Натали Портман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natali-portman/ За подобро да се разбереме Wed, 29 Nov 2023 11:04:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Натали Портман Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/natali-portman/ 32 32 Натали Портман за нејзината прва улога: „Децата не треба да работат во Холивуд“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/natali-portman-za-nejzinata-prva-uloga-detsata-ne-treba-da-rabotat-vo-holivud/ Mon, 27 Nov 2023 09:59:00 +0000 https://republika.mk/?p=716640

Натали Портман (42) ја започна својата долга филмска кариера кога имаше само 12 години - со улога во филмот на Лук Бесон, „Леон: Професионалецот“. Сепак, оскаровката смета дека децата не треба да работат во Холивуд.

- Не би ги охрабрила младите да го прават ова. Не мислам никогаш, но додека се уште се деца, не - изјави актерката неодамна за Variety.

2020 Academy Awards in Los Angeles

Сепак, Портман не жали што актерската кариера ја започнала во предпубертетските години бидејќи нејзините родители можеле да се грижат за неа додека била на снимање.

- Се чувствувам среќна што не бев повредена, но заслугата за тоа им ја припишувам на моите премногу заштитнички, прекрасни родители. Не ви се допаѓа кога сте дете, но сте благодарни кога ќе пораснете. Слушнав премногу лоши приказни и мислам дека децата не треба да бидат дел од тоа - објасни таа.

Портман сега е мајка на две деца, Алеф (12) и Амалија (6).

Актерката претходно зборуваше во подкастот на Dax Shepard's Armchair Expert за нејзиниот тинејџерски живот кога веќе беше во центарот на вниманието.

Спомна дека бидејќи имала 12 години на снимањето на Леон, „не и дозволиле да се изрази онаква каква што е“.

- Сексуализацијата во детството ми ја одзеде сопствената сексуалност затоа што се плашев - додаде тогаш таа.

Во 2018 година, Портман се присети како мажите прекумерно ја сексуализирале кога била тинејџерка.

- Дел од тоа произлегува од самите улоги и начинот на кој се напишани, а дел од пишувањето на критичарите и новинарите. Се сеќавам, имав околу 13 години и го прочитав описот на филмот во кој глумав, а во него беа спомнати моите гради – изјавила Натали, која усвоила некои одбранбени механизми поради тоа, како на пример одбивање улоги кои вклучуваат секс.

The post Натали Портман за нејзината прва улога: „Децата не треба да работат во Холивуд“ appeared first on Република.

]]>

Натали Портман (42) ја започна својата долга филмска кариера кога имаше само 12 години - со улога во филмот на Лук Бесон, „Леон: Професионалецот“. Сепак, оскаровката смета дека децата не треба да работат во Холивуд. - Не би ги охрабрила младите да го прават ова. Не мислам никогаш, но додека се уште се деца, не - изјави актерката неодамна за Variety. 2020 Academy Awards in Los Angeles Сепак, Портман не жали што актерската кариера ја започнала во предпубертетските години бидејќи нејзините родители можеле да се грижат за неа додека била на снимање.
- Се чувствувам среќна што не бев повредена, но заслугата за тоа им ја припишувам на моите премногу заштитнички, прекрасни родители. Не ви се допаѓа кога сте дете, но сте благодарни кога ќе пораснете. Слушнав премногу лоши приказни и мислам дека децата не треба да бидат дел од тоа - објасни таа.
Портман сега е мајка на две деца, Алеф (12) и Амалија (6). Актерката претходно зборуваше во подкастот на Dax Shepard's Armchair Expert за нејзиниот тинејџерски живот кога веќе беше во центарот на вниманието. Спомна дека бидејќи имала 12 години на снимањето на Леон, „не и дозволиле да се изрази онаква каква што е“.
- Сексуализацијата во детството ми ја одзеде сопствената сексуалност затоа што се плашев - додаде тогаш таа.
Во 2018 година, Портман се присети како мажите прекумерно ја сексуализирале кога била тинејџерка. - Дел од тоа произлегува од самите улоги и начинот на кој се напишани, а дел од пишувањето на критичарите и новинарите. Се сеќавам, имав околу 13 години и го прочитав описот на филмот во кој глумав, а во него беа спомнати моите гради – изјавила Натали, која усвоила некои одбранбени механизми поради тоа, како на пример одбивање улоги кои вклучуваат секс.

The post Натали Портман за нејзината прва улога: „Децата не треба да работат во Холивуд“ appeared first on Република.

]]>
Натали Портман ја покажува духовитата страна во „Тор: Љубов и молња“ https://arhiva3.republika.mk/scena/film/natali-portman-ja-pokazuva-duhovitata-strana-vo-tor-ljubov-i-molnja/ Thu, 12 May 2022 09:23:10 +0000 https://republika.mk/?p=501371

Таика Ваитити откри дека Натали Портман ќе ја видиме во поинакво светло во претстојниот филм „Тор: Љубов и молња“.

40-годишната актерка ќе ја повтори улогата на Џејн Фостер, која сега е Mighty Thor (моќниот Тор) во претстојниот блокбастер за суперхерои, а режисерот сака таа да преземе многу поголема улога отколку што имаше во претходните филмови во серијалот.

Во интервју за магазинот „Емпајр“ режисерот рече:

Не сакате Натали да се врати и да го глуми истиот лик. Тор обично лета наоколу, а Џејн е оставена на Земјата и го чека да се врати назад. Тоа е досадно, таа треба да биде дел од авантурата.

Натали е навистина духовита во реалниот живот. Таа има одлична смисла за хумор и мислам дека тоа не беше доволно искористено во првите филмови.

The post Натали Портман ја покажува духовитата страна во „Тор: Љубов и молња“ appeared first on Република.

]]>

Таика Ваитити откри дека Натали Портман ќе ја видиме во поинакво светло во претстојниот филм „Тор: Љубов и молња“. 40-годишната актерка ќе ја повтори улогата на Џејн Фостер, која сега е Mighty Thor (моќниот Тор) во претстојниот блокбастер за суперхерои, а режисерот сака таа да преземе многу поголема улога отколку што имаше во претходните филмови во серијалот. Во интервју за магазинот „Емпајр“ режисерот рече:
Не сакате Натали да се врати и да го глуми истиот лик. Тор обично лета наоколу, а Џејн е оставена на Земјата и го чека да се врати назад. Тоа е досадно, таа треба да биде дел од авантурата. Натали е навистина духовита во реалниот живот. Таа има одлична смисла за хумор и мислам дека тоа не беше доволно искористено во првите филмови.

The post Натали Портман ја покажува духовитата страна во „Тор: Љубов и молња“ appeared first on Република.

]]>