев се водат борби. Но, и оваа ноќ, благодарение на нашите војници и жители од градот, нашиот сакан град издржа. Луѓето го бранат својот град, им се доделува оружје. Заклучно со 6 часот наутро на 26 февруари, во Кијив беа повредени 35 лица, меѓу кои и две деца. Утрото на 26 февруари, рускиот режим брои загуби во војната на Русија против Украина. Имат човешки загуби – повеќе од 3.500 руски војници, речиси 200 војници беа земени во заложништво, соборени се авиони и погодени се тенкови, вели таа.

Амбасадорката додава дека за жал и тие имаат загуби. Сред цивили 198 мегу нив 3 деца. 1115 се ранети, мегу нив 33 деца.

Имаше жестоки битки низ целата територија на Украина. Русите прво бомбардираат, а потоа испраќаат тенкови. Нашите војници водат жестоки битки. Но, во текот на оваа вечер и нок Русите не успеаја да преземат контрола над ниту еден украински град. Имаме загуби. Умираат најдобрите. Но, ние сме на своја земја, нема каде да се повлекуваме. Украинците ќе продолжат да се борат. Благодарни сме му на светот за помошта. Секој нов ден носи нови санкции, оружје и изолација на Русија. Веќе пристигнаа противтенковски оружја, опрема за противвоздушна одбрана, муниција за сите видови оружје и артилерија, автомобили, панцири, гориво. Ќе има уште повеќе. Путин и Лавров лично се вклучени во санкциите на ЕУ. Веќе се работи на нов пакет санкции. Руските банки, компании, стоки буквално се исфрлаат од полиците, финансиските системи, берзите. Русија е лишена од спортски и забавни настани – Лигата на шампиони и Евровизија. Голем број земји веќе го затворија воздушниот простор за руските авиокомпании, а денес тој број само ќе расте. Светските отпадници ќе мора или воопшто да не летаат или да прелетуваат преку пола свет. Неколку земји од ЕУ престанаа да издаваат визи за Русите, истакнува таа.

Наталија додава дека во Советот за безбедност на ООН, за време на обидот да се утврди резолуција, Русија очајно се обидуваше да не остане единствената земја која ќе стави вето. Тоа не ѝ успеа. Дури и блиските нејзини пријатели се воздржуваа од отворено застанување на страната на Русија.

Нашата упорност секој час привлекува на наша страна сè повеќе и повеќе партнери од меѓународната коалиција во одбраната на Украина и светот. Нашата количина се зголемува. Вистината ќе победи, заклучува Задорожњук.

The post Меѓу цивилните жртви има и три деца, вели украинската амбасадорка во Македонија appeared first on Република.

]]>

Ковачевски-Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-zadoroznjuk-ruskata-agresija-vrz-ukraina-e-zakana-za-mirot-vo-evropa-i-svetot/ Thu, 24 Feb 2022 16:30:33 +0000 https://republika.mk/?p=463317

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Република Украина Наталија Задорожњук.
 
Амабасадорката Задорожњук на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оцени приклучувањето на Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија.
 
Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакна дека Република Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласи дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.
 
Ковачевски потенцираше дека Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот.

The post Ковачевски-Задорожњук: Руската агресија врз Украина е закана за мирот во Европа и светот appeared first on Република.

]]>

Претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Република Украина Наталија Задорожњук.   Амабасадорката Задорожњук на средбата ја изрази благодарноста на Владата на Украина за јасната и решителна позиција и поддршка на Владата на Македонија за нејзината земја, и како особено значајно го оцени приклучувањето на Македонија кон санкциите на ЕУ кон Русија.   Премиерот Димитар Ковачевски во разговорот истакна дека Република Македонија го осудува чинот на отворена воена агресија од страна на Русија врз Украина, и нагласи дека постапката на Руската Федерација со директен напад врз територијалниот интегритет и суверенитет на Украина е флагрантно кршење на меѓународното право.   Ковачевски потенцираше дека Македонија го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во меѓународно признатите граници, и дека, како и останатите НАТО сојузници, ја оценува агресијата врз Украина како закана за мирот во Европа и светот.