Насер Нуредини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naser-nuredini/ За подобро да се разбереме Mon, 20 Mar 2023 20:41:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Насер Нуредини Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naser-nuredini/ 32 32 Грковска ги опоменала Груби, Османи и Нуредини за службените возила https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grkovska-gi-opomenala-grubi-osmani-i-nuredini-za-sluzhbenite-vozila/ Mon, 20 Mar 2023 20:41:52 +0000 https://republika.mk/?p=621799

Вицепремиерката за борба против корупцијата Славица Грковска изрекла опомени за вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и за шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели врз основа на документација од Антикорупциска. Освен за овој случај, за играњето фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раговоди Груби, Грковска рече дека не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат туку да имаат повеќе сензибилитет каква слика оставаат пред граѓаните.

Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, изјави вицепремиерката за борба со корупцијата.

За фирмата на братот на Артан груби дека добила финансиски средства од Владата, вицепремиерката Грковска истакна дека се надева Антикорупциската комисија да ги истражи деталите и да утврди дали имало судир на интереси.

The post Грковска ги опоменала Груби, Османи и Нуредини за службените возила appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерката за борба против корупцијата Славица Грковска изрекла опомени за вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби, но и за шефот на дипломатијата Бујар Османи и пранешниот министр за животна средина Насер Нуредини, поради користење службени возила за партиски цели врз основа на документација од Антикорупциска. Освен за овој случај, за играњето фудбал во просториите на министерството за политички систем со кое раговоди Груби, Грковска рече дека не е начин на кој функционерите треба да се однесуваат туку да имаат повеќе сензибилитет каква слика оставаат пред граѓаните.
Морам да признам дека тоа не беше добро прифатено од јавноста. Не сметам дека тоа е начин на кој што функционерите би требало да се однесуваат. Сметам дека треба да се има малку повеќе сензибилитет за тоа како функционерите треба да се однесуваат и каква слика даваат пред граѓаните, изјави вицепремиерката за борба со корупцијата.
За фирмата на братот на Артан груби дека добила финансиски средства од Владата, вицепремиерката Грковска истакна дека се надева Антикорупциската комисија да ги истражи деталите и да утврди дали имало судир на интереси.

The post Грковска ги опоменала Груби, Османи и Нуредини за службените возила appeared first on Република.

]]>
Парите ќе ги донирал: Само Нуредини побарал апанажа https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/parite-ke-gi-doniral-samo-nuredini-pobaral-apanazha/ Mon, 06 Mar 2023 13:21:05 +0000 https://republika.mk/?p=616448

Поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е еднинствениот ексфункционер кој до денеска побарал апанажа. Претседателката на собраниската Комисија за избори и именувања Марија Георгиевска потврди за „Слободен печат“ дека е стасано само едно барање за апанажа и тоа од Нуредини. Ексминистерот за „Слободен печат“ вели дека парите од апанажата ќе ги донира на добротворна организација.

Побарав апанажа, но парите кои ми следуваат ќе ги донирам на добротворна организација, бидејќи за жал во Македонија има многу на кои им треба помош. По оставката од министерската функција се уште не сум одлучил каде ќе го продолжам мојот професионален ангажман. Сега извесен период ќе се посветам на семејството, изјави Нуредини за весникот.

На ексминистерот му следува да прима една година апанажа, бидејќи функцијата ја извршува од 2019 година.

The post Парите ќе ги донирал: Само Нуредини побарал апанажа appeared first on Република.

]]>

Поранешниот министер за животна средина Насер Нуредини е еднинствениот ексфункционер кој до денеска побарал апанажа. Претседателката на собраниската Комисија за избори и именувања Марија Георгиевска потврди за „Слободен печат“ дека е стасано само едно барање за апанажа и тоа од Нуредини. Ексминистерот за „Слободен печат“ вели дека парите од апанажата ќе ги донира на добротворна организација.
Побарав апанажа, но парите кои ми следуваат ќе ги донирам на добротворна организација, бидејќи за жал во Македонија има многу на кои им треба помош. По оставката од министерската функција се уште не сум одлучил каде ќе го продолжам мојот професионален ангажман. Сега извесен период ќе се посветам на семејството, изјави Нуредини за весникот.
На ексминистерот му следува да прима една година апанажа, бидејќи функцијата ја извршува од 2019 година.

The post Парите ќе ги донирал: Само Нуредини побарал апанажа appeared first on Република.

]]>
За пристапот… в газ https://arhiva3.republika.mk/tvitovi/za-pristapot-v-gaz/ Wed, 15 Feb 2023 19:17:56 +0000 https://republika.mk/?p=609460

The post За пристапот… в газ appeared first on Република.

]]>

The post За пристапот… в газ appeared first on Република.

]]>
Нуредини: ЕК одобри дополнителна донација од 22,5 милиони евра за регионалниот систем за управување со отпад https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-ek-odobri-dopolnitelna-donatsija-od-22-5-milioni-evra-za-regionalniot-sistem-za-upravuvane-so-otpad/ Thu, 02 Feb 2023 14:25:53 +0000 https://republika.mk/?p=603926

После потпишувањето на Договорт за заем со Европската банка за обнова и развој со кој се обезбедија 55 милиони евра за развивање на регионалниот систем за управување со отпад, Европската комисија, во рамки на Инвестиционата рамка за Западен Балкан одобри дополнителни 22,5 милиони евра како инвестициска донација, соошти министерот за животна средина Насер Нуредини.

Ако се додадат и 9-те милиони евра што како донација се обезбедени од Швајцарската влада, вкупната висина на обезбедените средства за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад во Полошкиот, Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион изнесува над 87 милиони евра. Регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион се финансира преку ИПА програмите и наскоро се очекува започнување на тендерската постапка, додека за Скопскиот плански регион, исто така се обезбедени грант средства преку европските ИПА фондови и проектот допрва треба почне, се вели во соопштението од министерството.

 

The post Нуредини: ЕК одобри дополнителна донација од 22,5 милиони евра за регионалниот систем за управување со отпад appeared first on Република.

]]>

После потпишувањето на Договорт за заем со Европската банка за обнова и развој со кој се обезбедија 55 милиони евра за развивање на регионалниот систем за управување со отпад, Европската комисија, во рамки на Инвестиционата рамка за Западен Балкан одобри дополнителни 22,5 милиони евра како инвестициска донација, соошти министерот за животна средина Насер Нуредини.
Ако се додадат и 9-те милиони евра што како донација се обезбедени од Швајцарската влада, вкупната висина на обезбедените средства за воспоставување на регионалниот систем за управување со отпад во Полошкиот, Југозападниот, Пелагонискиот, Вардарскиот и Југоисточниот плански регион изнесува над 87 милиони евра. Регионалниот систем за управување со отпад во Источниот и Североисточниот регион се финансира преку ИПА програмите и наскоро се очекува започнување на тендерската постапка, додека за Скопскиот плански регион, исто така се обезбедени грант средства преку европските ИПА фондови и проектот допрва треба почне, се вели во соопштението од министерството.
 

The post Нуредини: ЕК одобри дополнителна донација од 22,5 милиони евра за регионалниот систем за управување со отпад appeared first on Република.

]]>
Министерот за животна средина најави инвестиција од 55 милиони евра во регионални депонии и инфраструктура https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-za-zhivotna-sredina-najavi-investitsija-od-55-milioni-evra-vo-regionalni-deponii-i-infrastruktura/ Sat, 14 Jan 2023 20:13:30 +0000 https://republika.mk/?p=596920

Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој во Дневникот на Сител појасни дека било потребно да се подготви целата документација, да имаат преговори со меѓународни партнери и донатори за да стигнат до овој момент.

Министерот за животна средина истакна дека сега имаме закони за отпад, се подготвуваат други закони, за води, за заштита на природа… Според него, следните од две до четири години ќе бидат најважни за нашата држава бидејќи, како што рече, по четири години ќе има пречистителни станици во Скопје, во Битола и во Тетово, ќе имаме регионални депонии, сите општини ќе добијат камиони, контејнери…

Нуредини изјави дека не се менува зелената агенда на ДУИ.

Се фокусираме на тој принцип. Ние сега сме пред потпишување договор за пречистителна станица во Скопје, почнавме со процедурите во Битола, за пречистителна станица. До февруари ќе почнеме со теренска процедура во Тетово. Земавме заем, 50 милиони евра, за да им помогнеме на сите општини во државата за вода за пиење и за канализација, изјави министерот за животна средина.

Министерот Нуредини апелираше граѓаните да бидат совесни и за греење на своите домови да не користат материјали кои, како што рече, можеби се канцерогени.

The post Министерот за животна средина најави инвестиција од 55 милиони евра во регионални депонии и инфраструктура appeared first on Република.

]]>

Во вторник ќе потпишеме договор со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за 55 милиони евра да инвестираме во регионални депонии и за инфраструктурата што е потребна во нашата држава. Да го решиме еднаш и засекогаш проблемот со отпадот, соопшти министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.
Тој во Дневникот на Сител појасни дека било потребно да се подготви целата документација, да имаат преговори со меѓународни партнери и донатори за да стигнат до овој момент. Министерот за животна средина истакна дека сега имаме закони за отпад, се подготвуваат други закони, за води, за заштита на природа… Според него, следните од две до четири години ќе бидат најважни за нашата држава бидејќи, како што рече, по четири години ќе има пречистителни станици во Скопје, во Битола и во Тетово, ќе имаме регионални депонии, сите општини ќе добијат камиони, контејнери… Нуредини изјави дека не се менува зелената агенда на ДУИ.
Се фокусираме на тој принцип. Ние сега сме пред потпишување договор за пречистителна станица во Скопје, почнавме со процедурите во Битола, за пречистителна станица. До февруари ќе почнеме со теренска процедура во Тетово. Земавме заем, 50 милиони евра, за да им помогнеме на сите општини во државата за вода за пиење и за канализација, изјави министерот за животна средина.
Министерот Нуредини апелираше граѓаните да бидат совесни и за греење на своите домови да не користат материјали кои, како што рече, можеби се канцерогени.

The post Министерот за животна средина најави инвестиција од 55 милиони евра во регионални депонии и инфраструктура appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-pogolema-energetska-nezavisnost-i-nasochuvanje-na-investiciite-vo-obnovlivite-izvori-na-energija/ Thu, 10 Nov 2022 10:05:28 +0000 https://republika.mk/?p=572198

На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску.

На средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за актуелните регионални енергетски прашања, за плановите за воспоставување регионален пристап и постигнување на поголема енергетска независност.

Во таа насока била нагласена потребата од паралелно поддржување и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија.

На средбата романскиот министерот Попеску информирал за проектот за малиот Модуларен нуклеарен реактор што се гради во Романија.

The post Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија appeared first on Република.

]]>

На маргините на климатскиот самит, COP27 министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини оствари средба со помошникот државен секретар на САД за енергетски ресурси Џефри Пјат, директорката на американската EXIM банка Рета Џо Луис и министерот за енергетика на Романија Вирџил Даниел Попеску. На средбата, како што информираат од МЖСПП, се разговарало за актуелните регионални енергетски прашања, за плановите за воспоставување регионален пристап и постигнување на поголема енергетска независност. Во таа насока била нагласена потребата од паралелно поддржување и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија. На средбата романскиот министерот Попеску информирал за проектот за малиот Модуларен нуклеарен реактор што се гради во Романија.

The post Нуредини: Поголема енергетска независност и насочување на инвестициите во обновливите извори на енергија appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-ne-otstapuvame-od-zelenata-tranzicija-samo-go-usporivme-tempoto/ Wed, 19 Oct 2022 12:01:40 +0000 https://republika.mk/?p=563098

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.

По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели, информираат од МЖСПП.

На средбата, како што е наведено во соопштението, соговорниците размениле информации за активностите реализирани согласно заклучоците на минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство.

На средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради глобална енергетска криза.

Во оваа прилика министерот Нуредини ги претстави цврстите стратешки определби на Министерството, но и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија, се наведува во соопштението.

The post Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото appeared first on Република.

]]>

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нурдини оствари прва протоколарна средба со новименуваниот амбасадор на Обединетото Кралство Метју Лосон.
По срдечното добредојде и искажаните желби за успешен дипломатски мандат министерот Нуредини се осврна на добрата соработка на двете држави во заштита на животната средина со фокус на климатските промени и остварување на амбициозните климатски цели, информираат од МЖСПП.
На средбата, како што е наведено во соопштението, соговорниците размениле информации за активностите реализирани согласно заклучоците на минатогодишната Конференција на страните на UNFCCC, COP 26 што се одржуваше во Глазгов под покровителство на Обединетото Кралство. На средбата станало збор и за предизвиците со кои се соочуваат државите пред новиот COP 27 што во ноември ќе се одржи во Египет, особено заради глобална енергетска криза.
Во оваа прилика министерот Нуредини ги претстави цврстите стратешки определби на Министерството, но и на државата и во услови на енергетска криза да се движат кон остварување на националните климатски цели, трансформација на економијата кон зелена економија и кон транзиција кон обновливи извори на енергија, се наведува во соопштението.

The post Нуредини: Не отстапуваме од зелената транзиција, само го успоривме темпото appeared first on Република.

]]>
Нуредини: До крајот на годината ќе потпишеме договор за изградба на пречистителна станица во Скопје https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/nuredini-do-krajot-na-godinata-kje-potpisheme-dogovor-za-izgradba-na-prechistitelna-stanica-vo-skopje/ Mon, 17 Oct 2022 19:30:27 +0000 https://republika.mk/?p=562259

Во тек е втората фаза од евалуацијата на понудите за пречистителната станица во Скопје. Кога комисијата ќе ја заврши евалуацијата ќе достави извештај и ќе не информира дали е во ред или не и ние, ако се оди според предвиденото, до крај на годинава ќе можеме да потпишеме договор за изградба на пречистителната станица во Скопје, посочи вечерва министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на ТВ „Телма“, потсети дека средствата во висина од 136,73 милиони евра, се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој. Изградбата ќе трае три до четири години.

Осврнувајќи се на проблемот со Матка, министерот рече дека денеска одржале јавна деба и оти го радува фактот што добиле согласност од Град Скопје и од Сарај. Тој истакна дека очекува до крајот на годината законот за Матка да биде поднесен во Собрание.

Околу претстојните планови, Нуредини, зборувајќи за можното зголемено загадување на амбиенталниот воздух, заради енергетската криза, рече дека мора да се подигне јавната свест на институциите и на граѓаните во однос на тоа какви материјали согоруваат за греење, нагласувајќи дека е потребно да се употребуваат материјали кои се според стандардите.

Тој изрази надеж дека наскоро ќе помине законот за заем за централните депонии и инфраструктурата, како еден од најголемите приоритети во државата.

The post Нуредини: До крајот на годината ќе потпишеме договор за изградба на пречистителна станица во Скопје appeared first on Република.

]]>

Во тек е втората фаза од евалуацијата на понудите за пречистителната станица во Скопје. Кога комисијата ќе ја заврши евалуацијата ќе достави извештај и ќе не информира дали е во ред или не и ние, ако се оди според предвиденото, до крај на годинава ќе можеме да потпишеме договор за изградба на пречистителната станица во Скопје, посочи вечерва министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој во гостувањето на емисијата „Топ Тема“ на ТВ „Телма“, потсети дека средствата во висина од 136,73 милиони евра, се обезбедени од Европската инвестициска банка и од Европската банка за обнова и развој. Изградбата ќе трае три до четири години. Осврнувајќи се на проблемот со Матка, министерот рече дека денеска одржале јавна деба и оти го радува фактот што добиле согласност од Град Скопје и од Сарај. Тој истакна дека очекува до крајот на годината законот за Матка да биде поднесен во Собрание. Околу претстојните планови, Нуредини, зборувајќи за можното зголемено загадување на амбиенталниот воздух, заради енергетската криза, рече дека мора да се подигне јавната свест на институциите и на граѓаните во однос на тоа какви материјали согоруваат за греење, нагласувајќи дека е потребно да се употребуваат материјали кои се според стандардите. Тој изрази надеж дека наскоро ќе помине законот за заем за централните депонии и инфраструктурата, како еден од најголемите приоритети во државата.

The post Нуредини: До крајот на годината ќе потпишеме договор за изградба на пречистителна станица во Скопје appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Зимава големо ќе е загадувањето, граѓаните да пазат што горат https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-zimava-golemo-kje-e-zagaduvanjeto-gragjanite-da-pazat-shto-gorat/ Mon, 03 Oct 2022 12:14:15 +0000 https://republika.mk/?p=556828

Со оглед на енергетската криза, најверојатно ќе има зголемување на аерозагадувањето, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, упатувајќи притоа апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата, односно да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина.

Ние ќе увеземе мазут и јаглен, најмалку што бараме е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе го увезуваме. Свесни сме дека институциите – болници, градинки, училишта… се најголемите загадувачи. Најверојатно оваа зима ќе има зголемување на аерозагадувањето, потенцираше Нуредини.

Тој истакна дека за жал ова не е ситуација само кај нас, туку во цела Европа и рече дека проблемот е што ние 30 години не сме инвестирале во енергетика во државата.

Јас разбирам дека е тешко време, но апелирам до сите да внимаваме со што се грееме, колку грееме и да бидеме енергетски поефикасни, посочи Нуредини, напомнувајќи дека граѓаните можат да се греат со дрва и пелети, кои се според стандардите, а не со материјали кои при согорувањето испуштаат штетни материи, кои прво го загадуваат домот, а потоа и околината.

The post Нуредини: Зимава големо ќе е загадувањето, граѓаните да пазат што горат appeared first on Република.

]]>

Со оглед на енергетската криза, најверојатно ќе има зголемување на аерозагадувањето, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, упатувајќи притоа апел до граѓаните да водат грижа, како ги загреваат домаќинствата, односно да не користат материјали кои ја загадуваат животната средина.
Ние ќе увеземе мазут и јаглен, најмалку што бараме е да се почитуваат стандардите за мазутот и јагленот што ќе го увезуваме. Свесни сме дека институциите – болници, градинки, училишта… се најголемите загадувачи. Најверојатно оваа зима ќе има зголемување на аерозагадувањето, потенцираше Нуредини.
Тој истакна дека за жал ова не е ситуација само кај нас, туку во цела Европа и рече дека проблемот е што ние 30 години не сме инвестирале во енергетика во државата.
Јас разбирам дека е тешко време, но апелирам до сите да внимаваме со што се грееме, колку грееме и да бидеме енергетски поефикасни, посочи Нуредини, напомнувајќи дека граѓаните можат да се греат со дрва и пелети, кои се според стандардите, а не со материјали кои при согорувањето испуштаат штетни материи, кои прво го загадуваат домот, а потоа и околината.

The post Нуредини: Зимава големо ќе е загадувањето, граѓаните да пазат што горат appeared first on Република.

]]>
Министерот Нуредини се сретна со новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Клаин https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-nuredini-se-sretna-so-novoimenuvaniot-ambasador-na-ungarija-klain/ Thu, 29 Sep 2022 12:25:21 +0000 https://republika.mk/?p=555642

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната работна средба со новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин, му посакал добредојде и успешност со мандатот во нашата земја.

Како што соопшти МЖСПП, Нуредини и Калин ја потврдиле заедничката заложба за унапредување на соработката, особено во делот на климатските промени, управување со отпадот и водите.

На средбата, Нуредини ги презентирал тековните и идни проекти за постигнување на стратешките цели во сферата на животната средина, како и потребните инвестиции во инфраструктурата согласно легислативата усогласена со Европските директиви.

Амбасадорот Клаин изразил подготвеност за продолжување на соработката, особено во делот на обезбедување на експертиза, размена на знаење и финансиска подршка, со оглед на тоа дека нашата држава е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Европската Унија. Тој истакнал дека е цврста позицијата на унгарската Влада за поддршката за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Соговорниците се согласиле дека унгарските искуства се добредојдени и во таа насока и дека соработката треба да се продлабочи во наредниот период.

The post Министерот Нуредини се сретна со новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Клаин appeared first on Република.

]]>

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната работна средба со новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Андраш Клаин, му посакал добредојде и успешност со мандатот во нашата земја. Како што соопшти МЖСПП, Нуредини и Калин ја потврдиле заедничката заложба за унапредување на соработката, особено во делот на климатските промени, управување со отпадот и водите. На средбата, Нуредини ги презентирал тековните и идни проекти за постигнување на стратешките цели во сферата на животната средина, како и потребните инвестиции во инфраструктурата согласно легислативата усогласена со Европските директиви. Амбасадорот Клаин изразил подготвеност за продолжување на соработката, особено во делот на обезбедување на експертиза, размена на знаење и финансиска подршка, со оглед на тоа дека нашата држава е во активна фаза на пристапниот процес за членство во Европската Унија. Тој истакнал дека е цврста позицијата на унгарската Влада за поддршката за интеграцијата на Република Македонија во ЕУ. Соговорниците се согласиле дека унгарските искуства се добредојдени и во таа насока и дека соработката треба да се продлабочи во наредниот период.

The post Министерот Нуредини се сретна со новоименуваниот амбасадор на Унгарија, Клаин appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Ќе раскинеме 5-7 договори дадени во минатото за Шар Планина https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-kje-raskineme-5-7-dogovori-dadeni-vo-minatoto-za-shar-planina/ Wed, 21 Sep 2022 19:48:56 +0000 https://republika.mk/?p=552996

Прогласувањето на планината Шара за национален парк веќе ја ограничува Владата во давањето концесии за малите хидроцентрали.

Во емисијата „10 минути“ на ТВ21, министерот за животна средина Насер Нуредини се пофали дека откако е на чело на овој ресор не дал никаков предлог до Владата за изградба на ниту една мала хидроцентрала во земјава.

„Доколку нема штета во животната средина, ќе ги видиме условите, може да се инвестира, но во исто време ние како министерство се задолживме да раскинеме 5 до 7 договори кои беа дадени во минатото во Шар Планина“, рече Нуредини, појаснувајќи дека станува збор за концесии кои се уште биле само на хартија и не почнале да се градат.

За веќе изградените хидроцентрали на Шар Планина, сега Национален парк, Нуредини рече дека имаат концесии до 20 години, додека дел од концесиите се доделени и во 2019 година.

По 20 години, нивната сопственост ќе ја преземе државата, која одлучува дали ќе продолжи да ги држи во функција или ќе ги стопира, рече министерот.

Запрашан дали имало обид за влианије од некого за да не се поништат овие договори, Нуредини рече дека никој не му се мешал во работата и одлуките како министер за животна средина.

„Не сум имал никакво барање од ниту еден политички член да не се извршува оваа работа, но имав поддршка да ги стопирам оние кои беа во заштитените подрачја како што е планината Шара и разговараме со други две кои се во Националниот парк Маврово, за да можат и тие да се повлечат затоа што таму имаме отворен случај од Бернска комисија против нашата земја зошто сме дале концесија“, рече министерот за животна средина.

The post Нуредини: Ќе раскинеме 5-7 договори дадени во минатото за Шар Планина appeared first on Република.

]]>

Прогласувањето на планината Шара за национален парк веќе ја ограничува Владата во давањето концесии за малите хидроцентрали. Во емисијата „10 минути“ на ТВ21, министерот за животна средина Насер Нуредини се пофали дека откако е на чело на овој ресор не дал никаков предлог до Владата за изградба на ниту една мала хидроцентрала во земјава.
„Доколку нема штета во животната средина, ќе ги видиме условите, може да се инвестира, но во исто време ние како министерство се задолживме да раскинеме 5 до 7 договори кои беа дадени во минатото во Шар Планина“, рече Нуредини, појаснувајќи дека станува збор за концесии кои се уште биле само на хартија и не почнале да се градат.
За веќе изградените хидроцентрали на Шар Планина, сега Национален парк, Нуредини рече дека имаат концесии до 20 години, додека дел од концесиите се доделени и во 2019 година. По 20 години, нивната сопственост ќе ја преземе државата, која одлучува дали ќе продолжи да ги држи во функција или ќе ги стопира, рече министерот. Запрашан дали имало обид за влианије од некого за да не се поништат овие договори, Нуредини рече дека никој не му се мешал во работата и одлуките како министер за животна средина.
„Не сум имал никакво барање од ниту еден политички член да не се извршува оваа работа, но имав поддршка да ги стопирам оние кои беа во заштитените подрачја како што е планината Шара и разговараме со други две кои се во Националниот парк Маврово, за да можат и тие да се повлечат затоа што таму имаме отворен случај од Бернска комисија против нашата земја зошто сме дале концесија“, рече министерот за животна средина.

The post Нуредини: Ќе раскинеме 5-7 договори дадени во минатото за Шар Планина appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Поевтино е зимава да се грееме со струја оти ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца и фамилиите https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-poevtino-e-zimava-da-se-greeme-so-struja-oti-ako-se-greeme-so-se-shto-e-mozno-kje-gi-zagaduvame-nashite-deca-i-familiite/ Mon, 19 Sep 2022 11:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=552225

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот е по новинарско прашање како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност поради се повисоките цени на ресурсите за кои се користат за затоплување на простории.

Тоа не значи дека сите имаме потреба да грееме со сè што е можно, бараме сите граѓани да бидеме поефикасни да ја сочуваме енергијата. Поевтино е да се грееме со струја уште од палети и др. Но, тоа значи ако ние употребиме биомаса за греење да се грижиме кој квалитет е тоа и да не палиме сè што е можно. Мислам дека сме свесни и ќе се грижиме за нашата околина. Ако ние се грееме со сè што е можно тоа значи дека ние ќе ги загадуваме нашите деца и фамилии - изјави Насер Нуредини.

Тој потсети дека централната власт со повеќе мерки и активноси се обидела да влијае врз намалување на загадувањето.

Што сме направиле ние досега. Ние претходно сме давале субвенции за инвертери итн., но ние имаме сега Закон за амбиентален воздух кој вели дека општините заедно со централната власта треба да презема мерки ако има поголеми загадувања во тие општините. Тоа е реалност, ние за жал сме во енергетска криза не само во државата, туку и во цела Европа, рече Нуредини од тетовско Камењане - истакна Нуредини од тетовско Камењане каде беше по повод завршување на реконструкцијата на водоводот.

The post Нуредини: Поевтино е зимава да се грееме со струја оти ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца и фамилиите appeared first on Република.

]]>

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини упати апел во грејната сезона граѓаните да не употребуваат штетни материјали за греење за да се избегне загадувањето на воздухот. Апелот е по новинарско прашање како ќе се справи власта со оваа потенцијална опасност поради се повисоките цени на ресурсите за кои се користат за затоплување на простории.
Тоа не значи дека сите имаме потреба да грееме со сè што е можно, бараме сите граѓани да бидеме поефикасни да ја сочуваме енергијата. Поевтино е да се грееме со струја уште од палети и др. Но, тоа значи ако ние употребиме биомаса за греење да се грижиме кој квалитет е тоа и да не палиме сè што е можно. Мислам дека сме свесни и ќе се грижиме за нашата околина. Ако ние се грееме со сè што е можно тоа значи дека ние ќе ги загадуваме нашите деца и фамилии - изјави Насер Нуредини.
Тој потсети дека централната власт со повеќе мерки и активноси се обидела да влијае врз намалување на загадувањето.
Што сме направиле ние досега. Ние претходно сме давале субвенции за инвертери итн., но ние имаме сега Закон за амбиентален воздух кој вели дека општините заедно со централната власта треба да презема мерки ако има поголеми загадувања во тие општините. Тоа е реалност, ние за жал сме во енергетска криза не само во државата, туку и во цела Европа, рече Нуредини од тетовско Камењане - истакна Нуредини од тетовско Камењане каде беше по повод завршување на реконструкцијата на водоводот.

The post Нуредини: Поевтино е зимава да се грееме со струја оти ако се грееме со сè што е можно, ќе ги загадуваме нашите деца и фамилиите appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Никогаш не ја заоставивме животната средина, имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-nikogash-ne-ja-zaostavivme-zivotnata-sredina-imame-zashtiteni-zoni-i-uspeshno-menadzirame-so-niv/ Wed, 07 Sep 2022 16:58:13 +0000 https://republika.mk/?p=548430

Владата никогаш не ја заостави животната средина и стандардите кои се предвидени. Имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив, го имплементираме Законот за отпад, а веќе правиме и закон за водите и за индустриските зони. Никогаш не сме заборавиле на тој аспект, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашање зошто е намален фокусот кон екологијата додека трае енергетската криза.

Министерот потсети дека ќе се задолжат 55 милиони евра за инвестиции во инфатуркурата за отпад во нашата земја, а истовремено, како што информира, се пред завршување со законот за инвестиции во општините за канализација и за водовод.

– Што се однесува до суровините кои ги спомнавте, тие станици треба да продолжат да работат според стандардите кои се предвидени. Сите сме свесни дека енергетската криза се случува насекаде во светот, рече Нуредини одговарајќи на прашање како ќе се избегне загадувањето на воздухот доколку главните загадувачи се вратат поради кризата.

Тој ги повика и граѓаните и институциите да се грижат за заштедата на електричната енергија.

– Веќе имаме закон за квалитетот на возухот во нашата земја и локалниот инспекторат треба да соработува со државната инспекција за тие што загадуваат. Подобро ќе биде да се греат со електрична енергија отколку со други начини на греење. Треба да тргнеме прво од себе си да не загадуваме, заклучи Нуредини.

The post Нуредини: Никогаш не ја заоставивме животната средина, имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив appeared first on Република.

]]>

Владата никогаш не ја заостави животната средина и стандардите кои се предвидени. Имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив, го имплементираме Законот за отпад, а веќе правиме и закон за водите и за индустриските зони. Никогаш не сме заборавиле на тој аспект, рече министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашање зошто е намален фокусот кон екологијата додека трае енергетската криза. Министерот потсети дека ќе се задолжат 55 милиони евра за инвестиции во инфатуркурата за отпад во нашата земја, а истовремено, како што информира, се пред завршување со законот за инвестиции во општините за канализација и за водовод.
– Што се однесува до суровините кои ги спомнавте, тие станици треба да продолжат да работат според стандардите кои се предвидени. Сите сме свесни дека енергетската криза се случува насекаде во светот, рече Нуредини одговарајќи на прашање како ќе се избегне загадувањето на воздухот доколку главните загадувачи се вратат поради кризата.
Тој ги повика и граѓаните и институциите да се грижат за заштедата на електричната енергија.
– Веќе имаме закон за квалитетот на возухот во нашата земја и локалниот инспекторат треба да соработува со државната инспекција за тие што загадуваат. Подобро ќе биде да се греат со електрична енергија отколку со други начини на греење. Треба да тргнеме прво од себе си да не загадуваме, заклучи Нуредини.

The post Нуредини: Никогаш не ја заоставивме животната средина, имаме заштитени зони и успешно менаџираме со нив appeared first on Република.

]]>
Груби гасне светло, Нуредини заборава: Првиот вицепремиер во обиколка на државните институции https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/grubi-gasne-svetlo-nuredini-zaborava-prviot-vicepremier-vo-obikolka-na-drzavnite-institucii/ Sat, 03 Sep 2022 14:38:17 +0000 https://republika.mk/?p=547109

Вицепремиерот Артан Груби веќе почнал да ги гаси светилките во своето министерство, а синоќа ги проверувал и другите дали штедат. Тој дури и откри дека вчера вечерта направил обиколка на неколку министерства и државни институции за да види дали се почитуваат препораките на владата за штедења на струја. Собранието, Владата, МНР... се придржувале до упатствата. Единствено министерот за екологија Нуредини не ги опоменал своите да изгасат, па тоа го стгорил Груби.

Тој ги повика и граѓаните ако забележат непочитување на овие препораки да пријават.

Во однос на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека се трошат по 100 илјади евра на дена за Саемот на вино во рамките на Отворен Балкан, Груби рече дека патувањето до таму не е голем трошок бидејќи е блиску, но и дека не се заминати голем број на министри.

Исто така, потенцираше и дека тоа е настан од огромно значење бидејќи се организира Саемот за вино и истовремено се потпишуваат многу важни договори и меморандуми во рамки на Отворен Балкан. Во Белград трае третиот ден од саемот винска визија на кој се претсавуваат 42 винарии од земјава и три детилерии. За денеска е најавено доделувањето на виснки трофеј за вината направени од автохтони сорти од Балканот.

The post Груби гасне светло, Нуредини заборава: Првиот вицепремиер во обиколка на државните институции appeared first on Република.

]]>

Вицепремиерот Артан Груби веќе почнал да ги гаси светилките во своето министерство, а синоќа ги проверувал и другите дали штедат. Тој дури и откри дека вчера вечерта направил обиколка на неколку министерства и државни институции за да види дали се почитуваат препораките на владата за штедења на струја. Собранието, Владата, МНР... се придржувале до упатствата. Единствено министерот за екологија Нуредини не ги опоменал своите да изгасат, па тоа го стгорил Груби. Тој ги повика и граѓаните ако забележат непочитување на овие препораки да пријават. Во однос на обвинувањата на ВМРО ДПМНЕ дека се трошат по 100 илјади евра на дена за Саемот на вино во рамките на Отворен Балкан, Груби рече дека патувањето до таму не е голем трошок бидејќи е блиску, но и дека не се заминати голем број на министри. Исто така, потенцираше и дека тоа е настан од огромно значење бидејќи се организира Саемот за вино и истовремено се потпишуваат многу важни договори и меморандуми во рамки на Отворен Балкан. Во Белград трае третиот ден од саемот винска визија на кој се претсавуваат 42 винарии од земјава и три детилерии. За денеска е најавено доделувањето на виснки трофеј за вината направени од автохтони сорти од Балканот.

The post Груби гасне светло, Нуредини заборава: Првиот вицепремиер во обиколка на државните институции appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Да штедиме, можно е да немаме доволно за греење зимава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-da-shtedime-mozno-e-da-nemame-dovolno-za-greenje-zimava/ Mon, 25 Jul 2022 18:07:28 +0000 https://republika.mk/?p=533078

Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори, воведување данок на јаглерод се само дел од потребните промени што ги посочува министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка

Секој да штеди енергија, од индустрија до граѓани, за да се преброди претстојната зима без да ѝ се наштети на околината. Тоа го вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка.

Да, веројатно е дека во текот на зимата ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но, како држава бараме можности за набавка од други извори, како што е соседна Бугарија“, вели Нуредини.

Министерот препорачува за греење да се користи струјата за која вели дека е еколошка, но и економична опција.

Греењето со инвертери сепак би било поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината. Мораме да бидеме подготвени и внимателни. Да не користиме материјали што се штетни за нашето здравје“, посочува министерот.

Целиот напис прочитајте го овде.

The post Нуредини: Да штедиме, можно е да немаме доволно за греење зимава appeared first on Република.

]]>

Напуштање на РЕК Битола, штедење енергија, вложување во обновливи извори, воведување данок на јаглерод се само дел од потребните промени што ги посочува министерот за животна средина, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка Секој да штеди енергија, од индустрија до граѓани, за да се преброди претстојната зима без да ѝ се наштети на околината. Тоа го вели министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини во интервју за Гласот на Америка.
Да, веројатно е дека во текот на зимата ќе нема доволно гас за греење во Скопје. Но, како држава бараме можности за набавка од други извори, како што е соседна Бугарија“, вели Нуредини.
Министерот препорачува за греење да се користи струјата за која вели дека е еколошка, но и економична опција.
Греењето со инвертери сепак би било поевтино, енергетски поефикасно и помалку штетно за околината. Мораме да бидеме подготвени и внимателни. Да не користиме материјали што се штетни за нашето здравје“, посочува министерот.
Целиот напис прочитајте го овде.

The post Нуредини: Да штедиме, можно е да немаме доволно за греење зимава appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Не очекуваме враќање на затоплување на дрва поради растот на цената на струјата https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nuredini-ne-ochekuvame-vrakjanje-na-zatopluvanje-na-drva-poradi-rastot-na-cenata-na-strujata/ Sun, 29 May 2022 10:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=508243

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини не очекува дека со растот на цените на струјата повеќе домаќинства да се вратат на затоплување со дрва и со тоа да имаме зголемено загадување оваа зима.

Нуредини, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, ваквиот став го објаснува со тоа дека предлогот за зголемување на цената на струјата не е финален и дека државата дава субвенции за инвертери, за употреба на пелети или други начини, како пумпи за затоплување и за енергетска ефикасност на објектите.

– Како прво, предлогот за зголемување на цените на струјата не е финализиран, но слушнав дека е можно тоа зголемување да биде чекор по чекор, но за мнозинството граѓаните цените да останат исти. Така што не очекуваме домаќинствата да употребуваат друг извор на затоплување. Секако, во земјава веќе имаме бројни субвенции: за инвертери, за употреба на пелети или други начини, како пумпи за затоплување. Сакаме граѓаните да ги употребуваат субвенциите. Државата дава субвенции од 20 проценти, исто така има и други механизми за употреба на кредити или банкарски заеми. Исто така има 15 или 20 проценти субвенции за енергетска ефикасност. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните да ја заменат употребата на затоплување на домовите со дрва или други материјали кои загадуваат. Всушност, не мислам дека загадувањето оваа година ќе биде зголемено, вели Нуредини во интервјуто за РСЕ.

Прашан за тоа како енергетската криза и увозот на јаглен и мазут за домашно производство на струја ќе се одрази на Зелената агенда, Нуредини вели дека сега имаме енергетска криза, која впрочем не е само во нашата земја и дека цените не растат само во нашата земја, туку растат во цела Европа.

– Истовремено, како земја, планираме и работиме, а некои проекти веќе се почнати, на инвестирање во обновлива енергија, а тоа значи соларна, ветерна итн. Сега, исто така, сме во финална фаза со тендерската процедура за Чебрен, што ќе биде темел на нашата енергетска стратегија во иднина, изјави Нуредини.

Во однос на тоа дека државата стимулира користење струја за затоплување во услови кога ја немаме доволно, Нуредини одговара дека во исто време прашањето е од каде доаѓа енергијата и за што ја употребуваме.

– Не треба да заборавиме дека инвертерите се многу енергетски ефикасни и се забележува дека во изминатите 4 до 5 години имаме намалување на аерозагадувањето. Тоа ни покажува дека се движиме во правилна насока, дека преземените мерки покажуваат резултати. За жал, не постои решение преку ноќ за аерозагадувањето, додава Нуредини.

The post Нуредини: Не очекуваме враќање на затоплување на дрва поради растот на цената на струјата appeared first on Република.

]]>

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини не очекува дека со растот на цените на струјата повеќе домаќинства да се вратат на затоплување со дрва и со тоа да имаме зголемено загадување оваа зима. Нуредини, во неделното интервју за Радио Слободна Европа, ваквиот став го објаснува со тоа дека предлогот за зголемување на цената на струјата не е финален и дека државата дава субвенции за инвертери, за употреба на пелети или други начини, како пумпи за затоплување и за енергетска ефикасност на објектите. – Како прво, предлогот за зголемување на цените на струјата не е финализиран, но слушнав дека е можно тоа зголемување да биде чекор по чекор, но за мнозинството граѓаните цените да останат исти. Така што не очекуваме домаќинствата да употребуваат друг извор на затоплување. Секако, во земјава веќе имаме бројни субвенции: за инвертери, за употреба на пелети или други начини, како пумпи за затоплување. Сакаме граѓаните да ги употребуваат субвенциите. Државата дава субвенции од 20 проценти, исто така има и други механизми за употреба на кредити или банкарски заеми. Исто така има 15 или 20 проценти субвенции за енергетска ефикасност. Сакаме да ги поттикнеме граѓаните да ја заменат употребата на затоплување на домовите со дрва или други материјали кои загадуваат. Всушност, не мислам дека загадувањето оваа година ќе биде зголемено, вели Нуредини во интервјуто за РСЕ. Прашан за тоа како енергетската криза и увозот на јаглен и мазут за домашно производство на струја ќе се одрази на Зелената агенда, Нуредини вели дека сега имаме енергетска криза, која впрочем не е само во нашата земја и дека цените не растат само во нашата земја, туку растат во цела Европа. – Истовремено, како земја, планираме и работиме, а некои проекти веќе се почнати, на инвестирање во обновлива енергија, а тоа значи соларна, ветерна итн. Сега, исто така, сме во финална фаза со тендерската процедура за Чебрен, што ќе биде темел на нашата енергетска стратегија во иднина, изјави Нуредини. Во однос на тоа дека државата стимулира користење струја за затоплување во услови кога ја немаме доволно, Нуредини одговара дека во исто време прашањето е од каде доаѓа енергијата и за што ја употребуваме. – Не треба да заборавиме дека инвертерите се многу енергетски ефикасни и се забележува дека во изминатите 4 до 5 години имаме намалување на аерозагадувањето. Тоа ни покажува дека се движиме во правилна насока, дека преземените мерки покажуваат резултати. За жал, не постои решение преку ноќ за аерозагадувањето, додава Нуредини.

The post Нуредини: Не очекуваме враќање на затоплување на дрва поради растот на цената на струјата appeared first on Република.

]]>
Животната средина високо на агендата на Владата како никогаш досега https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/zivotnata-sredina-visoko-na-agendata-na-vladata-kako-nikogash-dosega/ Fri, 29 Apr 2022 14:40:12 +0000 https://republika.mk/?p=495431

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини потенцираше дека заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните се високи приоритети за оваа Влада и ги презентираше конкретните чекори во таа насока.

„Животната средина како никогаш досега е високо котирана во стратешката агенда на Владата на Република Македонија. Интензивно се работи на вложувања во зелени и обновливи извори на енергија. Во овој сектор секако дека имаме потреба од долгорочна стратегија. Првите резултати на нашите сеопфатни заложби веќе ги гледаме. Отпочна чистењето на депонијата со линдан кај ОХИС и продолжува зајакнување на контролата преку  Законот за инспекции и надзор за животна средина. Во иднина сме подготвени за нови нормативи, за измена на Законот за води, Законот за климатски промени за да ги подигнеме стандардите за одржлив развој и чиста животна средина“, истакна министерот Нуредини.

The post Животната средина високо на агендата на Владата како никогаш досега appeared first on Република.

]]>

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини потенцираше дека заштитата на животната средина и подобрувањето на квалитетот на животот на граѓаните се високи приоритети за оваа Влада и ги презентираше конкретните чекори во таа насока.
„Животната средина како никогаш досега е високо котирана во стратешката агенда на Владата на Република Македонија. Интензивно се работи на вложувања во зелени и обновливи извори на енергија. Во овој сектор секако дека имаме потреба од долгорочна стратегија. Првите резултати на нашите сеопфатни заложби веќе ги гледаме. Отпочна чистењето на депонијата со линдан кај ОХИС и продолжува зајакнување на контролата преку  Законот за инспекции и надзор за животна средина. Во иднина сме подготвени за нови нормативи, за измена на Законот за води, Законот за климатски промени за да ги подигнеме стандардите за одржлив развој и чиста животна средина“, истакна министерот Нуредини.

The post Животната средина високо на агендата на Владата како никогаш досега appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-kje-barame-od-vlada-zgolemuvanje-od-pet-procenti-na-minimalnata-kota-na-tikveshko-ezero/ Wed, 09 Feb 2022 12:56:15 +0000 https://republika.mk/?p=456234

Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро. Во меѓувреме ќе соработуваме со сите засегнати страни. Се надевам дека ќе најдеме решение за подобра состојба со езерото, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во Кавадарци, по средбата со претставници на иницијативата за спас на Тиквешко Езеро.

Тој додаде дека сите сме свесни дека кога била изградена ХЕЦ „Тиквеш”, како и другите хидроцентрали, биле за производство на струја.

Во меѓувреме работите се менуваат. Сега има активности во земјоделството, туризмот. Не се исти приоритетите од пред 60 години и денес, нагласи министерот.

Претставници од иницијативата за спас на Тиквешкото Езеро, побараа порационално да се троши водата од езерото, со цел нивото да биде повисоко, за да не бидат доведени во прашање биодиверзитетот и туризмот. На средбата беше кажано дека целта може да биде постигната, со брзи решенија и законски измени околу тоа, до кое ниво може да се користи водата од Тиквешко.

Директорот на ХЕЦ ,,Тиквеш” Кавадарци, Ѓоко Ташев појасни дека работат според план. Тој информираше дека поради суша, неколку години не се произведувало над планот. Тој соопшти дека се работи според водостопанска основа, со која се утврдува начинот на користење на водата, при што во одреден период од годината, приоритет има наводнувањето. Тој нагласи дека, исто така, се работи според диспечерските центри, за потребите на електроенергетскиот систем на државата.

На средбата, присуствуваа и пратениците Даниела Колева, Зоран Јованчев и Панчо Минов, градоначалникот Митко Јанчев, раководителот на подружницата ,,Тиквеш” на Водостопанство, како и други учесници и комисии, меѓу кои и претседателите на еколошкото друштво ,,Еко-живот” и планинарско спортското друштво ,,Орле”, Роберто Паризов и Никола Минчоров, како и претставници од Движењето на екологисти.

Беше најавен и нов состанок на оваа тема.

Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев рече дека министерот ќе побара од Влада определување на минимална кота на нивото на езерото. Понатаму, да се изработи анализа за понатамошно работење на ХЕЦ ,,Тиквеш”.

Верувам во овој министер дека транспарентно и објективно ќе си ја заврши неговата надлежност и дека будно ќе ја алармира Владата во делот на животната средина, нагласи Јанчев.

The post Нуредини: Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>

Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро. Во меѓувреме ќе соработуваме со сите засегнати страни. Се надевам дека ќе најдеме решение за подобра состојба со езерото, истакна денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во Кавадарци, по средбата со претставници на иницијативата за спас на Тиквешко Езеро. Тој додаде дека сите сме свесни дека кога била изградена ХЕЦ „Тиквеш”, како и другите хидроцентрали, биле за производство на струја.
Во меѓувреме работите се менуваат. Сега има активности во земјоделството, туризмот. Не се исти приоритетите од пред 60 години и денес, нагласи министерот.
Претставници од иницијативата за спас на Тиквешкото Езеро, побараа порационално да се троши водата од езерото, со цел нивото да биде повисоко, за да не бидат доведени во прашање биодиверзитетот и туризмот. На средбата беше кажано дека целта може да биде постигната, со брзи решенија и законски измени околу тоа, до кое ниво може да се користи водата од Тиквешко. Директорот на ХЕЦ ,,Тиквеш” Кавадарци, Ѓоко Ташев појасни дека работат според план. Тој информираше дека поради суша, неколку години не се произведувало над планот. Тој соопшти дека се работи според водостопанска основа, со која се утврдува начинот на користење на водата, при што во одреден период од годината, приоритет има наводнувањето. Тој нагласи дека, исто така, се работи според диспечерските центри, за потребите на електроенергетскиот систем на државата. На средбата, присуствуваа и пратениците Даниела Колева, Зоран Јованчев и Панчо Минов, градоначалникот Митко Јанчев, раководителот на подружницата ,,Тиквеш” на Водостопанство, како и други учесници и комисии, меѓу кои и претседателите на еколошкото друштво ,,Еко-живот” и планинарско спортското друштво ,,Орле”, Роберто Паризов и Никола Минчоров, како и претставници од Движењето на екологисти. Беше најавен и нов состанок на оваа тема. Кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев рече дека министерот ќе побара од Влада определување на минимална кота на нивото на езерото. Понатаму, да се изработи анализа за понатамошно работење на ХЕЦ ,,Тиквеш”.
Верувам во овој министер дека транспарентно и објективно ќе си ја заврши неговата надлежност и дека будно ќе ја алармира Владата во делот на животната средина, нагласи Јанчев.

The post Нуредини: Ќе бараме од Влада зголемување од пет проценти на минималната кота на Тиквешко Езеро appeared first on Република.

]]>
Нуредини најави затворање на термоелектраните до 2030 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-najavi-zatvoranje-na-termoelektranite-do-2030-godina/ Thu, 27 Jan 2022 13:35:57 +0000 https://republika.mk/?p=450297

Затворање на термоелектраните на јаглен најдоцна до 2030 година и поголеми вложувања во обновливи извори на енергија со цел подобрување на амбиенталниот воздух најави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тоа, според него, заедно со промена на начинот на греење во домовите ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните.

Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нÐ �шата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК  Битола и ТЕЦ Осломеј. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најкасно до 2030 година, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.

Идеја ни е, посочи, да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а многу битно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната Чебрен за да имаме стабилна мрежа.

The post Нуредини најави затворање на термоелектраните до 2030 година appeared first on Република.

]]>

Затворање на термоелектраните на јаглен најдоцна до 2030 година и поголеми вложувања во обновливи извори на енергија со цел подобрување на амбиенталниот воздух најави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тоа, според него, заедно со промена на начинот на греење во домовите ќе придонесе за намалување на загадувањето на воздухот и подобрување на здравјето на граѓаните.
Уште откако станав министер за животна средина зборуваме за менување на начинот на греење и производство на енергија во нÐ �шата држава. Сите сме свесни дека 65 отсто од енергијата се произведува од јаглен во РЕК  Битола и ТЕЦ Осломеј. Затоа целата наша Стратегија за енергетика е да го менуваме тоа и да инвестираме во обновливи извори на енергија. Тоа значи дека ги поддржуваме не само нашите инвестиции како ЕСМ во соларни панели во Осломеј и во Битола, туку и да ги затвориме РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј најкасно до 2030 година, рече Нуредини на денешната средба со новинарите.
Идеја ни е, посочи, да имаме повеќе обновливи извори на енергија и да вложуваме во соларни панели и ветерни електрани, а многу битно за државата и за независност во енергетиката е да се изгради и хидроелектраната Чебрен за да имаме стабилна мрежа.

The post Нуредини најави затворање на термоелектраните до 2030 година appeared first on Република.

]]>
Нуредини: Додека не го смениме начинот на загревање нема да имаме долгорочно решение за загадувањето https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/nuredini-dodeka-ne-go-smenime-nachinot-na-zagrevanje-nema-da-imame-dolgorochno-reshenie-za-zagaduvanjeto/ Wed, 05 Jan 2022 09:28:01 +0000 https://republika.mk/?p=440825

Усвоени се 63 политики и мерки што треба да ги исполниме за остварување на амбицијата во однос на Парискиот договор. Во однос на аерозагадувањето, го усвоивме дополнетиот закон за квалитет на амбиентниот воздух при што дефиниравме мерки за локалната самоуправа, кои треба да ги преземе во случаи на пикови на загадувањето. Сепак, верувам дека на сите ни е јасно дека додека не го смениме начинот на загревање на јавните и приватните згради и домови, што се надеваме дека ќе го постигнеме со изградбата на гасоводната мрежа и поддршката на инвестициите во енергетска ефикасност дадена од страна на централната и локалната власт, нема да имаме долгорочно решение на овој проблем, вели во интервју за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Тој зборува за препораките од Европската комисија, големите чекори што ги презема Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на изминатата година со цел зачувување на животната средина, за дел од идните предизвици, како и за средствата што се наменети за решавање на проблемите во таа област, при што министерот истакна дека управувањето на животната средина, енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија, гасификацијата и ред други активности со кои долгорочно влијаеме на зачувување на животната средина бараат големи инвестиции, а Министерството и Владата се трудат да ги обезбедат.

Што, според вас, ја обележи 2021 година во однос на мерките што Министерството за животна средина и просторно планирање ги презеде за унапредување на оваа сфера?

„Пред сè, од исклучителна важност се интервенциите во девет закони од областа на животната средина заради зголемување на глобите за загадувачите до дваесет пати. Меѓутоа, покрај тоа се работеше и на измени во материјалните одредби, и тоа конкретно во Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, со што се утврдија критериуми и се предвиде список на општини што ќе треба да подготват планови за чист воздух за своите граѓани. Предложени беа и измени во Законот за животна средина, конкретно се регулираше механизмот за санирање на историското загадување и жариштата во државата. Со овој закон ја дефиниравме методологијата за идентификација на контаминирани подрачја, со конкретни обврски за рехабилитација и дефинирана содржина на планот со која ќе се спроведе оваа санација во согласност со светските стандарди. Од целокупното законодавство овој закон е единствениот што сè уште е во собраниска процедура. Крајот на годинава го одбележавме со усвојување на предлогот на Законот за инспекциски надзор во животната средина во Владата, кој многу скоро треба да влезе во собраниска постапка.

Од друга страна, веќе се стапени во сила шесте нови закони за отпад, ориентирани (засновани) во принципите на циркуларната економија и спречување отпад, приоретизирајќи повторна употреба, рециклирање и преработка, како и Националниот план за управување со отпад 2021-2031.

Особено сакам да го истакнам напредокот што го постигнавме во областа природа. Со работата на валоризација на природните вредности и заштита на биолошката разновидност, преку прогласување природни заштитени подрачја, го зголемивме процентот на заштитени подрачја од 8,9 на 13,8 проценти. За прв пат прогласивме нов национален парк, НП Шар Планина, од прогласувањето на независноста и од една страна го заштитивме ова исклучително важно природно подрачје, но и ги поставивме основите за сосема нова перспектива за одржлив развој на подрачјето. Во оваа 2021 година прогласивме три заштитени подрачја во категоријата V – заштитен предел: Осоговските Планини, Водно, и од неодамна и Малешево. Изработен е Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за споменик на природата и тоа во моментов е под привремена заштита, успешно е завршена номинацијата на Охридското Езеро и Студенчишко Блато во листата на Рамсарската конвенција, а во тек се подготвителни активности за изработка на нов закон за природата, кој е усогласен со компонентата НАТУРА 2000 од законодавството на ЕУ.

Во делот на клима донесовме прва Долгорочна стратегија за климатска акција во Република Македонија со акционен план, а поднесовме и ревидиран национално определен придонес кон Договорот од Париз, со кој ние како држава се обврзавме на 51 процент намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година. Во изработка е и Законот за климатска акција, со чија консултација планираме да ја почнеме следната година.

Кога ги набројувам другите постигнувања во 2021 година за секоја сметам дека е многу важна и тешко е да ги приоретизирам. Сепак, би го издвоил систематското финансирање на капиталните проекти за реконструкција и изградба на водоводни, канализациски мрежи и пречистителни станици, со средства од Буџетот на МЖСПП, од Програмата за води и од Програмата за инвестиции во животната средина. За таа намена во изминатава година успеаме да обезбедиме средства во висина од приближно 228 милиони денари распределени за околу 20 општини. Дел од средствата од Програмата за инвестици се наменети за изработка на проектна документација за ваков тип проекти, бидејќи тоа е неминовно за да се инвестира во изградба, а некои од општините немаа капацитет самостојно да го сторат тоа.

Нашиот план во овој правец е да обезбедиме нова кредитна линија во висина од 50 милиони евра од Европската инвестициона Ббанка бидејќи постоење на воводоводна и канализациска мрежа е основна човекова потреба и ние и како Влада и како Министерство треба да сториме сè што е во наша моќ да ги направиме дпостапни и за најоддалеченото место во државата.

Работевме и на реализација на пречистителни станици и канализациски мрежи во согласност со потребите за поголемите градови финансирани преку ИПА-инструментот, меѓу кои Кичево, Тетово, Битола и Скопје.

Во Полошко, на депонијата Русино се имплементираа брзи мерки со 1,9 милион швајцарски франци грант и се обезбедени дополнителни шест милиони швајцарски франци грант за втората фаза од проектот од страна на Владата на Швајцарската федерација.

Опсегот на инвестициските проекти опфаќа набавка на контејнери, набавка на собирни возила, изградба на претоварни станици и санитарна депонија во Мегленци за Југозападниот регион и Пелагонија, во Русино за Полошкиот регион, во Мечкуевци за Североисточниот и Источниот регион, во Василево за Југоисточниот и Вардарскиот регион.

За Скопскиот регион преку ИПА 3 програмата е предвиден развој на регионалната депонија Дрисла.

Како големо достигнување го сметам чистењето на складираниот опасен отпад од бившиот индустриски гигант ОХИС и почнувањето на активностите за чистење и санација на малата депонија во ОХИС со опасен историски отпад од линдан.

Во делот на амбиентниот воздух, покрај унапредување на законската регулатива со која поставивме построги обрски за општините, целосно го обновивме и докомплетиравме Државниот мониторинг-систем и до крајот на годината ќе се стават во функција уште две нови мониторинг-станици во Прилеп и Берово, со што нивната бројка ќе се зголеми 20 и една мобилна мониторинг-станица“.

Според извештајот на Европската комисија за земјава, во текот на наредната година Македонија треба да ја подобори интерсекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на аерозагадувањето на локално и национално ниво, да направи значајни чекори во воспоставување регионален систем за менаџирање со отпад, да го имплементира Парискиот договор, вклучително и да направи адаптација со Стратегијата и законите со рамката на ЕУ 2030. Кои чекори ги планира МЖСПП во однос на овие препораки?

„Ние секогаш потенциравме дека е неопходна подобра меѓуинституционална соработка и координација помеѓу локалната и централната власт за да бидеме успешни во имплементацијата на овие мерки. Досега тоа го правевме и ќе продолжиме да ги вклучуваме сите засегнати страни во носењето на овие мерки бидејќи тие не се политички прашања, туку многу повеќе човеково право заштитено и во нашиот Устав. Како што споменав, усвоени се 63 политики и мерки што треба да ги исполниме за остварување на амбицијата во однос на Парискиот договор. Во однос на аерозагадувањето, го усвоивме дополнетиот закон за квалитет на амбиентниот воздух, при што дефиниравме мерки за локалната самоуправа, кои треба да ги преземе во случаи на пикови на загадувањето.

Сепак, верувам дека на сите ни е јасно дека додека не го смениме начинот на загревање на јавните и приватните згради и домови, што се надеваме дека ќе го посигнеме со изградбата на гасоводната мрежа и поддршката на инвестициите во енергетска ефикасност дадена од страна на централната и локалната власт, нема да имаме долгорочно решение на овој проблем. Со законот за инспекција што го предложивме, ќе се подобрат надзорите над индустријата, понатаму со новите закони за управување со отпадот веќе се ориентираме кон циркуларна економија. Го финализираме договорот со ЕБРД за заемот со кој ќе се финансира основната инфраструктура за управување со отпадот, регионалните депонии, претоварни станици, камиони и контејнери за сите општини кои во моментов не се опфатени преку ИПА-проектите“.

Сепак, сè уште постои кризата со пандемијата на Ковид-19. Што не успеавте да сработите во текот на минатата година поради ситуацијата?

„Ситуацијата, за жал, влијаеше на сите аспекти на нашиот живот, меѓу кои и процесите во нашето работење, без разлика дали зборуваме за приватниот или државниот сектор. Но, моравме брзо да се научиме и да се приспособиме на состојбата и да го сработиме она што сме во можност да го завршиме. Не мислам дека сè уште може пандемијата да ни биде изговор, бидејќи сите бевме афектирани од неа. Природно, не можевме да бидеме максимално ефективни, зашто честопати членови на работни групи, проекти, комисии, беа отсутни поради болест или изолација. Ова особено се чувствуваше во делот на работата со меѓународната заедница и реализацијата на заедничките проекти, за кои беше потребно и патување. Дополнително, имавме и локални избори, кои ги замрзнуваат дел од инстуитуционалните процедури. Но, верувам дека работата што ја завршивме, ќе биде добра основа за следните планирани чекори во полн ек“.

Направивте измени во однос на употребата на најлонските кеси. Поминато е кратко време, но ако можете да ми одговорите, како сте задоволни со досегашната имплементација?

„Нема да можеме да направиме вистинска евалуација на мерката до првата четвртина на 2022, кога ќе ги имаме првите точни бројки за тоа колку биоразградливи кеси биле употребени и кога ќе можеме да направиме фактичка споредба со претходните години. Она што сакам да го истакнам е дека пластичните кеси беа забранети од 2013, а дозволени беа само биоразградливите за продажба. Она што ние го сторивме, беше предвидувањето надоместок за нивната употреба, со цел одвраќање од користење. Нашиот предлог беше 10 денари, ние имавме и состаноци и три јавни расправи по овој пакет закони, потоа законите во собраниска процедура повторно беа дебатирани и по предлог од пратениците се дојде до надоместокот од 15 денари. Она што јас можам да го извлечам како позитивен впечаток од носењето на оваа одлука и реакциите околу нас, е дека успеавме да ја актуеализираме дискусијата во јавниот дискурс и да почнеме да ја креваме свеста за штетноста на пластиката, за тоа дека кесите на кои не обрнувавме никакво внимание ја загадуваат нашата околина, води, почва. Да одговорам поконкретно, убеден сум дека резултатите се позитивни, со оглед на тоа дека ние всушност зборуваме за ова прашање“.

Прогласувањето на Шар Планина за национален парк е историски чекор. Веќе е подготвен и планот за управување. Кои се следните чекори во таа област?

„Донесувањето на вистинското законско решение, обезбедувањето на поддршката и конечното финализирање на тој процес беше вистински предизвик, но сега не очекува вистинската работа на терен за создавање на потребните услови и структура за Шар Планина да функционира како национален парк. Ја воспоставивме Јавната установа национален парк Шар Планина, а сега се работи на актот на систематизација и вработување на потребниот кадар за националниот парк. Во меѓувреме драго ми е што се изработи Предлог-планот за управување со НП Шар Планина и се очекува во почетокот на јануари да влезе во фаза на јавни консултации, за негово последователно усвојување. Планот е основата на која ќе го градиме функционирањето на заштитеното подрачје. Тоа мора да биде во правец на заштита на животната средина и природните убавини, но и обезбедување на социо-економски развој на подрачјето за што навистина постојат добри предуслови преку алтернативен туризам, традиционално угостителство и земјоделство итн. Секако, за тоа мора да има и период на приспособување“.

Во рамките на расправата за Буџетот за 2022 година беше истакнато дека отсуствува координација за зелената агенда. Како го коментирате тоа, бидејќи, како што беше посочено, Генералниот секретаријат на Владата, кој треба да ја изработи распределбата, нема никаква врска со зелената агенда. 

„Не е важно под чија формална надлежност една програма ќе биде поставена, она што е важно е таа да е добро координирана помеѓу сите институции, а Министерството за животна средина со канцеларијата на претседателот на Владата веќе работи на тоа. Идејата е преку координацијата на канцеларијата на претседателот на Владата сите институции се обврзани да учествуваат во зелената агенда, бидејќи сите имаат обврски од областа на својата надлежност за успешност на програмата“.

Дали сте задоволни од издвоените средства за животна средина што се предвидени во Буџетот за 2022? Дали тие ќе ги задоволат вашите потреби за зацртаните цели?

„Секако дека сакаме повеќе средства за животната средина. Впрочем, тоа беше и една од главните забелешки на ЕУ. Но, кога зборуваме за средствата издвоени за животна средина треба да се потсетиме дека активности насочени кон животнатата средина се финансираат од различни владини институции/министерства преку различни програми. Исто така, работиме на изнаоѓање на дополнителни средства од меѓународни донатори, пред се искористување на претпсистапните ИПА-средства на Европската Унија, но и на многу други достапни фондови, како и обезбедување на нови кредитни линии. Управувањето на животната средина, енергетската транзија кон обновливи извори на енергија, гасификацијата и ред други активности со кои долгорочно влијаеме на зачувување на животната средина бара големи инвестиции, а ние и како Министерство и како Влада се трудиме да ги обезбедиме.

Како еден добар пример би го навел формирањето Зелен финансиски фонд за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Македонија (кој во моментов е во завршна фаза на подготовка), се очекува да биде во вредност од приближно 36,3 милиони американски долари и ќе се спроведе од тим на агенции на Обединети Нации – УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ – во партнерство со ЕБОР. Тој е партнерство и соработка на странски и домашни институции и треба да биде ново финансиско средство, што треба значително да го подобри пристапот до достапно зелено финансирање за мали и средни претпријатија и целни групи на поединци/домаќинства за инвестиции за користење и употреба на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, како и поттикнување иновации, со што ќе се придонесе до намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот“.

Кои се целите на Нацрт-законот за климатска акција?

„Нацрт-законот за климатска акција има цел да го постави националниот координативен механизам за климатска акција, да го утврди планирањето на климатската акција, да го утврди механизмот за следење и известување на стакленичките гасови и на политиките и мерките за климатска акција, да даде важност на хоризонталните и други прашања со влијание врз климатската акција. Нацртот треба да се гледа интегрирано и со развиените подзаконски акти кои правно ќе ја регулираат платформата за следење и известување на стакленичките гасови и на политиките и мерките, со што правно ќе се регулираат обврските кои проеизлегуваат од регулативите и директивите на ЕУ од областа клима и одлуките за транспарентност од Договорот од Париз. Нашиот национално определен придонес идентификуваше 63 политики и мерки за исполнување на климатската амбиција. Долгорочната стратегија за климатска акција беше усвоена со акциски план и во 2022 година ќе се работи на обезбедување средства и мониторинг на политиките и мерките врз основа на кои се определени националните среднорочни и долгорочни цели од стратегија, преку воспоставување на правно-обврзувачки одредби на институциите за следење и известување“.

The post Нуредини: Додека не го смениме начинот на загревање нема да имаме долгорочно решение за загадувањето appeared first on Република.

]]>

Усвоени се 63 политики и мерки што треба да ги исполниме за остварување на амбицијата во однос на Парискиот договор. Во однос на аерозагадувањето, го усвоивме дополнетиот закон за квалитет на амбиентниот воздух при што дефиниравме мерки за локалната самоуправа, кои треба да ги преземе во случаи на пикови на загадувањето. Сепак, верувам дека на сите ни е јасно дека додека не го смениме начинот на загревање на јавните и приватните згради и домови, што се надеваме дека ќе го постигнеме со изградбата на гасоводната мрежа и поддршката на инвестициите во енергетска ефикасност дадена од страна на централната и локалната власт, нема да имаме долгорочно решение на овој проблем, вели во интервју за МИА министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини. Тој зборува за препораките од Европската комисија, големите чекори што ги презема Министерството за животна средина и просторно планирање во текот на изминатата година со цел зачувување на животната средина, за дел од идните предизвици, како и за средствата што се наменети за решавање на проблемите во таа област, при што министерот истакна дека управувањето на животната средина, енергетската транзиција кон обновливи извори на енергија, гасификацијата и ред други активности со кои долгорочно влијаеме на зачувување на животната средина бараат големи инвестиции, а Министерството и Владата се трудат да ги обезбедат. Што, според вас, ја обележи 2021 година во однос на мерките што Министерството за животна средина и просторно планирање ги презеде за унапредување на оваа сфера? „Пред сè, од исклучителна важност се интервенциите во девет закони од областа на животната средина заради зголемување на глобите за загадувачите до дваесет пати. Меѓутоа, покрај тоа се работеше и на измени во материјалните одредби, и тоа конкретно во Законот за квалитет на амбиенталниот воздух, со што се утврдија критериуми и се предвиде список на општини што ќе треба да подготват планови за чист воздух за своите граѓани. Предложени беа и измени во Законот за животна средина, конкретно се регулираше механизмот за санирање на историското загадување и жариштата во државата. Со овој закон ја дефиниравме методологијата за идентификација на контаминирани подрачја, со конкретни обврски за рехабилитација и дефинирана содржина на планот со која ќе се спроведе оваа санација во согласност со светските стандарди. Од целокупното законодавство овој закон е единствениот што сè уште е во собраниска процедура. Крајот на годинава го одбележавме со усвојување на предлогот на Законот за инспекциски надзор во животната средина во Владата, кој многу скоро треба да влезе во собраниска постапка. Од друга страна, веќе се стапени во сила шесте нови закони за отпад, ориентирани (засновани) во принципите на циркуларната економија и спречување отпад, приоретизирајќи повторна употреба, рециклирање и преработка, како и Националниот план за управување со отпад 2021-2031. Особено сакам да го истакнам напредокот што го постигнавме во областа природа. Со работата на валоризација на природните вредности и заштита на биолошката разновидност, преку прогласување природни заштитени подрачја, го зголемивме процентот на заштитени подрачја од 8,9 на 13,8 проценти. За прв пат прогласивме нов национален парк, НП Шар Планина, од прогласувањето на независноста и од една страна го заштитивме ова исклучително важно природно подрачје, но и ги поставивме основите за сосема нова перспектива за одржлив развој на подрачјето. Во оваа 2021 година прогласивме три заштитени подрачја во категоријата V – заштитен предел: Осоговските Планини, Водно, и од неодамна и Малешево. Изработен е Предлог-закон за прогласување на Студенчишко Блато за споменик на природата и тоа во моментов е под привремена заштита, успешно е завршена номинацијата на Охридското Езеро и Студенчишко Блато во листата на Рамсарската конвенција, а во тек се подготвителни активности за изработка на нов закон за природата, кој е усогласен со компонентата НАТУРА 2000 од законодавството на ЕУ. Во делот на клима донесовме прва Долгорочна стратегија за климатска акција во Република Македонија со акционен план, а поднесовме и ревидиран национално определен придонес кон Договорот од Париз, со кој ние како држава се обврзавме на 51 процент намалување на емисиите на стакленички гасови до 2030 година. Во изработка е и Законот за климатска акција, со чија консултација планираме да ја почнеме следната година. Кога ги набројувам другите постигнувања во 2021 година за секоја сметам дека е многу важна и тешко е да ги приоретизирам. Сепак, би го издвоил систематското финансирање на капиталните проекти за реконструкција и изградба на водоводни, канализациски мрежи и пречистителни станици, со средства од Буџетот на МЖСПП, од Програмата за води и од Програмата за инвестиции во животната средина. За таа намена во изминатава година успеаме да обезбедиме средства во висина од приближно 228 милиони денари распределени за околу 20 општини. Дел од средствата од Програмата за инвестици се наменети за изработка на проектна документација за ваков тип проекти, бидејќи тоа е неминовно за да се инвестира во изградба, а некои од општините немаа капацитет самостојно да го сторат тоа. Нашиот план во овој правец е да обезбедиме нова кредитна линија во висина од 50 милиони евра од Европската инвестициона Ббанка бидејќи постоење на воводоводна и канализациска мрежа е основна човекова потреба и ние и како Влада и како Министерство треба да сториме сè што е во наша моќ да ги направиме дпостапни и за најоддалеченото место во државата. Работевме и на реализација на пречистителни станици и канализациски мрежи во согласност со потребите за поголемите градови финансирани преку ИПА-инструментот, меѓу кои Кичево, Тетово, Битола и Скопје. Во Полошко, на депонијата Русино се имплементираа брзи мерки со 1,9 милион швајцарски франци грант и се обезбедени дополнителни шест милиони швајцарски франци грант за втората фаза од проектот од страна на Владата на Швајцарската федерација. Опсегот на инвестициските проекти опфаќа набавка на контејнери, набавка на собирни возила, изградба на претоварни станици и санитарна депонија во Мегленци за Југозападниот регион и Пелагонија, во Русино за Полошкиот регион, во Мечкуевци за Североисточниот и Источниот регион, во Василево за Југоисточниот и Вардарскиот регион. За Скопскиот регион преку ИПА 3 програмата е предвиден развој на регионалната депонија Дрисла. Како големо достигнување го сметам чистењето на складираниот опасен отпад од бившиот индустриски гигант ОХИС и почнувањето на активностите за чистење и санација на малата депонија во ОХИС со опасен историски отпад од линдан. Во делот на амбиентниот воздух, покрај унапредување на законската регулатива со која поставивме построги обрски за општините, целосно го обновивме и докомплетиравме Државниот мониторинг-систем и до крајот на годината ќе се стават во функција уште две нови мониторинг-станици во Прилеп и Берово, со што нивната бројка ќе се зголеми 20 и една мобилна мониторинг-станица“. Според извештајот на Европската комисија за земјава, во текот на наредната година Македонија треба да ја подобори интерсекторската координација и да ги зголеми финансиските ресурси за намалување на аерозагадувањето на локално и национално ниво, да направи значајни чекори во воспоставување регионален систем за менаџирање со отпад, да го имплементира Парискиот договор, вклучително и да направи адаптација со Стратегијата и законите со рамката на ЕУ 2030. Кои чекори ги планира МЖСПП во однос на овие препораки? „Ние секогаш потенциравме дека е неопходна подобра меѓуинституционална соработка и координација помеѓу локалната и централната власт за да бидеме успешни во имплементацијата на овие мерки. Досега тоа го правевме и ќе продолжиме да ги вклучуваме сите засегнати страни во носењето на овие мерки бидејќи тие не се политички прашања, туку многу повеќе човеково право заштитено и во нашиот Устав. Како што споменав, усвоени се 63 политики и мерки што треба да ги исполниме за остварување на амбицијата во однос на Парискиот договор. Во однос на аерозагадувањето, го усвоивме дополнетиот закон за квалитет на амбиентниот воздух, при што дефиниравме мерки за локалната самоуправа, кои треба да ги преземе во случаи на пикови на загадувањето. Сепак, верувам дека на сите ни е јасно дека додека не го смениме начинот на загревање на јавните и приватните згради и домови, што се надеваме дека ќе го посигнеме со изградбата на гасоводната мрежа и поддршката на инвестициите во енергетска ефикасност дадена од страна на централната и локалната власт, нема да имаме долгорочно решение на овој проблем. Со законот за инспекција што го предложивме, ќе се подобрат надзорите над индустријата, понатаму со новите закони за управување со отпадот веќе се ориентираме кон циркуларна економија. Го финализираме договорот со ЕБРД за заемот со кој ќе се финансира основната инфраструктура за управување со отпадот, регионалните депонии, претоварни станици, камиони и контејнери за сите општини кои во моментов не се опфатени преку ИПА-проектите“. Сепак, сè уште постои кризата со пандемијата на Ковид-19. Што не успеавте да сработите во текот на минатата година поради ситуацијата? „Ситуацијата, за жал, влијаеше на сите аспекти на нашиот живот, меѓу кои и процесите во нашето работење, без разлика дали зборуваме за приватниот или државниот сектор. Но, моравме брзо да се научиме и да се приспособиме на состојбата и да го сработиме она што сме во можност да го завршиме. Не мислам дека сè уште може пандемијата да ни биде изговор, бидејќи сите бевме афектирани од неа. Природно, не можевме да бидеме максимално ефективни, зашто честопати членови на работни групи, проекти, комисии, беа отсутни поради болест или изолација. Ова особено се чувствуваше во делот на работата со меѓународната заедница и реализацијата на заедничките проекти, за кои беше потребно и патување. Дополнително, имавме и локални избори, кои ги замрзнуваат дел од инстуитуционалните процедури. Но, верувам дека работата што ја завршивме, ќе биде добра основа за следните планирани чекори во полн ек“. Направивте измени во однос на употребата на најлонските кеси. Поминато е кратко време, но ако можете да ми одговорите, како сте задоволни со досегашната имплементација? „Нема да можеме да направиме вистинска евалуација на мерката до првата четвртина на 2022, кога ќе ги имаме првите точни бројки за тоа колку биоразградливи кеси биле употребени и кога ќе можеме да направиме фактичка споредба со претходните години. Она што сакам да го истакнам е дека пластичните кеси беа забранети од 2013, а дозволени беа само биоразградливите за продажба. Она што ние го сторивме, беше предвидувањето надоместок за нивната употреба, со цел одвраќање од користење. Нашиот предлог беше 10 денари, ние имавме и состаноци и три јавни расправи по овој пакет закони, потоа законите во собраниска процедура повторно беа дебатирани и по предлог од пратениците се дојде до надоместокот од 15 денари. Она што јас можам да го извлечам како позитивен впечаток од носењето на оваа одлука и реакциите околу нас, е дека успеавме да ја актуеализираме дискусијата во јавниот дискурс и да почнеме да ја креваме свеста за штетноста на пластиката, за тоа дека кесите на кои не обрнувавме никакво внимание ја загадуваат нашата околина, води, почва. Да одговорам поконкретно, убеден сум дека резултатите се позитивни, со оглед на тоа дека ние всушност зборуваме за ова прашање“. Прогласувањето на Шар Планина за национален парк е историски чекор. Веќе е подготвен и планот за управување. Кои се следните чекори во таа област? „Донесувањето на вистинското законско решение, обезбедувањето на поддршката и конечното финализирање на тој процес беше вистински предизвик, но сега не очекува вистинската работа на терен за создавање на потребните услови и структура за Шар Планина да функционира како национален парк. Ја воспоставивме Јавната установа национален парк Шар Планина, а сега се работи на актот на систематизација и вработување на потребниот кадар за националниот парк. Во меѓувреме драго ми е што се изработи Предлог-планот за управување со НП Шар Планина и се очекува во почетокот на јануари да влезе во фаза на јавни консултации, за негово последователно усвојување. Планот е основата на која ќе го градиме функционирањето на заштитеното подрачје. Тоа мора да биде во правец на заштита на животната средина и природните убавини, но и обезбедување на социо-економски развој на подрачјето за што навистина постојат добри предуслови преку алтернативен туризам, традиционално угостителство и земјоделство итн. Секако, за тоа мора да има и период на приспособување“. Во рамките на расправата за Буџетот за 2022 година беше истакнато дека отсуствува координација за зелената агенда. Како го коментирате тоа, бидејќи, како што беше посочено, Генералниот секретаријат на Владата, кој треба да ја изработи распределбата, нема никаква врска со зелената агенда.  „Не е важно под чија формална надлежност една програма ќе биде поставена, она што е важно е таа да е добро координирана помеѓу сите институции, а Министерството за животна средина со канцеларијата на претседателот на Владата веќе работи на тоа. Идејата е преку координацијата на канцеларијата на претседателот на Владата сите институции се обврзани да учествуваат во зелената агенда, бидејќи сите имаат обврски од областа на својата надлежност за успешност на програмата“. Дали сте задоволни од издвоените средства за животна средина што се предвидени во Буџетот за 2022? Дали тие ќе ги задоволат вашите потреби за зацртаните цели? „Секако дека сакаме повеќе средства за животната средина. Впрочем, тоа беше и една од главните забелешки на ЕУ. Но, кога зборуваме за средствата издвоени за животна средина треба да се потсетиме дека активности насочени кон животнатата средина се финансираат од различни владини институции/министерства преку различни програми. Исто така, работиме на изнаоѓање на дополнителни средства од меѓународни донатори, пред се искористување на претпсистапните ИПА-средства на Европската Унија, но и на многу други достапни фондови, како и обезбедување на нови кредитни линии. Управувањето на животната средина, енергетската транзија кон обновливи извори на енергија, гасификацијата и ред други активности со кои долгорочно влијаеме на зачувување на животната средина бара големи инвестиции, а ние и како Министерство и како Влада се трудиме да ги обезбедиме. Како еден добар пример би го навел формирањето Зелен финансиски фонд за подобрување на квалитетот на воздухот и борба против климатските промени во Македонија (кој во моментов е во завршна фаза на подготовка), се очекува да биде во вредност од приближно 36,3 милиони американски долари и ќе се спроведе од тим на агенции на Обединети Нации – УНДП, ИОМ и УНЕЦЕ – во партнерство со ЕБОР. Тој е партнерство и соработка на странски и домашни институции и треба да биде ново финансиско средство, што треба значително да го подобри пристапот до достапно зелено финансирање за мали и средни претпријатија и целни групи на поединци/домаќинства за инвестиции за користење и употреба на обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност, како и поттикнување иновации, со што ќе се придонесе до намалување на емисиите на стакленички гасови и загадувањето на воздухот“. Кои се целите на Нацрт-законот за климатска акција? „Нацрт-законот за климатска акција има цел да го постави националниот координативен механизам за климатска акција, да го утврди планирањето на климатската акција, да го утврди механизмот за следење и известување на стакленичките гасови и на политиките и мерките за климатска акција, да даде важност на хоризонталните и други прашања со влијание врз климатската акција. Нацртот треба да се гледа интегрирано и со развиените подзаконски акти кои правно ќе ја регулираат платформата за следење и известување на стакленичките гасови и на политиките и мерките, со што правно ќе се регулираат обврските кои проеизлегуваат од регулативите и директивите на ЕУ од областа клима и одлуките за транспарентност од Договорот од Париз. Нашиот национално определен придонес идентификуваше 63 политики и мерки за исполнување на климатската амбиција. Долгорочната стратегија за климатска акција беше усвоена со акциски план и во 2022 година ќе се работи на обезбедување средства и мониторинг на политиките и мерките врз основа на кои се определени националните среднорочни и долгорочни цели од стратегија, преку воспоставување на правно-обврзувачки одредби на институциите за следење и известување“.

The post Нуредини: Додека не го смениме начинот на загревање нема да имаме долгорочно решение за загадувањето appeared first on Република.

]]>