насилни протести Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nasilni-protesti/ За подобро да се разбереме Sun, 02 Jul 2023 17:10:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png насилни протести Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nasilni-protesti/ 32 32 Шолц: Германија „со загриженост“ ги следи немирите во Франција https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/sholts-germanija-so-zagrizhenost-gi-sledi-nemirite-vo-frantsija/ Sun, 02 Jul 2023 17:01:07 +0000 https://republika.mk/?p=657496

Германија „со загриженост“ ги следи немирите во Франција, поради што е одложена и планираната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Берлин, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц.

Во интервју за телевизискиот канал АРД, Шолц изрази надеж дека француските власти брзо ќе ја исконтролираат ситуацијата.

- Не очекувам Франција да стане нестабилна, иако (телевизиските) снимки се многу загрижувачки. Со Франција имаме пријателски односи и со заеднички сили гарантираме дека Европската унија, која е толку важна за нашата иднина, функционира добро, поради што со загриженост следиме што се случува во таа земја. Искрено се надевам, и целосно сум убеден, дека францускиот претседател ќе најде начини кои гарантираат брзо подобрување на ситуацијата, рече Шолц.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека ја одложува државната посета на Германија, која требаше да започне вечерва.

Причината за одложувањето се немирите во Франција кои избувнаа во вторникот по убиството на тинејџер од страна на полицаец во предградие на Париз.

The post Шолц: Германија „со загриженост“ ги следи немирите во Франција appeared first on Република.

]]>

Германија „со загриженост“ ги следи немирите во Франција, поради што е одложена и планираната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Берлин, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц. Во интервју за телевизискиот канал АРД, Шолц изрази надеж дека француските власти брзо ќе ја исконтролираат ситуацијата. - Не очекувам Франција да стане нестабилна, иако (телевизиските) снимки се многу загрижувачки. Со Франција имаме пријателски односи и со заеднички сили гарантираме дека Европската унија, која е толку важна за нашата иднина, функционира добро, поради што со загриженост следиме што се случува во таа земја. Искрено се надевам, и целосно сум убеден, дека францускиот претседател ќе најде начини кои гарантираат брзо подобрување на ситуацијата, рече Шолц. Францускиот претседател Емануел Макрон вчера соопшти дека ја одложува државната посета на Германија, која требаше да започне вечерва. Причината за одложувањето се немирите во Франција кои избувнаа во вторникот по убиството на тинејџер од страна на полицаец во предградие на Париз.

The post Шолц: Германија „со загриженост“ ги следи немирите во Франција appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе биде погребано момчето чија смрт ја крена Франција на нозе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/deneska-ke-bide-pogrebano-momcheto-chija-smrt-ja-krena-frantsija-na-noze/ Sat, 01 Jul 2023 10:04:01 +0000 https://republika.mk/?p=657071

Денеска ќе биде погребан 17-годишниот Наел М., чија смрт ги предизвика насилните протести во Франција. Неговото семејството побара од медиумите и јавноста да не присуствуваат на погребот во Нантер.

Наел живеел со неговата мајка во Нантер, некогаш најголемиот центар за алжирски имигранти. Тој никогаш не го запознал неовиот татко. Работел како доставувач. Се запишал во средно училиште за да стане електричар, но, како што пишуваат медиумите, но не одел на настава. Затоа бил вклучен во посебна програма на невладина организација која се занимава со социјална интеграција на тинејџери кои имале проблеми на училиште.

Оваа организација соопшти дека Наел не се занимавал со малолетничка деликвенција, но полицијата во 2021 година неколку пати го запирала во автомобилот со кој доставувал пратки.

Тој бил обвинет и за злоупотреба на привремената возачка дозвола, бидејќи во Франција е дозволено да се вози без придружба над 18 години.

Минатиот вторник Наел тргнал на последното возење, кога полицаец го застрелал додека бил во автомобилот со уште две лица.

Обвинителот на Нантер рече дека врз основа на доказите од истрагата што ја водел, употребата на оружје од страна на полицаецот „не е оправдана“ и дека ќе биде обвинет за убиство од небрежност, пренесуваат француските медиуми.

Тој најави и дека токсиколошката истрага не покажала дека 17-годишниот возач бил под дејство на алкохол или дрога, како и неговата сопатничка, додека се трага по третото лице кое било во автомобилот и побегнало.

Мајката на Наел раскажа за последниот ден од неговиот живот, сеќавајќи се дека тој ја бакал пред да замине на работа и ѝ рекол: „Те сакам мамо“.

Зборувајќи за 38-годишниот полицаец обвинет за убиството на нејзиниот син, мајката на Наел изјавила:

-Не мораше да го убие син ми, имало и други начини како да се справи со него.

The post Денеска ќе биде погребано момчето чија смрт ја крена Франција на нозе appeared first on Република.

]]>

Денеска ќе биде погребан 17-годишниот Наел М., чија смрт ги предизвика насилните протести во Франција. Неговото семејството побара од медиумите и јавноста да не присуствуваат на погребот во Нантер. Наел живеел со неговата мајка во Нантер, некогаш најголемиот центар за алжирски имигранти. Тој никогаш не го запознал неовиот татко. Работел како доставувач. Се запишал во средно училиште за да стане електричар, но, како што пишуваат медиумите, но не одел на настава. Затоа бил вклучен во посебна програма на невладина организација која се занимава со социјална интеграција на тинејџери кои имале проблеми на училиште. Оваа организација соопшти дека Наел не се занимавал со малолетничка деликвенција, но полицијата во 2021 година неколку пати го запирала во автомобилот со кој доставувал пратки. Тој бил обвинет и за злоупотреба на привремената возачка дозвола, бидејќи во Франција е дозволено да се вози без придружба над 18 години. Минатиот вторник Наел тргнал на последното возење, кога полицаец го застрелал додека бил во автомобилот со уште две лица. Обвинителот на Нантер рече дека врз основа на доказите од истрагата што ја водел, употребата на оружје од страна на полицаецот „не е оправдана“ и дека ќе биде обвинет за убиство од небрежност, пренесуваат француските медиуми. Тој најави и дека токсиколошката истрага не покажала дека 17-годишниот возач бил под дејство на алкохол или дрога, како и неговата сопатничка, додека се трага по третото лице кое било во автомобилот и побегнало. Мајката на Наел раскажа за последниот ден од неговиот живот, сеќавајќи се дека тој ја бакал пред да замине на работа и ѝ рекол: „Те сакам мамо“. Зборувајќи за 38-годишниот полицаец обвинет за убиството на нејзиниот син, мајката на Наел изјавила: -Не мораше да го убие син ми, имало и други начини како да се справи со него.

The post Денеска ќе биде погребано момчето чија смрт ја крена Франција на нозе appeared first on Република.

]]>
Приведени 994 демонстранти, запалени 1.350 автомобили и 234 објекти во нередите во Франција изминатата ноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/privedeni-994-demonstranti-zapaleni-1-350-avtomobili-i-234-objekti-vo-neredite-vo-frantsija-izminatata-nok/ Sat, 01 Jul 2023 08:24:20 +0000 https://republika.mk/?p=657058

Речиси 1.000 луѓе се приведени изминатата ноќ во нередите во Франција, кои избувнаа откако тинејџер беше убиен од полицаец во вторникот во предградие на главниот град Париз.

Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени 994 лица. Повредени се 79 полицајци и припадници на жандармеријата.

Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти. Надлежните регистрирале вкупно 2.560 пожари.

Насилни протести синоќа, четврта ноќ по ред, имаше во Марсеј, Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил.

За справување со нередите биле ангажирани околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.

The post Приведени 994 демонстранти, запалени 1.350 автомобили и 234 објекти во нередите во Франција изминатата ноќ appeared first on Република.

]]>

Речиси 1.000 луѓе се приведени изминатата ноќ во нередите во Франција, кои избувнаа откако тинејџер беше убиен од полицаец во вторникот во предградие на главниот град Париз. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека се уапсени 994 лица. Повредени се 79 полицајци и припадници на жандармеријата. Запалени се околу 1.350 автомобили, а опожарени или оштетени се 234 објекти. Надлежните регистрирале вкупно 2.560 пожари. Насилни протести синоќа, четврта ноќ по ред, имаше во Марсеј, Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил. За справување со нередите биле ангажирани околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери.

The post Приведени 994 демонстранти, запалени 1.350 автомобили и 234 објекти во нередите во Франција изминатата ноќ appeared first on Република.

]]>
Четврта ноќ насилни протести во Франција, ангажирани над 45 илјади полицајци, оклопни возила и хеликоптери https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/chetvrta-nok-nasilni-protesti-vo-frantsija-angazhirani-nad-45-iljadi-politsajtsi-oklopni-vozila-i-helikopteri/ Sat, 01 Jul 2023 07:43:03 +0000 https://republika.mk/?p=657043

Во поголемите француски градови и синоќа, четврта ноќ по ред, имаше насилни протести, откако полицијата во вторникот застрела 17-годишно момче во предградие на Париз.

Најдраматично, како што јавуваат француските медиуми, ноќеска беше во Марсеј, а протести, насилства и кражби имаше и во Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил. Запалени се згради и возила, ограбени продавници.

Околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери се ангажирани во задушувањето на протестите.

Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен објави дека синоќа биле приведени 270 лица, со што вкупниот број на уапсени во немирите достигна над 1.100. Повредени се повеќе од 200 полицајци.

На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како експлозија го потресува старото пристаниште во Марсеј. Градските власти соопштија дека е во тек истрага за причината за експлозијата и оти нема информации за повредени.

Во центарот на Марсеј, демонстрантите ограбија продавница за оружје и украдоа неколку ловечки пушки, но без муниција, соопшти полицијата. Едно лице е уапсено со пушка за која се верува дека е одземена од продавница.

Вкупно 80 лица се приведени во Марсеј, а тројца полицајци се полесно повредени.

Градоначалникот Беноа Пајан ја повика владата веднаш да испрати дополнителни единици за справување со немирите.

Во третиот по големина град во Франција, Лион, жандармеријата испрати оклопни транспортери и хеликоптер.

Во Париз, полицијата успеа да ги расчисти демонстрантите од плоштадот  Конкорд.

Министерот Дарманен побара од локалните власти ширум Франција да го запрат јавниот превоз по 21 часот. Тој не ја исклучи можноста и за воведување вонредна состојба.

Претседателот Емануел Макрон, кој се соочува со најтешката криза од протестите на „жолтите елеци“ во 2018 година, вчера предвреме го напушти Самитот на ЕУ и се врати во Париз.

Немирите во Франција избувнаа отако полицаец во вторникот во париското предгради Нантер смртно го застрела 17-годишниот Наел М..

Неговата смрт повторно го разгоре незадоволството кај сиромашните, мешани урбани заедници кои се жалат на полициска бруталност и на расизам.

The post Четврта ноќ насилни протести во Франција, ангажирани над 45 илјади полицајци, оклопни возила и хеликоптери appeared first on Република.

]]>

Во поголемите француски градови и синоќа, четврта ноќ по ред, имаше насилни протести, откако полицијата во вторникот застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. Најдраматично, како што јавуваат француските медиуми, ноќеска беше во Марсеј, а протести, насилства и кражби имаше и во Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил. Запалени се згради и возила, ограбени продавници. Околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери се ангажирани во задушувањето на протестите. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен објави дека синоќа биле приведени 270 лица, со што вкупниот број на уапсени во немирите достигна над 1.100. Повредени се повеќе од 200 полицајци. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како експлозија го потресува старото пристаниште во Марсеј. Градските власти соопштија дека е во тек истрага за причината за експлозијата и оти нема информации за повредени. Во центарот на Марсеј, демонстрантите ограбија продавница за оружје и украдоа неколку ловечки пушки, но без муниција, соопшти полицијата. Едно лице е уапсено со пушка за која се верува дека е одземена од продавница. Вкупно 80 лица се приведени во Марсеј, а тројца полицајци се полесно повредени. Градоначалникот Беноа Пајан ја повика владата веднаш да испрати дополнителни единици за справување со немирите. Во третиот по големина град во Франција, Лион, жандармеријата испрати оклопни транспортери и хеликоптер. Во Париз, полицијата успеа да ги расчисти демонстрантите од плоштадот  Конкорд. Министерот Дарманен побара од локалните власти ширум Франција да го запрат јавниот превоз по 21 часот. Тој не ја исклучи можноста и за воведување вонредна состојба. Претседателот Емануел Макрон, кој се соочува со најтешката криза од протестите на „жолтите елеци“ во 2018 година, вчера предвреме го напушти Самитот на ЕУ и се врати во Париз. Немирите во Франција избувнаа отако полицаец во вторникот во париското предгради Нантер смртно го застрела 17-годишниот Наел М.. Неговата смрт повторно го разгоре незадоволството кај сиромашните, мешани урбани заедници кои се жалат на полициска бруталност и на расизам.

The post Четврта ноќ насилни протести во Франција, ангажирани над 45 илјади полицајци, оклопни возила и хеликоптери appeared first on Република.

]]>
Таравари: Во инцидентите на протестите директно се вклучени ДУИ и СДСМ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/taravari-vo-incidentite-na-protestite-direktno-se-vklucheni-dui-i-sdsm/ Wed, 13 Jul 2022 18:54:26 +0000 https://republika.mk/?p=528297

Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека иицидентите кои се случија на еден од протестите, кога нивни сопартиец извади пиштол и пукаше кон масата демонстранти биле испровоцирани од навивачките групи на Шкупи, со кои управувал Артан Груби.

Ние воопшто не сме активни на протестите. Дури и не сме за протестите. Кој сака, може да си протестира, кој не сака, не мора. Само во неколку наврати кажавме дека сме против говор на омраза. Инаку, на една од петте вечери што се протестираше се случи тој немил настан пред Мавровка последните информации ми кажуваат дека тука директно се вклучени ДУИ и СДСМ. Јас лично до пред некој ден ги немав видено снимките, но откако убаво ги прегледав, видов дека над мостот одредени активисти, и тоа блиски до ДУИ и Артан Груби, фрлаа со камења, вели Таравари.

За оние кои од мостот флаа со камења и палети, Таравари вели дека се навивачките групи на Шкупи и практично тие ја исценирале и испровоцирале целата ситуација.

Сето тоа е инсценирано. Постои и еден друг дел од приказната. Една вечер пред тоа, поточно на 5 јули вечерта е демолиран хотелот на човекот што пукаше со пиштол, кој јас воопшто не го оправдувам. Значи, нема оправдување за користење оружје во вакви ситуации. Меѓутоа, на снимките се гледа дека и полицијата е тотално пасивна, така што целта беше да се создаде тоа што Бујар Османи го најавуваше пред пет, шест дена. Добро е што заврши без некакви последици, вели Таравари.

The post Таравари: Во инцидентите на протестите директно се вклучени ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>

Градоначалникот на Гостивар и потпретседател на Алијанса за Албанците Арбен Таравари во интервју за „Фокус“ тврди дека иицидентите кои се случија на еден од протестите, кога нивни сопартиец извади пиштол и пукаше кон масата демонстранти биле испровоцирани од навивачките групи на Шкупи, со кои управувал Артан Груби.
Ние воопшто не сме активни на протестите. Дури и не сме за протестите. Кој сака, може да си протестира, кој не сака, не мора. Само во неколку наврати кажавме дека сме против говор на омраза. Инаку, на една од петте вечери што се протестираше се случи тој немил настан пред Мавровка последните информации ми кажуваат дека тука директно се вклучени ДУИ и СДСМ. Јас лично до пред некој ден ги немав видено снимките, но откако убаво ги прегледав, видов дека над мостот одредени активисти, и тоа блиски до ДУИ и Артан Груби, фрлаа со камења, вели Таравари.
За оние кои од мостот флаа со камења и палети, Таравари вели дека се навивачките групи на Шкупи и практично тие ја исценирале и испровоцирале целата ситуација.
Сето тоа е инсценирано. Постои и еден друг дел од приказната. Една вечер пред тоа, поточно на 5 јули вечерта е демолиран хотелот на човекот што пукаше со пиштол, кој јас воопшто не го оправдувам. Значи, нема оправдување за користење оружје во вакви ситуации. Меѓутоа, на снимките се гледа дека и полицијата е тотално пасивна, така што целта беше да се создаде тоа што Бујар Османи го најавуваше пред пет, шест дена. Добро е што заврши без некакви последици, вели Таравари.

The post Таравари: Во инцидентите на протестите директно се вклучени ДУИ и СДСМ appeared first on Република.

]]>
САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sad-povikaa-na-vozdrzanost-od-nasilstvo-na-protestite-vo-skopje/ Thu, 07 Jul 2022 20:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=525694

САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикаа на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје, изјавија за МИА од американскиот Стејт департмент.

Оттаму укажаа дека пристапувањето на Северна Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.

-САД е силен поддржувач на интеграцијата на Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион, изјави денеска портпарол на Стејт департментот.

Вашингтон високо ги оценува изјавите на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Македонија во ЕУ кака фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.

– Го почитуваме правото на граѓаните на мирно изразување мислења и гледишта и ги повикуваме сите на воздржаност од секакво насилство, укажаа од Стејт департментот.

Потсетија дека Македонија ги сработи основните задачи, и дека сега е време да оди понатаму во следната фаза на процесот за пристапување.

-Со оглед на значајноста на овој процес за земјите од регионот, и пошироко за Европа, ги повикуваме нашите пријатели да ја искористат шансата и да го започнат пристапниот процес, рече портпаролот. кб/лв/

2022-07-07 21:46:34, од Борис Камчев, САД

The post САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје appeared first on Република.

]]>

САД го почитуваат правото на македонските граѓани на мирно изразување мислења и гледишта и повикаа на воздржаност од секакво насилство на протестите во Скопје, изјавија за МИА од американскиот Стејт департмент. Оттаму укажаа дека пристапувањето на Северна Мaкедонија во ЕУ е значаен фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.
-САД е силен поддржувач на интеграцијата на Македонија во ЕУ. Сметаме дека иднината на Западен Балкан е безрезервно во ЕУ. Процесот на проширување промовира долготраен мир, стабилност и просперитет низ целиот регион, изјави денеска портпарол на Стејт департментот.
Вашингтон високо ги оценува изјавите на лидерите на ЕУ за важноста на пристапувањето на Македонија во ЕУ кака фактор за засилување на безбедноста во Европа и за целокупната колективна безбедност.
– Го почитуваме правото на граѓаните на мирно изразување мислења и гледишта и ги повикуваме сите на воздржаност од секакво насилство, укажаа од Стејт департментот.
Потсетија дека Македонија ги сработи основните задачи, и дека сега е време да оди понатаму во следната фаза на процесот за пристапување. -Со оглед на значајноста на овој процес за земјите од регионот, и пошироко за Европа, ги повикуваме нашите пријатели да ја искористат шансата и да го започнат пристапниот процес, рече портпаролот. кб/лв/ 2022-07-07 21:46:34, од Борис Камчев, САД

The post САД повикаа на воздржаност од насилство на протестите во Скопје appeared first on Република.

]]>
Држел пиштол на „Скендербег“, ама не пукал: МВР приведе пиштолџија од вчера https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/drzel-pishtol-na-skenderbeg-ama-ne-pukal-mvr-privede-pishtoldzija-od-vchera/ Thu, 07 Jul 2022 17:19:03 +0000 https://republika.mk/?p=525493

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје денеска во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје.

С.Р., како што информира МВР, беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот „Скендербег“ држел пиштол во раката, но не го употребил.

-Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти МВР.

The post Држел пиштол на „Скендербег“, ама не пукал: МВР приведе пиштолџија од вчера appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје денеска во полициска станица извршија службен разговор со С.Р.(34) од Скопје. С.Р., како што информира МВР, беше идентификуван од страна на полицијата како лице кое за време на инцидентот во близина на споменикот „Скендербег“ држел пиштол во раката, но не го употребил. -Пиштолот ќе биде предаден за вештачење, а за случајот е известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за негово расчистување, соопшти МВР.

The post Држел пиштол на „Скендербег“, ама не пукал: МВР приведе пиштолџија од вчера appeared first on Република.

]]>
Пиштолџијата од 27 април за пукањето вчера: Имаше полицајци, од лош агол гледате https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/pishtoldzijata-od-27-april-za-pukanjeto-vchera-imashe-policajci-od-losh-agol-gledate/ Thu, 07 Jul 2022 17:16:03 +0000 https://republika.mk/?p=525488

Новинарот на Алфа телевизија на искористи прес-конференцијата на министерот за внафрешни работи Оливер Спасовски и на директорот на БЈБ Сашо Тасевски за да ги праша зошто немаше вчера полиција на плоштадот Скендербег и зошто дозволија да дојде до таков инцидент.

Спасовски и Тасевски го убедуваат дека полиција имало и тоа доволно, ама не можел да ја види од аголот од кој стоел. Искажаа уште куп работи кои се неверување.

Што да се очекува од човекот кој единствено извади пиштол во Собранието на 27 април?! Да, Сашо Тасевски е пиштолџијата од 27 април, кој требаше да дозволи да биде во опасност народот на 6 јули.

Погледајте го дуелот на Матеја Петровски со Спасовски и Тасевски, пиштолџијата од Собранието на 27 април.

The post Пиштолџијата од 27 април за пукањето вчера: Имаше полицајци, од лош агол гледате appeared first on Република.

]]>

Новинарот на Алфа телевизија на искористи прес-конференцијата на министерот за внафрешни работи Оливер Спасовски и на директорот на БЈБ Сашо Тасевски за да ги праша зошто немаше вчера полиција на плоштадот Скендербег и зошто дозволија да дојде до таков инцидент. Спасовски и Тасевски го убедуваат дека полиција имало и тоа доволно, ама не можел да ја види од аголот од кој стоел. Искажаа уште куп работи кои се неверување. Што да се очекува од човекот кој единствено извади пиштол во Собранието на 27 април?! Да, Сашо Тасевски е пиштолџијата од 27 април, кој требаше да дозволи да биде во опасност народот на 6 јули. Погледајте го дуелот на Матеја Петровски со Спасовски и Тасевски, пиштолџијата од Собранието на 27 април.

The post Пиштолџијата од 27 април за пукањето вчера: Имаше полицајци, од лош агол гледате appeared first on Република.

]]>
Приведен демонстрант кој повреди полицаец на вчерашниот протест https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-demonstrant-koj-povredi-policaec-na-vcherashniot-protest/ Thu, 07 Jul 2022 16:38:42 +0000 https://republika.mk/?p=525478

Денеска (07.07.2022) од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишен е од слобода Г.К.(22) од Скопје. Имено, на 06.07.2022 околу 20.35 часот, за време на одржување на јавен собир на граѓани, организиран преку социјални  мрежи, Г.К. започнал да фрла со тврди предмети кон  полициските службеници кои вршеле службени дејства околу обезбедување на собирот, нанесувајќи му повреда на еден од нив.

Во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик и лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.

The post Приведен демонстрант кој повреди полицаец на вчерашниот протест appeared first on Република.

]]>

Денеска (07.07.2022) од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишен е од слобода Г.К.(22) од Скопје. Имено, на 06.07.2022 околу 20.35 часот, за време на одржување на јавен собир на граѓани, организиран преку социјални  мрежи, Г.К. започнал да фрла со тврди предмети кон  полициските службеници кои вршеле службени дејства околу обезбедување на собирот, нанесувајќи му повреда на еден од нив. Во координација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик и лицето е изведено пред Судија на претходна постапка.

The post Приведен демонстрант кој повреди полицаец на вчерашниот протест appeared first on Република.

]]>
МВР се уште го утврдува идентитетот на пиштолџијата вработен во архивата на Министерството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mvr-se-ushte-go-utvrduva-identitetot-na-pishtoldzijata-vraboten-vo-arhivata-na-ministerstvoto/ Thu, 07 Jul 2022 16:33:45 +0000 https://republika.mk/?p=525474

„Ве известуваме дека СВР Скопје презема мерки за утврдување на идентитетот и дејствијата на сите лица инволвирани во инцидентите и по расчистување на случаите ќе бидат преземени сите потребни мерки, за што јавноста ќе биде навремено информирана.“

Оваа реченица е кусиот и празен одговор од МВР што го добивме на прашањето дали лицето на фотографијата е вработено во МВР и доколку е, на кој начин ќе биде санкционирано.

Очигледно е дека на Оливер Спасовски му треба уште време иако изминуваат речиси 24 часа за да ги открие насилниците во своите редови. Затоа, Република уште еднаш го замолува министерот да ни се јави, ќе му кажеме кој е С.Р., а сигурни сме дека тој и тоа како знае каде да го бара и каде да го најде.

https://republika.mk/vesti/makedonija/krie-li-spasovski-deka-pishtoldziite-pukaa-kon-demonstrantite-so-amin-od-policijata-ovoj-chovek-e-vraboten-vo-mvr/

The post МВР се уште го утврдува идентитетот на пиштолџијата вработен во архивата на Министерството appeared first on Република.

]]>

„Ве известуваме дека СВР Скопје презема мерки за утврдување на идентитетот и дејствијата на сите лица инволвирани во инцидентите и по расчистување на случаите ќе бидат преземени сите потребни мерки, за што јавноста ќе биде навремено информирана.“
Оваа реченица е кусиот и празен одговор од МВР што го добивме на прашањето дали лицето на фотографијата е вработено во МВР и доколку е, на кој начин ќе биде санкционирано. Очигледно е дека на Оливер Спасовски му треба уште време иако изминуваат речиси 24 часа за да ги открие насилниците во своите редови. Затоа, Република уште еднаш го замолува министерот да ни се јави, ќе му кажеме кој е С.Р., а сигурни сме дека тој и тоа како знае каде да го бара и каде да го најде. https://republika.mk/vesti/makedonija/krie-li-spasovski-deka-pishtoldziite-pukaa-kon-demonstrantite-so-amin-od-policijata-ovoj-chovek-e-vraboten-vo-mvr/

The post МВР се уште го утврдува идентитетот на пиштолџијата вработен во архивата на Министерството appeared first on Република.

]]>
Крие ли Спасовски дека пиштолџиите пукаа кон демонстрантите со амин од полицијата: Овој човек е вработен во МВР https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/krie-li-spasovski-deka-pishtoldziite-pukaa-kon-demonstrantite-so-amin-od-policijata-ovoj-chovek-e-vraboten-vo-mvr/ Thu, 07 Jul 2022 14:37:53 +0000 https://republika.mk/?p=525432

Еден од пиштолџиите на вчерашниот протест, кои „се бранеле“ од мирната толпа е вработен во МВР. Иако Република уште рано утрово испрати прашања до МВР да ни го потврдат сознанијата за идентитетот на лицето обележано на фотографиите, до овој момент МВР не одговори на нашите пораки.

Сепак, во интерес на вистината, а уште повеќе на јавниот ред и мир и безбедноста на сите нас, Република дојде до името до кое Спасовски не може цел ден да дојде. Затоа, го повикуваме министерот задолжен за нашата безбедност да ни се јави, па да му кажеме кое е лицето со иницијали С.Р. (идентитетот ѝ е познат на редакцијата), вработено во архивата на МВР.

Откако Спасовски побара од граѓаните да го препознаат лицето кое фрли Молотов коктел на Собранието, потрагата роди плод и полицијата на Спасовски соопшти дека веќе го фатила насилникот, 18-годишно момче кое признало. Република се одзва на повиците на полицијата да ѝ помогне да се санкционираат насилниците, па еве му на Спасовски еден насилник на тацна.

The post Крие ли Спасовски дека пиштолџиите пукаа кон демонстрантите со амин од полицијата: Овој човек е вработен во МВР appeared first on Република.

]]>

Еден од пиштолџиите на вчерашниот протест, кои „се бранеле“ од мирната толпа е вработен во МВР. Иако Република уште рано утрово испрати прашања до МВР да ни го потврдат сознанијата за идентитетот на лицето обележано на фотографиите, до овој момент МВР не одговори на нашите пораки. Сепак, во интерес на вистината, а уште повеќе на јавниот ред и мир и безбедноста на сите нас, Република дојде до името до кое Спасовски не може цел ден да дојде. Затоа, го повикуваме министерот задолжен за нашата безбедност да ни се јави, па да му кажеме кое е лицето со иницијали С.Р. (идентитетот ѝ е познат на редакцијата), вработено во архивата на МВР. Откако Спасовски побара од граѓаните да го препознаат лицето кое фрли Молотов коктел на Собранието, потрагата роди плод и полицијата на Спасовски соопшти дека веќе го фатила насилникот, 18-годишно момче кое признало. Република се одзва на повиците на полицијата да ѝ помогне да се санкционираат насилниците, па еве му на Спасовски еден насилник на тацна.

The post Крие ли Спасовски дека пиштолџиите пукаа кон демонстрантите со амин од полицијата: Овој човек е вработен во МВР appeared first on Република.

]]>
Насилството на протестите има едно име – Оливер Спасовски https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nasilstvoto-na-protestite-ima-edno-ime-oliver-spasovski/ Thu, 07 Jul 2022 07:01:37 +0000 https://republika.mk/?p=525124

Пратеникот Зоран Коцевски сподели вибер комуникација, за која на социјалните мрежи се тврди дека е меѓу началници и полицајци. На принтскриновите се гледа како полицајците добиваат насоки кого да претресуваат на влез во Скопје, со што луѓето кои доаѓаат на протест од Тетово и Куманово ќе бидат запрени, задржани и легитимирани. На социјалните мрежи се тврди дека насоките доаѓаат директно од врвот на МВР, односно од министерот за внатрешни Оливер Спасовски.

Ова е планот на бандитот Оливер Спасовски за да го заплаши и малтретира народот кој доаѓа на протести, во тоа поддршка му даваат и кадрите на ДУИ за заеднички да легитимираат и малтретираат граѓани кои ништо не сториле освен што дошле на протест зашто си ја сакаат Македонија!!!
Оливере, оставка, пробиен ти е планот, забега во диктатурата, после ова, ти си само еден голем БАНДИТ!!!
Крајот ти се гледа, фатен си на дело, ќе си одговараш, пишува пратеникот Коцевски на фејсбук споделувајќи ги фотографиите.

Под негова команда полицијата катастрофално ги води протестите против францускиот предлог. Полиција нема да ја следи протестната поворка, која маршира од Владата, преку МВР до Собранието. Оние малкумина полицајци кои стојат отстрана буквално стојат отстрана и не интервенираат кога има тензии. Полицијата има нареба да дозволи да дојде до инциденти, а опозицијата тврди дека и насилниците се инфилтрирани полициски структури чијашто цел е токму тоа - да предизвикаат инциденти и да го растурат протестот.


И самиот Оливер Спасовски најави дека за време на одржувањето на мирните протести против прифаќањето на францускиот предлог за укинување на бугарското вето и отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ, со кој наместо европеизација, на Македонците им се нуди целосна бугаризација, исто така се води оперативна акција, но не го објави нејзиното кодно име.


За оперативните акции на МВР „Платформа“ и „Атлантик“ прочитај ТУКА


Во вторникот пред Собранието се дозволи група насилници 40 минути да гаѓаат со бекатон плочки и коцка од калдрмата кон Собранието и полицискиот кордон. Пртоа беа повредени многу полицајци, кои кога добија наредба да ја истиснат толпата, тепаа и апсеа голорак народ.

https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-gi-unishti-protestite-so-provokatori-policijata-ne-udri-po-nasilnicite-tuku-po-narodot/

Вчера, пак, полицијата дозволи протестната поворка да биде нападната од плоштадот Скендербег и да се предизвика меѓуетнички судир. На поворката беше пукано со пиштол додека полицајци позорници стојат отстрана и мочаат и се кријат меѓу демонстрантите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека се работи за полициска монтажа со меѓуетнички призвук, чија цел е или убиство на некој недолжен граѓанин, мајка со дете, пензионер, млад човек или негово убиство.

https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-obidot-na-ubistvo-ova-beshe-najaveno-od-bujar-osmani-ako-ne-pominel-predlogot-za-asimilacija-i-bugarizacija-na-makedonija/

The post Насилството на протестите има едно име – Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>

Пратеникот Зоран Коцевски сподели вибер комуникација, за која на социјалните мрежи се тврди дека е меѓу началници и полицајци. На принтскриновите се гледа како полицајците добиваат насоки кого да претресуваат на влез во Скопје, со што луѓето кои доаѓаат на протест од Тетово и Куманово ќе бидат запрени, задржани и легитимирани. На социјалните мрежи се тврди дека насоките доаѓаат директно од врвот на МВР, односно од министерот за внатрешни Оливер Спасовски.
Ова е планот на бандитот Оливер Спасовски за да го заплаши и малтретира народот кој доаѓа на протести, во тоа поддршка му даваат и кадрите на ДУИ за заеднички да легитимираат и малтретираат граѓани кои ништо не сториле освен што дошле на протест зашто си ја сакаат Македонија!!! Оливере, оставка, пробиен ти е планот, забега во диктатурата, после ова, ти си само еден голем БАНДИТ!!! Крајот ти се гледа, фатен си на дело, ќе си одговараш, пишува пратеникот Коцевски на фејсбук споделувајќи ги фотографиите.
Под негова команда полицијата катастрофално ги води протестите против францускиот предлог. Полиција нема да ја следи протестната поворка, која маршира од Владата, преку МВР до Собранието. Оние малкумина полицајци кои стојат отстрана буквално стојат отстрана и не интервенираат кога има тензии. Полицијата има нареба да дозволи да дојде до инциденти, а опозицијата тврди дека и насилниците се инфилтрирани полициски структури чијашто цел е токму тоа - да предизвикаат инциденти и да го растурат протестот. И самиот Оливер Спасовски најави дека за време на одржувањето на мирните протести против прифаќањето на францускиот предлог за укинување на бугарското вето и отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ, со кој наместо европеизација, на Македонците им се нуди целосна бугаризација, исто така се води оперативна акција, но не го објави нејзиното кодно име.
За оперативните акции на МВР „Платформа“ и „Атлантик“ прочитај ТУКА
Во вторникот пред Собранието се дозволи група насилници 40 минути да гаѓаат со бекатон плочки и коцка од калдрмата кон Собранието и полицискиот кордон. Пртоа беа повредени многу полицајци, кои кога добија наредба да ја истиснат толпата, тепаа и апсеа голорак народ. https://republika.mk/vesti/makedonija/vlasta-gi-unishti-protestite-so-provokatori-policijata-ne-udri-po-nasilnicite-tuku-po-narodot/ Вчера, пак, полицијата дозволи протестната поворка да биде нападната од плоштадот Скендербег и да се предизвика меѓуетнички судир. На поворката беше пукано со пиштол додека полицајци позорници стојат отстрана и мочаат и се кријат меѓу демонстрантите. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски обвини дека се работи за полициска монтажа со меѓуетнички призвук, чија цел е или убиство на некој недолжен граѓанин, мајка со дете, пензионер, млад човек или негово убиство. https://republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-za-obidot-na-ubistvo-ova-beshe-najaveno-od-bujar-osmani-ako-ne-pominel-predlogot-za-asimilacija-i-bugarizacija-na-makedonija/

The post Насилството на протестите има едно име – Оливер Спасовски appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието? https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickoski-od-kade-znaeja-spasovski-i-kovachevski-deka-najavenite-protesti-kje-bidat-nasilni-i-koi-bea-licata-koi-ja-dochekaa-kolonata-narod-od-pred-mnr-shto-se-dvizeshe-kon-sobranieto/ Wed, 06 Jul 2022 11:49:08 +0000 https://republika.mk/?p=524775

 Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?

Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби?

Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести?

Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието?

Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја?

Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица?

Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња?, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.

 

The post Мицкоски: Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието? appeared first on Република.

]]>

 Од каде им се на лицата со фантомки шок-бомби што беа фрлани накај Собранието?

Чиј магацин пред месец дена во среде касарна во Охрид беше опљачкан и беа украдени шок бомби? Кој правеше вежби на 7 мај со уфрлени инфилтратори за протести? Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието? Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата удира клоци на рбет на легнат човек на земја? Врз основа на кој член од Закон или Правилник, полицијата апси малолетно лице, го носи со лисици на раце, го става во полициско комбе и го носи во станица? Откако веќе инфилтраторите си ја завршија работата и се повлекоа, кој одобри употреба за несразмерна сила од страна на полицијата врз голораките момчиња?, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.
 

The post Мицкоски: Од каде знаеја Спасовски и Ковачевски дека најавените протести ќе бидат насилни и кои беа лицата кои ја дочекаа колоната народ од пред МНР што се движеше кон Собранието? appeared first on Република.

]]>
По „Платформа“ и „Атлантик“ што е на ред: Качулките секогаш остануваат недопрени! https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/po-platforma-i-atlantik-shto-e-na-red-kachulkite-sekogash-ostanuvaat-nedopreni/ Wed, 06 Jul 2022 10:46:34 +0000 https://republika.mk/?p=524743

Министерството за внатрешни работи за време на одржувањето на мирните протести организирани од движењето „За заедничка Македонија“ во 2017 година, водела посебна оперативна акција под кодното име „Платформа“. Пред спроведувањето на референдумот за промена на името во 2018 година, тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање исто така водела посебна оперативна акција именувана како „Атлантик“, пишува Пресинг.мк.

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска обелодени дека и деновиве, за време на одржувањето на мирните протести против прифаќањето на францускиот предлог за укинување на бугарското вето и отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ, со кој наместо европеизација, на Македонците им се нуди целосна бугаризација, исто така се води оперативна акција. Само не го кажа нејзиното кодно име. Тоа веројатно ќе се дознае, откако одново ќе бидеме сведоци на нов политички процес.

Мора да се забележи дека основна работа на МВР е грижата за безбедност на граѓаните и на институциите на државата. Но, крајно индикативно е што во релативно краток временски период од само неколку години вината за неуспехот на владејачката политичка елита во водењето и на внатрешната и на надворешната политика се префрла на народот.

Вината за последните настани не лежи во францускиот предлог! Тој е само последица на непромисленоста на власта да го потпише Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија со катастрофалната одредница за „заедничка историја“, што сега, со францускиот предлог, ЕУ станува гарант за нејзиното спроведување.

Билатералниот договор за добрососедски односи од 2017 година, потпишан од премиерите Заев и Борисов, се сметаше за важен момент во постојано растечките позитивни ставови меѓу двајцата. И, потоа, одеднаш-се уште не знам кој е главниот мотив кој стои зад тоа. Почнаа да зборуваат за тоа дека историјата е предуслов за напредок кон Брисел, и можам да ви кажам дека сите ние на овој крај на овој политички јаз, или дискусија ако сакате, беа фатени во тесно и неподготвени…Дури и денес, навистина не сум сигурен за вистинските мотиви на нивната страна, зошто историјата беше толку важна за нив. Тоа никогаш не му се случило на ниту еден друг кандидат за членство во ЕУ, изјави меѓу другото на 22 февруари годинава претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Еуроњуз“.

Што треба повеќе да се каже кога шефот на државата отворено признава дека власта била фатена во тесно и неподготвена за „заедничката историја“ со Бугарија?! И згора на ова, сега власта е подготвена да потпише и да прифати нова глупост, со која за период од деценија-две Македонците треба да се самоукинат како народ!

И за да ја сокрие сопствената неспособност одново се нафрла врз народот македонски, со нова акција во која повторно во главна улога се јавуваат луѓе со качулки на главата! А, досегашното искуство покажа дека тие секогаш остануваат недопрени.

На пример, за настаните од 27 април не беше покренато обвинение, ниту беа осудени лицата со качулки, кои влегоа во Собранието, освен едно, кое не сакаше да соработува со обвинителството и со полицијата. Најекспонираните и тие, што купуваа и качулки и тепаа беа помилувани со законот за амнестија, донесен по нарачка на СДСМ и ДУИ. Станува збор за двајца браќа добро познати на јавноста.

Луѓето со качулки по правило се луѓе врбувани од службите и разни центри на моќ и за тоа имаше сведоци на судењето за 27 април. Очигледно, власта сака по секоја цена да го повтори нејзиното „добитничко“ сценарио, но губитничко за македонскиот народ. Инаку, кој и зошто на синоќешните протести би сакал да влезе во Собранието, кое не работи и во него нема никој, ниту пак внатре е Крсто Мукоски за да ги отвори вратите!!!

The post По „Платформа“ и „Атлантик“ што е на ред: Качулките секогаш остануваат недопрени! appeared first on Република.

]]>

Министерството за внатрешни работи за време на одржувањето на мирните протести организирани од движењето „За заедничка Македонија“ во 2017 година, водела посебна оперативна акција под кодното име „Платформа“. Пред спроведувањето на референдумот за промена на името во 2018 година, тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање исто така водела посебна оперативна акција именувана како „Атлантик“, пишува Пресинг.мк. Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска обелодени дека и деновиве, за време на одржувањето на мирните протести против прифаќањето на францускиот предлог за укинување на бугарското вето и отпочнување преговори за членство на Македонија во ЕУ, со кој наместо европеизација, на Македонците им се нуди целосна бугаризација, исто така се води оперативна акција. Само не го кажа нејзиното кодно име. Тоа веројатно ќе се дознае, откако одново ќе бидеме сведоци на нов политички процес. Мора да се забележи дека основна работа на МВР е грижата за безбедност на граѓаните и на институциите на државата. Но, крајно индикативно е што во релативно краток временски период од само неколку години вината за неуспехот на владејачката политичка елита во водењето и на внатрешната и на надворешната политика се префрла на народот. Вината за последните настани не лежи во францускиот предлог! Тој е само последица на непромисленоста на власта да го потпише Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија со катастрофалната одредница за „заедничка историја“, што сега, со францускиот предлог, ЕУ станува гарант за нејзиното спроведување. Билатералниот договор за добрососедски односи од 2017 година, потпишан од премиерите Заев и Борисов, се сметаше за важен момент во постојано растечките позитивни ставови меѓу двајцата. И, потоа, одеднаш-се уште не знам кој е главниот мотив кој стои зад тоа. Почнаа да зборуваат за тоа дека историјата е предуслов за напредок кон Брисел, и можам да ви кажам дека сите ние на овој крај на овој политички јаз, или дискусија ако сакате, беа фатени во тесно и неподготвени…Дури и денес, навистина не сум сигурен за вистинските мотиви на нивната страна, зошто историјата беше толку важна за нив. Тоа никогаш не му се случило на ниту еден друг кандидат за членство во ЕУ, изјави меѓу другото на 22 февруари годинава претседателот Стево Пендаровски во интервју за „Еуроњуз“. Што треба повеќе да се каже кога шефот на државата отворено признава дека власта била фатена во тесно и неподготвена за „заедничката историја“ со Бугарија?! И згора на ова, сега власта е подготвена да потпише и да прифати нова глупост, со која за период од деценија-две Македонците треба да се самоукинат како народ! И за да ја сокрие сопствената неспособност одново се нафрла врз народот македонски, со нова акција во која повторно во главна улога се јавуваат луѓе со качулки на главата! А, досегашното искуство покажа дека тие секогаш остануваат недопрени. На пример, за настаните од 27 април не беше покренато обвинение, ниту беа осудени лицата со качулки, кои влегоа во Собранието, освен едно, кое не сакаше да соработува со обвинителството и со полицијата. Најекспонираните и тие, што купуваа и качулки и тепаа беа помилувани со законот за амнестија, донесен по нарачка на СДСМ и ДУИ. Станува збор за двајца браќа добро познати на јавноста. Луѓето со качулки по правило се луѓе врбувани од службите и разни центри на моќ и за тоа имаше сведоци на судењето за 27 април. Очигледно, власта сака по секоја цена да го повтори нејзиното „добитничко“ сценарио, но губитничко за македонскиот народ. Инаку, кој и зошто на синоќешните протести би сакал да влезе во Собранието, кое не работи и во него нема никој, ниту пак внатре е Крсто Мукоски за да ги отвори вратите!!!

The post По „Платформа“ и „Атлантик“ што е на ред: Качулките секогаш остануваат недопрени! appeared first on Република.

]]>