народни носии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narodni-nosii/ За подобро да се разбереме Sat, 16 Sep 2023 06:33:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png народни носии Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narodni-nosii/ 32 32 Ревија на народни носии во Струга https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/revija-na-narodni-nosii-vo-struga/ Sat, 16 Sep 2023 06:33:49 +0000 https://republika.mk/?p=682334

„Машки народни носии“ е тема на овогодинашната Ревија на народни носии што денеска ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“, со поддршка на Министерството за култура.

Раководителот на КУД „Илинден“ Љупчо Милошески информира дека на сцената ќе продефилираат 20 ревијалци, кои ќе ги претстават машките народни носии на 11 колекционери и културно уметнучки друштва.

Годинашната тема е „Машки народни носии“ и секој учесник треба да претстави народни носии со оваа тематика. Во соработка со Домот на културата од Гевгелија ќе биде прикажана и адаптација на Лазаренки - реликвија на етничкиот предел Бојмија, изјави Милошески за МИА.

Ревијата на народни носии во Струга е со долгогодишна традиција, која по пауза од седум години, пред три години беше возобновена од КУД „Илинден“.

The post Ревија на народни носии во Струга appeared first on Република.

]]>

„Машки народни носии“ е тема на овогодинашната Ревија на народни носии што денеска ќе се одржи во центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга во организација на културно уметничкото друштво „Илинден“, со поддршка на Министерството за култура. Раководителот на КУД „Илинден“ Љупчо Милошески информира дека на сцената ќе продефилираат 20 ревијалци, кои ќе ги претстават машките народни носии на 11 колекционери и културно уметнучки друштва.