население Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naselenie/ За подобро да се разбереме Tue, 01 Oct 2024 17:26:12 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png население Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naselenie/ 32 32 ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/ijz-za-deset-godini-brojot-na-staroto-naselenie-vo-makedonija-se-zgolemilo-od-13-1-na-18-1-a-brojot-na-novorodeni-se-namaluva/ Tue, 01 Oct 2024 17:26:12 +0000 https://republika.mk/?p=821496

Населението во светот старее и Македонија не е исклучок во овој тренд, се вели во извештајот на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен по повод 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица.

Во Македонија за десет години, во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува.

Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки.

Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвивува да се зголеми двојно повеќе, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. На глобално ниво, бебињата родени во 2022 година се очекува да живеат 71,7 години во просек, 25 години подолго од оние родени во 1950 година. Стареењето на населението е неповратен глобален тренд. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 година оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.

Вообичаени здравствени состојби поврзани со стареењето се: губење на слухот, катаракта, остеоартритис, хронична опструктивна белодробна болест, дијабетес, деменција и депресија. Како што луѓето стареат, тие имаат поголема веројатност да искусат неколку состојби истовремено, се вели во извештајот на ИЈЗ.

Во постара возраст карактеристични се и појави на некои по сложени здравствени состојби кои вообичаено се нарекуваат геријатриски синдроми. Тие често се последица на повеќе основни фактори и вклучуваат слабости, уринарна инкотиненција, падови, делириуми, чирови од притисок.

Иако некои од варијациите во здравјето кај постарите лица се генетски, повеќето се должат на физичката и на социјалната средина на луѓето вклучувајќи ги нивните домови, нивните соседства и заедници како и нивните лични карактеристики како што е пол, етничката припадност или социо-економскиот статус. Сите овие карактеристики придонесуваат за тоа на каков начин луѓето ќе стареат. Физичката и социјалната средина може дирекно да влијае на здравјето, преку бариери или пак преку стимулации кои влијаат на можностите како и на одлуките за добро здравственото поведение.

Одржување здраво однесување во текот на животот особено балансирана исхрана, редовна физичка активност и неупотребување на тутун и тутунски производи, сето тоа придонесува за намалување на ризик факторите од незаразни заболување како и подобрување на физичките и менталните капацитети но и одложување на зависност за нега од друго лице.

 

The post ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува appeared first on Република.

]]>

Населението во светот старее и Македонија не е исклучок во овој тренд, се вели во извештајот на Инстутот за јавно здравје (ИЈЗ) објавен по повод 1 Октомври, Меѓународен ден на старите лица. Во Македонија за десет години, во периодот од 2013 до 2023 година учеството на старото население на 65 и повеќе години се зголемило од 13.1% на 18.1%. Според последните податоци на Државниот завод за статистика вкупениот број на население над 65 години во Македонија е 315. 331 жител, додека бројот на новородени се намалува. Жените имаат тенденција да живеат подолго од мажите и на тој начин го сочинуваат мнозинството постари лица како кај нас така и во светски рамки. Бројот на луѓе на возраст од 65 години или постари ширум светот се предвивува да се зголеми двојно повеќе, зголемувајќи се од 761 милион во 2021 година на 1,6 милијарди во 2050 година. Бројот на луѓе на возраст од 80 години или постари расте уште побрзо. На глобално ниво, бебињата родени во 2022 година се очекува да живеат 71,7 години во просек, 25 години подолго од оние родени во 1950 година. Стареењето на населението е неповратен глобален тренд. Во 2021 година 1 од 10 луѓе во светот биле на возраст од 65 години и повеќе. Во 2050 година оваа возрасна група се предвидува да опфаќа 1 од 6 луѓе на глобално ниво.
Вообичаени здравствени состојби поврзани со стареењето се: губење на слухот, катаракта, остеоартритис, хронична опструктивна белодробна болест, дијабетес, деменција и депресија. Како што луѓето стареат, тие имаат поголема веројатност да искусат неколку состојби истовремено, се вели во извештајот на ИЈЗ.
Во постара возраст карактеристични се и појави на некои по сложени здравствени состојби кои вообичаено се нарекуваат геријатриски синдроми. Тие често се последица на повеќе основни фактори и вклучуваат слабости, уринарна инкотиненција, падови, делириуми, чирови од притисок. Иако некои од варијациите во здравјето кај постарите лица се генетски, повеќето се должат на физичката и на социјалната средина на луѓето вклучувајќи ги нивните домови, нивните соседства и заедници како и нивните лични карактеристики како што е пол, етничката припадност или социо-економскиот статус. Сите овие карактеристики придонесуваат за тоа на каков начин луѓето ќе стареат. Физичката и социјалната средина може дирекно да влијае на здравјето, преку бариери или пак преку стимулации кои влијаат на можностите како и на одлуките за добро здравственото поведение. Одржување здраво однесување во текот на животот особено балансирана исхрана, редовна физичка активност и неупотребување на тутун и тутунски производи, сето тоа придонесува за намалување на ризик факторите од незаразни заболување како и подобрување на физичките и менталните капацитети но и одложување на зависност за нега од друго лице.  

The post ИЈЗ: За десет години бројот на старото население во Македонија се зголемило од 13.1% на 18.1%, а бројот на новородени се намалува appeared first on Република.

]]>
ОН предвидуваат драстичен пад на населението на Балканот: Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000 https://arhiva3.republika.mk/zivot/on-predviduvaat-drastichen-pad-na-naselenieto-na-balkanot-makedonija-od-1-836-000-zhiteli-ke-se-namali-na-1-519-000/ Fri, 23 Aug 2024 09:29:24 +0000 https://republika.mk/?p=809368

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители.

Според процените на ОН населението во Република Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.

Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти.

Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија.

ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку.

Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.

The post ОН предвидуваат драстичен пад на населението на Балканот: Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000 appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители. Според процените на ОН населението во Република Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто. Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти. Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија. ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку. Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.

The post ОН предвидуваат драстичен пад на населението на Балканот: Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000 appeared first on Република.

]]>
Ќе не има се помалку: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/ke-ne-ima-se-pomalku-do-2050-godina-naselenieto-na-zapaden-balkan-ke-se-namali-za-tri-milioni-zhiteli/ Fri, 23 Aug 2024 08:44:05 +0000 https://republika.mk/?p=809328

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители.

Според процените на ОН населението во Република Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.

Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти.

Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија.

ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку.

Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.

The post Ќе не има се помалку: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители appeared first on Република.

]]>

Обединетите нации проценуваат дека населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 жители до 2050 ќе се намали на 13.975.000 жители. Според процените на ОН населението во Република Македонија од 1.836.000 жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто. Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти. Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија. ОН наведува дека БиХ од 3.194.000 жители минатата година во 2050 година ќе брои 2.469.000 жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 на 2.251.000 жители, што е за 20,2 проценти помалку. Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.

The post Ќе не има се помалку: До 2050 година населението на Западен Балкан ќе се намали за три милиони жители appeared first on Република.

]]>
Светското население во 2023 година пораснало за 66 милиони до нов историски максимум https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/svetskoto-naselenie-vo-2023-godina-porasnalo-za-66-milioni-do-nov-istoriski-maksimum/ Tue, 02 Jan 2024 15:26:43 +0000 https://republika.mk/?p=729052

Населението на Земјата пораснало за 66 милиони во текот на 2023 година, достигнувајќи ново највисоко ниво од 8,073 милијарди луѓе.

Сепак, според податоците на ОН, стапката на раст забавува. Светското население пораснало најбрзо од 1965 до 1970 година, а оттогаш нивото на раст е речиси преполовено.

Американското биро за попис предвидува дека ќе бидат потребни најмалку 14 години за да се достигна 9 милијарди и 16,4 години за да се достигнат 10 милијарди луѓе, што би можело да се случи околу 2055 година.

The post Светското население во 2023 година пораснало за 66 милиони до нов историски максимум appeared first on Република.

]]>

Населението на Земјата пораснало за 66 милиони во текот на 2023 година, достигнувајќи ново највисоко ниво од 8,073 милијарди луѓе. Сепак, според податоците на ОН, стапката на раст забавува. Светското население пораснало најбрзо од 1965 до 1970 година, а оттогаш нивото на раст е речиси преполовено. Американското биро за попис предвидува дека ќе бидат потребни најмалку 14 години за да се достигна 9 милијарди и 16,4 години за да се достигнат 10 милијарди луѓе, што би можело да се случи околу 2055 година.

The post Светското население во 2023 година пораснало за 66 милиони до нов историски максимум appeared first on Република.

]]>
До крајот на годинава четвртина од населението во државата ќе биде сиромашно https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/do-krajot-na-godinava-chetvrtina-od-naselenieto-vo-drzhavata-ke-bide-siromashno/ Thu, 12 Oct 2023 13:31:33 +0000 https://republika.mk/?p=690590

До крајот на 2023 година ние би имале вкупно 510 000 граѓани што се во умерена сиромаштија. Тука спаѓаат сите што имаат помалку од 200 денари на ден, што значи повеќе од четвртина од државата ќе имаат само за преживување, истакна економскиот истражувач проф. д-р Бранимир Јовановиќ на панел - дискусија на тема „Достоинствен живот или преживување?“.

Јовановиќ денеска, на дискусијата организиран од Македонската платформа против сиромаштијата, во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, 17 октомври, чија годинашна порака е „Пристојна работа и социјална заштита: достоинството во пракса, за сите!“, ги презентираше наодите од студијата „Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Македонија“, направена заедно со Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој, и која мери и проценува за колку ќе се зголеми сиромаштијата во државава како последица на поскапувањето, односно во 2023 година споредено со 2021 година.

Во анализата направена е проценка за два вида сиромаштија - екстремна и умерена. Во екстремна сиромаштија спаѓаат оние кои живеат со помалку од 60 денари на ден, а во умерена сиромаштија се луѓе што живеат со помалку од 200 денари на ден.

Резултатите од анализата покажуваат дека екстремната сиромаштија, како последица на оваа криза, ќе порасне за помеѓу 12 000 лица и 28 000 лица, што изнесува помеѓу 20 и 50 отсто зголемување во однос на претходната состојба, затоа што пред кризата државата имала околу 56 000 луѓе што живеат во екстремна сиромаштија, истакна Јовановиќ.

Тој нагласи дека во умерената сиромаштија бројките се уште поголеми, односно таа ќе порасне за помеѓу 80 000 и 160 000 лица.

Пред кризата таа бројка била околу 360 000 луѓе, сега според најновите податоци може да достигне до 510 000, рече тој.

Неговите препораки се државата да ги замрзне цените и да ги држи замрзнати подолг временски период, да се спречи растот на цените и да се стави под контрола инфлацијата и паралелно со тоа да се зголемат сите примања на луѓето.

Со ова нема да се намали тој број. Бројот на сиромашни драстично ќе порасне, но барем малку да се ублажи, порача Јовановиќ.

На панел - дискусијата присуствуваше и потпретседателот на Советот на ССМ, Иван Пешевски, кој истакна дека она што години наназад е видливо е дека платите статистички растат, меѓутоа со тоа расте и ситромаштијата, со тоа што се повеќе граѓаните ја губат куповната моќ.

Мојот апел е да се вратат парите на работниците ако сакаме да нема повеќе сиромаштија во државата, односно не бараме кратење на 78 посто од платата на функционерите, туку за тој процент да се зголеми и платата на работниците, истакна Пешевски.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, истакна дека со сиромаштијата не се соочуваме само ние, туку и останатите земји во светот.

Денеска е јасно дека доколку за време на последниве три кризни години, пост-ковид, енергетска и економска криза, Владата не ги спроведеше мерките кои ги спроведовме за заштита на стандардот на најранливите групи, а потоа и зачувување на работните места, денеска ќе имавме полоша слика, изјави тој.

Вицепремиерот додаде дека ваквите студии се добри за креирање на политики базирани на докази и дека такви ќе продолжат да прават.

Постојано велам дека системските решенија се нужни за стабилност и предвидлив развој, но и едновремено ги заштитуваат најранливите, оние чии права први и најлесно се повредени во време на криза или политички премрежја. Ние донесовме такви системски решенија, тоа е носењето на минималната плата и методологијата за пресметка на пензиите. Оваа категорија на граѓани, како никогаш од независноста сега е заштитена токму од ваквите појави. Оваа Влада покажала дека се грижи, подеднакво за сите, така и ќе продолжиме, нагласи Битиќи.

Панел - дискусијата ја отвори претседателката на Македонската платформа против сиромаштија (МППС) која порача „Справувањето со сиромаштијата е политичка одлука и секој од нас е важен во таа борба“.

 

The post До крајот на годинава четвртина од населението во државата ќе биде сиромашно appeared first on Република.

]]>

До крајот на 2023 година ние би имале вкупно 510 000 граѓани што се во умерена сиромаштија. Тука спаѓаат сите што имаат помалку од 200 денари на ден, што значи повеќе од четвртина од државата ќе имаат само за преживување, истакна економскиот истражувач проф. д-р Бранимир Јовановиќ на панел - дискусија на тема „Достоинствен живот или преживување?“. Јовановиќ денеска, на дискусијата организиран од Македонската платформа против сиромаштијата, во рамки на одбележувањето на меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, 17 октомври, чија годинашна порака е „Пристојна работа и социјална заштита: достоинството во пракса, за сите!“, ги презентираше наодите од студијата „Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Македонија“, направена заедно со Асоцијацијата за одржлив и инклузивен развој, и која мери и проценува за колку ќе се зголеми сиромаштијата во државава како последица на поскапувањето, односно во 2023 година споредено со 2021 година. Во анализата направена е проценка за два вида сиромаштија - екстремна и умерена. Во екстремна сиромаштија спаѓаат оние кои живеат со помалку од 60 денари на ден, а во умерена сиромаштија се луѓе што живеат со помалку од 200 денари на ден.
Резултатите од анализата покажуваат дека екстремната сиромаштија, како последица на оваа криза, ќе порасне за помеѓу 12 000 лица и 28 000 лица, што изнесува помеѓу 20 и 50 отсто зголемување во однос на претходната состојба, затоа што пред кризата државата имала околу 56 000 луѓе што живеат во екстремна сиромаштија, истакна Јовановиќ.
Тој нагласи дека во умерената сиромаштија бројките се уште поголеми, односно таа ќе порасне за помеѓу 80 000 и 160 000 лица.
Пред кризата таа бројка била околу 360 000 луѓе, сега според најновите податоци може да достигне до 510 000, рече тој.
Неговите препораки се државата да ги замрзне цените и да ги држи замрзнати подолг временски период, да се спречи растот на цените и да се стави под контрола инфлацијата и паралелно со тоа да се зголемат сите примања на луѓето.
Со ова нема да се намали тој број. Бројот на сиромашни драстично ќе порасне, но барем малку да се ублажи, порача Јовановиќ.
На панел - дискусијата присуствуваше и потпретседателот на Советот на ССМ, Иван Пешевски, кој истакна дека она што години наназад е видливо е дека платите статистички растат, меѓутоа со тоа расте и ситромаштијата, со тоа што се повеќе граѓаните ја губат куповната моќ.
Мојот апел е да се вратат парите на работниците ако сакаме да нема повеќе сиромаштија во државата, односно не бараме кратење на 78 посто од платата на функционерите, туку за тој процент да се зголеми и платата на работниците, истакна Пешевски.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, истакна дека со сиромаштијата не се соочуваме само ние, туку и останатите земји во светот.
Денеска е јасно дека доколку за време на последниве три кризни години, пост-ковид, енергетска и економска криза, Владата не ги спроведеше мерките кои ги спроведовме за заштита на стандардот на најранливите групи, а потоа и зачувување на работните места, денеска ќе имавме полоша слика, изјави тој.
Вицепремиерот додаде дека ваквите студии се добри за креирање на политики базирани на докази и дека такви ќе продолжат да прават.
Постојано велам дека системските решенија се нужни за стабилност и предвидлив развој, но и едновремено ги заштитуваат најранливите, оние чии права први и најлесно се повредени во време на криза или политички премрежја. Ние донесовме такви системски решенија, тоа е носењето на минималната плата и методологијата за пресметка на пензиите. Оваа категорија на граѓани, како никогаш од независноста сега е заштитена токму од ваквите појави. Оваа Влада покажала дека се грижи, подеднакво за сите, така и ќе продолжиме, нагласи Битиќи.
Панел - дискусијата ја отвори претседателката на Македонската платформа против сиромаштија (МППС) која порача „Справувањето со сиромаштијата е политичка одлука и секој од нас е важен во таа борба“.  

The post До крајот на годинава четвртина од населението во државата ќе биде сиромашно appeared first on Република.

]]>
Во ЕУ живеат 446,7 милиони луѓе: Најмногу во Германија, најмалку во Малта https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-eu-zhiveat-446-7-milioni-luge-najmnogu-vo-germanija-najmalku-vo-malta/ Sun, 14 May 2023 09:58:25 +0000 https://republika.mk/?p=640615

Во Европската унија (ЕУ) во 2022 година живееле 446,7 милиони луѓе. Најнаселена земја-членка е Германија (83,2 милиони, 19% од вкупниот број во ЕУ), втора е Франција (67,9 милиони, 15%), а во првите пет се и Италија (59,0 милиони, 13%), Шпанија (47,4 милиони, 11%) и Полска (37,7 милиони, 8%), соопшти Евростат.

Овие пет земји-членки сочинуваат вкупно две третини од населението на ЕУ.

Најмалку населени земји-членки на ЕУ, пак, се Малта (521.000 луѓе, што е 0,1% од вкупниот број на ЕУ), Луксембург (645.000, исто така 0.1%) и Кипар (905.000, 0.2%).

Во периодот од 2001 до 2020 година, вкупното население на ЕУ се зголемило од 429 милиони на 447 милиони, што претставува раст од 4%. Седумнаесет земји-членки имале пораст на населението во овој период, а десет евидентирале намалувања. Најголеми релативни зголемувања се забележани во Луксембург (43%), Малта (31%), Ирска (30%) и Кипар (27%), додека најголемо намалување имаат Литванија (-20%) и Летонија (-19%).

Меѓутоа, меѓу 1 јануари 2020 година и 1 јануари 2022 година, населението на ЕУ се намалило за 585 000 луѓе.

Највисоки намалувања во апсолутни бројки се забележани во Италија (-611 000, што одговара на -1,0%) и во Полска (-304 000, -0,8%), а во релативна смисла во Хрватска (-4,8%, -196 000) и Грција (−2,4%, −259 000).

Севкупно, десет земји членки на ЕУ имале намалување на нивното население во текот на двегодишниот период 2020-2021 година, додека останатите забележале зглемување. Најголем апсолутен пораст има Франција (552 000, 0,8%), а Луксембург највисок релативен пораст (3,1%, 19 000).

The post Во ЕУ живеат 446,7 милиони луѓе: Најмногу во Германија, најмалку во Малта appeared first on Република.

]]>

Во Европската унија (ЕУ) во 2022 година живееле 446,7 милиони луѓе. Најнаселена земја-членка е Германија (83,2 милиони, 19% од вкупниот број во ЕУ), втора е Франција (67,9 милиони, 15%), а во првите пет се и Италија (59,0 милиони, 13%), Шпанија (47,4 милиони, 11%) и Полска (37,7 милиони, 8%), соопшти Евростат. Овие пет земји-членки сочинуваат вкупно две третини од населението на ЕУ. Најмалку населени земји-членки на ЕУ, пак, се Малта (521.000 луѓе, што е 0,1% од вкупниот број на ЕУ), Луксембург (645.000, исто така 0.1%) и Кипар (905.000, 0.2%). Во периодот од 2001 до 2020 година, вкупното население на ЕУ се зголемило од 429 милиони на 447 милиони, што претставува раст од 4%. Седумнаесет земји-членки имале пораст на населението во овој период, а десет евидентирале намалувања. Најголеми релативни зголемувања се забележани во Луксембург (43%), Малта (31%), Ирска (30%) и Кипар (27%), додека најголемо намалување имаат Литванија (-20%) и Летонија (-19%). Меѓутоа, меѓу 1 јануари 2020 година и 1 јануари 2022 година, населението на ЕУ се намалило за 585 000 луѓе. Највисоки намалувања во апсолутни бројки се забележани во Италија (-611 000, што одговара на -1,0%) и во Полска (-304 000, -0,8%), а во релативна смисла во Хрватска (-4,8%, -196 000) и Грција (−2,4%, −259 000). Севкупно, десет земји членки на ЕУ имале намалување на нивното население во текот на двегодишниот период 2020-2021 година, додека останатите забележале зглемување. Најголем апсолутен пораст има Франција (552 000, 0,8%), а Луксембург највисок релативен пораст (3,1%, 19 000).

The post Во ЕУ живеат 446,7 милиони луѓе: Најмногу во Германија, најмалку во Малта appeared first on Република.

]]>
Просечната возраст на населението во ЕУ 44,4 години, во Македонија 41,1 https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/prosechnata-vozrast-na-naselenieto-vo-eu-44-4-godini-vo-makedonija-41-1/ Thu, 23 Feb 2023 11:05:00 +0000 https://republika.mk/?p=612262

Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една деценија претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат.

Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години).

Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила во сите членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се бележи намалува од 40,8 на 40,7 години.

Од земјите во регионот, најстаро население има Грција каде што просечната возраст е 46,1 година, Хрватска со 45,4, Бугарија 45,1, Србија 44,1. Најмлада популација имаат Црна Гора 39,4 и Албанија 38 години, но и таму во изминатата децени е регистриран раст на средната возраст за 2,5 односно 4,8 години.

 

The post Просечната возраст на населението во ЕУ 44,4 години, во Македонија 41,1 appeared first on Република.

]]>

Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една деценија претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат. Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години). Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила во сите членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се бележи намалува од 40,8 на 40,7 години. Од земјите во регионот, најстаро население има Грција каде што просечната возраст е 46,1 година, Хрватска со 45,4, Бугарија 45,1, Србија 44,1. Најмлада популација имаат Црна Гора 39,4 и Албанија 38 години, но и таму во изминатата децени е регистриран раст на средната возраст за 2,5 односно 4,8 години.  

The post Просечната возраст на населението во ЕУ 44,4 години, во Македонија 41,1 appeared first on Република.

]]>
Србија сега има околу 760.000 жители помалку во однос на 2011 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/srbija-sega-ima-okolu-760-000-zhiteli-pomalku-vo-odnos-na-2011-godina/ Fri, 13 Jan 2023 20:12:51 +0000 https://republika.mk/?p=596640

Иако според првите резултати од пописот, Србија има околу половина милион жители помалку во однос на 2011 година, сепак се проценува дека намалувањето е поголемо од тоа и изнесува околу 760.000 жители, изјави Љиљана Ѓорѓевиќ, претставник на српскиот Завод за статистика.

Во изјава за РТС, Ѓорѓевиќ нагласи дека Нови Сад и Белград имаат негативен природен прираст, а зголемувањето на бројот на жители во тие градови се должи на имиграцијата, како и дека состојбата во главниот град не е иста во сите градски општини.

Според неа, како и во некои белградски општини, зголемување на бројот на жители е забележано и во Нови Пазар, Тутин и Нови Сад.

Што се однесува до општините Белград и Нови Сад, главната причина за зголемувањето на бројот на жители е имиграцијата на населението, бидејќи и Белград и Нови Сад имаат негативен природен прираст“, ​​изјави Ѓорѓевиќ.

Како што пренесе Бета, Ѓорѓевиќ вели дека во резултатите од пописот биле вклучени околу 200.000 жители, за кои е констатирано дека живеат во Србија, работат, студираат, „но од некоја причина попишувачот не ги нашол или поради некоја причина не сакале да бидат наведени“.

Значи, кога реално ја гледаме ситуацијата, има пад на бројот на жители за околу 760.000 во однос на последниот попис во 2011 година“, истакна Ѓорѓевиќ.

The post Србија сега има околу 760.000 жители помалку во однос на 2011 година appeared first on Република.

]]>

Иако според првите резултати од пописот, Србија има околу половина милион жители помалку во однос на 2011 година, сепак се проценува дека намалувањето е поголемо од тоа и изнесува околу 760.000 жители, изјави Љиљана Ѓорѓевиќ, претставник на српскиот Завод за статистика. Во изјава за РТС, Ѓорѓевиќ нагласи дека Нови Сад и Белград имаат негативен природен прираст, а зголемувањето на бројот на жители во тие градови се должи на имиграцијата, како и дека состојбата во главниот град не е иста во сите градски општини. Според неа, како и во некои белградски општини, зголемување на бројот на жители е забележано и во Нови Пазар, Тутин и Нови Сад.
Што се однесува до општините Белград и Нови Сад, главната причина за зголемувањето на бројот на жители е имиграцијата на населението, бидејќи и Белград и Нови Сад имаат негативен природен прираст“, ​​изјави Ѓорѓевиќ.
Како што пренесе Бета, Ѓорѓевиќ вели дека во резултатите од пописот биле вклучени околу 200.000 жители, за кои е констатирано дека живеат во Србија, работат, студираат, „но од некоја причина попишувачот не ги нашол или поради некоја причина не сакале да бидат наведени“.
Значи, кога реално ја гледаме ситуацијата, има пад на бројот на жители за околу 760.000 во однос на последниот попис во 2011 година“, истакна Ѓорѓевиќ.

The post Србија сега има околу 760.000 жители помалку во однос на 2011 година appeared first on Република.

]]>
За десетина години Србија изгубила половина милион луѓе, покажуваат резултатите од пописот https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-desetina-godini-srbija-izgubila-polovina-milion-lugje-pokazuvaat-rezultatite-od-popisot/ Thu, 22 Dec 2022 18:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=588801

Според првите резултати од пописот на населението, домаќинствата и становите во 2022 година, во Србија живеат 6.690.887 жители. Со пописот се собрани и податоци за 2.520.854 домаќинства и 3.628.175 станови, соопшти Републичкиот завод за статистика.

Во однос на Пописот од 2011 година, вкупниот број на жители е намален за 495.975 луѓе или за 6,9% од населението. Намалување на бројот на жители е забележано во сите региони освен во белградскиот регион каде што бројот на жители е зголемен за околу 1,6%.

Во однос на податоците за домаќинствата и становите, не е забележана значителна промена во вкупниот број на домаќинства (зголемување од 1,33 отсто), додека вкупниот број на станови е зголемен за 12,26 отсто во однос на Пописот од 2011 година.

Најголем пораст на бројот на станови е забележан во белградскиот регион (18,55 отсто).

Пописот е спроведен од 1 до 31 октомври 2022 година. Во неколку поголеми градови собирањето податоци на терен беше продолжено до 7 ноември. Исто така, граѓаните кои од која било причина не биле пријавени, дозволено е телефонски да се пријават до 17 ноември 2022 година.

Пописот не е спроведен на територијата на Косово и Метохија.

The post За десетина години Србија изгубила половина милион луѓе, покажуваат резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>

Според првите резултати од пописот на населението, домаќинствата и становите во 2022 година, во Србија живеат 6.690.887 жители. Со пописот се собрани и податоци за 2.520.854 домаќинства и 3.628.175 станови, соопшти Републичкиот завод за статистика. Во однос на Пописот од 2011 година, вкупниот број на жители е намален за 495.975 луѓе или за 6,9% од населението. Намалување на бројот на жители е забележано во сите региони освен во белградскиот регион каде што бројот на жители е зголемен за околу 1,6%. Во однос на податоците за домаќинствата и становите, не е забележана значителна промена во вкупниот број на домаќинства (зголемување од 1,33 отсто), додека вкупниот број на станови е зголемен за 12,26 отсто во однос на Пописот од 2011 година. Најголем пораст на бројот на станови е забележан во белградскиот регион (18,55 отсто). Пописот е спроведен од 1 до 31 октомври 2022 година. Во неколку поголеми градови собирањето податоци на терен беше продолжено до 7 ноември. Исто така, граѓаните кои од која било причина не биле пријавени, дозволено е телефонски да се пријават до 17 ноември 2022 година. Пописот не е спроведен на територијата на Косово и Метохија.

The post За десетина години Србија изгубила половина милион луѓе, покажуваат резултатите од пописот appeared first on Република.

]]>
За десетина години Бугарија изгубила 11,5 проценти од своето населени https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/za-desetina-godini-bugarija-izgubila-11-5-procenti-od-svoeto-naseleni/ Mon, 03 Oct 2022 09:45:10 +0000 https://republika.mk/?p=556763

Бугарскиот Национален статистички институт (НСИ) ги објави резултатите од 18. попис на населението, според кои до до 7 септември 2021 година во Бугарија живееле 6.519.789 луѓе.

Според резултатите, жените се 3.383.527 (51,9 отсто), а мажите 3.136.262 (48,1 отсто).

Директорката на Управата „Демографска и социјална статистика“ при НСИ, Магдалена Костова изјави дека во периодот помеѓу двата пописа населението во Бугарија се намалило за 844.781 лице или за 11,5 отсто.

Резултатите покажуваат дека просечната годишна стапка на намалување на населението годишно се зголемила од 0,7 отсто во периодот 2001-2011 година на 1,2 во периодот 2011-2021 година.

The post За десетина години Бугарија изгубила 11,5 проценти од своето населени appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот Национален статистички институт (НСИ) ги објави резултатите од 18. попис на населението, според кои до до 7 септември 2021 година во Бугарија живееле 6.519.789 луѓе. Според резултатите, жените се 3.383.527 (51,9 отсто), а мажите 3.136.262 (48,1 отсто). Директорката на Управата „Демографска и социјална статистика“ при НСИ, Магдалена Костова изјави дека во периодот помеѓу двата пописа населението во Бугарија се намалило за 844.781 лице или за 11,5 отсто. Резултатите покажуваат дека просечната годишна стапка на намалување на населението годишно се зголемила од 0,7 отсто во периодот 2001-2011 година на 1,2 во периодот 2011-2021 година.

The post За десетина години Бугарија изгубила 11,5 проценти од своето населени appeared first on Република.

]]>
ЕУ во 2021 година имала 172.000 жители помалку во споредба со 2020 година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/eu-vo-2021-godina-imala-172-000-ziteli-pomalku-vo-sporedba-so-2020-godina/ Mon, 11 Jul 2022 19:10:10 +0000 https://republika.mk/?p=527127

Бројот на жители во Европска Унија лани, втора година по ред, бележи пад поради последиците од пандемијата со Ковид-19, покажуваат податоците на Европската агенција за статистика – Евростат.

Во објавениот извештај на Евростат се наведува дека вкупниот број на жители во 27 земји-членки на ЕУ за една година е намален за 172.000 луѓе. На 12 јануари 2021 година ЕУ имала 447 милиони жители, додека на 1 јануари годинава регистрирани се 446,8 милиони жители.

Во извештајот на Евростат се наведува дека, втора година по ред, негативниот природен прираст не бил компензиран со позитивниот број на мигранти, најверојатно поради влијанието на пандемијата.

Демографскиот пад се објаснува главно со зголемувањето на бројот на починати, за 113.000 повеќе од 2020 година, додека бројот на новороденчиња остана речиси на исто ниво.

Во исто време, ЕУ привлекла повеќе нови жители, кои дошле од надвор, така што минатата година пристигнале околу 1,06 милиони луѓе во споредба со 800.000 кои пристигнале во ЕУ во 2020 година. Но, бројката е недоволна за да ја компензира нарушената рамнотежа меѓу смртните случаи и раѓањата (негативниот природен прираст изнесувал 1,23 милиони луѓе).

Евростат посочува дека постои голема разлика меѓу земјите-членки на ЕУ, бидејќи само десет земји на ЕУ забележале намалување на бројот на жители во 2021 година, почнувајќи од Италија, каде имало 253.100 жители помалку. Од друга страна, пораст на бројот на жители е забележан во 17 други земји, особено во Франција, каде имало пораст од 185.900 луѓе.

Со оглед на влијанието на пандемијата на Ковид-19 од 2020 година и фактот дека бројот на смртни случаи сепак треба да се зголемува поради стареењето на населението, и ако се претпостави дека стапката на фертилитет ќе остане на релативно ниско ниво, овој негативен пораст на населението (повеќе смртни случаи отколку раѓања) може да продолжи, предупредуваат експертите на Евростат.

Според нив, демографскиот пад или растот во ЕУ во иднина најверојатно во голема мера ќе зависи од придонесот на имиграцијата.

The post ЕУ во 2021 година имала 172.000 жители помалку во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>

Бројот на жители во Европска Унија лани, втора година по ред, бележи пад поради последиците од пандемијата со Ковид-19, покажуваат податоците на Европската агенција за статистика – Евростат. Во објавениот извештај на Евростат се наведува дека вкупниот број на жители во 27 земји-членки на ЕУ за една година е намален за 172.000 луѓе. На 12 јануари 2021 година ЕУ имала 447 милиони жители, додека на 1 јануари годинава регистрирани се 446,8 милиони жители. Во извештајот на Евростат се наведува дека, втора година по ред, негативниот природен прираст не бил компензиран со позитивниот број на мигранти, најверојатно поради влијанието на пандемијата. Демографскиот пад се објаснува главно со зголемувањето на бројот на починати, за 113.000 повеќе од 2020 година, додека бројот на новороденчиња остана речиси на исто ниво. Во исто време, ЕУ привлекла повеќе нови жители, кои дошле од надвор, така што минатата година пристигнале околу 1,06 милиони луѓе во споредба со 800.000 кои пристигнале во ЕУ во 2020 година. Но, бројката е недоволна за да ја компензира нарушената рамнотежа меѓу смртните случаи и раѓањата (негативниот природен прираст изнесувал 1,23 милиони луѓе). Евростат посочува дека постои голема разлика меѓу земјите-членки на ЕУ, бидејќи само десет земји на ЕУ забележале намалување на бројот на жители во 2021 година, почнувајќи од Италија, каде имало 253.100 жители помалку. Од друга страна, пораст на бројот на жители е забележан во 17 други земји, особено во Франција, каде имало пораст од 185.900 луѓе. Со оглед на влијанието на пандемијата на Ковид-19 од 2020 година и фактот дека бројот на смртни случаи сепак треба да се зголемува поради стареењето на населението, и ако се претпостави дека стапката на фертилитет ќе остане на релативно ниско ниво, овој негативен пораст на населението (повеќе смртни случаи отколку раѓања) може да продолжи, предупредуваат експертите на Евростат. Според нив, демографскиот пад или растот во ЕУ во иднина најверојатно во голема мера ќе зависи од придонесот на имиграцијата.

The post ЕУ во 2021 година имала 172.000 жители помалку во споредба со 2020 година appeared first on Република.

]]>
До 15 ноември на планетата ќе има осум милијарди жители, Индија ќе биде најнаселена земја во светот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/do-15-noemvri-na-planetata-kje-ima-osum-milijardi-ziteli-indija-kje-stane-najnaselena-zemja-vo-svetot/ Mon, 11 Jul 2022 15:03:48 +0000 https://republika.mk/?p=527081

Светската популација се очекува да достигне осум милијарди до 15 ноември, покажуваат новите проекции на Одделот за економски и социјални прашања на ОН.

Според овие податоци, до наредната година, Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.

Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот човек на Земјата, тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета, како и момент да размислуваме за тоа каде се уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг.

 

Тоа е, исто така, време да ја славиме нашата различност, да го препознаеме нашето заедничко човештво и да му се восхитуваме на напредокот во здравството што го зголеми животниот век и драматично ја намали стапката на смртност на мајки и деца - изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.

Според Одделот на ОН што ја изготви прогнозата, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година. Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, достигнувајќи го својот врв на околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите каде се проценува дека ќе остане до 2100 година.

Повеќе од половина од предвидениот раст на населението наредните децении им се препишува на осум држави - Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

The post До 15 ноември на планетата ќе има осум милијарди жители, Индија ќе биде најнаселена земја во светот appeared first on Република.

]]>

Светската популација се очекува да достигне осум милијарди до 15 ноември, покажуваат новите проекции на Одделот за економски и социјални прашања на ОН. Според овие податоци, до наредната година, Индија ќе ја престигне Кина како најнаселена земја во светот.
Додека го чекаме раѓањето на осуммилијардитиот човек на Земјата, тоа е потсетник на нашата заедничка одговорност да се грижиме за нашата планета, како и момент да размислуваме за тоа каде се уште не ги исполнуваме нашите обврски еден кон друг.   Тоа е, исто така, време да ја славиме нашата различност, да го препознаеме нашето заедничко човештво и да му се восхитуваме на напредокот во здравството што го зголеми животниот век и драматично ја намали стапката на смртност на мајки и деца - изјави генералниот секретар Антонио Гутереш.
Според Одделот на ОН што ја изготви прогнозата, светската популација моментално расте со најбавно темпо од 1950 година. Светското население би можело да достигне околу 8,5 милијарди во 2030 година и 9,7 милијарди во 2050 година, достигнувајќи го својот врв на околу 10,4 милијарди луѓе во 2080-тите каде се проценува дека ќе остане до 2100 година. Повеќе од половина од предвидениот раст на населението наредните децении им се препишува на осум држави - Демократска Република Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

The post До 15 ноември на планетата ќе има осум милијарди жители, Индија ќе биде најнаселена земја во светот appeared first on Република.

]]>
Мицковски: Скопје добило плус 20.000 жители, ама и 50.000 нови станови, oваа држава не е за луѓе, за станови е https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mickovski-skopje-dobilo-plus-20-000-ziteli-ama-i-50-000-novi-stanovi-ovaa-drzava-ne-e-za-lugje-za-stanovi-e/ Wed, 30 Mar 2022 11:52:11 +0000 https://republika.mk/?p=480868

Намалена популација за 10% во 20 години.
Скопје добило плус 20 илјади жители, ама и 50 илјади нови станови.
Оваа држава не е за луѓе, за станови е, пишува на Фејсбук, аналитичарот Ивор Мицковски.

The post Мицковски: Скопје добило плус 20.000 жители, ама и 50.000 нови станови, oваа држава не е за луѓе, за станови е appeared first on Република.

]]>

Намалена популација за 10% во 20 години. Скопје добило плус 20 илјади жители, ама и 50 илјади нови станови. Оваа држава не е за луѓе, за станови е, пишува на Фејсбук, аналитичарот Ивор Мицковски.

The post Мицковски: Скопје добило плус 20.000 жители, ама и 50.000 нови станови, oваа држава не е за луѓе, за станови е appeared first on Република.

]]>
Украинска армија: Населението да се подготви за неселективни руски напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ukrainska-armija-naselenieto-da-se-podgotvi-za-neselektivni-ruski-napadi/ Tue, 22 Mar 2022 07:39:23 +0000 https://republika.mk/?p=476409

Украинската армија денеска соопшти дека населението треба да биде подготвено за неселективно руско гранатирање на виталната цивилна инфраструктура. Украинските вооружени сили соопштија дека се очекува руските сили да продолжат со нападите врз виталната инфраструктура користејќи „оружје со висока прецизност и неселективна муниција“.

Генералштабот на украинските вооружени сили, исто така, објави дека руските трупи го окупирале копнениот коридор кон Крим и го блокирале пристапот на Украина до Азовското Море. Украинската армија во редовен извештај наведува и дека руските сили „го загубиле офанзивниот потенцијал“ и дека биле „принудени да повикаат засилување од Русија“, пренесува Би-би-си. Во соопштението се тврди и дека околу 300 руски војници биле убиени во вчерашните борби.

The post Украинска армија: Населението да се подготви за неселективни руски напади appeared first on Република.

]]>

Украинската армија денеска соопшти дека населението треба да биде подготвено за неселективно руско гранатирање на виталната цивилна инфраструктура. Украинските вооружени сили соопштија дека се очекува руските сили да продолжат со нападите врз виталната инфраструктура користејќи „оружје со висока прецизност и неселективна муниција“. Генералштабот на украинските вооружени сили, исто така, објави дека руските трупи го окупирале копнениот коридор кон Крим и го блокирале пристапот на Украина до Азовското Море. Украинската армија во редовен извештај наведува и дека руските сили „го загубиле офанзивниот потенцијал“ и дека биле „принудени да повикаат засилување од Русија“, пренесува Би-би-си. Во соопштението се тврди и дека околу 300 руски војници биле убиени во вчерашните борби.

The post Украинска армија: Населението да се подготви за неселективни руски напади appeared first on Република.

]]>