Народен непријател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naroden-neprijatel/ За подобро да се разбереме Mon, 04 Nov 2024 11:12:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Народен непријател Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naroden-neprijatel/ 32 32 МНТ со претставата на Нина Николиќ „Народен непријател“ учествува на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-pretstavata-na-nina-nikolik-naroden-neprijatel-uchestvuva-na-balkanskiot-teatarski-festival-vo-blagoevgrad/ Mon, 04 Nov 2024 11:12:25 +0000 https://republika.mk/?p=833965

По учеството на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар повторно со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на третиот Балкански театарски фестивал во Благоевград, Бугарија.

Оваа година драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград ги селектираше најдобрите претстави од Балканот, меѓу кои е и нашата претстава „Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Претставата ќе се одигра на 5 ноември, а програмата од 1 до 7 ноември оваа есен е насочена кон извонредни театарски достигнувања и вклучува и претстави од: Романија, Србија, Бугарија и Словенија.

Балканскиот театарски фестивал е еден од најголемите настани во културниот календар на Благоевград и има сериозни предуслови да стане водечки меѓународен културен форум на Балканот. Традиционално, фестивалот вклучува и програма со размена на проекти на млади режисери, изложби, концерти и дигитални инсталации.

The post МНТ со претставата на Нина Николиќ „Народен непријател“ учествува на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград appeared first on Република.

]]>

По учеството на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ во Босна и Херцеговина, Македонскиот народен театар повторно со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на третиот Балкански театарски фестивал во Благоевград, Бугарија.

Оваа година драмскиот театар „Никола Вапцаров“ од Благоевград ги селектираше најдобрите претстави од Балканот, меѓу кои е и нашата претстава „Народен непријател“, во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Претставата ќе се одигра на 5 ноември, а програмата од 1 до 7 ноември оваа есен е насочена кон извонредни театарски достигнувања и вклучува и претстави од: Романија, Србија, Бугарија и Словенија.

Балканскиот театарски фестивал е еден од најголемите настани во културниот календар на Благоевград и има сериозни предуслови да стане водечки меѓународен културен форум на Балканот. Традиционално, фестивалот вклучува и програма со размена на проекти на млади режисери, изложби, концерти и дигитални инсталации.

The post МНТ со претставата на Нина Николиќ „Народен непријател“ учествува на Балканскиот театарски фестивал во Благоевград appeared first on Република.

]]>
МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-naroden-neprijatel-uchestvuva-na-internatsionalnite-teatarski-sredbi-brchko-distrikt/ Mon, 21 Oct 2024 08:50:25 +0000 https://republika.mk/?p=829329

Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ.

Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.

 

The post МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ. Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.  

The post МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ денеска во Македонскиот народен театар https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-deneska-vo-makedonskiot-naroden-teatar/ Tue, 13 Feb 2024 09:36:15 +0000 https://republika.mk/?p=743528

Во вторник, на 13 февруари 2024 година, во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете тетатарската претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.

Драматург: Тамара Барачков
Преведувач на драмскиот текст: Маја Трајановска-Ивановска
Сценограф: Вишња Вујовиќ
Костимограф: Ивана Каранфиловска-Угуровска
Дизајнер на светло: Крис Јегер
Композитор: Јоргос Дусос
Кореограф: Карис Пекливанидис

 

Улоги:
д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања – Никола Ристановски
Катарина, неговата сопруга – Звездана Ангеловска
Петра (нивната ќерка), наставничка – Дарја Ризова
Ејла, нивната средна ќерка – Јана Вељановска
Мортине, нивната најмала ќерка – Ана Арсовска/Лана Грпчевски
Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата – Благој Веселинов
Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар – Петре Арсовски
Ховстад, уредничка на „Народен гласник“ – Сашка Димитровска
Билинг, соработник на „Народен гласник“ – Александар Михајловски/Григор Јовановски
Аслаксен, сопственик на печатница – Нино Леви
Капетан Хорстер – Мартин Ѓоргоски/Григор Јовановски

Да се каже денес дека некој класик на драмската литература е актуелен, звучи општо кажано. Но, кога ќе го погледнеме драмскиот текст на Хенрик Ибзен „Народен непријател“ (напишан во 1882 година) фасцинантно е колку допирни точки гледаме меѓу општеството во кое живееме и она кое се врти против доктор Стокман.
Во случајот, во оваа претстава актуализацијата, пред сѐ, подразбира изострување на контекстот од каде што ја читаме драмата, без посебни интервенции во самиот текст, кој најмногу останува во својата изворна форма. Драмата совршено кореспондира и со кризата со која нашето општество повторно се соочува — преку исклучувањето на доктор Стокман од заедницата, Ибзен вешто го разоткрива општествениот конформизам и политичкото користољубие, покажува механизам со кој секој поединец што прави обид да зборува за системска неправда, автоматски го карактеризира како предавнички и заговорнички.

 

Во исто време, „страдањето“ на докторот е последица на неговиот стремеж да укаже на проблемот со загадената вода, што — во светлото на локалната свест за важноста на зачувувањето на животната средина — ја прави драмата на Ибзен уште поинтригантна за читање и поставување.

„Народен непријател“ отвора и важна дилема и во актуелните еколошки борби — како да се третира нешто што од една страна е извор на загадување и зараза, а од друга, главен (честопати единствен) извор на приход за поголемиот дел од населението во тој крај? Доктор Стокман е парадигма на современиот ангажиран маж, но тој е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека моменталното жртвување е неопходно, без разлика колку е тоа болно. Можеби на почетокот несвесен за последиците и проблемите што ќе му ги донесе неговиот бескомпромисен став, и покрај ударите што му ги нанесе општеството, предводени од владејачката политичка структура и нестабилните новинари, доктор Стокман низ предизвици и падови, созрева и ги зајакнува, ги освестува и ги зацврстува своите крајни цели.

 

Големо прашање е како денес да се прочита и да се толкува крајот на претставата. Во време кога, често, системот успева да го сомеле и да го совлада поединецот, предизвик е да се направи возможен и убедлив Стокмановиот оптимизам и одлуката да остане, но подеднакво важно е и прецизно да се дефинира (следната) цел и да се конкретизира полето за понатамошната борба на овој Ибзенов херој, се вели во драматуршката белешка на Тамара Барачков, драматургот на оваа претставата.

The post „Народен непријател“ денеска во Македонскиот народен театар appeared first on Република.

]]>

Во вторник, на 13 февруари 2024 година, во Македонскиот народен театар, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја погледнете тетатарската претстава „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.
Драматург: Тамара Барачков Преведувач на драмскиот текст: Маја Трајановска-Ивановска Сценограф: Вишња Вујовиќ Костимограф: Ивана Каранфиловска-Угуровска Дизајнер на светло: Крис Јегер Композитор: Јоргос Дусос Кореограф: Карис Пекливанидис   Улоги: д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања – Никола Ристановски Катарина, неговата сопруга – Звездана Ангеловска Петра (нивната ќерка), наставничка – Дарја Ризова Ејла, нивната средна ќерка – Јана Вељановска Мортине, нивната најмала ќерка – Ана Арсовска/Лана Грпчевски Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата – Благој Веселинов Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар – Петре Арсовски Ховстад, уредничка на „Народен гласник“ – Сашка Димитровска Билинг, соработник на „Народен гласник“ – Александар Михајловски/Григор Јовановски Аслаксен, сопственик на печатница – Нино Леви Капетан Хорстер – Мартин Ѓоргоски/Григор Јовановски Да се каже денес дека некој класик на драмската литература е актуелен, звучи општо кажано. Но, кога ќе го погледнеме драмскиот текст на Хенрик Ибзен „Народен непријател“ (напишан во 1882 година) фасцинантно е колку допирни точки гледаме меѓу општеството во кое живееме и она кое се врти против доктор Стокман. Во случајот, во оваа претстава актуализацијата, пред сѐ, подразбира изострување на контекстот од каде што ја читаме драмата, без посебни интервенции во самиот текст, кој најмногу останува во својата изворна форма. Драмата совршено кореспондира и со кризата со која нашето општество повторно се соочува — преку исклучувањето на доктор Стокман од заедницата, Ибзен вешто го разоткрива општествениот конформизам и политичкото користољубие, покажува механизам со кој секој поединец што прави обид да зборува за системска неправда, автоматски го карактеризира како предавнички и заговорнички.   Во исто време, „страдањето“ на докторот е последица на неговиот стремеж да укаже на проблемот со загадената вода, што — во светлото на локалната свест за важноста на зачувувањето на животната средина — ја прави драмата на Ибзен уште поинтригантна за читање и поставување. „Народен непријател“ отвора и важна дилема и во актуелните еколошки борби — како да се третира нешто што од една страна е извор на загадување и зараза, а од друга, главен (честопати единствен) извор на приход за поголемиот дел од населението во тој крај? Доктор Стокман е парадигма на современиот ангажиран маж, но тој е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека моменталното жртвување е неопходно, без разлика колку е тоа болно. Можеби на почетокот несвесен за последиците и проблемите што ќе му ги донесе неговиот бескомпромисен став, и покрај ударите што му ги нанесе општеството, предводени од владејачката политичка структура и нестабилните новинари, доктор Стокман низ предизвици и падови, созрева и ги зајакнува, ги освестува и ги зацврстува своите крајни цели.   Големо прашање е како денес да се прочита и да се толкува крајот на претставата. Во време кога, често, системот успева да го сомеле и да го совлада поединецот, предизвик е да се направи возможен и убедлив Стокмановиот оптимизам и одлуката да остане, но подеднакво важно е и прецизно да се дефинира (следната) цел и да се конкретизира полето за понатамошната борба на овој Ибзенов херој, се вели во драматуршката белешка на Тамара Барачков, драматургот на оваа претставата.

The post „Народен непријател“ денеска во Македонскиот народен театар appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvori-megunarodniot-teatarski-festival-otelo/ Tue, 10 Oct 2023 07:52:42 +0000 https://republika.mk/?p=689701

Со изведбата на претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ) по текст на Хенрик Ибзен и во режија на Нина Николиќ, синоќа започна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.

Пред гостиварската публика во Центарот за култура „АСНОМ“ беа претставени програмата за оваа издание и жирито кое ќе ги додели наградите за најдобар актер, актерка, режисер и претстава.

Освен МНТ, годинава со свои претстави на „Отело ќе настапат и народните театри од Косово и Албанија, и три други државни театри: од Габрово (Бугарија),Тетовскиот и театарот од Лесковац (Србија).

Фестивалот продолжува вечерва со претставата „Се надевам ќе играат добро“ по текст на Луц Хибнер во продукција на драмскиот театар „Рачо Стојанов“ од Габрово (Бугарија).

Најавените претстави ќе се играат на големата сцена во центарот за култура АСНОМ, а влезот е бесплатен.

Фестивалот ќе биде затворен во недела со изведба на „Први и последни“ на Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ од Тирана (Албанија) и доделување на наградите.

The post „Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ appeared first on Република.

]]>

Со изведбата на претставата „Народен непријател“ на Македонскиот народен театар (МНТ) по текст на Хенрик Ибзен и во режија на Нина Николиќ, синоќа започна седмото издание на Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Пред гостиварската публика во Центарот за култура „АСНОМ“ беа претставени програмата за оваа издание и жирито кое ќе ги додели наградите за најдобар актер, актерка, режисер и претстава. Освен МНТ, годинава со свои претстави на „Отело ќе настапат и народните театри од Косово и Албанија, и три други државни театри: од Габрово (Бугарија),Тетовскиот и театарот од Лесковац (Србија). Фестивалот продолжува вечерва со претставата „Се надевам ќе играат добро“ по текст на Луц Хибнер во продукција на драмскиот театар „Рачо Стојанов“ од Габрово (Бугарија). Најавените претстави ќе се играат на големата сцена во центарот за култура АСНОМ, а влезот е бесплатен. Фестивалот ќе биде затворен во недела со изведба на „Први и последни“ на Народниот експериментален театар „Кујтим Спахивогли“ од Тирана (Албанија) и доделување на наградите.

The post „Народен непријател“ на МНТ го отвори Меѓународниот театарски фестивал „Отело“ appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ на МНТ го отвора фестивалот „Отело“ во Гостивар, „Бакхи: Агава“ ќе гостува на „Стоби“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-go-otvora-festivalot-otelo-vo-gostivar-bakhi-agava-ke-gostuva-na-stobi/ Fri, 06 Oct 2023 10:00:40 +0000 https://republika.mk/?p=688527

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ на 9 октомври го отвора 7. Интернационален театарски фестивал „Отело“ во Гостивар.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски.

Ден потоа, на 10 октомври во рамките на официјалната програма на 20. ИФАД „Стоби“, на сцената - „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Велес, ќе се одигра и претставата „Бакхи: Агава“.

Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат: Симона Спировска — Агава; Александар Михајловски — Пентеј, а актерите Григор Јовановски — Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови.

Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу: Перипетија продукција - Скопје, МНТ и Градски театар од Јанина, Грција.

Двете претстави се во режија на Нина Николиќ.

The post „Народен непријател“ на МНТ го отвора фестивалот „Отело“ во Гостивар, „Бакхи: Агава“ ќе гостува на „Стоби“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ на 9 октомври го отвора 7. Интернационален театарски фестивал „Отело“ во Гостивар. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Григор Јовановски. Ден потоа, на 10 октомври во рамките на официјалната програма на 20. ИФАД „Стоби“, на сцената - „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“, Велес, ќе се одигра и претставата „Бакхи: Агава“. Претставата е работена според Еврипид и Тамара Барачков, a играат: Симона Спировска — Агава; Александар Михајловски — Пентеј, а актерите Григор Јовановски — Дионис, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови. Во претставата се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Претставата е копродукциски проект меѓу: Перипетија продукција - Скопје, МНТ и Градски театар од Јанина, Грција. Двете претстави се во режија на Нина Николиќ.

The post „Народен непријател“ на МНТ го отвора фестивалот „Отело“ во Гостивар, „Бакхи: Агава“ ќе гостува на „Стоби“ appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-vecherva-gostuva-na-festival-vo-budva/ Sun, 16 Jul 2023 06:43:34 +0000 https://republika.mk/?p=661823

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, на Македонскиот народен театар гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. „Народен непријател„ ќе биде изведена вечерва во 21 часот во рамките на 37. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва.

Второто гостување е задутре, во 21.30 часот на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ во Тиват. Покрај нашата претстава, во натпреварувачката програма се уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

 

The post „Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва appeared first on Република.

]]>

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, на Македонскиот народен театар гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. „Народен непријател„ ќе биде изведена вечерва во 21 часот во рамките на 37. издание на фестивалот „Град театар“ во Будва. Второто гостување е задутре, во 21.30 часот на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ во Тиват. Покрај нашата претстава, во натпреварувачката програма се уште 8 претстави од Белград, Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит. Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.  

The post „Народен непријател“ на МНТ вечерва гостува на Фестивал во Будва appeared first on Република.

]]>
„Народен непријател“ на МНТ гостува на Фестивалите во Будва и Тиват https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/naroden-neprijatel-na-mnt-gostuva-na-festivalite-vo-budva-i-tivat/ Fri, 14 Jul 2023 07:29:15 +0000 https://republika.mk/?p=661160

Македонскиот народен театар (МНТ) во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора.

Од 5 јули до 22 август ќе се одржи 37. Фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е под слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски денови, на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а „Народен непријател“ ќе биде изведена на 16 јули.

Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата Санта Марија, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот Стањевиќи.

Второто гостување ќе се случи на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21:30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград , Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит.

Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски,

The post „Народен непријател“ на МНТ гостува на Фестивалите во Будва и Тиват appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) во јули со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, ќе гостува на два меѓународни фестивали во Црна Гора. Од 5 јули до 22 август ќе се одржи 37. Фестивал „Град театар“ во Будва, кој оваа година е под слоганот „Сила, храброст и глупост“. Во текот на 49-те фестивалски денови, на овој престижен собир на уметности ќе настапат околу 620 учесници во драмската, литературната, музичката и визуелната уметност, а „Народен непријател“ ќе биде изведена на 16 јули. Програмата е конципирана на повеќе локации: на сцената меѓу црквите, во црквата Санта Марија, Плоштадот на поетите, улиците на Стариот град, на платото пред хотелот „Авала“ и во амфитеатарот на манастирот Стањевиќи. Второто гостување ќе се случи на 18. Меѓународен театарски фестивал „Пургаторије“ – Тиват, а покрај скопската претстава, чија изведба е закажана на 18 јули на летната сцена со почеток во 21:30 часот, во натпреварувачката програма ќе учествуваат уште 8 (осум) претстави од Белград , Загреб, Нови Сад, Подгорица, Тиват и од Сплит. Во „Народен непријател“ играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски,

The post „Народен непријател“ на МНТ гостува на Фестивалите во Будва и Тиват appeared first on Република.

]]>
МНТ со со „Народен непријател“ гостува во Црна Гора и Босна и Херцеговина https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-so-naroden-neprijatel-gostuva-vo-tsrna-gora-i-bosna-i-hertsegovina/ Tue, 30 May 2023 09:25:57 +0000 https://republika.mk/?p=646058

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, за краток период по премиерата доживеа голем успех и доби повеќе признанија и награди како на домашната така и на интернационалната фестивалска сцена.

Претставата на 31 мај ќе гостува на сцената на Црногорското народно позориште, Подгорица; потоа на 2 јуни во Босанското народно позориште, Зеница, а во јули ќе се најават и други фестивалски гостувања.

The post МНТ со со „Народен непријател“ гостува во Црна Гора и Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски/Григор Јовановски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, за краток период по премиерата доживеа голем успех и доби повеќе признанија и награди како на домашната така и на интернационалната фестивалска сцена. Претставата на 31 мај ќе гостува на сцената на Црногорското народно позориште, Подгорица; потоа на 2 јуни во Босанското народно позориште, Зеница, а во јули ќе се најават и други фестивалски гостувања.

The post МНТ со со „Народен непријател“ гостува во Црна Гора и Босна и Херцеговина appeared first on Република.

]]>
МНТ со претставата „Народен непријател“ гостува во Црна Гора https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-pretstavata-naroden-neprijatel-gostuva-vo-crna-gora/ Fri, 11 Nov 2022 09:27:18 +0000 https://republika.mk/?p=572656

По фестивалското гостување во Витербо, Италија, Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ ќе учествува и на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022.

Во натпреварувачкиот дел од програмата, која ќе трае од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени шест претстави од Црна Гора и регионот: Србија, Хрватска, БиХ и Македонија.

Претставата „Народен непријател“ во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, ќе се одигра на последната натпреварувачка вечер на 12 ноември на сцената на Никшиќко позориште.

Доделувањето на наградите ќе се одржи на 13 ноември, кога фестивалот и свечено ќе биде затворен, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ во продукција на Никшиќко позориште.

Следните изведби на „Народен непријател“ се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата која работи секој работен ден и сабота од 12:00 до 20:00 часот.

The post МНТ со претставата „Народен непријател“ гостува во Црна Гора appeared first on Република.

]]>

По фестивалското гостување во Витербо, Италија, Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“ ќе учествува и на 18. Меѓународен фестивал на актерот, Никшиќ 2022. Во натпреварувачкиот дел од програмата, која ќе трае од 7 до 12 ноември, ќе бидат изведени шест претстави од Црна Гора и регионот: Србија, Хрватска, БиХ и Македонија. Претставата „Народен непријател“ во која играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска/Лана Грпчевски, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски, ќе се одигра на последната натпреварувачка вечер на 12 ноември на сцената на Никшиќко позориште. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 13 ноември, кога фестивалот и свечено ќе биде затворен, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Народен пратеник“ во продукција на Никшиќко позориште. Следните изведби на „Народен непријател“ се закажани во МНТ на 24 и 25 ноември, а билетите се достапни преку веб-страницата www.mnt.mk, како и на билетарницата која работи секој работен ден и сабота од 12:00 до 20:00 часот.

The post МНТ со претставата „Народен непријател“ гостува во Црна Гора appeared first on Република.

]]>
МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-so-naroden-neprijatel-gostuva-na-festival-vo-italija/ Sat, 05 Nov 2022 15:46:33 +0000 https://republika.mk/?p=570145

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25-тиот фестивал „Quartieri dell’Arte“ (QdA) во Италија. Претставата ќе има само една изведба на сцената во театарот во Витербо.

– Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети. QdA создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови, хибридни стратегии за пишување нови драми…, соопшти МНТ.

Фестивалот е партнер со Кралскиот национален театар – Лондон, Бург театарот – Виена, MEEC – Париз, Театарот на кралската размена – Манчестер, Народни дивадло – Прага и со Македонскиот народен театар.

 

The post МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар (МНТ) со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, ќе учествува на 25-тиот фестивал „Quartieri dell’Arte“ (QdA) во Италија. Претставата ќе има само една изведба на сцената во театарот во Витербо. – Ова е главниот италијански фестивал на новото/современо пишување. Се одржува секоја година во областа Витербо и во Рим, а предводен е од тимот на италијанските драматурзи Џан Марија Черво и Алберто Басети. QdA создава проекти кои имаат цел не само да се соочат туку и да интегрираат драмски и постдраматични елементи, како и да истражуваат и да експериментираат нови, хибридни стратегии за пишување нови драми…, соопшти МНТ. Фестивалот е партнер со Кралскиот национален театар – Лондон, Бург театарот – Виена, MEEC – Париз, Театарот на кралската размена – Манчестер, Народни дивадло – Прага и со Македонскиот народен театар.  

The post МНТ со „Народен непријател“ гостува на фестивал во Италија appeared first on Република.

]]>
Никола Ристановски добитник на наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Нов тврдина театар“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/nikola-ristanovski-dobitnik-na-nagradata-za-najdobra-mashka-uloga-na-teatarskiot-festival-nov-tvrdina-teatar/ Wed, 07 Sep 2022 08:22:36 +0000 https://republika.mk/?p=548160

Актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Никола Ристановски е добитник на наградата за најдобра машка улога на 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“ кој се одржа Нови Сад, Србија, соопштија од Националниот театар.

Ристановски е наградан за улогата на д-р Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“  од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на МНТ.

[caption id="attachment_548177" align="alignnone" width="640"] Никола Ристановскии во улогата на д-р Томас Стокман[/caption]

МНТ со „Народен непријател“ на први септември го отвори 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“, а претставата се одигра на сцената на „Српско народно позориште“ во Нови Сад, Србија. Во официјалната програма учествуваа шест претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ.

Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да му се додели на Ристановски за улогата на д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања.

Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници. Во неговата кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар.

Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

The post Никола Ристановски добитник на наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Нов тврдина театар“ appeared first on Република.

]]>

Актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Никола Ристановски е добитник на наградата за најдобра машка улога на 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“ кој се одржа Нови Сад, Србија, соопштија од Националниот театар. Ристановски е наградан за улогата на д-р Томас Стокман, во претставата „Народен непријател“  од Хенрик Ибзен, во режија на Нина Николиќ, а во продукција на МНТ. [caption id="attachment_548177" align="alignnone" width="640"] Никола Ристановскии во улогата на д-р Томас Стокман[/caption] МНТ со „Народен непријател“ на први септември го отвори 9. театарски фестивал „Нов тврдина театар“, а претставата се одигра на сцената на „Српско народно позориште“ во Нови Сад, Србија. Во официјалната програма учествуваа шест претстави од најголемите театарски куќи од регионот, а во чест на наградените, вчеравечер се одигра претставата „Љубов и вина“, во режија на уметничката директорка на фестивалот, Вида Огњеновиќ. Жири-комисијата во состав: Ласло Блашковиќ, писател (претседател на жирито), Јована Балашевиќ, актерка и Ивана Ѓуриќ Пауновиќ, литературен преведувач, едногласно одлучија наградата за најдобра машка улога да му се додели на Ристановски за улогата на д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања. Ристановски, веќе 30 години, кариерата успешно ја гради во сопствената земја, но и надвор од нејзините граници. Во неговата кариера остварил огромен број театарски, филмски и телевизиски улоги. Тој е воедно и најтрофејниот актер во историјата на македонскиот театар. Претставата „Народен непријател“ на 5 ноември ќе гостува и во Италија.

The post Никола Ристановски добитник на наградата за најдобра машка улога на Театарскиот фестивал „Нов тврдина театар“ appeared first on Република.

]]>
„Музички времеплов“ и „Народен непријател“ вечерва на Охридско лето https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/muzichki-vremeplov-i-naroden-neprijatel-vecherva-na-ohridsko-leto/ Mon, 15 Aug 2022 09:35:28 +0000 https://republika.mk/?p=540444

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва носи „Музички времеплов“ на кларинетистот Андрија Минчиќ кој ќе настапи заедно со Тадија Минчиќ на фагот и во соработка со пијанистот Никола Цветковиќ. Концертот на српските уметници ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот.

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот гостува Македонскиот народен театар (МНТ) со претствата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.

Улогите ги играат: д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања – Никола Ристановски, Катарина, неговата сопруга – Звездана Ангеловска, Петра (нивната ќерка), наставничка – Дарја Ризова, Ејла, нивната средна ќерка – Јана Вељановска, Мортине, нивната најмала ќерка – Ана Арсовска, Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата – Благој Веселинов, Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар – Петре Арсовски, Ховстад, уредничка на „Народен гласник“ – Сашка Димитровска, Билинг, соработник на „Народен гласник“ – Александар Михајловски, Аслаксен, сопственик на печатница – Нино Леви и Капетан Хорстер – Мартин Ѓоргоски.

Сценографијата во претставата е на Вишња Вујовиќ, а костимографијата на Ивана Каранфиловска-Угуровска.

Драмата „Народен непријател“ е наменета за целата публика.

Андрија Минчиќ дипломира во класата на проф. Анте Гргин, а потоа специјализира камерна музика на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш. Како солист настапува на преку 200 концерти во земјата и во странство и тоа во Шпанија, Грција, Бугарија, Швајцарија, Велика Британија, Холандија, Франција, Турција, Катар, Португалија и Канада во некои од најпознатите сали во овие земји, како што се: „Концертгебау“ во Амстердам, „Палата на музиката“ и театарот во Барселона, „Тонхале“ во Цирих, „Аудиторио“ во Мадрид и др. Носител е на стипендија доделена од градот Ниш и на повеќе градски награди од областа на културата и уметноста. Во март 2013 година ја започнува педагошката кариера како доцент на одделот за дувачки инструменти на Факултетот за уметности во Ниш каде предава кларинет и група други предмети. Како саксофонист свири повеќе различни жанрови: џез, фанк, поп, електронска музика, а член е на Нишкиот Биг Бенд оркестар и други ансамбли.

Тадија Минчиќ е роден во 1990 година во Ниш и започнува да учи фагот со проф. Мирко Исаески (ФМУ Белград) а дипломира и магистрира во класата на проф. Еберхард Маршал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен. За време на студиите добитник е на 12 први награди на различни национални и интернационални натпревари и остварува солистички настапи со Симфонискиот оркестар од Ниш и со Камерниот оркестар од Солун. Од 2021 година тој е ангажиран како прв соло- фаготист на Симфонискиот оркестар на РТС во Србија како и во Филхармонијата во Дортмунд.

Пијанистот Никола Цветковиќ дипломира и магистрира на Факултетот за уметности во Ниш во 2013 година. За време на студиите учествува на бројни натпревари во земјата. Како соло уметник и камерен музичар настапува во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Белгија, Полска, Чешка, Словенија, Португалија, Русија, Канада, Катар, Украина и Латвија. Во 2017 година со дозвола на шведскиот бенд „Кататонија“, тој го издава албумот „Цветковиќ свири Кататонија- колекција на песни за соло пијано“ по што добива одличен одзив од почитувачите на нивната музика од целиот свет.

 

The post „Музички времеплов“ и „Народен непријател“ вечерва на Охридско лето appeared first on Република.

]]>

Фестивалот „Охридско лето“ вечерва носи „Музички времеплов“ на кларинетистот Андрија Минчиќ кој ќе настапи заедно со Тадија Минчиќ на фагот и во соработка со пијанистот Никола Цветковиќ. Концертот на српските уметници ќе се одржи во црквата „Света Софија“ од 21 часот. Во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 21 часот гостува Македонскиот народен театар (МНТ) со претствата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Улогите ги играат: д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања – Никола Ристановски, Катарина, неговата сопруга – Звездана Ангеловска, Петра (нивната ќерка), наставничка – Дарја Ризова, Ејла, нивната средна ќерка – Јана Вељановска, Мортине, нивната најмала ќерка – Ана Арсовска, Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата – Благој Веселинов, Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар – Петре Арсовски, Ховстад, уредничка на „Народен гласник“ – Сашка Димитровска, Билинг, соработник на „Народен гласник“ – Александар Михајловски, Аслаксен, сопственик на печатница – Нино Леви и Капетан Хорстер – Мартин Ѓоргоски. Сценографијата во претставата е на Вишња Вујовиќ, а костимографијата на Ивана Каранфиловска-Угуровска. Драмата „Народен непријател“ е наменета за целата публика. Андрија Минчиќ дипломира во класата на проф. Анте Гргин, а потоа специјализира камерна музика на Факултетот за уметности при Универзитетот во Ниш. Како солист настапува на преку 200 концерти во земјата и во странство и тоа во Шпанија, Грција, Бугарија, Швајцарија, Велика Британија, Холандија, Франција, Турција, Катар, Португалија и Канада во некои од најпознатите сали во овие земји, како што се: „Концертгебау“ во Амстердам, „Палата на музиката“ и театарот во Барселона, „Тонхале“ во Цирих, „Аудиторио“ во Мадрид и др. Носител е на стипендија доделена од градот Ниш и на повеќе градски награди од областа на културата и уметноста. Во март 2013 година ја започнува педагошката кариера како доцент на одделот за дувачки инструменти на Факултетот за уметности во Ниш каде предава кларинет и група други предмети. Како саксофонист свири повеќе различни жанрови: џез, фанк, поп, електронска музика, а член е на Нишкиот Биг Бенд оркестар и други ансамбли. Тадија Минчиќ е роден во 1990 година во Ниш и започнува да учи фагот со проф. Мирко Исаески (ФМУ Белград) а дипломира и магистрира во класата на проф. Еберхард Маршал на Универзитетот за музика и изведувачки уметности во Минхен. За време на студиите добитник е на 12 први награди на различни национални и интернационални натпревари и остварува солистички настапи со Симфонискиот оркестар од Ниш и со Камерниот оркестар од Солун. Од 2021 година тој е ангажиран како прв соло- фаготист на Симфонискиот оркестар на РТС во Србија како и во Филхармонијата во Дортмунд. Пијанистот Никола Цветковиќ дипломира и магистрира на Факултетот за уметности во Ниш во 2013 година. За време на студиите учествува на бројни натпревари во земјата. Како соло уметник и камерен музичар настапува во Црна Гора, Босна и Херцеговина, Македонија, Белгија, Полска, Чешка, Словенија, Португалија, Русија, Канада, Катар, Украина и Латвија. Во 2017 година со дозвола на шведскиот бенд „Кататонија“, тој го издава албумот „Цветковиќ свири Кататонија- колекција на песни за соло пијано“ по што добива одличен одзив од почитувачите на нивната музика од целиот свет.  

The post „Музички времеплов“ и „Народен непријател“ вечерва на Охридско лето appeared first on Република.

]]>
МНТ вечерва со претставата „Народен непријател“ на Бит фест https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-vecherva-so-pretstavata-naroden-neprijatel-na-bit-fest/ Tue, 05 Jul 2022 08:52:13 +0000 https://republika.mk/?p=524059

Денес во рамките на Бит фест, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател“, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20.00 часот.

Оваа претстава е добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ и тоа за : наградата за уметничко остварување , наградата за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, наградата за сценографија за сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда за рекламен материјал на Димитар Димитров. Режисер на претставата е Нина Николиќ.

Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

„Народен непријател“, драмата во пет чина од Хенрик Ибзен, прв пат е објавена на 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма – „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството. На сцена, својата праизведба ја има во Кристијанија (денешен Осло), Норвешка, на 13 јануари 1883 година. Подоцна истата година е поставена во Хелсинки, Финска; Берген, Норвешка; Копенхаген, Данска и Гетеборг и Стокхолм (Шведска). Подоцна е поставена и во Берлин, Германија (1887); Берн, Швајцарија (1888); Виена, Австрија (1890); Париз, Франција (1893) и во Москва, Русија (1900). Оваа драма е и првата драма од Ибзен која е поставена во Комеди Франсез (Comédie Française), Париз, во 1921 година.

„Народен непријател“ е една од најизведуваните драми од овој автор кој се смета за „татко на модерната драма“. До денес има над 1880 премиери на различни сцени низ светот: Европа, Азија, Африка, Австралија, Северна и Јужна Америка.

The post МНТ вечерва со претставата „Народен непријател“ на Бит фест appeared first on Република.

]]>

Денес во рамките на Бит фест, ќе гостува Македонскиот народен театар со театарската претстава „Народен непријател“, која ќе се одигра на сцената на Народниот театар во Битола, со почеток од 20.00 часот. Оваа претстава е добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“ и тоа за : наградата за уметничко остварување , наградата за главна машка улога во истоимената претстава за Никола Ристановски, наградата за сценографија за сценографката Вишња Вујовиќ и четвртата награда за рекламен материјал на Димитар Димитров. Режисер на претставата е Нина Николиќ. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. „Народен непријател“, драмата во пет чина од Хенрик Ибзен, прв пат е објавена на 28 ноември 1882 година со оригинален наслов „En folkefiende“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма – „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството. На сцена, својата праизведба ја има во Кристијанија (денешен Осло), Норвешка, на 13 јануари 1883 година. Подоцна истата година е поставена во Хелсинки, Финска; Берген, Норвешка; Копенхаген, Данска и Гетеборг и Стокхолм (Шведска). Подоцна е поставена и во Берлин, Германија (1887); Берн, Швајцарија (1888); Виена, Австрија (1890); Париз, Франција (1893) и во Москва, Русија (1900). Оваа драма е и првата драма од Ибзен која е поставена во Комеди Франсез (Comédie Française), Париз, во 1921 година. „Народен непријател“ е една од најизведуваните драми од овој автор кој се смета за „татко на модерната драма“. До денес има над 1880 премиери на различни сцени низ светот: Европа, Азија, Африка, Австралија, Северна и Јужна Америка.

The post МНТ вечерва со претставата „Народен непријател“ на Бит фест appeared first on Република.

]]>
„Не се клади на Енглези“ на МНТ гостува во Албанија, „Народен непријател“ на БИТ ФЕСТ и на „Охридско лето“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/ne-se-kladi-na-englezi-na-mnt-gostuva-vo-albanija-naroden-neprijatel-na-bit-fest-i-na-ohridsko-leto/ Fri, 01 Jul 2022 08:32:00 +0000 https://republika.mk/?p=521987

МНТ на летна турнеја

Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август.
Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р Албанија. Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарската програма на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор.

Потоа на 5 јули, со новата претстава „Народен непријател“ - добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, следи гостувањето на Битолскиот летен фестивал - БИТ ФЕСТ, манифестација на која ќе учествуваат реномирани уметници, во програмата која опфаќа разновидни музичко сценски настани како: театар, филм, концерти на класична, џез, рок и традиционална музика.

Последното гостување ќе биде на 15 август, во рамките на 62. фестивал „Охридско лето“ со изведбата на претставата „Народен непријател“ во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21:00 часот. Фестивалот и оваа година изобилува со фантастична ревијална програма која ќе трае од 12 јули до 20 август.

The post „Не се клади на Енглези“ на МНТ гостува во Албанија, „Народен непријател“ на БИТ ФЕСТ и на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>

МНТ на летна турнеја Македонскиот народен театар ова лето со две различни претстави ќе се претстави на повеќе сцени. Гостувањата на кратката летна турнеја ќе се случат во периодот од 3 јули до 15 август. Патувањето ќе започне со гостувањето на претставата „Не се клади на Енглези“ на 3 јули, во рамките на 15-годишнината од Фестивалот „Македонско културно лето“ во Пустец, Р Албанија. Оваа копродукциска претстава веќе осум години опстојува на репертоарската програма на МНТ, а гостувањето е уште една убава можност да се претставиме и надвор. Потоа на 5 јули, со новата претстава „Народен непријател“ - добитник на четири големи наградни признанија на МТФ „Војдан Чернодрински“, следи гостувањето на Битолскиот летен фестивал - БИТ ФЕСТ, манифестација на која ќе учествуваат реномирани уметници, во програмата која опфаќа разновидни музичко сценски настани како: театар, филм, концерти на класична, џез, рок и традиционална музика. Последното гостување ќе биде на 15 август, во рамките на 62. фестивал „Охридско лето“ со изведбата на претставата „Народен непријател“ во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 21:00 часот. Фестивалот и оваа година изобилува со фантастична ревијална програма која ќе трае од 12 јули до 20 август.

The post „Не се клади на Енглези“ на МНТ гостува во Албанија, „Народен непријател“ на БИТ ФЕСТ и на „Охридско лето“ appeared first on Република.

]]>
Претставата „Народен непријател“ на МНТ е најдоба на МТФ „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/pretstavata-naroden-neprijatel-na-mnt-e-najdoba-na-mtf-vojdan-chernodrinski/ Thu, 09 Jun 2022 11:28:39 +0000 https://republika.mk/?p=513132

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ, а во изведба на МНТ од Скопје е најдобра претстава на годинашниот 56. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.

Оваа претстава се закити и со уште три награди, за најдобар актер за Никола Ристаноски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и за рекламен материјал на Димитар Димитров.

Наградата за најдобра режија ја доби Кендрим Ријани за претставата „Артуро Уи“ во изведба на битолскиот театар, а најдобра женска улога оствари Бедија Беговска во претставата „Вишновата градина“ на турски театар од Скопје.

Претставата на битолскиот театар „Артуро Уи“ освен за најдобра режија, ги доби и наградите за најдобра машка епизодна улога, наградата „Димче Трајковски“за Никола Пројчевски, а за женска епизодна улога е наградена Викторија Степановска Јанкуловска. За најдобра костимографија наградата ја доби Благој Мицевски и за најдобра музика, Тримор Доми.

Наградата за млад актер ја доби Сара Спиркоска од претставата „Декамерон“ на прилепскиот театар, а Лидија Митовска Ѓориевска е добитник на наградата за најдобра современа сценска драматизација за оваа претстава.

Актерот Хакан Даци е добитник на наградата „Трајко Чоревски“ за млад актер од претставата „Вишновата градина“ на Турскиот театар. За најдобар текст е награден Рефет Абази за текстот на истоимена претстава „Јазли“ во изведба на Албански театар од Скопје.

Фестивалското жири во состав Љупчо Ѓорѓиевски, режисер, Бесфорт Идризи, актер и театарскиот критичар, Сотир Трајков, не ја доделија наградата за кореографија и сценски движења.

Според Ѓорѓиевски претставата „Народен непријател“ во целина ги исполни сите критуериуми за најдобро остварување на Фестивалот.

Она што нѐ водеше, една главна нитка, или мото при оценувањето е да издвоиме од секоја претстава елемент кој е доминантен. Претставата „Народен непријател“ на некој начин изби на врвот, пред сѐ, со своето уметничко обликување во целина каде речиси сите елементи се целосно обликувани, а потоа и со својата актуелност. Еден текст кој е пишуван пред 140-тина години имам впечаток како да е пишуван денес. Прозвучи актуелно и ненаметливо, како да се случува сега и овде, смета режисерот.

Сотир Трајков, член на жирито, ги нагласува актуелноста на темата и чистиот режисерски концепт.

Мојата порака до сите режисери и театри е да не се држат до она виденото, туку да истражуваат, рече Трајков.

Сара Спиркоска од прилепската претстава „Декамерон“ добитничка на наградата за млад актер рече дека е многу среќна за наградата, особено е поттик затоа што е штотуку дипломиран актер.

Ми се остварува сонот, особено е голема среќата зашто сум штотуку дипломирана. Сакам и сите колеги кои се невработени да им се даде шансата да ги покажат големите таленти, рече Спиркоска.

Лидија Митоска Ѓорѓиевска, добитничка на наградата за современа сценска драматизација се согласува дека наградата е голем поттик.

Среќна сум што работев во процесот, што режисерот Кочовски ми ја даде шансата и се надевам дека мојот труд ќе биде препознаен понатаму, рече Митоска Ѓорѓиевска.

На сцената од Центарот за култура “Марко Цепенков“ со доделувањето на наградите и со претставата во чест на наградените „Боливуд“ на театар „Комедија“ од Скопје вечерва ќе биде затворен 56 МТФ „Војдан Чернодрински.

The post Претставата „Народен непријател“ на МНТ е најдоба на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен во режија на Нина Николиќ, а во изведба на МНТ од Скопје е најдобра претстава на годинашниот 56. македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Оваа претстава се закити и со уште три награди, за најдобар актер за Никола Ристаноски, за сценографија на Вишња Вујовиќ и за рекламен материјал на Димитар Димитров. Наградата за најдобра режија ја доби Кендрим Ријани за претставата „Артуро Уи“ во изведба на битолскиот театар, а најдобра женска улога оствари Бедија Беговска во претставата „Вишновата градина“ на турски театар од Скопје. Претставата на битолскиот театар „Артуро Уи“ освен за најдобра режија, ги доби и наградите за најдобра машка епизодна улога, наградата „Димче Трајковски“за Никола Пројчевски, а за женска епизодна улога е наградена Викторија Степановска Јанкуловска. За најдобра костимографија наградата ја доби Благој Мицевски и за најдобра музика, Тримор Доми. Наградата за млад актер ја доби Сара Спиркоска од претставата „Декамерон“ на прилепскиот театар, а Лидија Митовска Ѓориевска е добитник на наградата за најдобра современа сценска драматизација за оваа претстава. Актерот Хакан Даци е добитник на наградата „Трајко Чоревски“ за млад актер од претставата „Вишновата градина“ на Турскиот театар. За најдобар текст е награден Рефет Абази за текстот на истоимена претстава „Јазли“ во изведба на Албански театар од Скопје. Фестивалското жири во состав Љупчо Ѓорѓиевски, режисер, Бесфорт Идризи, актер и театарскиот критичар, Сотир Трајков, не ја доделија наградата за кореографија и сценски движења. Според Ѓорѓиевски претставата „Народен непријател“ во целина ги исполни сите критуериуми за најдобро остварување на Фестивалот.
Она што нѐ водеше, една главна нитка, или мото при оценувањето е да издвоиме од секоја претстава елемент кој е доминантен. Претставата „Народен непријател“ на некој начин изби на врвот, пред сѐ, со своето уметничко обликување во целина каде речиси сите елементи се целосно обликувани, а потоа и со својата актуелност. Еден текст кој е пишуван пред 140-тина години имам впечаток како да е пишуван денес. Прозвучи актуелно и ненаметливо, како да се случува сега и овде, смета режисерот.
Сотир Трајков, член на жирито, ги нагласува актуелноста на темата и чистиот режисерски концепт.
Мојата порака до сите режисери и театри е да не се држат до она виденото, туку да истражуваат, рече Трајков.
Сара Спиркоска од прилепската претстава „Декамерон“ добитничка на наградата за млад актер рече дека е многу среќна за наградата, особено е поттик затоа што е штотуку дипломиран актер.
Ми се остварува сонот, особено е голема среќата зашто сум штотуку дипломирана. Сакам и сите колеги кои се невработени да им се даде шансата да ги покажат големите таленти, рече Спиркоска.
Лидија Митоска Ѓорѓиевска, добитничка на наградата за современа сценска драматизација се согласува дека наградата е голем поттик.
Среќна сум што работев во процесот, што режисерот Кочовски ми ја даде шансата и се надевам дека мојот труд ќе биде препознаен понатаму, рече Митоска Ѓорѓиевска.
На сцената од Центарот за култура “Марко Цепенков“ со доделувањето на наградите и со претставата во чест на наградените „Боливуд“ на театар „Комедија“ од Скопје вечерва ќе биде затворен 56 МТФ „Војдан Чернодрински.

The post Претставата „Народен непријател“ на МНТ е најдоба на МТФ „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
Со „Народен непријател“ на МНТ вечерва се отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/so-naroden-neprijatel-na-mnt-vecherva-se-otvora-56-festival-vojdan-chernodrinski/ Fri, 03 Jun 2022 08:14:16 +0000 https://republika.mk/?p=510516

Со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, Македонскиот народен театар вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се отвори 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Селектор на фестивалот е Иван Додовски.

Добитници на наградите за животно дело на Фестивалот се актерката Бедиа Беговска, една од најреспектираните и најоригиналните ѕвезди на современото македонско глумиште и
Русомир Богдановски, драматург, автор на драми, драматизации, филмски и телевизиски сценарија.

Наградите ќе им бидат врачени вечерва.

Избрани се претстави од голем формат и со силен режисерски печат. Прави впечаток дека во редот на искусните режисери, како Миќуновиќ и Милчин, се приклучуваат и силни режисерски имиња од средната и од помладата генерација. Исто така, во овие претстави можат да се издвојат значајни актерски, драматуршки, сценографски, костимографски и композиторски остварувања. Официјалната програма на овој најзначаен домашен театарски фестивал во 2022 година ќе овозможи да се гледа театар што го премостува хијатусот на затворањата и стравот. Тоа е театар што нуди критички и отрезнувачки поглед кон самите нас, изјави Додовски.

Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи.

-„Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, во изведба на Народниот театар од Битола,

– „Бракот на Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на Драгана Таневска, во изведба на Народниот театар од Струмица,

-„Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на Турскиот театар од Скопје,

-„Декамерон“ според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, во изведба на Народниот театар од Прилеп,

-„Јазли“ од Рефет Абази, во режија на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје,

-„Клетвата на Скотје“ од Нил Сајмон, во режија на Синиш Евтимов, во изведба на Театар Комедија од Скопје,

-„Се викам Горан Стефановски“ (My name is Goran Stefanovski), во режија на Бранислав Миќуновиќ, во изведба на Драмски театар од Скопје.

 

The post Со „Народен непријател“ на МНТ вечерва се отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>

Со претставата „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, Македонскиот народен театар вечерва во 20 часот во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе се отвори 56. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“. Претставата е во режија на Нина Николиќ, а играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски. Селектор на фестивалот е Иван Додовски. Добитници на наградите за животно дело на Фестивалот се актерката Бедиа Беговска, една од најреспектираните и најоригиналните ѕвезди на современото македонско глумиште и Русомир Богдановски, драматург, автор на драми, драматизации, филмски и телевизиски сценарија. Наградите ќе им бидат врачени вечерва.
Избрани се претстави од голем формат и со силен режисерски печат. Прави впечаток дека во редот на искусните режисери, како Миќуновиќ и Милчин, се приклучуваат и силни режисерски имиња од средната и од помладата генерација. Исто така, во овие претстави можат да се издвојат значајни актерски, драматуршки, сценографски, костимографски и композиторски остварувања. Официјалната програма на овој најзначаен домашен театарски фестивал во 2022 година ќе овозможи да се гледа театар што го премостува хијатусот на затворањата и стравот. Тоа е театар што нуди критички и отрезнувачки поглед кон самите нас, изјави Додовски.
Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи. -„Артуро Уи“ од Бертолт Брехт, во режија на Ќендрим Ријани, во изведба на Народниот театар од Битола, – „Бракот на Марија Браун“ од Рајнер Вернер Фасбиндер, во режија на Драгана Таневска, во изведба на Народниот театар од Струмица, -„Вишновата градина“ од Антон Павлович Чехов, во режија на Владимир Милчин, во изведба на Турскиот театар од Скопје, -„Декамерон“ според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски, во изведба на Народниот театар од Прилеп, -„Јазли“ од Рефет Абази, во режија на Куштрим Бектеши, во изведба на Албанскиот театар од Скопје, -„Клетвата на Скотје“ од Нил Сајмон, во режија на Синиш Евтимов, во изведба на Театар Комедија од Скопје, -„Се викам Горан Стефановски“ (My name is Goran Stefanovski), во режија на Бранислав Миќуновиќ, во изведба на Драмски театар од Скопје.  

The post Со „Народен непријател“ на МНТ вечерва се отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ appeared first on Република.

]]>
МНТ го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ со „Народен непријател“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/mnt-go-otvora-56-mtf-vojdan-chernodrinski-so-naroden-neprijatel/ Thu, 02 Jun 2022 08:45:54 +0000 https://republika.mk/?p=510049

Македонскиот народен театар на 3 јуни го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.

Со особено задоволство ја прифативме поканата од селекторот на фестивалот, Иван Додовски, да учествуваме на овој реномиран театарски фестивал, кој во годините наназад како и денес на вистински начин знаел да ги негува естетските вредности, велат од МНТ.

Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“, која ќе се одигра во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

 

The post МНТ го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ со „Народен непријател“ appeared first on Република.

]]>

Македонскиот народен театар на 3 јуни го отвора 56. фестивал „Војдан Чернодрински“ со најновата претстава „Народен непријател“ од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.
Со особено задоволство ја прифативме поканата од селекторот на фестивалот, Иван Додовски, да учествуваме на овој реномиран театарски фестивал, кој во годините наназад како и денес на вистински начин знаел да ги негува естетските вредности, велат од МНТ.
Во официјалната фестивалска програма ќе учествуваат осум претстави во продукција на македонски театарски куќи, како и Македонскиот народен театар со претставата „Народен непријател“, која ќе се одигра во Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп. Во претставата играат: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.  

The post МНТ го отвора 56. МТФ „Војдан Чернодрински“ со „Народен непријател“ appeared first on Република.

]]>
Полн салон и громогласен аплауз на премиерата на „Народен непријател“ во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/poln-salon-i-gromoglasen-aplauz-na-premierata-na-naroden-neprijatel-vo-mnt/ Tue, 10 May 2022 09:09:30 +0000 https://republika.mk/?p=500275

Во полн салон и со громогласен аплауз беше наградена премиерата на „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, која синоќа се одржа на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ).

Ковид-пандемијата во Македонија која траеше повеќе од две години прво ги затвори театарите, а потоа ги принуди да работат монодрами или дуо-драми. Но, со „Народен непријател“ на Николиќ театарот се врати пред полно гледалиште.

Претставата на норвешкиот драмски автор е напишана во 1882 година и е една од најизведенуваните драми на Ибзен, кој се смета за „татко на модерната драма“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството.

Жртвувањето на човечкото здравје во интерес на профитот е главната тема во „Народен непријател“. Претставата зборува за обидот на доктор Стокман  да ја спаси бањата, во чии води е откриена опасна бактерија. Стокман сака да ја објави веста и да ја информира јавноста, но наидува на отпор од страна на градоначалникот, градот и од независниот градски весник.

Драматург на претставата е Тамара Барачков, преведувачка на драмскиот текст Маја Трајановска-Ивановска, сценографка Вишња Вујовиќ. Костимографка е Ивана Каранфиловска-Угуровска.

Улогата на д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања, ја игра Никола Ристановски, неговата сопруга Катарина е актерката Звездана Ангеловска, Петра (нивната ќерка), наставничка, е Дарја Ризова, Ејла, нивната средна ќерка, е Јана Вељановска. Мортине, нивната најмала ќерка, е Ана Арсовска.

Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата, го игра Благој Веселинов. Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар, е актерот Петре Арсовски. Ховстад, уредничка на „Народен гласник“, е Сашка Димитровска. Билинг, соработник на „Народен гласник“, е Александар Михајловски, Аслаксен, сопственик на печатница, е Нино Леви, а Капетан Хорстер е Мартин Ѓоргоски.

Претставата „Народен непријател“ е последен дел од сложениот проек „Патиштата на хероите“, чиј носител е МНТ. Проектот е подржан од програмата „Креативна Европа“, во рамките на повикот за културна соработка на Западниот Балкан.

фото: Кире Галевски

The post Полн салон и громогласен аплауз на премиерата на „Народен непријател“ во МНТ appeared first on Република.

]]>

Во полн салон и со громогласен аплауз беше наградена премиерата на „Народен непријател“ од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ, која синоќа се одржа на големата сцена на Македонскиот народен театар (МНТ). Ковид-пандемијата во Македонија која траеше повеќе од две години прво ги затвори театарите, а потоа ги принуди да работат монодрами или дуо-драми. Но, со „Народен непријател“ на Николиќ театарот се врати пред полно гледалиште. Претставата на норвешкиот драмски автор е напишана во 1882 година и е една од најизведенуваните драми на Ибзен, кој се смета за „татко на модерната драма“. Напишана е како одговор по јавниот скандал за неговата претходна драма „Духови“, која ја критикува хипокризијата и моралот во општеството. Жртвувањето на човечкото здравје во интерес на профитот е главната тема во „Народен непријател“. Претставата зборува за обидот на доктор Стокман  да ја спаси бањата, во чии води е откриена опасна бактерија. Стокман сака да ја објави веста и да ја информира јавноста, но наидува на отпор од страна на градоначалникот, градот и од независниот градски весник. Драматург на претставата е Тамара Барачков, преведувачка на драмскиот текст Маја Трајановска-Ивановска, сценографка Вишња Вујовиќ. Костимографка е Ивана Каранфиловска-Угуровска. Улогата на д-р Томас Стокман, лекар во општинската бања, ја игра Никола Ристановски, неговата сопруга Катарина е актерката Звездана Ангеловска, Петра (нивната ќерка), наставничка, е Дарја Ризова, Ејла, нивната средна ќерка, е Јана Вељановска. Мортине, нивната најмала ќерка, е Ана Арсовска. Петар Стокман (брат на лекарот), градоначалник и претседател на управниот одбор на бањата, го игра Благој Веселинов. Мортен Кил (потатко на Катарина), кожар, е актерот Петре Арсовски. Ховстад, уредничка на „Народен гласник“, е Сашка Димитровска. Билинг, соработник на „Народен гласник“, е Александар Михајловски, Аслаксен, сопственик на печатница, е Нино Леви, а Капетан Хорстер е Мартин Ѓоргоски. Претставата „Народен непријател“ е последен дел од сложениот проек „Патиштата на хероите“, чиј носител е МНТ. Проектот е подржан од програмата „Креативна Европа“, во рамките на повикот за културна соработка на Западниот Балкан. фото: Кире Галевски

The post Полн салон и громогласен аплауз на премиерата на „Народен непријател“ во МНТ appeared first on Република.

]]>
Колку е важен гласот на поединецот во општеството? Премиера на „Народен непријател“ во МНТ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/kolku-e-vazen-glasot-na-poedinecot-vo-opshtestvoto-premiera-na-naroden-neprijatel-vo-mnt/ Mon, 09 May 2022 07:33:12 +0000 https://republika.mk/?p=499726

Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, вечерва на големата сцена во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе биде изведена преставата „Народен непријател" од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ.

Претставата е дел од проектот „Патиштата на хероите" поддржан од програмата на „Креативна Европа", а во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан.

Претставата се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот, независно кој има право.

Драмскиот текст на Ибзен е напишан во 1882 година и како што вели во интервју за „Репубика“ Николиќ, текстот за нас е поактуелен од кога и да било, зашто јасно ја отсликува стварноста во која живееме.

https://republika.mk/vesti/kultura/sitnite-lichni-interesi-neznaenjeto-i-stravot-se-temelite-vrz-koi-go-gradime-nasheto-opshtestvo/

„Народен непријател" отвора важна дилема во актуелните еколошки борби — како да се третира нешто што од една страна е извор на загадување и зараза, а од друга, главен (честопати единствен) извор на приход за поголемиот дел од населението во тој крај? Доктор Стокман е парадигма на современиот ангажиран маж, но тој е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека моменталното жртвување е неопходно, без разлика колку е тоа болно, велат од МНТ.

Овој текст не содржи ниту еден елемент кој не се однесува на нас денес. Игнорантниот однос на мнозинството кај нас ескалира и опишува дека позади скандинавските држави сме може и повеќе од еден век, вели актерот Благој Веселинов.

https://republika.mk/vesti/kultura/se-shto-e-napishano-vo-naroden-neprijatel-pred-140-godini-se-odnesuva-na-nas-denes/

Драматург на претставата е Тамара Барачков, преведувач на драмскиот текст е Маја Трајановска-Ивановска, сценографијата е на Вишња Вујовиќ. Костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, дизајнер на светло Крис Јегер, композитор е Јоргос Дусос, а кореографијата е на Карис Пекливанидис.

Улогите во претставата ги толкуваат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви, и Мартин Ѓоргоски.

Претставата ќе биде повторно изведена и на 10 мај, а билетите се достапни на веб-страницата на МНТ како и на билетарницата во Македонскиот народен театар.

The post Колку е важен гласот на поединецот во општеството? Премиера на „Народен непријател“ во МНТ appeared first on Република.

]]>

Во рамки на одбележувањето на Денот на Европа, вечерва на големата сцена во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ) премиерно ќе биде изведена преставата „Народен непријател" од норвешкиот автор Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Претставата е дел од проектот „Патиштата на хероите" поддржан од програмата на „Креативна Европа", а во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан. Претставата се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот, независно кој има право. Драмскиот текст на Ибзен е напишан во 1882 година и како што вели во интервју за „Репубика“ Николиќ, текстот за нас е поактуелен од кога и да било, зашто јасно ја отсликува стварноста во која живееме. https://republika.mk/vesti/kultura/sitnite-lichni-interesi-neznaenjeto-i-stravot-se-temelite-vrz-koi-go-gradime-nasheto-opshtestvo/ „Народен непријател" отвора важна дилема во актуелните еколошки борби — како да се третира нешто што од една страна е извор на загадување и зараза, а од друга, главен (честопати единствен) извор на приход за поголемиот дел од населението во тој крај? Доктор Стокман е парадигма на современиот ангажиран маж, но тој е и идеалист кој верува дека промената е можна, и дека моменталното жртвување е неопходно, без разлика колку е тоа болно, велат од МНТ.
Овој текст не содржи ниту еден елемент кој не се однесува на нас денес. Игнорантниот однос на мнозинството кај нас ескалира и опишува дека позади скандинавските држави сме може и повеќе од еден век, вели актерот Благој Веселинов.
https://republika.mk/vesti/kultura/se-shto-e-napishano-vo-naroden-neprijatel-pred-140-godini-se-odnesuva-na-nas-denes/ Драматург на претставата е Тамара Барачков, преведувач на драмскиот текст е Маја Трајановска-Ивановска, сценографијата е на Вишња Вујовиќ. Костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, дизајнер на светло Крис Јегер, композитор е Јоргос Дусос, а кореографијата е на Карис Пекливанидис. Улогите во претставата ги толкуваат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви, и Мартин Ѓоргоски. Претставата ќе биде повторно изведена и на 10 мај, а билетите се достапни на веб-страницата на МНТ како и на билетарницата во Македонскиот народен театар.

The post Колку е важен гласот на поединецот во општеството? Премиера на „Народен непријател“ во МНТ appeared first on Република.

]]>
Сè што е напишано во „Народен непријател“ пред 140 години се однесува на нас денес https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/se-shto-e-napishano-vo-naroden-neprijatel-pred-140-godini-se-odnesuva-na-nas-denes/ Sun, 08 May 2022 10:10:46 +0000 https://republika.mk/?p=498408

Овој текст кој годинава има јубилеј од 140 години, не содржи ниту еден елемент кој не се однесува на нас денес. Игнорантниот однос на мнозинството кај нас ескалира и опишува дека позади скандинавските држави сме може и повеќе од еден век, вели актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Благој Веселинов, кој е дел од екипата на претставата „Народен непријател“ чија премиера е закажана за понеделник, 9 мај, во 20 часот, на големата сцена.

Претставата „Народен непријател“ е дел од проектот „Патишта на хероите“ за кој МНТ доби поддршка од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан.

Во претставата играат актерите: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Нино Леви, Александар Михајловски, Мартин Ѓоргоски и Јана Вељановска.

[caption id="attachment_498418" align="alignnone" width="800"] Петар Стокман не е ништо непознато за нас кои живееме во оваа бесконечна транзиција трудејќи се во Европа да станеме европјани[/caption]

Театарскиот, филмскиот и телевизиски актер Веселинов (38) во „Народен непријател“ го глуми ликот на Петар Стокман, градоначалник и претседател на Управниот одбор на бањата. За својот лик во претставата вели дека е човек без талент и скрупула, или едноставно, политичар, кој понесен од моќта и позицијата, заборава дека е смртен.

Петар Стокман не е ништо непознато за нас кои живееме во оваа бесконечна транзиција трудејќи се во Европа да станеме европјани. Политичар како и сите други, воден од главите на моќниците кои ја контролираат колективната свест од почетокот на времето. Политичар, кој понесен од моќта и позицијата заборава дека е смртен и од птичја перспектива небитен по прашање на неговата лична перцепција. Политичар како и сите други...човек без талент и скрупула. Со прости зборови Петар Стокман е политичар, вели Веселинов во разговор за „Република“.

Веселинов, ѕвездата на наградуваниот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски во 2019 година ја доби наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars) на Берлинскиот филмски фестивал, што ја доделува платформата Европска филмска промоција.

„Народен непријател“ се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот, независно кој има право.

Мнозинството со кое живееме е спремно и жедно да осуди и казни. Спремно да се сврти дури и против самите себе несвесно за пропагандата која во форма на забава, реалити и разни шоуа веќе го обликува навидум спонтаниот развој на поединецот, вели Веселинов.

Во време кога, често, системот успева да го сомеле и да го совлада поединецот, прашањето е што е најголем предизвик за еден човек?

Да се спротивстави, да се оттргне, да се спаси макар и во кругот на своето најтесно семејство да биде слободен, додава Веселинов.

Веселинов е дел од екипата со која режисерката Николиќ работи. Играше во „Галеб“, потоа во „Разговор во четири очи“, „Кој пукаше на 21-ви“, „Неверство“...

Со Нина Николиќ и со голем дел од екипата со која работам, растевме и растеме заедно и секако во тој раст имавме многу предизвици и многу пречки. Убавини и потешкотии. Би рекол дека сега се наоѓаме во една зрела фаза, во која уживаме заедно со возраста во која сме. Сцената ја делам повеќе од една деценија со нив и сум среќен за сите процеси во кој се учевме и креиравме. Сметам дека овој проект е најдоброто од нас, вели Веселинов.

[caption id="attachment_498422" align="alignnone" width="800"] МНТ ќе продолжи да продуцира театар и да ја пречекува публиката која никогаш не била пожедна за вистински живот[/caption]

По пауза од повеќе од две години укинати се скоро сите рестиктивни ковид-мерки во државата. Тоа значи и враќање на театарскиот живот во нормала.

Тоа за македонскиот театар ќе значи живот, допир, мирис. Сите сетила кој ни беа укинати ќе почнат да се враќаат како цвеќињата во пролет и тука МНТ ќе понуди разни ароми на секаква сетилна перцепција, вели Веселинов.

Тој за време на пандемијата е задоволен што имал ангажман. Беше дел и од екипата која го продуцираше документарниот филм „1.000 години – Сведок на светлината“ посветен на Бигорскиот манастир.

Задоволен сум од тоа колку сработев во овој замаглен и трауматичен период. Снимав два долгометражни филма и еве сега како круна ќе се случи премиерата на „Народен непријател" која ја работевме за време на целата пандемија. Едно од тие прекрасни бегства од таканареченото „ново нормално" беше тоа на релација Скопје-Бигорски манастир. Во проектот влегов на позив на мојот брат од филмската обител Илија Ико Каров. МНТ ќе продолжи да продуцира театар и да ја пречекува публиката која никогаш не била пожедна за вистински живот, вели Веселинов.

Следната изведба на „Народен непријател“ е на 10 мај, вторник, на големата сцена на МНТ.

Разговараше: Александра М. Бундалевска

фото: Александар Ивановски

The post Сè што е напишано во „Народен непријател“ пред 140 години се однесува на нас денес appeared first on Република.

]]>

Овој текст кој годинава има јубилеј од 140 години, не содржи ниту еден елемент кој не се однесува на нас денес. Игнорантниот однос на мнозинството кај нас ескалира и опишува дека позади скандинавските држави сме може и повеќе од еден век, вели актерот на Македонскиот народен театар (МНТ) Благој Веселинов, кој е дел од екипата на претставата „Народен непријател“ чија премиера е закажана за понеделник, 9 мај, во 20 часот, на големата сцена. Претставата „Народен непријател“ е дел од проектот „Патишта на хероите“ за кој МНТ доби поддршка од програмата „Креативна Европа“ во рамките на повикот за проекти за културна соработка на Западен Балкан. Во претставата играат актерите: Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Нино Леви, Александар Михајловски, Мартин Ѓоргоски и Јана Вељановска. [caption id="attachment_498418" align="alignnone" width="800"] Петар Стокман не е ништо непознато за нас кои живееме во оваа бесконечна транзиција трудејќи се во Европа да станеме европјани[/caption] Театарскиот, филмскиот и телевизиски актер Веселинов (38) во „Народен непријател“ го глуми ликот на Петар Стокман, градоначалник и претседател на Управниот одбор на бањата. За својот лик во претставата вели дека е човек без талент и скрупула, или едноставно, политичар, кој понесен од моќта и позицијата, заборава дека е смртен.
Петар Стокман не е ништо непознато за нас кои живееме во оваа бесконечна транзиција трудејќи се во Европа да станеме европјани. Политичар како и сите други, воден од главите на моќниците кои ја контролираат колективната свест од почетокот на времето. Политичар, кој понесен од моќта и позицијата заборава дека е смртен и од птичја перспектива небитен по прашање на неговата лична перцепција. Политичар како и сите други...човек без талент и скрупула. Со прости зборови Петар Стокман е политичар, вели Веселинов во разговор за „Република“.
Веселинов, ѕвездата на наградуваниот филм „Исцелител“ на Ѓорче Ставревски во 2019 година ја доби наградата „Шутинг старс“ (Shooting Stars) на Берлинскиот филмски фестивал, што ја доделува платформата Европска филмска промоција. „Народен непријател“ се занимава со испитување на улогата на поединецот во општеството, важноста на неговиот глас, како и погубната вистина дека гласот на мнозинството е секогаш помоќен од оној на поединецот, независно кој има право.
Мнозинството со кое живееме е спремно и жедно да осуди и казни. Спремно да се сврти дури и против самите себе несвесно за пропагандата која во форма на забава, реалити и разни шоуа веќе го обликува навидум спонтаниот развој на поединецот, вели Веселинов.
Во време кога, често, системот успева да го сомеле и да го совлада поединецот, прашањето е што е најголем предизвик за еден човек?
Да се спротивстави, да се оттргне, да се спаси макар и во кругот на своето најтесно семејство да биде слободен, додава Веселинов.
Веселинов е дел од екипата со која режисерката Николиќ работи. Играше во „Галеб“, потоа во „Разговор во четири очи“, „Кој пукаше на 21-ви“, „Неверство“...
Со Нина Николиќ и со голем дел од екипата со која работам, растевме и растеме заедно и секако во тој раст имавме многу предизвици и многу пречки. Убавини и потешкотии. Би рекол дека сега се наоѓаме во една зрела фаза, во која уживаме заедно со возраста во која сме. Сцената ја делам повеќе од една деценија со нив и сум среќен за сите процеси во кој се учевме и креиравме. Сметам дека овој проект е најдоброто од нас, вели Веселинов.
[caption id="attachment_498422" align="alignnone" width="800"] МНТ ќе продолжи да продуцира театар и да ја пречекува публиката која никогаш не била пожедна за вистински живот[/caption] По пауза од повеќе од две години укинати се скоро сите рестиктивни ковид-мерки во државата. Тоа значи и враќање на театарскиот живот во нормала.
Тоа за македонскиот театар ќе значи живот, допир, мирис. Сите сетила кој ни беа укинати ќе почнат да се враќаат како цвеќињата во пролет и тука МНТ ќе понуди разни ароми на секаква сетилна перцепција, вели Веселинов.
Тој за време на пандемијата е задоволен што имал ангажман. Беше дел и од екипата која го продуцираше документарниот филм „1.000 години – Сведок на светлината“ посветен на Бигорскиот манастир.
Задоволен сум од тоа колку сработев во овој замаглен и трауматичен период. Снимав два долгометражни филма и еве сега како круна ќе се случи премиерата на „Народен непријател" која ја работевме за време на целата пандемија. Едно од тие прекрасни бегства од таканареченото „ново нормално" беше тоа на релација Скопје-Бигорски манастир. Во проектот влегов на позив на мојот брат од филмската обител Илија Ико Каров. МНТ ќе продолжи да продуцира театар и да ја пречекува публиката која никогаш не била пожедна за вистински живот, вели Веселинов.
Следната изведба на „Народен непријател“ е на 10 мај, вторник, на големата сцена на МНТ. Разговараше: Александра М. Бундалевска фото: Александар Ивановски

The post Сè што е напишано во „Народен непријател“ пред 140 години се однесува на нас денес appeared first on Република.

]]>