насилник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nasilnik/ За подобро да се разбереме Sun, 26 May 2024 14:14:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png насилник Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nasilnik/ 32 32 Ѝ дошол дома и покрај забраната за приближување – уапсен неготинец насилник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/doshol-doma-i-pokraj-zabranata-za-priblizhuvane-uapsen-negotinets-nasilnik/ Sun, 26 May 2024 14:14:25 +0000 https://republika.mk/?p=781831

Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес.

- Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека завчера во 22.00 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Киро Крстев“ во градот, во дворот од семејната куќа на Ѓ.Т.(43), по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Т. и М.Ј.(32) од Неготино.

Полициски службеници излегле на местото, со двете лица бил извршен службен разговор и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Ѝ дошол дома и покрај забраната за приближување – уапсен неготинец насилник appeared first on Република.

]]>

Неготинец бил лишен од слобода поради непочитување на судска мерка и вознемирување на поранешна партнерка, информираа денеска од СВР Велес. - Вчера во 16.00 часот полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода З.М.(42) од Неготино, постапувајќи по претходна пријава од страна на неговата поранешна 37-годишна партнерка од тој град. Според пријавеното, З.М. не го почитувал решението од Основен суд Неготино со мерка забрана за приближување, дошол во нејзиниот дом и по кратка расправија скршил прозорец од домот. З.М. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од СВР Велес. Оттаму додадоа дека завчера во 22.00 часот, во ОВР Неготино било пријавено дека на улица „Киро Крстев“ во градот, во дворот од семејната куќа на Ѓ.Т.(43), по кратка расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ѓ.Т. и М.Ј.(32) од Неготино. Полициски службеници излегле на местото, со двете лица бил извршен службен разговор и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

The post Ѝ дошол дома и покрај забраната за приближување – уапсен неготинец насилник appeared first on Република.

]]>
Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/zhena-shto-v-politsija-prijavila-napad-vrz-nea-i-nejzinoto-kuche-pochinala-od-shok-kratko-po-povikot/ Sun, 28 Apr 2024 15:18:08 +0000 https://republika.mk/?p=771905

Утрово околу 10.20 часот во полициската станица во Макарска, Хрватска, се јавила 73-годишна жена која пријавила дека помлад маж ја оттурнал на улица, а потоа ѝ го клоцнал кучето.

Набрзо по повикот и трауматичното искуство, на несреќната жена ѝ се слошило, пренесува „Слободна Далмација“, според чии информации иако лекарите од Брзата помош пристигнале многу брзо и се обиделе да ја реанимираат, жената починала.

Полицијата брзо пронашла 40-годишен маж кој е уапсен.

Недолго по настанот, на жената ѝ се слоши и почина по пружената реанимација. Едно машко лице е приведено и се наоѓа во просториите на полицијата. За настанот е известено надлежното државно правобранителство. На местото на инцидентот се врши увид како и други мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности, рекол за весникот Јерко Куревија од Службата за односи со јавноста на Сплитската полиција.

Полицијата апелира доколку има очевидци на настанот, да контактираат со нив.

 

The post Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот appeared first on Република.

]]>

Утрово околу 10.20 часот во полициската станица во Макарска, Хрватска, се јавила 73-годишна жена која пријавила дека помлад маж ја оттурнал на улица, а потоа ѝ го клоцнал кучето. Набрзо по повикот и трауматичното искуство, на несреќната жена ѝ се слошило, пренесува „Слободна Далмација“, според чии информации иако лекарите од Брзата помош пристигнале многу брзо и се обиделе да ја реанимираат, жената починала. Полицијата брзо пронашла 40-годишен маж кој е уапсен.
Недолго по настанот, на жената ѝ се слоши и почина по пружената реанимација. Едно машко лице е приведено и се наоѓа во просториите на полицијата. За настанот е известено надлежното државно правобранителство. На местото на инцидентот се врши увид како и други мерки и дејствија за утврдување на сите факти и околности, рекол за весникот Јерко Куревија од Службата за односи со јавноста на Сплитската полиција.
Полицијата апелира доколку има очевидци на настанот, да контактираат со нив.  

The post Жена што в полиција пријавила напад врз неа и нејзиното куче, починала од шок кратко по повикот appeared first on Република.

]]>
Приведен насилник, ги истепал невенчаната сопруга и нејзината ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-nasilnik-gi-istepal-nevenchanata-sopruga-i-nejzinata-kerka/ Sat, 17 Feb 2024 16:01:53 +0000 https://republika.mk/?p=745180

На 16.02.2024 во 19:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(33) од Штип затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана 29-годишна сопруга и нејзината малолетна ќерка.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен насилник, ги истепал невенчаната сопруга и нејзината ќерка appeared first on Република.

]]>

На 16.02.2024 во 19:30 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.С.(33) од Штип затоа што во семејниот дом физички ги нападнал неговата невенчана 29-годишна сопруга и нејзината малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен насилник, ги истепал невенчаната сопруга и нејзината ќерка appeared first on Република.

]]>
Пријава против родител чие дете насилно се однесува кон соучениците во охридско училиште https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/prijava-protiv-roditel-chie-dete-nasilno-se-odnesuva-kon-souchenitsite-vo-ohridsko-uchilishte/ Wed, 27 Dec 2023 12:39:11 +0000 https://republika.mk/?p=727110

СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Ш.Е.(42) од Охрид, поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид.

Како што објаснуваат оттаму, пријавениот како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот, што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште.

 

The post Пријава против родител чие дете насилно се однесува кон соучениците во охридско училиште appeared first on Република.

]]>

СВР Охрид поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Ш.Е.(42) од Охрид, поради занемарена грижа кон својот малолетен син, ученик во едно основно училиште во Охрид. Како што објаснуваат оттаму, пријавениот како родител ја запоставил својата законска обврска за грижа и воспитување на малолетникот, што резултирало со негово насилничко однесување кон други ученици во основното училиште.  

The post Пријава против родител чие дете насилно се однесува кон соучениците во охридско училиште appeared first on Република.

]]>
25-годишник од Кисела Вода ја тепал, гризел и давел сопругата пред нивната двегодишна ќерка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/25-godishnik-od-kisela-voda-ja-tepal-grizel-i-davel-soprugata-pred-nivnata-dvegodishna-kerka/ Thu, 05 Oct 2023 10:15:26 +0000 https://republika.mk/?p=688125

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда по член 130 став 2 и Неизвршување на судска одлука по член 377 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон се обратил кон оштетената со која се во бракоразводна постапка. Пред нивната заедничка двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот. На оштетената ѝ нанел видливи повреди и продолжил да и се заканува, одземајќи ѝ го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во зградата отспротива додека случајна минувачка не повикала полиција, соопшти ОЈО.

Исто така, осомничениот, со судска одлука од Основен граѓански суд Скопје, имал изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство спрема неговата сопруга – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, забрана да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да ѝ се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата.

Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал и ги прекршувал, за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција.

Особено имајќи предвид дека осомничениот во континуитет претходно физички и психички ја малтретирал оштетената, јавниот обвинител оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело или ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува. Со такво образложение, обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

The post 25-годишник од Кисела Вода ја тепал, гризел и давел сопругата пред нивната двегодишна ќерка appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривични дела – Телесна повреда по член 130 став 2 и Неизвршување на судска одлука по член 377 став 5 од Кривичниот законик. Осомничениот 25-годишник, на 3 октомври, алкохолизиран дошол пред влез на зграда на улицата „Пушкинова“ во Кисела Вода, и најпрво со висок тон се обратил кон оштетената со која се во бракоразводна постапка. Пред нивната заедничка двегодишна ќерка грубо ја навредувал жената, а потоа и физички ја нападнал, ја влечел за косата, ја изгребал, ја гризнал и ја зграбил за вратот. На оштетената ѝ нанел видливи повреди и продолжил да и се заканува, одземајќи ѝ го телефонот. Жртвата успеала да се оттргне и да избега од местото, засолнувајќи се во зградата отспротива додека случајна минувачка не повикала полиција, соопшти ОЈО. Исто така, осомничениот, со судска одлука од Основен граѓански суд Скопје, имал изречена привремена мерка за заштита од семејно насилство спрема неговата сопруга – забрана да се заканува дека ќе стори семејно насилство врз оштетената, забрана да ја малтретира, телефонира, вознемирува, контактира или на друг начин директно или индиректно да комуницира со оштетената, забрана да ѝ се приближи на растојание помало од 100 метри од нејзиното живеалиште, работното место или определено место кое го посетува жртвата. Иако и претходно од надлежните институции му било укажано на ваквите забрани, тој не ги почитувал и ги прекршувал, за што оштетената во неколку наврати пријавувала во полиција. Особено имајќи предвид дека осомничениот во континуитет претходно физички и психички ја малтретирал оштетената, јавниот обвинител оцени дека постојат околности кои го оправдуваат стравот дека тој ќе го повтори кривичното дело или ќе го изврши кривичното дело со кое се заканува. Со такво образложение, обвинителот до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​

The post 25-годишник од Кисела Вода ја тепал, гризел и давел сопругата пред нивната двегодишна ќерка appeared first on Република.

]]>
Уапсен насилник од Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsen-nasilnik-od-bitola/ Mon, 02 Oct 2023 08:33:22 +0000 https://republika.mk/?p=687003

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.Ј.(37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

Од МВР денеска соопштија дека на 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс „Нов пазар" во Битола, пријавениот физички го нападнал И.В.(38) од Битола, при што употребил дрвен предмет.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот. Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

The post Уапсен насилник од Битола appeared first on Република.

]]>

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против П.Ј.(37) од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик. Од МВР денеска соопштија дека на 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс „Нов пазар" во Битола, пријавениот физички го нападнал И.В.(38) од Битола, при што употребил дрвен предмет. По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот. Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

The post Уапсен насилник од Битола appeared first on Република.

]]>
Насилник од Батинци му излегол со пиштол на 18-годишник https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nasilnik-od-batintsi-mu-izlegol-so-pishtol-na-18-godishnik/ Sun, 28 May 2023 15:22:30 +0000 https://republika.mk/?p=645449

Вчера во 20.00 часот во с.Батинци-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(41) од с.Батинци, поради тоа што околу 14.10 часот додека Е.Р.(18) од Скопје бил во возило кој го управувал негов познаник од с.Батинци кон населбата Драчево, пријавениот со возило им го попречил патот.

Потоа физички го нападнал Е.Р. и му се заканувал со пиштол.

Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство“.

 

The post Насилник од Батинци му излегол со пиштол на 18-годишник appeared first on Република.

]]>

Вчера во 20.00 часот во с.Батинци-скопско полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Р.С.(41) од с.Батинци, поради тоа што околу 14.10 часот додека Е.Р.(18) од Скопје бил во возило кој го управувал негов познаник од с.Батинци кон населбата Драчево, пријавениот со возило им го попречил патот. Потоа физички го нападнал Е.Р. и му се заканувал со пиштол. Известен бил Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “насилство“.  

The post Насилник од Батинци му излегол со пиштол на 18-годишник appeared first on Република.

]]>
МВР: Насилникот од Петровец е лишен од слобода https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mvr-nasilnikot-od-petrovets-e-lishen-od-sloboda/ Sat, 29 Apr 2023 10:51:18 +0000 https://republika.mk/?p=635224

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите објавени во дел од медиумите за наводно нереагирање на полицијата во врска со извршено насилство врз М.З. (24) од Петровец, скопско.

Напротив, веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје и насилникот е лишен од слобода. Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото.

Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ, информираат од МВР.

The post МВР: Насилникот од Петровец е лишен од слобода appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи ги демантира наводите објавени во дел од медиумите за наводно нереагирање на полицијата во врска со извршено насилство врз М.З. (24) од Петровец, скопско. Напротив, веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје и насилникот е лишен од слобода. Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото. Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ, информираат од МВР.

The post МВР: Насилникот од Петровец е лишен од слобода appeared first on Република.

]]>
ИРЛ: Дивиот таксист насилник кој сексуално нападна студентка избега од државата и никој не го бара https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/irl-diviot-taksist-nasilnik-koj-seksualno-napadna-studentka-izbega-od-drzhavata-i-nikoj-ne-go-bara/ Sun, 12 Feb 2023 13:17:36 +0000 https://republika.mk/?p=608012

Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија од полицијата која и онака не сакаше да го најде. Го гонат само за недолично однесување. Униформираните полицијаци се една од клучните причини зошто многу девојки и жени одлучуваат да не пријават семејно насилство или сексуален напад и вознемирување, пишува ИРЛ.

Деветнаесет годишната студентка – жртва, за ИРЛ расакажува дека чувствува безнадежност и немоќ, иако уредно се обрати до институциите за да побара правда за себе и да спречи насилникот повторно да нападне.

Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста.

Физички нападната жена, сексуално вознемирувана девојка, претепана сопруга – ова е македонската реалност отсликана во секојдневието на полицискиот билтен. Почетокот на годинава покажува дека полицијата бележела пријави од малтретирани девојки, но без исход дали насилниците се фатени и казнети.

Последен во низата настани кои што ја вознемирија јавноста е кога пред две недели таксист сексуално нападна 19 годишна студентка од Кичево. Тинејџерката случајот го пријави во полиција. Но наместо брза интервенција, таа уште три пати во полициска станица раскажуваше што ѝ се случувало. И додека униформираните полицајци утврдуваа дали тинејџерката е жртва, таксистот избега и не е во земјава. Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста, стои во текстот на ИРЛ кој може во целост да го прочитате ТУКА.

 

The post ИРЛ: Дивиот таксист насилник кој сексуално нападна студентка избега од државата и никој не го бара appeared first on Република.

]]>

Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија од полицијата која и онака не сакаше да го најде. Го гонат само за недолично однесување. Униформираните полицијаци се една од клучните причини зошто многу девојки и жени одлучуваат да не пријават семејно насилство или сексуален напад и вознемирување, пишува ИРЛ. Деветнаесет годишната студентка – жртва, за ИРЛ расакажува дека чувствува безнадежност и немоќ, иако уредно се обрати до институциите за да побара правда за себе и да спречи насилникот повторно да нападне. Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста. Физички нападната жена, сексуално вознемирувана девојка, претепана сопруга – ова е македонската реалност отсликана во секојдневието на полицискиот билтен. Почетокот на годинава покажува дека полицијата бележела пријави од малтретирани девојки, но без исход дали насилниците се фатени и казнети. Последен во низата настани кои што ја вознемирија јавноста е кога пред две недели таксист сексуално нападна 19 годишна студентка од Кичево. Тинејџерката случајот го пријави во полиција. Но наместо брза интервенција, таа уште три пати во полициска станица раскажуваше што ѝ се случувало. И додека униформираните полицајци утврдуваа дали тинејџерката е жртва, таксистот избега и не е во земјава. Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста, стои во текстот на ИРЛ кој може во целост да го прочитате ТУКА.  

The post ИРЛ: Дивиот таксист насилник кој сексуално нападна студентка избега од државата и никој не го бара appeared first on Република.

]]>
За врат извадил 15-годишник од кафуле па го претепал во подземна гаража, а потоа во училешен двор нападнал уште две деца https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/za-vrat-izvadil-15-godishnik-od-kafule-pa-go-pretepal-vo-podzemna-garaza-a-potoa-vo-uchileshen-dvor-napadnal-ushte-dve-deca/ Sun, 11 Sep 2022 07:25:19 +0000 https://republika.mk/?p=549617

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.

На 9 септември, пред средно училиште и кафе бар во Кисела Вода, осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи исти прилики, односно сторил грубо насилство врз три деца.

Додека едно од оштетените 15-годишни деца седело во кафе барот заедно со неговите соученици, осомничениот влегол заедно со уште две непознати лица, го фатил детето за вратот и насилно го извадил надвор.

Давејќи го за врат го однел до подземни гаражи во непосредна близина и со тупаница го удрил по лицето, нанесувајќи му тешки телесни повреди – фрактура на два предни заба, набиеници на усните и потрес на мозокот.

Потоа осомничениот во придружба на другите две лица влегол во дворот училиштето, се приближил до уште две 15-годишни деца, удирајќи ги со шлаканици и со тупаница и нанесувајќи им телесни повреди. Осомничениот со насилството предизвикал чувство на страв и несигурност кај присутните ученици и кај други сведоци на настанот.

Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

The post За врат извадил 15-годишник од кафуле па го претепал во подземна гаража, а потоа во училешен двор нападнал уште две деца appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 20-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил продолжено кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. На 9 септември, пред средно училиште и кафе бар во Кисела Вода, осомничениот со умисла извршил две временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело искористувајќи исти прилики, односно сторил грубо насилство врз три деца. Додека едно од оштетените 15-годишни деца седело во кафе барот заедно со неговите соученици, осомничениот влегол заедно со уште две непознати лица, го фатил детето за вратот и насилно го извадил надвор. Давејќи го за врат го однел до подземни гаражи во непосредна близина и со тупаница го удрил по лицето, нанесувајќи му тешки телесни повреди – фрактура на два предни заба, набиеници на усните и потрес на мозокот. Потоа осомничениот во придружба на другите две лица влегол во дворот училиштето, се приближил до уште две 15-годишни деца, удирајќи ги со шлаканици и со тупаница и нанесувајќи им телесни повреди. Осомничениот со насилството предизвикал чувство на страв и несигурност кај присутните ученици и кај други сведоци на настанот. Бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство, постои основан страв дека осомничениот ќе ја попречува кривичната постапка со влијание врз сведоците и особени околности кои го оправдуваат стравот дека ќе стори кривично дело со кое се заканува, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор.​

The post За врат извадил 15-годишник од кафуле па го претепал во подземна гаража, а потоа во училешен двор нападнал уште две деца appeared first on Република.

]]>
Истепал малолетник пред кафуле, па уште двајца пред средно училиште во Кисела Вода, уапсено 21-годишно момче во Аеродром https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/istepal-maloletnik-pred-kafule-pa-ushte-dvajca-pred-sredno-uchilishte-vo-kisela-voda-uapseno-21-godishno-momche-vo-aerodrom/ Sat, 10 Sep 2022 12:27:47 +0000 https://republika.mk/?p=549425

Полициски службеници од Полициската станица Аеродром, синоќа во 20:00 часот на бул.„Србија“ го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје.

Како што информираат од МВР, М.Л. претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал уште двајца малолетници.

М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ - велат од МВР.

The post Истепал малолетник пред кафуле, па уште двајца пред средно училиште во Кисела Вода, уапсено 21-годишно момче во Аеродром appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Полициската станица Аеродром, синоќа во 20:00 часот на бул.„Србија“ го лишиле од слобода М.Л.(21) од Скопје. Како што информираат од МВР, М.Л. претходно пред угостителски објект на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал малолетник, а потоа во близина на средно училиште на подрачјето на Кисела Вода физички нападнал уште двајца малолетници.
М.Л. бил приведен и задржан во Полициската станица Кисела Вода, а по комплетно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“ - велат од МВР.

The post Истепал малолетник пред кафуле, па уште двајца пред средно училиште во Кисела Вода, уапсено 21-годишно момче во Аеродром appeared first on Република.

]]>
Без лична карта сакал да подигне дебитна картичка од банка, кога одбиле почнал да навредува и да крши https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/bez-lichna-karta-sakal-da-podigne-debitna-kartichka-od-banka-koga-odbile-pochnal-da-navreduva-i-da-krshi/ Sat, 27 Aug 2022 12:20:44 +0000 https://republika.mk/?p=544694

На 26.08.2022 во 15.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.И.(28) од Скопје, поради кривично дело насилство.

Според пријавеното, околу 15.00 часот, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката - информираат од МВР.

Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.

The post Без лична карта сакал да подигне дебитна картичка од банка, кога одбиле почнал да навредува и да крши appeared first on Република.

]]>

На 26.08.2022 во 15.30 часот од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.И.(28) од Скопје, поради кривично дело насилство.
Според пријавеното, околу 15.00 часот, тој влегол во експозитура на банка на подрачјето на Бит Пазар и побарал без лична карта да си ја подигне својата дебитна картичка, но од страна на вработена во банката му било кажано дека тоа не е возможно, по што тој почнал да ги навредува вработените и да им упатува сериозни закани по животот, а потоа да го уништува инвентарот во банката - информираат од МВР.
Од страна на Единицата за насилен криминал-Одделение за насилен криминал при СВР Скопје во консултација со ОЈО Скопје ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за сторено кривично дело „насилство“.

The post Без лична карта сакал да подигне дебитна картичка од банка, кога одбиле почнал да навредува и да крши appeared first on Република.

]]>
Обвивение против монструм: Со месеци ја малтретирал и тепал девојката, ѝ забранувал да излезе од дома https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvivenie-protiv-monstrum-so-meseci-ja-maltretiral-i-tepal-devojkata-zabranuval-da-izleze-od-doma/ Wed, 24 Aug 2022 13:00:43 +0000 https://republika.mk/?p=543688

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“.

Обвинетиот, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати и ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница. Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди, а потоа и забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со поднесеното обвинение доставил и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице.

The post Обвивение против монструм: Со месеци ја малтретирал и тепал девојката, ѝ забранувал да излезе од дома appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела „противправно лишување од слобода“ и „телесна повреда“. Обвинетиот, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, во периодот од 10.10.2021 година до 12.03.2022 година, при вршење семејно насилство, во два наврати и ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил оштетената со која живеел во вонбрачна заедница. Физички ја напаѓал оштетената, удирајќи ја со тупаници по главата и телото и нанесувајќи и телесни повреди, а потоа и забранувал со денови да го напушта заедничкиот дом. Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје заедно со поднесеното обвинение доставил и предлог за определување мерка притвор за обвинетото лице.

The post Обвивение против монструм: Со месеци ја малтретирал и тепал девојката, ѝ забранувал да излезе од дома appeared first on Република.

]]>
Требаше да истепа три жени за конечно да биде уапсен насилник од Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/trebashe-da-istepa-tri-zeni-za-konechno-da-bide-uapsen-nasilnik-od-skopje/ Wed, 24 Aug 2022 12:00:02 +0000 https://republika.mk/?p=543646

Приведен е скопјанецот М.Т.(41) поради физички напади и загрозување на сигурноста на три жени.

МВР информира дека вчера, во 17.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(41) од Скопје поради физички напади и загрозување на сигурноста.

Првото кривично дело пријавениот го сторил на 29.11.2020 на подрачјето на Центар, при што физички ја нападнал неговата 40-годишна тогашна партнерка од Скопје. Второто кривично дело го извршил на 24.07.2021 на подрачјето на Карпош упатувајќи закани по животот на 42-годишна жена од Скопје. Третото кривично дело пријавениот го извршил на 09.03.2022 на подрачјето на Центар така што физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка од Скопје нанесувајќи и повреди, а упатувал и закани по нејзиниот живот, известуваат од МВР.

Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје до ОЈО Скопје против пријавениот поднесе соодветна кривична пријава по брза постапка и тој во текот на денот ќе биде изведен пред надлежен судија.

The post Требаше да истепа три жени за конечно да биде уапсен насилник од Скопје appeared first on Република.

]]>

Приведен е скопјанецот М.Т.(41) поради физички напади и загрозување на сигурноста на три жени. МВР информира дека вчера, во 17.25 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.Т.(41) од Скопје поради физички напади и загрозување на сигурноста.
Првото кривично дело пријавениот го сторил на 29.11.2020 на подрачјето на Центар, при што физички ја нападнал неговата 40-годишна тогашна партнерка од Скопје. Второто кривично дело го извршил на 24.07.2021 на подрачјето на Карпош упатувајќи закани по животот на 42-годишна жена од Скопје. Третото кривично дело пријавениот го извршил на 09.03.2022 на подрачјето на Центар така што физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка од Скопје нанесувајќи и повреди, а упатувал и закани по нејзиниот живот, известуваат од МВР.
Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје до ОЈО Скопје против пријавениот поднесе соодветна кривична пријава по брза постапка и тој во текот на денот ќе биде изведен пред надлежен судија.

The post Требаше да истепа три жени за конечно да биде уапсен насилник од Скопје appeared first on Република.

]]>
Насилник од Шуто Оризари доби кривична, ја нападнал невенчаната сопруга https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/nasilnik-od-shuto-orizari-dobi-krivichna-ja-napadnal-nevenchanata-sopruga/ Mon, 01 Aug 2022 14:48:36 +0000 https://republika.mk/?p=535805

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(27) од скопско Шуто Оризари поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.

Тој, на 17.06.2022 во Струга физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, по што се обидел да ја повреди со остар предмет.

The post Насилник од Шуто Оризари доби кривична, ја нападнал невенчаната сопруга appeared first on Република.

]]>

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(27) од скопско Шуто Оризари поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Тој, на 17.06.2022 во Струга физички ја нападнал неговата невенчана сопруга, по што се обидел да ја повреди со остар предмет.

The post Насилник од Шуто Оризари доби кривична, ја нападнал невенчаната сопруга appeared first on Република.

]]>
Дете и жена сведоци на насилство: Преживеале драма во Центар, насилникот доби притвор https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dete-i-zena-svedoci-na-nasilstvo-preziveale-drama-vo-centar-nasilnikot-dobi-pritvor/ Thu, 12 May 2022 18:44:28 +0000 https://republika.mk/?p=501647

Денеска (12.05.2022) од страна на инспектори од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје од слобода е лишен Б.Н.(39), поради постоење основи на сомнение за кривично дело “насилство” по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 10.05.2022 на подрачјето на Центар физички го нападнал Д.Ј.(34) од Скопје и му го оштетил неговото патничко возило, додека во него биле сопругата и малолетното дете.

Во координација со Јавен обвинител на 12.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и утврден е идентитетот на сторителот, а до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка.

На Б.Н. од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд- Скопје му е одредена мерка притвор.

The post Дете и жена сведоци на насилство: Преживеале драма во Центар, насилникот доби притвор appeared first on Република.

]]>

Денеска (12.05.2022) од страна на инспектори од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје од слобода е лишен Б.Н.(39), поради постоење основи на сомнение за кривично дело “насилство” по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 10.05.2022 на подрачјето на Центар физички го нападнал Д.Ј.(34) од Скопје и му го оштетил неговото патничко возило, додека во него биле сопругата и малолетното дете. Во координација со Јавен обвинител на 12.05.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал, превземени се мерки и утврден е идентитетот на сторителот, а до ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка. На Б.Н. од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд- Скопје му е одредена мерка притвор.

The post Дете и жена сведоци на насилство: Преживеале драма во Центар, насилникот доби притвор appeared first on Република.

]]>
ОЈО Велес ја отфрли кривичната против насилникот кој ја тепаше, давеше и силуваше Моника https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ojo-veles-ja-otfrli-krivichnata-protiv-nasilnikot-koj-ja-tepashe-daveshe-i-siluvashe-monika/ Wed, 02 Mar 2022 14:53:42 +0000 https://republika.mk/?p=466550

Девојката од Велес која на 2 август 2020 година била натепана, давена, силувана и повторно натепана со клоци и боксови од поранешното момче, нејзин сограѓанин, е во шок откако вчера Јавното обвинителство на Велес донело одлука дека истрагата за овој случај ја запира.

Нема обвинение за пријавениот ни за нанесување телесни повреди, обвинителството ја упатило девојката ако сака и ако смета, сторителот да го гони со приватна тужба што би ја поднела до обвинителството.

Донесена е наредба за запирање на истражната постапка за случајот за кој прашувате, бидејќи нема докази дека сторителот го извршил кривичното дело ‘силување’. Подносителката на кривичната пријава има право во рок од 8 дена од добивањето на наредбата со која се запира истрагата, да поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје, кое би одлучило по евентуалниот поднесен приговор. Во тој случај до Вишото обвинителство ќе биде испратен целиот предмет, со сите списи и собрани докази во текот на периодот за кој се водеше истрагата, вели за САКАМДАКАЖАМ Основното јавно обвинителство – Велес.

На прашање зошто не се гони за насилничкото однесување и ќотекот што ѝ го удрил пријавениот на девојката, од ОЈО Велес ни рекоа дека таа има право да поднесе приватна тужба до обвинителството, за нанесување телесни повреди.

Овој случај не е познат само по тоа што жртвата по силувањето и тепањето излезе јавно да зборува за тоа што го претрпела, со модриците и раните што ги имаше на себе, барајќи брзо да реагира обвинителството (што не се случи). Ќе остане запаметен во кривичната пракса и по тоа што летоска надлежната обвинителка направила реконструкција на силувањето, во присуство на жртвата и на сторителот.

Чекајќи правда, вели нејзината мајка, девојката за овој период од година ипол, се разболела. Речиси никаде не излегува од моментот кога се случил настанот и е за првпат во животот под терапија и лекарски третмани. Од вчера, кога настапил дополнителниот шок по одлуката на велешкото обвинителство, мајката зела слободни денови од работа, за да ја чува дома 26-годишната ќерка.

Девојката чекаше правда, исто како и пријавениот, нејзино поранешно момче. Кај неа се заздравени модринките од тепањето, но од таа ноќ па до денес, живее под тежок притисок и во психички трауми и болка.

Целиот текст на СДК.МК

The post ОЈО Велес ја отфрли кривичната против насилникот кој ја тепаше, давеше и силуваше Моника appeared first on Република.

]]>

Девојката од Велес која на 2 август 2020 година била натепана, давена, силувана и повторно натепана со клоци и боксови од поранешното момче, нејзин сограѓанин, е во шок откако вчера Јавното обвинителство на Велес донело одлука дека истрагата за овој случај ја запира. Нема обвинение за пријавениот ни за нанесување телесни повреди, обвинителството ја упатило девојката ако сака и ако смета, сторителот да го гони со приватна тужба што би ја поднела до обвинителството. Донесена е наредба за запирање на истражната постапка за случајот за кој прашувате, бидејќи нема докази дека сторителот го извршил кривичното дело ‘силување’. Подносителката на кривичната пријава има право во рок од 8 дена од добивањето на наредбата со која се запира истрагата, да поднесе жалба до Вишото јавно обвинителство Скопје, кое би одлучило по евентуалниот поднесен приговор. Во тој случај до Вишото обвинителство ќе биде испратен целиот предмет, со сите списи и собрани докази во текот на периодот за кој се водеше истрагата, вели за САКАМДАКАЖАМ Основното јавно обвинителство – Велес. На прашање зошто не се гони за насилничкото однесување и ќотекот што ѝ го удрил пријавениот на девојката, од ОЈО Велес ни рекоа дека таа има право да поднесе приватна тужба до обвинителството, за нанесување телесни повреди. Овој случај не е познат само по тоа што жртвата по силувањето и тепањето излезе јавно да зборува за тоа што го претрпела, со модриците и раните што ги имаше на себе, барајќи брзо да реагира обвинителството (што не се случи). Ќе остане запаметен во кривичната пракса и по тоа што летоска надлежната обвинителка направила реконструкција на силувањето, во присуство на жртвата и на сторителот. Чекајќи правда, вели нејзината мајка, девојката за овој период од година ипол, се разболела. Речиси никаде не излегува од моментот кога се случил настанот и е за првпат во животот под терапија и лекарски третмани. Од вчера, кога настапил дополнителниот шок по одлуката на велешкото обвинителство, мајката зела слободни денови од работа, за да ја чува дома 26-годишната ќерка. Девојката чекаше правда, исто како и пријавениот, нејзино поранешно момче. Кај неа се заздравени модринките од тепањето, но од таа ноќ па до денес, живее под тежок притисок и во психички трауми и болка. Целиот текст на СДК.МК

The post ОЈО Велес ја отфрли кривичната против насилникот кој ја тепаше, давеше и силуваше Моника appeared first on Република.

]]>