народна банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narodna-banka/ За подобро да се разбереме Sat, 03 Feb 2024 09:13:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png народна банка Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narodna-banka/ 32 32 Совет на Народна банка: Монетарната политика ќе придонесе за забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на курсот https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/sovet-na-narodna-banka-monetarnata-politika-ke-pridonese-za-zabavuvane-na-inflatsijata-i-zadrzhuvane-na-stabilnosta-na-kursot/ Sat, 03 Feb 2024 09:31:25 +0000 https://republika.mk/?p=739953

Советот на Народната банка на вчерашната редовна седница го усвои Кварталниот извештај за последното тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се наведува дека во последниот квартал лани, Народната банка нема направено дополнителна промена во поставеноста на монетарната политика, соодветно на условите во економијата. Тековното ниво на основната каматна стапка, заедно со промените кај задолжителната резерва, како и со преземените макропрудентни мерки, овозможуваат забавување на инфлацијата, во согласност со очекувањата и задржување на стабилноста на девизниот курс. Со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, поставеноста на монетарната политика на Народната банка соодветствува со монетарната политика на Европската централна банка.

Како што се наведува во соопштението од Народна банка, најновите показатели од домашната економија упатуваат на макроекономска слика којашто главно соодветствува со октомвриските оцени. Реалниот БДП во третиот квартал бележи годишен раст од 1,2 отсто, што е во согласност со октомврискиот циклус проекции (раст од 1,1 проценти).

Расположливите високофреквентни податоци за економската активност покажуваат рани знаци на забрзување на годишниот раст во последното тримесечје од годината, што засега е во согласност со октомвриските оцени за умерен раст на БДП во 2023 година од 1,9 отсто, а понатаму зголемување на 3 отсто во 2024 година и 4 отсто во 2025 − 2026 година. Зголемените геополитички тензии поради војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Газа и нивното евентуално проширување се клучните ризици на краток рок, коишто би можеле да предизвикаат нарушување на енергетските пазари и на глобалните трговски текови, се наведува во соопштението.

Во последното тримесечје од 2023 година, како што посочуваат од Народна банка, годишната стапка на инфлација дополнително забави, сведувајќи се на 3,4 отсто.

За целата 2023 година, просечната годишна стапка на инфлација изнесува 9,4 отсто и е во согласност со проекцијата (9,5 проценти). Според октомвриските оцени, за 2024 година се очекува дека просечната инфлација ќе се сведе на нивото од 3,5 отсто до 4 отсто и потоа ќе се стабилизира околу 2 отсто на среден рок. Ризици околу инфлацијата сè уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи на светските берзи, поради геополитичките тензии и климатските промени, како и со промените на регулираните цени и побарувачката, се додава во соопштението.

Во четвртиот квартал од 2023 година, како што истакнуваат од Народна банка, кредитната активност на банкарскиот сектор умерено се засили во однос на претходниот квартал, што е карактеристично за крајот на годината.

Сепак, на годишна основа, стапката на раст на вкупните кредити и натаму забавува, при затегнати монетарни услови, така што во последното тримесечје на 2023 година се сведе на 5,1 отсто, што е малку под очекувањата според октомвриската проекција (5,7 проценти). Истовремено, е забележан поизразен квартален раст кај депозитната база и натамошно забрзување на годишниот раст на депозитите, којшто достигна 9,1 отсто, што е над очекувањата за крајот на годината според октомвриската проекција (8,4 отсто). Притоа, и натаму има поволни придвижувања од аспект на рочната и валутната структура на штедењето (раст на долгорочните и на денарските депозити), одразувајќи ги ефектите од мерките преземени од страна на Народната банка и стабилизираните очекувања на економските субјекти, се наведува во соопштението.

Според Народна банка, надворешната позиција на економијата е поволна и овозможува раст на девизните резерви. Податоците за девизните резерви за четвртото тримесечје се подобри од очекувањата според октомвриските проекции, со што за целата 2023 година тие остварија повисок раст од очекуваниот и останаа во сигурната зона.

Во Извештајот се наведува дека условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни, додека ризиците за светската и домашната економија на краток и на среден рок сѐ уште постојат, поради што е потребна натамошна претпазливост, особено при водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата.

Народната банка, како што стои во соопштението, и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Совет на Народна банка: Монетарната политика ќе придонесе за забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на курсот appeared first on Република.

]]>

Советот на Народната банка на вчерашната редовна седница го усвои Кварталниот извештај за последното тримесечје од 2023 година. Во Извештајот се наведува дека во последниот квартал лани, Народната банка нема направено дополнителна промена во поставеноста на монетарната политика, соодветно на условите во економијата. Тековното ниво на основната каматна стапка, заедно со промените кај задолжителната резерва, како и со преземените макропрудентни мерки, овозможуваат забавување на инфлацијата, во согласност со очекувањата и задржување на стабилноста на девизниот курс. Со оглед на монетарната стратегија на стабилен девизен курс на денарот во однос на еврото, поставеноста на монетарната политика на Народната банка соодветствува со монетарната политика на Европската централна банка. Како што се наведува во соопштението од Народна банка, најновите показатели од домашната економија упатуваат на макроекономска слика којашто главно соодветствува со октомвриските оцени. Реалниот БДП во третиот квартал бележи годишен раст од 1,2 отсто, што е во согласност со октомврискиот циклус проекции (раст од 1,1 проценти).
Расположливите високофреквентни податоци за економската активност покажуваат рани знаци на забрзување на годишниот раст во последното тримесечје од годината, што засега е во согласност со октомвриските оцени за умерен раст на БДП во 2023 година од 1,9 отсто, а понатаму зголемување на 3 отсто во 2024 година и 4 отсто во 2025 − 2026 година. Зголемените геополитички тензии поради војната во Украина и конфликтот меѓу Израел и Газа и нивното евентуално проширување се клучните ризици на краток рок, коишто би можеле да предизвикаат нарушување на енергетските пазари и на глобалните трговски текови, се наведува во соопштението.
Во последното тримесечје од 2023 година, како што посочуваат од Народна банка, годишната стапка на инфлација дополнително забави, сведувајќи се на 3,4 отсто.
За целата 2023 година, просечната годишна стапка на инфлација изнесува 9,4 отсто и е во согласност со проекцијата (9,5 проценти). Според октомвриските оцени, за 2024 година се очекува дека просечната инфлација ќе се сведе на нивото од 3,5 отсто до 4 отсто и потоа ќе се стабилизира околу 2 отсто на среден рок. Ризици околу инфлацијата сè уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи на светските берзи, поради геополитичките тензии и климатските промени, како и со промените на регулираните цени и побарувачката, се додава во соопштението.
Во четвртиот квартал од 2023 година, како што истакнуваат од Народна банка, кредитната активност на банкарскиот сектор умерено се засили во однос на претходниот квартал, што е карактеристично за крајот на годината.
Сепак, на годишна основа, стапката на раст на вкупните кредити и натаму забавува, при затегнати монетарни услови, така што во последното тримесечје на 2023 година се сведе на 5,1 отсто, што е малку под очекувањата според октомвриската проекција (5,7 проценти). Истовремено, е забележан поизразен квартален раст кај депозитната база и натамошно забрзување на годишниот раст на депозитите, којшто достигна 9,1 отсто, што е над очекувањата за крајот на годината според октомвриската проекција (8,4 отсто). Притоа, и натаму има поволни придвижувања од аспект на рочната и валутната структура на штедењето (раст на долгорочните и на денарските депозити), одразувајќи ги ефектите од мерките преземени од страна на Народната банка и стабилизираните очекувања на економските субјекти, се наведува во соопштението.
Според Народна банка, надворешната позиција на економијата е поволна и овозможува раст на девизните резерви. Податоците за девизните резерви за четвртото тримесечје се подобри од очекувањата според октомвриските проекции, со што за целата 2023 година тие остварија повисок раст од очекуваниот и останаа во сигурната зона. Во Извештајот се наведува дека условите за водење на монетарната политика и натаму се неизвесни, додека ризиците за светската и домашната економија на краток и на среден рок сѐ уште постојат, поради што е потребна натамошна претпазливост, особено при водењето на макроекономските политики коишто влијаат врз побарувачката во економијата. Народната банка, како што стои во соопштението, и натаму е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема соодветни мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Совет на Народна банка: Монетарната политика ќе придонесе за забавување на инфлацијата и задржување на стабилноста на курсот appeared first on Република.

]]>
Стандард и Пурс: Макропрудентните мерки на Народната банка придонесоа за натамошно јакнење на финансиската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/standard-i-purs-makroprudentnite-merki-na-narodnata-banka-pridonesoa-za-natamoshno-jaknene-na-finansiskata-stabilnost/ Tue, 30 Jan 2024 10:11:56 +0000 https://republika.mk/?p=738484

Поставеноста на монетарната политика е еден од факторите за значителното намалување на инфлацијата во текот на минатата година. Девизните резерви бележат висок, двоцифрен раст и се во комфорната зона. Банкарскиот сектор и натаму е стабилен, што се согледува преку клучните показатели за неговото работење. Ова се главните наоди во монетарната сфера, во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, каде што се потврдува кредитниот рејтинг на државата на ББ-, со стабилни изгледи.

Од „Стандард и Пурс“ забележуваат дека во декември 2023 година инфлацијата значително забавила сведувајќи се на 3,6%, во споредба со истиот месец претходната година кога изнесувала 18,7%. Ова се должи на поставеноста на монетарна политика, забавувањето на растот на цените на храната и енергијата, како и високата споредбена основа. Како резултат на истите фактори, од Агенцијата очекуваат дека годинава инфлацијата ќе изнесува во просек 4%, односно во рамките и на последните очекувања на Народната банка. Сепак, Агенцијата оценува и одредени ризици за идната динамика на цените, поврзани со состојбите на пазарот на труд и евентуален неповолен развој на геополитичките случувања. Во извештајот се потврдува и високиот раст на девизните резерви коишто на крајот на 2023 година се зголемени за 17,5% во однос на минатата година и достигнаа 4,5 милијарди евра. Од „Стандард и Пурс“ очекуваат дека девизните резерви и натаму ќе се задржат на стабилно ниво, поддржани од странските инвестиции и финансирањето на државата на меѓународниот пазар.

Во извештајот се наведува дека како резултат на макропрудентните мерки преземени од страна на централната банка, банкарскиот сектор и натаму е стабилен и неговата отпорност е дополнително зајакната, со историски ниско ниво на нефункционални кредити коешто изнесува 2,8% од вкупните кредити и стабилно ниво на адекватност на капиталот од 18,2%, што е највисоко ниво во последните 17 години.

The post Стандард и Пурс: Макропрудентните мерки на Народната банка придонесоа за натамошно јакнење на финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>

Поставеноста на монетарната политика е еден од факторите за значителното намалување на инфлацијата во текот на минатата година. Девизните резерви бележат висок, двоцифрен раст и се во комфорната зона. Банкарскиот сектор и натаму е стабилен, што се согледува преку клучните показатели за неговото работење. Ова се главните наоди во монетарната сфера, во извештајот на агенцијата за кредитен рејтинг „Стандард и Пурс“, каде што се потврдува кредитниот рејтинг на државата на ББ-, со стабилни изгледи. Од „Стандард и Пурс“ забележуваат дека во декември 2023 година инфлацијата значително забавила сведувајќи се на 3,6%, во споредба со истиот месец претходната година кога изнесувала 18,7%. Ова се должи на поставеноста на монетарна политика, забавувањето на растот на цените на храната и енергијата, како и високата споредбена основа. Како резултат на истите фактори, од Агенцијата очекуваат дека годинава инфлацијата ќе изнесува во просек 4%, односно во рамките и на последните очекувања на Народната банка. Сепак, Агенцијата оценува и одредени ризици за идната динамика на цените, поврзани со состојбите на пазарот на труд и евентуален неповолен развој на геополитичките случувања. Во извештајот се потврдува и високиот раст на девизните резерви коишто на крајот на 2023 година се зголемени за 17,5% во однос на минатата година и достигнаа 4,5 милијарди евра. Од „Стандард и Пурс“ очекуваат дека девизните резерви и натаму ќе се задржат на стабилно ниво, поддржани од странските инвестиции и финансирањето на државата на меѓународниот пазар. Во извештајот се наведува дека како резултат на макропрудентните мерки преземени од страна на централната банка, банкарскиот сектор и натаму е стабилен и неговата отпорност е дополнително зајакната, со историски ниско ниво на нефункционални кредити коешто изнесува 2,8% од вкупните кредити и стабилно ниво на адекватност на капиталот од 18,2%, што е највисоко ниво во последните 17 години.

The post Стандард и Пурс: Макропрудентните мерки на Народната банка придонесоа за натамошно јакнење на финансиската стабилност appeared first on Република.

]]>
НБ: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-etsb-ja-prodolzhi-mozhnosta-za-pristap-do-repo-linijata-za-ushte-edna-godina/ Mon, 29 Jan 2024 11:40:40 +0000 https://republika.mk/?p=738108

Народната банка денеска соопшти дека на нејзино барање, Европската централна банка (ЕЦБ) донела одлука со која ја продолжила можноста за пристап до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година.

Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста на курсот на домашната валута. Репо-линијата може да ги задоволи можните потреби за ликвидност во време на зголемени геополитички несигурности и нивните потенцијални ризици за глобалната економија и финансиските пазари, се вели во соопштението.

Од централната банка информираат дека домашните девизни резерви, коишто се главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, се на историски највисокото ниво.

Со постојаното одобрување на репо-линијата, Европската централна банка им дава значајна поддршка на политиките на стабилност коишто ги спроведува Народната банка, се наведува во соопштението.

Народната банка доби можност за пристап до репо-линијата на почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19 во 2020 година, кога ЕЦБ им дозволи пристап до овој инструмент на централни банки надвор од еврозоната, со цел да се спречат преносните ефекти врз финансиските пазари и економиите во еврозоната и да се ублажат негативните ефекти од пандемијата.

The post НБ: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година appeared first on Република.

]]>

Народната банка денеска соопшти дека на нејзино барање, Европската централна банка (ЕЦБ) донела одлука со која ја продолжила можноста за пристап до репо-линијата во вредност од 400 милиони евра, до 31 јануари 2025 година. Ако се употреби, репо–линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност и претставува уште еден заштитен слој за гарантирање на стабилноста на курсот на домашната валута. Репо-линијата може да ги задоволи можните потреби за ликвидност во време на зголемени геополитички несигурности и нивните потенцијални ризици за глобалната економија и финансиските пазари, се вели во соопштението. Од централната банка информираат дека домашните девизни резерви, коишто се главен инструмент за одржување на стабилноста на курсот, се на историски највисокото ниво. Со постојаното одобрување на репо-линијата, Европската централна банка им дава значајна поддршка на политиките на стабилност коишто ги спроведува Народната банка, се наведува во соопштението. Народната банка доби можност за пристап до репо-линијата на почетокот на кризата предизвикана од Ковид-19 во 2020 година, кога ЕЦБ им дозволи пристап до овој инструмент на централни банки надвор од еврозоната, со цел да се спречат преносните ефекти врз финансиските пазари и економиите во еврозоната и да се ублажат негативните ефекти од пандемијата.

The post НБ: ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за уште една година appeared first on Република.

]]>
Ангеловска-Бежоска на форум на „Еуромани“: Централните банки постигнаа двоен успех – ценовна и финансиска стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/angelovska-bezhoska-na-forum-na-euromani-tsentralnite-banki-postignaa-dvoen-uspeh-tsenovna-i-finansiska-stabilnost/ Fri, 19 Jan 2024 13:02:31 +0000 https://republika.mk/?p=734613

Централните банки успеаја да надминат еден од најголемите стрес-тестови и успешно да влијаат кон намалување на инфлациските стапки и одржување на финансиската стабилност. Изминативе две години, централните банки ширум светот го спроведоа најусогласеното и најагресивното затегнување на монетарната политика во изминатиот половина век. Промените во монетарната политика беа соодветно поставени и комбинирани со макропрудентни мерки, сѐ со цел да се избегнат евентуалните неповолни ефекти врз финансиската стабилност, истакнала гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на форумот на Централна и Источна Европа, во организација на „Еуромани“, што се одржува во Виена.

Според гувернерката, со таквата поставеност, засега инфлацијата се намалува, финансиската стабилност е зачувана, а рецесијата е избегната.

Од Народната банка информираат дека гувернерката зборувала на панел-состанокот насловен „Нови задачи, нови алатки“, на кој истакнала дека двојниот успех на централните банки, односно едновременото справување со инфлацијата и одржувањето на финансиската стабилност, се должи на два фактора - зајаканатите биланси на банките и останатите финансиски институции и збогатената палета на макропрудентни мерки за одржување на финансиската стабилност.

Преку обезбедувањето заштитни слоеви на банките и останатите финансиски институции, како и рамка за брзо решавање на системски важните институции, се придонесе за зајакнување на финансиската стабилност. Неодамна објавената студија на Банката за меѓународни порамнувања, која анализира 157 епизоди на затегнување на монетарната политика, утврдува дека построгата макропрудентна политика го намалува ризикот за финансиски стрес и на тој начин го зголемува просторот за маневрирање на централните банки во борбата против инфлацијата, посочила Ангеловска-Бежоска.

Во однос на инфлацијата, таа посочила дека не само постепеното намалување на инфлацијата, туку и стабилноста на инфлациските очекувања е показател за успешноста на политиките и довербата во централните банки. Ангеловска-Бежоска изјавила и дека и во поразвиените економии и кај нас, анкетните истражувања и пазарните движења покажуваат дека долгорочните инфлациски очекувања биле под влијание на високата инфлација само привремено, за потоа да се намалат.

На панел-состанокот учествувале и гувернерот на централната банка на Литванија, вршителот на функција гувернер на Централната банка на Грузија, гувернерот на централната банка на Албанија и заменик- гувернерката на централната банка на Полска.

Форумот на Централна и Источна Европа во организација на „Еуромани“ е еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите. На него редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори.

Во рамки на Форумот, гувернерката Ангеловска-Бежоска имала повеќе средби со финансиски институции и потенцијални институционални инвеститори.

The post Ангеловска-Бежоска на форум на „Еуромани“: Централните банки постигнаа двоен успех – ценовна и финансиска стабилност appeared first on Република.

]]>

Централните банки успеаја да надминат еден од најголемите стрес-тестови и успешно да влијаат кон намалување на инфлациските стапки и одржување на финансиската стабилност. Изминативе две години, централните банки ширум светот го спроведоа најусогласеното и најагресивното затегнување на монетарната политика во изминатиот половина век. Промените во монетарната политика беа соодветно поставени и комбинирани со макропрудентни мерки, сѐ со цел да се избегнат евентуалните неповолни ефекти врз финансиската стабилност, истакнала гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на форумот на Централна и Источна Европа, во организација на „Еуромани“, што се одржува во Виена.
Според гувернерката, со таквата поставеност, засега инфлацијата се намалува, финансиската стабилност е зачувана, а рецесијата е избегната. Од Народната банка информираат дека гувернерката зборувала на панел-состанокот насловен „Нови задачи, нови алатки“, на кој истакнала дека двојниот успех на централните банки, односно едновременото справување со инфлацијата и одржувањето на финансиската стабилност, се должи на два фактора - зајаканатите биланси на банките и останатите финансиски институции и збогатената палета на макропрудентни мерки за одржување на финансиската стабилност.
Преку обезбедувањето заштитни слоеви на банките и останатите финансиски институции, како и рамка за брзо решавање на системски важните институции, се придонесе за зајакнување на финансиската стабилност. Неодамна објавената студија на Банката за меѓународни порамнувања, која анализира 157 епизоди на затегнување на монетарната политика, утврдува дека построгата макропрудентна политика го намалува ризикот за финансиски стрес и на тој начин го зголемува просторот за маневрирање на централните банки во борбата против инфлацијата, посочила Ангеловска-Бежоска.
Во однос на инфлацијата, таа посочила дека не само постепеното намалување на инфлацијата, туку и стабилноста на инфлациските очекувања е показател за успешноста на политиките и довербата во централните банки. Ангеловска-Бежоска изјавила и дека и во поразвиените економии и кај нас, анкетните истражувања и пазарните движења покажуваат дека долгорочните инфлациски очекувања биле под влијание на високата инфлација само привремено, за потоа да се намалат. На панел-состанокот учествувале и гувернерот на централната банка на Литванија, вршителот на функција гувернер на Централната банка на Грузија, гувернерот на централната банка на Албанија и заменик- гувернерката на централната банка на Полска. Форумот на Централна и Источна Европа во организација на „Еуромани“ е еден од водечките традиционални настани од областа на финансиите. На него редовно присуствуваат повеќе од илјада учесници – гувернери на централни банки, министри за финансии, раководители на финансиски институции и инвеститори. Во рамки на Форумот, гувернерката Ангеловска-Бежоска имала повеќе средби со финансиски институции и потенцијални институционални инвеститори.

The post Ангеловска-Бежоска на форум на „Еуромани“: Централните банки постигнаа двоен успех – ценовна и финансиска стабилност appeared first on Република.

]]>
Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-lani-obuchi-nad-200-vraboteni-kako-da-prepoznaat-falsifikuvani-pari/ Tue, 16 Jan 2024 09:52:30 +0000 https://republika.mk/?p=733532

Народната банка денеска соопшти дека во текот на минатата година од страна на експерти за брзо воочување на сомнителни примероци на пари обучени се над 200 вработени во деловните банки и во институциите во системот за справување со фалсификување пари.

Најважната алка во синџирот на справување со фалсификувањето на парите се лицата кои вршејќи ја својата професионална дејност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите. Оттука, со зајакнувањето на капацитетите на сите засегнати ракувачи со готовина се обезбедува брзо воочување на сомнителните примероци, нивно отстранување од оптек и доставување во Народната банка, се наведува во соопштението.

Од централната банка посочуваат дека низ годините, експертите од Народната банка организираат редовни задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути, за вработените во финансиските институции, односно во банките и центрите за готовина.

Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка, како што се наведува во соопштението, ги проширила обуките опфаќајќи и претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција.

Како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и во странски валути, централната банка врши и експертска анализа и обезбедува соодветна поддршка во процесот на справување со фалсификатите. Во изминатиов период, засилено се вршеше и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари, се вели во соопштението.

The post Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари appeared first on Република.

]]>

Народната банка денеска соопшти дека во текот на минатата година од страна на експерти за брзо воочување на сомнителни примероци на пари обучени се над 200 вработени во деловните банки и во институциите во системот за справување со фалсификување пари.
Најважната алка во синџирот на справување со фалсификувањето на парите се лицата кои вршејќи ја својата професионална дејност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите. Оттука, со зајакнувањето на капацитетите на сите засегнати ракувачи со готовина се обезбедува брзо воочување на сомнителните примероци, нивно отстранување од оптек и доставување во Народната банка, се наведува во соопштението.
Од централната банка посочуваат дека низ годините, експертите од Народната банка организираат редовни задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути, за вработените во финансиските институции, односно во банките и центрите за готовина. Како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка, како што се наведува во соопштението, ги проширила обуките опфаќајќи и претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција.
Како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и во странски валути, централната банка врши и експертска анализа и обезбедува соодветна поддршка во процесот на справување со фалсификатите. Во изминатиов период, засилено се вршеше и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари, се вели во соопштението.

The post Народна банка лани обучи над 200 вработени како да препознаат фалсификувани пари appeared first on Република.

]]>
Анонимна дојава за наводно поставена бомба во Народната банка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/anonimna-dojava-za-navodno-postavena-bomba-vo-narodnata-banka/ Sat, 13 Jan 2024 14:54:32 +0000 https://republika.mk/?p=732641

Телевизијата „Канал 5“ објави дека имало дојава за наводно поставена бомба во Народната банка на Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи се уште нема потврда за оваа информација.

The post Анонимна дојава за наводно поставена бомба во Народната банка appeared first on Република.

]]>

Телевизијата „Канал 5“ објави дека имало дојава за наводно поставена бомба во Народната банка на Македонија. Од Министерството за внатрешни работи се уште нема потврда за оваа информација.  

The post Анонимна дојава за наводно поставена бомба во Народната банка appeared first on Република.

]]>
Гувернерката на НБРМ на средба со Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/guvernerkata-na-nbrm-na-sredba-so-svetska-banka-narodnata-banka-ke-prodolzhi-so-uspeshno-sproveduvane-na-reformite-vo-finansiskiot-sektor/ Sat, 02 Dec 2023 10:34:47 +0000 https://republika.mk/?p=718622

Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значаен напредок во зајакнување на финансискиот сектор. Беше донесен Закон за финансиска стабилност со кој на Народната банка и се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици.

Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање на банки, а тековно се работи на подзаконска регулатива која произлегува од овој закон. Со цел соодветно вградување на ризиците од климатските промени во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките.

За сите овие активности Светската банка обезбеди значајна поддршка.

Ова беше заеднички констатирано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим со делегацијата на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, при што беше изразена благодарност од двете страни за досегашната соработка и изразена надеж и заложба за продолжување на успешните релации.

Посетата на потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани беше во рамки на активностите за одбележување на триесет години на партнерство на земјава со Светската банка.

Во изминатите три децении Светската банка претставува значаен партнер на Народната банка, во развојот на капацитетите и градењето на функционалната рамка за воспоставување и одржување на макроекономската стабилност. Соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во идниот период, особено преку понатамошното јакнење на макропрудентната рамка, подготовка на подзаконски акти со цел операционализација на Законот за решавање банки, унапредување на платежната сфера, како и справување со предизвиците од климатските промени.

The post Гувернерката на НБРМ на средба со Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор appeared first on Република.

]]>

Во изминативе неколку години беше постигнат натамошен значаен напредок во зајакнување на финансискиот сектор. Беше донесен Закон за финансиска стабилност со кој на Народната банка и се даде макропрудентен мандат, а истовремено се поставија механизми за зајакната координација помеѓу сите финансиски регулатори, како и зајакната рамка за следење на системските ризици.   Исто така, беше донесен и нов Закон за решавање на банки, а тековно се работи на подзаконска регулатива која произлегува од овој закон. Со цел соодветно вградување на ризиците од климатските промени во банкарскиот систем беше донесена првата Национална стратегија за зелени финансии, а беше подготвен и циркулар за банките.   За сите овие активности Светската банка обезбеди значајна поддршка.
Ова беше заеднички констатирано на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и нејзиниот тим со делегацијата на Светската банка, предводена од потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани, директорката за Западен Балкан, Шаочинг Ју, како и директорот за Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, при што беше изразена благодарност од двете страни за досегашната соработка и изразена надеж и заложба за продолжување на успешните релации. Посетата на потпретседателката за Европа и Централна Азија, Антонела Басани беше во рамки на активностите за одбележување на триесет години на партнерство на земјава со Светската банка. Во изминатите три децении Светската банка претставува значаен партнер на Народната банка, во развојот на капацитетите и градењето на функционалната рамка за воспоставување и одржување на макроекономската стабилност. Соработката помеѓу двете институции ќе продолжи и во идниот период, особено преку понатамошното јакнење на макропрудентната рамка, подготовка на подзаконски акти со цел операционализација на Законот за решавање банки, унапредување на платежната сфера, како и справување со предизвиците од климатските промени.

The post Гувернерката на НБРМ на средба со Светска банка: Народната банка ќе продолжи со успешно спроведување на реформите во финансискиот сектор appeared first on Република.

]]>
Вицегувернерката на НБРМ: Интензивно се работи на приклучување на земјата кон СЕПА https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/vitseguvernerkata-na-nbrm-intenzivno-se-raboti-na-prikluchuvane-na-zemjata-kon-sepa/ Sat, 18 Nov 2023 09:54:05 +0000 https://republika.mk/?p=702805

Народната банка интензивно работи на усвојување на регулаторните и техничките стандарди на Европската Унија во платежната сфера за што поскоро приклучување на земјата кон Единствената европска платежна област (СЕПА), посочи вицегувернерката Емилија Нацевска, која учествува на Работилницата за платни системи од високо ниво, во организација на Европската централна банка (ЕЦБ).

Преточувањето на широк сет на директиви и регулативи на Европската Унија во платежната сфера во правниот систем на земјата, кое се ефектуираше на почетокот на оваа година, обезбеди висок степен на усогласеност во правната рамка за приклучување на земјата кон СЕПА. Покрај на усогласување на правната рамка, Народната банка е силно посветена и на примена на техничките стандарди ИСО 20022 во работата на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС).

Станува збор за меѓународен стандард кој обезбедува интероперабилност помеѓу платните системи и овозможува нивно меѓусебно поврзување обезбедувајќи сигурност и ефикасност и на прекуграничните плаќања. Народната банка во соработка со учесниците во МИПС е фокусирана на адаптирањето кон најновиот стандард најдоцна во текот на 2025 година.

Приближувањето кон правните и техничките стандарди на Европската Унија во платежната сфера со поддршка од ЕЦБ има за цел да го забрза и олесни пристапот на земјите од Западен Балкан до СЕПА, кое е од исклучително значење за граѓаните и компаниите, имајќи ги предвид придобивките од ниските трошоци и брзината и ефикасноста со која се извршуваат плаќањата во 36-те европски земји членки, велат од Народната банка.

На работилницата учествуваа членови на извршниот одбор на ЕЦБ и гувернери и вицегувернери на централните банки од земјите од Западен Балкан. Ова е прва од четирите работилници од високо ниво, кои се дел од втората фаза на Регионалната програма за зајакнување на институционалниот капацитет на централните банки во Западен Балкан, за што Европската Унија (ЕУ) издвои 3 милиони евра од нејзиниот инструмент за претпристапна помош (ИПА III).

The post Вицегувернерката на НБРМ: Интензивно се работи на приклучување на земјата кон СЕПА appeared first on Република.

]]>

Народната банка интензивно работи на усвојување на регулаторните и техничките стандарди на Европската Унија во платежната сфера за што поскоро приклучување на земјата кон Единствената европска платежна област (СЕПА), посочи вицегувернерката Емилија Нацевска, која учествува на Работилницата за платни системи од високо ниво, во организација на Европската централна банка (ЕЦБ).
Преточувањето на широк сет на директиви и регулативи на Европската Унија во платежната сфера во правниот систем на земјата, кое се ефектуираше на почетокот на оваа година, обезбеди висок степен на усогласеност во правната рамка за приклучување на земјата кон СЕПА. Покрај на усогласување на правната рамка, Народната банка е силно посветена и на примена на техничките стандарди ИСО 20022 во работата на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС).
Станува збор за меѓународен стандард кој обезбедува интероперабилност помеѓу платните системи и овозможува нивно меѓусебно поврзување обезбедувајќи сигурност и ефикасност и на прекуграничните плаќања. Народната банка во соработка со учесниците во МИПС е фокусирана на адаптирањето кон најновиот стандард најдоцна во текот на 2025 година.   Приближувањето кон правните и техничките стандарди на Европската Унија во платежната сфера со поддршка од ЕЦБ има за цел да го забрза и олесни пристапот на земјите од Западен Балкан до СЕПА, кое е од исклучително значење за граѓаните и компаниите, имајќи ги предвид придобивките од ниските трошоци и брзината и ефикасноста со која се извршуваат плаќањата во 36-те европски земји членки, велат од Народната банка.
На работилницата учествуваа членови на извршниот одбор на ЕЦБ и гувернери и вицегувернери на централните банки од земјите од Западен Балкан. Ова е прва од четирите работилници од високо ниво, кои се дел од втората фаза на Регионалната програма за зајакнување на институционалниот капацитет на централните банки во Западен Балкан, за што Европската Унија (ЕУ) издвои 3 милиони евра од нејзиниот инструмент за претпристапна помош (ИПА III).

The post Вицегувернерката на НБРМ: Интензивно се работи на приклучување на земјата кон СЕПА appeared first on Република.

]]>
Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/proverete-koja-banka-vo-makedonija-naplaka-najvisoki-nadomestotsi-za-vashata-bankarska-smetka/ Thu, 05 Oct 2023 18:17:25 +0000 https://republika.mk/?p=688197

Народна банка направи алатка со која граѓаните многу лесно може да направат споредба за
висината на надоместоците кои ги наплаќаат банките во земјава за отворање и одржување платежна сметка.

На ОБЈАВАТА на НБРМ, ги има податоците за секоја банка посебно, па може да се види која
банка наплаќа највисоки, а која најниски надоместоци.

„Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“ преставува алатка која им овозможува на потрошувачите едноставно и брзо да ги споредат надоместоците за најчесто користените услуги поврзани со платежната сметка, односно најрепрезентативните услуги, кои ги изложуваат на најголем вкупен или поединечен надоместок.

Потрошувачите можат да ги споредат надоместоците за услугата за која се заинтересирани според давателот на платежната услуга или според услугата, земајќи го предвид и каналот на користење на услугата, се вели во известувањето од Народната банка.

The post Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка appeared first on Република.

]]>

Народна банка направи алатка со која граѓаните многу лесно може да направат споредба за висината на надоместоците кои ги наплаќаат банките во земјава за отворање и одржување платежна сметка. На ОБЈАВАТА на НБРМ, ги има податоците за секоја банка посебно, па може да се види која банка наплаќа највисоки, а која најниски надоместоци.
„Споредба на надоместоците помеѓу давателите на платежните услуги“ преставува алатка која им овозможува на потрошувачите едноставно и брзо да ги споредат надоместоците за најчесто користените услуги поврзани со платежната сметка, односно најрепрезентативните услуги, кои ги изложуваат на најголем вкупен или поединечен надоместок.   Потрошувачите можат да ги споредат надоместоците за услугата за која се заинтересирани според давателот на платежната услуга или според услугата, земајќи го предвид и каналот на користење на услугата, се вели во известувањето од Народната банка.

The post Проверете која банка во Македонија наплаќа највисоки надоместоци за вашата банкарска сметка appeared first on Република.

]]>
Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/donatorska-aktsija-za-poddrshka-na-obrazovnite-potrebi-na-detsa-od-ruralni-sredini/ Sun, 24 Sep 2023 09:55:06 +0000 https://republika.mk/?p=684626

На иницијатива на Синдикалната организација на Народната банка, во соработка со нивните колеги од СФОМ и синдикалните организации на деловните банки, е организирана донаторска акција за подобрување на условите за настава за децата од селото Дреновци.

Како што соопшти Народната банка, нивните вработени масовно се вклучиле и одговориле на повикот за донација кој бил поттикнат од новинарска сторија за тешките услови во кои живеат и учат децата во ова мало прилепско село.

Училишниот прибор и опрема коишто беа собрани за време на донаторската акција им беа предадени на учениците и наставниците од селото Дреновци, при нивната посета на Народната банка, во чии рамки тие го посетија и Музејот на Народната банка, каде што имаа можност да ги видат најстарите монети коишто се дел од нашето вредно културно наследство. Учениците и нивните наставници се сретнаа и со вработените од централната банка кои работат во доменот на финансиската едукација, кои накратко им пренесоа дел од знаењата за функционирањето на финансискиот и банкарскиот систем на нашата земја, соопштија од Народната банка.

За време на посетата, групата ученици и наставници се сретнале и со раководството на Банката и во разговор со гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, биле запознаени со работењето на централната банка.

Притоа беа истакнати заложбите на вработените и на институцијата за градење образование коешто отвора можности за развој на секое дете и поединец, како придонес кон поголем економски раст и развој на земјата. Токму финансиската едукација е еден од стратегиските приоритети на Народната банка, при што посебно внимание ѝ се посветува на едукацијата на младите, како носечки столб на иднината на општеството, се наведува во соопштението.

The post Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини appeared first on Република.

]]>

На иницијатива на Синдикалната организација на Народната банка, во соработка со нивните колеги од СФОМ и синдикалните организации на деловните банки, е организирана донаторска акција за подобрување на условите за настава за децата од селото Дреновци. Како што соопшти Народната банка, нивните вработени масовно се вклучиле и одговориле на повикот за донација кој бил поттикнат од новинарска сторија за тешките услови во кои живеат и учат децата во ова мало прилепско село.
Училишниот прибор и опрема коишто беа собрани за време на донаторската акција им беа предадени на учениците и наставниците од селото Дреновци, при нивната посета на Народната банка, во чии рамки тие го посетија и Музејот на Народната банка, каде што имаа можност да ги видат најстарите монети коишто се дел од нашето вредно културно наследство. Учениците и нивните наставници се сретнаа и со вработените од централната банка кои работат во доменот на финансиската едукација, кои накратко им пренесоа дел од знаењата за функционирањето на финансискиот и банкарскиот систем на нашата земја, соопштија од Народната банка.
За време на посетата, групата ученици и наставници се сретнале и со раководството на Банката и во разговор со гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска, биле запознаени со работењето на централната банка.
Притоа беа истакнати заложбите на вработените и на институцијата за градење образование коешто отвора можности за развој на секое дете и поединец, како придонес кон поголем економски раст и развој на земјата. Токму финансиската едукација е еден од стратегиските приоритети на Народната банка, при што посебно внимание ѝ се посветува на едукацијата на младите, како носечки столб на иднината на општеството, се наведува во соопштението.

The post Донаторска акција за поддршка на образовните потреби на деца од рурални средини appeared first on Република.

]]>
Граѓаните ќе имаат увид која банка колку наплаќа за услугите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/graganite-ke-imaat-uvid-koja-banka-kolku-naplaka-za-uslugite/ Wed, 06 Sep 2023 08:28:46 +0000 https://republika.mk/?p=679210

Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Овие активности на централната банка се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како потрошувачи на овие услуги и се овозможени со новиот Закон за платежни услуги и платни системи. Со пристапот до овие податоци, граѓаните ќе можат да споредат и да проценат кои услуги и производи соодветствуваат најмногу на нивните потреби. Покрај транспарентноста, се очекува дека оваа мерка ќе придонесе и кон повисока конкуренција помеѓу давателите на платежни услуги, а со тоа и кон понуда на поповолни услови.

За оваа цел, Народната банка подготви листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно, на воедначен начин, ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги, коишто за граѓаните ќе бидат достапни преку посебна платформа за споредба на надоместоците, што веќе ја изработија стручните служби на централната банка. Платформата ќе им овозможи на граѓаните на прегледен начин да прават споредби на надоместоците за одделен производ или услуга, кога одлучуваат кај кој давател да користат платежни услуги.

Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила на почетокот на годинава, обезбедува добра правна рамка за заштита на правата на граѓаните како потрошувачи на платежни услуги. За првпат во историјата на користењето на платежните услуги во нашата земја се воведува законска обврска за давателот да ги уреди правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, во којшто треба да биде содржан и задолжителен сет информации, вклучително и за можностите и условите под кои може да биде изменет или раскинат. Притоа, од посебно значење за заштитата на потрошувачот е законската обврска за давателот на платежните услуги да му даде информативен документ за надоместоците, пред потрошувачот да се обврзе да ги користи неговите платежни услуги со рамковниот договор. Информативниот документ за надоместоците е стандардизиран и има за цел да им обезбеди на потрошувачите споредливи информации за надоместоците за најчесто користените платежни услуги во Република Македонија, или т.н. најрепрезентативни услуги. Давателот има законска обврска да доставува извештај за наплатените надоместоци до потрошувачот, најмалку еднаш годишно, соопштија од Народна банка.

The post Граѓаните ќе имаат увид која банка колку наплаќа за услугите appeared first on Република.

]]>

Народната банка на својата интернет-страница до крајот на овој месец ќе започне да објавува споредбени податоци за видот и висината на надоместоците за најрепрезентативните услуги поврзани со платежните сметки, по поединечен давател на платежни услуги (по банка). Овие активности на централната банка се преземаат за натамошно зајакнување на заштитата на граѓаните како потрошувачи на овие услуги и се овозможени со новиот Закон за платежни услуги и платни системи. Со пристапот до овие податоци, граѓаните ќе можат да споредат и да проценат кои услуги и производи соодветствуваат најмногу на нивните потреби. Покрај транспарентноста, се очекува дека оваа мерка ќе придонесе и кон повисока конкуренција помеѓу давателите на платежни услуги, а со тоа и кон понуда на поповолни услови. За оваа цел, Народната банка подготви листа од 11 најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка за кои редовно, на воедначен начин, ќе прибира податоци за надоместоците од секој давател на платежни услуги, коишто за граѓаните ќе бидат достапни преку посебна платформа за споредба на надоместоците, што веќе ја изработија стручните служби на централната банка. Платформата ќе им овозможи на граѓаните на прегледен начин да прават споредби на надоместоците за одделен производ или услуга, кога одлучуваат кај кој давател да користат платежни услуги. Новиот Закон за платежни услуги и платни системи, којшто стапи на сила на почетокот на годинава, обезбедува добра правна рамка за заштита на правата на граѓаните како потрошувачи на платежни услуги. За првпат во историјата на користењето на платежните услуги во нашата земја се воведува законска обврска за давателот да ги уреди правата и обврските на потрошувачите со рамковен договор во стандардизирана форма, во којшто треба да биде содржан и задолжителен сет информации, вклучително и за можностите и условите под кои може да биде изменет или раскинат. Притоа, од посебно значење за заштитата на потрошувачот е законската обврска за давателот на платежните услуги да му даде информативен документ за надоместоците, пред потрошувачот да се обврзе да ги користи неговите платежни услуги со рамковниот договор. Информативниот документ за надоместоците е стандардизиран и има за цел да им обезбеди на потрошувачите споредливи информации за надоместоците за најчесто користените платежни услуги во Република Македонија, или т.н. најрепрезентативни услуги. Давателот има законска обврска да доставува извештај за наплатените надоместоци до потрошувачот, најмалку еднаш годишно, соопштија од Народна банка.  

The post Граѓаните ќе имаат увид која банка колку наплаќа за услугите appeared first on Република.

]]>
Народна банка: Парите на граѓаните во банките се безбедни и достапни во секој момент https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-parite-na-graganite-vo-bankite-se-bezbedni-i-dostapni-vo-sekoj-moment/ Thu, 27 Jul 2023 15:38:32 +0000 https://republika.mk/?p=665965

По информациите дека недостапни се услугите со платежните картички Виза и Мастеркард, од Народната банка соопштија дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент.

Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките, се наведува во соопштението.

Од централната банка информираат дека континуирано се следи ситуацијата и дека се во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки.

Претходно, Македонската банкарска асоцијација информираше дека дел од услугите поврзани со картичните брендови Виза и мастеркард се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите се достапни во сите експозитури и филијали на банките.

https://republika.mk/vesti/ekonomija/nadminat-e-problemot-so-kartichkite-na-viza-i-masterkard/

The post Народна банка: Парите на граѓаните во банките се безбедни и достапни во секој момент appeared first on Република.

]]>

По информациите дека недостапни се услугите со платежните картички Виза и Мастеркард, од Народната банка соопштија дека паричните средства на граѓаните на сметките на банките се безбедни и достапни во секој момент.
Во согласност и со информациите од објавеното известување на Македонската банкарска асоцијација, Народната банка ја информира јавноста дека привремената недостапност на дел од услугите со платежни картички е поврзана со самите системи на картичните брендови Виза и Мастеркард. До нивното надминување, клиентите можат непречено да ги користат потребните банкарски услуги во експозитурите и филијалите на банките, се наведува во соопштението.
Од централната банка информираат дека континуирано се следи ситуацијата и дека се во постојана комуникација со релевантните институции и деловните банки. Претходно, Македонската банкарска асоцијација информираше дека дел од услугите поврзани со картичните брендови Виза и мастеркард се недостапни на банкомат или во трговија, но дека средствата на клиентите се достапни во сите експозитури и филијали на банките. https://republika.mk/vesti/ekonomija/nadminat-e-problemot-so-kartichkite-na-viza-i-masterkard/

The post Народна банка: Парите на граѓаните во банките се безбедни и достапни во секој момент appeared first on Република.

]]>
НБ: Банкарскиот систем е здрав и стабилен https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nb-bankarskiot-sistem-e-zdrav-i-stabilen/ Mon, 03 Jul 2023 08:01:44 +0000 https://republika.mk/?p=657588

Банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со тековните предизвици, при што окружувањето и натаму е неизвесно како резултат на глобалните фактори и проследено со сѐ уште високи, иако намалени, стапки на инфлација и затегнување на финансиските услови, оцени Советот на Народната банка на седница на која е разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2023 година.

Заклучно со крајот на првиот квартал од оваа година, депозитите од домаќинствата и корпоративниот сектор на годишна основа забележаа забрзан раст, додека растот на кредитите беше помал. Во услови на задржана доверба во банкарскиот систем, депозитите забележаа забрзан годишен раст до нивото од 7,8%, a oсобено карактеристични се поволните поместувања кај долгорочните депозити, коишто по подолгиот период на намалување, во првиот квартал забележаа раст на годишна основа. При извесно затегнување на финансиските услови, годишниот раст на кредитирањето забави и изнесуваше 6,4%.

Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување. Стапката на адекватност на капиталот забележа квартално зголемување за 0,3 п.п., достигнувајќи го највисокото ниво во последните шеснаесетина години, од 18%. Подобрата солвентност најмногу е резултат на реинвестирањето на добивките од минатата година. Безмалку една третина од сопствените средства на банкарскиот систем отпаѓа на заштитните слоеви на капиталот или се „слободни“ над потребното минимално ниво, коишто банките може да ги користат за справување со различни предизвици при надолните движења од економските циклуси и во кризни услови. Добивката на домашниот банкарски систем се зголеми, додека периодот на посилен раст на приходите на банките се искористи за јакнење на капацитетот за справување со евентуални идни кредитни загуби.

Показателите за ликвидноста се на задоволително ниво. Стапката на покриеност со ликвидност на банкарскиот систем е на значително повисоко ниво од регулаторниот минимум и го потврдува задоволителниот обем на ликвидност со кој располага македонскиот банкарски систем. Резултатите од стрес-тестовите упатуваат на задоволителна отпорност на банкарскиот систем на претпоставените екстремни, поединечни и комбинирани ликвидносни одливи.

Квалитетот на кредитното портфолио на банките се задржа. Вкупните нефункционални кредити продолжија да се намалуваат, со што и нивното учество во вкупните кредити се намали за 0,1 п.п., до ново историски најниско ниво од 2,8%. Сепак, неизвесното окружување, заедно со постепеното затегнување на финансиските услови, наметнува потреба банките и натаму внимателно да го следат кредитниот ризик.

Со цел понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор, на својата редовна седница Советот на Народната банка донесе макропрудентна мерка за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на домашните банки за 0,25 процентни поени, од претходно утврдените 0,75% на 1%, со почеток на примена од 1 јули 2024 година. Зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот има за цел да делува превентивно и да води кон натамошно зајакнување на капиталната позиција на банките, земајќи ги предвид тековните макроекономски услови и движењата на пазарот на недвижности. Оваа мерка е во согласност со мерките што се преземаат во поголем број земји во Европската Унија со кои се бара повисока адекватност на капиталот на банките како заштита од можните ризици од окружувањето, се наведува во соопштението од Народна банка.

The post НБ: Банкарскиот систем е здрав и стабилен appeared first on Република.

]]>

Банкарскиот сектор е стабилен и соодветно се справува со тековните предизвици, при што окружувањето и натаму е неизвесно како резултат на глобалните фактори и проследено со сѐ уште високи, иако намалени, стапки на инфлација и затегнување на финансиските услови, оцени Советот на Народната банка на седница на која е разгледан и усвоен Извештајот за ризиците во банкарскиот сектор за првиот квартал од 2023 година. Заклучно со крајот на првиот квартал од оваа година, депозитите од домаќинствата и корпоративниот сектор на годишна основа забележаа забрзан раст, додека растот на кредитите беше помал. Во услови на задржана доверба во банкарскиот систем, депозитите забележаа забрзан годишен раст до нивото од 7,8%, a oсобено карактеристични се поволните поместувања кај долгорочните депозити, коишто по подолгиот период на намалување, во првиот квартал забележаа раст на годишна основа. При извесно затегнување на финансиските услови, годишниот раст на кредитирањето забави и изнесуваше 6,4%. Солвентноста на банкарскиот систем бележи подобрување. Стапката на адекватност на капиталот забележа квартално зголемување за 0,3 п.п., достигнувајќи го највисокото ниво во последните шеснаесетина години, од 18%. Подобрата солвентност најмногу е резултат на реинвестирањето на добивките од минатата година. Безмалку една третина од сопствените средства на банкарскиот систем отпаѓа на заштитните слоеви на капиталот или се „слободни“ над потребното минимално ниво, коишто банките може да ги користат за справување со различни предизвици при надолните движења од економските циклуси и во кризни услови. Добивката на домашниот банкарски систем се зголеми, додека периодот на посилен раст на приходите на банките се искористи за јакнење на капацитетот за справување со евентуални идни кредитни загуби. Показателите за ликвидноста се на задоволително ниво. Стапката на покриеност со ликвидност на банкарскиот систем е на значително повисоко ниво од регулаторниот минимум и го потврдува задоволителниот обем на ликвидност со кој располага македонскиот банкарски систем. Резултатите од стрес-тестовите упатуваат на задоволителна отпорност на банкарскиот систем на претпоставените екстремни, поединечни и комбинирани ликвидносни одливи. Квалитетот на кредитното портфолио на банките се задржа. Вкупните нефункционални кредити продолжија да се намалуваат, со што и нивното учество во вкупните кредити се намали за 0,1 п.п., до ново историски најниско ниво од 2,8%. Сепак, неизвесното окружување, заедно со постепеното затегнување на финансиските услови, наметнува потреба банките и натаму внимателно да го следат кредитниот ризик. Со цел понатамошно јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор, на својата редовна седница Советот на Народната банка донесе макропрудентна мерка за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на домашните банки за 0,25 процентни поени, од претходно утврдените 0,75% на 1%, со почеток на примена од 1 јули 2024 година. Зголемувањето на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот има за цел да делува превентивно и да води кон натамошно зајакнување на капиталната позиција на банките, земајќи ги предвид тековните макроекономски услови и движењата на пазарот на недвижности. Оваа мерка е во согласност со мерките што се преземаат во поголем број земји во Европската Унија со кои се бара повисока адекватност на капиталот на банките како заштита од можните ризици од окружувањето, се наведува во соопштението од Народна банка.  

The post НБ: Банкарскиот систем е здрав и стабилен appeared first on Република.

]]>
Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте, Народната банка презема мерки за поддршка https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/natsevska-zelenoto-kreditirane-i-natamu-raste-narodnata-banka-prezema-merki-za-poddrshka/ Sat, 24 Jun 2023 09:10:47 +0000 https://republika.mk/?p=654642

Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено во помалку развиените економии. Сѐ поголем број централни банки гледаат на зеленото финансирање како на дел од нивниот мандат. Народната банка преку серија активности придонесува кон поттикнување на зеленото финансирање во домашната економија“, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју при работната посета на Меѓународна конференција во Киргистан, каде што се зборуваше за предизвиците за централните банки во услови на сѐ поголема дигитализација на финансиските услуги, но и во услови на зголемување на свесноста за ризиците од климатските промени.

Зголемувањето на свесноста за климатските промени и придонесувањето кон зелена одржлива средина се дел од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на веќе преземените активности на ова поле, вицегувернерката Нацевска посочи дека Народната банка од 2021 година е дел од Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, составена од централни банки и супервизорски тела и агенции, којашто има за цел да осмисли, да промовира и да развие најдобри практики во оваа област. Притоа, додаде и дека нашата централна банка започна редовно да ги објавува податоци за кредитите за зелено финансирање, односно кредитите наменети за проекти од областа на заштитата на животна средина и енергетската ефикасност од страна на банките, а од минатата година и преку измени во инструментот на задолжителната резерва, го поттикнува кредитирањето за овие намени. Според податоците на Народната банка, на кои се осврнува вицегувернерката Нацевска во интервјуто, зеленото кредитирање бележи постојан раст, при што најголем придонес во растот имаат кредитите на корпоративниот сектор.

„За рационализирање на активностите во оваа област, Народната банка во моментов работи на подготовка на Стратегија за поттикнување на зеленото финансирање којашто, меѓу другото, би ги дала насоките за работењето на банките во областа на зелените финансии, вклучително и транспарентно финансирање“, истакнува вицегувернерката Нацевска, говорејќи за зелената и дигиталната трансформација коишто во иднина можат да придонесат за градењето посилни економии отпорни кон шокови.

Во интервјуто, вицегувернерката Нацевска се осврна и на други актуелни теми. Одговарајќи на новинарско прашање, таа говореше и за неодамнешните случаи на измами и колапсот на најголемата криптоберза ФТХ, кога излегоа на виделина ризиците од загуби и висока нестабилност поврзани со криптопазарот и се забрзаа глобалните напори за внесување на криптосредствата во регулативната рамка. Притоа истакна: „На ниво на Европската Унија, беше направен суштински чекор во овој поглед со новата хармонизирана Регулатива за пазарите на криптосредства (регулатива MiCA), усвоена на 16 мај 2023 година. Регулативата не претставува пречка за користење на новите дигитални производи, но гарантира дека новите технологии спаѓаат во опсегот на регулативата и управувањето со оперативниот ризик“. Говорејќи за криптопазарот во нашата држава, Нацевска посочува дека граѓаните треба да бидат внимателни, целосно да ги разберат специфични карактеристики и ризиците коишто ги носат криптосредствата и да донесуваат издржани одлуки засновани на личната толеранција на ризик. За таа цел, Народната банка е активно вклучена во општото подобрување на финансиската писменост, бидејќи придонесува за индивидуалната, а со тоа и за целокупната финансиска стабилност“, нагласи вицегувернерката Нацевска.

The post Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте, Народната банка презема мерки за поддршка appeared first on Република.

]]>

Климатските промени имаат негативно влијание врз економскиот раст и инфлациските притисоци, особено во помалку развиените економии. Сѐ поголем број централни банки гледаат на зеленото финансирање како на дел од нивниот мандат. Народната банка преку серија активности придонесува кон поттикнување на зеленото финансирање во домашната економија“, посочува вицегувернерката на Народната банка, Емилија Нацевска, во интервју при работната посета на Меѓународна конференција во Киргистан, каде што се зборуваше за предизвиците за централните банки во услови на сѐ поголема дигитализација на финансиските услуги, но и во услови на зголемување на свесноста за ризиците од климатските промени. Зголемувањето на свесноста за климатските промени и придонесувањето кон зелена одржлива средина се дел од стратегиските цели на Народната банка. Во рамките на веќе преземените активности на ова поле, вицегувернерката Нацевска посочи дека Народната банка од 2021 година е дел од Меѓународната мрежа за зелен финансиски систем, составена од централни банки и супервизорски тела и агенции, којашто има за цел да осмисли, да промовира и да развие најдобри практики во оваа област. Притоа, додаде и дека нашата централна банка започна редовно да ги објавува податоци за кредитите за зелено финансирање, односно кредитите наменети за проекти од областа на заштитата на животна средина и енергетската ефикасност од страна на банките, а од минатата година и преку измени во инструментот на задолжителната резерва, го поттикнува кредитирањето за овие намени. Според податоците на Народната банка, на кои се осврнува вицегувернерката Нацевска во интервјуто, зеленото кредитирање бележи постојан раст, при што најголем придонес во растот имаат кредитите на корпоративниот сектор.
„За рационализирање на активностите во оваа област, Народната банка во моментов работи на подготовка на Стратегија за поттикнување на зеленото финансирање којашто, меѓу другото, би ги дала насоките за работењето на банките во областа на зелените финансии, вклучително и транспарентно финансирање“, истакнува вицегувернерката Нацевска, говорејќи за зелената и дигиталната трансформација коишто во иднина можат да придонесат за градењето посилни економии отпорни кон шокови.
Во интервјуто, вицегувернерката Нацевска се осврна и на други актуелни теми. Одговарајќи на новинарско прашање, таа говореше и за неодамнешните случаи на измами и колапсот на најголемата криптоберза ФТХ, кога излегоа на виделина ризиците од загуби и висока нестабилност поврзани со криптопазарот и се забрзаа глобалните напори за внесување на криптосредствата во регулативната рамка. Притоа истакна: „На ниво на Европската Унија, беше направен суштински чекор во овој поглед со новата хармонизирана Регулатива за пазарите на криптосредства (регулатива MiCA), усвоена на 16 мај 2023 година. Регулативата не претставува пречка за користење на новите дигитални производи, но гарантира дека новите технологии спаѓаат во опсегот на регулативата и управувањето со оперативниот ризик“. Говорејќи за криптопазарот во нашата држава, Нацевска посочува дека граѓаните треба да бидат внимателни, целосно да ги разберат специфични карактеристики и ризиците коишто ги носат криптосредствата и да донесуваат издржани одлуки засновани на личната толеранција на ризик. За таа цел, Народната банка е активно вклучена во општото подобрување на финансиската писменост, бидејќи придонесува за индивидуалната, а со тоа и за целокупната финансиска стабилност“, нагласи вицегувернерката Нацевска.

The post Нацевска: Зеленото кредитирање и натаму расте, Народната банка презема мерки за поддршка appeared first on Република.

]]>
Народна банка повторно ја зголеми основната камата, уште ќе растат каматите на кредитите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-povtorno-ja-zgolemi-osnovnata-kamata-ushte-ke-rastat-kamatite-na-kreditite/ Wed, 21 Jun 2023 11:10:34 +0000 https://republika.mk/?p=653697

На 20 јуни 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 6%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,90% и 3,95%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем.

Поместувањата во изминатиот период во сегментите релевантни за монетарната политика се главно во согласност со очекувањата, но ризиците и натаму постојат. Од тие причини е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, во мај 2023 година, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, а забавување бележи и базичната инфлација, којашто во мај се сведе на едноцифрено ниво. Сепак, инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек, а базичната инфлација којашто сѐ уште е висока упатува на тоа дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите се засилуваат во надолна насока, но и натаму се проследени со неизвесност. На девизниот пазар движењата се поволни, а растат и приливите на менувачкиот пазар. Во такви околности, Народната банка е присутна на девизниот пазар со откуп на вишокот девизна ликвидност.

За стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа, водечките централни банки продолжуваат со затегнување на монетарната политика, но интензитетот е поумерен. Имено, од аспект на странската каматна стапка, на состанокот во јуни, ЕЦБ донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за дополнителни 0,25 п.п., во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво подолг период од очекуваниот.

Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во мај 2023 година годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 11,3% (13% во претходниот месец), во согласност со оцените за забавување на стапката на инфлација во рамките на априлскиот циклус проекции. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај сите три компоненти. Ревизиите во однос на очекуваните движења кај надворешните влезни претпоставки за проекцијата на инфлацијата се главно во надолна насока. Сепак, и натаму е нагласена високата неизвесност во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период, при неизвесни економски ефекти од војната во Украина.

Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на мај е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на мај беа поволни, при што Народната банка интервенира со откуп на девизи на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит засега е понизок од очекувањата за вториот квартал од 2023 година според априлската проекција. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со мај, упатуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи кај приватните трансфери во однос на проектираните.

Што се однесува до домашната економска активност, во првиот квартал од 2023 година реалниот раст на БДП забрза достигнувајќи 2,1% на годишна основа (по растот од 0,6% во претходниот квартал), малку посилно во однос на проектираното забрзување на растот за овој квартал од априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за април покажуваат умерени негативни движења кај индустриското производство, наспроти минималниот раст во претходниот квартал, како и реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по растот во претходниот квартал.

Во однос на монетарните движења, првичните податоци за мај 2023 година засега се во согласност со проекциите за забрзан раст кај депозитите, а поумерен кај кредитите во вториот квартал од годината.

Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на подолготрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Народна банка повторно ја зголеми основната камата, уште ќе растат каматите на кредитите appeared first on Република.

]]>

На 20 јуни 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 6%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,90% и 3,95%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем. Поместувањата во изминатиот период во сегментите релевантни за монетарната политика се главно во согласност со очекувањата, но ризиците и натаму постојат. Од тие причини е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, во мај 2023 година, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, а забавување бележи и базичната инфлација, којашто во мај се сведе на едноцифрено ниво. Сепак, инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек, а базичната инфлација којашто сѐ уште е висока упатува на тоа дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите се засилуваат во надолна насока, но и натаму се проследени со неизвесност. На девизниот пазар движењата се поволни, а растат и приливите на менувачкиот пазар. Во такви околности, Народната банка е присутна на девизниот пазар со откуп на вишокот девизна ликвидност. За стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа, водечките централни банки продолжуваат со затегнување на монетарната политика, но интензитетот е поумерен. Имено, од аспект на странската каматна стапка, на состанокот во јуни, ЕЦБ донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за дополнителни 0,25 п.п., во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво подолг период од очекуваниот. Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во мај 2023 година годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 11,3% (13% во претходниот месец), во согласност со оцените за забавување на стапката на инфлација во рамките на априлскиот циклус проекции. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај сите три компоненти. Ревизиите во однос на очекуваните движења кај надворешните влезни претпоставки за проекцијата на инфлацијата се главно во надолна насока. Сепак, и натаму е нагласена високата неизвесност во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период, при неизвесни економски ефекти од војната во Украина. Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на мај е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на мај беа поволни, при што Народната банка интервенира со откуп на девизи на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит засега е понизок од очекувањата за вториот квартал од 2023 година според априлската проекција. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со мај, упатуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи кај приватните трансфери во однос на проектираните. Што се однесува до домашната економска активност, во првиот квартал од 2023 година реалниот раст на БДП забрза достигнувајќи 2,1% на годишна основа (по растот од 0,6% во претходниот квартал), малку посилно во однос на проектираното забрзување на растот за овој квартал од априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за април покажуваат умерени негативни движења кај индустриското производство, наспроти минималниот раст во претходниот квартал, како и реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по растот во претходниот квартал. Во однос на монетарните движења, првичните податоци за мај 2023 година засега се во согласност со проекциите за забрзан раст кај депозитите, а поумерен кај кредитите во вториот квартал од годината. Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на подолготрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Народна банка повторно ја зголеми основната камата, уште ќе растат каматите на кредитите appeared first on Република.

]]>
НБМ: Основната каматна стапка и каматните стапки на расположливите депозити се покачени за 0,25 процентни поени https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/nbm-osnovnata-kamatna-stapka-i-kamatnite-stapki-na-raspolozhlivite-depoziti-se-pokacheni-za-0-25-protsentni-poeni/ Wed, 21 Jun 2023 09:31:03 +0000 https://republika.mk/?p=653635

На 20 јуни 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 6%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,90% и 3,95%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем.

Поместувањата во изминатиот период во сегментите релевантни за монетарната политика се главно во согласност со очекувањата, но ризиците и натаму постојат. Од тие причини е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, во мај 2023 година, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, а забавување бележи и базичната инфлација, којашто во мај се сведе на едноцифрено ниво. Сепак, инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек, а базичната инфлација којашто сѐ уште е висока упатува на тоа дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите се засилуваат во надолна насока, но и натаму се проследени со неизвесност. На девизниот пазар движењата се поволни, а растат и приливите на менувачкиот пазар. Во такви околности, Народната банка е присутна на девизниот пазар со откуп на вишокот девизна ликвидност.

За стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа, водечките централни банки продолжуваат со затегнување на монетарната политика, но интензитетот е поумерен. Имено, од аспект на странската каматна стапка, на состанокот во јуни, ЕЦБ донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за дополнителни 0,25 п.п., во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво подолг период од очекуваниот.

Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во мај 2023 година годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 11,3% (13% во претходниот месец), во согласност со оцените за забавување на стапката на инфлација во рамките на априлскиот циклус проекции. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај сите три компоненти. Ревизиите во однос на очекуваните движења кај надворешните влезни претпоставки за проекцијата на инфлацијата се главно во надолна насока. Сепак, и натаму е нагласена високата неизвесност во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период, при неизвесни економски ефекти од војната во Украина.

Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на мај е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на мај беа поволни, при што Народната банка интервенира со откуп на девизи на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит засега е понизок од очекувањата за вториот квартал од 2023 година според априлската проекција. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со мај, упатуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи кај приватните трансфери во однос на проектираните.

Што се однесува до домашната економска активност, во првиот квартал од 2023 година реалниот раст на БДП забрза достигнувајќи 2,1% на годишна основа (по растот од 0,6% во претходниот квартал), малку посилно во однос на проектираното забрзување на растот за овој квартал од априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за април покажуваат умерени негативни движења кај индустриското производство, наспроти минималниот раст во претходниот квартал, како и реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по растот во претходниот квартал.

Во однос на монетарните движења,првичните податоци за мај 2023 година засега се во согласност со проекциите за забрзан раст кај депозитите, а поумерен кај кредитите во вториот квартал од годината.

Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на подолготрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post НБМ: Основната каматна стапка и каматните стапки на расположливите депозити се покачени за 0,25 процентни поени appeared first on Република.

]]>

На 20 јуни 2023 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 6%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,90% и 3,95%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем. Поместувањата во изминатиот период во сегментите релевантни за монетарната политика се главно во согласност со очекувањата, но ризиците и натаму постојат. Од тие причини е потребна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, во мај 2023 година, годишната стапка на инфлација и натаму забавува, а забавување бележи и базичната инфлација, којашто во мај се сведе на едноцифрено ниво. Сепак, инфлацијата и натаму е висока и над историскиот просек, а базичната инфлација којашто сѐ уште е висока упатува на тоа дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи на берзите се засилуваат во надолна насока, но и натаму се проследени со неизвесност. На девизниот пазар движењата се поволни, а растат и приливите на менувачкиот пазар. Во такви околности, Народната банка е присутна на девизниот пазар со откуп на вишокот девизна ликвидност. За стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа, водечките централни банки продолжуваат со затегнување на монетарната политика, но интензитетот е поумерен. Имено, од аспект на странската каматна стапка, на состанокот во јуни, ЕЦБ донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки за дополнителни 0,25 п.п., во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво подолг период од очекуваниот. Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во мај 2023 година годишната стапка на инфлација и натаму забавува сведувајќи се на 11,3% (13% во претходниот месец), во согласност со оцените за забавување на стапката на инфлација во рамките на априлскиот циклус проекции. Забавувањето на годишната стапка на инфлација е условено од забавениот раст на цените кај сите три компоненти. Ревизиите во однос на очекуваните движења кај надворешните влезни претпоставки за проекцијата на инфлацијата се главно во надолна насока. Сепак, и натаму е нагласена високата неизвесност во движењето на светските цени на примарните производи во следниот период, при неизвесни економски ефекти од војната во Украина. Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на мај е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на мај беа поволни, при што Народната банка интервенира со откуп на девизи на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит засега е понизок од очекувањата за вториот квартал од 2023 година според априлската проекција. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со мај, упатуваат на можност за остварување повисоки нето-приливи кај приватните трансфери во однос на проектираните. Што се однесува до домашната економска активност, во првиот квартал од 2023 година реалниот раст на БДП забрза достигнувајќи 2,1% на годишна основа (по растот од 0,6% во претходниот квартал), малку посилно во однос на проектираното забрзување на растот за овој квартал од априлскиот циклус проекции. Високофреквентните податоци за вториот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов се недоволни за согледување на состојбите во целина. Засега, податоците за април покажуваат умерени негативни движења кај индустриското производство, наспроти минималниот раст во претходниот квартал, како и реален годишен пад на прометот во вкупната трговија, по растот во претходниот квартал. Во однос на монетарните движења,првичните податоци за мај 2023 година засега се во согласност со проекциите за забрзан раст кај депозитите, а поумерен кај кредитите во вториот квартал од годината. Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на подолготрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post НБМ: Основната каматна стапка и каматните стапки на расположливите депозити се покачени за 0,25 процентни поени appeared first on Република.

]]>
Народната банка повторно ги зголемува каматните стапки https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-povtorno-gi-zgolemuva-kamatnite-stapki/ Wed, 10 May 2023 11:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=639279

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика.

Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 5,75%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,65% и 3,70%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари.

Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем.

Најновите податоци важни за оценување на амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се движат во рамките на очекувањата, но ризиците и натаму опстојуваат. Од тие причини е неопходна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, и во април 2023 година годишната стапка на инфлација бележи забавување, коешто започна од ноември минатата година, но таа и натаму, како и во глобални рамки е над историскиот просек. Исто така, базичната инфлација и натаму е на повисоко ниво, што упатува дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната врз оваа компонента сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на увозните цени и натаму се движат по надолна патека, но се проследени со неизвесност поврзана со развојот на војната во Украина. На девизниот пазар движењата се стабилни, при зголемена склоност за штедење во домашна валута, но и натаму постои неизвесност. Гледано од аспект на странската каматна стапка, како битен надворешен фактор за спроведувањето на домашната монетарна политика, на состанокот во мај, ЕЦБ повторно донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки, но поумерено – со покачување на основната камата за 0,25 процентни поени, во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво од очекуваното, со посебен акцент на притисоците врз базичната инфлација.

Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во согласност со очекувањата, и натаму има тренд на забавување на растот којшто во април 2023 година се сведе на 13% (14,7% во март). Побавниот годишен раст на инфлацијата главно произлегува од помалиот раст на цените кај прехранбената компонента. Најновите очекувања за движењата кај увозните цени упатуваат на надолно придвижување на берзанските цени на нафтата и храната, што поволно би влијаело и врз домашните цени, но и понатаму е нагласена неизвесностa во следниот период, условена од ефектите од војната во Украина.

Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на април е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на април беа главно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит во првиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со април, се малку подобри од проектираните нето-приливи од приватните трансфери.

Што се однесува до домашната економска активност, во последното тримесечје од 2022 година реалниот раст на БДП очекувано забави, со што во просек, за целата 2022 година, економијата бележи реален раст од 2,1%, што е многу блиску до очекувањата од октомвриската проекција на Народната банка. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов упатуваат на минимален годишен раст кај индустриското производство, мал реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, како и солидни стапки на раст кај градежништвото и угостителството. Овие движења посочуваат на веројатно умерено забрзување на растот во првото тримесечје на 2023 година.

Во однос на монетарните движења, според првичните податоци за април 2023 година, растот на кредитната активност на годишна основа и натаму забавува, посилно од очекувањата според октомвриската проекција. Од друга страна, забрзува растот кај депозитите и тој е над очекувањата за вториот квартал.

Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на потрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Народната банка повторно ги зголемува каматните стапки appeared first on Република.

]]>

Вчера се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за домашната и глобалната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. Народната банка продолжува со затегнување на монетарната политика. На седницата на Комитетот беше одлучено каматната стапка на благајничките записи да се зголеми за дополнителни 0,25 п.п. до нивото од 5,75%. На седницата беше донесена одлука за зголемување и на каматните стапки на расположливите депозити, исто така за по 0,25 п.п., со што каматните стапки на депозитите преку ноќ и на 7 дена ќе изнесуваат 3,65% и 3,70%, соодветно. Понудата на благајнички записи на редовната аукција е непроменета и изнесува 10 милијарди денари. Со последната промена продолжува циклусот на затегнување на монетарната политика којшто започна од крајот на 2021 година, прво преку активно управување со ликвидноста преку интервенциите на девизниот пазар, а потоа од април минатата година и со зголемување на каматната стапка на благајничките записи, како и на каматните стапки на другите монетарни инструменти. Ваквата монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски и макропрудентни мерки, како што е воведувањето противцикличен заштитен слој на капиталот и прагови за следење на квалитетот на кредитната побарувачка, со што дополнително се јакне отпорноста на банкарскиот систем. Најновите податоци важни за оценување на амбиентот за спроведување на монетарната политика главно се движат во рамките на очекувањата, но ризиците и натаму опстојуваат. Од тие причини е неопходна натамошна претпазливост при водењето на политиките, заради стабилизирање на инфлацијата и инфлациските очекувања на потрајна основа. Имено, во согласност со очекувањата, и во април 2023 година годишната стапка на инфлација бележи забавување, коешто започна од ноември минатата година, но таа и натаму, како и во глобални рамки е над историскиот просек. Исто така, базичната инфлација и натаму е на повисоко ниво, што упатува дека преносните ефекти од цените на енергијата и храната врз оваа компонента сѐ уште не се целосно исцрпени. Очекувањата за идната динамика на увозните цени и натаму се движат по надолна патека, но се проследени со неизвесност поврзана со развојот на војната во Украина. На девизниот пазар движењата се стабилни, при зголемена склоност за штедење во домашна валута, но и натаму постои неизвесност. Гледано од аспект на странската каматна стапка, како битен надворешен фактор за спроведувањето на домашната монетарна политика, на состанокот во мај, ЕЦБ повторно донесе одлука за зголемување на основните каматни стапки, но поумерено – со покачување на основната камата за 0,25 процентни поени, во согласност со изгледите за одржување на инфлацијата на повисоко ниво од очекуваното, со посебен акцент на притисоците врз базичната инфлација. Во однос на најновите показатели, кај домашните цени, во согласност со очекувањата, и натаму има тренд на забавување на растот којшто во април 2023 година се сведе на 13% (14,7% во март). Побавниот годишен раст на инфлацијата главно произлегува од помалиот раст на цените кај прехранбената компонента. Најновите очекувања за движењата кај увозните цени упатуваат на надолно придвижување на берзанските цени на нафтата и храната, што поволно би влијаело и врз домашните цени, но и понатаму е нагласена неизвесностa во следниот период, условена од ефектите од војната во Украина. Во согласност co меѓународните стандарди, нивото на девизните резерви на крајот на април е соодветно за одржување на стабилноста на курсот на домашната валута. Движењата на домашниот девизен пазар и во текот на април беа главно стабилни, при што Народната банка само повремено беше присутна на девизниот пазар. Во однос на последните расположливи податоци од надворешниот сектор, движењата и натаму се поволни, односно трговскиот дефицит во првиот квартал од 2023 година е значително понизок од очекувањата според октомврискиот циклус проекции. Поволни се и остварувањата на менувачкиот пазар, коишто од почетокот на годината, заклучно со април, се малку подобри од проектираните нето-приливи од приватните трансфери. Што се однесува до домашната економска активност, во последното тримесечје од 2022 година реалниот раст на БДП очекувано забави, со што во просек, за целата 2022 година, економијата бележи реален раст од 2,1%, што е многу блиску до очекувањата од октомвриската проекција на Народната банка. Високофреквентните податоци за првиот квартал од 2023 година со кои се располага во моментов упатуваат на минимален годишен раст кај индустриското производство, мал реален годишен раст на прометот во вкупната трговија, како и солидни стапки на раст кај градежништвото и угостителството. Овие движења посочуваат на веројатно умерено забрзување на растот во првото тримесечје на 2023 година. Во однос на монетарните движења, според првичните податоци за април 2023 година, растот на кредитната активност на годишна основа и натаму забавува, посилно од очекувањата според октомвриската проекција. Од друга страна, забрзува растот кај депозитите и тој е над очекувањата за вториот квартал. Општо земено, инфлациските остварувања, во комбинација со неизвесното и променливо надворешно окружување и ризиците коишто сѐ уште постојат, налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики и соодветна реакција со цел да се закотват инфлациските очекувања и да се стабилизира инфлацијата на потрајна основа. Народната банка внимателно ги следи макроекономските податоци и ризиците и е подготвена да ги употреби сите неопходни инструменти и да презема мерки со коишто ќе се придонесе за задржување на стабилноста на девизниот курс, стабилизирање на инфлациските очекувања и за ценовна стабилност на среден рок.

The post Народната банка повторно ги зголемува каматните стапки appeared first on Република.

]]>
Народната банка го одбележува монетарното осамостојување преку едукативна кампања „Денарот го славиме!” https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-go-odbelezhuva-monetarnoto-osamostojuvane-preku-edukativna-kampana-denarot-go-slavime/ Mon, 24 Apr 2023 09:25:43 +0000 https://republika.mk/?p=633486

Народната банка во текот на претстојната седмица ќе реализира повеќе активности во насока на чествување на триесет и една година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на Народната банка, под мотото „Денарот го славиме!”. Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност.

Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи.

За патот на креацијата и воспоставувањето на македонските книжни пари, се изработени два едукативни видеозаписа од страна на вработени во Музејот на Народната банка, Маја Хаџиманева, Ефтимија Павловска и Дијана Ванчевска. Видеозаписите, покрај тоа што ќе бидат објавени, ќе бидат доставени и до училиштата ширум земјата за да послужат во натамошниот едукативен процес за нашата историја и валута.

Со цел да се споделат историскиот процес и вредностите од кои се воделе носителите на политиките при монетарното осамостојување, подготвени се видеоизјави на дел од оние кои учествувале директно во процесот на воспоставување и градењето на монетарната независност, сопствената валута, но и придонесле и придонесуваат за афирмација на Народната банка како современа и кредибилна институција. Изјавите на сите досегашни гувернери Борко Станоевски, Љубе Трпевски, Петар Гошев, Димитар Богов, Анита Ангеловска-Бежоска, на други општествени чинители како Џевдет Хајредини, Трајко Славески, Михаил Петковски, Абдулменаф Беџети, Таки Фити, Глигор Бишев, Ванчо Каргов, како и видувањата вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска ќе бидат објавени во текот на следните две недели на социјалните мрежи. Во рамките на чествувањето ќе бидат објавени и документи од Архивот на Народната банка, поврзани со монетарното осамостојување, коишто имаат непроценлива историска вредност за македонската историја.

The post Народната банка го одбележува монетарното осамостојување преку едукативна кампања „Денарот го славиме!” appeared first on Република.

]]>

Народната банка во текот на претстојната седмица ќе реализира повеќе активности во насока на чествување на триесет и една година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на Народната банка, под мотото „Денарот го славиме!”. Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна и меѓународно призната, независна централна банка, но и како институција којашто ја поттикнува научната мисла и работа, постојаната едукација и финансиска писменост. Оттаму, во рамките на неделата на чествување ќе биде доделена и Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. За патот на креацијата и воспоставувањето на македонските книжни пари, се изработени два едукативни видеозаписа од страна на вработени во Музејот на Народната банка, Маја Хаџиманева, Ефтимија Павловска и Дијана Ванчевска. Видеозаписите, покрај тоа што ќе бидат објавени, ќе бидат доставени и до училиштата ширум земјата за да послужат во натамошниот едукативен процес за нашата историја и валута. Со цел да се споделат историскиот процес и вредностите од кои се воделе носителите на политиките при монетарното осамостојување, подготвени се видеоизјави на дел од оние кои учествувале директно во процесот на воспоставување и градењето на монетарната независност, сопствената валута, но и придонесле и придонесуваат за афирмација на Народната банка како современа и кредибилна институција. Изјавите на сите досегашни гувернери Борко Станоевски, Љубе Трпевски, Петар Гошев, Димитар Богов, Анита Ангеловска-Бежоска, на други општествени чинители како Џевдет Хајредини, Трајко Славески, Михаил Петковски, Абдулменаф Беџети, Таки Фити, Глигор Бишев, Ванчо Каргов, како и видувањата вицегувернерките Емилија Нацевска и Ана Митреска ќе бидат објавени во текот на следните две недели на социјалните мрежи. Во рамките на чествувањето ќе бидат објавени и документи од Архивот на Народната банка, поврзани со монетарното осамостојување, коишто имаат непроценлива историска вредност за македонската историја.

The post Народната банка го одбележува монетарното осамостојување преку едукативна кампања „Денарот го славиме!” appeared first on Република.

]]>
Народната банка во континуитет ги јакне капацитетите за одржување на финансиската стабилност https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodnata-banka-vo-kontinuitet-gi-jakne-kapatsitetite-za-odrzhuvane-na-finansiskata-stabilnost/ Mon, 17 Apr 2023 08:51:36 +0000 https://republika.mk/?p=631364

Светската банка позитивно ги оценува политиките на Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Во оваа смисла, на состанок се дискутираше и тековната техничка помош од Светската банка, со којашто преку повеќе проекти дополнително ќе се јакнат капацитетите на земјата и централната банка во неколку области поврзани со банкарскиот систем. Тие се однесуваат на унапредување на макропрудентната рамка, јакнење на капацитети за кризно управување, за управување со климатските промени, како и финализирање на законската рамка за решавање на банки. Дополнително во сферата на платниот систем, ќе се поддржат напорите за изработка на студија за дигитален денар. Проектите беа дискутирани за време на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка (СБ), за време на состаноците на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерот Фадил Бајрами, со високи претставници на Светската банка, потпретседателката Антонела Басани и извршниот директор на Конституенцата на која припаѓаме, Кун Давидсе, соопшти Народна банка.

Со носењето на Законот за финансиска стабилност, минатата година, се воспостави институционална рамка за макропрудентната политика во нашата земја, и правно се регулираше улогата на Комитетот за финансиска стабилност во кој се вклучени сите финансиски регулатори. Народната банка изработи и нацрт Стратегија за макропрудентно управување, додека во следниот период фокусот ќе биде зајакнување на рамката за следење на системските ризици и креирање на макропрудентни политики. Во овие активности централната банка ќе добие поддршка од Светската банка – стои во соопштението.

– Во насока на управување со ризиците кои произлегуваат од климатските промени и животната средина, а поврзано со финансиската стабилност, Народната банка е во финална фаза со подготовката на Зелената финансиска стратегија со поддршка на Светската банка. Исто така, Светската банка ќе обезбеди поддршка преку консултација во однос на утврдување на насоките кои централната банка ќе ги издаде за комерцијалните банки при идентификување, управување, следење и известување за климатските ризици, како и креирање на „зелена контролна табла“ на индикатори со ризици. Светската банка ќе даде и поддршка кон стрес-тестовите на банките од аспект на климатските ризици, кои се планирани за наредната година. Народната банка планира и организирање на Конференција за климатските ризици преку која ќе се работи на зголемување на свеста и ќе ги појасни супервизорските насоки и препораки за банкарскиот сектор – се наведува во соопштението од Народна банка.

The post Народната банка во континуитет ги јакне капацитетите за одржување на финансиската стабилност appeared first on Република.

Народна банка: Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/narodna-banka-bankarskiot-sektor-e-stabilen-propaganeto-na-svb-nema-direktni-efekti/ Tue, 14 Mar 2023 14:14:18 +0000 https://republika.mk/?p=619609

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања.

Според процените на релевантните меѓународни институции, а пред сѐ регулаторите во САД, последните случувања во американскиот банкарски систем не би требало да имаат ефекти врз финансиската стабилност во САД, а оттаму не се очекуваат ниту позначителни преносни ефекти врз глобалната финансиска стабилност. Според американските регулатори, ова се должи на фактот што банкарскиот систем на САД е високо капитализиран, отпорен и работи на цврста основа, што во голема мера е резултат на реформите по глобалната финансиска криза, коишто обезбедија подобри заштитни механизми за банкарскиот сектор. Во прилог на ова оди и брзата реакција и мерките на американските власти, со коишто се минимизираат евентуалните системски ризици.

Во овој контекст, последните случувања во банкарскиот систем во САД нема да имаат директни ефекти врз нашиот банкарски систем, имајќи предвид дека нашите банки имаат многу мала изложеност кон странство, вклучително и кон американската економија и американските банки, односно само 6,6% од вкупните обврските на банкарскиот систем се кон странство, а само 5% од побарувањата се од странство. Понатаму, билансите на нашите банки се исклучително солидни, со високо ниво на капитал (највисоко ниво во последната декада), соодветна ликвидност и одличен квалитет на кредитното портфолио.

Исто така, особено важно во овој случај е тоа што нашиот банкарски систем има традиционален деловен модел, заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Ова е многу поразлично од деловниот модел на американската банка, којшто е една од клучните причини за нејзиното пропаѓање, а се заснова врз висока концентрација и на депозитната база, но и на вложувањата во хартии од вредност (хартиите од вредност учествувале со 60% во вкупната актива на Банката на Силиконската долина).Нашиот банкарски системима диверзифицирана и стабилна структура на финансирање во која депозитите учествуваат со 84% во вкупните обврски, а притоа две третини од депозитите се на населението. Овие средства главно се пласираат во кредити на нефинансиските лица коишто учествуваат со 60% во вкупните средства на банките и коишто имаат висок квалитет. Од друга страна, учеството на вложувањата на банките во хартии од вредност коишто се издадени од нерезиденти е минимално и на ниво на банкарскиот систем е под 1%.

The post Народна банка: Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти appeared first on Република.

]]>

Пропаѓањето на американската Банка на Силиконската долина (СВБ) нема никакви директни последици за нашиот банкарски систем, имајќи ја предвид малата изложеност кон нерезидентите, но и традиционалниот деловен модел заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Билансите на нашите банки се исклучително солидни, високо капитализирани и ликвидни и со историски најдобар квалитет на кредитното портфолио. Сепак, заради претпазливост во работењето, Народната банка внимателно ги следи сите случувања. Според процените на релевантните меѓународни институции, а пред сѐ регулаторите во САД, последните случувања во американскиот банкарски систем не би требало да имаат ефекти врз финансиската стабилност во САД, а оттаму не се очекуваат ниту позначителни преносни ефекти врз глобалната финансиска стабилност. Според американските регулатори, ова се должи на фактот што банкарскиот систем на САД е високо капитализиран, отпорен и работи на цврста основа, што во голема мера е резултат на реформите по глобалната финансиска криза, коишто обезбедија подобри заштитни механизми за банкарскиот сектор. Во прилог на ова оди и брзата реакција и мерките на американските власти, со коишто се минимизираат евентуалните системски ризици. Во овој контекст, последните случувања во банкарскиот систем во САД нема да имаат директни ефекти врз нашиот банкарски систем, имајќи предвид дека нашите банки имаат многу мала изложеност кон странство, вклучително и кон американската економија и американските банки, односно само 6,6% од вкупните обврските на банкарскиот систем се кон странство, а само 5% од побарувањата се од странство. Понатаму, билансите на нашите банки се исклучително солидни, со високо ниво на капитал (највисоко ниво во последната декада), соодветна ликвидност и одличен квалитет на кредитното портфолио. Исто така, особено важно во овој случај е тоа што нашиот банкарски систем има традиционален деловен модел, заснован врз кредитирање на фирмите и граѓаните при стабилни извори на финансирање. Ова е многу поразлично од деловниот модел на американската банка, којшто е една од клучните причини за нејзиното пропаѓање, а се заснова врз висока концентрација и на депозитната база, но и на вложувањата во хартии од вредност (хартиите од вредност учествувале со 60% во вкупната актива на Банката на Силиконската долина).Нашиот банкарски системима диверзифицирана и стабилна структура на финансирање во која депозитите учествуваат со 84% во вкупните обврски, а притоа две третини од депозитите се на населението. Овие средства главно се пласираат во кредити на нефинансиските лица коишто учествуваат со 60% во вкупните средства на банките и коишто имаат висок квалитет. Од друга страна, учеството на вложувањата на банките во хартии од вредност коишто се издадени од нерезиденти е минимално и на ниво на банкарскиот систем е под 1%.  

The post Народна банка: Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на СВБ нема директни ефекти appeared first on Република.

]]>