насер зибери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naser-ziberi/ За подобро да се разбереме Fri, 01 Mar 2024 13:24:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png насер зибери Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naser-ziberi/ 32 32 Владата да го реши проблемот со граѓаните кои имаат 18 години, а немаат ни пасош ни лична карта за да може да гласаат, укажува народниот првобранител https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vladata-da-go-reshi-problemot-so-graganite-koi-imaat-18-godini-a-nemaat-ni-pasosh-ni-lichna-karta-za-da-mozhe-da-glasaat-ukazhuva-narodniot-prvobranitel/ Fri, 01 Mar 2024 13:24:10 +0000 https://republika.mk/?p=750076

Народниот правобранител му укажува на Министерството за внатрешни работи да се реорганизира за да го нормализира издавањето готови лични документи на граѓаните кои веќе се фотографирале за нови исправи откако претходно одвај успеале и да закажат термин.

Омбудсманот Насер Зибери на прес-конференција оцени дека се работи за „сериозен проблем“ и „неприродна ситуација“.

Соопшти дека во јануари-февруари примиле 50-ина претставки за лични документи по различна основа – покрај за неможноста да се подигне документот, граѓаните се жалат и на неможност да закажат термин, а има и претставки за надомест на трошок затоа што вадат нови документи иако рокот на важноста на старите не е истечен.

При посета на двата главни пункта во Скопје – во МРТВ и во Кисела Вода, тимови на НП ги потврдиле наводите од претставките дека има „сериозен број исправи“ (лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, но и пасоши) „ставени настрана и нема увид органот за нивно распределување односно издавање иако се завршени“.

Тимови на Народниот правобранител досега им помогнале на граѓани на кои итно им бил потребен пасошот што не успеале да го подигнат, најчесто за некој вид патување (за лекување, спортско, деловно или научно патување) и во соработка со служби на МВР тие ги нашле готовите документи.

Но, ова е неприродна ситуација. Министерството за внатрешни работи тоа треба да го прави по службена должност и да им ги даде документите, а не ние. Укажуваме МВР да направи добра реорганизација на процесот и нормално да тече издавањето готови исправи. Доста чекаат за добивање термин, па за фотографирање, обработка и одобрување, па уште и за издавање да се чека, рече Зибери.

За претставките со кои се бара рефундација на парите за нови документи, бидејќи старите се уште имаат рок, Зибери одговори дека за тоа зборува веќе осум месеци, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев дека таква одлука ќе треба да разгледува новата влада, одгвоори дека тоа прашање „нема врска со изборите“.

Омбудсманот се осврна и на „проблем во најава пред одржување на изборите“ кој се однесува на дел од граѓани кои во меѓувреме наполниле или ќе наполнат 18 години, а немаат ниту лична карта ниту пасош.

Ќе се доведе во прашање нивното право на учество на изборите што е уставно загарантирано. Дел од тие лица имаат патна исправа, но, за жал, со стар образец, што значи согласно постојната регулатива тие исправи се невалидни за учество во изборниот процес, рече народниот правобранител и порача дека „доколку Владата не преземе нешто, може многу граѓани да бидат ставени во ваква деликатна ситуација“.

Затоа побара Владата веднаш да го разгледа проблемот - да ги најде оваа група граѓани и да им обезбеди приоритет во постапката за обезбедување лични карти.

Исто како што тоа им се овозможи на превозниците, иако тоа е многу помал број, но има време до првиот круг на изборите односно до средината на април, додаде правобранителот.

Исто така тој укажа и на непримената на член 7 од Законот за лични карти кој одредува дека на граѓаните над 65 години треба да им се издава лична карта со трајна важност. Наместо тоа, МВР и натаму издава со важност од десет години. Апелираше МВР да го спроведува и тој член законот, со што во иднина ќе се намали притисокот за промена на лични карти од граѓани кои се постари од 65 години.

The post Владата да го реши проблемот со граѓаните кои имаат 18 години, а немаат ни пасош ни лична карта за да може да гласаат, укажува народниот првобранител appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител му укажува на Министерството за внатрешни работи да се реорганизира за да го нормализира издавањето готови лични документи на граѓаните кои веќе се фотографирале за нови исправи откако претходно одвај успеале и да закажат термин. Омбудсманот Насер Зибери на прес-конференција оцени дека се работи за „сериозен проблем“ и „неприродна ситуација“. Соопшти дека во јануари-февруари примиле 50-ина претставки за лични документи по различна основа – покрај за неможноста да се подигне документот, граѓаните се жалат и на неможност да закажат термин, а има и претставки за надомест на трошок затоа што вадат нови документи иако рокот на важноста на старите не е истечен. При посета на двата главни пункта во Скопје – во МРТВ и во Кисела Вода, тимови на НП ги потврдиле наводите од претставките дека има „сериозен број исправи“ (лични карти, возачки и сообраќајни дозволи, но и пасоши) „ставени настрана и нема увид органот за нивно распределување односно издавање иако се завршени“. Тимови на Народниот правобранител досега им помогнале на граѓани на кои итно им бил потребен пасошот што не успеале да го подигнат, најчесто за некој вид патување (за лекување, спортско, деловно или научно патување) и во соработка со служби на МВР тие ги нашле готовите документи.
Но, ова е неприродна ситуација. Министерството за внатрешни работи тоа треба да го прави по службена должност и да им ги даде документите, а не ние. Укажуваме МВР да направи добра реорганизација на процесот и нормално да тече издавањето готови исправи. Доста чекаат за добивање термин, па за фотографирање, обработка и одобрување, па уште и за издавање да се чека, рече Зибери.
За претставките со кои се бара рефундација на парите за нови документи, бидејќи старите се уште имаат рок, Зибери одговори дека за тоа зборува веќе осум месеци, а во однос на изјавата на дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев дека таква одлука ќе треба да разгледува новата влада, одгвоори дека тоа прашање „нема врска со изборите“. Омбудсманот се осврна и на „проблем во најава пред одржување на изборите“ кој се однесува на дел од граѓани кои во меѓувреме наполниле или ќе наполнат 18 години, а немаат ниту лична карта ниту пасош. Ќе се доведе во прашање нивното право на учество на изборите што е уставно загарантирано. Дел од тие лица имаат патна исправа, но, за жал, со стар образец, што значи согласно постојната регулатива тие исправи се невалидни за учество во изборниот процес, рече народниот правобранител и порача дека „доколку Владата не преземе нешто, може многу граѓани да бидат ставени во ваква деликатна ситуација“. Затоа побара Владата веднаш да го разгледа проблемот - да ги најде оваа група граѓани и да им обезбеди приоритет во постапката за обезбедување лични карти. Исто како што тоа им се овозможи на превозниците, иако тоа е многу помал број, но има време до првиот круг на изборите односно до средината на април, додаде правобранителот. Исто така тој укажа и на непримената на член 7 од Законот за лични карти кој одредува дека на граѓаните над 65 години треба да им се издава лична карта со трајна важност. Наместо тоа, МВР и натаму издава со важност од десет години. Апелираше МВР да го спроведува и тој член законот, со што во иднина ќе се намали притисокот за промена на лични карти од граѓани кои се постари од 65 години.

The post Владата да го реши проблемот со граѓаните кои имаат 18 години, а немаат ни пасош ни лична карта за да може да гласаат, укажува народниот првобранител appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: Добив информација дека има недостаток на обрасци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-dobiv-informatsija-deka-ima-nedostatok-na-obrastsi/ Sun, 21 Jan 2024 15:19:09 +0000 https://republika.mk/?p=735177

До Народниот правобранител се поднесени претставки од граѓани во врска со патните документи кои мора да се сменат со новото име на државата до 12 февруари годинава. Претставките главно се однесувале на неможноста да се закаже термин и за надоместокот за трошоци за обновување на документите. По нова година пристигнале и претставки дека граѓаните не можат да ги добијат документите во рок од осум дена.

Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за „Радио Слободна Европа“ најавува дека ќе побараат одговор од МВР зошто се доцни со издавањето на документите. Тврди дека има недостиг на обрасци за двојазичните патни исправи, а мисли дека има недостиг и на обрасци за другите документи.

Овие претставки почнаа да пристигнуваат по Нова година и ние ќе се обратиме до МВР зошто се доцни со издавање на веќе изготвените, претпоставувам дека се изготвени тие патни исправи и ќе реагираме. Во одредени неофицијални разговори добив информација дека има недостаток на обрасци. Со сигурност тврдам дека има недостаток на обрасци за двојазични патни исправи, но мислам дека има недостаток и на обрасци за други документи, вели Зибери.

The post Народен правобранител: Добив информација дека има недостаток на обрасци appeared first on Република.

]]>

До Народниот правобранител се поднесени претставки од граѓани во врска со патните документи кои мора да се сменат со новото име на државата до 12 февруари годинава. Претставките главно се однесувале на неможноста да се закаже термин и за надоместокот за трошоци за обновување на документите. По нова година пристигнале и претставки дека граѓаните не можат да ги добијат документите во рок од осум дена. Народниот правобранител Насер Зибери во интервју за „Радио Слободна Европа“ најавува дека ќе побараат одговор од МВР зошто се доцни со издавањето на документите. Тврди дека има недостиг на обрасци за двојазичните патни исправи, а мисли дека има недостиг и на обрасци за другите документи.
Овие претставки почнаа да пристигнуваат по Нова година и ние ќе се обратиме до МВР зошто се доцни со издавање на веќе изготвените, претпоставувам дека се изготвени тие патни исправи и ќе реагираме. Во одредени неофицијални разговори добив информација дека има недостаток на обрасци. Со сигурност тврдам дека има недостаток на обрасци за двојазични патни исправи, но мислам дека има недостаток и на обрасци за други документи, вели Зибери.

The post Народен правобранител: Добив информација дека има недостаток на обрасци appeared first on Република.

]]>
Зибери: Трошоците за нови документи треба да ги сноси државата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-troshotsite-za-novi-dokumenti-treba-da-gi-snosi-drzhavata/ Wed, 27 Dec 2023 13:01:50 +0000 https://republika.mk/?p=727115

Народниот правобранител Насер Зибери на денешната прес-конференција кажа дека имало повредување на правата на граѓаните кои не можеле да извадат лична карта и државјанство.

Според него има прашањето има две димензии.

Првата е неможноста во дадениот законски рок сите граѓани да ги сменат личните исправи, за што се создаде голема редица во просториите каде се издаваат, за што МВР беше принудено да отвори дополнителни пунктови. За жал тој процес тешко се одвива и дека Министерството тешко ќе стигне навреме да ги удоволи сите барања - рече Зибери.

Според Народниот правобранител, втората димензија е трошокот за издавање на овие исправи.

Тој вели дека укажал на неколку наврати дека трошоците треба да ги сноси државата, кога граѓаните поднеле барање за нови исправи, а им биле издадени со стариот образец, по стапување на сила на измените на Уставот.

За обновување на овие исправи за сите граѓани кои поднеле барање за издавање на нови исправи, а им се издадени исправи со стариот образец со името Република Македонија, по стапување на сила на измените на Уставот требаше да ги сноси државата, бидејќи не по нивна вина, овие исправи иако се важечки и валидни стануваат неважечки од 24 февруари 2024 - додаде Зибери.

The post Зибери: Трошоците за нови документи треба да ги сноси државата appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител Насер Зибери на денешната прес-конференција кажа дека имало повредување на правата на граѓаните кои не можеле да извадат лична карта и државјанство. Според него има прашањето има две димензии.
Првата е неможноста во дадениот законски рок сите граѓани да ги сменат личните исправи, за што се создаде голема редица во просториите каде се издаваат, за што МВР беше принудено да отвори дополнителни пунктови. За жал тој процес тешко се одвива и дека Министерството тешко ќе стигне навреме да ги удоволи сите барања - рече Зибери.
Според Народниот правобранител, втората димензија е трошокот за издавање на овие исправи. Тој вели дека укажал на неколку наврати дека трошоците треба да ги сноси државата, кога граѓаните поднеле барање за нови исправи, а им биле издадени со стариот образец, по стапување на сила на измените на Уставот.
За обновување на овие исправи за сите граѓани кои поднеле барање за издавање на нови исправи, а им се издадени исправи со стариот образец со името Република Македонија, по стапување на сила на измените на Уставот требаше да ги сноси државата, бидејќи не по нивна вина, овие исправи иако се важечки и валидни стануваат неважечки од 24 февруари 2024 - додаде Зибери.

The post Зибери: Трошоците за нови документи треба да ги сноси државата appeared first on Република.

]]>
Генерално лоша е состојбата во сите затвори, во казнено и воспитно-поправните установи, а посебно во „Идризово“, вели Зибери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/generalno-losha-e-sostojbata-vo-site-zatvori-vo-kazneno-i-vospitno-popravnite-ustanovi-a-posebno-vo-idrizovo-veli-ziberi/ Wed, 01 Nov 2023 21:37:25 +0000 https://republika.mk/?p=697236

-Постојат правила во кои простори може да се движат затвореници. Иако дел од Идризово има третман на полуотворен затвор, сепак и во тој дел, според Законот за извршување на санкции и според правилникот за куќниот ред на затворот, строго се определни патеките по кои може да се движат затворениците. Во делот на видео надзорот, затвореникот не може да има пристап во никој случај, истакна Насер Зибери, народен правобранител, во вечерашното интервју во Топ тема на Телма ТВ.

Прво како местоположба и второ поради фактот што таму се наоѓа просторот во кој се чуваат уредите со кои се вршат видео записи, односно третирање на снимките од видео камерите. Второ, моментот кога затворениците ги фаќаат камерите, ги фаќаат други камери како се качуваат и го пренасочуваат, се случува на почеток на акцијата. Сите тие настани и фактот дека затвореник може да има пристап до просторија во која се чуваат тие уреди, ги компромитира видео записите и со доза на резерва можеме да ги сметаме како валидни докази за прикажување на реалната состојба, а соодветно на тоа и извлекување на соодветни заклучоци за акцијата и евентуалните пречекорувања во овластувањата на припадниците на МВР, изјави Зибери.

Тоа, како што нагласи, говори за генерално лошата состојба во која се наоѓа целиот затворски систем – сите затвори, казнено-поправни и воспитно-поправни установи, со посебен акцент на состојбата, вели Зибери, во која се наоѓа затворот „Идризово“.

Кога такви немили сцени и настани може да ни се случуваат, каде што 80 затвореници побарале медицинска помош, а според МВР имало повредени и негови припадници, е секако аларм за тоа што ни се случува во затворите. Но, и претпазливост што се случува во другите делови, посебно во затворениот дел во кој се сместени лица на издржување на подолги затворски казни за потешки кривични дела. Да не збориме за деветтото крило во кое се сместени лицата кои се осудени на доживотен затвор“, посочи Зибери.

Последната случка, според него, не е случајна.

Нашите укажувања за состојбата во затворот „Идризово“ и во останатите установи во кои се задржуваат лица кои се огрешиле пред законот, ни се потврдуваат низ пракса. И не случајно, владата пред три месеци беше принудена да прогласи кризна состојба во „Идризово“ која треба да заврши за три-четири дена и по третпат ќе треба да се продолжи.

The post Генерално лоша е состојбата во сите затвори, во казнено и воспитно-поправните установи, а посебно во „Идризово“, вели Зибери appeared first on Република.

Зибери: Измените на Кривичниот законик се проблематични, требаше да бидат донесени со сериозна расправа и доволно аргументи https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-izmenite-na-krivichniot-zakonik-se-problematichni-trebashe-da-bidat-doneseni-so-seriozna-rasprava-i-dovolno-argumenti/ Thu, 14 Sep 2023 19:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=682017

Народниот правобранител Насер Зибери смета дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на процедурата, бидејќи била кратка без можност за сериозна расправа.

Правобранителот Зибери во вечерашното гостување во Канал 5 телевизија истакна дека сериозна расправа ќе дадела доволно аргументи.

Лично мислам дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на многу кратката процедура по која се донесоа, без можности за сериозна расправа, а се менуваат одредби кои се многу сензитивни. Второ, мислам дека една сериозна расправа ќе дадеше доволно аргументи дали се тие потребните мерки кои треба државата да ги преземе и дали се тие делата кои треба да бидат на некој начин намалени казните. Реакциите како што можевте да видите не само од јавноста, туку и од специјализирани институции по овие прашања за жал не одат во прилог на мерките - изјави Зибери.

Тој воедно се осврна на претставките кои ги добивале по однос на недостаток на лекови на Онкологија.

Имавме претставка една, но и од медиумите перманентно ова прашање беше актуелно и Народниот правобранител освен по претставки постапува и по сопствена иницијатива кога ќе има доволно информации и индикации дека се повредуваат правата на граѓаните, а посебно се сензитивни правата на граѓаните во областа на здравствената заштита и не само по овој домен, туку и за другите проблеми кои во здравствениот систем се појавија во минатиот период како недостатокот на лекот „трикафта“ и на други помагала за кои имавме голем број на преставки од страна на граѓаните, истакна народниот правобрнаител.

Тој кажа дека во извештајот за 2022 година, меѓу другото бил нотиран проблемот со брзите кредити и кражбата на лични податоци.

Ние го нотиравме и во Годишниот извештајот за 2022 година и кажавме дека институцијата Народен правобранител нема надлежност да постапува по финансиските друштва затоа што тие се приватни субјекти, а Народниот правобранител постапува само по јавниот сектор, односно администрацијата, но го актуализиравме како проблем и баравме измени во Законот за финансиско работење, за среќа Собранието брзо реагираше и дел од измените одат во насока на надминување на некои проблеми како преголемите износи на наплатување, за администрирање на нови кредите како преголемите износи кои се принудени граѓаните да ги плаќаат доколку ако доцнат со враќање на кредите и сл.- појасни Зибери.

Тој посочи дека сепак Законот не ги решил сите проблеми.

Но, за жал Законот не ги реши другите две серозни прашања, а тоа е начинот на апликација за користење на ваквите кредити таканаречената електронска апликација и овој начин на апликација директно овозможи злоупотреба на податоците, односно злоупотреба на личните карти кои се користат при подигнување на брзите кредити, но тука сме надлежни и водиме две постапки каде лицата се жртви на злоупотреба на вакви податоци. Сметам дека треба да се доработи Законот и во таа насока имаше средба во Владата каде бев повикан и се разговараше како да се елиминираат овие појави - појаси Зибери.

Во однос на почитувањето на одредбите за застарување на долговите од страна на извршителите, Зибери рече дека не се почитуваат одредбите за застарување на долговите, а дел од извршителите се повикуваат на правилник од Министерството за правда, кој не може да има поголемо значење од Законот.

Тој информира дека Канцеларијата на народниот правобранител сѐ уште најголем број претставки добива поради работата на извршителите.

Говорејќи за затворите, народниот правобранител оцени дека состојбата е катастрофална, и посочи дека иако амнестија не е решение, тоа барем во моментот ќе ја ублажи ситуацијата.

The post Зибери: Измените на Кривичниот законик се проблематични, требаше да бидат донесени со сериозна расправа и доволно аргументи appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител Насер Зибери смета дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на процедурата, бидејќи била кратка без можност за сериозна расправа. Правобранителот Зибери во вечерашното гостување во Канал 5 телевизија истакна дека сериозна расправа ќе дадела доволно аргументи.
Лично мислам дека измените на Кривичниот законик се проблематични од аспект на многу кратката процедура по која се донесоа, без можности за сериозна расправа, а се менуваат одредби кои се многу сензитивни. Второ, мислам дека една сериозна расправа ќе дадеше доволно аргументи дали се тие потребните мерки кои треба државата да ги преземе и дали се тие делата кои треба да бидат на некој начин намалени казните. Реакциите како што можевте да видите не само од јавноста, туку и од специјализирани институции по овие прашања за жал не одат во прилог на мерките - изјави Зибери.
Тој воедно се осврна на претставките кои ги добивале по однос на недостаток на лекови на Онкологија. Имавме претставка една, но и од медиумите перманентно ова прашање беше актуелно и Народниот правобранител освен по претставки постапува и по сопствена иницијатива кога ќе има доволно информации и индикации дека се повредуваат правата на граѓаните, а посебно се сензитивни правата на граѓаните во областа на здравствената заштита и не само по овој домен, туку и за другите проблеми кои во здравствениот систем се појавија во минатиот период како недостатокот на лекот „трикафта“ и на други помагала за кои имавме голем број на преставки од страна на граѓаните, истакна народниот правобрнаител. Тој кажа дека во извештајот за 2022 година, меѓу другото бил нотиран проблемот со брзите кредити и кражбата на лични податоци.
Ние го нотиравме и во Годишниот извештајот за 2022 година и кажавме дека институцијата Народен правобранител нема надлежност да постапува по финансиските друштва затоа што тие се приватни субјекти, а Народниот правобранител постапува само по јавниот сектор, односно администрацијата, но го актуализиравме како проблем и баравме измени во Законот за финансиско работење, за среќа Собранието брзо реагираше и дел од измените одат во насока на надминување на некои проблеми како преголемите износи на наплатување, за администрирање на нови кредите како преголемите износи кои се принудени граѓаните да ги плаќаат доколку ако доцнат со враќање на кредите и сл.- појасни Зибери.
Тој посочи дека сепак Законот не ги решил сите проблеми.
Но, за жал Законот не ги реши другите две серозни прашања, а тоа е начинот на апликација за користење на ваквите кредити таканаречената електронска апликација и овој начин на апликација директно овозможи злоупотреба на податоците, односно злоупотреба на личните карти кои се користат при подигнување на брзите кредити, но тука сме надлежни и водиме две постапки каде лицата се жртви на злоупотреба на вакви податоци. Сметам дека треба да се доработи Законот и во таа насока имаше средба во Владата каде бев повикан и се разговараше како да се елиминираат овие појави - појаси Зибери.
Во однос на почитувањето на одредбите за застарување на долговите од страна на извршителите, Зибери рече дека не се почитуваат одредбите за застарување на долговите, а дел од извршителите се повикуваат на правилник од Министерството за правда, кој не може да има поголемо значење од Законот. Тој информира дека Канцеларијата на народниот правобранител сѐ уште најголем број претставки добива поради работата на извршителите. Говорејќи за затворите, народниот правобранител оцени дека состојбата е катастрофална, и посочи дека иако амнестија не е решение, тоа барем во моментот ќе ја ублажи ситуацијата.

The post Зибери: Измените на Кривичниот законик се проблематични, требаше да бидат донесени со сериозна расправа и доволно аргументи appeared first on Република.

]]>
Народниот правобранител: Покривање на трошоците за сите што, не по нивна вина, ќе останат без валидни лични карти https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-pokrivane-na-troshotsite-za-site-shto-ne-po-nivna-vina-ke-ostanat-bez-validni-lichni-karti/ Thu, 24 Aug 2023 15:03:38 +0000 https://republika.mk/?p=674957

Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зимбери, во изјава за МИА.

Зимбери посочува дека до Народниот правобранител изминатиот период пристигнувале претставки по два основа, односно немање можност за закажување термин за промена на документи и финансиски товар.

Нашите надлежности се лимитирани во насока на надминување на проблемот. Ние скоро секојдневно го покренуваме прашањето и ја информираме јавноста дека стигнуваат претставки. Врз основа на тие претставки ние се обраќаме до надлежните институции, во случајот до Министерството за внатрешни работи. Овој проблем се отвори последните денови откако граѓаните не можеа да добијат термин за отпочнување на постапката за обновување на документи, вели Зимбери.

Според него, направен е пропуст со тоа што надлежните институции не почнале со издавање на личните документи со новото име од денот кога е донесена одлуката.

Претпоставувам дека МВР имале намера да ги искористат старите обрасци, а тоа, пак, доведе до оваа ситуација во која сме доведени односно голем број граѓани да се изложат на дополнителен трошок и да не можат да добијат термин да ги обноват своите лични документи. Од тие причини, сметам дека Владата не направи добра проценка, ниту донесе некаков Оперативен план за спроведување на оваа активност што значи граѓаните се ставаат во крајно неповолна ситуација, појаснува Зимбери.

Тој посочува дека со ова граѓаните се доведуваат во ситуација да не можат да си остварат и други права како што се подигнување на плата, пензија, право на социјална помош, уплата на рата, право на глас и слично.

Граѓаните до февруари 2024 година, имаат законска обврска да ги сменат личните документи на кои наместо Република Македонија, треба да стои новото име Република Cеверна Македонија кое произлегува од Преспанскиот договор.

The post Народниот правобранител: Покривање на трошоците за сите што, не по нивна вина, ќе останат без валидни лични карти appeared first on Република.

]]>

Владата уште еднаш да ја разгледа можноста за евентуално покривање на трошоците во најмала рака за личните карти, обврска која се наметнува со самиот Закон за лични карти. За сите граѓани кои не по нивна вина остануваат без валидна лична карта, државата да го сноси финансискиот трошок, вели народниот правобранител Насер Зимбери, во изјава за МИА.
Зимбери посочува дека до Народниот правобранител изминатиот период пристигнувале претставки по два основа, односно немање можност за закажување термин за промена на документи и финансиски товар.
Нашите надлежности се лимитирани во насока на надминување на проблемот. Ние скоро секојдневно го покренуваме прашањето и ја информираме јавноста дека стигнуваат претставки. Врз основа на тие претставки ние се обраќаме до надлежните институции, во случајот до Министерството за внатрешни работи. Овој проблем се отвори последните денови откако граѓаните не можеа да добијат термин за отпочнување на постапката за обновување на документи, вели Зимбери.
Според него, направен е пропуст со тоа што надлежните институции не почнале со издавање на личните документи со новото име од денот кога е донесена одлуката.
Претпоставувам дека МВР имале намера да ги искористат старите обрасци, а тоа, пак, доведе до оваа ситуација во која сме доведени односно голем број граѓани да се изложат на дополнителен трошок и да не можат да добијат термин да ги обноват своите лични документи. Од тие причини, сметам дека Владата не направи добра проценка, ниту донесе некаков Оперативен план за спроведување на оваа активност што значи граѓаните се ставаат во крајно неповолна ситуација, појаснува Зимбери.
Тој посочува дека со ова граѓаните се доведуваат во ситуација да не можат да си остварат и други права како што се подигнување на плата, пензија, право на социјална помош, уплата на рата, право на глас и слично. Граѓаните до февруари 2024 година, имаат законска обврска да ги сменат личните документи на кои наместо Република Македонија, треба да стои новото име Република Cеверна Македонија кое произлегува од Преспанскиот договор.

The post Народниот правобранител: Покривање на трошоците за сите што, не по нивна вина, ќе останат без валидни лични карти appeared first on Република.

]]>
Пациентите го тепале болничкиот персонал: Зибери лани двапати влегол во „Бардовци“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/patsientite-go-tepale-bolnichkiot-personal-ziberi-lani-dvapati-vlegol-vo-bardovtsi/ Mon, 26 Jun 2023 10:06:55 +0000 https://republika.mk/?p=655241

Персоналот во Психијатриската болница ,,Скопје” не може да воспостави ред во примањето на терапија од страна на пациентите. Народниот правобранител, Насер Зибери на прес-конференција ги презентираше податоците од Годишниот извештај на Национален превентивен механизам.

Народниот правобранител во текот на 2022 година двапати бил во ненајавена посета на психијатриските болници во Скопје и Демир Хисар. Како што рече Зибери, персоналот во Бардовци се соочувал со закани и напади кои бо минатото резултирале и со телесни повреди на болничкиот персонал.

Конфликите мегу пациентите на одделението се многу чести, во одредени случаи вербалните караници резултирале и со мегусебни физички напади, а беа добиени наводи и за воспоставена неформална хиерархија меѓу пациентите на надредени и подредени. Ситуацијата е особено алармантна во попладневните и вечерните часови кога на одделението има присутно само еден медицински техничар и еден болничар, рече Зибери. Чести се и бегствата од оваа болница. Омбудсман нотира дека главната причина се лошите услови за престој, недостатокот на организирани активности и неодобрување на терапевстки викенди.

Материјалните услови во судското одделение во Психијатриска болница „Скопје” не ги задоволуваат стандардите коишто упатуваат на потребата од создавање позитивна терапевстка средина. Потребно е итно преземање мерки за целосно реновираье на објектот со цел подобрување на материјалните услови како за пациентите така и за вработените, во смисла на создавање соодветни работни услови. Болницата нема можност да понуди широк дијапазон на рехабилитативни и терапевтски активности, па во оваа смисла беше констатирано дека само мал дел дел од пациентите се вклучени во работна терапија (шиење, перење) или во креативни работилници - нотира Зибери.

The post Пациентите го тепале болничкиот персонал: Зибери лани двапати влегол во „Бардовци“ appeared first on Република.

]]>

Персоналот во Психијатриската болница ,,Скопје” не може да воспостави ред во примањето на терапија од страна на пациентите. Народниот правобранител, Насер Зибери на прес-конференција ги презентираше податоците од Годишниот извештај на Национален превентивен механизам. Народниот правобранител во текот на 2022 година двапати бил во ненајавена посета на психијатриските болници во Скопје и Демир Хисар. Како што рече Зибери, персоналот во Бардовци се соочувал со закани и напади кои бо минатото резултирале и со телесни повреди на болничкиот персонал. Конфликите мегу пациентите на одделението се многу чести, во одредени случаи вербалните караници резултирале и со мегусебни физички напади, а беа добиени наводи и за воспоставена неформална хиерархија меѓу пациентите на надредени и подредени. Ситуацијата е особено алармантна во попладневните и вечерните часови кога на одделението има присутно само еден медицински техничар и еден болничар, рече Зибери. Чести се и бегствата од оваа болница. Омбудсман нотира дека главната причина се лошите услови за престој, недостатокот на организирани активности и неодобрување на терапевстки викенди.
Материјалните услови во судското одделение во Психијатриска болница „Скопје” не ги задоволуваат стандардите коишто упатуваат на потребата од создавање позитивна терапевстка средина. Потребно е итно преземање мерки за целосно реновираье на објектот со цел подобрување на материјалните услови како за пациентите така и за вработените, во смисла на создавање соодветни работни услови. Болницата нема можност да понуди широк дијапазон на рехабилитативни и терапевтски активности, па во оваа смисла беше констатирано дека само мал дел дел од пациентите се вклучени во работна терапија (шиење, перење) или во креативни работилници - нотира Зибери.

The post Пациентите го тепале болничкиот персонал: Зибери лани двапати влегол во „Бардовци“ appeared first on Република.

]]>
Зибери: Без поактивна улога на сите сегменти на власта, тешко дека ќе има посериозно подобрување со довербата во правосудството https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-bez-poaktivna-uloga-na-site-segmenti-na-vlasta-teshko-deka-kje-ima-poseriozno-podobruvanje-so-doverbata-vo-pravosudstvoto/ Tue, 20 Dec 2022 12:18:00 +0000 https://republika.mk/?p=587966

Народниот правобранител Насер Зибери лично се сомнева дека има доволна спремност, капацитет и ресурси во надлежните институции да се промени состојбата со ниската доверба на граѓаните во правосудството.

Зибери, коментирајќи ја анкетата на ИРИ за падот на довербата на граѓаните во правосудството, на денешната прес-конференција, појасни дека тука пред се мисли на републичкиот Судски совет и Совет на јавни обвинители.

Без некоја поактивна улога на сите сегменти на власта. Мислам на Влада, Собрание, Судство тешко дека ќе има некое посериозно подобрување. Ние требаше да чекаме да ни сигнализираат и упатуваат критики од страна на Амбасадата на САД, ЕУ и т.н. за да се освестиме дека состојбата не е добра - изјави Зибери.

Во однос на заштита на човековите права во областа на правосудството, Зибери посочи дека најголем број на претставки до институцијата Народен правобранител доаѓаат, токму од оваа област, односно судството, правосудството, со под областите – основни судови, извршители, адвокати, нотари и т.н.

Таа бројка, со денешниот пресек не ја знам, но сигурно е над 400 претставки, од кои скоро половината се однесуваат на работата на извршителите. Значи судовите и извршителите доминираат по бројот на претставки од граѓаните - изјави Зибери.

The post Зибери: Без поактивна улога на сите сегменти на власта, тешко дека ќе има посериозно подобрување со довербата во правосудството appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител Насер Зибери лично се сомнева дека има доволна спремност, капацитет и ресурси во надлежните институции да се промени состојбата со ниската доверба на граѓаните во правосудството. Зибери, коментирајќи ја анкетата на ИРИ за падот на довербата на граѓаните во правосудството, на денешната прес-конференција, појасни дека тука пред се мисли на републичкиот Судски совет и Совет на јавни обвинители.
Без некоја поактивна улога на сите сегменти на власта. Мислам на Влада, Собрание, Судство тешко дека ќе има некое посериозно подобрување. Ние требаше да чекаме да ни сигнализираат и упатуваат критики од страна на Амбасадата на САД, ЕУ и т.н. за да се освестиме дека состојбата не е добра - изјави Зибери.
Во однос на заштита на човековите права во областа на правосудството, Зибери посочи дека најголем број на претставки до институцијата Народен правобранител доаѓаат, токму од оваа област, односно судството, правосудството, со под областите – основни судови, извршители, адвокати, нотари и т.н.
Таа бројка, со денешниот пресек не ја знам, но сигурно е над 400 претставки, од кои скоро половината се однесуваат на работата на извршителите. Значи судовите и извршителите доминираат по бројот на претставки од граѓаните - изјави Зибери.

The post Зибери: Без поактивна улога на сите сегменти на власта, тешко дека ќе има посериозно подобрување со довербата во правосудството appeared first on Република.

]]>
Зибери: Имаме поднесено претставки кон министри и носители на јавни функции, министерства… https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-imame-podneseno-pretstavki-kon-ministri-i-nositeli-na-javni-funkcii-ministerstva/ Thu, 03 Nov 2022 21:29:28 +0000 https://republika.mk/?p=569362

Народниот правобранител Насер Зибери во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека имаат поднесено претставки кон министри и носители на јавни функции, министерства…

Имаме претставки и за работата на носителите на јавни функции, нема да кријам, дека со одредени ресори соработката оди тешко. Се разбира не за сите области и за сите проблеми, но за одредени прашања да, вели Зибери.

The post Зибери: Имаме поднесено претставки кон министри и носители на јавни функции, министерства… appeared first on Република.

Зибери: Владата да преземе мерки за повторно продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-vladata-da-prezeme-merki-za-povtorno-prodolzuvanje-na-rokot-na-vazenje-na-zakonot-za-neevidentiranite-lica-vo-matichnata-kniga-na-rodenite/ Tue, 26 Jul 2022 11:08:11 +0000 https://republika.mk/?p=533347

Народниот правобранител Насер Зибери во соопштение до медиумите информира дека од предметното работење и спроведеното истражување констатирал бројни проблеми во спроведувањето на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените, како што се: недоволна информираност на овие лица за начинот на поднесување на барање до Управата за водење на матични книги, недоволна обученост и оспособеност на овластените лица за прием и процесуирање на ваквите барања, но и практична неможност за користење односно уживање на правата кои ги гарантира овој закон.

Тој констатирал повреда на правата на овие лица поради недоследна имплементација на Законот за неевидентирани лица.

Имајќи го предвид и фактот дека во изминатите две години откако започнала примената на овој закон за ниту едно лице не е отпочната постапка за дополнителен упис во матичната книга на родените, а од друга страна неспорно, вака како што е конципиран Законот не нуди никаква можност за решавање на граѓанскиот статус односно државјанскиот статус на овие лица, што дополнително го комплицира остварувањето на уставните и законските права на овие лица, народниот правобранител и препорачува на Владата да преземе мерки за повторно продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените, и тоа најмалку за една година.

Владата да ги задолжи ресорните министерства да ги усогласат законите од областа на образование, здравствена заштита и здравствено осигурување, социјална заштита и вработување со задолжително социјалното осигурување, со Законот за неевидентирани лица во матичната книга, со што ќе се овозможи непречено остварување на четирите права од Законот, но и други права кои се тесно поврзани, а кои постојниот закон не ги препознава, како што е правото на ученички стипендии, додаток за образование, посебен додаток, надоместоци за попреченост, пријавување како невработено лице во Агенцијата за вработување и следствено остварување на соодветни надоместоци и други бенефити кои произлегуваат од статусот-невработено лице и сл. Најитно да се изнајде решение за надградба на постојниот интегрираран систем (софверско решение) кое ќе овозможи препознавање на посебниот евиденционен број од изводот од посебна матична книга на родени и идентификационата исправа, а со тоа и можност за непречено остварување на правата во горенаведените области, порачува народниот правобранител.

Потенцира дека треба да се задолжат надлежните институции на поинтензивна соработка со граѓанските здруженија со цел проактивен пристап при лоцирање на овие лица, нивно идентификување, вклучувајќи спроведување на теренски посети, јавни кампањи или друго информирање и соодветно информирање на засегнатите лица кои сè уште не поднеле барање,

Министерството за правда, како предлагач на законот и надлежен орган за вршење надзор врз спроведувањето на неговите одредби, да покаже проактивен однос и заложба за ефикасна имплементација на законот. Министерствата за образование, за труд и социјална политика, за здравство, за внатрешни работи, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Управата за водење на матични книги и другите надлежните институции да покажат добра волја, ажурност, наколенетост и флексибилност во постапувањето, со почитување на пропишаните рокови, повисоко ниво на меѓусебно координирање, со цел конечно да се реши долгогодишниот проблем со правно невидливите лица во државата, истакнува народниот правобранител и очекува Владата најитно на седница да ја разгледа Информацијата со предлог за преземање мерки на седница и да донесе соодветни заклучоци согласно дадените препераки, а за ставот и преземените мерки, согласно член 34 од Законот за народниот правобранител, и да го извести најдоцна во рок од 10 дена од приемот на овој допис.

Минатата година, како што посочува народниот правобранител, ја информирал јавноста за податоците добиени од Управата за видење на матични книги, според кои, од вкупно евидентираните 659 лица кои немаат документи и чие раѓање не е запишано во матичната книга на родени повеќе од половина, односно 60 отсто (или 397) се деца на возраст до 18 години. Во текот на 2020 година (по донесување на Законот) од вкупниот број неевидентирани лица поднесени се вкупно 184 барања за издавање на извод од посебната МКР, и уште 27 барања во периодот јануари-април 2021 година, односно вкупно се доставени 211 барања за упис во Посебната матична книга на родени.

-Во 2022 година, проблемите продолжија, и следствено зачестени се претставките од неевидентираните лица, кои укажуваат на неможност да ги остварат правата утврдени во Законот за неевидентирани лица. Имено, клучен проблем во моментот е тоа што Законот за неевидентирани лица е со важност до јуни 2022 година, а во пракса повеќе од половина од вкупно идентификуваните 732 лица (според најнов податок од УВМК), не иницирале постапка за упис во Посебната матична книга на родените. Од друга страна пак, лицата кои имаат извод од посебната матична книга и идентификациона исправа, во пракса не остваруваат ниту едно од утврдените права (право на образование, здравствена заштита, социјална заштита, вработување со задолжително социјално осигурување). Дополнително, народниот правобранител утврди дека не секое од лицата на кое му е издаден извод (320) има добиено и идентификациона исправа (115), што дополнително го отвора прашањето зошто е тоа така, ако се има предвид законската одредба дека „службеното лице од Управата го известува Министерството за вантрешни работи за издадениот извод на родените, во рок од 15 дена од денот неиздавањето, заради издавање на идентификациона исправа, информира народниот правобранител.

Тој посочува дека по сознанијата дека проблемите не се надминати, иако до истек на важноста на Законот има уште само три месеци (до јуни 2022 година), на ден 24.03.2022 година повикал на разговор претставници од државни институции кои имаат обврска да го спроведуваат Законот за неевидентирани лица или да вршат надзор над неговото спроведување.

На средбата, како што истакнува, присуствувале претставници од министерствата за правда, за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за образование и наука, Управата за водење на матичните книги, и Агенција за вработување и немало претставник од Министерството за здравство, иако биле уредно поканети. На средбата се потврдиле констатациите за неможност за имплементација на Законот за неевидентираните лица и неостварување на правата утврдени со истиот, поради што тој, согласно член 32 од Законот за народниот правобранител оценил за потребно да ја информира Владата со посебна информација и предлог за преземање мерки.

Имено, неспорно е констатирано дека овие лица и по добиениот евиденционен број кој треба да го замени единствениот матичен број, до упис на овие лица во редовната матична книга на родените, не можат да ги остваруваат правата кои се утврдени во член 2 од Законот за неевидентирани лица (право на образование, здравствена заштита, социјална заштита, вработување со задолжително социјално осигурување).

Ова преставува сериозен проблем за кој под итно треба да се најде најсоодветно решение, во спротивно државата се доведува во состојба да има закон за кој не се создадени предуслови за непречено спроведување односно состојба на нерешавање на проблемот со неевидентираните лица. Ниту еден од ресорните закони кои поединечно ги утврдуваат горенаведените права не се усогласени со Законот за неевидентирани лица во матична книга, што се потврдува со фактот дека евиденциониот број кој го добиваат лицата во изводот од посебната матична книга на родените и кој е содржан во идентификационата исправа, не се препознава во интегрираниот систем на надлежните органи и инстиуции, па во пракса лицата имаат извод и исправа но не можат да остварат ниту едено од споменатите права, информира народниот правобранител Зибери.

The post Зибери: Владата да преземе мерки за повторно продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител Насер Зибери во соопштение до медиумите информира дека од предметното работење и спроведеното истражување констатирал бројни проблеми во спроведувањето на Законот за неевидентирани лица во матична книга на родените, како што се: недоволна информираност на овие лица за начинот на поднесување на барање до Управата за водење на матични книги, недоволна обученост и оспособеност на овластените лица за прием и процесуирање на ваквите барања, но и практична неможност за користење односно уживање на правата кои ги гарантира овој закон. Тој констатирал повреда на правата на овие лица поради недоследна имплементација на Законот за неевидентирани лица. Имајќи го предвид и фактот дека во изминатите две години откако започнала примената на овој закон за ниту едно лице не е отпочната постапка за дополнителен упис во матичната книга на родените, а од друга страна неспорно, вака како што е конципиран Законот не нуди никаква можност за решавање на граѓанскиот статус односно државјанскиот статус на овие лица, што дополнително го комплицира остварувањето на уставните и законските права на овие лица, народниот правобранител и препорачува на Владата да преземе мерки за повторно продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените, и тоа најмалку за една година. Владата да ги задолжи ресорните министерства да ги усогласат законите од областа на образование, здравствена заштита и здравствено осигурување, социјална заштита и вработување со задолжително социјалното осигурување, со Законот за неевидентирани лица во матичната книга, со што ќе се овозможи непречено остварување на четирите права од Законот, но и други права кои се тесно поврзани, а кои постојниот закон не ги препознава, како што е правото на ученички стипендии, додаток за образование, посебен додаток, надоместоци за попреченост, пријавување како невработено лице во Агенцијата за вработување и следствено остварување на соодветни надоместоци и други бенефити кои произлегуваат од статусот-невработено лице и сл. Најитно да се изнајде решение за надградба на постојниот интегрираран систем (софверско решение) кое ќе овозможи препознавање на посебниот евиденционен број од изводот од посебна матична книга на родени и идентификационата исправа, а со тоа и можност за непречено остварување на правата во горенаведените области, порачува народниот правобранител. Потенцира дека треба да се задолжат надлежните институции на поинтензивна соработка со граѓанските здруженија со цел проактивен пристап при лоцирање на овие лица, нивно идентификување, вклучувајќи спроведување на теренски посети, јавни кампањи или друго информирање и соодветно информирање на засегнатите лица кои сè уште не поднеле барање, Министерството за правда, како предлагач на законот и надлежен орган за вршење надзор врз спроведувањето на неговите одредби, да покаже проактивен однос и заложба за ефикасна имплементација на законот. Министерствата за образование, за труд и социјална политика, за здравство, за внатрешни работи, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за вработување, Управата за водење на матични книги и другите надлежните институции да покажат добра волја, ажурност, наколенетост и флексибилност во постапувањето, со почитување на пропишаните рокови, повисоко ниво на меѓусебно координирање, со цел конечно да се реши долгогодишниот проблем со правно невидливите лица во државата, истакнува народниот правобранител и очекува Владата најитно на седница да ја разгледа Информацијата со предлог за преземање мерки на седница и да донесе соодветни заклучоци согласно дадените препераки, а за ставот и преземените мерки, согласно член 34 од Законот за народниот правобранител, и да го извести најдоцна во рок од 10 дена од приемот на овој допис. Минатата година, како што посочува народниот правобранител, ја информирал јавноста за податоците добиени од Управата за видење на матични книги, според кои, од вкупно евидентираните 659 лица кои немаат документи и чие раѓање не е запишано во матичната книга на родени повеќе од половина, односно 60 отсто (или 397) се деца на возраст до 18 години. Во текот на 2020 година (по донесување на Законот) од вкупниот број неевидентирани лица поднесени се вкупно 184 барања за издавање на извод од посебната МКР, и уште 27 барања во периодот јануари-април 2021 година, односно вкупно се доставени 211 барања за упис во Посебната матична книга на родени. -Во 2022 година, проблемите продолжија, и следствено зачестени се претставките од неевидентираните лица, кои укажуваат на неможност да ги остварат правата утврдени во Законот за неевидентирани лица. Имено, клучен проблем во моментот е тоа што Законот за неевидентирани лица е со важност до јуни 2022 година, а во пракса повеќе од половина од вкупно идентификуваните 732 лица (според најнов податок од УВМК), не иницирале постапка за упис во Посебната матична книга на родените. Од друга страна пак, лицата кои имаат извод од посебната матична книга и идентификациона исправа, во пракса не остваруваат ниту едно од утврдените права (право на образование, здравствена заштита, социјална заштита, вработување со задолжително социјално осигурување). Дополнително, народниот правобранител утврди дека не секое од лицата на кое му е издаден извод (320) има добиено и идентификациона исправа (115), што дополнително го отвора прашањето зошто е тоа така, ако се има предвид законската одредба дека „службеното лице од Управата го известува Министерството за вантрешни работи за издадениот извод на родените, во рок од 15 дена од денот неиздавањето, заради издавање на идентификациона исправа, информира народниот правобранител. Тој посочува дека по сознанијата дека проблемите не се надминати, иако до истек на важноста на Законот има уште само три месеци (до јуни 2022 година), на ден 24.03.2022 година повикал на разговор претставници од државни институции кои имаат обврска да го спроведуваат Законот за неевидентирани лица или да вршат надзор над неговото спроведување. На средбата, како што истакнува, присуствувале претставници од министерствата за правда, за внатрешни работи, за труд и социјална политика, за образование и наука, Управата за водење на матичните книги, и Агенција за вработување и немало претставник од Министерството за здравство, иако биле уредно поканети. На средбата се потврдиле констатациите за неможност за имплементација на Законот за неевидентираните лица и неостварување на правата утврдени со истиот, поради што тој, согласно член 32 од Законот за народниот правобранител оценил за потребно да ја информира Владата со посебна информација и предлог за преземање мерки. Имено, неспорно е констатирано дека овие лица и по добиениот евиденционен број кој треба да го замени единствениот матичен број, до упис на овие лица во редовната матична книга на родените, не можат да ги остваруваат правата кои се утврдени во член 2 од Законот за неевидентирани лица (право на образование, здравствена заштита, социјална заштита, вработување со задолжително социјално осигурување). Ова преставува сериозен проблем за кој под итно треба да се најде најсоодветно решение, во спротивно државата се доведува во состојба да има закон за кој не се создадени предуслови за непречено спроведување односно состојба на нерешавање на проблемот со неевидентираните лица. Ниту еден од ресорните закони кои поединечно ги утврдуваат горенаведените права не се усогласени со Законот за неевидентирани лица во матична книга, што се потврдува со фактот дека евиденциониот број кој го добиваат лицата во изводот од посебната матична книга на родените и кој е содржан во идентификационата исправа, не се препознава во интегрираниот систем на надлежните органи и инстиуции, па во пракса лицата имаат извод и исправа но не можат да остварат ниту едено од споменатите права, информира народниот правобранител Зибери.

The post Зибери: Владата да преземе мерки за повторно продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентираните лица во матичната книга на родените appeared first on Република.

]]>
Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ziberi-vo-policiskite-stanici-nema-azurirani-spisoci-na-dezurni-advokati-a-drzavata-ne-gi-nadomestuva-advokatskite-uslugi/ Mon, 27 Jun 2022 13:08:59 +0000 https://republika.mk/?p=520325

Народниот правобранител, Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски денеска потпишаа меморандум за соработка во насока на подобрување на учеството и заштитата на граѓаните пред полициските и другите служби во почетната фаза, кога против нив се превземаат дејствија.

– Во полициските станици и другите места за лишување и задржување затекнавме ситуации каде што нема ажурирани списоци од дежурни адвокати, а во некои воопшто и ги нема. Полициските службеници не се доволно информирани за правото на лицата кои се лишуваат или задржуваат, дека можат да бараат присуство на адвокат во нивна одбрана, како еден од сегментите за балансирање на односите на тие што имаат посебни овластувања и лицата кои се под нивен удар, информираше народниот правобранител.

Тој рече дека секое лице има право на адвокат во првата фаза и дека средствата за таа адвокатската услуга треба да бидат покриени од буџетот на државата.

– Мислам дека присуството на адвокат е најнеопходно токму во таа прва фаза и се разбира тоа соодветно е регулирано и во законот за кривична постапка, каде што во член 161 е предвидено дека присуството на адвокат, особено по 20 часот до шест часот наутро, може да бара секое лице кое е задржано, односно приведено, а за тоа средствата да ги надомести буџетот на државата, истакна Зибери.

Тој додаде дека соработката со адвокатската комора ќе покрива и други области, а се со цел подобрување на целосната заштита на човековите слободи и права и изрази надеж дека овој настан ќе одбележи едно подигнување не само на соработката помеѓу двете институции, туку и на свеста на граѓаните за нивна заштита на слободите и правата.

Претседателот на Адвокатската комора, Михајловски посочи дека потпишувањето на меморандумот всушност е само едно формализирање на активностите и на дејствијата коишто ќе се превземаат од страна на адвокатите и народниот правобранител.

– Вие знаете дека адвокатите, според Уставот и според законите, како бранители се овластени да постапуваат во сите фази на постапката, на кривичната постапка, значи уште во предистражната постапка, во истражната постапка, па и во текот на судењето заради заштита на нивните интереси, односно се со цел да се заштитат нивните права, најмногу заради едно фер и праведно судење, рече Михајловски.

Тој додаде дека доколку граѓаните се подложени на тортура или на друго незаконито постапување тешко се надминуваат тие состојби за да се има едно фер и правично судење.

– Адвокатите се спремни, добро едуцирани и како такви учествуваат во многу кривични постапки коишто се водат. Имаме и адвокати кои се остручени и со меѓународни закони и конвенции коишто Македонија ги има потпишано, па како такви мислам дека ќе дадат еден голем придонес во идејата за поуспешна и поефикасна борба против тортурата, изјави Михајловски.

На новинарското прашање во врска со причините за малиот број на лицата кои користат адвокатски услуги кога се лишени од слобода и за непојавувањето на многу адвокати кога се повикани од надлежните институции за притвор и слични случаи, Михајловски укажа дека причини за тоа е тоа што на притворените лица не им се соопштуваат или нејасно им се соопштуваат нивните права, кога во прв момент ќе бидат лишени од слобода.

– Тоа е едно. Второ е финансиското прашање. Зборувам кога не сме ангажирани од странка директно. Значи државата мора да обезбеди средства од буџетот за тие лица да добијат адвокатска помош, односно бранители, а тие трошоци да се покријат од буџетот, бидејќи има многу граѓани коишто немаат средства да ги покријат овие трошоци, нагласи Михајловски.

Тој истакна дека во моментов адвокатите не се платени воопшто за постапките пред Министерството за внатрешни работи и дека тие работат про боно, односно бесплатно за тој дел од постапката.

Во однос на прашањето за честото одредување на мерката притвор, Михајловски рече дека со тоа се оневозможува ефикасна одбрана во смисла на состојбата во која се доведува притвореното лице коешто чека судска постапка и додаде дека судовите можат и со други поблаги мерки да го обезбедат присуството на лицето против кое се води кривичната постапка.

Во врска со бројот на адвокатите кои би работеле про боно за да им излезат во пресрет на овие лица лишени од слобода, Михајловски рече дека има листа на адвокати коишто работат про боно, меѓутоа, според него, тоа е најмал проблем.

– Ние треба да имаме систем во државата, како сите други држави, којшто ќе обезбеди средства и услови за работење на бранителите уште во најраната фаза на кривичната постапка, изјави тој, додавајќи дека има многу постапки кои не продолжуваат со судска постапка туку запираат во полициска, предобвинителска или во другите рани фази и дека тие трошоци мора да се платат.

Зибери, во однос на истото прашање, рече дека адвокатите не мора да работат про боно.

– Адвокатите, за одбраната што ќе ја овозможат треба соодветно според нивната тарифа да бидат наградени, затоа што државата презела обврска со Законот за кривична постапка да ги надомести тие трошоци, се разбира во време од 20 часот до шест часот наутро. И во тој дел кога е повикан од страна на надлежен орган, адвокат да учествува во постапката, адвокатот треба да биде надоместен од средства на буџетот, не треба да биде ангажиран про боно, рече Зибери и додаде дека тоа не треба само да стои во Законот за кривична постапка, туку треба и соодветно да се материјализира, а со тоа директно ќе се влијае во заштита на правата и заштитата на правата на лицата коишто се приведени и задржани.

Зибери потенцираше дека токму тоа е причината што во полициските станици и другите места за лишување и задржување нема ажурирани списоци од дежурни адвокати и дека тоа е резултат на фактот што државата не ги надоместува адвокатите за услугата што ја даваат.

Извор: МИА

The post Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги appeared first on Република.

]]>

Народниот правобранител, Насер Зибери и претседателот на Адвокатската комора, Љубомир Михајловски денеска потпишаа меморандум за соработка во насока на подобрување на учеството и заштитата на граѓаните пред полициските и другите служби во почетната фаза, кога против нив се превземаат дејствија.
– Во полициските станици и другите места за лишување и задржување затекнавме ситуации каде што нема ажурирани списоци од дежурни адвокати, а во некои воопшто и ги нема. Полициските службеници не се доволно информирани за правото на лицата кои се лишуваат или задржуваат, дека можат да бараат присуство на адвокат во нивна одбрана, како еден од сегментите за балансирање на односите на тие што имаат посебни овластувања и лицата кои се под нивен удар, информираше народниот правобранител.
Тој рече дека секое лице има право на адвокат во првата фаза и дека средствата за таа адвокатската услуга треба да бидат покриени од буџетот на државата.
– Мислам дека присуството на адвокат е најнеопходно токму во таа прва фаза и се разбира тоа соодветно е регулирано и во законот за кривична постапка, каде што во член 161 е предвидено дека присуството на адвокат, особено по 20 часот до шест часот наутро, може да бара секое лице кое е задржано, односно приведено, а за тоа средствата да ги надомести буџетот на државата, истакна Зибери.
Тој додаде дека соработката со адвокатската комора ќе покрива и други области, а се со цел подобрување на целосната заштита на човековите слободи и права и изрази надеж дека овој настан ќе одбележи едно подигнување не само на соработката помеѓу двете институции, туку и на свеста на граѓаните за нивна заштита на слободите и правата. Претседателот на Адвокатската комора, Михајловски посочи дека потпишувањето на меморандумот всушност е само едно формализирање на активностите и на дејствијата коишто ќе се превземаат од страна на адвокатите и народниот правобранител.
– Вие знаете дека адвокатите, според Уставот и според законите, како бранители се овластени да постапуваат во сите фази на постапката, на кривичната постапка, значи уште во предистражната постапка, во истражната постапка, па и во текот на судењето заради заштита на нивните интереси, односно се со цел да се заштитат нивните права, најмногу заради едно фер и праведно судење, рече Михајловски.
Тој додаде дека доколку граѓаните се подложени на тортура или на друго незаконито постапување тешко се надминуваат тие состојби за да се има едно фер и правично судење.
– Адвокатите се спремни, добро едуцирани и како такви учествуваат во многу кривични постапки коишто се водат. Имаме и адвокати кои се остручени и со меѓународни закони и конвенции коишто Македонија ги има потпишано, па како такви мислам дека ќе дадат еден голем придонес во идејата за поуспешна и поефикасна борба против тортурата, изјави Михајловски.
На новинарското прашање во врска со причините за малиот број на лицата кои користат адвокатски услуги кога се лишени од слобода и за непојавувањето на многу адвокати кога се повикани од надлежните институции за притвор и слични случаи, Михајловски укажа дека причини за тоа е тоа што на притворените лица не им се соопштуваат или нејасно им се соопштуваат нивните права, кога во прв момент ќе бидат лишени од слобода.
– Тоа е едно. Второ е финансиското прашање. Зборувам кога не сме ангажирани од странка директно. Значи државата мора да обезбеди средства од буџетот за тие лица да добијат адвокатска помош, односно бранители, а тие трошоци да се покријат од буџетот, бидејќи има многу граѓани коишто немаат средства да ги покријат овие трошоци, нагласи Михајловски.
Тој истакна дека во моментов адвокатите не се платени воопшто за постапките пред Министерството за внатрешни работи и дека тие работат про боно, односно бесплатно за тој дел од постапката. Во однос на прашањето за честото одредување на мерката притвор, Михајловски рече дека со тоа се оневозможува ефикасна одбрана во смисла на состојбата во која се доведува притвореното лице коешто чека судска постапка и додаде дека судовите можат и со други поблаги мерки да го обезбедат присуството на лицето против кое се води кривичната постапка. Во врска со бројот на адвокатите кои би работеле про боно за да им излезат во пресрет на овие лица лишени од слобода, Михајловски рече дека има листа на адвокати коишто работат про боно, меѓутоа, според него, тоа е најмал проблем.
– Ние треба да имаме систем во државата, како сите други држави, којшто ќе обезбеди средства и услови за работење на бранителите уште во најраната фаза на кривичната постапка, изјави тој, додавајќи дека има многу постапки кои не продолжуваат со судска постапка туку запираат во полициска, предобвинителска или во другите рани фази и дека тие трошоци мора да се платат.
Зибери, во однос на истото прашање, рече дека адвокатите не мора да работат про боно.
– Адвокатите, за одбраната што ќе ја овозможат треба соодветно според нивната тарифа да бидат наградени, затоа што државата презела обврска со Законот за кривична постапка да ги надомести тие трошоци, се разбира во време од 20 часот до шест часот наутро. И во тој дел кога е повикан од страна на надлежен орган, адвокат да учествува во постапката, адвокатот треба да биде надоместен од средства на буџетот, не треба да биде ангажиран про боно, рече Зибери и додаде дека тоа не треба само да стои во Законот за кривична постапка, туку треба и соодветно да се материјализира, а со тоа директно ќе се влијае во заштита на правата и заштитата на правата на лицата коишто се приведени и задржани.
Зибери потенцираше дека токму тоа е причината што во полициските станици и другите места за лишување и задржување нема ажурирани списоци од дежурни адвокати и дека тоа е резултат на фактот што државата не ги надоместува адвокатите за услугата што ја даваат.
Извор: МИА

The post Зибери: Во полициските станици нема ажурирани списоци на дежурни адвокати, а државата не ги надоместува адвокатските услуги appeared first on Република.

]]>
АА бара казна за Зибери и Шаќири: Се допишувале само на македонски, а изјаснети се како Албанци https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/aa-bara-kazna-za-ziberi-i-shakjiri-se-dopishuvale-samo-na-makedonski-a-izjasneti-se-kako-albanci/ Sat, 23 Apr 2022 15:59:39 +0000 https://republika.mk/?p=492674

„Во текот на вчерашниот ден целата јавност беше сведок на скандал на двајца функционери на ДУИ кои иако и двајцата се изјаснети како Албанци, комуницираа само на македонски јазик, не почитувајќи ја барем двојазичностa“, реагираат од Алијансата за Албанците во писмено соопштение испратено денеска до медиумите.

„Таканаречениот Народен правобранител, Насер Зибери, во писмо испратено до Министерот за образование, Јетон Шаќири, уште еднаш се обиде да изврши притисок врз наставниците да го прекинат штрајкот. Иако и двајцата функционери се изјаснети за Албанци, писмото е испратено само на македонски јазик. Ова писмо, како такво и само на еден јазик, со гордост го објави министерот Шаќири.

Не сакаме да се мешаме во личните убедувања и избори на двајцата функционери на ДУИ. Тие можат да продолжат да комуницираат приватно само на македонски јазик. Но, ги потсетуваме дека на сила е закон кој ги обврзува да ги користат двата јазика во овие институции, а тоа е албанскиот јазик, особено кога писмото се однесува на наставници, од кои голем дел се Албанци. Го повикуваме и Инспекторатот за спроведување на законот за јазиците итно да ја изврши својата должност и да превземе мерки против двајцата функционери на ДУИ“, се наведува во реакцијата на АА испратена до медиумите.

The post АА бара казна за Зибери и Шаќири: Се допишувале само на македонски, а изјаснети се како Албанци appeared first on Република.

]]>

„Во текот на вчерашниот ден целата јавност беше сведок на скандал на двајца функционери на ДУИ кои иако и двајцата се изјаснети како Албанци, комуницираа само на македонски јазик, не почитувајќи ја барем двојазичностa“, реагираат од Алијансата за Албанците во писмено соопштение испратено денеска до медиумите. „Таканаречениот Народен правобранител, Насер Зибери, во писмо испратено до Министерот за образование, Јетон Шаќири, уште еднаш се обиде да изврши притисок врз наставниците да го прекинат штрајкот. Иако и двајцата функционери се изјаснети за Албанци, писмото е испратено само на македонски јазик. Ова писмо, како такво и само на еден јазик, со гордост го објави министерот Шаќири.
Не сакаме да се мешаме во личните убедувања и избори на двајцата функционери на ДУИ. Тие можат да продолжат да комуницираат приватно само на македонски јазик. Но, ги потсетуваме дека на сила е закон кој ги обврзува да ги користат двата јазика во овие институции, а тоа е албанскиот јазик, особено кога писмото се однесува на наставници, од кои голем дел се Албанци. Го повикуваме и Инспекторатот за спроведување на законот за јазиците итно да ја изврши својата должност и да превземе мерки против двајцата функционери на ДУИ“, се наведува во реакцијата на АА испратена до медиумите.

The post АА бара казна за Зибери и Шаќири: Се допишувале само на македонски, а изјаснети се како Албанци appeared first on Република.

]]>
Левица: Недозволиво е вештачко менување на демографската структура по теркот на Насер Зибери https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/levica-nedozvolivo-e-veshtachko-menuvanje-na-demografskata-struktura-po-terkot-na-naser-ziberi/ Thu, 21 Apr 2022 18:27:19 +0000 https://republika.mk/?p=491959

Неосновани се барањата на Омбудсманот за продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентирани лица, со кој несомнено се врши лажирање на демографската структура во државата, за што доказ беа и нецелоснo објавениte резултати од пописот на населението. Веќе два пати беше продолжуван рокот на важење на овој закон, со што повторно продолжување на важноста претставува неодговорност, реагираат од Левица.

Реакцијата на партијата ја пренесуваме во целост.

„Левица, пред повеќе од една година, го оспори овој закон пред Уставниот суд поради негова неусогласеност со Уставот и законите. Одредбите на законот во пракса произведуваат спорни ситуации, кои негативно влијаат на општествено-правните односи и демографската структура во државата и тоа:

Со овозможувањето на упис во посебната, а подоцна и во редовната матична книга на родени, се заобиколува законски предвидениот прекршок за оние кои пропуштиле навремен упис во редовната матична книга на родени;

Трајноста на идентификациона исправа посочува на фактот дека по истекот на 5 години и уписот во редовната матична книга на родени. лицето ќе се стекне со лична карта, па и државјанство;

По уписот, лицето може да оствари право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување, до завршување на постапката за дополнителен упис во матична книга на родените, со што апсолутно правата на овие лица се изедначуваат со државјаните на Македонија;

Уписот во редовната матична книга на родени по 5 години и стекнување на можноста со тоа лицето да поседува лична карта и да се стекне со државјанство е во колизија со законот за државјанство, кој е lex specialis за таа област. Па така, строгите условите за стекнување државјанство со природување, предвидени во Законот за државјанство, се заобиколуваат и не важат за овие лица.

Спротивноста со Законот за државјанство, значи и спротивност со Уставот, бидејќи во членот 4 став 3 е содржана императивна норма, според која државјанство се стекнува врз основа на закон кој е lex specialis за таа област и никако поинаку. Таков закон е единствено Законот за државјанство;

Примената на ваквиот закон значи дискириминација на граѓаните, каде за едни важат построги правила, а за други важат вакви едноставни правила;

Непотребно се подрива системот на нормативна хиерархија и се руши концептот на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок.

Власта, со досегашното спроведување на овој закон, докажа дека во континуитет работи на суптилно менување на демографската структура на населението во државата и сведување на македонската нација на ранг на посебни етникуми, а државата ја сведува на обична територија!“

The post Левица: Недозволиво е вештачко менување на демографската структура по теркот на Насер Зибери appeared first on Република.

]]>

Неосновани се барањата на Омбудсманот за продолжување на рокот на важење на Законот за неевидентирани лица, со кој несомнено се врши лажирање на демографската структура во државата, за што доказ беа и нецелоснo објавениte резултати од пописот на населението. Веќе два пати беше продолжуван рокот на важење на овој закон, со што повторно продолжување на важноста претставува неодговорност, реагираат од Левица. Реакцијата на партијата ја пренесуваме во целост. „Левица, пред повеќе од една година, го оспори овој закон пред Уставниот суд поради негова неусогласеност со Уставот и законите. Одредбите на законот во пракса произведуваат спорни ситуации, кои негативно влијаат на општествено-правните односи и демографската структура во државата и тоа: Со овозможувањето на упис во посебната, а подоцна и во редовната матична книга на родени, се заобиколува законски предвидениот прекршок за оние кои пропуштиле навремен упис во редовната матична книга на родени; Трајноста на идентификациона исправа посочува на фактот дека по истекот на 5 години и уписот во редовната матична книга на родени. лицето ќе се стекне со лична карта, па и државјанство; По уписот, лицето може да оствари право на образование, здравствена заштита, социјална заштита и вработување со задолжително социјално осигурување, до завршување на постапката за дополнителен упис во матична книга на родените, со што апсолутно правата на овие лица се изедначуваат со државјаните на Македонија; Уписот во редовната матична книга на родени по 5 години и стекнување на можноста со тоа лицето да поседува лична карта и да се стекне со државјанство е во колизија со законот за државјанство, кој е lex specialis за таа област. Па така, строгите условите за стекнување државјанство со природување, предвидени во Законот за државјанство, се заобиколуваат и не важат за овие лица. Спротивноста со Законот за државјанство, значи и спротивност со Уставот, бидејќи во членот 4 став 3 е содржана императивна норма, според која државјанство се стекнува врз основа на закон кој е lex specialis за таа област и никако поинаку. Таков закон е единствено Законот за државјанство; Примената на ваквиот закон значи дискириминација на граѓаните, каде за едни важат построги правила, а за други важат вакви едноставни правила; Непотребно се подрива системот на нормативна хиерархија и се руши концептот на владеењето на правото, како темелна вредност на уставниот поредок. Власта, со досегашното спроведување на овој закон, докажа дека во континуитет работи на суптилно менување на демографската структура на населението во државата и сведување на македонската нација на ранг на посебни етникуми, а државата ја сведува на обична територија!“

The post Левица: Недозволиво е вештачко менување на демографската структура по теркот на Насер Зибери appeared first on Република.

]]>
Народниот првобранител Зибери за штрајкот во училиштата: Правата на децата имаат предност кога има судир на две уставно загарантирани права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-prvobranitel-ziberi-za-shtrajkot-vo-uchilishtata-pravata-na-decata-imaat-prednost-koga-ima-sudir-na-dve-ustavno-zagarantirani-prava/ Tue, 19 Apr 2022 13:37:26 +0000 https://republika.mk/?p=490584

Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно - образовниот процес не треба да трпи последици. Ова го изјави Народниот правобранител Насер Зибери, одговарајќи на новинарско прашање по однос на мислење за штрајкот на СОНК по денешниот заеднички настан со Министерството за образование и наука посветен на инклузијата на образовниот систем.

Народниот правобранител вели треба да се внимава на дигнитетот на наставниците и на сите вработени во образование, што подразбира и подобрување на нивната материјално финансиска состојба и затоа, како што рече упатил апел до Владата да продолжат преговорите со синдикатот и што поскоро да се најде решение за да нема последици по воспитно - образовниот процес. Информираше дека до институцијата не се доставени претставки за попречување на правото на штрајк, туку само за попречување на правото на образование.

Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека МОН и Владата се подготвени во секој момент да ги продолжат преговорите со СОНК и да се најде излез од ситуацијата која не оди во прилог на учениците.

Се обидовме и пред неколку дена понудивме зголемување на платите на наставниците за 10% или во износ од 2500 денари, но за жал, советот на СОНК одлучи тој предлог да не го прифати, затоа што, како што соопштија, 90% од нивното членство преку „Вибер“ комуникација потврдило дека не го прифаќа ова најголемо покачување на платите во образованието во последните неколку години, кое Владата го понуди иако се наоѓаме во услови на голема економска и здравствена криза.

Шаќири реагираше дека одредени членови на СОНК шират дезинформации во јавноста со кои го поткопуваат процесот на преговарање и упати апел ваквите постапки да престанат за да се изнајде решение час поскоро.

Не сакам да имаме различни информации со СОНК, со наставниците и со јавноста. Прочитав вест дека претставник на синдикатот од струшко дебарскиот регион вели дека не е вистина дека Владата понудила 10% зголемување на платите, а всушност на состанокот бевме присутни премиер и четворица владини министри заедно со 20тина членови на советот на СОНК. Така што, што со ширење невистини не се дава придонес кон изнаоѓање решение, рече Шаќири.

Министерот рече дека оваа Влада ветува и исполнува. Потсети дека во 2018, 2019 и 2020 имало покачување на платите во износ над 21%, како и дека со новиот Закон за минимална плата кој предвидува 6 месеци усогласување, ќе има ново зголемување за оние кои земаат плата под новиот договорен износ.

Апелираше до СОНК и членовите да се вратат на настава, бидејќи овој тип на штрајк, без организирање на настава не беше најавен и тоа создаде револт кај најголем дел од семејствата на учениците.

The post Народниот првобранител Зибери за штрајкот во училиштата: Правата на децата имаат предност кога има судир на две уставно загарантирани права appeared first on Република.

]]>

Правото на штрајк и правото на образование се две уставно загарантирани права, но во ситуација при судир на овие две права, според сите меѓународни документи и според Конвенцијата за правата на детето, предност се дава на правата на децата, што значи дека воспитно - образовниот процес не треба да трпи последици. Ова го изјави Народниот правобранител Насер Зибери, одговарајќи на новинарско прашање по однос на мислење за штрајкот на СОНК по денешниот заеднички настан со Министерството за образование и наука посветен на инклузијата на образовниот систем. Народниот правобранител вели треба да се внимава на дигнитетот на наставниците и на сите вработени во образование, што подразбира и подобрување на нивната материјално финансиска состојба и затоа, како што рече упатил апел до Владата да продолжат преговорите со синдикатот и што поскоро да се најде решение за да нема последици по воспитно - образовниот процес. Информираше дека до институцијата не се доставени претставки за попречување на правото на штрајк, туку само за попречување на правото на образование. Министерот за образование Јетон Шаќири рече дека МОН и Владата се подготвени во секој момент да ги продолжат преговорите со СОНК и да се најде излез од ситуацијата која не оди во прилог на учениците.
Се обидовме и пред неколку дена понудивме зголемување на платите на наставниците за 10% или во износ од 2500 денари, но за жал, советот на СОНК одлучи тој предлог да не го прифати, затоа што, како што соопштија, 90% од нивното членство преку „Вибер“ комуникација потврдило дека не го прифаќа ова најголемо покачување на платите во образованието во последните неколку години, кое Владата го понуди иако се наоѓаме во услови на голема економска и здравствена криза.
Шаќири реагираше дека одредени членови на СОНК шират дезинформации во јавноста со кои го поткопуваат процесот на преговарање и упати апел ваквите постапки да престанат за да се изнајде решение час поскоро.
Не сакам да имаме различни информации со СОНК, со наставниците и со јавноста. Прочитав вест дека претставник на синдикатот од струшко дебарскиот регион вели дека не е вистина дека Владата понудила 10% зголемување на платите, а всушност на состанокот бевме присутни премиер и четворица владини министри заедно со 20тина членови на советот на СОНК. Така што, што со ширење невистини не се дава придонес кон изнаоѓање решение, рече Шаќири.
Министерот рече дека оваа Влада ветува и исполнува. Потсети дека во 2018, 2019 и 2020 имало покачување на платите во износ над 21%, како и дека со новиот Закон за минимална плата кој предвидува 6 месеци усогласување, ќе има ново зголемување за оние кои земаат плата под новиот договорен износ. Апелираше до СОНК и членовите да се вратат на настава, бидејќи овој тип на штрајк, без организирање на настава не беше најавен и тоа создаде револт кај најголем дел од семејствата на учениците.  

The post Народниот првобранител Зибери за штрајкот во училиштата: Правата на децата имаат предност кога има судир на две уставно загарантирани права appeared first on Република.

]]>
Народен правобранител: Граѓаните најмногу се жалат на судството и извршителите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/naroden-pravobranitel-gragjanite-najmnogu-se-zalat-na-sudstvoto-i-izvrshitelite/ Tue, 29 Mar 2022 13:48:42 +0000 https://republika.mk/?p=480404

Дури една третина од претставките кои се однесуваат на правосудството и изминатата 2021 година биле за постапките на извршителите – покажува годишниот извештај на Народниот правобранител.

Од таму велат дека високите камати се еден од главните проблеми со кои се соочуваат ранливите категории во Македонија, а во социјална држава не е дозволиво каматата да биде три пати поголема од основниот долг. Најавија дека ќе бараат измени на законот со кој таа би се ограничила најмногу до 100% од основниот долг.

Сведоци сме дека има граѓани кои заради основен долг и постојаното зголемување на каматата скоро цел живот стануваат должници према доверителите преку извршителите. Не се во состојба заради минималните примања да го исплатат долгот и износот на каматата и на тој начин тие стануваат цел живот должници.- Насер Зибери.

Значаен број на претставки има и за казнето-поправните установи. Народниот правобранител Зибери вели во затворите и воспитно поправните домови поради високиот број на затвореници, голем дел од нив се принудени да спијат на душеци во ходници, а не била обезбедена основна здравствена заштита ниту пак образовна настава за малолетниците. Зибери најави и дека порача дека ќе побара дислокација на малолетничките во затворот Идризово бидејќи тие биле загрозени од полнолетните осуденички.

Условите во кои се задржани честопати ги прекршуваат елементарните законски правила а тоа е контакт со возрасни осуденички, честопати доведени до ситуација да бидат и загрозени, заканети а тука посебно изостанува и делот на овозможување на здравствена заштита бидејќи амбулантниот дел во затворот е во затворениот дел .- Насер Зибери.

Непочитувањето на основните човекови права според извештајот на народниот правобранител и минатата година останале главен проблем. Од вкупно 2.085 прифатени претставки во 755 било констатирано кршење на човековите права.

The post Народен правобранител: Граѓаните најмногу се жалат на судството и извршителите appeared first on Република.

Народниот правобранител денеска ќе го презентира извештајот за човековите права https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/narodniot-pravobranitel-deneska-kje-go-prezentira-izveshtajot-za-chovekovite-prava/ Tue, 29 Mar 2022 09:31:17 +0000 https://republika.mk/?p=480213

Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година, денеска ќе биде презентиран во Домот на Армијата во Скопје.

Извештајот ќе го презентира народниот правобранител, Насер Зибери.

The post Народниот правобранител денеска ќе го презентира извештајот за човековите права appeared first on Република.

]]>

Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година, денеска ќе биде презентиран во Домот на Армијата во Скопје. Извештајот ќе го презентира народниот правобранител, Насер Зибери.

The post Народниот правобранител денеска ќе го презентира извештајот за човековите права appeared first on Република.

]]>