настника Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastnika/ За подобро да се разбереме Thu, 01 Feb 2024 11:11:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png настника Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastnika/ 32 32 Четири билки кои ги ублажуваат симптомите на настника https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/chetiri-bilki-koi-gi-ublazhuvaat-simptomite-na-nastnika/ Thu, 01 Feb 2024 11:11:41 +0000 https://republika.mk/?p=739353

Еден од најнепријатните симптоми на настинка е болно грло и отежнато голтање.

Дури и кога антибиотик е вклучен во терапијата, овој симптом може да продолжи. Затоа чаевите можат да ви помогнат. Бидејќи топлиот пијалок како чајот може да ги ублажи симптомите на воспаление, да ги исчисти дишните патишта и да ја намали количината на слуз што се спушта од носот до грлото и го иритира.

Ова се некои од чаевите за кои е докажано дека ја ублажуваат болката во грлото:

Чај од сладок корен

Кинеската академија за медицински науки во труд од 2015 година навела дека чајот од корен од сладунец има антимикробни и антивирусни својства и благодарение на нив помага во борбата против бактериите и вирусите во случај на болки во грлото. Совет е да го пиете овој чај засладен со мед.

Чај од бел слез

Чајот од корен од бел слез содржи големи количества слуз што ќе го обнови болното грло. Студија од 2014 година, исто така, укажува дека ова растение помага при болки, најчестиот симптом на болки во грлото. Тоа е чај со зеленикава боја со умерен вкус.

Чај од камилица

Ако сакате класичен билен чај, дефинитивно не заборавајте на чајот од камилица со додаден мед. Тоа е смирувачки напиток кој нуди сладок вкус благодарение на медот, а во исто време помага и за ублажување на болката. Поради своите антиоксидантни својства, камилицата е одличен лубрикант кој го навлажнува болното грло.

Чај од нане

Со оглед на неговиот ефект на ладење, чајот од нане е одличен избор. Богат е со ментол кој дава чувство на ладење и има антибактериски својства. Особено е корисен за стрептококно воспалено грло.

 

The post Четири билки кои ги ублажуваат симптомите на настника appeared first on Република.

]]>

Еден од најнепријатните симптоми на настинка е болно грло и отежнато голтање. Дури и кога антибиотик е вклучен во терапијата, овој симптом може да продолжи. Затоа чаевите можат да ви помогнат. Бидејќи топлиот пијалок како чајот може да ги ублажи симптомите на воспаление, да ги исчисти дишните патишта и да ја намали количината на слуз што се спушта од носот до грлото и го иритира. Ова се некои од чаевите за кои е докажано дека ја ублажуваат болката во грлото: Чај од сладок корен Кинеската академија за медицински науки во труд од 2015 година навела дека чајот од корен од сладунец има антимикробни и антивирусни својства и благодарение на нив помага во борбата против бактериите и вирусите во случај на болки во грлото. Совет е да го пиете овој чај засладен со мед. Чај од бел слез Чајот од корен од бел слез содржи големи количества слуз што ќе го обнови болното грло. Студија од 2014 година, исто така, укажува дека ова растение помага при болки, најчестиот симптом на болки во грлото. Тоа е чај со зеленикава боја со умерен вкус. Чај од камилица Ако сакате класичен билен чај, дефинитивно не заборавајте на чајот од камилица со додаден мед. Тоа е смирувачки напиток кој нуди сладок вкус благодарение на медот, а во исто време помага и за ублажување на болката. Поради своите антиоксидантни својства, камилицата е одличен лубрикант кој го навлажнува болното грло. Чај од нане Со оглед на неговиот ефект на ладење, чајот од нане е одличен избор. Богат е со ментол кој дава чувство на ладење и има антибактериски својства. Особено е корисен за стрептококно воспалено грло.  

The post Четири билки кои ги ублажуваат симптомите на настника appeared first on Република.

]]>