Наставници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavnici/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 19:09:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наставници Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavnici/ 32 32 Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-postignavme-istoriski-dogovor-za-pokachuvane-na-platite-na-nastavnitsite-za-najmalku-46-protsenti/ Thu, 17 Oct 2024 19:09:29 +0000 https://republika.mk/?p=828214

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител за зголемување на платите на наставниците и професорите во основното и средно образование.

Премиерот Мицкоски истакна дека до 2028 година платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти споредено со сега.

Четиригодишен договор којшто за прв пат имаме начин на кој се нивелираат и се зголемуваат платите на наставниците во основното и професорите во средното образование, кои што минимум до крајот на овој договор а тоа е месец март 2028 година ќе пораснат 46 проценти споредено со сега.

Сега ќе бидат 5 проценти за октомвриската плата, март следната година 7 проценти и ова се минималните бројки, март 2026 7 и пол проценти, март 2027 година 7 и пол проценти, и март 2028 година минимум 10 проценти, а доколку буџетот дозволи и 12 и пол проценти. Сето ова во процентуална прогресија дава вкупно нето зголемена плата од 46 проценти минимум, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти appeared first on Република.

]]>

Ние постигнавме историски договор, кој што никој не го постигнал, вели Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во интервју во Тема на денот во централниот дневник на ТВ Сител за зголемување на платите на наставниците и професорите во основното и средно образование.
Премиерот Мицкоски истакна дека до 2028 година платите во образованието ќе пораснат за 46 проценти споредено со сега.
Четиригодишен договор којшто за прв пат имаме начин на кој се нивелираат и се зголемуваат платите на наставниците во основното и професорите во средното образование, кои што минимум до крајот на овој договор а тоа е месец март 2028 година ќе пораснат 46 проценти споредено со сега.   Сега ќе бидат 5 проценти за октомвриската плата, март следната година 7 проценти и ова се минималните бројки, март 2026 7 и пол проценти, март 2027 година 7 и пол проценти, и март 2028 година минимум 10 проценти, а доколку буџетот дозволи и 12 и пол проценти. Сето ова во процентуална прогресија дава вкупно нето зголемена плата од 46 проценти минимум, изјави Мицкоски.

The post Мицкоски: Постигнавме историски договор за покачување на платите на наставниците за најмалку 46 проценти appeared first on Република.

]]>
Пет по пет посто, платите на наставниците за четири години ќе се зголемат за 50 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pet-po-pet-posto-platite-na-nastavnitsite-za-chetiri-godini-ke-se-zgolemat-za-50-protsenti/ Sun, 13 Oct 2024 08:36:31 +0000 https://republika.mk/?p=826064

Koга се сака може да се најде решение. Во ситуација кога државната каса е празна и кога минатата власт остави буџет за да се истурка едвај половина од годинава, државата најде начин да ги зголеми платите на наставниците во основните и средните училишта.

На прв поглед може да се каже дека пет посто е малку, но ако се размисли во каква финансиска состојба е државата и ова е добар чекор.

Успешно завршија преговорите меѓу владата и СОНК. Она што е важно е дека покачувањето на платите ќе оди скалесто па така од октомвриската плата  која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена март 2025 година ќе има покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе има покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7 ипол и 10%.

Планирано е  во март 2027 година да има помеѓу 7,5 и 10% а во март 2028 година  помеѓу 10 и 12,5 посто покачување на платата.

Кога сето ова ќе се пресмета излегува дека за четири години од сега зголемувањето за наставниците ќе биде близу 50 проценти. 

Затоа премиерот Мицкоски овој договор го нарече „исторски“. Зголемувањето на платите СДСМ не го поздрави. Наместо, тоа пред неколку недели организираа т.н протест пред министерството за образование кој не го поддржа ниту еден наставник освен партиските „учители“

Во нивно време платите на наставниците народски кажано не мрднаа и затоа сега за опозицијата е тешко да признае дека друг ги решава наталожените проблеми како во образованието така и во другите сектори.

The post Пет по пет посто, платите на наставниците за четири години ќе се зголемат за 50 проценти appeared first on Република.

]]>

Koга се сака може да се најде решение. Во ситуација кога државната каса е празна и кога минатата власт остави буџет за да се истурка едвај половина од годинава, државата најде начин да ги зголеми платите на наставниците во основните и средните училишта. На прв поглед може да се каже дека пет посто е малку, но ако се размисли во каква финансиска состојба е државата и ова е добар чекор. Успешно завршија преговорите меѓу владата и СОНК. Она што е важно е дека покачувањето на платите ќе оди скалесто па така од октомвриската плата  која што ќе биде исплатена во ноември па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена март 2025 година ќе има покачување од 5% на платите, потоа во март 2025 година ќе има покачување од 7%, во март 2026 година во зависност од состојбата на Буџетот ќе имаме покачување помеѓу 7 ипол и 10%. Планирано е  во март 2027 година да има помеѓу 7,5 и 10% а во март 2028 година  помеѓу 10 и 12,5 посто покачување на платата. Кога сето ова ќе се пресмета излегува дека за четири години од сега зголемувањето за наставниците ќе биде близу 50 проценти.  Затоа премиерот Мицкоски овој договор го нарече „исторски“. Зголемувањето на платите СДСМ не го поздрави. Наместо, тоа пред неколку недели организираа т.н протест пред министерството за образование кој не го поддржа ниту еден наставник освен партиските „учители“ Во нивно време платите на наставниците народски кажано не мрднаа и затоа сега за опозицијата е тешко да признае дека друг ги решава наталожените проблеми како во образованието така и во другите сектори.

The post Пет по пет посто, платите на наставниците за четири години ќе се зголемат за 50 проценти appeared first on Република.

]]>
Покачувањето на платите во образованието е важен чекор, СДСМ не сака да го поддржи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pokachuvaneto-na-platite-vo-obrazovanieto-e-vazhen-chekor-sdsm-ne-saka-da-go-poddrzhi/ Sat, 12 Oct 2024 17:06:46 +0000 https://republika.mk/?p=825969

Како и секогаш до сега кога се во прашање важни одлуки како зголемување на платите, СДС повторно не може да најде простор за поддршка.Очигледно е дека повеќе би сакале да молчат отколку да признаат дека нашата влада презема вистински чекори, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ сериозно се грижи за граѓаните и затоа ја донесе одлуката за зголемување на платите – за подобрување на животниот стандард на сите.

Ова е важен чекор кој СДС, наместо да го игнорира, треба да го поддржи за доброто на народот.

Молкот на СДС е уште еден доказ за нивната неодговорност и недостиг на визија.

Граѓаните заслужуваат повеќе, заслужуваат одговори и дела, а не плитки избрзани критики во слабост од луѓе кои за 7 години буквално ја уништија државата.

The post Покачувањето на платите во образованието е важен чекор, СДСМ не сака да го поддржи appeared first on Република.

Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naskoro-dogovor-megu-mon-i-sonk-za-platite-na-nastavnitsite/ Mon, 07 Oct 2024 11:09:11 +0000 https://republika.mk/?p=823779

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава.

На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии за поголем буџет за идната година за кога, рече, е предвидено зголемување и на средствата за наука, пред се за научните институции.

Се работи на правилникот, се надевам дека тоа ќе биде по изработени проекти, за дополнителни стипендии за постдипломски и докторски студии со објавување на научни проекти кои во минатото ги немаше, од идната година ги предвидуваме, така што средствата за наука ќе се зголемуваат, а ќе се зголеми и севкупниот буџет на Министерството за образование и наука, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.

Во однос на преговорите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) одговори дека тие се во тек и очекува за релативно кратко време да биде постигнат сериозен договор, најавувајќи дека постојат можности наставниците да добијат покачување на платите оваа година.

Се уште сме во фаза на преговори. Очекувам за релативно време дека ќе постигнеме договор и тој ќе биде сериозен и повеќегодишен. Се уште разговараме за можностите во буџетот, но она што СОНК го бара мислам дека ќе можеме да го реализираме со тек на време. Очекувам дека и годинава ќе има покачување на платите на наставниците за разлика од пред неколку месеци кога можностите речиси беа исцрпени, сега веќе се појавуваат реално можности за покачување на платите на наставниците, рече министерката за образование и наука.

Соопшти дека МОН прави анализи како да продолжи градењето на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на УКИМ и дека до крајот на мандатот „ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради“.

Стручните служби ни велат дека овој процес нема да биде релативно брзо завршен затоа што таму имаше проблеми кои не зависат во моментот од Министерството. Една фирма банкротирала, па ја нема, па надзорот...Во комуникација сме со Министерството за транспорт кое исто така треба да се вклучи во овој процес. Тој е почнат и планираме до крајот на овој мандат ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради, рече Јаневска.

The post Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците appeared first on Република.

]]>

Министерката за образование и наука Весна Јаневска соопшти дека ќе има поголем буџет за образование и наука во 2025-та, а најави и наскоро дека ќе биде постигнат договор со СОНК и покачување на платите на наставниците годинава. На прес-конференција за сто дена од работењето на Владата, Јаневска рече дека МОН дискутира со Министерството за финансии за поголем буџет за идната година за кога, рече, е предвидено зголемување и на средствата за наука, пред се за научните институции.
Се работи на правилникот, се надевам дека тоа ќе биде по изработени проекти, за дополнителни стипендии за постдипломски и докторски студии со објавување на научни проекти кои во минатото ги немаше, од идната година ги предвидуваме, така што средствата за наука ќе се зголемуваат, а ќе се зголеми и севкупниот буџет на Министерството за образование и наука, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања.
Во однос на преговорите со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) одговори дека тие се во тек и очекува за релативно кратко време да биде постигнат сериозен договор, најавувајќи дека постојат можности наставниците да добијат покачување на платите оваа година.
Се уште сме во фаза на преговори. Очекувам за релативно време дека ќе постигнеме договор и тој ќе биде сериозен и повеќегодишен. Се уште разговараме за можностите во буџетот, но она што СОНК го бара мислам дека ќе можеме да го реализираме со тек на време. Очекувам дека и годинава ќе има покачување на платите на наставниците за разлика од пред неколку месеци кога можностите речиси беа исцрпени, сега веќе се појавуваат реално можности за покачување на платите на наставниците, рече министерката за образование и наука.
Соопшти дека МОН прави анализи како да продолжи градењето на објектите за ФИНКИ и Факултетот за физичка култура во близина на Ректоратот на УКИМ и дека до крајот на мандатот „ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради“.
Стручните служби ни велат дека овој процес нема да биде релативно брзо завршен затоа што таму имаше проблеми кои не зависат во моментот од Министерството. Една фирма банкротирала, па ја нема, па надзорот...Во комуникација сме со Министерството за транспорт кое исто така треба да се вклучи во овој процес. Тој е почнат и планираме до крајот на овој мандат ако не целосно, градбата секако ќе продолжи на двете згради, рече Јаневска.

The post Наскоро договор меѓу МОН и СОНК за платите на наставниците appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците https://arhiva3.republika.mk/vesti/janevska-se-razgovara-so-sindikatot-za-povisoki-plati-na-nastavnitsite/ Tue, 01 Oct 2024 10:46:44 +0000 https://republika.mk/?p=821360

Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.

Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.

Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира.

Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.

Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.

Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

The post Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците appeared first on Република.

]]>

Во фаза на дискусија се разговорите за повисоки плати на наставниците меѓу Синдикатот за образование и наука (СОНК) и претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министрите во Владата, кои почнаа вчера, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, која присуствуваше на првиот академски час на Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип.
Деталите се уште се во фаза на дискутирање и дооформување. Значи се разговараше за идните можности, се разговараше за методологија, се разговараше за потребите на наставниците, за можностите на државата и продолжуваме и понатаму да изнаоѓаме соодветни решенија на општо задоволство на сите, вели Јаневска.
Прашана дали е договорено за зголемување на платите на наставниците за 12 отсто, Јаневска со одговор дека се уште се дискутира. Што се однесува за зголемување на студентскиот обрак, ресорната министерка Јаневска истакна дека за колку ќе се зголеми ќе зависи од буџетските средства за наредната година.
Во буџетот за следната 2025 година предвидуваме зголемување на студентскиот оброк. Знаете дека во фаза на реконструкција се два дома во Скопје. Но, се предвидува повеќегодишна реконструкција на повеќе домови ширим земјата. Зголемен е обемот на стипендии и им удоволивме на барањата на студентите. Променивме неколку Правилници, а тоа е за оние што имаат завршено со 180 кредити, да можат да аплицираат за постдипломски студии, ги изменивме Правилниците за оние кои сакаат да студираат на педагошката Академија. Значи се што можеме како држава и министерство да оствариме веднаш го правиме това, вели Јаневска.
Таа посочи дека останува да се разговара и за Законот, потоа за студентскиот стандард и за други барања кои ги имаат студентите.

The post Јаневска: Се разговара со синдикатот за повисоки плати на наставниците appeared first on Република.

]]>
МОН и БРО ќе спроведат анкета меѓу учниците и професорите во трета и четврта година за унапредување на гимназиското образование https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mon-i-bro-ke-sprovedat-anketa-megu-uchnitsite-i-profesorite-vo-treta-i-chetvrta-godina-za-unapreduvane-na-gimnaziskoto-obrazovanie/ Fri, 27 Sep 2024 11:27:57 +0000 https://republika.mk/?p=820225

Со спроведување на анкета помеѓу наставниците и учениците од трета и четврта година во средните гимназиски училишта, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започнуваат процесот на унапредување на квалитетот на гимназиското образование и негово усогласување со европските образовни стандарди.

Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна е потребата од прилагодување на глобалните трендови и стандардни, како и на општествените текови. Во таа насока, преку анкетни прашалници за наставниот кадар и учениците во гимназиите, МОН и БРО ќе ги идентификуваат актуелните предизвици, но и силните страни на постојниот систем на гимназиско образование.

Со спроведување на реформа на гимназиското образование, се отвораат бројни можности за подобрување на квалитетот на наставата и учењето, како за учениците, така и за наставниците.

Придобивките ќе вклучуваат поуспешно усогласување на наставните програми со потребите на современото општество и пазарот на трудот, подобрување на критичкото размислување и практичните вештини на учениците, како и нивна подобра подготовка за понатамошно образование или работен ангажман. За наставниците, промените ќе обезбедат подобра поддршка за професионален и кариерен развој, воведување на современи наставни методологии и алатки, како и креирање на поинтерактивна и мотивирачка училишна средина.

Анкетирањето ќе се спроведе во периодот од 30 септември до 4 октомври, од страна на советници од Бирото за развој на образованието, а во анкетата во секоја гимназија е потребно да учествуваат најмалку 80% од наставниците и сите ученици од трета и четврта година.

The post МОН и БРО ќе спроведат анкета меѓу учниците и професорите во трета и четврта година за унапредување на гимназиското образование appeared first on Република.

]]>

Со спроведување на анкета помеѓу наставниците и учениците од трета и четврта година во средните гимназиски училишта, Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието го започнуваат процесот на унапредување на квалитетот на гимназиското образование и негово усогласување со европските образовни стандарди. Повеќе од 20 години гимназиското образование е непроменето и неопходна е потребата од прилагодување на глобалните трендови и стандардни, како и на општествените текови. Во таа насока, преку анкетни прашалници за наставниот кадар и учениците во гимназиите, МОН и БРО ќе ги идентификуваат актуелните предизвици, но и силните страни на постојниот систем на гимназиско образование. Со спроведување на реформа на гимназиското образование, се отвораат бројни можности за подобрување на квалитетот на наставата и учењето, како за учениците, така и за наставниците. Придобивките ќе вклучуваат поуспешно усогласување на наставните програми со потребите на современото општество и пазарот на трудот, подобрување на критичкото размислување и практичните вештини на учениците, како и нивна подобра подготовка за понатамошно образование или работен ангажман. За наставниците, промените ќе обезбедат подобра поддршка за професионален и кариерен развој, воведување на современи наставни методологии и алатки, како и креирање на поинтерактивна и мотивирачка училишна средина. Анкетирањето ќе се спроведе во периодот од 30 септември до 4 октомври, од страна на советници од Бирото за развој на образованието, а во анкетата во секоја гимназија е потребно да учествуваат најмалку 80% од наставниците и сите ученици од трета и четврта година.  

The post МОН и БРО ќе спроведат анкета меѓу учниците и професорите во трета и четврта година за унапредување на гимназиското образование appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Наставните програми може да ни ги направат и најголемите експерти, но ако нема кој да ги спроведе, ништо нема да добиеме https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nastavnite-programi-mozhe-da-ni-gi-napravat-i-najgolemite-eksperti-no-ako-nema-koj-da-gi-sprovede-nishto-nema-da-dobieme/ Fri, 27 Sep 2024 08:24:41 +0000 https://republika.mk/?p=820120

Наставните програми може да ни ги направат и најголемите експерти, но ако нема кој да ги спроведе, ништо нема да добиеме. Нам наставниците ни се важни и сите промени ќе ги правиме преку заедничка соработка, истакна министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска во емисијата „Вин Вин“ на ТВ „Телма“.

Ако нешто се обидете да им наметнете на наставниците, тоа не може да даде плод во образованието. Тие мора да имаат мотив и да се најде начин кој најмногу им одговара за да ги пренесуваат знаењата кон учениците“, рече Јаневска, додавајќи дека подолгиот престој во училиштето е од корист за сите во образовниот процес вклучително и за наставниот кадар и дека ќе даде добри резуџлтати.

Министерката најави дека ќе продолжат обуките на наставниците, но и дека од следната година тие ќе добијат поголемо процентуално покачување на платите. Овој месец пак, добија усогласување согласно општиот колективен договор.

The post Јаневска: Наставните програми може да ни ги направат и најголемите експерти, но ако нема кој да ги спроведе, ништо нема да добиеме appeared first on Република.

Јаневска: Апсолутно треба наставниците да имаат повисоки плати – и ќе имаат, но сега нема пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-apsolutno-treba-nastavnitsite-da-imaat-povisoki-plati-i-ke-imaat-no-sega-nema-pari/ Thu, 26 Sep 2024 19:54:27 +0000 https://republika.mk/?p=820012

Сакаме со социјалните партнери да имаме коректни односи, но сакаме и наставниците да имаат доверба во нас, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со најавите на СОНК за протести, доколку не им се исполни барањето за покачување на платите.

Таа во гостувањето на ТВ Телма, во врска со прифаќањето на СОНК на барањето на претседателот на Владата за дополнителен период за преговори од една недела, посочи дека има за што да се разговара во овој период.

Сега е септември. Денес наставниците ќе го добијат порамнувањето што го имаа според Општиот колективен договор од 0,70 проценти. Ако приливот на средства, за кои што зборува премиерот, се одвива според очекувањата од искуството на претходниот месец и овој месец, можеби ќе се остварат некакви дополнителни средства кои ние сметаме дека ќе можеме да им ги дадеме на наставниците приоритетно, иако, и другите ресори бараат. Но, сметајќи дека се многу значаен дел од општеството кој треба да ги образува нашите деца и нашите млади, чекаме да видиме што ќе се случи со полнењето на Буџетот за да можеме да дискутираме, рече министерката.

Како што напомена, второ нешто што може да се дискутира за оваа недела, е динамиката на покачување на платите.

Треба да видиме во кој временски период и колку би можело да се покачат платите. Колку планираме за првата половина на 2025 година, после ребалансот можеби ќе биде различна состојбата, но и што ќе се случува во 2026 година. Има елементи за кои може да се разговара и тие елементи ги разговараме, сакајќи во СОНК да имаме партнери, а не да бидеме непријатели, додаде Јаневска.

Таа повтори дека во моментот нема пари во Буџетот за оваа намена.

Во овој момент нема средства во Буџетот. Ако сме три години на власт, па нема средства, ќе имате право да речете дека е по наша вина. Ние сме три месеци на власт. Пари во буџетот нема. Да, апсолутно сметам дека наставниците треба да имаат повисоки плати и ќе имаат. Но, ако вие имате три денари можете ли од нив да направите шест, рече Јаневска.

Во врска со Законот за високото образование, рече дека со овој Закон не треба да се брза, напоменувајќи дека сериозно ќе му се пристапи после март.

Тоа е огромен закон. Дел од професорите велат дека е пререгулиран, но јас денес имав големо задоволство да се дружам со моите колеги, односно членовите на Националниот совет за високо образование и членовите на Интеруниверзитетската конференција и да размениме мислења. Заклучокот е дека не треба да се брза со тој Закон, и не само со тој, туку и со Законот за научни институции и научна истражувачка дејност, додаде Јаневска.

The post Јаневска: Апсолутно треба наставниците да имаат повисоки плати – и ќе имаат, но сега нема пари appeared first on Република.

]]>

Сакаме со социјалните партнери да имаме коректни односи, но сакаме и наставниците да имаат доверба во нас, порача министерката за образование и наука Весна Јаневска во врска со најавите на СОНК за протести, доколку не им се исполни барањето за покачување на платите. Таа во гостувањето на ТВ Телма, во врска со прифаќањето на СОНК на барањето на претседателот на Владата за дополнителен период за преговори од една недела, посочи дека има за што да се разговара во овој период.
Сега е септември. Денес наставниците ќе го добијат порамнувањето што го имаа според Општиот колективен договор од 0,70 проценти. Ако приливот на средства, за кои што зборува премиерот, се одвива според очекувањата од искуството на претходниот месец и овој месец, можеби ќе се остварат некакви дополнителни средства кои ние сметаме дека ќе можеме да им ги дадеме на наставниците приоритетно, иако, и другите ресори бараат. Но, сметајќи дека се многу значаен дел од општеството кој треба да ги образува нашите деца и нашите млади, чекаме да видиме што ќе се случи со полнењето на Буџетот за да можеме да дискутираме, рече министерката.
Како што напомена, второ нешто што може да се дискутира за оваа недела, е динамиката на покачување на платите.
Треба да видиме во кој временски период и колку би можело да се покачат платите. Колку планираме за првата половина на 2025 година, после ребалансот можеби ќе биде различна состојбата, но и што ќе се случува во 2026 година. Има елементи за кои може да се разговара и тие елементи ги разговараме, сакајќи во СОНК да имаме партнери, а не да бидеме непријатели, додаде Јаневска.
Таа повтори дека во моментот нема пари во Буџетот за оваа намена.
Во овој момент нема средства во Буџетот. Ако сме три години на власт, па нема средства, ќе имате право да речете дека е по наша вина. Ние сме три месеци на власт. Пари во буџетот нема. Да, апсолутно сметам дека наставниците треба да имаат повисоки плати и ќе имаат. Но, ако вие имате три денари можете ли од нив да направите шест, рече Јаневска.
Во врска со Законот за високото образование, рече дека со овој Закон не треба да се брза, напоменувајќи дека сериозно ќе му се пристапи после март.
Тоа е огромен закон. Дел од професорите велат дека е пререгулиран, но јас денес имав големо задоволство да се дружам со моите колеги, односно членовите на Националниот совет за високо образование и членовите на Интеруниверзитетската конференција и да размениме мислења. Заклучокот е дека не треба да се брза со тој Закон, и не само со тој, туку и со Законот за научни институции и научна истражувачка дејност, додаде Јаневска.

The post Јаневска: Апсолутно треба наставниците да имаат повисоки плати – и ќе имаат, но сега нема пари appeared first on Република.

]]>
Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/dimitrieska-kochoska-ke-ima-pokachuvane-na-platite-za-nastavnitsite-vo-osnovnite-i-srednite-uchilishta/ Fri, 20 Sep 2024 10:07:35 +0000 https://republika.mk/?p=818118

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието.

Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта

Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството - истакна таа одговарајќи на прашања на медиумите.

Што се однесува на прашањето околу лиценците за организирање игри на среќа преку Интернет, министерката рече дека Министерството за финансии нема издадено ниту една лиценца, дека ниту една компанија во државата нема лиценца за организирање игри на среќа преку Интернет, вклучително и Државната лотарија.

Поглавјето 6 од Законот за игри на среќа јасно кажува дека треба да има правилинци од страна на Министерството за финанси врз основа на коишто ќе се лиценцираат компаниите. До овој момент Министерството нема никакви внатрешни правилници врз основа на коишто може некој да биде лиценциран. Лиценцата која што ја имала Државна лотарија, била во периодот со преодни завршни одредби 2015/2017, период во кој што требало да се подготват правилниците кои што за жал се уште не се подготвени и врз основа на тоа понатаму, значи секоја компанија да е лиценцирана. Значи согласно тоа и согласно Законот, во овој момент во делот на интернет игри на среќа не постои компанија во Македонија која што има лиценци - рече Димитриеска Кочоска посочувајќи дека тоа било пријавено пред надлежните институции.

Што се однесува на обвинувањата на опозицијата по однос предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, таа повторно посочи дека се работи за средства што биле планирани и од страна на сега опозициската партија.

Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти - рече Димитриеска Кочоска.

За забелешките дека наводно се работи за кинески средства, министерката истакна дека средствата во земјата доаѓаат од Унгарија, што нас како држава како што рече, не не интересира.

Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно. Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет...Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас. Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа е важно - рече Димитриеска Кочоска.

Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

The post Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта appeared first on Република.

]]>

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, денеска од Охрид порача дека стои зад најавите дека ќе има покачување на платите за вработените во образованието. Таа на маргините на 23. Годишна конференција на Македонската берза пред медиумите, изјави дека останува да биде изготвен буџетот, но оти цврсто стои на позицијата да има зголемување на платите за наставниците и професорите во основните и средните училишта
Да го завршиме буџетот, меѓутоа е и една од работите на која што цврсто стојам, тоа е зголемување на платите за основно и средно образование за наставниците. Мојата борба исто така е да обезбедиме средства за зголемување на плати во здравството - истакна таа одговарајќи на прашања на медиумите.
Што се однесува на прашањето околу лиценците за организирање игри на среќа преку Интернет, министерката рече дека Министерството за финансии нема издадено ниту една лиценца, дека ниту една компанија во државата нема лиценца за организирање игри на среќа преку Интернет, вклучително и Државната лотарија.
Поглавјето 6 од Законот за игри на среќа јасно кажува дека треба да има правилинци од страна на Министерството за финанси врз основа на коишто ќе се лиценцираат компаниите. До овој момент Министерството нема никакви внатрешни правилници врз основа на коишто може некој да биде лиценциран. Лиценцата која што ја имала Државна лотарија, била во периодот со преодни завршни одредби 2015/2017, период во кој што требало да се подготват правилниците кои што за жал се уште не се подготвени и врз основа на тоа понатаму, значи секоја компанија да е лиценцирана. Значи согласно тоа и согласно Законот, во овој момент во делот на интернет игри на среќа не постои компанија во Македонија која што има лиценци - рече Димитриеска Кочоска посочувајќи дека тоа било пријавено пред надлежните институции.
Што се однесува на обвинувањата на опозицијата по однос предвидениот заем на средства од Унгарија, дека наводно со тие средства ќе биде зголемено задолжувањето на државата, таа повторно посочи дека се работи за средства што биле планирани и од страна на сега опозициската партија.
Тие 500 милиони евра се истите оние коишто беа планирани во нивниот буџет. Ние тука ништо не зголемивме, истите се идентични. Колку што било предвидено да се зголеми долгот со нивниот иницијален буџет, истото и со нашиот. Разликата е во тоа што сакајќи да прикажат дека задолжувањето односно јавниот долг на државата ќе биде со помал процент , вештачки го надувале буквално народски кажано БДП односно стапката на раст. Ние само ја намаливме односно ја сведовме на нешто што очекуваме да биде реално за 2024 година. И сега се трудат да направат некоја забуна кај граѓаните или да ги однесат во една друга насока, дека ние го зголемуваме јавниот долг. Ние ништо не менуваме. 500 милиони евра, они имаа предвидено евро обврзница, ние велиме ќе биде кредитот од Унгарија. Зошто. Затоа што во овој момент, пазарот, европскиот кажува дека каматната стапка која што би ја добиле би била повисока од 5,5 проценти. Овој кредит е со 3,25 проценти - рече Димитриеска Кочоска.
За забелешките дека наводно се работи за кинески средства, министерката истакна дека средствата во земјата доаѓаат од Унгарија, што нас како држава како што рече, не не интересира.
Ние средствата ги добиваме од унгарската банка, а тие како се финансираат зошто нам би ни било важно. Мене ми е важно да ги добијам од унгарската банка под мои услови. И за мене тоа е линкот, Македонија со Унгарија. Понатаму не можам знам. Можеби они ќе ни ги дадат од нивниот буџет, а они ќе дополнуваат во нивниот буџет...Интересот на Унгарија е во тоа што добиваат 3,25 процентна каматна стапка од нас. Тука не гледам апсолутно никаков проблем. Ние добиваме средства од земја членка на ЕУ, и мене тоа е важно - рече Димитриеска Кочоска.
Министерката за финансии имаше и обраќање пред учесниците на 23-та по ред Годишна конференција на Македонската берза што од денеска се одржува во Охрид.

The post Димитриеска Кочоска: Ќе има покачување на платите за наставниците во основните и средните училишта appeared first on Република.

]]>
Партиски наставници на СДСМ утре ќе протестираат пред Министерството за образование за поголеми плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/partiski-nastavnitsi-na-sdsm-utre-ke-protestiraat-pred-ministerstvoto-za-obrazovanie-za-pogolemi-plati/ Sat, 31 Aug 2024 10:40:25 +0000 https://republika.mk/?p=811760

Протест на наставници под партиска организација на СДСМ ќе се случи утре во 11 и 30 пред Министерството за образование.

Нема оправдување, покачете ги платите-стои во повикот.

Ова е прв протест на СДСМ откако е во опозиција.

The post Партиски наставници на СДСМ утре ќе протестираат пред Министерството за образование за поголеми плати appeared first on Република.

Владата е подготвена да разговара со наставниците за зголемување на платите со следниот буџет, изјави Мицкоски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-e-podgotvena-da-razgovara-so-nastavnitsite-za-zgolemuvane-na-platite-so-sledniot-budhet-izjavi-mitskoski/ Mon, 26 Aug 2024 10:43:33 +0000 https://republika.mk/?p=810233

Сите заслужуваат повисоки плати, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на наставниците за повисоки плати од 12% и најавата за евентуални протести. Мицкоски е дециден дека секој кој работи согласно Закон и Устав и се труди заслужува повисока плата.

- Како Влада во рамките на овие два месеца направивме ребаланс на буџетот, со којшто обезбедивме средства за законските усогласувања и тука исто така не треба никој да има дилема. Во зависност од динамиката на консилидирање на буџетот, при формирањето на буџетот за следната година подготвени сме да седнеме, со сите синдикални единици, организации и да разговараме, вели Мицкоски.

Тој истакна дека за само два месеца успеале да ги консолидираат институциите, министерствата и буџетот кои биле во распаѓање.

- Ќе ве потсетам, пред неколку дена, но и во текот на изминатите недели објавивме податоци за тоа дека УЈП имаше 40-ина проценти повисока наплата во јули месец споредено со јули минатата година. Очекувам директорката многу скоро да излезе со една информација до јавноста која што ќе биде многу интересна за кадровската политика, начинот на систематизирање на работните места кои биле наградувани, кои не биле наградувани, но тоа ќе го даде директорката во јавноста како информација и ве молам внимателно и будно да ја следиме, но и покрај тие предизвици за 40 проценти имаме повисока наплата, Царината за 20 проценти во јули месец. Наплатата на патарините е за 66 милиони денари повисока овој јули од јули 2023 година, ако сега имаме 288 во јули, сме имале 222 милиони пред една година, значи 30 проценти. Ако состојбата во компанијата била 10 пати поголеми побарувања од средствата на сметката, сега во принцип е консолидирана состојбата и побарувањата со средствата на жиро сметка се исти во рамките на компанијата, изјави Мицкоски.

Посочи дека е прв меѓу еднаквите во делот на образованието, бидејќи и тој е образовен и научен работник.

- Јас сум образовен работник, и јас сум научен работник, и јас предавам на Универзитетот и апсолутно сочувствувам, мојата сопруга е професорка во средно училиште. Но, мораме да разбереме дека не смееме да дозволиме во синдикалните организирања политизација, не смееме да дозволиме политички памфлети, затоа што секоја изјава на дел од раководствата во синдикалните организации е координирана со денешната опозиција. Ќе повторам, за помалку од два месеци го консолидиравме буџетот, вели Мицкоски.

Премиерот додаде дека е подготвен да седне да разговара со синдикалните претставници.

- Со ребалансот се предвидени сите покачувања и усогласувања коишто претходно беа усогласени со синдикалните организации, а со буџетот за следната година подготвени сме да седнеме, да разговараме без политизација и да најдеме решенија. Јас сум прв којшто ќе поддржи нешто за кое што има основа, нешто за кое што навистина е потребно да се поддржи. Ве молам за трпение, заедно ќе седнеме и ќе најдеме решение, изјави Мицкоски.

Што се однесува за ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека тој ја политизира состојбата во Синдикатот, Мицкоски му возврати дека „СДСМ тоа што го кажува во јавноста е само продолжување на оние стари политики, како што беа  модуларните болници, злоупотребите во здравство, криминали, тендери, јавни партнерства по трипати поголеми цени од тоа кое што нормално треба да биде“.

- Јас разбирам дека тие се сега уплашени за тоа што следи во периодот којшто е пред нас и ако објективно ги гледаме пораките коишто во јавноста се присутни ќе видите како веднаш после неколку часа, после претседателот на Синдикатот реагира претседателот на СДСМ и тоа дава една доза на сомнеж. Јас не велам дека тие се координирани, но чудно е како утринските соопштенија од СДСМ кореспондираат со ставовите на претседателот на Синдикалната организација, која што патем речено имаше можност кога беше СДСМ движечка партија во Владата да потпише колективен договор, па потоа видовме како на отворена сцена беше изигран, рече Мицкоски.

Тој заклучи дека поголеми плати се потребни, но поголеми плати  ќе има тогаш кога за тоа ќе има основа.

-Ние како Влада одговорно ќе се однесуваме кон буџетот и народните пари, нема да трошиме за стари политики, нема да трошиме за модуларни болници, нема да трошиме за јавни партнерства за стерилизации за трипати повисоки цени итн. Во периодот што следи јавноста ќе биде запознаена за сето ова што го зборувам во детали, туку ќе се грижиме затоа што ова е нашиот дом, а домот и семејството се сакаат и се штитат и ние тоа ќе го правиме во периодот што следи, изјави Мицкоски.

The post Владата е подготвена да разговара со наставниците за зголемување на платите со следниот буџет, изјави Мицкоски appeared first on Република.

]]>

Сите заслужуваат повисоки плати, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за барањето на наставниците за повисоки плати од 12% и најавата за евентуални протести. Мицкоски е дециден дека секој кој работи согласно Закон и Устав и се труди заслужува повисока плата. - Како Влада во рамките на овие два месеца направивме ребаланс на буџетот, со којшто обезбедивме средства за законските усогласувања и тука исто така не треба никој да има дилема. Во зависност од динамиката на консилидирање на буџетот, при формирањето на буџетот за следната година подготвени сме да седнеме, со сите синдикални единици, организации и да разговараме, вели Мицкоски. Тој истакна дека за само два месеца успеале да ги консолидираат институциите, министерствата и буџетот кои биле во распаѓање. - Ќе ве потсетам, пред неколку дена, но и во текот на изминатите недели објавивме податоци за тоа дека УЈП имаше 40-ина проценти повисока наплата во јули месец споредено со јули минатата година. Очекувам директорката многу скоро да излезе со една информација до јавноста која што ќе биде многу интересна за кадровската политика, начинот на систематизирање на работните места кои биле наградувани, кои не биле наградувани, но тоа ќе го даде директорката во јавноста како информација и ве молам внимателно и будно да ја следиме, но и покрај тие предизвици за 40 проценти имаме повисока наплата, Царината за 20 проценти во јули месец. Наплатата на патарините е за 66 милиони денари повисока овој јули од јули 2023 година, ако сега имаме 288 во јули, сме имале 222 милиони пред една година, значи 30 проценти. Ако состојбата во компанијата била 10 пати поголеми побарувања од средствата на сметката, сега во принцип е консолидирана состојбата и побарувањата со средствата на жиро сметка се исти во рамките на компанијата, изјави Мицкоски. Посочи дека е прв меѓу еднаквите во делот на образованието, бидејќи и тој е образовен и научен работник. - Јас сум образовен работник, и јас сум научен работник, и јас предавам на Универзитетот и апсолутно сочувствувам, мојата сопруга е професорка во средно училиште. Но, мораме да разбереме дека не смееме да дозволиме во синдикалните организирања политизација, не смееме да дозволиме политички памфлети, затоа што секоја изјава на дел од раководствата во синдикалните организации е координирана со денешната опозиција. Ќе повторам, за помалку од два месеци го консолидиравме буџетот, вели Мицкоски. Премиерот додаде дека е подготвен да седне да разговара со синдикалните претставници. - Со ребалансот се предвидени сите покачувања и усогласувања коишто претходно беа усогласени со синдикалните организации, а со буџетот за следната година подготвени сме да седнеме, да разговараме без политизација и да најдеме решенија. Јас сум прв којшто ќе поддржи нешто за кое што има основа, нешто за кое што навистина е потребно да се поддржи. Ве молам за трпение, заедно ќе седнеме и ќе најдеме решение, изјави Мицкоски. Што се однесува за ставот на претседателот на СДСМ, Венко Филипче дека тој ја политизира состојбата во Синдикатот, Мицкоски му возврати дека „СДСМ тоа што го кажува во јавноста е само продолжување на оние стари политики, како што беа  модуларните болници, злоупотребите во здравство, криминали, тендери, јавни партнерства по трипати поголеми цени од тоа кое што нормално треба да биде“. - Јас разбирам дека тие се сега уплашени за тоа што следи во периодот којшто е пред нас и ако објективно ги гледаме пораките коишто во јавноста се присутни ќе видите како веднаш после неколку часа, после претседателот на Синдикатот реагира претседателот на СДСМ и тоа дава една доза на сомнеж. Јас не велам дека тие се координирани, но чудно е како утринските соопштенија од СДСМ кореспондираат со ставовите на претседателот на Синдикалната организација, која што патем речено имаше можност кога беше СДСМ движечка партија во Владата да потпише колективен договор, па потоа видовме како на отворена сцена беше изигран, рече Мицкоски. Тој заклучи дека поголеми плати се потребни, но поголеми плати  ќе има тогаш кога за тоа ќе има основа. -Ние како Влада одговорно ќе се однесуваме кон буџетот и народните пари, нема да трошиме за стари политики, нема да трошиме за модуларни болници, нема да трошиме за јавни партнерства за стерилизации за трипати повисоки цени итн. Во периодот што следи јавноста ќе биде запознаена за сето ова што го зборувам во детали, туку ќе се грижиме затоа што ова е нашиот дом, а домот и семејството се сакаат и се штитат и ние тоа ќе го правиме во периодот што следи, изјави Мицкоски.

The post Владата е подготвена да разговара со наставниците за зголемување на платите со следниот буџет, изјави Мицкоски appeared first on Република.

]]>
Јаневска: Покачување на платите за наставниците ќе има во март, ако има можност – и уште едно идната година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-pokachuvane-na-platite-za-nastavnitsite-ke-ima-vo-mart-ako-ima-mozhnost-i-ushte-edno-idnata-godina/ Sat, 24 Aug 2024 14:09:10 +0000 https://republika.mk/?p=809748

Поради лошата состојба со буџетот и необезбедни средства за проекти и обврски во образованието, наставниците нема да добијат покачување на платите во септември за 12 отсто, како што бара синдикатот, но зголемување ќе има во март.

Грчевито се борам и ќе се борам за наставниците и ќе продолжам и ќе инсистирам да се исполни она што сме им го ветиле. Сме им ветиле во првата година - за оваа Влада првата година е од јуни до следниот јуни. Во првата година тие, секако, ќе добијат покачување. Во март ќе добијат покачување на платата, што е можно повеќе, колку што ќе дозволи Буџетот, толку ќе добијат. Во текот на годината, ако има можности, уште едно покачување, за да бидат задоволни и мотивирани, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања по посетата на ОУ „Љубен Лапе“ во општина Аеродром, Јаневска истакна дека како наставник точно ги знае, рече, „проблемите и предизвиците и со каква тежина и притисоци се соочуваат наставниците“, но верува дека тие ќе имаат разбирање за реалните можности.

Кога би можела, уште утре би им ја покачила платата, не за оние 12 проценти кои ги бара синдикатот. По можност 30, 40, 50 проценти. И нема дилема дека тие треба да имаат поголеми плати, јас само ги кажувам реалните можности, кажувам што наследивме од претходната власт. Ако таа министерка или било кои други министри правилно го планираа буџетот, може и немаше да имаме проблем. Се соочуваме со огромни средства за учебници, огромни средства за ученички стандард кои не ги исплаќале, огромни средства за студентски стандард кои не ги исплаќале, проблеми со превозот. Гледате дека се доградуваат училници, се реновираат санитарии. Сѐ е тоа нешто што е неопходно. Не дека платите на наставниците не се неопходни, тие се и тоа како значајни, но јас сум убедена дека ќе имаат разбирање, рече Јаневска.

The post Јаневска: Покачување на платите за наставниците ќе има во март, ако има можност – и уште едно идната година appeared first on Република.

Јаневска: Наставниците нема да бидат заборавени, со сигурност ќе добијат повисоки плати https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-nastavnitsite-nema-da-bidat-zaboraveni-so-sigurnost-ke-dobijat-povisoki-plati/ Thu, 22 Aug 2024 13:51:13 +0000 https://republika.mk/?p=809140

Повисоки плати за наставниците ќе има кога ќе се создадат буџетски услови за тоа, а Министерството за образование и наука бара од нив и оваа учебна година да продолжат да придонесуваат за знаењето на учениците. Министерката Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека како наставник точно ги знае проблемите и предизвиците со кои се соочуваат наставниците.

Верувам дека наставниците знаат и се длабоко убедени дека ако некој сака тие да имаат подобар стандард, тоа сме јас како министер и нашата Влада. Јас не сакам да им се покачи платата 3%, сакам да им се покачи платата 30% уште утре, кога тоа би било можно. Она што го наследивме во Буџетот на МОН е цел едногодишен буџет истрошен за половина година. Необезбедени плати за наставници, за професори, неисплатена помош на ученици, неисплатени стипендии на студенти, неисплатени превози за училиштата, кон општините, необезбедени учебници за повеќе години и за повеќе предмети, неисплатени обврски за лиценци Фулбрајт, ПИСА и кон други странски партнери, студентски домови во распад, ученички домови во распад“, посочи Јаневска.

Таа ги замоли наставниците да постапуваат со онаа пасија како кога се запишале на факултетот, како кога ја посакале таа професија, и да ја реализираат оваа учебна година со нивната волја и желба, за да придонесат за знаењето на учениците и за напредокот на државата.

Она што им следува на наставниците, тие ќе го добијат во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи. Јас како министер грчевито ќе се борам на Влада, тоа да биде што е можно повеќе, рече Јаневска.

Рече дека МОН е секогаш отворено за разговори со синдикатите, но во момент кога државата била во слободен пад што новата Влада се обидува да го запре, наставниците треба да имаат верба во Владата и во министерката за образование и да бидат сигурни дека нема да бидат заборавени.

The post Јаневска: Наставниците нема да бидат заборавени, со сигурност ќе добијат повисоки плати appeared first on Република.

Јаневска: Владата сака наставниците да имаат подобар стандард https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/janevska-vladata-saka-nastavnitsite-da-imaat-podobar-standard/ Thu, 22 Aug 2024 12:18:03 +0000 https://republika.mk/?p=809075

Ако некој сака наставниците да имаат подобар стандард тоа сме јас како министер и нашата Влада. Меѓутоа, јас не сакам да им се зголеми платата 3 отсто, јас сакам да им се зголеми за 30 отсто уште утре кога тоа би било можно, рече денеска министерката за образоване и наука Весна Јаневска во одговор на новинарско прашање за зголемување на платите во образовниот сектор при денешната посета на Општина Петровец.

Според неа, буџетот на МОН кој го наследиле, бил потрошен за шест месеци наместо за една година и министерката се соочила со огромна буџетска дупка со необезбедени плати за наставниците и професорите, необезбедени учебници и неисплатени обврски кон студенти и ученици

Јас ги молам наставниците, она како што јас ги доживувам во овој момент, да постапуваат со онаа пасија кога се запишале на факултетот кога ја посакале таа професија да ја истераме оваа година со таа нивна волја и желба да придонесат за знаењето на учениците, да придонесат за напредок на државата, а она што им следува, бидејќи и мене и на премиерот ни е добро познато тие секако ќе си го добијат во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи, а јас еве како министер грчевито ќе се борам и ќе се борам и на Влада и со нив со преговори и се тоа да биде што е можно повеќе, рече министерката Јаневска.

Додаде дека за синдикатите се секогаш отворени за разговори и дека никогаш ги немале затворени вратите за социјалните партнери.

Но, во овој момент кога државата ни била во слободен пад, а владата се обидува да го запре тој слободен пад јас повторно велам, не им се обраќам на синдикатите, наставниците имаат права како и сите други, им се обраќам на наставниците да имаат верба во Владата, да имаат верба во министерот за образование и да бидат сигурни дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат приоритет, посочи Јаневска.

The post Јаневска: Владата сака наставниците да имаат подобар стандард appeared first on Република.

]]>

Ако некој сака наставниците да имаат подобар стандард тоа сме јас како министер и нашата Влада. Меѓутоа, јас не сакам да им се зголеми платата 3 отсто, јас сакам да им се зголеми за 30 отсто уште утре кога тоа би било можно, рече денеска министерката за образоване и наука Весна Јаневска во одговор на новинарско прашање за зголемување на платите во образовниот сектор при денешната посета на Општина Петровец. Според неа, буџетот на МОН кој го наследиле, бил потрошен за шест месеци наместо за една година и министерката се соочила со огромна буџетска дупка со необезбедени плати за наставниците и професорите, необезбедени учебници и неисплатени обврски кон студенти и ученици
Јас ги молам наставниците, она како што јас ги доживувам во овој момент, да постапуваат со онаа пасија кога се запишале на факултетот кога ја посакале таа професија да ја истераме оваа година со таа нивна волја и желба да придонесат за знаењето на учениците, да придонесат за напредок на државата, а она што им следува, бидејќи и мене и на премиерот ни е добро познато тие секако ќе си го добијат во оној момент кога државата ќе може тоа да го направи, а јас еве како министер грчевито ќе се борам и ќе се борам и на Влада и со нив со преговори и се тоа да биде што е можно повеќе, рече министерката Јаневска.
Додаде дека за синдикатите се секогаш отворени за разговори и дека никогаш ги немале затворени вратите за социјалните партнери.
Но, во овој момент кога државата ни била во слободен пад, а владата се обидува да го запре тој слободен пад јас повторно велам, не им се обраќам на синдикатите, наставниците имаат права како и сите други, им се обраќам на наставниците да имаат верба во Владата, да имаат верба во министерот за образование и да бидат сигурни дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат приоритет, посочи Јаневска.
 
The post Јаневска: Владата сака наставниците да имаат подобар стандард appeared first on Република.

]]>
Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата, изјави Јаневска https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nastavnitsite-vo-mart-slednata-godina-ke-dobijat-12-otsto-pokachuvane-na-plata-izjavi-janevska/ Thu, 08 Aug 2024 16:52:15 +0000 https://republika.mk/?p=804563

Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска.

Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како и со група наставници.

Со СОНК остварив две средби. Можам да кажам дека имавме конструктивни средби и големо разбирање, но не само со СОНК, туку и поединечно со групи на наставници. Јас ги замолив и пред изборите и по изборите да имаат малку трпение. Знам што значи плата, и знам што значи да се живее од плата, но вие го знаете долгот на Министерството, го знаете долгот на државата така што за оваа година ние навистина немаме можности да преземеме некаква сериозна активност во тој правец, а јас како министер не можам да дозволам на моите наставници да им се покачи платата за 200-300 денари. Простете што велам мои, но јас сум одговорна за нив и тие се мои. Но, направени се сериозни разговори во Владата и со министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според колективниот договор покачување од 10-12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти покачување на платата - рече Јаневска.

Министерката Јаневска минатиот месец изјави дека ќе направат максимални напори платите на наставниците постепено да растат, изразувајќи уверување дека до крајот на мандатот ќе се потпише и нов колективен договор за основно и за средно образование.

The post Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата, изјави Јаневска appeared first on Република.

]]>

Согласно тоа како се движи бруто-домашниот производ (БДП) и согласно колективниот договор, наставниците во март идната година ќе добијат околу 12 проценти покачување на платата, изјави денеска министерката за образование Весна Јаневска. Одговарајќи на новинарски прашања за време на увидот во активностите за изградба на спортска сала во рамки на основното училиште „Наум Охридски“ во с. Булачани, Јаневска рече дека имала две конструктивни средби со СОНК, како и со група наставници.
Со СОНК остварив две средби. Можам да кажам дека имавме конструктивни средби и големо разбирање, но не само со СОНК, туку и поединечно со групи на наставници. Јас ги замолив и пред изборите и по изборите да имаат малку трпение. Знам што значи плата, и знам што значи да се живее од плата, но вие го знаете долгот на Министерството, го знаете долгот на државата така што за оваа година ние навистина немаме можности да преземеме некаква сериозна активност во тој правец, а јас како министер не можам да дозволам на моите наставници да им се покачи платата за 200-300 денари. Простете што велам мои, но јас сум одговорна за нив и тие се мои. Но, направени се сериозни разговори во Владата и со министерката за финансии и тие во март следната година ќе добијат според тоа како се движи БДП и според колективниот договор покачување од 10-12 проценти. Мислам дека тоа ќе биде 12 проценти покачување на платата - рече Јаневска.
Министерката Јаневска минатиот месец изјави дека ќе направат максимални напори платите на наставниците постепено да растат, изразувајќи уверување дека до крајот на мандатот ќе се потпише и нов колективен договор за основно и за средно образование.

The post Наставниците во март следната година ќе добијат 12 отсто покачување на плата, изјави Јаневска appeared first on Република.

]]>
Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици, првенци на генерацијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/opshtina-tsentar-gi-nagradi-najdobrite-nastavnitsi-i-uchenitsi-prventsi-na-generatsijata/ Wed, 22 May 2024 12:46:29 +0000 https://republika.mk/?p=780857

Општина Центар додели награди и пофалници на 8 првенци на генерацијата и на најдобрите 13 наставници и стручни соработници во образовниот процес во општинските основни училишта за тековната учебна година.

„Како и секоја година досега, Општината ги мотивира учениците и наставниците да останат посветени и креативни, да создаваат нов квалитет и постигнуваат резултати со кои ќе се гордееме. Со овие награди сакаме да ги охрабриме нашите првенци да продолжат да бидат успешни средношколци и дополнително да го мотивираме наставниот и стручен кадар во нашите општински училишта. Воспитувањето и образованието на нашите деца е одговорна и важна работа од која зависи напредокот и развојот на целата држава, а за тоа ни е потребен кадар што максимално ќе се вложува во тој процес“, порача градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, честитајќи им на наградените првенции наставници во рамките на манифестација „Академско пладне“, што се одржа во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“.

Најдобрите ученици полуматуранти се наградени со паричен износ од 15.000,00 денари, а најдобрите одделенски и предметни наставници и стручни соработници со износ од 30.000,00 денари во согласност со програмата за образование за 2024 година.

Годишните награди се доделуваат по повод обележување на Денот на словенските просветители, свети Кирил и Методиј, врз основа на претходно утврдени критериуми за вреднување на работата на вработените во основните училишта во општина Центар, а првенците на генерација ги избира самото општинско училиште.

Финансиските средства ќе бидат исплатени по завршување на изборниот процес, односно до изборот на владата, соопшти Општината.

The post Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици, првенци на генерацијата appeared first on Република.

]]>

Општина Центар додели награди и пофалници на 8 првенци на генерацијата и на најдобрите 13 наставници и стручни соработници во образовниот процес во општинските основни училишта за тековната учебна година. „Како и секоја година досега, Општината ги мотивира учениците и наставниците да останат посветени и креативни, да создаваат нов квалитет и постигнуваат резултати со кои ќе се гордееме. Со овие награди сакаме да ги охрабриме нашите првенци да продолжат да бидат успешни средношколци и дополнително да го мотивираме наставниот и стручен кадар во нашите општински училишта. Воспитувањето и образованието на нашите деца е одговорна и важна работа од која зависи напредокот и развојот на целата држава, а за тоа ни е потребен кадар што максимално ќе се вложува во тој процес“, порача градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, честитајќи им на наградените првенции наставници во рамките на манифестација „Академско пладне“, што се одржа во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“. Најдобрите ученици полуматуранти се наградени со паричен износ од 15.000,00 денари, а најдобрите одделенски и предметни наставници и стручни соработници со износ од 30.000,00 денари во согласност со програмата за образование за 2024 година. Годишните награди се доделуваат по повод обележување на Денот на словенските просветители, свети Кирил и Методиј, врз основа на претходно утврдени критериуми за вреднување на работата на вработените во основните училишта во општина Центар, а првенците на генерација ги избира самото општинско училиште. Финансиските средства ќе бидат исплатени по завршување на изборниот процес, односно до изборот на владата, соопшти Општината.

The post Општина Центар ги награди најдобрите наставници и ученици, првенци на генерацијата appeared first on Република.

]]>
Градоначалник во Франција бара наставниците да носат солзавец за да се заштитат од се побројните напади во училиштата https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/gradonachalnik-vo-frantsija-bara-nastavnitsite-da-nosat-solzavets-za-da-se-zashtitat-od-se-pobrojnite-napadi-vo-uchilishtata/ Fri, 26 Jan 2024 21:33:46 +0000 https://republika.mk/?p=737275

Градоначалник во Франција повика наставниците од основните училишта да бидат вооружени со солзавец за да се заштитат од насилните напади кои стануваат се почести во француските училишта.

Во писмо упатено до сите наставници од основните училишта во неговиот град Марињан, со копија испратена до инспекторот за национално образование, Ерик ле Дисе се жали на недостигот на полицајци на располагање за да помогнат во заштитата на луѓето кои работат во образованието.

Со цел да им се помогне и да се обезбеди нивната безбедност, Ле Дисе предлага сите наставници да добијат солзавец и алармни ѓердани или нараквици, коишто ќе ги активираат при опасна ситуација за своја заштита или, во најмала рака, да ги предупредат другите за непосредна закана.

The post Градоначалник во Франција бара наставниците да носат солзавец за да се заштитат од се побројните напади во училиштата appeared first on Република.

]]>

Градоначалник во Франција повика наставниците од основните училишта да бидат вооружени со солзавец за да се заштитат од насилните напади кои стануваат се почести во француските училишта. Во писмо упатено до сите наставници од основните училишта во неговиот град Марињан, со копија испратена до инспекторот за национално образование, Ерик ле Дисе се жали на недостигот на полицајци на располагање за да помогнат во заштитата на луѓето кои работат во образованието. Со цел да им се помогне и да се обезбеди нивната безбедност, Ле Дисе предлага сите наставници да добијат солзавец и алармни ѓердани или нараквици, коишто ќе ги активираат при опасна ситуација за своја заштита или, во најмала рака, да ги предупредат другите за непосредна закана.

The post Градоначалник во Франција бара наставниците да носат солзавец за да се заштитат од се побројните напади во училиштата appeared first on Република.

]]>
Платите на наставниците од овој месец се зголемуваат за 15 проценти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/platite-na-nastavnitsite-od-ovoj-mesets-se-zgolemuvaat-za-15-protsenti/ Fri, 22 Sep 2023 15:07:04 +0000 https://republika.mk/?p=684169

Платите на наставниците и на другите вработени во основните и средните училишта продолжуваат да се зголемуваат. Како резултат на заложбата за создавање квалитетно образование кое се темели на мотивирани наставници, министерот за образование и наука Јетон Шаќири и претседателот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура, Јаким Неделков потпишаа спогодба која предвидува зголемување на платите на вработените во основните и средните училишта за 15%, почнувајќи од тековниот месец септември.

Чест ми е што токму во време на мојот мандат како министер за образование и наука во 2022 и 2023, практично во период од само една година, платите на наставниците се зголемени во три наврати, односно кумулативно за над 35%. Ова е само потврда дека навистина имаме намера да го вратиме дигнитетот и достоинството на наставниците кое го заслужуваат во општеството, затоа што се најважната алка во воспитно – образовниот процес од која зависи квалитетот на генерациите кои се создаваат и без која ниту една реформа не може да успее“, рече Шаќири.

The post Платите на наставниците од овој месец се зголемуваат за 15 проценти appeared first on Република.

Јетон Шакири ги поддржува наставниците, но не и штрајк без настава https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/jeton-shakiri-gi-poddrzhuva-nastavnitsite-no-ne-i-shtrajk-bez-nastava/ Thu, 31 Aug 2023 16:05:59 +0000 https://republika.mk/?p=677678

Да најдеме секаков друг начин на притисок, но штрајк без настава за децата, на тоа не треба никогаш да се помислува, порача денеска министерот за образование и наука од студиото на ТВ21, а по повод најавите за штрајк на вработените во образованието.

Јетон Шакири вели дека овој септември вработените треба да добијат уште 10 отсто зголемување на платите, дека ќе стигнуваат 35.000, 36.000 денари, но дека „не може сè за една година“.

– Со новите проценти ќе стигнуваат повеќе од таа вредност, ќе стигнуваат повеќе од 35.000, 36.000, но секогаш ќе ги поддржувам наставниците, никогаш не е доволно и треба да имаат повисоки плати – вели тој.

Додека Независниот синдикат на вработените во образованието се жали на потпросечните плати и методологијата на пресметување, СОНК вели дека нема да го поддржи евентуалниот штрајк бидејќи во моментов течат преговори за зголемување на платите во образованието и се финализира потпишувањето на нов Колективен договор.

The post Јетон Шакири ги поддржува наставниците, но не и штрајк без настава appeared first on Република.

]]>

Да најдеме секаков друг начин на притисок, но штрајк без настава за децата, на тоа не треба никогаш да се помислува, порача денеска министерот за образование и наука од студиото на ТВ21, а по повод најавите за штрајк на вработените во образованието. Јетон Шакири вели дека овој септември вработените треба да добијат уште 10 отсто зголемување на платите, дека ќе стигнуваат 35.000, 36.000 денари, но дека „не може сè за една година“.
– Со новите проценти ќе стигнуваат повеќе од таа вредност, ќе стигнуваат повеќе од 35.000, 36.000, но секогаш ќе ги поддржувам наставниците, никогаш не е доволно и треба да имаат повисоки плати – вели тој.
Додека Независниот синдикат на вработените во образованието се жали на потпросечните плати и методологијата на пресметување, СОНК вели дека нема да го поддржи евентуалниот штрајк бидејќи во моментов течат преговори за зголемување на платите во образованието и се финализира потпишувањето на нов Колективен договор.

The post Јетон Шакири ги поддржува наставниците, но не и штрајк без настава appeared first on Република.

]]>
Наставникот по математика ќе има 144 часа годиншно, а колегата по географија 36, а ќе земаат иста плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nastavnikot-po-matematika-ke-ima-144-chasa-godinshno-a-kolegata-po-geografija-36-a-ke-zemaat-ista-plata/ Fri, 25 Aug 2023 10:56:10 +0000 https://republika.mk/?p=675713

Дали ќе му биде сеедно на наставникот по математика кога ќе земе цела плата за 20 часа неделно настава (144 часа годишно) цела учебна година, а неговите колеги по географија секој месец ќе земат цела плата во цела учебна година со само 36 часа годишно, односно за настава од средина на февруари до средина на мај?? Или граѓанско со 10 часа годишно, односно за настава од средина на мај до 17 јуни?, прашува во статус објавен на Фејсбук професорката Весна Јаневска.

Во продолжение статусот на проф. д-р Весна Јаневска:

Насоките за планирање, организација и реализација на наставата од 1 до 6 одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година се донесени од страна на директорот на Бирото за развој на образованието со Решениие бр.02-1348/1 од 21.08.2023 година. Истите се доставени до училиштата на 22.08.2023 година. Насоки се спротивни на Законот за основното образование, Законот за Бирото за развој на образованието, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта и други правни акти кои ја регулираат материјата на образованието во Македонија.
Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта
Во насоките пишува:
ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕСТОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ
● Задолжителниот престој на наставниците што реализираат настава од 1. до 6. одделение е 6 саати дневно, без оглед на тоа дали се одделенски или предметни наставници.
● Поголемиот дел од времето во текот на задолжителниот престој, наставниците го поминуваат во редовна настава по задолжителните и изборните предмети, а остатокот од времето е наменет за реализација на воннаставни активности, на додатна/дополнителна настава, на истражувачките и/или интердисциплинарните проекти на учениците, на општествено-хуманитарната работа на учениците, како и за соработка со колегите во рамки на стручните активи и за други стручни активности во рамки на училиштето.
Насоките се спротивни на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, затоа што спротивно на овој закон и на колективен договор уредуваат престој, работно време, работни задолженија и плата на наставниците.
Насоките упатуваат наставниците во училиште да престојуваат по 6 саати дневно без оглед дали се одделенски наставници или предметни наставници што е спротивно на ЗНССОСУ (член 17 став 1 и 8 (осум)). Во ЗНССОСУ е уредено дека работното време на наставниците е 40 часа неделно од кои од 20 до 23 наставни часови (член 17 став 1). ( 8-Осум) Начинот и обемот на работните должности во рамките на работното време на наставниците и стручните соработници во текот на 40-часовна работна недела, ги утврдува министерот, на предлог на Бирото и Центарот.
Оваа насока е спротивна и на член 5 од Правилникот за начинот и обемот на работните задачи во рамките на работното време на наставниците и стручните соработници во текот на 40 часовната работна недела бр. 18-4809/1 од 05.05.2020 година донесен од министерот за образование и наука.
Во членот 5 од правилникот е уредено дека во 40 работни часови неделно, наставникот во училиште реализира 20 до 23 наставни часа за задолжителни и изборни предмети, пет работни часа во директна, непосредна работа со ученици во додатна, дополнителна настава и воннаставни активности.
Бирото се дрзнало и да уредува и плата на наставниците без оглед на нивните наставни часови. Односно во насоките уредуваат „Сите наставници кои до сега учествувале и ќе учествуваат во реализација на наставата по предметите Историја, Географија, Граѓанско образование, Техничко образование и Информатика се сметаат за потенцијални наставници за реализација на новите наставни предмети Историја и општество и Техничко образование и информатика во 6. одделение.“ (дали ја презема улогата на директор на училиште Бирото? Дали на овој начин го обврзуваат директорот кои наставници во кое одделение да ги распореди?)
Понатаму уредуваат дека „училиштето треба да направи распоред на ангажманот на овие наставници што ќе обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно без оглед на одделението во кое ја реализираат наставата. Со оглед на новиот начин на организација и реализација на интегрираните предмети во некој временски период наставниците може да имаат повеќе од 20 наставни часа, а во друг период помалку од 20 наставни часа неделно. Сепак, овие наставници во просек на годишно ниво ќе имаат доволен фонд на часови (вклучувајќи и други задолженија доделени од страна на директорот на училиштето) и ќе им се пресметува целосна месечна плата во текот на целата учебна година, без оглед на начинот на организацијата и реализацијата на наставата во одделни периоди во текот на наставната година.“
Во фондот на часови (ако нема од 20 до 23 часа наставникот) ги ставаат и задолженијата на директор???? за да земат цела плата наставниците по овие предмети. Со ваквите насоки се врши дискриминација на наставниците и се доведуваат во нееднаква положба наставниците кои предаваат македонски јазик, албански јазик, математика и други предмети, а и сите наставници кои работат во поголеми училишта со голем број на ученици и имаат полн фонд на часови (земаат цела плата), со наставниците кои ќе ги предаваат „интегрираните предмети“ кои ќе немаат полн фонд на часови, а ќе земаат цела плата со „задолженијата од директор“. Дали БРО пред да даде ваква насока има писмен документ дека платите за наставниците по интегрираните предмети се обезбедени во Буџетот на МОН (во блок дотациите). Дали ако нема доволно средства во блокот за плати, а нема, општините ќе влегуваат во долгови? Дали министерот ќе обезбеди пари за плати за сите наставници, а при тоа да има доволно средства и за комунални трошоци, струја, греење, превоз, хигиенски средства во услови кога општините трошат и до 99% од блокот за плати на наставниците?
Дали ќе му биде сеедно на наставникот по математика кога ќе земе цела плата за 20 часа неделно настава (144 часа годишно) цела учебна година, а неговите колеги по географија секој месец ќе земат цела плата во цела учебна година со само 36 часа годишно, односно за настава од средина на февруари до средина на мај?? Или граѓанско со 10 часа годишно, односно за настава од средина на мај до 17 јуни?

The post Наставникот по математика ќе има 144 часа годиншно, а колегата по географија 36, а ќе земаат иста плата appeared first on Република.

]]>

Дали ќе му биде сеедно на наставникот по математика кога ќе земе цела плата за 20 часа неделно настава (144 часа годишно) цела учебна година, а неговите колеги по географија секој месец ќе земат цела плата во цела учебна година со само 36 часа годишно, односно за настава од средина на февруари до средина на мај?? Или граѓанско со 10 часа годишно, односно за настава од средина на мај до 17 јуни?, прашува во статус објавен на Фејсбук професорката Весна Јаневска. Во продолжение статусот на проф. д-р Весна Јаневска: Насоките за планирање, организација и реализација на наставата од 1 до 6 одделение во основното образование во учебната 2023/2024 година се донесени од страна на директорот на Бирото за развој на образованието со Решениие бр.02-1348/1 од 21.08.2023 година. Истите се доставени до училиштата на 22.08.2023 година. Насоки се спротивни на Законот за основното образование, Законот за Бирото за развој на образованието, Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта и други правни акти кои ја регулираат материјата на образованието во Македонија. Закон за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта Во насоките пишува: ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ПРЕСТОЈ НА НАСТАВНИЦИТЕ ВО УЧИЛИШТЕ ● Задолжителниот престој на наставниците што реализираат настава од 1. до 6. одделение е 6 саати дневно, без оглед на тоа дали се одделенски или предметни наставници. ● Поголемиот дел од времето во текот на задолжителниот престој, наставниците го поминуваат во редовна настава по задолжителните и изборните предмети, а остатокот од времето е наменет за реализација на воннаставни активности, на додатна/дополнителна настава, на истражувачките и/или интердисциплинарните проекти на учениците, на општествено-хуманитарната работа на учениците, како и за соработка со колегите во рамки на стручните активи и за други стручни активности во рамки на училиштето. Насоките се спротивни на Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта, затоа што спротивно на овој закон и на колективен договор уредуваат престој, работно време, работни задолженија и плата на наставниците. Насоките упатуваат наставниците во училиште да престојуваат по 6 саати дневно без оглед дали се одделенски наставници или предметни наставници што е спротивно на ЗНССОСУ (член 17 став 1 и 8 (осум)). Во ЗНССОСУ е уредено дека работното време на наставниците е 40 часа неделно од кои од 20 до 23 наставни часови (член 17 став 1). ( 8-Осум) Начинот и обемот на работните должности во рамките на работното време на наставниците и стручните соработници во текот на 40-часовна работна недела, ги утврдува министерот, на предлог на Бирото и Центарот. Оваа насока е спротивна и на член 5 од Правилникот за начинот и обемот на работните задачи во рамките на работното време на наставниците и стручните соработници во текот на 40 часовната работна недела бр. 18-4809/1 од 05.05.2020 година донесен од министерот за образование и наука. Во членот 5 од правилникот е уредено дека во 40 работни часови неделно, наставникот во училиште реализира 20 до 23 наставни часа за задолжителни и изборни предмети, пет работни часа во директна, непосредна работа со ученици во додатна, дополнителна настава и воннаставни активности. Бирото се дрзнало и да уредува и плата на наставниците без оглед на нивните наставни часови. Односно во насоките уредуваат „Сите наставници кои до сега учествувале и ќе учествуваат во реализација на наставата по предметите Историја, Географија, Граѓанско образование, Техничко образование и Информатика се сметаат за потенцијални наставници за реализација на новите наставни предмети Историја и општество и Техничко образование и информатика во 6. одделение.“ (дали ја презема улогата на директор на училиште Бирото? Дали на овој начин го обврзуваат директорот кои наставници во кое одделение да ги распореди?) Понатаму уредуваат дека „училиштето треба да направи распоред на ангажманот на овие наставници што ќе обезбедува да изведуваат минимум 15 наставни часа неделно без оглед на одделението во кое ја реализираат наставата. Со оглед на новиот начин на организација и реализација на интегрираните предмети во некој временски период наставниците може да имаат повеќе од 20 наставни часа, а во друг период помалку од 20 наставни часа неделно. Сепак, овие наставници во просек на годишно ниво ќе имаат доволен фонд на часови (вклучувајќи и други задолженија доделени од страна на директорот на училиштето) и ќе им се пресметува целосна месечна плата во текот на целата учебна година, без оглед на начинот на организацијата и реализацијата на наставата во одделни периоди во текот на наставната година.“ Во фондот на часови (ако нема од 20 до 23 часа наставникот) ги ставаат и задолженијата на директор???? за да земат цела плата наставниците по овие предмети. Со ваквите насоки се врши дискриминација на наставниците и се доведуваат во нееднаква положба наставниците кои предаваат македонски јазик, албански јазик, математика и други предмети, а и сите наставници кои работат во поголеми училишта со голем број на ученици и имаат полн фонд на часови (земаат цела плата), со наставниците кои ќе ги предаваат „интегрираните предмети“ кои ќе немаат полн фонд на часови, а ќе земаат цела плата со „задолженијата од директор“. Дали БРО пред да даде ваква насока има писмен документ дека платите за наставниците по интегрираните предмети се обезбедени во Буџетот на МОН (во блок дотациите). Дали ако нема доволно средства во блокот за плати, а нема, општините ќе влегуваат во долгови? Дали министерот ќе обезбеди пари за плати за сите наставници, а при тоа да има доволно средства и за комунални трошоци, струја, греење, превоз, хигиенски средства во услови кога општините трошат и до 99% од блокот за плати на наставниците? Дали ќе му биде сеедно на наставникот по математика кога ќе земе цела плата за 20 часа неделно настава (144 часа годишно) цела учебна година, а неговите колеги по географија секој месец ќе земат цела плата во цела учебна година со само 36 часа годишно, односно за настава од средина на февруари до средина на мај?? Или граѓанско со 10 часа годишно, односно за настава од средина на мај до 17 јуни?

The post Наставникот по математика ќе има 144 часа годиншно, а колегата по географија 36, а ќе земаат иста плата appeared first on Република.

]]>