наставни денови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavni-denovi/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Apr 2024 12:09:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наставни денови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavni-denovi/ 32 32 Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата каде што ќе се гласа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/skrateni-chasovi-na-23-april-i-7-maj-vo-uchilishtata-kade-shto-ke-se-glasa/ Thu, 18 Apr 2024 11:49:59 +0000 https://republika.mk/?p=767536

Училиштата во Македонија во кои се одвива изборниот процес, на 23 април и на 7 мај, ќе имаат скратени часови. Наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, сооошти Министерството за образование и наука (МОН).

Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред, се вели во соопштението на МОН.

На денот на изборите 24 април и 8 мај Владата ги прогласи за неработни.

Првпат годинава, учениците ќе имаат пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела). Велигден е на 5 мај, а секогаш денот после Велигден е неработен, значи 6 мај е неработен. На 8 мај се парламентарните избори, а тоа значи, дека учениците само што ќе тргнат на училиште на 7 мај, пак ќе одморат еден ден.

Од МОН велат дека наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта.

Иако гласањето во рамки на првиот и вториот изборен круг е закажано во работни денови, учениците нема да изгубат од наставата и да пропуштат дел од наставниот материјал, велат од МОН.

Учебната година за средните училишта завршува на 10 јуни, додека за учениците од основните училишта до 17 јуни.

The post Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата каде што ќе се гласа appeared first on Република.

]]>

Училиштата во Македонија во кои се одвива изборниот процес, на 23 април и на 7 мај, ќе имаат скратени часови. Наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, сооошти Министерството за образование и наука (МОН).
Министерството за образование и наука информира дека 23 април и 7 мај, односно деновите пред гласањето ќе бидат работни за сите училишта. При тоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе се реализира од 7 до 11 часот, со скратени наставни часови за сите одделенија, односно класови. Во останатите училишта каде не се спроведува гласање, наставата се реализира вообичаено и согласно предвидениот дневен распоред, се вели во соопштението на МОН.
На денот на изборите 24 април и 8 мај Владата ги прогласи за неработни. Првпат годинава, учениците ќе имаат пролетен распуст од 29 април (понеделник) до 6 мај (недела). Велигден е на 5 мај, а секогаш денот после Велигден е неработен, значи 6 мај е неработен. На 8 мај се парламентарните избори, а тоа значи, дека учениците само што ќе тргнат на училиште на 7 мај, пак ќе одморат еден ден. Од МОН велат дека наставата во учебната 2023/2024 година ќе се реализира целосно како што предвидуваат плановите за организација на работата на основните и средните училишта.