Народен театар Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naroden-teatar-bitola/ За подобро да се разбереме Fri, 04 Oct 2024 10:57:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Народен театар Битола Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naroden-teatar-bitola/ 32 32 Народен театар Битола уествува на Интернационален фестивал во Полска https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-uestvuva-na-internatsionalen-festival-vo-polska/ Fri, 04 Oct 2024 10:57:37 +0000 https://republika.mk/?p=822618

Актерката Викторија Степановска Јанкуловска и актерот Никола Стефанов отпатуваа во Полска, каде во Бјалисток ќе ја одиграат претставата „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ.

На интернационалниот фестивал кој е во тек, битолчани ќе настапат в недела каде пред тамошната публика ќе презентираат поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе кои пораснаа заглавени во транзиција, што е суштина на претставата „Кислород“.

Во подготовката на театарскиот производ освен актерите и режисерот, учествуваа Оливера Павловиќ преведувач, Марта Дојчиновска костимограф, изборот на музиката е на Александар Димовски, снимател Сашо Илковски, ведео ператор Владимир Переловски, а гостин на видеото е Марјан Наумов.

The post Народен театар Битола уествува на Интернационален фестивал во Полска appeared first on Република.

]]>

Актерката Викторија Степановска Јанкуловска и актерот Никола Стефанов отпатуваа во Полска, каде во Бјалисток ќе ја одиграат претставата „Кислород“ на Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ. На интернационалниот фестивал кој е во тек, битолчани ќе настапат в недела каде пред тамошната публика ќе презентираат поетско дело кое акумулира гнев, надеж, емоции и мисли на цела генерација од источниот блок, млади луѓе кои пораснаа заглавени во транзиција, што е суштина на претставата „Кислород“. Во подготовката на театарскиот производ освен актерите и режисерот, учествуваа Оливера Павловиќ преведувач, Марта Дојчиновска костимограф, изборот на музиката е на Александар Димовски, снимател Сашо Илковски, ведео ператор Владимир Переловски, а гостин на видеото е Марјан Наумов.

The post Народен театар Битола уествува на Интернационален фестивал во Полска appeared first on Република.

]]>
Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/dovolno-e-barem-eden-gledach-od-publikata-da-zapameti-eden-od-nashite-iskazi-zoshto-sme-na-dnoto-i-toj-da-mu-promeni-nekakov-negov-svet-kazha-akterkata-ilina-chorevska-koja-glumi-vo-na-dnoto-na-bitols/ Tue, 11 Jun 2024 20:14:31 +0000 https://republika.mk/?p=786727

„На дното сме зошто ги учиме децата да учат на факултети, а потоа да се изгубат во битката за вработувања со партиски книшки. На дното сме кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. На дното сме кога глумиме од обврска, а не од задоволство. На дното сме кога ќе сфатиме дека не оставаме никаква иднина за нашите деца. На дното сме кога ги губиме најсаканиот зашто лекарите наместо со хемотерапија го лечеле со физиолошки раствор. На дното сме бидејќи прабаба ми 12, баба ми 8, мајка ми 4, јас 2 деца, моите деца куче, кучето стерилизирано“, велат актерите во претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, а во продукција на Народен театар Битола која е дел од официјалната селекција на 58. Издание на Македонскиот театарси фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во тек во Прилел.

Моето на дното гласеше: кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. Мене тоа ми се случи. Јас тогаш во таа ситуација не изреагирав, не платив пари, но ете на некаков начин го кажав тоа гласно. Уметник сум и можам да го искористам тоа во една одредена претставата и да прозвучи некако. Заради тоа, оваа наша професија е специфична и посебна и како што кажа и колегата Иван Јерчиќ должни сме да отвораме прашања, да дискутираме за темите надвор од рамките на културните институации, Можеби луѓето ги забораваат и ги ставаат под тепих. Можеби ништо нема да се промени со тие наши реченици, но доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска на тркалезната маса која се одржа во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп по одиграната претстава за која владееше огромен интерес на „Војдан Чернодрински“.

Повеќе од два часа, 16 актерти играат на платформа која постојано се ниша, горе-долу, а над нив висат раствори со инфузија и кеси со крв. Впечатливата сценографијата е на Валентин Светозарев, а актерската игра е највисоко ниво. Полни со енергија, брутални, енергични, безмилосни, точно и совршено актерите го прикажаа македонското дно и бесперспективноста. Крадци, насилници, убијци, пациенти пред умирање, зависници од таблети, алкохол, луѓе кои по секоја цена сакаат да заработат пари.

Горки ја напишал „На дното“ во 1905 година и како што кажа драматургот на претставата Билјана Крајчевска интервенциите биле според концептот на режисерот.

Да се работи на текст од 1905 година не е лесно. Осовременувањето бара многу интервенции. Ликовите добија неколку промени. Имаше неколку драматуршки интервенции, се внесоа и авторски текстови, рече Крајчевска.

За актерот Иван Јерчиќ театарот има смисла ако кај публиката предизвика барем едно прашање. Според него, мисијата на театарот е да се занимава со проблемите во општеството, да се отворат повеќе прашања.

Уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, смета дека таков театар нѝ недостасува.

Ни недостасува театар кој гласно го говори она кое сите го премолчуваат. Оваа претстава ми даде сила да помислам: Добро си онаму каде што си. Има и некој друг што така размислува, рече Стојаноска.

The post Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар appeared first on Република.

]]>

„На дното сме зошто ги учиме децата да учат на факултети, а потоа да се изгубат во битката за вработувања со партиски книшки. На дното сме кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. На дното сме кога глумиме од обврска, а не од задоволство. На дното сме кога ќе сфатиме дека не оставаме никаква иднина за нашите деца. На дното сме кога ги губиме најсаканиот зашто лекарите наместо со хемотерапија го лечеле со физиолошки раствор. На дното сме бидејќи прабаба ми 12, баба ми 8, мајка ми 4, јас 2 деца, моите деца куче, кучето стерилизирано“, велат актерите во претставата „На дното“ од Максим Горки, во режија на Ќендрим Ријани, а во продукција на Народен театар Битола која е дел од официјалната селекција на 58. Издание на Македонскиот театарси фестивал „Војдан Чернодрински“ кој е во тек во Прилел.
Моето на дното гласеше: кога пет минути по операцијата на мајка ти лекарот ќе ти побара мито за истата операција за која веќе има земено плата. Мене тоа ми се случи. Јас тогаш во таа ситуација не изреагирав, не платив пари, но ете на некаков начин го кажав тоа гласно. Уметник сум и можам да го искористам тоа во една одредена претставата и да прозвучи некако. Заради тоа, оваа наша професија е специфична и посебна и како што кажа и колегата Иван Јерчиќ должни сме да отвораме прашања, да дискутираме за темите надвор од рамките на културните институации, Можеби луѓето ги забораваат и ги ставаат под тепих. Можеби ништо нема да се промени со тие наши реченици, но доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска на тркалезната маса која се одржа во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп по одиграната претстава за која владееше огромен интерес на „Војдан Чернодрински“.
Повеќе од два часа, 16 актерти играат на платформа која постојано се ниша, горе-долу, а над нив висат раствори со инфузија и кеси со крв. Впечатливата сценографијата е на Валентин Светозарев, а актерската игра е највисоко ниво. Полни со енергија, брутални, енергични, безмилосни, точно и совршено актерите го прикажаа македонското дно и бесперспективноста. Крадци, насилници, убијци, пациенти пред умирање, зависници од таблети, алкохол, луѓе кои по секоја цена сакаат да заработат пари. Горки ја напишал „На дното“ во 1905 година и како што кажа драматургот на претставата Билјана Крајчевска интервенциите биле според концептот на режисерот.
Да се работи на текст од 1905 година не е лесно. Осовременувањето бара многу интервенции. Ликовите добија неколку промени. Имаше неколку драматуршки интервенции, се внесоа и авторски текстови, рече Крајчевска.
За актерот Иван Јерчиќ театарот има смисла ако кај публиката предизвика барем едно прашање. Според него, мисијата на театарот е да се занимава со проблемите во општеството, да се отворат повеќе прашања. Уметничката директорка на фестивалот, Ана Стојаноска, смета дека таков театар нѝ недостасува.
Ни недостасува театар кој гласно го говори она кое сите го премолчуваат. Оваа претстава ми даде сила да помислам: Добро си онаму каде што си. Има и некој друг што така размислува, рече Стојаноска.

The post Доволно е барем еден гледач од публиката да запамети еден од нашите искази зошто сме на дното и тој да му промени некаков негов свет, кажа актерката Илина Чоревска која глуми во „На дното“ на Битолски театар appeared first on Република.

]]>
Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на Стеријино Позорје во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/sandra-gribovska-ilievska-od-bitolski-teatar-ja-dobi-nagradata-za-najdobra-mlada-akterka-na-sterijino-pozorje-vo-novi-sad/ Mon, 03 Jun 2024 08:36:49 +0000 https://republika.mk/?p=784291

Со гордост и среќа, објавуваме дека Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, соопштија од Народен театар Битола.

Стеријината награда од Фондот „Дара Даринка Чалениќ“ за најдобра млада актерка – САНДРА ГРИБОВСКА ИЛИЕВСКА за улогите на Малата сестра, Алиса, Снежана и Марика во претставата БРОД ЗА КУКЛИ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ, Национален театар од Битола (Македонија). Одлуката е донесена едногласно.

Честититки од срце!

Селекторката на програмата на Стеријино позорје, Ана Тасиќ, за претставата „Брод за кукли“ пишува дека ансамблот на Битолскиот театар суверено го изведува стилизираното дејствие, во драмски и музички делови, во заводливи песни, во целото естетски заокружено обликување на трагичната положба на жената во апокалиптичната патријархалност.

Оваа година Народниот театар слави 80 години постоење. На 14 ноември 1944 е прикажана првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија, едночинката „Ѓоре Магаревски” од Владо Малески. Јубилејот ќе го прослави со повеќе гостувања надвор од Македонија, но НТБ ќе биде домаќин и на театри од Балканот.

The post Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на Стеријино Позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Со гордост и среќа, објавуваме дека Сандра Грибовска Илиевска е добитник на наградата за најдобра млада актерка, на штотуку завршеното 69то по ред Стеријино Позорје во Нови Сад, Србија, соопштија од Народен театар Битола.
Стеријината награда од Фондот „Дара Даринка Чалениќ“ за најдобра млада актерка – САНДРА ГРИБОВСКА ИЛИЕВСКА за улогите на Малата сестра, Алиса, Снежана и Марика во претставата БРОД ЗА КУКЛИ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ, Национален театар од Битола (Македонија). Одлуката е донесена едногласно. Честититки од срце! Селекторката на програмата на Стеријино позорје, Ана Тасиќ, за претставата „Брод за кукли“ пишува дека ансамблот на Битолскиот театар суверено го изведува стилизираното дејствие, во драмски и музички делови, во заводливи песни, во целото естетски заокружено обликување на трагичната положба на жената во апокалиптичната патријархалност.
  Оваа година Народниот театар слави 80 години постоење. На 14 ноември 1944 е прикажана првата театарска претстава на македонски јазик во Македонија, едночинката „Ѓоре Магаревски” од Владо Малески. Јубилејот ќе го прослави со повеќе гостувања надвор од Македонија, но НТБ ќе биде домаќин и на театри од Балканот.  

The post Сандра Грибовска Илиевска од Битолски театар ја доби наградата за најдобра млада актерка на Стеријино Позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolski-teatar-so-brod-za-kukli-ke-uchestvuva-na-steriino-pozorje/ Thu, 02 May 2024 06:55:12 +0000 https://republika.mk/?p=773204

Годинава, на 69. издание на Стериино позорје, ансамблот на Народен театар Битола ќе се натпреварува со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.

Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад.

Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

„Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки.

Во процесот на селекција д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар информира дека погледнала 70 претстави од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Унгарија и Србија, а приоритетен критериум во изборот на претставите бил нивниот уметнички квалитет, вредноста на драмскиот текст, режијата, глумата, музиката, сценографијата и костимите, а како единствен македонски претставник избран е НУ Народен театар-Битола.

Стериино позорје е еден од најначајните фестивали во регионот. На оваа престижна манифестација ќе се натпреваруваме по пауза од 33 години и повторно во силна конкуренција. Учеството на фестивалот го сметам како еден од најголемите успеси во поновата историја на Народен театар-Битола и македонскиот театар воопшто. Селекцијата што ја направи селекторката Ана Тасиќ сама по себе за нас претставува признание за нашата идеја континуирано да создаваме театар кој е жив, актуелен и говори гласно. Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ е бајка без среќен крај. Инисценции на текстот се видени неколку пати низ годините на Стериино позорје, и не се сомневам дека тоа ќе биде интересно како за публиката, така и за жирито кое ќе ја оценува нашата претстава. Се надевам на успех, истакна за МИА, Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.

The post Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје appeared first on Република.

]]>

Годинава, на 69. издание на Стериино позорје, ансамблот на Народен театар Битола ќе се натпреварува со претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. Фестивалот ќе се одржи од 26 мај до 3 јуни во Нови Сад. Во претставата играат: Сандра Грибовска Илиевска, Викторија Степановска Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска Дранговска, Валентина Грамосли, Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов. „Брод за кукли“ е приказна за една или сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија за неостварени бајки. Во процесот на селекција д-р Ана Тасиќ, театролог и театарски критичар информира дека погледнала 70 претстави од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, Унгарија и Србија, а приоритетен критериум во изборот на претставите бил нивниот уметнички квалитет, вредноста на драмскиот текст, режијата, глумата, музиката, сценографијата и костимите, а како единствен македонски претставник избран е НУ Народен театар-Битола.
Стериино позорје е еден од најначајните фестивали во регионот. На оваа престижна манифестација ќе се натпреваруваме по пауза од 33 години и повторно во силна конкуренција. Учеството на фестивалот го сметам како еден од најголемите успеси во поновата историја на Народен театар-Битола и македонскиот театар воопшто. Селекцијата што ја направи селекторката Ана Тасиќ сама по себе за нас претставува признание за нашата идеја континуирано да создаваме театар кој е жив, актуелен и говори гласно. Претставата „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ е бајка без среќен крај. Инисценции на текстот се видени неколку пати низ годините на Стериино позорје, и не се сомневам дека тоа ќе биде интересно како за публиката, така и за жирито кое ќе ја оценува нашата претстава. Се надевам на успех, истакна за МИА, Иван Јерчиќ, директор на НУ Народен театар-Битола.
 
The post Битолски театар со „Брод за кукли“ ќе учествува на Стериино позорје appeared first on Република.

]]>
„На дното“ на Ќендрим Ријани вечерва премиерно во Народен театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/na-dnoto-na-kendrim-rijani-vecherva-premierno-vo-naroden-teatar-bitola/ Tue, 16 Apr 2024 08:18:24 +0000 https://republika.mk/?p=766571

Народен театар Битола вечерва во 20 часот ќе ја има својата трета премиера за оваа година. Се работи за претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, а по текст на Максим Горки.

Во претставата играат: Никола Пројчевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Стефан Спировски, Елена Моше, Марија Стефановска, Сандра Грибовска-Илиевска, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, Маја Андоновска-Илијевски, Соња Ошавкова, Анастазиа Христовска и Александар Димитровски.

Ќендрим Ријани е еден од најпрогресивните театарски режисери на овие простори. Тој ја режираше претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт во 2022, која на Битолскиот театар му донесе пет награди на 56. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп.

Инаку, сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е здолжен Андреј Папаз Ѓорѓиевски, а за музиката Александар Димовски.

The post „На дното“ на Ќендрим Ријани вечерва премиерно во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>

Народен театар Битола вечерва во 20 часот ќе ја има својата трета премиера за оваа година. Се работи за претставата „На дното“ во режија на Ќендрим Ријани, а по текст на Максим Горки. Во претставата играат: Никола Пројчевски, Илина Чоревска, Викторија Степановска-Јанкуловска, Александар Стефановски, Иван Јерчиќ, Никола Стефанов, Стефан Спировски, Елена Моше, Марија Стефановска, Сандра Грибовска-Илиевска, Мартин Мирчевски, Валентина Грамосли, Маја Андоновска-Илијевски, Соња Ошавкова, Анастазиа Христовска и Александар Димитровски. Ќендрим Ријани е еден од најпрогресивните театарски режисери на овие простори. Тој ја режираше претставата „Артуро Уи“ од Бертолд Брехт во 2022, која на Битолскиот театар му донесе пет награди на 56. издание на фестивалот „Војдан Чернодрински” во Прилеп. Инаку, сценографијата е на Валентин Светозарев, за костимите е здолжен Андреј Папаз Ѓорѓиевски, а за музиката Александар Димовски.  

The post „На дното“ на Ќендрим Ријани вечерва премиерно во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>
Народен театар Битола со претставата „Кислород“ гостува во Рума https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-so-pretstavata-kislorod-gostuva-vo-ruma/ Fri, 29 Mar 2024 08:03:39 +0000 https://republika.mk/?p=759979

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ.

Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија.

Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност.

Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума.

The post Народен театар Битола со претставата „Кислород“ гостува во Рума appeared first on Република.

]]>

Актерите на НУ Народен театар-Битола, Викторија Степановска Јанкуловска и Никола Стефанов вечер во Рума, Србија на тамошниот меѓународен театарски фестивал ќе ја одиграат претставата „Кислород“ во режија на Иван Јерчиќ. Фестивалот е со натпреварувачки карактер и освен македонските актери во конкуренција се и актери на театри од Унгарија, Романија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и домаќинот Србија. Театарската претстава „Кислород“ е фокусирана на проблемите во животот, потребата на човекот да живее, или како што велат битолските актери, да се живее живот полн со љубов, среќа, емпатија и солидарност. Претставата „Кислород“ почнува во 21 часот и ќе се одигра на сцената на Градски театар во Рума.

The post Народен театар Битола со претставата „Кислород“ гостува во Рума appeared first on Република.

]]>
Битолскиот театар ќе учествува на Стеријино позорје во Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/bitolskiot-teatar-ke-uchestvuva-na-sterijino-pozorje-vo-novi-sad/ Tue, 26 Mar 2024 14:04:19 +0000 https://republika.mk/?p=758988

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е избран, и ќе учествува во официјалната конкуренција за награди на меѓународниот театарски фестивал Стеријино позорје во Нови Сад.

Македонските актери, на 69. фестивалско издание во Нови Сад ќе ја одиграат претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ.

Драмскиот текст „Брод за кукли“ на фестивалот Стеријино позорје досега бил два пати изведуван. На сцената во Нови Сад оваа претстава ја играле актерите на Српски народен театар (Српско народно позориште) и Словенечко народно гледалиште (СНГ-Љубљана), а оваа година за прв пат со „Брод за кукли“ ќе настапат македонски актери, информираа за МИА од НУ Народен театар-Битола.

Годинешното Стеријино позорје во Нови Сад ќе се почне на 26 мај и ќе заврши на 3 јуни.

The post Битолскиот театар ќе учествува на Стеријино позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е избран, и ќе учествува во официјалната конкуренција за награди на меѓународниот театарски фестивал Стеријино позорје во Нови Сад. Македонските актери, на 69. фестивалско издание во Нови Сад ќе ја одиграат претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ во режија на Кокан Младеновиќ. Драмскиот текст „Брод за кукли“ на фестивалот Стеријино позорје досега бил два пати изведуван. На сцената во Нови Сад оваа претстава ја играле актерите на Српски народен театар (Српско народно позориште) и Словенечко народно гледалиште (СНГ-Љубљана), а оваа година за прв пат со „Брод за кукли“ ќе настапат македонски актери, информираа за МИА од НУ Народен театар-Битола. Годинешното Стеријино позорје во Нови Сад ќе се почне на 26 мај и ќе заврши на 3 јуни.

The post Битолскиот театар ќе учествува на Стеријино позорје во Нови Сад appeared first on Република.

]]>
„Брод за кукли“ на Кокан Младеновиќ вечерва премиерно во Народенн театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/brod-za-kukli-na-kokan-mladenovik-vecherva-premierno-vo-narodenn-teatar-bitola/ Mon, 05 Jun 2023 07:22:09 +0000 https://republika.mk/?p=647838

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ.

„Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот Младеновиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.

Сите ние сме во позиција да го преиспитаме нашето живеење, и малкумина од нас сме задоволни од сопствениот живот. Тие бајки без среќен крај го одбележуваат животот на луѓето на овие простори, тука каде што ние живееме, каде сѐ се случи по распадот на земјата, со распадот на економскиот и политичкиот систем и создаде нервозни, гладни и понижени луѓе кои живеат несреќен живот. Таа потрага по смислата на сопствениот живот во серии на неоствареност е нешто што ја прави величенствена оваа поезија на Милена Марковиќ, како литературно така и како сценско дело, посочи Младеновиќ.

„Брод за кукли“ – во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип. Во претставата ќе настапат актерките Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

The post „Брод за кукли“ на Кокан Младеновиќ вечерва премиерно во Народенн театар Битола appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја изведе претставата „Брод за кукли“ од Милена Марковиќ, во режија на Кокан Младеновиќ. „Брод за кукли“ на Милена Марковиќ е приказна за една или за сите женски судбини, или за сите човечки судбини – како една жена го доживува својот живот како серија на неостварени бајки, вели режисерот Младеновиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.
Сите ние сме во позиција да го преиспитаме нашето живеење, и малкумина од нас сме задоволни од сопствениот живот. Тие бајки без среќен крај го одбележуваат животот на луѓето на овие простори, тука каде што ние живееме, каде сѐ се случи по распадот на земјата, со распадот на економскиот и политичкиот систем и создаде нервозни, гладни и понижени луѓе кои живеат несреќен живот. Таа потрага по смислата на сопствениот живот во серии на неоствареност е нешто што ја прави величенствена оваа поезија на Милена Марковиќ, како литературно така и како сценско дело, посочи Младеновиќ.
„Брод за кукли“ – во седум заплети и седум различни амбиенти се однесува на седумте инкарнации на хероината и седумте метаморфози на нејзиниот пасивен женски принцип. Во претставата ќе настапат актерките Сандра Грибовска – Илиевска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска, Валентина Грамосли и актерите Петар Спировски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Марјан Георгиевски, Филип Мирчевски, Живко Борисовски, Огнен Дранговски, Петар Горко и Никола Стефанов.

The post „Брод за кукли“ на Кокан Младеновиќ вечерва премиерно во Народенн театар Битола appeared first on Република.

]]>
Во Битола премиера на театарската претстава „На отворено море“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitola-premiera-na-teatarskata-pretstava-na-otvoreno-more/ Sat, 11 Mar 2023 17:14:21 +0000 https://republika.mk/?p=618553

Актери на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата „На отворено море“ работена според текст на Славомир Мрожек, пиеса кој датира од 1961 година.

Режисер на првата годинашна премира на Битолскиот театар е Благој Мицевски, а драматург Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес!?

На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите, нагласи Павловиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.

Во претставата „На отворено море“, поддржана од Министерството за култура настапуваат актерите Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.

The post Во Битола премиера на театарската претстава „На отворено море“ appeared first on Република.

]]>

Актери на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена премиерно ќе ја одиграат претставата „На отворено море“ работена според текст на Славомир Мрожек, пиеса кој датира од 1961 година. Режисер на првата годинашна премира на Битолскиот театар е Благој Мицевски, а драматург Оливера Павловиќ, која во претставата отворено го поставува прашањето за тоа каде е човештвото денес!?
На истото море, кое премина во океан од настани за кои веќе нема коментар, нема критериум според кој ќе бидат верификувани, најмалку политички метод за утврдување на нивниот човечен карактер, односно достоинство дека се резултат на човечка култура и цивилизација. Нашата денешна животна реалност ја премина секоја апсурдност на драмските дејствија во пиесите на апсурдите, нагласи Павловиќ во пресрет на вечерашната премиера во Битола.
Во претставата „На отворено море“, поддржана од Министерството за култура настапуваат актерите Марјан Ѓоргиевски, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Васко Мавровски и Петар Спировски.  

The post Во Битола премиера на театарската претстава „На отворено море“ appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Татко на татковината“ во Народниот театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-tatko-na-tatkovinata-vo-narodniot-teatar-bitola/ Wed, 21 Dec 2022 08:33:03 +0000 https://republika.mk/?p=588228

Вечерва на сцената на Народен театар Битола премиерно ќе биде прикажана претставата „Татко на татковината“, која е адаптација на „Кралот Иби“ од Алфред Жари, во режија на Иван Пеновиќ.

Главната улога ја толкува Никола Пројчевски, а уште играат и Викторија Степановска-Јанкуловска, Мартин Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска-Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.

Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата – на Благој Мицевски, музиката е на Филип Триплат и Карло Мркша, а преводот од хрватски јазик го направи Сузана Брезовец.

„Татко на татковината” е адаптација на култната драма на Алфред Жари, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиски програм, кој пак е поставен на театарските штици. Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет.

The post Премиера на „Татко на татковината“ во Народниот театар Битола appeared first on Република.

]]>

Вечерва на сцената на Народен театар Битола премиерно ќе биде прикажана претставата „Татко на татковината“, која е адаптација на „Кралот Иби“ од Алфред Жари, во режија на Иван Пеновиќ. Главната улога ја толкува Никола Пројчевски, а уште играат и Викторија Степановска-Јанкуловска, Мартин Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска-Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата – на Благој Мицевски, музиката е на Филип Триплат и Карло Мркша, а преводот од хрватски јазик го направи Сузана Брезовец. „Татко на татковината” е адаптација на култната драма на Алфред Жари, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиски програм, кој пак е поставен на театарските штици. Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет.

The post Премиера на „Татко на татковината“ во Народниот театар Битола appeared first on Република.

]]>
„Татко на татковината“ – премиера во Народениот театар – Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tatko-na-tatkovinata-premiera-vo-narodeniot-teatar-bitola/ Mon, 19 Dec 2022 12:08:16 +0000 https://republika.mk/?p=587613

„Татко на татковината“ е новата премиера во Народниот театар - Битола која ќе се случи на 21 декември во 20 часот. Автор и режисер е Иван Пеновиќ.

Во претставата играат: Никола Пројчевски, Викторија Степановска - Јанкуловска, Мартина Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска - Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.

„Татко на татковината" е адаптација на култната драма на Алфред Жари, Кралот Иби, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиска програма, која пак е поставена на театарските штици.

Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет.

Сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски.

The post „Татко на татковината“ – премиера во Народениот театар – Битола appeared first on Република.

]]>

„Татко на татковината“ е новата премиера во Народниот театар - Битола која ќе се случи на 21 декември во 20 часот. Автор и режисер е Иван Пеновиќ. Во претставата играат: Никола Пројчевски, Викторија Степановска - Јанкуловска, Мартина Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска - Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ. „Татко на татковината" е адаптација на култната драма на Алфред Жари, Кралот Иби, која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиска програма, која пак е поставена на театарските штици. Оваа претстава во претстава ги доведува во судар двата света, оној отворено фиктивниот и оној што се преправа дека не е тоа. Во таа хаотична средба гледаме приказна што речиси со детски јазик ги отвора прашањата за идентитетот, како индивидуалниот, така и колективниот. Мама и Тато Иби го покренуваат дејствието во оваа претстава преку незаситното барање внимание, поставувајќи го чувството за припадност како основа во формирањето цврст идентитет. Сценограф е Валентин Светозарев, а костимограф Благој Мицевски.

The post „Татко на татковината“ – премиера во Народениот театар – Битола appeared first on Република.

]]>
Народен театар Битола го прослави 78-от роденден https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-go-proslavi-78-ot-rodenden/ Tue, 15 Nov 2022 14:32:57 +0000 https://republika.mk/?p=574105

Вечерва пред преполната сала на Народниот театар во Битола, на големата сцена „Благој Стефановски – Баге“ скоро цел ансамбл на театарот го изведе перформансот „За нашиот театар“ во чест на 78-от роденден на Театарот.

The post Народен театар Битола го прослави 78-от роденден appeared first on Република.

Народен театар Битола гостува на Фестивал во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-teatar-bitola-gostuva-na-festival-vo-blagoevgrad/ Wed, 26 Oct 2022 10:12:54 +0000 https://republika.mk/?p=565817

Актери на НУ Народен театар-Битола отпатуваа во Бугарија каде утревечер ќе настапат на Балкански театарски фестивал во Благоевград.

Од секторот за односи со јавност на битолскиот театар информираат дека на Фестивал во Благоевград ќе биде изведена претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ.

-Домаќини и организатори на фестивалот се Драмски театар „Никола Вапцаров“, Општина Благоевград и Министерството за култура на Бугарија. Фестивалската програма вклучува 8 претсави од Бугарија, Косово и Македонија, посочуваат од НУ Народен театар-Битола.

Во дуодрамата ,,Кислород“ утревечер пред фестивалската публика во Благоевград, ќе настапат Викторија Степановска-Јанкуловска и Никола Стефанов.

The post Народен театар Битола гостува на Фестивал во Благоевград appeared first on Република.

]]>

Актери на НУ Народен театар-Битола отпатуваа во Бугарија каде утревечер ќе настапат на Балкански театарски фестивал во Благоевград. Од секторот за односи со јавност на битолскиот театар информираат дека на Фестивал во Благоевград ќе биде изведена претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ. -Домаќини и организатори на фестивалот се Драмски театар „Никола Вапцаров“, Општина Благоевград и Министерството за култура на Бугарија. Фестивалската програма вклучува 8 претсави од Бугарија, Косово и Македонија, посочуваат од НУ Народен театар-Битола. Во дуодрамата ,,Кислород“ утревечер пред фестивалската публика во Благоевград, ќе настапат Викторија Степановска-Јанкуловска и Никола Стефанов.  

The post Народен театар Битола гостува на Фестивал во Благоевград appeared first on Република.

]]>
My name is MEDEJA премиерно во Народен театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/my-name-is-medeja-premierno-vo-naroden-teatar-bitola/ Wed, 28 Sep 2022 07:50:13 +0000 https://republika.mk/?p=555068

Ансамблот на Народниот театар од Битола вечерва ќе ја изведе премиерата на претставата „ My name is Medeja “. Режијата е на Словенецот Себастијан Хорват , кој важи за исклучително активен и наградуван автор. Претставата е работена во драматизација на Милан Рамшак Марковиќ од Србија.

„My name is Medeja“, e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, вели драматургот Рамшак Марковиќ.

Во претставата настапуваат : Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска – Дранговска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Иван Јерчиќ , Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Анастазија Христовска, Никола Стефанов и Кристијан Танчевски.

Музика за претставата компонираше Драго Ивануша, сценограф е Валентин Светозарев, костимографијата ја потпишува Андреј Ѓоргиевски, а светло – мајстор е Игор Мицевски.

The post My name is MEDEJA премиерно во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на Народниот театар од Битола вечерва ќе ја изведе премиерата на претставата „ My name is Medeja “. Режијата е на Словенецот Себастијан Хорват , кој важи за исклучително активен и наградуван автор. Претставата е работена во драматизација на Милан Рамшак Марковиќ од Србија.
„My name is Medeja“, e претстава за женската моќ. Главната хероина, економска мигрантка од Балканот која заминала во Швајцарија, е вклештена помеѓу немилосрдната и безлична бирократија, од една страна, и расипаноста на поранешниот маж, од друга. Медеја се бори, но секој чекор што ќе го направи како да ја турка сѐ подлабоко кон дното и соочувањето со поразот. Во моментот на целосна немоќ, таа сепак пронаоѓа надеж, но надвор од координатите во кои се движела дотогаш (митска омнипотенција/тотална немоќ) – откривајќи дека вистинската сила секогаш се наоѓа во односот со другите. Твојата болка не е само твоја, исто како што и твојата борба не е само твоја, вели драматургот Рамшак Марковиќ.
Во претставата настапуваат : Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Катерина Аневска – Дранговска, Викторија Степановска – Јанкуловска, Јулијана Мирчевска – Мавровска, Иван Јерчиќ , Здравко Стојмиров, Соња Михајлова, Васко Мавровски, Сандра Грибовска – Илиевска, Анастазија Христовска, Никола Стефанов и Кристијан Танчевски. Музика за претставата компонираше Драго Ивануша, сценограф е Валентин Светозарев, костимографијата ја потпишува Андреј Ѓоргиевски, а светло – мајстор е Игор Мицевски.  

The post My name is MEDEJA премиерно во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>
Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ovacii-za-naroden-teatar-bitola-na-evropskiot-festival-vo-temishvar/ Tue, 24 May 2022 11:28:36 +0000 https://republika.mk/?p=506373

Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан.

Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика.

На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство.

The post Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар appeared first on Република.

]]>

Со долготраен аплауз и овации, синоќа во романскиот град Темишвар е награден ансамблот на НУ Народен театар-Битола чии актери ја изведоа претставата History of motherfuckers по Кориолан од Вилијам Шекспир во режија на Андраш Урбан. Од НУ Народен теара-Битола информираат дека битолските актери Иван Јерчиќ, Соња Михајлова, Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска и Николче Пројчевски, по завршувањето на претставата невообичаено долго останале на сцената поздравени од домашната публика. На регионалниот театарски европски фестивал во Темишвар годинава настапуваат ансамбли и театарски групи од Романија, Унгарија, Босна и Херцеговина, Данска, Франција, Хрватска и Србија, а македонскската театарска сцена ја претставува НУ Народен театар-Битола со претставата која е одиграна на повеќе сцени во земјава и странство.  

The post Овации за Народен театар Битола на европскиот фестивал во Темишвар appeared first on Република.

]]>
Народниот театар од Битола вечерва гостува во Темишвар, Романија на еден од најголемите театарски фестивали “TESZT” https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/narodniot-teatar-od-bitola-vecherva-gostuva-vo-temishvar-romanija-na-eden-od-najgolemite-teatarski-festivali-teszt/ Mon, 23 May 2022 13:55:23 +0000 https://republika.mk/?p=506040

Народниот театар од Битола вечерва гостува во Темишвар, Романија на еден од најголемите еврорегионални театарски фестивали "TESZT" кој се одржува од 2008 година.

Претставата "HISTORY OF MOTHERFUCKERS" својата премиера во Битола ја имаше на 17 и 18 јуни 2021 година, имаше и многубројни гостувања во земјата, а и надвор од неа како на пример: гостувањето на Шекспир фестивал во Чортановци-Србија (13.07.2021) , Охридско лето (16.07.2021) , Шишков Фестивал во Струмица (08.09.2021), Интерфест Фестивал на класична музика (02.10.2021), МОТ Скопје (19.11.2021), гостувањето во Суботица - Србија на Desire Central station Festival (25.11.22021) , сега отпатува и на фестивалот "TESZT" во Темишвар, Романија.

"TESZT" е еден од најважните проекти на унгарскиот државен театар "Csiky Gergely".

Настанот е меѓународен и има за цел да го промовира знаењето за мултикултурализмот, да ја информира јавноста за најновиот театар за драматургија во регионот. Фестивалот работи како платформа за културни размени и како покана за дијалог со уметниците и другите специјалисти во областа.

Во претставата играат: Иван Јерчиќ , Соња Михајлова ,Викторија Степановска- Јанкуловска, Сандра Грибовска, Николче Пројчевски, додека во музичкиот дел од претставата играат Александар Димовски и Славчо Јовев.
Режисер на претстава е добро познатиот Андраш Урбан.
Текст: Ведрана Божиновиќ
По Кориолан од Вилијам Шекспир
Останатиот дел од екипата која сето ова го изработи за да биде токму онака како што беше замислено е следнава:
Сценограф: Валентин Светозарев
Костимограф: Благој Мицевски
Композитор: Ирена Поповиќ Драговиќ
Тон- мајстор: Николче Терзиевски
Светло – мајстор: Горан Петровски

Претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. Претставата е борба. Хумана Борба. Никој не го сака Кориолан . Ни Шекспировата драма ни ликот. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се сложуваме со сė што кажува. Но едно е сигурно. Тој не е ние. Тој за нас кажува она што ние за себе не смееме. Да е дипломат, да умее и да сака да ја користи слатката, нежна лага која е предуслов за демократската заедница, ние не би ни зборувале за него. Лагата не е ни слатка ни нежна. Лагата е крвава и немилосрдна. Додека вистината и искреноста сепак се предуслов за вистинска уметност. Дури и кога лажеме поминуваме низ пеколот на искреноста за едно уметничкото дело да го претвориме во стварност. Барем во онаа уметност за која вреди да се зборува.

Во историјата секогаш зборуваме за разни motherfuckers кои биле грди, глупави, зли, кои некако ја зезнале работата и не спречиле да уживаме во крајно совршено опшество полно добрина, благосостојба, слобода, сигурност и вечно победнички војни. Народот, граѓаните секогаш се само лик без можност да одговараат. Тој нејасен поим како некаков апстрахиран октопод никогаш не значи збир на поеднинци. Како да не е идивидуата таа која го пополнува гласачкото ливче, како да не е таа која го става во гласачката кутија. Народот не е одговорен. Како да не е народот тој што ги бира сите оние кои ги мразиме и ги сметаме одговорни за сė .

Народот се одрекува од одговорноста бидејќи со помош на гласачкото ливче му ја предава на некој поединец. Барем на четири години. А истиот тој народ за себе говори дека е изманипулирана маса. Мнозинството е закон. Sexy motherfucker. А истото тоа мнозинство никако да изговори дека иако не се согласува со мислењето на дугите е подготвено да загине само за тие да можат да го кажат тоа.

Нема врска дали тоа некогаш и било кажано. Лагата е слатка. Вистинита. А слободата боли. А власта се брани по секоја цена!, вели режисерот Андраш Урбан.

The post Народниот театар од Битола вечерва гостува во Темишвар, Романија на еден од најголемите театарски фестивали “TESZT” appeared first on Република.

„Малиџано“-најнова премиера на НУ Народен театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/malidzano-najnova-premiera-na-nu-naroden-teatar-bitola/ Sun, 13 Mar 2022 11:17:35 +0000 https://republika.mk/?p=472039

НУ Народен театар Битола ја најави најновата премиера за 21 март. Станува збор за претставата „Малиџано“- авторски проект на нашата Софија Ристевска, која е и во улогата на режисер.

Текст и документарни материјали: Билјана Крајчевска. Во останатите улоги: Маја Андоновска Илијевски, Никола Пројчевски, Катерина Аневска Дранговска, Соња Ошавкова, Никола Стефанов, Анастазиа Христовска, Живко Борисовски и Валентин Дамчевски.

The post „Малиџано“-најнова премиера на НУ Народен театар Битола appeared first on Република.

Во битолскиот театар вечер премиера на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/vo-bitolskiot-teatar-vecher-premiera-na-pretstavata-demoni-od-lars-noren-vo-rezija-na-vasil-hristov/ Fri, 25 Feb 2022 11:39:18 +0000 https://republika.mk/?p=463778

Актери од НУ Народен театар-Битола вечер на сцената со ротација ќе ја изведат првата годинешна премиера, претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов.

Во „Демони“ настапуваат актерката Илина Чоревска, актерот Огнен Дранговски, актерката Марија Стефанова и актерот Здравко Стојмиров кои на публиката и нудат интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни, но поврзани во несреќата и неможноста да љубат.

Претставата „Демони“ е прва изведба на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски.

Ансамблот на НУ Народен театар-Битола веднаш по вечерашната премиера почнува со подготовки за гостување во соседна Србија, во Нови Сад каде пред тамошната публика ќе ја одиграат претставата „Бакхи, краток преглед на распадот“.

The post Во битолскиот театар вечер премиера на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов appeared first on Република.

]]>

Актери од НУ Народен театар-Битола вечер на сцената со ротација ќе ја изведат првата годинешна премиера, претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов. Во „Демони“ настапуваат актерката Илина Чоревска, актерот Огнен Дранговски, актерката Марија Стефанова и актерот Здравко Стојмиров кои на публиката и нудат интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни, но поврзани во несреќата и неможноста да љубат. Претставата „Демони“ е прва изведба на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола. Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски. Ансамблот на НУ Народен театар-Битола веднаш по вечерашната премиера почнува со подготовки за гостување во соседна Србија, во Нови Сад каде пред тамошната публика ќе ја одиграат претставата „Бакхи, краток преглед на распадот“.

The post Во битолскиот театар вечер премиера на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов appeared first on Република.

]]>
Премиера на „Демони“ во режија на Васил Христов во Народен театар Битола https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/premiera-na-demoni-vo-rezija-na-vasil-hristov-vo-naroden-teatar-bitola/ Thu, 24 Feb 2022 08:28:40 +0000 https://republika.mk/?p=462850

В сабота (20 часот) на цената на Народен театар Битола е закажана премиерата на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов.

Во „Демони“ улогата на Катарина ја толкува актерката Илина Чоревска, улогата на Френк ја толкува актерот Огнен Дранговски, а на сцената под ротација во битолскиот театар ќе настапат и актерите Марија Стефанова и Здравко Стојмиров.

Претставата „Демони“ е интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни но поврзани во несреќата, траумата, неможноста да љубат…Првата премиера во новата театарска сезона всушност е и прва изведба на „Демони“ на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски.

The post Премиера на „Демони“ во режија на Васил Христов во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>

В сабота (20 часот) на цената на Народен театар Битола е закажана премиерата на претставата „Демони“ од Ларс Норен во режија на Васил Христов. Во „Демони“ улогата на Катарина ја толкува актерката Илина Чоревска, улогата на Френк ја толкува актерот Огнен Дранговски, а на сцената под ротација во битолскиот театар ќе настапат и актерите Марија Стефанова и Здравко Стојмиров.
Претставата „Демони“ е интимна модерна анти-бајка за две двојки, навидум сосема различни но поврзани во несреќата, траумата, неможноста да љубат…Првата премиера во новата театарска сезона всушност е и прва изведба на „Демони“ на македонската театарска сцена, информираа од НУ Народен театар-Битола.
Делото на Ларс Норен „Демони“ за премиерната претстава на НУ Народен театар-Битола, превод од англиски на македонски јазик направи Снежана Плушковска, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, а костимите, Андреј Ѓоргиевски.  

The post Премиера на „Демони“ во режија на Васил Христов во Народен театар Битола appeared first on Република.

]]>
Ковид го откажа гостувањето на Битолскиот театар во Белград и Нови Сад https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kovid-go-otkaza-gostuvanjeto-na-bitolskiot-teatar-vo-belgrad-i-novi-sad/ Fri, 28 Jan 2022 09:32:12 +0000 https://republika.mk/?p=450591

Ансамблот на НУ Народен театар во Битола вечер нема да настапи на „Игорови денови – Омаж за Игор Вук Торбица“ во Белград, ниту утревечер во Српскиот народен театар (Српско народно позориште) во Нови Сад, а претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ е откажана.

Актуелната ковид пандемија, влошената епидемиолошка состојба во соседна Србија и изолацијата на два битолски актери влијаеја менаџментот на НУ Народен театар во Битола да донесе одлука со која се одлага гостувањето на сцените во Белград и Нови Сад.

Во Белград во тек е манифестацијата „Игорови денови-Омаж за Игор Вук Торбица“, културен настан на кој театри од повеќе држави настапуваат со претстави чиј режисер бил Игор Вук Торбица. За жал заради влошената епидемиолошка состојба во соседна Србија и изолација на два наши актери, одлучивме да не гостуваме во Белград. Претставата закажана за вечерва во 19 часот на големата сцена на тамошниот театар е откажана, како и претставата што требаше да ја одиграме утревечер во Нови Сад, информираа од НУ Народен театар-Битола.

Како што е познато, еден од најдобрите балкански театарски режисери Игор Вук Торбица, почина во 2020 година на 33 годишна возраст. Со битолскиот театар тој соработуваше во 2019 година кога премиерно беше изведена претставата „Бакхи – краток преглед на распадот“ и со која ансамблот од овој град освои повеќе награди, меѓу кои наградата за најдобра претстава во целина и за најдобра режија, на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што во 2019 година се одржа во Прилеп.

The post Ковид го откажа гостувањето на Битолскиот театар во Белград и Нови Сад appeared first on Република.

]]>

Ансамблот на НУ Народен театар во Битола вечер нема да настапи на „Игорови денови – Омаж за Игор Вук Торбица“ во Белград, ниту утревечер во Српскиот народен театар (Српско народно позориште) во Нови Сад, а претставата „Бакхи-краток преглед на распадот“ е откажана. Актуелната ковид пандемија, влошената епидемиолошка состојба во соседна Србија и изолацијата на два битолски актери влијаеја менаџментот на НУ Народен театар во Битола да донесе одлука со која се одлага гостувањето на сцените во Белград и Нови Сад.