наставник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavnik/ За подобро да се разбереме Tue, 12 Nov 2024 15:32:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наставник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavnik/ 32 32 Скопјанец пријавил дека наставник го нападнал син му на час https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanets-prijavil-deka-nastavnik-go-napadnal-sin-mu-na-chas/ Tue, 12 Nov 2024 15:32:01 +0000 https://republika.mk/?p=836896

На 11.11.2024 во 09:50 часот во СВР Скопје, С.С.(39) од Скопје пријавил дека околу 08:30 часот, неговиот малолетен син додека бил на час во основното училиште во Скопје во кое учел, бил физички нападнат од наставникот.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Скопјанец пријавил дека наставник го нападнал син му на час appeared first on Република.

]]>

Наставник нападнат зошто наводно нападнал ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnik-napadnat-zoshto-navodno-napadnal-uchenik/ Tue, 05 Nov 2024 14:03:52 +0000 https://republika.mk/?p=834405

Двајца наставници од основни училишта од Куманово вчера биле пријавени дека нападнале ученици во два одвоени случаи. Како што соопшти денеска кумановската полиција, еден од наставниците пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект, поради претходно недоразбирање со ученик.

Вчера 17:00 часот во СВР Куманово, М.Љ.(27) – вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ.

Вчера, во 17:30 часот во СВР Куманово, Д.И.(41) од Куманово пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д. Д.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

The post Наставник нападнат зошто наводно нападнал ученик appeared first on Република.

]]>

Двајца наставници од основни училишта од Куманово вчера биле пријавени дека нападнале ученици во два одвоени случаи. Како што соопшти денеска кумановската полиција, еден од наставниците пријавил дека бил физички нападнат во угостителски објект, поради претходно недоразбирање со ученик. Вчера 17:00 часот во СВР Куманово, М.Љ.(27) – вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.05 часот, М.Б.(40) од Куманово пријавил дека во основното училиште во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот М.Љ. Вчера, во 17:30 часот во СВР Куманово, Д.И.(41) од Куманово пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Д. Д. Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаи.

The post Наставник нападнат зошто наводно нападнал ученик appeared first on Република.

]]>
Наставник со пенкало трипати избодел ученик во врат во Словенија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nastavnik-so-penkalo-tripati-izbodel-uchenik-vo-vrat-vo-slovenija/ Wed, 18 Oct 2023 07:06:37 +0000 https://republika.mk/?p=692350

На почетокот на месецот во училиште во Крањ, Словенија, наставник фатил ученик за врат и трипати го избодел со хемиско пенкало. Според словенечките медиуми, момчето е полесно повредено. Управата на училиштето го суспендирала наставникот од настава, а полицијата води истрага.

Од полициската управа Крањ потврдија дека на почетокот намесецот се справиле со напад во едно од основните училишта, но не ги откриваат деталите, како што наведоа, поради заштита на личните податоци, секундарна виктимизација на жртвата и одредбите од Кривичниот законик.

Полициски службеници спроведуваат истражна постапка против едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело и сите наоди ќе ги пријават до надлежното државно обвинителство, соопштија оттаму.

The post Наставник со пенкало трипати избодел ученик во врат во Словенија appeared first on Република.

]]>

На почетокот на месецот во училиште во Крањ, Словенија, наставник фатил ученик за врат и трипати го избодел со хемиско пенкало. Според словенечките медиуми, момчето е полесно повредено. Управата на училиштето го суспендирала наставникот од настава, а полицијата води истрага. Од полициската управа Крањ потврдија дека на почетокот намесецот се справиле со напад во едно од основните училишта, но не ги откриваат деталите, како што наведоа, поради заштита на личните податоци, секундарна виктимизација на жртвата и одредбите од Кривичниот законик. Полициски службеници спроведуваат истражна постапка против едно лице поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело и сите наоди ќе ги пријават до надлежното државно обвинителство, соопштија оттаму.

The post Наставник со пенкало трипати избодел ученик во врат во Словенија appeared first on Република.

]]>
Ниту еден наставник нема да го загуби работното место или ќе добие помала плата поради интегрирањето предмети, кажа Шаќири на средбата со Независниот синдикат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nitu-eden-nastavnik-nema-da-go-zagubi-rabotnoto-mesto-ili-ke-dobie-pomala-plata-poradi-integriraneto-predmeti-kazha-shakiri-na-sredbata-so-nezavisniot-sindikat/ Thu, 22 Jun 2023 10:22:24 +0000 https://republika.mk/?p=653992

Ниту еден наставник нема да го изгуби своето работно место или пак ќе добие помала плата, поради интегрирањето на предмети во основното образование, кое го предвидува новата Концепција за основно образование што веќе трета година по ред е основа за крупни промени во базата на образовниот систем кои треба да овозможат покреативна настава и добро подготвени, иновативни и креативни ученички генерации.

Ова го потврди министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со претседателот на Независниот синдикат за образование и наука, Томислав Гиевски и неколку други претставници на највисокото раководство на оваа синдикална организација.

Промените кои ги правиме немаат за цел никому да наштетат. Напротив, проектирани се да го подигнат квалитетот на часовите и јас уверувам дека ниту еден наставник нема да остане без работа или пак да му биде намалена платата поради спојувањето на предмети, за што во јавноста уште минатата година се појавија дезинформации со кои креаторите сакаа да создадат вознемиреност и несигурност кај наставничката фела. Но јас потврдувам дека со наставниците сме на иста страна и заедно низ дијалог со вас и другите синдикални организации ќе работиме за унапредување на нивните права, рече Шаќири.

Тој додаде дека воопшто не треба да се размислува за намалување на нечии плати во образованието, затоа што токму оваа Влада во неколку наврати ги зголеми платите на вработените во основните и средните училишта.

Во моментов со поддршка од УНИЦЕФ и низ социјалниот дијалог, работиме на нова формула за финансирање на основното и средното образование, како и нова методологија за пресметка на плати, со што очекуваме нов пораст на личните примања на наставниците, но за ова дополнително ќе информираме откако ќе имаме нешто поконкретно дефинирано, нагласи министерот.

Од синдикатот изразија задоволство што министерот и МОН покажуваат голема отвореност за соработка и заложба за подобрување на состојбите во областа на образованието и науката, а особено за подобрување на условите за работа и воопшто за унапредување на правата на наставниот кадар. Посочија дека и натаму ќе даваат свои предлози и идеи за да придонесат кон креирање на што поефикасни национални образовни политики.

Интегрираните предмети почнуваат од петто одделение според Концепцијата за основно образование и оваа година продолжуваат во шесто, а наредните години и во седмо, осмо и во деветто одделение.

https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-reaktsiite-za-integriraneto-predmeti-ke-gi-dostavam-do-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto/

The post Ниту еден наставник нема да го загуби работното место или ќе добие помала плата поради интегрирањето предмети, кажа Шаќири на средбата со Независниот синдикат appeared first on Република.

]]>

Ниту еден наставник нема да го изгуби своето работно место или пак ќе добие помала плата, поради интегрирањето на предмети во основното образование, кое го предвидува новата Концепција за основно образование што веќе трета година по ред е основа за крупни промени во базата на образовниот систем кои треба да овозможат покреативна настава и добро подготвени, иновативни и креативни ученички генерации. Ова го потврди министерот за образование и наука Јетон Шаќири на денешната средба со претседателот на Независниот синдикат за образование и наука, Томислав Гиевски и неколку други претставници на највисокото раководство на оваа синдикална организација.
Промените кои ги правиме немаат за цел никому да наштетат. Напротив, проектирани се да го подигнат квалитетот на часовите и јас уверувам дека ниту еден наставник нема да остане без работа или пак да му биде намалена платата поради спојувањето на предмети, за што во јавноста уште минатата година се појавија дезинформации со кои креаторите сакаа да создадат вознемиреност и несигурност кај наставничката фела. Но јас потврдувам дека со наставниците сме на иста страна и заедно низ дијалог со вас и другите синдикални организации ќе работиме за унапредување на нивните права, рече Шаќири.
Тој додаде дека воопшто не треба да се размислува за намалување на нечии плати во образованието, затоа што токму оваа Влада во неколку наврати ги зголеми платите на вработените во основните и средните училишта.
Во моментов со поддршка од УНИЦЕФ и низ социјалниот дијалог, работиме на нова формула за финансирање на основното и средното образование, како и нова методологија за пресметка на плати, со што очекуваме нов пораст на личните примања на наставниците, но за ова дополнително ќе информираме откако ќе имаме нешто поконкретно дефинирано, нагласи министерот.
Од синдикатот изразија задоволство што министерот и МОН покажуваат голема отвореност за соработка и заложба за подобрување на состојбите во областа на образованието и науката, а особено за подобрување на условите за работа и воопшто за унапредување на правата на наставниот кадар. Посочија дека и натаму ќе даваат свои предлози и идеи за да придонесат кон креирање на што поефикасни национални образовни политики. Интегрираните предмети почнуваат од петто одделение според Концепцијата за основно образование и оваа година продолжуваат во шесто, а наредните години и во седмо, осмо и во деветто одделение. https://republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-reaktsiite-za-integriraneto-predmeti-ke-gi-dostavam-do-biroto-za-razvoj-na-obrazovanieto/  

The post Ниту еден наставник нема да го загуби работното место или ќе добие помала плата поради интегрирањето предмети, кажа Шаќири на средбата со Независниот синдикат appeared first on Република.

]]>
Објавена преписка: Полицијата знаела дека ученикот веќе бил на училиште со пиштол, ветил одмазда https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/objavena-prepiska-politsijata-znaela-deka-uchenikot-veke-bil-na-uchilishte-so-pishtol-vetil-odmazda/ Wed, 14 Jun 2023 11:30:15 +0000 https://republika.mk/?p=651270

Во тешка, но стабилна состојба е професорот по англиски јазик кој утрово беше застрелан од страна на 15-годишен ученик во Лукавец, БиХ, потврдил за Н1 таткото на застреланиот маж. Детето е уапсено.

Во меѓувреме босанската јавност е на нозе. По трагичниот настан, политичарот од Лукавац Дино Османовиќ на Фејсбук објави прашања кои ги испратил до МВР поради заканите токму од овој ученик кој денеска е осомничен дека сторил тешко кривично дело.

Ова е порака од 22 мај 2023 година, кога откако дознав дека ученик се заканувал дека ќе се одмазди откако бил префрлен од училиште, побарав информација да видам дали сме се опаметиле или сме направиле нешто за да не ни се случи Белград. За жал, не направивме, пишува Османовиќ.

Тој посочи дека тешко ранет е татко на две деца.

Невин човек настрада. Некој рече дека нема убиено деца и затоа нема паника, но јас велам дека за жал настрада татко на две деца и има паника. Потребна е паника сè додека неспособните кадри од МВР и Обвинителството не одговараат. Можеби тогаш ќе се вразумиме и ќе почнеме да учиме од туѓите грешки, напиша тој во објавата. Не добив одговор на моето прашање упатено до МВР, туку само повик преку Вибер со зборовите дека ги презеле сите дејствија, дека сè е под контрола и дека не можат да дадат повеќе информации бидејќи се работи за малолетно лице. Му верував на системот, ни сам не знам зошто, напиша Османовиќ.

The post Објавена преписка: Полицијата знаела дека ученикот веќе бил на училиште со пиштол, ветил одмазда appeared first on Република.

]]>

Во тешка, но стабилна состојба е професорот по англиски јазик кој утрово беше застрелан од страна на 15-годишен ученик во Лукавец, БиХ, потврдил за Н1 таткото на застреланиот маж. Детето е уапсено. Во меѓувреме босанската јавност е на нозе. По трагичниот настан, политичарот од Лукавац Дино Османовиќ на Фејсбук објави прашања кои ги испратил до МВР поради заканите токму од овој ученик кој денеска е осомничен дека сторил тешко кривично дело.
Ова е порака од 22 мај 2023 година, кога откако дознав дека ученик се заканувал дека ќе се одмазди откако бил префрлен од училиште, побарав информација да видам дали сме се опаметиле или сме направиле нешто за да не ни се случи Белград. За жал, не направивме, пишува Османовиќ.
Тој посочи дека тешко ранет е татко на две деца.
Невин човек настрада. Некој рече дека нема убиено деца и затоа нема паника, но јас велам дека за жал настрада татко на две деца и има паника. Потребна е паника сè додека неспособните кадри од МВР и Обвинителството не одговараат. Можеби тогаш ќе се вразумиме и ќе почнеме да учиме од туѓите грешки, напиша тој во објавата. Не добив одговор на моето прашање упатено до МВР, туку само повик преку Вибер со зборовите дека ги презеле сите дејствија, дека сè е под контрола и дека не можат да дадат повеќе информации бидејќи се работи за малолетно лице. Му верував на системот, ни сам не знам зошто, напиша Османовиќ.

The post Објавена преписка: Полицијата знаела дека ученикот веќе бил на училиште со пиштол, ветил одмазда appeared first on Република.

]]>
Фото од апсењето на 15-годишникот кој пукал кон главата на неговиот наставник https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/foto-od-apseneto-na-15-godishnikot-koj-pukal-kon-glavata-na-negoviot-nastavnik/ Wed, 14 Jun 2023 08:24:33 +0000 https://republika.mk/?p=651138

Вработен во основното училиште во Лукавац бил застрелан од поранешен ученик, пренесува за утринскиот инцидент босанскиот медиум Klix.ba. Според нивните информации, станува збор поранешниот ученик во тоа училиште Г.М.(2008), кој поради прилично лошо однесување бил префрлен во друго основно училиште.

Ученикот утринава вооружен дошол во училиште и го барал вработениот Н.О., наставник по англиски јазик, кон кого пукал кон главата. Го ранил во пределот на вратот, а ранетиот е во тешка состојба.

Застреланиот вработен во училиштето е префрлен во Клиничкиот центар во Тузла, а операцијата е во тек. Повеќе детали за неговата здравствена состојба ќе бидат познати во текот на денот.

Полицијата веднаш го уапсила ученикот кој пукал, а кај него бил пронајден пиштол.

Видео тука

The post Фото од апсењето на 15-годишникот кој пукал кон главата на неговиот наставник appeared first on Република.

]]>

Вработен во основното училиште во Лукавац бил застрелан од поранешен ученик, пренесува за утринскиот инцидент босанскиот медиум Klix.ba. Според нивните информации, станува збор поранешниот ученик во тоа училиште Г.М.(2008), кој поради прилично лошо однесување бил префрлен во друго основно училиште. Ученикот утринава вооружен дошол во училиште и го барал вработениот Н.О., наставник по англиски јазик, кон кого пукал кон главата. Го ранил во пределот на вратот, а ранетиот е во тешка состојба. Застреланиот вработен во училиштето е префрлен во Клиничкиот центар во Тузла, а операцијата е во тек. Повеќе детали за неговата здравствена состојба ќе бидат познати во текот на денот. Полицијата веднаш го уапсила ученикот кој пукал, а кај него бил пронајден пиштол. Видео тука

The post Фото од апсењето на 15-годишникот кој пукал кон главата на неговиот наставник appeared first on Република.

]]>
Наставник нападнал ученик во скопско основно училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnik-napadnal-uchenik-vo-skopsko-osnovno-uchilishte/ Sun, 28 May 2023 14:56:07 +0000 https://republika.mk/?p=645450

Вчеравечер во 21.00 часот Н.А.(38) од Скопје пријавил дека во петокот околу 08.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Наставник нападнал ученик во скопско основно училиште appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.00 часот Н.А.(38) од Скопје пријавил дека во петокот околу 08.00 часот во основно училиште на подрачјето на Бит Пазар неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот А.И. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Наставник нападнал ученик во скопско основно училиште appeared first on Република.

]]>
13-годишник со нож уби наставник, повреди пет лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/13-godishnik-so-nozh-ubi-nastavnik-povredi-pet-litsa/ Mon, 27 Mar 2023 16:34:18 +0000 https://republika.mk/?p=624338

Тринаесетгодишен ученик во најголемиот бразилски град Сао Паоло, денеска смртно избодел 71-годишен наставник и повредил тројца други наставници и двајца ученици во државно училиште.

Петтемина повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба.

Осомничениот напаѓач е приведен и е под истрага на воената полиција, напиша на Твитер гувернерот на Сао Паоло, Тарцизио Фреитас.

Немам зборови да ја изразам мојата тага поради веста за нападот врз учениците и наставниците во државното училиште Томаси Монторо во Вила Соња. Еден 13-годишен тинејџер е веќе уапсен и нашите напори се насочени кон помош на повредените и утеха на нивните семејства, напиша гувернерот на социјалните мрежи.

The post 13-годишник со нож уби наставник, повреди пет лица appeared first on Република.

]]>

Тринаесетгодишен ученик во најголемиот бразилски град Сао Паоло, денеска смртно избодел 71-годишен наставник и повредил тројца други наставници и двајца ученици во државно училиште. Петтемина повредени се хоспитализирани и се во стабилна состојба. Осомничениот напаѓач е приведен и е под истрага на воената полиција, напиша на Твитер гувернерот на Сао Паоло, Тарцизио Фреитас.
Немам зборови да ја изразам мојата тага поради веста за нападот врз учениците и наставниците во државното училиште Томаси Монторо во Вила Соња. Еден 13-годишен тинејџер е веќе уапсен и нашите напори се насочени кон помош на повредените и утеха на нивните семејства, напиша гувернерот на социјалните мрежи.

The post 13-годишник со нож уби наставник, повреди пет лица appeared first on Република.

]]>
Уште еден наставник фатен со дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ushte-eden-nastavnik-faten-so-droga/ Wed, 22 Mar 2023 21:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=622641

Битолската полиција вечерва го привела 54 годишниот В. А. од Прилеп, наставник во основно училиште.

Кај него е пронајдена бела грутчеста материја.

Тој е лишен од слобода, се работи на случајот, по што ќе следи и соодветна пријава, информираат од СВР Битола.

Пред неколку дена во голема полициска акција во Скопје беше уапсена наставничка од основно училиште, под сомнение дека била вмешана во трговија со дрога.

The post Уште еден наставник фатен со дрога appeared first on Република.

]]>

Битолската полиција вечерва го привела 54 годишниот В. А. од Прилеп, наставник во основно училиште. Кај него е пронајдена бела грутчеста материја. Тој е лишен од слобода, се работи на случајот, по што ќе следи и соодветна пријава, информираат од СВР Битола. Пред неколку дена во голема полициска акција во Скопје беше уапсена наставничка од основно училиште, под сомнение дека била вмешана во трговија со дрога.  

The post Уште еден наставник фатен со дрога appeared first on Република.

]]>
Малолетник нападнат од учител во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/maloletnik-napadnat-od-uchitel-vo-skopje/ Thu, 09 Feb 2023 19:24:54 +0000 https://republika.mk/?p=607036

На 09.022023 во 11.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.Ј.(51) пријавил дека на 07.02.2023 околу 11.00 часот неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на учител во основно училиште на подрачјето на Гази Баба.

Во врска со случајот, на 08.02.2023 во 22.40 часот од ГОБ „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник кој бил физички нападнат од учителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетник нападнат од учител во Скопје appeared first on Република.

]]>

На 09.022023 во 11.00 часот во Полициска станица Гази Баба, Н.Ј.(51) пријавил дека на 07.02.2023 околу 11.00 часот неговиот малолетен внук бил физички нападнат од страна на учител во основно училиште на подрачјето на Гази Баба. Во врска со случајот, на 08.02.2023 во 22.40 часот од ГОБ „Св.Наум Охридски” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник кој бил физички нападнат од учителот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Малолетник нападнат од учител во Скопје appeared first on Република.

]]>
МОН го објави повикот за наставници од основни училишта за кариерно напредување во звање ментор https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-go-objavi-povikot-za-nastavnitsi-od-osnovni-uchilishta-za-karierno-napreduvane-vo-zvane-mentor/ Tue, 03 Jan 2023 10:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=593063

На стартот на новата календарска година, Министерството за образование и наука со нова можност за кариерно напредување на наставниците од основните училишта. Од МОН информираат дека на веб порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk објавен e повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“.

На повикот може да се пријави наставник од основно училиште кој ги исполнува условите согласно Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, односно има најмалку 7 години работни искуство како наставник, вработен е на неопределено работно време и ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор.

Во самиот повик е наведена листа со општини и училишта на кои се однесува истиот.

Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 20 февруари 2023 година.

Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.

The post МОН го објави повикот за наставници од основни училишта за кариерно напредување во звање ментор appeared first on Република.

]]>

На стартот на новата календарска година, Министерството за образование и наука со нова можност за кариерно напредување на наставниците од основните училишта. Од МОН информираат дека на веб порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk објавен e повторен повик за пријавување на наставници од основни училишта за напредување во звање „ментор“. На повикот може да се пријави наставник од основно училиште кој ги исполнува условите согласно Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, односно има најмалку 7 години работни искуство како наставник, вработен е на неопределено работно време и ги исполнува професионалните стандарди за наставник – ментор. Во самиот повик е наведена листа со општини и училишта на кои се однесува истиот. Пријавувањето се спроведува исклучиво електронски преку порталот www.karierenrazvoj.mon.gov.mk, каде во прилог на апликацијата се приложува и соодветна документација како доказ за исполнетост на наведените услови. Крајниот рок за аплицирање е 20 февруари 2023 година. Министерството за образование и наука ги повикува сите наставници од наведените јавни основни училишта во повикот, доколку ги исполнуваат условите, да ја поднесат својата пријава во предвидениот рок, за да го остварат законски утврденото право за напредување во звање „ментор“, а со тоа и да си обезбедат повисок личен приход.  

The post МОН го објави повикот за наставници од основни училишта за кариерно напредување во звање ментор appeared first on Република.

]]>
Наставник физички нападнал ученик во Тетовско https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnik-fizichki-napadnal-uchenik-vo-tetovsko/ Sun, 13 Nov 2022 16:35:42 +0000 https://republika.mk/?p=573312

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го лишиле од слобода Б.Ш.(44) од тетовското село Нераште, по пријава дека физички нападнал ученик.

Како што информира МВР, С.Д.Ќ.(39) од село Пршовце, Тетовско пријавил дека неговиот малолетен син на 11 ноември 2022 околу 10:30 часот додека бил на училиште бил физички нападнат од пријавениот, кој бил негов наставник.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Наставник физички нападнал ученик во Тетовско appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од СВР Тетово синоќа го лишиле од слобода Б.Ш.(44) од тетовското село Нераште, по пријава дека физички нападнал ученик. Како што информира МВР, С.Д.Ќ.(39) од село Пршовце, Тетовско пријавил дека неговиот малолетен син на 11 ноември 2022 околу 10:30 часот додека бил на училиште бил физички нападнат од пријавениот, кој бил негов наставник. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Наставник физички нападнал ученик во Тетовско appeared first on Република.

]]>
Наставник нападнал 13-годишник во Тетово https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnik-napadnal-13-godishnik-vo-tetovo/ Mon, 07 Nov 2022 15:21:45 +0000 https://republika.mk/?p=571019

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, соопшти денеска МВР.

Како што додаваат од полиција, инцидентот се случил на 6 октомври годинава, додека пријавениот одржувал настава во клас на деветто одделение, кога физички нападнал 13-годишен ученик.

The post Наставник нападнал 13-годишник во Тетово appeared first on Република.

]]>

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Б.Ј.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, соопшти денеска МВР. Како што додаваат од полиција, инцидентот се случил на 6 октомври годинава, додека пријавениот одржувал настава во клас на деветто одделение, кога физички нападнал 13-годишен ученик.  

The post Наставник нападнал 13-годишник во Тетово appeared first on Република.

]]>
Наставник на сила изнел од училиште двајца ученици, ќе се гони за малтретирање https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnik-na-sila-iznel-od-uchilishte-dvajca-uchenici-kje-se-goni-za-maltretiranje/ Fri, 28 Oct 2022 19:20:04 +0000 https://republika.mk/?p=566980

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на служба“.

Како што информира МВР, на 10 октомври 2022 во простории на основно училиште во Македонски Брод, пријавениот – вработен како наставник во училиштето, употребил физичка сила за да изнесе од објектот двајца ученици и притоа на еден од нив му нанел повреди.

The post Наставник на сила изнел од училиште двајца ученици, ќе се гони за малтретирање appeared first on Република.

]]>

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.С.(38) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „малтретирање во вршење на служба“. Како што информира МВР, на 10 октомври 2022 во простории на основно училиште во Македонски Брод, пријавениот – вработен како наставник во училиштето, употребил физичка сила за да изнесе од објектот двајца ученици и притоа на еден од нив му нанел повреди.

The post Наставник на сила изнел од училиште двајца ученици, ќе се гони за малтретирање appeared first on Република.

]]>
Наставник од Струмица преку Фејсбук испраќал пораки до малолетна ученичка за да ја наведе на сексуален однос https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnik-od-strumica-preku-fejsbuk-isprakjal-poraki-do-maloletna-uchenichka-za-da-ja-navede-na-seksualen-odnos/ Mon, 23 May 2022 12:00:03 +0000 https://republika.mk/?p=505943

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик.

Пријавениот, наставник во основно училиште во струмичко, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.

На 20.05.2022, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор.

The post Наставник од Струмица преку Фејсбук испраќал пораки до малолетна ученичка за да ја наведе на сексуален однос appeared first on Република.

]]>

СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик. Пријавениот, наставник во основно училиште во струмичко, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото. На 20.05.2022, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор.

The post Наставник од Струмица преку Фејсбук испраќал пораки до малолетна ученичка за да ја наведе на сексуален однос appeared first on Република.

]]>
Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/krivichna-prijava-za-nastavnik-od-strumica-poradi-somnenie-za-krivichno-delo-polov-napad-vrz-dete/ Mon, 23 May 2022 11:44:34 +0000 https://republika.mk/?p=505934

СВР Струмица до надлежното обвинителство  поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете кое не наполнило 14 години” , казниво по член 188 од Кривичниот законик. Пријавениот, наставник во основно училиште во струмичко, е осомничен дека во периодот од октомври 2020 до април 2022 година преку социјална мрежа Фејсбук праќал пораки на малолетна ученичка во училиштето со кои сакал да ја наведе на сексуален однос, а во два наврати и ја допирал по телото.

На 20.05.2022, таткото на девојчето го пријавил случајот во полициска станица и приложил докази, по што биле преземени мерки и наставникот на 21.05.2022 бил лишен од слобода во Куманово, а подоцна бил спроведен во СВР Струмица и со него бил извршен службен разговор.

The post Кривична пријава за наставник од Струмица поради сомнение за кривично дело полов напад врз дете appeared first on Република.