настинка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastinka/ За подобро да се разбереме Fri, 07 Jun 2024 17:43:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png настинка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastinka/ 32 32 Пет правила по кои се водат луѓето што никогаш не се разболуваат https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/pet-pravila-po-koi-se-vodat-lugeto-shto-nikogash-ne-se-razboluvaat/ Fri, 07 Jun 2024 17:56:30 +0000 https://republika.mk/?p=784812

Урбаната легенда говори за луѓе кои никогаш не се разболуваат... Настинките, се чини, „ги заобиколуваат“, грипот не им може ништо и се однесуваат како „суперлуѓе“ со неверојатно силен имунитет. Која е нивната тајна?

За време на променливото време т.е. покачувањата и падовите на температурата, корисно е потсетувањето на некои трикови за „будење“ на имунитетот. Истражувањата покажуваат дека тоа се навиките што ги држат вирусите подалеку.

Порано одење в кревет

Луѓето кои спијат осум часа навечер имаат помали шанси да се заразат со вирус, во споредба со оние кои спијат седум часа или помалку, велат стручањаците. Телото ноќе се обновува и ги урамнотежува хормоните на стрес, што го прави човекот помалку подложен на разни инфекции.

Зелен чај

Научен труд спроведен во САД посочува дека луѓето кои пијат зелен или црн чај во текот на денот создаваат трипати повеќе интерферон - моќен протеин којшто ги уништува вирусите. Зелениот чај, како една од намирниците најбогати со антиоксиданси, е познат и по многу други здравствени придобивки.

Јадење „шарена“ храна

Ако се јаде храна во различни бои, со сите потребни антиоксиданси, тоа ќе му помогне на телото да се одбрани од вируси. Во таа смисла се препорачува разновидно овошје и зеленчук, како тиква, компир, морков, зелен лиснат зеленчук, бобинки, портокал, кисела зелка, пиперки, како и бадеми и други јаткасти плодови.

Пробиотици

Полезните бактерии во цревата се важни за имунитетот. Ако индивидуално не се претпочитаат додатоци што содржат пробиотици, советот вели: Повеќе ферментирана храна, на пр. кисело млеко, јогурт или кисела зелка.

Недопирање на лицето

Триењето очи, нос и чепкањето на устата со рацете ја зголемува опасноста од вирусни зарази на дишните органи. Одвикнувањето од сѐ тоа го намалува ризикот за 41 отсто, покажуваат истражувањата. Совет: Редовно миење раце и, за време на сезоната на грип - плакнење на носот и грлото со раствор од морска сол во топла вода за да се исчистат насобраните честички.

The post Пет правила по кои се водат луѓето што никогаш не се разболуваат appeared first on Република.

]]>

Урбаната легенда говори за луѓе кои никогаш не се разболуваат... Настинките, се чини, „ги заобиколуваат“, грипот не им може ништо и се однесуваат како „суперлуѓе“ со неверојатно силен имунитет. Која е нивната тајна? За време на променливото време т.е. покачувањата и падовите на температурата, корисно е потсетувањето на некои трикови за „будење“ на имунитетот. Истражувањата покажуваат дека тоа се навиките што ги држат вирусите подалеку.

Порано одење в кревет

Луѓето кои спијат осум часа навечер имаат помали шанси да се заразат со вирус, во споредба со оние кои спијат седум часа или помалку, велат стручањаците. Телото ноќе се обновува и ги урамнотежува хормоните на стрес, што го прави човекот помалку подложен на разни инфекции.

Зелен чај

Научен труд спроведен во САД посочува дека луѓето кои пијат зелен или црн чај во текот на денот создаваат трипати повеќе интерферон - моќен протеин којшто ги уништува вирусите. Зелениот чај, како една од намирниците најбогати со антиоксиданси, е познат и по многу други здравствени придобивки.

Јадење „шарена“ храна

Ако се јаде храна во различни бои, со сите потребни антиоксиданси, тоа ќе му помогне на телото да се одбрани од вируси. Во таа смисла се препорачува разновидно овошје и зеленчук, како тиква, компир, морков, зелен лиснат зеленчук, бобинки, портокал, кисела зелка, пиперки, како и бадеми и други јаткасти плодови.

Пробиотици

Полезните бактерии во цревата се важни за имунитетот. Ако индивидуално не се претпочитаат додатоци што содржат пробиотици, советот вели: Повеќе ферментирана храна, на пр. кисело млеко, јогурт или кисела зелка.

Недопирање на лицето

Триењето очи, нос и чепкањето на устата со рацете ја зголемува опасноста од вирусни зарази на дишните органи. Одвикнувањето од сѐ тоа го намалува ризикот за 41 отсто, покажуваат истражувањата. Совет: Редовно миење раце и, за време на сезоната на грип - плакнење на носот и грлото со раствор од морска сол во топла вода за да се исчистат насобраните честички.

The post Пет правила по кои се водат луѓето што никогаш не се разболуваат appeared first on Република.

]]>
Како брзо да се опоравите од грип и настинка https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kako-brzo-da-se-oporavite-od-grip-i-nastinka/ Sun, 14 Jan 2024 20:27:09 +0000 https://republika.mk/?p=733047

Ако сакате брзо да се опоравите од грип и настинка, одмарајте се и пијте многу течности. Покрај тоа, постојат и други начини за побрзо надминување на респираторните инфекции.

Грипот е многу заразна респираторна инфекција предизвикана од вирусот на инфлуенца. Симптомите на грип обично траат околу една недела, но најтешките симптоми се јавуваат само два до три дена (иако може да се чувствуваат како цела вечност). Може да продолжите да се чувствувате уморни, слаби и да кашлате една недела откако ќе закрепнете. Следниве се совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со респираторните инфекции и побрзо да ги победите грипот и настинката.

Како побрзо да ги преболите респираторните инфекции

Останете дома

На вашето тело му треба време и енергија за да се избори со вирусот на грип, што значи дека вашата дневна рутина треба да биде на втор план. Можеби ќе бидете во искушение да пазарувате намирници или да ја средите целата куќа, но би си направиле лоша услуга.

Останете дома и одложете ја работата додека не почнете да се чувствувате подобро. Покрај тоа што ќе ви помогне да закрепнете, останувањето дома го спречува и ширењето на грипот на другите луѓе во вашата заедница или работно место. Грипот може да биде опасен за постарите и малите деца, па затоа е од витално значење да избегнувате контакт со други додека сте заразни и редовно да ги дезинфицирате површините и личните предмети.

Пијте доволно течности

Еден од симптомите на грипот е високата температура, која може да доведе до потење и губење на течности. Треба да ја замените изгубената течност која е неопходна за нормално функционирање на организмот и борбата против инфекциите.

Спијте што е можно повеќе

Спиењето е најдобриот лек на телото додека се бори против грипот. Одете на спиење порано од вообичаено и спијте. Можете исто така да дремнете во текот на денот за да му дадете на вашето тело повеќе време да се опорави. Одморот и спиењето исто така го намалуваат ризикот од сериозни компликации од грип, како што е пневмонија.

Олеснете го дишењето

Тешко е да заспиете ако имате затнат нос и кашлате. Обидете се со овие совети кои ќе ви помогнат да дишете полесно и да спиете подобро:

-Користете дополнителна перница за да ја подигнете главата и да го намалите притисокот во синусите.
-Користете навлажнувачи.
-Топол туш пред спиење.

Земете една лажица мед за ублажување на кашлицата

Медот е прилично вообичаен природен лек за болки во грлото или кашлица. Мешањето на мед со чај е одличен начин да останете хидрирани додека ги лекувате симптомите на грип. Во една студија, истражувачите открија дека дозата на мед е поефикасна во контролирањето на ноќната кашлица отколку обичните супресанти за кашлица кај деца на возраст од две до 18 години со инфекции на горниот респираторен тракт. Едно нешто што треба да се забележи е дека не треба да им давате мед на деца под една година.

The post Како брзо да се опоравите од грип и настинка appeared first on Република.

]]>

Ако сакате брзо да се опоравите од грип и настинка, одмарајте се и пијте многу течности. Покрај тоа, постојат и други начини за побрзо надминување на респираторните инфекции. Грипот е многу заразна респираторна инфекција предизвикана од вирусот на инфлуенца. Симптомите на грип обично траат околу една недела, но најтешките симптоми се јавуваат само два до три дена (иако може да се чувствуваат како цела вечност). Може да продолжите да се чувствувате уморни, слаби и да кашлате една недела откако ќе закрепнете. Следниве се совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со респираторните инфекции и побрзо да ги победите грипот и настинката. Како побрзо да ги преболите респираторните инфекции Останете дома На вашето тело му треба време и енергија за да се избори со вирусот на грип, што значи дека вашата дневна рутина треба да биде на втор план. Можеби ќе бидете во искушение да пазарувате намирници или да ја средите целата куќа, но би си направиле лоша услуга. Останете дома и одложете ја работата додека не почнете да се чувствувате подобро. Покрај тоа што ќе ви помогне да закрепнете, останувањето дома го спречува и ширењето на грипот на другите луѓе во вашата заедница или работно место. Грипот може да биде опасен за постарите и малите деца, па затоа е од витално значење да избегнувате контакт со други додека сте заразни и редовно да ги дезинфицирате површините и личните предмети. Пијте доволно течности Еден од симптомите на грипот е високата температура, која може да доведе до потење и губење на течности. Треба да ја замените изгубената течност која е неопходна за нормално функционирање на организмот и борбата против инфекциите. Спијте што е можно повеќе Спиењето е најдобриот лек на телото додека се бори против грипот. Одете на спиење порано од вообичаено и спијте. Можете исто така да дремнете во текот на денот за да му дадете на вашето тело повеќе време да се опорави. Одморот и спиењето исто така го намалуваат ризикот од сериозни компликации од грип, како што е пневмонија. Олеснете го дишењето Тешко е да заспиете ако имате затнат нос и кашлате. Обидете се со овие совети кои ќе ви помогнат да дишете полесно и да спиете подобро: -Користете дополнителна перница за да ја подигнете главата и да го намалите притисокот во синусите. -Користете навлажнувачи. -Топол туш пред спиење. Земете една лажица мед за ублажување на кашлицата Медот е прилично вообичаен природен лек за болки во грлото или кашлица. Мешањето на мед со чај е одличен начин да останете хидрирани додека ги лекувате симптомите на грип. Во една студија, истражувачите открија дека дозата на мед е поефикасна во контролирањето на ноќната кашлица отколку обичните супресанти за кашлица кај деца на возраст од две до 18 години со инфекции на горниот респираторен тракт. Едно нешто што треба да се забележи е дека не треба да им давате мед на деца под една година.

The post Како брзо да се опоравите од грип и настинка appeared first on Република.

]]>
Имате настинка? Оваа храна ќе ве окрепи https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/imate-nastinka-ovaa-hrana-ke-ve-okrepi/ Fri, 12 Jan 2024 11:26:06 +0000 https://republika.mk/?p=732227

Во случај кога треба експресно да го засилите имунитетот, постои храна која може да ви помогне во тоа. Одредени намирници изобилуваат со витамини, минерали и други хранливи состојки важни за здрав имунолошки систем.

Истовремено, тие можат да ги ублажат непријатните симптоми на грип и настинка.

Јогурт

Во јогуртот има добри бактерии, пробиотици кои помагаат во одржување на рамнотежа на дигестивниот систем, што е клучно за здрав имунолошки систем.

Ореви

Содржат микс од хранливи состојки важни за здрав имунолошки систем. Тоа се витамините Б6 и Е, бакар и омега-3 масни киселини.

Лук

Кога станува збор за инфекции, лукот може да ви помогне поради неговите антивоспалителни својства. Може да го додатете во супа, тестенини, варен зеленчук и сосови.

Мед и ѓумбир

Медот го подобрува имунитетот и помага во ублажување на кашлица. Ѓумбирот е познат како намирница која помага да се ублажат мачнините и да се смири воспаление.

Цитрусни овошја

Лимон, портокал или грејпфурт, што и да одберете нема да згрешите. Богати се со витамин Ц, а за потребната доза на растителни влакна, најдобро е да ја изедете целата овошка.

Лосос

Лососот е преполн со омега-3 масни киселини кои имаат противвоспалително дејство и ја ублажуваат вознемиреноста, стрес фактор кој може да го наруши имунитетот.

 

The post Имате настинка? Оваа храна ќе ве окрепи appeared first on Република.

]]>

Во случај кога треба експресно да го засилите имунитетот, постои храна која може да ви помогне во тоа. Одредени намирници изобилуваат со витамини, минерали и други хранливи состојки важни за здрав имунолошки систем. Истовремено, тие можат да ги ублажат непријатните симптоми на грип и настинка. Јогурт Во јогуртот има добри бактерии, пробиотици кои помагаат во одржување на рамнотежа на дигестивниот систем, што е клучно за здрав имунолошки систем. Ореви Содржат микс од хранливи состојки важни за здрав имунолошки систем. Тоа се витамините Б6 и Е, бакар и омега-3 масни киселини. Лук Кога станува збор за инфекции, лукот може да ви помогне поради неговите антивоспалителни својства. Може да го додатете во супа, тестенини, варен зеленчук и сосови. Мед и ѓумбир Медот го подобрува имунитетот и помага во ублажување на кашлица. Ѓумбирот е познат како намирница која помага да се ублажат мачнините и да се смири воспаление. Цитрусни овошја Лимон, портокал или грејпфурт, што и да одберете нема да згрешите. Богати се со витамин Ц, а за потребната доза на растителни влакна, најдобро е да ја изедете целата овошка. Лосос Лососот е преполн со омега-3 масни киселини кои имаат противвоспалително дејство и ја ублажуваат вознемиреноста, стрес фактор кој може да го наруши имунитетот.  

The post Имате настинка? Оваа храна ќе ве окрепи appeared first on Република.

]]>
Дали е добро да пиеме кафе кога сме болни: Што велат лекарите? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dali-e-dobro-da-pieme-kafe-koga-sme-bolni-shto-velat-lekarite/ Sat, 21 Oct 2023 20:06:43 +0000 https://republika.mk/?p=693742

Внимавајте кога консумирате кофеин бидејќи освен што дехидрира, има и благо диуретично дејство, па воопшто не се препорачува кога имате повраќање и дијареа.

Топол пијалок често се смета за лек за разни респираторни заболувања, како настинка или грип, а студиите покажуваат дека топлите пијалоци можат да помогнат во ублажување на симптомите како што се течење на носот и болки во грлото.

Меѓутоа, кога станува збор за кафето, работите не се толку едноставни, а една од најголемите причини е тоа што нè држи будни, а кога е болно, на телото му треба одмор.

„Кофеинот е стимуланс, и иако веројатно нема да има големо влијание врз она што може да го пиете, неговата стимулативна природа може да биде контрапродуктивна“, вели Суан Хасиг, професор по епидемиологија на Универзитетскиот факултет за јавно здравје во Њу Орлеанс.

И додава дека „кога се соочувате со вирусна инфекција, навистина треба добро да се одморите“.

Хасиг вели дека спиењето му помага на телото да се бори и да се опорави од вирусите, а бидејќи целта на кафето е да нè држи будни, може да ни го отежне спиењето што ни треба во тој момент. Истото важи и за енергетските пијалоци, кои често содржат повеќе кофеин од шолја кафе.

„Премногу кофеин може да биде лошо за вас дури и кога сте најздрави“, вели Хасиг, а кога се консумира во големи количини, кафето може да нè дехидрира.

Д-р Даниел Монти, претседател на Катедрата за интегративна медицина и нутриционистички науки во Филаделфија, додава за HuffPost дека треба да бидете внимателни кога консумирате кофеин бидејќи освен што дехидрира, има и благо диуретично дејство.

The post Дали е добро да пиеме кафе кога сме болни: Што велат лекарите? appeared first on Република.

]]>

Внимавајте кога консумирате кофеин бидејќи освен што дехидрира, има и благо диуретично дејство, па воопшто не се препорачува кога имате повраќање и дијареа. Топол пијалок често се смета за лек за разни респираторни заболувања, како настинка или грип, а студиите покажуваат дека топлите пијалоци можат да помогнат во ублажување на симптомите како што се течење на носот и болки во грлото. Меѓутоа, кога станува збор за кафето, работите не се толку едноставни, а една од најголемите причини е тоа што нè држи будни, а кога е болно, на телото му треба одмор.
„Кофеинот е стимуланс, и иако веројатно нема да има големо влијание врз она што може да го пиете, неговата стимулативна природа може да биде контрапродуктивна“, вели Суан Хасиг, професор по епидемиологија на Универзитетскиот факултет за јавно здравје во Њу Орлеанс.
И додава дека „кога се соочувате со вирусна инфекција, навистина треба добро да се одморите“. Хасиг вели дека спиењето му помага на телото да се бори и да се опорави од вирусите, а бидејќи целта на кафето е да нè држи будни, може да ни го отежне спиењето што ни треба во тој момент. Истото важи и за енергетските пијалоци, кои често содржат повеќе кофеин од шолја кафе.
„Премногу кофеин може да биде лошо за вас дури и кога сте најздрави“, вели Хасиг, а кога се консумира во големи количини, кафето може да нè дехидрира.
Д-р Даниел Монти, претседател на Катедрата за интегративна медицина и нутриционистички науки во Филаделфија, додава за HuffPost дека треба да бидете внимателни кога консумирате кофеин бидејќи освен што дехидрира, има и благо диуретично дејство.

The post Дали е добро да пиеме кафе кога сме болни: Што велат лекарите? appeared first on Република.

]]>
Дали вашата летна настинка е всушност новата варијанта на ковид https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dali-vashata-letna-nastinka-e-vsushnost-novata-varijanta-na-kovid/ Wed, 16 Aug 2023 13:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=672767

Според странските медиуми, време е повторно да се снабдиме со маски, „парацетамол“ и тестови за корона, бидејќи се чини дека новата варијанта на Ковид е во пораст.

Но, овој пат, според порталот „The Sun“, во центарот на вниманието се најде новата варијанта омикрон, која се нарекува ерис. Се верува дека овој вид е помалку сериозен од претходните варијанти, но сосема веројатно – позаразен.

Притоа многу лесно може да се маскира како летна настинка, што значи дека заразениот може несвесно да го пренесе.

На пример, според британската агенција за здравствена безбедност, најновите податоци покажуваат дека ерис, или EG.5, е вториот најчест вид на ковид во Обединетото Кралство, со 14,6 проценти од случаите.

Професорот Дејвид Страјн, од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ексетер, изјави за Би-Би-Си дека симптомите на новата варијанта се како „лоша летна настинка“.

-Ако го фатите, имате летна треска и вашето тело реагира многу брзо – вели професорот и додава дека нема причина за паника, но дека луѓето треба да бидат свесни дека тоа се случува. Тој додаде дека за повеќето од нас кои сме целосно вакцинирани, ова не е поризично од обичен случај на грип.

Сегашната варијанта на омикрон, Ерис, се покажа како поблага од другите што дојдоа пред неа, како што се делта и алфа.

Всушност, американските експерти за КОВИД посочуваат дека една голема разлика е тоа што сте заразни подолго време со Ковид, во споредба со грип или настинка.

Во просек, луѓето можат да почнат да го шират вирусот што предизвикува Ковид-19 два до три дена пред почетокот на симптомите, но инфективноста го достигнува својот врв еден ден пред почетокот на симптомите. Во просек, луѓето се сметаат за заразни околу осум дена по почетокот на нивните симптоми.

The post Дали вашата летна настинка е всушност новата варијанта на ковид appeared first on Република.

]]>

Според странските медиуми, време е повторно да се снабдиме со маски, „парацетамол“ и тестови за корона, бидејќи се чини дека новата варијанта на Ковид е во пораст. Но, овој пат, според порталот „The Sun“, во центарот на вниманието се најде новата варијанта омикрон, која се нарекува ерис. Се верува дека овој вид е помалку сериозен од претходните варијанти, но сосема веројатно – позаразен. Притоа многу лесно може да се маскира како летна настинка, што значи дека заразениот може несвесно да го пренесе. На пример, според британската агенција за здравствена безбедност, најновите податоци покажуваат дека ерис, или EG.5, е вториот најчест вид на ковид во Обединетото Кралство, со 14,6 проценти од случаите. Професорот Дејвид Страјн, од Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ексетер, изјави за Би-Би-Си дека симптомите на новата варијанта се како „лоша летна настинка“.
-Ако го фатите, имате летна треска и вашето тело реагира многу брзо – вели професорот и додава дека нема причина за паника, но дека луѓето треба да бидат свесни дека тоа се случува. Тој додаде дека за повеќето од нас кои сме целосно вакцинирани, ова не е поризично од обичен случај на грип.
Сегашната варијанта на омикрон, Ерис, се покажа како поблага од другите што дојдоа пред неа, како што се делта и алфа. Всушност, американските експерти за КОВИД посочуваат дека една голема разлика е тоа што сте заразни подолго време со Ковид, во споредба со грип или настинка. Во просек, луѓето можат да почнат да го шират вирусот што предизвикува Ковид-19 два до три дена пред почетокот на симптомите, но инфективноста го достигнува својот врв еден ден пред почетокот на симптомите. Во просек, луѓето се сметаат за заразни околу осум дена по почетокот на нивните симптоми.

The post Дали вашата летна настинка е всушност новата варијанта на ковид appeared first on Република.

]]>
По настинка треба да се исчисти целата куќа https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/po-nastinka-treba-da-se-ischisti-tselata-kuka/ Wed, 17 May 2023 08:47:01 +0000 https://republika.mk/?p=641642

Лекарите советуваат дека е добро да се исчисти целата куќа по времето минато со настинка. Препораките се однесуваат на менување на постелнината, перење на алиштата, пребришување на сите површини во домот - сѐ со цел да се отстранат непожелните бактерии. Но, истото важи и за четката за заби.

Четката за заби е еден од оние предмети што биле во директен контакт со микроорганизмите на настинката. Според американскиот стоматолог Гери Лиу, особено е важно да се земе нова четка, при присуство на заболувања како херпес, грип, болки во грлото, па тука спаѓа и обичната настинка.

Бактериите можат да живеат на четката и до неколку седмици, зависно од видот на микроорганизмот. Затоа, важно е четката да се смени, просто поради можноста од нова зараза.

Зошто не треба да се менува четката додека човекот е болен? Користењето на истата четка додека сте болни нема да ја продолжи лошата здравствена состојба. Исто така, погрешно е и да се покрива четката, бидејќи бактериите умираат во присуство на кислород.

The post По настинка треба да се исчисти целата куќа appeared first on Република.

]]>

Лекарите советуваат дека е добро да се исчисти целата куќа по времето минато со настинка. Препораките се однесуваат на менување на постелнината, перење на алиштата, пребришување на сите површини во домот - сѐ со цел да се отстранат непожелните бактерии. Но, истото важи и за четката за заби. Четката за заби е еден од оние предмети што биле во директен контакт со микроорганизмите на настинката. Според американскиот стоматолог Гери Лиу, особено е важно да се земе нова четка, при присуство на заболувања како херпес, грип, болки во грлото, па тука спаѓа и обичната настинка. Бактериите можат да живеат на четката и до неколку седмици, зависно од видот на микроорганизмот. Затоа, важно е четката да се смени, просто поради можноста од нова зараза. Зошто не треба да се менува четката додека човекот е болен? Користењето на истата четка додека сте болни нема да ја продолжи лошата здравствена состојба. Исто така, погрешно е и да се покрива четката, бидејќи бактериите умираат во присуство на кислород.

The post По настинка треба да се исчисти целата куќа appeared first on Република.

]]>
Кажете ѝ збогум на настинката: Направете сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/kazete-zbogum-na-nastinkata-napravete-sirup-od-viski-i-bolkata-vo-grloto-kje-ischezne/ Sat, 22 Jan 2022 18:08:29 +0000 https://republika.mk/?p=448175

Настинката знае да биде многу здодевна, а многумина веднаш посегнуваат по лекови. Упорната кивавица и болка во грлото може да ги излечите и по природен пат, а овој рецепт многу ќе ви помогне.

Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најевтините и најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото.

Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа.

Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови.

Сепак, бидете внимателни, бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни.

Потребни состојки:
0,5 децилитри виски
половина лимон
една чаша вода (по желба)
1 лажица мед

Начин на подготовка:
Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет.
Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед.
Измешајте, па повторно ставете го да се грее.
Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.

The post Кажете ѝ збогум на настинката: Направете сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне appeared first on Република.

]]>

Настинката знае да биде многу здодевна, а многумина веднаш посегнуваат по лекови. Упорната кивавица и болка во грлото може да ги излечите и по природен пат, а овој рецепт многу ќе ви помогне. Според една статија од магазинот „Time“, објавена во 1941 година, вискито е еден од најевтините и најдобрите лекови против болки што му се познати на човештвото. Во оваа статија, двајца доктори тврдат дека мала количина од овој алкохолен пијалак може да ја намали болката за 45% за само два часа. Овој едноставен рецепт со мед ќе му помогне на грлото и е вистински природен разредувач на слузта во белите дробови. Сепак, бидете внимателни, бидејќи може да дехидрирате од премногу виски, а тоа никако не ви треба, особено кога сте болни. Потребни состојки: 0,5 децилитри виски половина лимон една чаша вода (по желба) 1 лажица мед Начин на подготовка: Измешајте виски, лимонов сок и вода (ако ја користите) и загрејте ја напивката во микробранова или на шпорет. Тргнете го сирупот од рингла и додајте мед. Измешајте, па повторно ставете го да се грее. Немојте да ги пиете сирупот премногу топол. Најдобро е да биде на собна температура.

The post Кажете ѝ збогум на настинката: Направете сируп од виски и болката во грлото ќе исчезне appeared first on Република.

]]>
Зошто кашлицата трае подолго од настинката? https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/zoshto-kashlicata-trae-podolgo-od-nastinkata/ Sun, 09 Jan 2022 21:02:26 +0000 https://republika.mk/?p=442024

Респираторните инфекции во овој период од годината се во полн ек. Освен зголемена телесна температура, течење на носот и болки во мускулите, проследени се и со кашлица.
И додека сите други симптоми исчезнуваат за десетина дена, кашлицата може да трае и повеќе од еден месец откако ќе се прележи настинката.

Кашлицата мора да се набљудува како одбранбен механизам на респираторниот тракт.

Сепак, пациентот треба да се јави на преглед кај пулмолог ако кашлицата трае подолго од еден месец, без разлика дали е сува или продуктивна.

Кашлицата во акутен бронхитис најчесто трае седум до 10 денови, но кај една четвртина пациенти може да биде присутна и подолго.

Употребата на антибиотци кај акутен бронхитис најчесто нема никаква корист, но тие често се препишуваат токму при вакви состојби.

Пациентите што се пушачи може подолго време да ги мачи кашлицата по настинката, отколку непушачите.

Кај пациенти постари од 65 години секоја настинка, па и кашлицата може да доведат до сериозни компликации.  За да се спречат поголеми компликации најдобра превенција е вакцинација против грип и воспаление на белите дробови.

Тоа е многу важна превенција за тие што боледуваат од астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, но и други хронични болести.

 

The post Зошто кашлицата трае подолго од настинката? appeared first on Република.

]]>

Респираторните инфекции во овој период од годината се во полн ек. Освен зголемена телесна температура, течење на носот и болки во мускулите, проследени се и со кашлица. И додека сите други симптоми исчезнуваат за десетина дена, кашлицата може да трае и повеќе од еден месец откако ќе се прележи настинката. Кашлицата мора да се набљудува како одбранбен механизам на респираторниот тракт. Сепак, пациентот треба да се јави на преглед кај пулмолог ако кашлицата трае подолго од еден месец, без разлика дали е сува или продуктивна. Кашлицата во акутен бронхитис најчесто трае седум до 10 денови, но кај една четвртина пациенти може да биде присутна и подолго. Употребата на антибиотци кај акутен бронхитис најчесто нема никаква корист, но тие често се препишуваат токму при вакви состојби. Пациентите што се пушачи може подолго време да ги мачи кашлицата по настинката, отколку непушачите. Кај пациенти постари од 65 години секоја настинка, па и кашлицата може да доведат до сериозни компликации.  За да се спречат поголеми компликации најдобра превенција е вакцинација против грип и воспаление на белите дробови. Тоа е многу важна превенција за тие што боледуваат од астма и хронични опструктивни болести на белите дробови, но и други хронични болести.  

The post Зошто кашлицата трае подолго од настинката? appeared first on Република.

]]>
Луѓето кои имаат грип или настинка, треба да бидат во карантин https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/lugjeto-koi-imaat-grip-ili-nastinka-treba-da-bidat-vo-karantin/ Tue, 04 Jan 2022 08:32:42 +0000 https://republika.mk/?p=440293

Луѓето кои имаат настинка или грип треба да бидат изолирани неколку дена, изјави еден од водечките британски научници Сер Френк Атертон.

Атертон, кој е водечки медицински експерт од Велс, вели дека кризата со коронавирус треба да ја натера нацијата да размисли „како се однесувавме како општество“ и дека секој со вирусна инфекција мора да се изолира за да спречи ширење на инфекцијата на другите.

Коментарите доаѓаат во време кога Велика Британија се бори со ширењето на сојот омикрон.

Според сегашните правила во Англија, Велс и Северна Ирска, секој што е позитивен на Ковид-19 мора да биде во карантин најмалку седум дена.

Доколку пациентот е негативен на тестот, тој може да излезе од самоизолација по шест или седум дена, додека во Шкотска периодот на задолжителен карантин е најмалку 10 дена.

The post Луѓето кои имаат грип или настинка, треба да бидат во карантин appeared first on Република.

]]>

Луѓето кои имаат настинка или грип треба да бидат изолирани неколку дена, изјави еден од водечките британски научници Сер Френк Атертон. Атертон, кој е водечки медицински експерт од Велс, вели дека кризата со коронавирус треба да ја натера нацијата да размисли „како се однесувавме како општество“ и дека секој со вирусна инфекција мора да се изолира за да спречи ширење на инфекцијата на другите. Коментарите доаѓаат во време кога Велика Британија се бори со ширењето на сојот омикрон. Според сегашните правила во Англија, Велс и Северна Ирска, секој што е позитивен на Ковид-19 мора да биде во карантин најмалку седум дена. Доколку пациентот е негативен на тестот, тој може да излезе од самоизолација по шест или седум дена, додека во Шкотска периодот на задолжителен карантин е најмалку 10 дена.

The post Луѓето кои имаат грип или настинка, треба да бидат во карантин appeared first on Република.

]]>