наставна година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavna-godina/ За подобро да се разбереме Mon, 16 Jan 2023 13:50:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наставна година Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastavna-godina/ 32 32 Шаќири: До крајот на второто полугодие треба да се одработат сите 180 работни денови https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/shakiri-do-krajot-na-vtoroto-polugodie-treba-da-se-odrabotat-site-180-rabotni-denovi/ Mon, 16 Jan 2023 13:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=597567

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни.

На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.

За подобро функционирање на процесот, поради тоа што 18 јануари е среда, 19-ти е празник за поголем дел од граѓаните и 20-ти е петок, одлучивме второто полугодие да почне во понеделник. Исто така, да се изработат сите 180 работни денови до крајот на ова второ полугодие. Што значи дека иако, освен 10-ти, има три работни наставни денови, не гледам причина да има некаков проблем, рече Шаќири одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на премиерот Димитар Ковачевски.

The post Шаќири: До крајот на второто полугодие треба да се одработат сите 180 работни денови appeared first on Република.

]]>

Според календарот за работа во образованието, до крајот на второто полугодие треба да се одработат 180 наставни денови, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири одговарајќи на новинарско прашање дали е точно дека поради одложениот почеток на второто полугодие учебната година ќе заврши на 14-ти наместо на 9 јуни. На владина седница минатата недела беше одлучено наместо на 18-ти, второто полугодие од учебната 2022/2023 година да почне на 23 јануари, а Шаќири денеска образложи дека причина за одложениот почеток е подобро функционирање на наставниот процес.