настан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastan/ За подобро да се разбереме Tue, 10 Sep 2024 06:17:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png настан Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nastan/ 32 32 Поради дождот откажан денешниот настан во Гостивар https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/poradi-dozhdot-otkazhan-deneshniot-nastan-vo-gostivar/ Tue, 10 Sep 2024 06:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=814783 Општина Гостивар поради врнежите од дожд го откажа денешниот настан што требаше да се одржи на отворено. Настанот беше организиран...

The post Поради дождот откажан денешниот настан во Гостивар appeared first on Република.

]]>
Општина Гостивар поради врнежите од дожд го откажа денешниот настан што требаше да се одржи на отворено.

Настанот беше организиран во соработка со полицијата и училиштата, а посветен на безбедноста на учениците. Во рамки на настанот учениците требаше да маршираат од Центарот за култура до градскиот плоштад.

The post Поради дождот откажан денешниот настан во Гостивар appeared first on Република.

]]>
МНР: Тенденциозни и шпекулативни се тврдењата за политичко влијание при изборот на фирма за реконструкција на СП „Борис Трајковски“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mnr-tendentsiozni-i-shpekulativni-se-tvrdenata-za-politichko-vlijanie-pri-izborot-na-firma-za-rekonstruktsija-na-sp-boris-trajkovski/ Mon, 28 Aug 2023 16:50:46 +0000 https://republika.mk/?p=676662

Министерството за надворешни работи попладнево преку соопштение реагира на обвинувања за набавката за реконструкција на спортската сала „Борис Трајковски“.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ademi-dobi-nad-112-milioni-denari-od-mnr-za-adaptatsija-na-sala-za-nastan-na-obse/

Од МНР како тенденциозни и крајно шпекулативни ги оценуваат сите тврдења и обвинувања за наводно политичко влијание или било каква форма на нерегуларности во изборот на компанијата која треба да ја реконструира салата „Борис Трајковски“.

Посочуваат дека условот за избор на најповолен понудувач била најниската цена заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот.

Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно:

Еуровиа - 93.746.070 ден. (избран понудувач)
Второрангирана - 120.668.981 ден.
Треторангирана - 134.015.461 ден.
Четврторангирана - 374.353.297 ден, се наведува во соопштението од МНР.

https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-ofajdi-samo-vnukot-na-ademi-za-dekemvriskiot-sovet-na-obse-solena-suma-na-pari-ke-odat-i-kaj-omilenata-pi-ar-agentsija-na-vlasta-rejting/

Оттаму додаваат дека ниту смееле, ниту е правно издржано да отфрлат понуда која според критериумите била најповолна.

Одговорно тврдиме дека не постои никакво влијание ниту нерегуларност во изборот на компанијата што е потврдено до второстепена комисија. Сите институции се добредојдени да го анализираат изборот како и спровдувањето на постапката која ќе биде по највисоките стандарди на ОБСЕ. Уште еднаш сакаме јасно да потенцираме дека, специфичните барања за изведба на работите и нивниот квалитет, како и потребата за истите се специфични барања на ОБСЕ согласно стандардите на организацијата за организација на вакви настани, велат од МНР.

Апелираат до политичките чинители да не го злоупотребуваат овој настан и фрлаат дамка на претседателството со ОБСЕ.

Министерството им стои на располагање на сите институции кои сакаат да добијат повеќе информации за процесот на избор на најповолен понудувач, но постапката и настанот не треба да бидат користени за дневна политика и манипулација кое наштетува на угледот на како на државата така и на ОБСЕ како организација, се истакнува во соопштението од МНР.​

The post МНР: Тенденциозни и шпекулативни се тврдењата за политичко влијание при изборот на фирма за реконструкција на СП „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>

Министерството за надворешни работи попладнево преку соопштение реагира на обвинувања за набавката за реконструкција на спортската сала „Борис Трајковски“. https://republika.mk/vesti/ekonomija/vnukot-na-ademi-dobi-nad-112-milioni-denari-od-mnr-za-adaptatsija-na-sala-za-nastan-na-obse/ Од МНР како тенденциозни и крајно шпекулативни ги оценуваат сите тврдења и обвинувања за наводно политичко влијание или било каква форма на нерегуларности во изборот на компанијата која треба да ја реконструира салата „Борис Трајковски“. Посочуваат дека условот за избор на најповолен понудувач била најниската цена заради економично и ефикасно алоцирање на буџетот.
Од четирите понудувачи, избраната компанија имаше далеку најконкурентна понудена цена согласно очекуваните количини предвидени во техничката спецификација, односно: Еуровиа - 93.746.070 ден. (избран понудувач) Второрангирана - 120.668.981 ден. Треторангирана - 134.015.461 ден. Четврторангирана - 374.353.297 ден, се наведува во соопштението од МНР.
https://republika.mk/vesti/makedonija/nema-da-se-ofajdi-samo-vnukot-na-ademi-za-dekemvriskiot-sovet-na-obse-solena-suma-na-pari-ke-odat-i-kaj-omilenata-pi-ar-agentsija-na-vlasta-rejting/ Оттаму додаваат дека ниту смееле, ниту е правно издржано да отфрлат понуда која според критериумите била најповолна.
Одговорно тврдиме дека не постои никакво влијание ниту нерегуларност во изборот на компанијата што е потврдено до второстепена комисија. Сите институции се добредојдени да го анализираат изборот како и спровдувањето на постапката која ќе биде по највисоките стандарди на ОБСЕ. Уште еднаш сакаме јасно да потенцираме дека, специфичните барања за изведба на работите и нивниот квалитет, како и потребата за истите се специфични барања на ОБСЕ согласно стандардите на организацијата за организација на вакви настани, велат од МНР.
Апелираат до политичките чинители да не го злоупотребуваат овој настан и фрлаат дамка на претседателството со ОБСЕ.
Министерството им стои на располагање на сите институции кои сакаат да добијат повеќе информации за процесот на избор на најповолен понудувач, но постапката и настанот не треба да бидат користени за дневна политика и манипулација кое наштетува на угледот на како на државата така и на ОБСЕ како организација, се истакнува во соопштението од МНР.​

The post МНР: Тенденциозни и шпекулативни се тврдењата за политичко влијание при изборот на фирма за реконструкција на СП „Борис Трајковски“ appeared first on Република.

]]>
СДСМ: Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sdsm-makedonskiot-identitet-ne-se-brani-so-relativiziranje-na-krivichni-dela/ Wed, 08 Jun 2022 09:26:46 +0000 https://republika.mk/?p=512555

СДСМ испрати апел до јавноста да не се политизира палењето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.

Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач.

Негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица.

Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји, велат од СДСМ.

Според СДСМ обврска е да бидеме мудри и да не наседнуваме на сценарија чија цел е оддалечување на Македонија од ЕУ.

Имаме разбирање за вознемиреноста на нашите граѓани, но никогаш нема да одобриме насилничко однесување. Единствено надлежен за ценењето на евентуалните олеснителни околности во конкретниот случај е исклучиво правосудната власт, а не дневната политика. Конечно, во текот на оваа година ќе бидеме сведоци на отворањето на Македонскиот културен центар во Благоевград. Ние се бориме со вредности, принципи и доследност, а не со насилство, велат од СДСМ.

The post СДСМ: Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела appeared first on Република.

]]>

СДСМ испрати апел до јавноста да не се политизира палењето на културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола.
Апелираме до јавноста да не се политизира кривично правниот настан, во кој, по сопствено признание, како сторител се јавува македонски пејач. Негативните емоции за називот на бугарскиот културен центар во Битола во никој случај не смеат да бидат причина да се оправдува свесно и со умисла подметнување пожар во кој можел да настрада и самиот сторител, но и други лица. Македонскиот идентитет не се брани со релативизирање на кривични дела. Вандализмот буди друг вандализам, кој може да не внесе во спирала на скандали кои може да бидат погонско гориво за радикални структури во двете земји, велат од СДСМ.