настап Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastap/ За подобро да се разбереме Wed, 22 Mar 2023 15:02:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png настап Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastap/ 32 32 Зоран Кесиќ премиерно во Скопје со „Приказни и песни“ https://arhiva3.republika.mk/scena/zoran-kesik-premierno-vo-skopje-so-prikazni-i-pesni/ Wed, 22 Mar 2023 15:13:10 +0000 https://republika.mk/?p=622493

По двата успешни распродадени настапи на популарниот холивудски актер Никола Ѓуричко, Таксират Фестивал во соработка со „Скопје Комеди“ повторно најавуваат неверојатно шоу во Скопје, овој пат на можеби најпопуларниот ТВ водител во регионот – харизматичниот Зоран Кесиќ. На 24 април во Филармонија, Кесиќ премиерно ќе настапи со неговата приредба „Приказни и песни“ која изминатите 6 години има патувано на 3 континенти со повеќе од 50 изведби.

Зошто приказни и песни? 

Затоа што Зоран Кесиќ зборува и пее.

Зошто приредба? 

Затоа што „Приказни и песни“ е малку стенд-ап, малку претстава, малку прес-конференција, малку музички концерт, малку основачко собрание - значи приредба.

Зошто е таа неверојатна?

Затоа што ниту една претстава не е иста, во целовечерната изведба тој разговара и пее за безброј разновидни теми од политика до медитација. Секоја е обоена според местото на изведбата, моменталниот амбиент и моменталното расположение на изведувачот, и секој е единствен настан кој во таа форма ќе се случи тогаш и никогаш повеќе.

Зоран Кесиќ е српски комичар, политички коментатор, ТВ водител и новинар кој е добро познат во Македонија и регионот. Тој е автор на популарните хумористични емисии „Озбиљне вести“, „Дезинформатор“, „Фајронт република“ и на политичката сатира и воедно најгледаната забавна емисија во Србија „24 минути“.

Скопје е резервиран само за една изведба на „Приказни и песни“ и нема да има реприза, билетите се веќе во продажба онлајн и во продажните места на „Мктикетс“. 

The post Зоран Кесиќ премиерно во Скопје со „Приказни и песни“ appeared first on Република.

]]>

Кои македонски пејачи ќе настапат за дочекот на Нова година на Плоштадот во Охрид? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/koi-makedonski-pejachi-kje-nastapat-za-dochekot-na-nova-godina-na-ploshtadot-vo-ohrid/ Fri, 23 Dec 2022 13:10:54 +0000 https://republika.mk/?p=589215

Петар Нечовски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy ќе настапат на Охридскиот плоштад за дочекот на Новата 2023 година.

Градоначалникот Кирил Пецаков денеска на прес-конференција информираше дека Новогодишната програма ќе почне на 31 декември, напладне со настап на хорот при КУД „Гердан”, а од 13 до 15 часот ќе се одржи новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз” и мјузиклот „Трите прасиња”. Новогодишната програма, додаде, ќе продолжи на 1 јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон” на градскиот Плоштад и проектот „И повторно Евергрин”, кој ќе го изведат Лидија Кочоска, Влатко Груевски и Андреа Наунов.

-Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот Плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добронамерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град, рече градоначалникот.

Општината, додаде, ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници.

-Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19 јануари на плоштадот „Св. Климент Охридски” ќе настапи групата „Чалгија SOUND SYSTEM”, истакна Пецаков.

Останатите детали, нагласи, ќе бидат соопштени по одржување состанок на Координативното тело, кое се организира за оваа најмасовна црковно-културна манифестација во земјава.

За Новогодишните и Богојавленските празници од буџетот на Општина Охрид се издвоени два милиони денари.

The post Кои македонски пејачи ќе настапат за дочекот на Нова година на Плоштадот во Охрид? appeared first on Република.

]]>

Петар Нечовски, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy ќе настапат на Охридскиот плоштад за дочекот на Новата 2023 година. Градоначалникот Кирил Пецаков денеска на прес-конференција информираше дека Новогодишната програма ќе почне на 31 декември, напладне со настап на хорот при КУД „Гердан”, а од 13 до 15 часот ќе се одржи новогодишна театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз” и мјузиклот „Трите прасиња”. Новогодишната програма, додаде, ќе продолжи на 1 јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон” на градскиот Плоштад и проектот „И повторно Евергрин”, кој ќе го изведат Лидија Кочоска, Влатко Груевски и Андреа Наунов. -Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот Плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добронамерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град, рече градоначалникот. Општината, додаде, ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници. -Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19 јануари на плоштадот „Св. Климент Охридски” ќе настапи групата „Чалгија SOUND SYSTEM”, истакна Пецаков. Останатите детали, нагласи, ќе бидат соопштени по одржување состанок на Координативното тело, кое се организира за оваа најмасовна црковно-културна манифестација во земјава. За Новогодишните и Богојавленските празници од буџетот на Општина Охрид се издвоени два милиони денари.  

The post Кои македонски пејачи ќе настапат за дочекот на Нова година на Плоштадот во Охрид? appeared first on Република.

]]>
Скопје танцовиот театар гостува на фестивал во Загреб https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/skopje-tancoviot-teatar-gostuva-na-festival-vo-zagreb/ Tue, 07 Jun 2022 07:45:17 +0000 https://republika.mk/?p=512006

Скопје танцов театар утре ќе настапи на 39. издание на интернационалниот фестивал "Недела на современ танц" во Загреб. На сцената на „Загребачки плесни центар" ќе се изведат две кореографии на Скопје танцовиот театар, „Outline" на Дејан Битривски, во која настапува Анастасија Данчевска и „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска.

Ова е прво претставување на Скопје танцовиот театар на овој значаен фестивал.

Кореографот Битровски за "Outline" вели дека е посветено на жената и нејзиниот однос со општеството, а кореографката Данчевска во најавата за нејзината кореографија вели:

„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!“

Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат Адријана Данчевска и Дејан Битровски.

Во рамки на вечерта, во 18 часот, уметничката директорка на Скооје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев", професорката Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија", а на 9. јуни, во рамки на фестивалската програма Андријана Данчевска ќе има работилница за современ танц.

The post Скопје танцовиот театар гостува на фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>

Скопје танцов театар утре ќе настапи на 39. издание на интернационалниот фестивал "Недела на современ танц" во Загреб. На сцената на „Загребачки плесни центар" ќе се изведат две кореографии на Скопје танцовиот театар, „Outline" на Дејан Битривски, во која настапува Анастасија Данчевска и „Не ми ги допирај очите“ на Адријана Данчевска. Ова е прво претставување на Скопје танцовиот театар на овој значаен фестивал. Кореографот Битровски за "Outline" вели дека е посветено на жената и нејзиниот однос со општеството, а кореографката Данчевска во најавата за нејзината кореографија вели:
„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето!“
Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат Адријана Данчевска и Дејан Битровски. Во рамки на вечерта, во 18 часот, уметничката директорка на Скооје танцовиот театар и деканка на Филмската академија, Катедра за современ танц при универзитетот „Гоце Делчев", професорката Рисима Рисимкин, ќе одржи предавање на тема „Развој на софтвер за компјутерски генерирана кореографија", а на 9. јуни, во рамки на фестивалската програма Андријана Данчевска ќе има работилница за современ танц.  

The post Скопје танцовиот театар гостува на фестивал во Загреб appeared first on Република.

]]>