насилство врз жени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nasilstvo-vrz-zeni/ За подобро да се разбереме Fri, 02 Dec 2022 16:39:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png насилство врз жени Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nasilstvo-vrz-zeni/ 32 32 Ковачевски: До три години затвор за оние кои им ги загорчуваат животите на жените и девојките https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/kovachevski-do-tri-godini-zatvor-za-onie-koi-im-gi-zagorchuvaat-zivotite-na-zenite-i-devojkite/ Fri, 02 Dec 2022 16:39:19 +0000 https://republika.mk/?p=581015

Клучот за успешно справување со родовото насилство е во примената на механизмите кои произлегуваат од новите законски решенија. Говорејќи на регионалната конференција за родово насилство, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Законот за родова еднаквост треба да ја зајакне положбата и статусот во општеството и да обезбеди еднаков пристап до ресурсите и еднакво учество во донесувањето одлуки во сите сфери во општеството.

Законот предвидува формирање на Секретаријат, чија основна намена е следење на мерките за родова еднаквост. Случаите како „Јавна соба“ ни ги покажаа слабостите на системот, но исто така ни покажаа дека санкционирањето и превенирањето се најважните алки во справувањето со родово базирано насилство, рече Ковачевски.

Тој додаде дека пресудите на обвинетите во случајот „Јавна соба“ обесхрабруваат други повторни појави на вакви случаи, кон што придонесуваат измените и воведувањето на дело „демнење“.

Се предвидуваат строги санкции за вознемирување преку интернет. Тоа значи дека секој што неовластено ќе следи, прогонува или ќе се меша во личниот живот на друго лице, вклучувајќи и да направи непосакуван контакт, може да се казни со казна до три години затвор и тоа верувам дека ќе направи пресвртница во слободата кои ја чувствуваа оние кои досега безодговорно ги загорчуваа животите на многу жени и девојки, заклучи Ковачевски.

The post Ковачевски: До три години затвор за оние кои им ги загорчуваат животите на жените и девојките appeared first on Република.

]]>

Спасовски: Постигнати се добри резултати во санкционирање на насилството врз жени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/spasovski-postignati-se-dobri-rezultati-vo-sankcioniranje-na-nasilstvoto-vrz-zeni/ Mon, 28 Nov 2022 12:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=579129

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство денеска се обрати на трибината „Мултисекторски пристап за ефикасна заштита на жени и девојчиња изложени на насилство“, во организација на Македонскиот полициски синдикат и невладината организација ЕХО што се одржа во салата на Општина Прилеп.

Министерот Спасовски на почетокот констатираше дека изминативе години на глобално и на национално рамниште беа промовирани низа идеи, концепти, нормативни решенија во доменот на заштитата на жената, на спречувањето на семејното насилство, вклучително и на превенцијата од најтешките форми на криминалитет, како што се сексуалното насилство и експлоатација и дека за сето она што до пред две децении се зборуваше релативно малку, денес е во фокусот на јавниот и институционален интерес како приоритетен проблем.

Семејното насилство, опсервирано од кривично-правен аспект, при што загрозувањето на правата на жената е најевидентно, и чии што последици по жртвите се стравични и по потенцијал и по објективна штета - физичка, ментална, па дури и елементарно биолошка, всушност, претставува содржина од крајно комплексни соодноси. Тие не се само индивидуални, туку допираат и низа колективни, системски, законски, социјални, културолошки и други релации. Притоа, законската репресија, не може да биде основно и финално решение на проблемот, туку само алка, делче од еден поголем мозаик од механизми чија улога е детектирање и решавање на генезата, а паралелно на тоа и ресоцијализација на жртвите и санација на направените штети, потенцираше министерот Спасовски.

Министерот Спасовски подвлече дека низ призмата на полициската практика се постигнати добри резултати во демистифицирањето на проблемот и во санкционирање на овие кривични дела, но и дека има уште многу да се работи во неговото превенирање и решавање.

Ако се повикаме на полициските статистики јасно е дека проблемот е сè уште актуелен: само во периодот од јануари до крајот на септември годинава на ниво на државата евидентирани се 809 кривични дела од областа на семејното насилство, за кои кривично пријавени се 836 лица, а од евидентираните 863 жртви - 669 се жени, односно најмногу сопруги, вонбрачни сопруги, мајки, ќерки. На овие показатели за истиот период треба да се додадат и 290 констатирани и санкционирани прекршоци и 3.131 поплака против членови на семејството, каде што 68 отсто од жртвите за психичко, физичко или економско малтретирање се жени, ги презентираше официјалните полициски статистики министерот Спасовски.

Спасовски лоцираше дека во изминативе години, тргнувајќи од низата нови меѓународни и домашни законски промени, Министерството за внатрешни работи организационо, професионално и стручно се прилагоди кон новите трендови и стандарди во третманот на насилството врз жената, поставувајќи стандардни оперативни процедури кои што опфаќаат еден широк спектар на активности.

Тука не станува збор само за идентификување и управување со ризиците, туку дополнително и за обезбедувањето на безбедноста на жртвата во сите фази на полициското постапување. Од планирањето и спроведувањето на мерките и активностите во планот за безбедност, па сè до упатување на жените жртви на насилство и семејно насилство кон достапните услуги за помош и поддршка, и секако - документирање, собирање на сите докази за конкретен случај и релевантните информации во врска со сторителот, до целосно расчистување на кривичното дело, рече во своето обраќање министерот Спасовски.

The post Спасовски: Постигнати се добри резултати во санкционирање на насилството врз жени appeared first on Република.

]]>

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод 16 дена активизам против родово базирано насилство денеска се обрати на трибината „Мултисекторски пристап за ефикасна заштита на жени и девојчиња изложени на насилство“, во организација на Македонскиот полициски синдикат и невладината организација ЕХО што се одржа во салата на Општина Прилеп. Министерот Спасовски на почетокот констатираше дека изминативе години на глобално и на национално рамниште беа промовирани низа идеи, концепти, нормативни решенија во доменот на заштитата на жената, на спречувањето на семејното насилство, вклучително и на превенцијата од најтешките форми на криминалитет, како што се сексуалното насилство и експлоатација и дека за сето она што до пред две децении се зборуваше релативно малку, денес е во фокусот на јавниот и институционален интерес како приоритетен проблем.