наставничка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavnichka/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Nov 2024 11:45:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наставничка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavnichka/ 32 32 Ден денес не чувствува делови од телото – потресно сведочење на ранетата наставничка од „Рибникар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/den-denes-ne-chuvstvuva-delovi-od-teloto-potresno-svedochene-na-ranetata-nastavnichka-od-ribnikar/ Fri, 01 Nov 2024 11:45:13 +0000 https://republika.mk/?p=833076

Во Палатата на правдата во Белград денеска се одржуваат две рочишта против родителите на детето масовен убиец, Владимир и Миљана Кецмановиќ, јави дописникот на МИА од Белград.

Првото рочиште се одржува по приватна тужба поднесена од наставничката по историја, Татјана С., за надомест на нематеријална штета, додека второто рочиште се одржува врз основа на обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека тие сториле кривични дела за кои им се закануваат затворски казни.

На 25 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград до Вишиот суд во Белград поднесе проширување на обвинението против Владимир и Миљана Кецмановиќ поради сомнение дека извршиле запуштање и злоупотреба на малолетно лице. Адвокатите на Кецмановиќ за ова рочиште побараа и добија одложување, заради запознавање на одбраната на родителите за проширување на обвинението, со кое малолетниот убиец К. К добива статус на оштетен.

На првото рочиште наставничката по историја, Татјана С. сведочеше дека тој ден кога го слушнала пукањето мислела дека се петарди и палави деца, но следниот момент слушнала крици и сфатила дека е многу посериозно.

Како што објасни, некој ја отворил вратата од училницата, а таа немала време ниту да се сврти, туку веднаш била погодена во стомакот, поради што паднала на земја.

- Слушнав пукотници на местото на злосторството, во училницата, лежев таму и не видов ништо. Рацете ми беа крвави. Мислев дека тогаш не ја изгубив свеста, но ја изгубив, изјави Стевановиќ.

Таа додаде дека на подот видела уште едно дете кое било повредено и бледо, а кај неа дошла девојка да се скрие и дека ја прегрнала.

Стевановиќ објасни дека тогаш слушнала дека наставник по географија влегол во училницата, дека едно дете и кажало дека К.К. пукал, што не можела да поверува.

Полицијата ја извадила на носилки и додека минувале низ ходникот ги видела како лежат мртви девојчињата.

На прашањето од судот за раните што ги добила, Стевановиќ рече дека еден куршум и влегол во стомакот и застанал кај колкот, додека имала прострелни рани во двете раце, кои, како што изјави, не знае како ги добила.

Во болница поминала осум месеци, од кои шест била неподвижна, бидејќи колкот и бил повреден од едната страна, а од другата страна отокот и го притискал нервот и не можела да се движи.

Таа прецизираше дека денес и пречат работи како огномет, ненадејни ситуации и оружје во филмовите.

Следното судење е закажано за 10 јануари кога се повикани обвинетите Миљана и Владимир Кецмановиќ.

Ова е петта тужба во граѓанска постапка против родителите на малолетникот К.К., кој на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“.

Повеќе фото тука

The post Ден денес не чувствува делови од телото – потресно сведочење на ранетата наставничка од „Рибникар“ appeared first on Република.

]]>

Во Палатата на правдата во Белград денеска се одржуваат две рочишта против родителите на детето масовен убиец, Владимир и Миљана Кецмановиќ, јави дописникот на МИА од Белград. Првото рочиште се одржува по приватна тужба поднесена од наставничката по историја, Татјана С., за надомест на нематеријална штета, додека второто рочиште се одржува врз основа на обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград поради сомнение дека тие сториле кривични дела за кои им се закануваат затворски казни. На 25 октомври, Вишото јавно обвинителство во Белград до Вишиот суд во Белград поднесе проширување на обвинението против Владимир и Миљана Кецмановиќ поради сомнение дека извршиле запуштање и злоупотреба на малолетно лице. Адвокатите на Кецмановиќ за ова рочиште побараа и добија одложување, заради запознавање на одбраната на родителите за проширување на обвинението, со кое малолетниот убиец К. К добива статус на оштетен. На првото рочиште наставничката по историја, Татјана С. сведочеше дека тој ден кога го слушнала пукањето мислела дека се петарди и палави деца, но следниот момент слушнала крици и сфатила дека е многу посериозно. Како што објасни, некој ја отворил вратата од училницата, а таа немала време ниту да се сврти, туку веднаш била погодена во стомакот, поради што паднала на земја. - Слушнав пукотници на местото на злосторството, во училницата, лежев таму и не видов ништо. Рацете ми беа крвави. Мислев дека тогаш не ја изгубив свеста, но ја изгубив, изјави Стевановиќ. Таа додаде дека на подот видела уште едно дете кое било повредено и бледо, а кај неа дошла девојка да се скрие и дека ја прегрнала. Стевановиќ објасни дека тогаш слушнала дека наставник по географија влегол во училницата, дека едно дете и кажало дека К.К. пукал, што не можела да поверува. Полицијата ја извадила на носилки и додека минувале низ ходникот ги видела како лежат мртви девојчињата. На прашањето од судот за раните што ги добила, Стевановиќ рече дека еден куршум и влегол во стомакот и застанал кај колкот, додека имала прострелни рани во двете раце, кои, како што изјави, не знае како ги добила. Во болница поминала осум месеци, од кои шест била неподвижна, бидејќи колкот и бил повреден од едната страна, а од другата страна отокот и го притискал нервот и не можела да се движи. Таа прецизираше дека денес и пречат работи како огномет, ненадејни ситуации и оружје во филмовите. Следното судење е закажано за 10 јануари кога се повикани обвинетите Миљана и Владимир Кецмановиќ. Ова е петта тужба во граѓанска постапка против родителите на малолетникот К.К., кој на 3 мај минатата година уби девет негови врсници и еден чувар во основното училиште „Владислав Рибникар“. Повеќе фото тука

The post Ден денес не чувствува делови од телото – потресно сведочење на ранетата наставничка од „Рибникар“ appeared first on Република.

]]>
Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnichka-od-skopje-alarmira-detsata-si-ja-pritiskaat-dijafragmata-do-onesvestuvane-poradi-tik-tok-predizvik/ Thu, 26 Sep 2024 20:07:44 +0000 https://republika.mk/?p=820017

Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека и во Македонија меѓу учениците масовно се шири опасен Тик ток предизвик. Таа за „Локално“ упати апел до родителите да внимаваат на своите дека зошто тие го пробуваат предизвикот на онесвестување, кој може да има сериозни последици.

Не знам како точно се вика предизвикот, но децата велат дека го виделе на Тик ток. Си ги стискаат дијафрагмите сè додека не се онесвестат. Некогаш тоа го прават еден на друг, некогаш сами. Но, имало случај кога дете останало онесвестено подолго време па морале да го прскаат со вода и да повикаат некој да им помогне, раскажа наставничката.

The post Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>

Наставничка од скопско основно училиште предупредува дека и во Македонија меѓу учениците масовно се шири опасен Тик ток предизвик. Таа за „Локално“ упати апел до родителите да внимаваат на своите дека зошто тие го пробуваат предизвикот на онесвестување, кој може да има сериозни последици.
Не знам како точно се вика предизвикот, но децата велат дека го виделе на Тик ток. Си ги стискаат дијафрагмите сè додека не се онесвестат. Некогаш тоа го прават еден на друг, некогаш сами. Но, имало случај кога дете останало онесвестено подолго време па морале да го прскаат со вода и да повикаат некој да им помогне, раскажа наставничката.

The post Наставничка од Скопје алармира: Децата си ја притискаат дијафрагмата до онесвестување поради „Тик ток“ предизвик appeared first on Република.

]]>
Мајката која ја нападна професорката по биологија во белградско основно училиште денеска ќе биде сослушна во обвинителството https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/majkata-koja-ja-napadna-profesorkata-po-biologija-vo-belgradsko-osnovno-uchilishte-deneska-ke-bide-soslushna-vo-obvinitelstvoto/ Sat, 15 Jun 2024 09:15:04 +0000 https://republika.mk/?p=787776

Мајката, 32-годишната А.Р. која физички нападна наставничката во белградското основно училиште „Јован Дукиќ“, денеска ќе биде изнесена на сослушување во обвинителството.

Уапсена е за кривичните дела малтретирање и тортура и загрозување на безбедноста откако вербално и физички ја нападнала наставничката по биологија и на која и биле констатирани повеќе полесни повреди.

Според нејзината изјава, на наставничката и е нарушено човечкото достоинство, а таа чувствува страв за својата безбедност, се наведува во соопштението и се додава дека случајот предизвикал вознемиреност и кај граѓаните, особено поради тоа што се случил во основно училиште.

Инцидентот се случил откако мајката дошла во училиштето и ја прашала професорката по биологија зошто нејзиниот син добил 2, иако тој имал просек 3, не знаејќи дека во просекот е вклучена и оценката од првото полугодие.

Наставничката по биологија ја повикала мајката во канцеларија, но насилството потоа ескалирало.

Мајката се заканувала дека ќе оди кај директорката. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила ја повлекла наставничката за коса, ја соборила и ја удрилка со главата на подот, велејќи и дека никогаш нема да работи на друго место.

Колешката има контузија на градниот кош, а повредени и се и ногата и раката, а има и гребаници, изјавила колешката на повредената наставничка која ја придружувала до болница.

Таа наведува дека сите се преплашени и згрозени од тоа што и се случило на нивната колешка.

Родителите на децата од споменатото училиште тврдат дека знаат која е жената која ги нападнала.

Како што понатаму изјавија родителите од училиштето каде се случи овој инцидент, жената која ја нападнала професорката по биологија била крупна и била спортски тип.

Вчера во знак на поддршка за наставниците беше организиран протест против насилството пред училиштето на кој учествуваа наставници, родители и ученици.

 

The post Мајката која ја нападна професорката по биологија во белградско основно училиште денеска ќе биде сослушна во обвинителството appeared first on Република.

]]>

Мајката, 32-годишната А.Р. која физички нападна наставничката во белградското основно училиште „Јован Дукиќ“, денеска ќе биде изнесена на сослушување во обвинителството. Уапсена е за кривичните дела малтретирање и тортура и загрозување на безбедноста откако вербално и физички ја нападнала наставничката по биологија и на која и биле констатирани повеќе полесни повреди. Според нејзината изјава, на наставничката и е нарушено човечкото достоинство, а таа чувствува страв за својата безбедност, се наведува во соопштението и се додава дека случајот предизвикал вознемиреност и кај граѓаните, особено поради тоа што се случил во основно училиште. Инцидентот се случил откако мајката дошла во училиштето и ја прашала професорката по биологија зошто нејзиниот син добил 2, иако тој имал просек 3, не знаејќи дека во просекот е вклучена и оценката од првото полугодие. Наставничката по биологија ја повикала мајката во канцеларија, но насилството потоа ескалирало. Мајката се заканувала дека ќе оди кај директорката. Меѓутоа, таа одеднаш се вратила ја повлекла наставничката за коса, ја соборила и ја удрилка со главата на подот, велејќи и дека никогаш нема да работи на друго место.
Колешката има контузија на градниот кош, а повредени и се и ногата и раката, а има и гребаници, изјавила колешката на повредената наставничка која ја придружувала до болница.
Таа наведува дека сите се преплашени и згрозени од тоа што и се случило на нивната колешка. Родителите на децата од споменатото училиште тврдат дека знаат која е жената која ги нападнала. Како што понатаму изјавија родителите од училиштето каде се случи овој инцидент, жената која ја нападнала професорката по биологија била крупна и била спортски тип. Вчера во знак на поддршка за наставниците беше организиран протест против насилството пред училиштето на кој учествуваа наставници, родители и ученици.  

The post Мајката која ја нападна професорката по биологија во белградско основно училиште денеска ќе биде сослушна во обвинителството appeared first on Република.

]]>
Нова тепачка во Битола: Родители нападнале соученик и наставничката на синот https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nova-tepachka-vo-bitola-roditeli-napadnale-souchenik-i-nastavnichkata-na-sinot/ Thu, 16 May 2024 11:14:07 +0000 https://republika.mk/?p=778776

Родители нападнале соученик и наставничката на нивниот син.

Инцидентот бил пријавен вчера во СВР Битола.

Р.М. на возраст од 48 години од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од родители на негов соученик.

Истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од истите родители.

Од битолската полиција преземаат мерки за расчистување на настанот.

 

The post Нова тепачка во Битола: Родители нападнале соученик и наставничката на синот appeared first on Република.

]]>

Родители нападнале соученик и наставничката на нивниот син. Инцидентот бил пријавен вчера во СВР Битола. Р.М. на возраст од 48 години од Битола пријавил дека за време на настава во основно училиште во Битола, неговиот малолетен син бил физички нападнат од родители на негов соученик. Истиот ден, М.Т. (44) од Битола, наставничка во истото одделение, пријавила дека за време на настава била физички нападната од истите родители. Од битолската полиција преземаат мерки за расчистување на настанот.  

The post Нова тепачка во Битола: Родители нападнале соученик и наставничката на синот appeared first on Република.

]]>
И наставничката ранета во масакрот на Коста поднесе тужба против неговите родители https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/i-nastavnichkata-raneta-vo-masakrot-na-kosta-podnese-tuzhba-protiv-negovite-roditeli/ Thu, 01 Feb 2024 08:55:00 +0000 https://republika.mk/?p=739223

И наставничката по историја Татјана С., која беше тешко ранета во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, до Вишиот суд во Белград поднесе тужба против Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на 13-годишниот Коста кој го изврши злосторството.

Како што соопшти „Танјуг“, станува збор за тужба за надомест на нематеријална штета поради физичка болка, страв, намалување на животни активности и понижување.

Судот наведува дека тужбата против брачната двојка е поднесена затоа што тие не одговараат за делото што го сториле, туку одговараат за штетата што ја предизвикало нивното малолетно дете поради лошо воспитување, лош пример или семејни навики кои му ги дале неговите родители.

Ова е трета граѓанска тужба против родителите на малолетникот Коста Кецмановиќ.

Првата ја поднесоа членовите на семејството на едно од девојчињата кои загинаа тој ден, додека втората е групна тужба од 27 членови на семејствата на убиените.

Кривичната постапка против родителите, инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде малолетникот вежбал стрелање, започна во понеделникот, а потоа беше одлучено истото да биде затворено за јавноста.

The post И наставничката ранета во масакрот на Коста поднесе тужба против неговите родители appeared first on Република.

]]>

И наставничката по историја Татјана С., која беше тешко ранета во масакрот во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, до Вишиот суд во Белград поднесе тужба против Миљана и Владимир Кецмановиќ, родителите на 13-годишниот Коста кој го изврши злосторството. Како што соопшти „Танјуг“, станува збор за тужба за надомест на нематеријална штета поради физичка болка, страв, намалување на животни активности и понижување. Судот наведува дека тужбата против брачната двојка е поднесена затоа што тие не одговараат за делото што го сториле, туку одговараат за штетата што ја предизвикало нивното малолетно дете поради лошо воспитување, лош пример или семејни навики кои му ги дале неговите родители. Ова е трета граѓанска тужба против родителите на малолетникот Коста Кецмановиќ. Првата ја поднесоа членовите на семејството на едно од девојчињата кои загинаа тој ден, додека втората е групна тужба од 27 членови на семејствата на убиените. Кривичната постапка против родителите, инструкторот и сопственикот на стрелиштето каде малолетникот вежбал стрелање, започна во понеделникот, а потоа беше одлучено истото да биде затворено за јавноста.

The post И наставничката ранета во масакрот на Коста поднесе тужба против неговите родители appeared first on Република.

]]>
Мајка заработи кривична за закани кон наставничката сред родителска https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/majka-zaraboti-krivichna-za-zakani-kon-nastavnichkata-sred-roditelska/ Thu, 23 Nov 2023 18:08:44 +0000 https://republika.mk/?p=715614

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Е.(39) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Како што соопштуваат од МВР, на 13.11.2023 во основно училиште во Берово, за време на одржување на родителска средба, пријавената упатила закани на наставничката.

The post Мајка заработи кривична за закани кон наставничката сред родителска appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против М.Е.(39) од Берово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Како што соопштуваат од МВР, на 13.11.2023 во основно училиште во Берово, за време на одржување на родителска средба, пријавената упатила закани на наставничката.

The post Мајка заработи кривична за закани кон наставничката сред родителска appeared first on Република.

]]>
Место да ме контактираат и да побараме здравствена помош, се случи на слава да ни дојде полиција дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mesto-da-me-kontaktiraat-i-da-pobarame-zdravstvena-pomosh-se-sluchi-na-slava-da-ni-dojde-politsija-doma/ Sat, 11 Nov 2023 14:59:34 +0000 https://republika.mk/?p=700559

По професија сум дипломиран машински инженер, со мојата диплома работев и во Германија, а веќе две години сум наставник во основно училиште во Неготино и предавам во околните села.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedena-nastavnichka-od-negotino-prijavena-bila-deka-psihichki-maltretirala-uchenitsi/

Мојата сопруга, која беше вчера приведена во полиција работи како наставничка околу 20 години. Случајот со приведувањето и образложенијата дека таа психички ги малтертирала учениците е главна тема во Неготино, но и пошироко, па би сакал да појаснам за јавноста која е позадината – за „Фокус“ раскажува М.С., видно вознемирен од настанот. Како што појаснува, и тој и сопругата биле под постојани притисоци, а таа на почетокот на годината користела еден месец боледување и и била поставена дијагноза, која тој вели дека не би ја откривал во јавност, но не крие дека станува збор за нарушено здравје поради стресни ситуации поврзани со работата.

Во последните неколку дена, односно од петокот, па до вчера, беше очигледно дека мојата сопруга падна во депресија. Плачеше, се жалеше дека е сама, дека никој не ја разбира. Истото однесување, колку што сега знам, го имала и на училиште, па поради тоа и ги вознемирила учениците и нивните родители. Но, наместо мене да ме контактираат, да ја пратат на боледување, па да бараме здравствена помош, се случи да ни дојде полиција дома, и тоа вчера, кога дома имавме слава Свети Димитрија, кога масата ни беше поставена… Многу немили сцени, вели наставникот.

Раскажува дека сопругата го однела во маркет да испазари пред да дојдат гостите, а таа заминала дома. Додека бил во маркет му се јавиле од полиција и му кажале дека мора да разговараат со него.

Ги замолив од полиција да не доаѓаат по мене во маркетот, да не гледа народ, и веднаш заминав во станицата која е во близина на маркетот. Не знаев зошто ме викнаа, ме распрашуваа за однесувањето на сопругата, им појаснив дека таа има здравствено нарушување и е депресивна последниот период. Не ми кажаа ништо, си заминав дома, не ја најдов сопругата.

Целата исповед на „Фокус

The post Место да ме контактираат и да побараме здравствена помош, се случи на слава да ни дојде полиција дома appeared first on Република.

]]>

По професија сум дипломиран машински инженер, со мојата диплома работев и во Германија, а веќе две години сум наставник во основно училиште во Неготино и предавам во околните села. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/privedena-nastavnichka-od-negotino-prijavena-bila-deka-psihichki-maltretirala-uchenitsi/ Мојата сопруга, која беше вчера приведена во полиција работи како наставничка околу 20 години. Случајот со приведувањето и образложенијата дека таа психички ги малтертирала учениците е главна тема во Неготино, но и пошироко, па би сакал да појаснам за јавноста која е позадината – за „Фокус“ раскажува М.С., видно вознемирен од настанот. Како што појаснува, и тој и сопругата биле под постојани притисоци, а таа на почетокот на годината користела еден месец боледување и и била поставена дијагноза, која тој вели дека не би ја откривал во јавност, но не крие дека станува збор за нарушено здравје поради стресни ситуации поврзани со работата.
Во последните неколку дена, односно од петокот, па до вчера, беше очигледно дека мојата сопруга падна во депресија. Плачеше, се жалеше дека е сама, дека никој не ја разбира. Истото однесување, колку што сега знам, го имала и на училиште, па поради тоа и ги вознемирила учениците и нивните родители. Но, наместо мене да ме контактираат, да ја пратат на боледување, па да бараме здравствена помош, се случи да ни дојде полиција дома, и тоа вчера, кога дома имавме слава Свети Димитрија, кога масата ни беше поставена… Многу немили сцени, вели наставникот.
Раскажува дека сопругата го однела во маркет да испазари пред да дојдат гостите, а таа заминала дома. Додека бил во маркет му се јавиле од полиција и му кажале дека мора да разговараат со него.
Ги замолив од полиција да не доаѓаат по мене во маркетот, да не гледа народ, и веднаш заминав во станицата која е во близина на маркетот. Не знаев зошто ме викнаа, ме распрашуваа за однесувањето на сопругата, им појаснив дека таа има здравствено нарушување и е депресивна последниот период. Не ми кажаа ништо, си заминав дома, не ја најдов сопругата.
Целата исповед на „Фокус

The post Место да ме контактираат и да побараме здравствена помош, се случи на слава да ни дојде полиција дома appeared first on Република.

]]>
Приведена наставничка од Неготино, пријавена била дека психички малтретирала ученици https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/privedena-nastavnichka-od-negotino-prijavena-bila-deka-psihichki-maltretirala-uchenitsi/ Thu, 09 Nov 2023 11:02:52 +0000 https://republika.mk/?p=699822

Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне, откако била пријавена дека психички малтретирала ученици, информираа денеска од СВР Велес.

Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава. Т.Ј.С. е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес.

The post Приведена наставничка од Неготино, пријавена била дека психички малтретирала ученици appeared first on Република.

]]>

Наставничка од Неготино била приведена вчера попладне, откако била пријавена дека психички малтретирала ученици, информираа денеска од СВР Велес. Вчера во 17.30 часот полициски службеници од ОВР Неготино ја лишиле од слобода Т.Ј.С.(48) од Неготино, наставничка во училиште во Неготино, постапувајќи по пријава според која таа психички ги малтретирала учениците за време на настава. Т.Ј.С. е приведена во полициска станица и по документирање на случајот против нејзе ќе биде поднесена соодветна пријава, појаснија од СВР Велес.

The post Приведена наставничка од Неготино, пријавена била дека психички малтретирала ученици appeared first on Република.

]]>
Нов напад во училиште во Босна, 12-годишен ученик со камен удрил наставничка во глава https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/nov-napad-vo-uchilishte-vo-bosna-12-godishen-uchenik-so-kamen-udril-nastavnichka-vo-glava/ Thu, 26 Oct 2023 10:02:54 +0000 https://republika.mk/?p=695168

12-годишен основец во Бјелина со камен удрил наставничка во главата во ходникот, соопшти началникот на полициската управа во Бијелина, Стјепан Терзиќ.

На наставничката и била укажана лекарска помош, но дежурниот лекар не коментирал за степенот на повредите.

Малолетникот е упатен од медицинскиот центар Бијелина на понатамошно лекување во Бањалука.

Инцидентот се случил вчера во ОУ „Кнез Иво од Семберија“, јави РТРС.

The post Нов напад во училиште во Босна, 12-годишен ученик со камен удрил наставничка во глава appeared first on Република.

]]>

12-годишен основец во Бјелина со камен удрил наставничка во главата во ходникот, соопшти началникот на полициската управа во Бијелина, Стјепан Терзиќ. На наставничката и била укажана лекарска помош, но дежурниот лекар не коментирал за степенот на повредите. Малолетникот е упатен од медицинскиот центар Бијелина на понатамошно лекување во Бањалука. Инцидентот се случил вчера во ОУ „Кнез Иво од Семберија“, јави РТРС.

The post Нов напад во училиште во Босна, 12-годишен ученик со камен удрил наставничка во глава appeared first on Република.

]]>
Наставничка во Берово вербално и физички нападнала малолетник во училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nastavnichka-vo-berovo-verbalno-i-fizichki-napadnala-maloletnik-vo-uchilishte/ Wed, 27 Sep 2023 14:40:09 +0000 https://republika.mk/?p=685714

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“.

На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник.

The post Наставничка во Берово вербално и физички нападнала малолетник во училиште appeared first on Република.

]]>

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против С.Г.(60) од с.Смојмирово, беровско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“. На 07.06.2023 пријавената, наставник во основно училиште во Берово, во просториите на училиштето во работно време, вербално и физички нападнала малолетник.

The post Наставничка во Берово вербално и физички нападнала малолетник во училиште appeared first on Република.

]]>
„Ја пукав таа кучка до смрт“ рекол 6-годишникот по стрелањето на неговата наставничка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ja-pukav-taa-kuchka-do-smrt-rekol-6-godishnikot-po-strelaneto-na-negovata-nastavnichka/ Fri, 11 Aug 2023 09:44:33 +0000 https://republika.mk/?p=671062

Нови судски документи откриваат дека првоодделенецот, кој на почетокот на оваа година ja застрела свoјата наставничка, подоцна се пофалил пред вработената што го пронашла со пиштолот со зборовите „Ја пукав таа кучка до смрт“.

Наставничката Абигејл Звернер се здоби со тешки повреди на торзото и на раката откако беше застрелана на 6 јануари во основното училиште Рихнек во Њупорт Њуз, Вирџинија.

Според незапечатените извештаи, шестгодишното момче кое го повлече чкрапалото покрај шокантите коментари открило и дека пиштолот го зело од неговата мајка. Мајката на ученикот се изјасни за виновна за федералните обвиненија за оружјето, ѝ ќе биде осудена во октомври.

Звернер оттогаш поднесе тужба од 40 милиони долари против јавните училишта во Њупорт Њуз, обвинувајќи ги официјалните лица дека игнорирале неколку предупредувања за ученикот што довеле до пукањето. Таа за истрагата открила дека имало повеќе „дисциплински инциденти“ со момчето пред пукањето. Инцидентите вклучувале физичко насилство и закани за насилство.

Пензионирана наставничка во основно училиште во Њупорт Њуз им кажала на инспекторите дека истиот ученик ја давел во септември 2021 година.

Џејмс Еленсон, адвокат на семејството за Си-Ен-Ен рече дека детето посетува редовна терапија и покажало подобрување.

Детето имаше екстремни емоционални проблеми и сите работиме да видиме дека тој се подобрува секој ден, рече тој.

 

The post „Ја пукав таа кучка до смрт“ рекол 6-годишникот по стрелањето на неговата наставничка appeared first on Република.

]]>

Нови судски документи откриваат дека првоодделенецот, кој на почетокот на оваа година ja застрела свoјата наставничка, подоцна се пофалил пред вработената што го пронашла со пиштолот со зборовите „Ја пукав таа кучка до смрт“. Наставничката Абигејл Звернер се здоби со тешки повреди на торзото и на раката откако беше застрелана на 6 јануари во основното училиште Рихнек во Њупорт Њуз, Вирџинија. Според незапечатените извештаи, шестгодишното момче кое го повлече чкрапалото покрај шокантите коментари открило и дека пиштолот го зело од неговата мајка. Мајката на ученикот се изјасни за виновна за федералните обвиненија за оружјето, ѝ ќе биде осудена во октомври. Звернер оттогаш поднесе тужба од 40 милиони долари против јавните училишта во Њупорт Њуз, обвинувајќи ги официјалните лица дека игнорирале неколку предупредувања за ученикот што довеле до пукањето. Таа за истрагата открила дека имало повеќе „дисциплински инциденти“ со момчето пред пукањето. Инцидентите вклучувале физичко насилство и закани за насилство. Пензионирана наставничка во основно училиште во Њупорт Њуз им кажала на инспекторите дека истиот ученик ја давел во септември 2021 година. Џејмс Еленсон, адвокат на семејството за Си-Ен-Ен рече дека детето посетува редовна терапија и покажало подобрување.
Детето имаше екстремни емоционални проблеми и сите работиме да видиме дека тој се подобрува секој ден, рече тој.
 

The post „Ја пукав таа кучка до смрт“ рекол 6-годишникот по стрелањето на неговата наставничка appeared first on Република.

]]>
Наставничката ранета во „Рибникар“ не може да оди, ниту да ја движи раката https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nastavnichkata-raneta-vo-ribnikar-ne-mozhe-da-odi-nitu-da-ja-dvizhi-rakata/ Thu, 20 Jul 2023 11:13:13 +0000 https://republika.mk/?p=663491

Наставничката по историја Татјана Стевановиќ (52), која беше погодена со три од 57 куршуми што момчето убиец ги испука во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, од Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде и беше извршена неколку операции, беше префрлена во Заводот за рехабилитација во Сокобања.

Татјана, една од шесте ранети и за среќа преживеани во пукотницата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, во која загинаа десет животи, како што тврди извор на „Новости“ близок до семејството, не може да оди, не ја мрда левата рака и се уште психички се опоравува од траумата што ја доби.

Таа е ранета во левата рака, десната потколеница и стомакот, а тој куршум и го оштетил десниот колк.

Од таа најтешка прострелна рана во стомакот, на Татјана и се оштетени и нервите на левата нога, па не може да стои на ниту еден од нив. Може само да стане од кревет и да се качи во инвалидска количка.

Има мали подобрувања и никој не може да му каже на семејството колку долго може да трае рехабилитацијата или каков ќе биде резултатот, рече изворот.

Сопругот и двете деца на Татјана во агонија, според извор близок до семејството, ги преживеале првите три дена по злосторството, кога не се ни знаело дали таа ќе преживее.

Татјана беше оперирана три пати во УКЦС: првиот ден по приемот, имаше операција на стомакот, потоа на десната потколеница и на левата рака. Тие и го спасувале животот, па колкот, кој бил скршен од куршумот што ја погодил во стомакот, вели извор на Новости.

Сопругот и децата на Татјана „додека не застанат на нозе по шокот“, не сакаат да зборуваат јавно, иако, според извори, неколку пати биле испровоцирани од неточни информации изнесени во јавноста.

-Се знае дека Татјана не била на списокот на момчето, но се шпекулираше дека имало некаков спор меѓу нив како наставник и ученик, што не е точно. Денес, кога би ги прашале сопругот на Татјана, Драган и децата, би потврдиле дека и пред и по трагедијата изјавила дека момчето убиец е примерно момче, со кое немала никакви проблеми. Што се случи во главата на тоа дете и зошто направи нешто толку страшно, семејството Стевановиќ, а верувам и другите кои го познаваа, тешко дека некогаш ќе можат да разберат, вели изворот.

The post Наставничката ранета во „Рибникар“ не може да оди, ниту да ја движи раката appeared first on Република.

]]>

Наставничката по историја Татјана Стевановиќ (52), која беше погодена со три од 57 куршуми што момчето убиец ги испука во основното училиште „Владислав Рибникар“ на 3 мај, од Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде и беше извршена неколку операции, беше префрлена во Заводот за рехабилитација во Сокобања. Татјана, една од шесте ранети и за среќа преживеани во пукотницата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Врачар, во која загинаа десет животи, како што тврди извор на „Новости“ близок до семејството, не може да оди, не ја мрда левата рака и се уште психички се опоравува од траумата што ја доби. Таа е ранета во левата рака, десната потколеница и стомакот, а тој куршум и го оштетил десниот колк. Од таа најтешка прострелна рана во стомакот, на Татјана и се оштетени и нервите на левата нога, па не може да стои на ниту еден од нив. Може само да стане од кревет и да се качи во инвалидска количка. Има мали подобрувања и никој не може да му каже на семејството колку долго може да трае рехабилитацијата или каков ќе биде резултатот, рече изворот. Сопругот и двете деца на Татјана во агонија, според извор близок до семејството, ги преживеале првите три дена по злосторството, кога не се ни знаело дали таа ќе преживее. Татјана беше оперирана три пати во УКЦС: првиот ден по приемот, имаше операција на стомакот, потоа на десната потколеница и на левата рака. Тие и го спасувале животот, па колкот, кој бил скршен од куршумот што ја погодил во стомакот, вели извор на Новости. Сопругот и децата на Татјана „додека не застанат на нозе по шокот“, не сакаат да зборуваат јавно, иако, според извори, неколку пати биле испровоцирани од неточни информации изнесени во јавноста. -Се знае дека Татјана не била на списокот на момчето, но се шпекулираше дека имало некаков спор меѓу нив како наставник и ученик, што не е точно. Денес, кога би ги прашале сопругот на Татјана, Драган и децата, би потврдиле дека и пред и по трагедијата изјавила дека момчето убиец е примерно момче, со кое немала никакви проблеми. Што се случи во главата на тоа дете и зошто направи нешто толку страшно, семејството Стевановиќ, а верувам и другите кои го познаваа, тешко дека некогаш ќе можат да разберат, вели изворот.

The post Наставничката ранета во „Рибникар“ не може да оди, ниту да ја движи раката appeared first on Република.

]]>
Наставничката која го преживеа масакрот во „Рибникар“ не може да оди и не ја движи левата рака https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/nastavnichkata-koja-go-prezhivea-masakrot-vo-ribnikar-ne-mozhe-da-odi-i-ne-ja-dvizhi-levata-raka/ Thu, 20 Jul 2023 10:12:11 +0000 https://republika.mk/?p=663450

Наставничката по историја Татјана Стевановиќ, која беше ранета во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ се уште не може да оди и да ја движи левата рака.

Таа од Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде неколку пати беше оперирана e префрлена во Заводот за рехабилитација во Сокобањска.

Татјана e една од шесте ранети и за среќа преживеани од страшниот масакр кај Врачар, во кој загинаа десет животи.

Според извор на „Новости“ близок до семејството, таа не може да оди, не ја движи левата рака и се уште психички се опоравува од траумата што ја добила заедно со ранeтите во таа несреќна среда на работното место.

Учителката била ранета во левата рака, десната потколеница и стомакот од момчето убиец, кое завчера преку видео врска сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кечмановиќ, инаку лекар - радиолог, а тој куршум и го оштетил десниот колк.

„Од таа најтешка е прострелната рана во стомакот, Татјана има оштетувања и на нервите на левата нога, па не може да стои на ниту една“, вели изворот и додава дека од кревет може да стане само во инвалидска количка.

Има мали чекори кон подобро и никој не може да му каже на семејството колку долго може да трае рехабилитацијата или каков ќе биде резултатот.

Според извор близок до семејството, сопругот и двете деца на Татјана како во агонија ги преживеале првите три дена по злосторството на Коста К., кога не се ни знаело дали таа ќе преживее.

„Татјана беше оперирана три пати во УКЦС: првиот ден по приемот го оперираа стомакот, потоа десната потколеница и левата рака. Тие и го спасија животот, па колкот што експлодираше од куршумот што ја погоди во стомакот е оставен „да се справи“ подоцна, кога ќе се стабилизира, наведува изворот.

Сопругот и децата на Татјана, „додека не застанат на нозе по шокот“, не сакаат да се зборуваат за јавноист, иако според нашиот извор неколкупати биле испровоцирани од неточни информации изнесени во јавноста. Можеби затоа, ако се исклучи неколку спомнувања во првите неколку дена во официјалните извештаи за повредените во „Рибникар“ и масакрот во две села околу Младеновац, што го направи Урош Блажиќ само еден ден подоцна, Татјана остана на „маргината“ на трагедија каква што Србија досега не видела.

Познато е дека Татјана не била на списокот на Коста, но се шпекулираше дека имало некаков спор меѓу нив како наставник и ученик, што според соговорникот не е точно.

 

 

The post Наставничката која го преживеа масакрот во „Рибникар“ не може да оди и не ја движи левата рака appeared first on Република.

]]>

Наставничката по историја Татјана Стевановиќ, која беше ранета во масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ се уште не може да оди и да ја движи левата рака. Таа од Универзитетскиот клинички центар на Србија, каде неколку пати беше оперирана e префрлена во Заводот за рехабилитација во Сокобањска. Татјана e една од шесте ранети и за среќа преживеани од страшниот масакр кај Врачар, во кој загинаа десет животи. Според извор на „Новости“ близок до семејството, таа не може да оди, не ја движи левата рака и се уште психички се опоравува од траумата што ја добила заедно со ранeтите во таа несреќна среда на работното место. Учителката била ранета во левата рака, десната потколеница и стомакот од момчето убиец, кое завчера преку видео врска сведочеше во судскиот процес против неговиот татко Владимир Кечмановиќ, инаку лекар - радиолог, а тој куршум и го оштетил десниот колк.
„Од таа најтешка е прострелната рана во стомакот, Татјана има оштетувања и на нервите на левата нога, па не може да стои на ниту една“, вели изворот и додава дека од кревет може да стане само во инвалидска количка.
Има мали чекори кон подобро и никој не може да му каже на семејството колку долго може да трае рехабилитацијата или каков ќе биде резултатот. Според извор близок до семејството, сопругот и двете деца на Татјана како во агонија ги преживеале првите три дена по злосторството на Коста К., кога не се ни знаело дали таа ќе преживее.
„Татјана беше оперирана три пати во УКЦС: првиот ден по приемот го оперираа стомакот, потоа десната потколеница и левата рака. Тие и го спасија животот, па колкот што експлодираше од куршумот што ја погоди во стомакот е оставен „да се справи“ подоцна, кога ќе се стабилизира, наведува изворот.
Сопругот и децата на Татјана, „додека не застанат на нозе по шокот“, не сакаат да се зборуваат за јавноист, иако според нашиот извор неколкупати биле испровоцирани од неточни информации изнесени во јавноста. Можеби затоа, ако се исклучи неколку спомнувања во првите неколку дена во официјалните извештаи за повредените во „Рибникар“ и масакрот во две села околу Младеновац, што го направи Урош Блажиќ само еден ден подоцна, Татјана остана на „маргината“ на трагедија каква што Србија досега не видела. Познато е дека Татјана не била на списокот на Коста, но се шпекулираше дека имало некаков спор меѓу нив како наставник и ученик, што според соговорникот не е точно.    

The post Наставничката која го преживеа масакрот во „Рибникар“ не може да оди и не ја движи левата рака appeared first on Република.

]]>
Наставничка пријавена дека нападнала ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnichka-prijavena-deka-napadnala-uchenik/ Sun, 11 Jun 2023 15:29:36 +0000 https://republika.mk/?p=650169

Вчера во Полициската станица Берово, Ѓ.П.(50) од Берово пријавил дека во средата, 7 јуни, во основно училиште во Берово неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставничка.

Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Наставничка пријавена дека нападнала ученик appeared first on Република.

]]>

Вчера во Полициската станица Берово, Ѓ.П.(50) од Берово пријавил дека во средата, 7 јуни, во основно училиште во Берово неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставничка. Се работи на расчистување на случајот, велат од МВР.

The post Наставничка пријавена дека нападнала ученик appeared first on Република.

]]>
Наставничка од основно училиште во Аеродром уапсена поради продажба на дрога https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnichka-od-osnovno-uchilishte-vo-aerodrom-uapsena-poradi-prodazhba-na-droga/ Fri, 17 Mar 2023 16:32:09 +0000 https://republika.mk/?p=620807

Наставничка од основно училиште во скопската општина Аеродром е уапсена за дилање дрога.

Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе голема акција во Скопје, во која падна голема група улични дилери на дрога, а меѓу нив и наставничка од основно училиште од Скопје.

Од МВР информираа дека е запленета дрога вредна половина милион евра и е откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје.

Вчера (16.3.2023), во Скопје, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со поддршка од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, лишени од слобода се пет лица, и тоа Д. Т. (25), Е. М. (35), Ж. П. (46), С. Ч. З. (38), Б. Ф. (44), сите од Скопје. Извршени се претреси на седум локации во Скопје и притоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од речиси половина милион евра доколку била продадена преку уличните дилери. Имено, пронајдени се синтетичка дрога амфетамин во количина од речиси седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограма марихуана, речиси 3.000 таблети ‘екстази’, автоматска пушка ‘калашников’, 667 куршуми во различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина течност за производство на синтетичка амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници, односно лица што купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила, информираа од МВР.

Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот фејсбук-профил напиша дека случајот ќе биде расчистен во целост и секое прекршување на законот соодветно ќе биде санкционирано.

Утрово, примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник, кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“.
Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес, цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме сè од себе за да им овозможиме на децата училишните денови да ги поминуваат во здрава средина.
Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со каква било нелегална активност, која е во спротивност со законот.
Наша обврска е како институции да овозможиме квалитетен образовен процес во кој ќе ги надминеме сите пречки и недостатоци. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот.
Аеродром е општина што инвестира во образовниот процес, а децата, нивниот развој и нивното образование се во фокусот на нашата работа. Токму поради ова, неопходно е секое прекршување на законот соодветно да биде санкционирано, напиша Муцунски.

The post Наставничка од основно училиште во Аеродром уапсена поради продажба на дрога appeared first on Република.

]]>

Наставничка од основно училиште во скопската општина Аеродром е уапсена за дилање дрога. Во текот на вчерашниот ден МВР спроведе голема акција во Скопје, во која падна голема група улични дилери на дрога, а меѓу нив и наставничка од основно училиште од Скопје. Од МВР информираа дека е запленета дрога вредна половина милион евра и е откриена лабораторија за производство на амфетамин во Скопје. Вчера (16.3.2023), во Скопје, од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција, СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и со поддршка од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, лишени од слобода се пет лица, и тоа Д. Т. (25), Е. М. (35), Ж. П. (46), С. Ч. З. (38), Б. Ф. (44), сите од Скопје. Извршени се претреси на седум локации во Скопје и притоа била откриена лабораторија за производство на амфетамин, како и дрога со вредност од речиси половина милион евра доколку била продадена преку уличните дилери. Имено, пронајдени се синтетичка дрога амфетамин во количина од речиси седум килограми, еден килограм кокаин, околу 22 килограма марихуана, речиси 3.000 таблети ‘екстази’, автоматска пушка ‘калашников’, 667 куршуми во различен калибар, рамка за автоматска пушка, две рамки за пиштол, повеќе дигитални ваги со остатоци од амфетамин, опрема за производство на синтетичка дрога амфетамин, калапи за амфетамин, поголема количина течност за производство на синтетичка амфетамин, евиденции, тетратки и листови со прибелешки за должници, односно лица што купувале дрога, пари за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога и четири патнички возила, информираа од МВР. Градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски, на својот фејсбук-профил напиша дека случајот ќе биде расчистен во целост и секое прекршување на законот соодветно ќе биде санкционирано. Утрово, примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник, кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“. Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес, цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме сè од себе за да им овозможиме на децата училишните денови да ги поминуваат во здрава средина. Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со каква било нелегална активност, која е во спротивност со законот. Наша обврска е како институции да овозможиме квалитетен образовен процес во кој ќе ги надминеме сите пречки и недостатоци. Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот. Аеродром е општина што инвестира во образовниот процес, а децата, нивниот развој и нивното образование се во фокусот на нашата работа. Токму поради ова, неопходно е секое прекршување на законот соодветно да биде санкционирано, напиша Муцунски.

The post Наставничка од основно училиште во Аеродром уапсена поради продажба на дрога appeared first on Република.

]]>
Наставничка од Гостивар пријавена в полиција дека истепала ученик https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nastavnichka-od-gostivar-prijavena-v-politsija-deka-istepala-uchenik/ Tue, 07 Mar 2023 10:46:46 +0000 https://republika.mk/?p=616804

Вчера во 16 часот Џ.Б.(45) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека околу 9 часот и 50 минути во гостиварско основно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од наставничка.

Од полицијата велат дека се расчистува и се документира случајот.

The post Наставничка од Гостивар пријавена в полиција дека истепала ученик appeared first on Република.

]]>

Вчера во 16 часот Џ.Б.(45) од Гостивар во СВР Тетово пријавил дека околу 9 часот и 50 минути во гостиварско основно училиште, во кое учел, неговиот малолетен син физички бил нападнат од наставничка. Од полицијата велат дека се расчистува и се документира случајот.

The post Наставничка од Гостивар пријавена в полиција дека истепала ученик appeared first on Република.

]]>
Ученик дивјачки соборува и шутира наставничка зошто не му дозволила да игра на „нинтендо“ на час https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uchenik-divjachki-soboruva-i-shutira-nastavnichka-zoshto-ne-mu-dozvolila-da-igra-na-nintendo-na-chas/ Thu, 02 Mar 2023 17:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=614603

Седумнаесетгодишен ученик нападна вработена во неговото училиште, затоа што му го одзела „нинтендото“ на кое играл за време на часовите, пренесува „Јаху“.

Нападот се случил на 21 февруари во средното училиште „Матанзас“ во Палм Коуст, Флорида, а на објавеното видео се гледа како ученикот дивјачки се залетува жената, ја соборува, по што почнува и да ја шутира и удира. Петмина вработени едвај го оттргнуваат од жената, која веќе изгубила свест.

https://youtube.com/watch?v=LLAeB8fmgTk&feature=shares

Од кабинетот на шерифот наведено е и дека ученикот е висок 198 сантиметри, а тежок 120 килограми.

Ученикот рече дека бил вознемирен затоа што наставната асистентка му го одзела неговиот Nintendo Switch за време на училишните часови, се вели во полицискиот извештај.

После тоа, ученикот повеќе од десет пати ја удира жената која онесвестена лежи на подот.

Нападот траел околу 25 секунди. Неколку лица натрчаа за да го задржат ученикот и да спречат нападот да продолжи. Претепаната жена завршила во болница со тешки повреди.

Студентот е уапсен и приведен, соопшти канцеларијата на шерифот. Ќе му се суди како на возрасен.

The post Ученик дивјачки соборува и шутира наставничка зошто не му дозволила да игра на „нинтендо“ на час appeared first on Република.

]]>

Седумнаесетгодишен ученик нападна вработена во неговото училиште, затоа што му го одзела „нинтендото“ на кое играл за време на часовите, пренесува „Јаху“. Нападот се случил на 21 февруари во средното училиште „Матанзас“ во Палм Коуст, Флорида, а на објавеното видео се гледа како ученикот дивјачки се залетува жената, ја соборува, по што почнува и да ја шутира и удира. Петмина вработени едвај го оттргнуваат од жената, која веќе изгубила свест. https://youtube.com/watch?v=LLAeB8fmgTk&feature=shares Од кабинетот на шерифот наведено е и дека ученикот е висок 198 сантиметри, а тежок 120 килограми.
Ученикот рече дека бил вознемирен затоа што наставната асистентка му го одзела неговиот Nintendo Switch за време на училишните часови, се вели во полицискиот извештај.
После тоа, ученикот повеќе од десет пати ја удира жената која онесвестена лежи на подот. Нападот траел околу 25 секунди. Неколку лица натрчаа за да го задржат ученикот и да спречат нападот да продолжи. Претепаната жена завршила во болница со тешки повреди. Студентот е уапсен и приведен, соопшти канцеларијата на шерифот. Ќе му се суди како на возрасен.

The post Ученик дивјачки соборува и шутира наставничка зошто не му дозволила да игра на „нинтендо“ на час appeared first on Република.

]]>
Ученик до смрт избодел наставничка среде час https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uchenik-do-smrt-izbodel-nastavnichka-srede-chas/ Wed, 22 Feb 2023 12:24:42 +0000 https://republika.mk/?p=611914

Средношколец до смрт избол професорка по шпански јазик во училиште во францускиот град Сен Жан де Луз, јавува Би-Би-Си.

Локалниот обвинител Жером Бурие за новинската агенција АФП го потврди нападот, а локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил во училница во утрово.

Властите потврдија дека полицијата е на местото на настанот со локален обвинител.

Уапсено е 16-годишно момче.

Наставничката била во педесеттите години и починала од срцев удар кога на местото на настанот пристигнала итната помош, јавуваат локалните медиуми. Напаѓачот наводно влегол во училницата додека професорката по шпански одржувала лекција и ја нападнал.

The post Ученик до смрт избодел наставничка среде час appeared first on Република.

]]>

Средношколец до смрт избол професорка по шпански јазик во училиште во францускиот град Сен Жан де Луз, јавува Би-Би-Си. Локалниот обвинител Жером Бурие за новинската агенција АФП го потврди нападот, а локалните медиуми објавија дека инцидентот се случил во училница во утрово. Властите потврдија дека полицијата е на местото на настанот со локален обвинител. Уапсено е 16-годишно момче. Наставничката била во педесеттите години и починала од срцев удар кога на местото на настанот пристигнала итната помош, јавуваат локалните медиуми. Напаѓачот наводно влегол во училницата додека професорката по шпански одржувала лекција и ја нападнал.

The post Ученик до смрт избодел наставничка среде час appeared first on Република.

]]>
Нападната наставничка во кумановско училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/napadnata-nastavnichka-vo-kumanovsko-uchilishte/ Wed, 15 Jun 2022 13:52:34 +0000 https://republika.mk/?p=515575

Наставничка од Куманово била нападната од повозрасен сограѓанин, соопшти денеска кумановската полиција. Наставничката го пријавила случајот во СВР Куманово вчера во 15:15 часот.

Педесетгодишна наставничка во основно училиште во Куманово пријавила дека во кругот на училиштето била физички нападната од лицето Љ.К.(70) од Куманово, информираше полицијата.

По целосното документирање на случајот против Љ.К. од ќе биде поднесен соодветен поднесок

The post Нападната наставничка во кумановско училиште appeared first on Република.

]]>

Наставничка од Куманово била нападната од повозрасен сограѓанин, соопшти денеска кумановската полиција. Наставничката го пријавила случајот во СВР Куманово вчера во 15:15 часот.
Педесетгодишна наставничка во основно училиште во Куманово пријавила дека во кругот на училиштето била физички нападната од лицето Љ.К.(70) од Куманово, информираше полицијата.
По целосното документирање на случајот против Љ.К. од ќе биде поднесен соодветен поднесок

The post Нападната наставничка во кумановско училиште appeared first on Република.

]]>
Почина од инфаркт сопругот на наставничката убиена во нападот во Тексас https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/pochina-od-infarkt-soprugot-na-nastavnichkata-ubiena-vo-napadot-vo-teksas/ Fri, 27 May 2022 10:38:54 +0000 https://republika.mk/?p=507576

Сопругот на Ирма Гарсија, учителката во основното училиште во Увалде, убиена додека со своето тело ги штитеше нејзините ученици, почина вчера од срцев удар, два дена по масакрот  кој се случи во Тексас.

Џо и Ирма беа во брак 24 години и имаа четири деца, а најстарото штотуку им се придружи на маринците, најмладото пак, оди во средно училиште.

На интернет имаше повик за помош на семејството со цел да собере 10.000 долари, а до синоќа имаше собрано 1,6 милиони долари.

„Навистина мислам дека Џои почина од скршено срце“, напиша на веб страницата за донации роднина на Ирма Гарсија.

На Твитер, внук на Ирма на Гарсија напиша дека Џои почина од тага.

По пукањето, „Њујорк Тајмс“ објави дека наставничката Гарсија била најдена од полиција како ги држела децата во прегратка до последниот здив.

 

The post Почина од инфаркт сопругот на наставничката убиена во нападот во Тексас appeared first on Република.

]]>

Сопругот на Ирма Гарсија, учителката во основното училиште во Увалде, убиена додека со своето тело ги штитеше нејзините ученици, почина вчера од срцев удар, два дена по масакрот  кој се случи во Тексас. Џо и Ирма беа во брак 24 години и имаа четири деца, а најстарото штотуку им се придружи на маринците, најмладото пак, оди во средно училиште. На интернет имаше повик за помош на семејството со цел да собере 10.000 долари, а до синоќа имаше собрано 1,6 милиони долари. „Навистина мислам дека Џои почина од скршено срце“, напиша на веб страницата за донации роднина на Ирма Гарсија. На Твитер, внук на Ирма на Гарсија напиша дека Џои почина од тага. По пукањето, „Њујорк Тајмс“ објави дека наставничката Гарсија била најдена од полиција како ги држела децата во прегратка до последниот здив.  

The post Почина од инфаркт сопругот на наставничката убиена во нападот во Тексас appeared first on Република.

]]>