народ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narod/ За подобро да се разбереме Fri, 24 May 2024 14:00:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png народ Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narod/ 32 32 Мицкоски: Следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати – Македонија се враќа на народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-sleduva-novo-poglavje-so-rabota-odgovornost-i-rezultati-makedonija-se-vraka-na-narodot/ Fri, 24 May 2024 14:00:01 +0000 https://republika.mk/?p=781429

Првенствено ќе се посветам на она што најмногу го засега секој еден човек, а тоа е потребата за подобар живот и изградба на заедничка иднина. Големата поддршка која ја добивме од граѓаните, значи огромна одговорност да излеземе со чист образ пред граѓаните и да кажеме како стојат работите реално, и без разубавувања, но и да направиме брзи резултати, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ денеска во Струга во црквата Св. Богородица – Калишта, каде се одржа свеченост по повод одбележувањето на празникот на Св. Кирил и Методиј.

Следува ново поглавје, каде државата се враќа на народот, и Македонија мора да има резултати и сила за големи победи. Новото поглавје се темели на одговорност, на морал и вредности кои се обврзувачкото кредо кое мора да се почитува. За брзо од сега ќе имаме нова влада. Тоа го посакувавме од првиот ден на оваа наша напорна и голема битка. Но, формирањето на владата е лесниот чекор, затоа што крупните чекори мора да бидат резултатите кои мораме да ги испорачаме“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека многумина се гледаат на различни позиции, функции и места, и додаде „никогаш тоа за мене не преставувало билет за добар живот, туку обврска за голема одговорност на тој кој ја дава оваа власт, а тоа е народот“.

Бидете свесни дека секое ваше потфрлање ќе биде разочарување на народот и луѓето чии дланки ги стиснавме во нашата повеќегодишна битка за ставање на крај на ова владеење“, вели Мицкоски.

Според Мицкоски секоја стисната дланка е рака на подадена надеж, секој разменет збор ново очекување.

„Добиената поддршка мора да се заслужи и одработи. Мора да се покаже задолжителна доблест и пример во владеењето и да се покаже одговорност. Работете беспоштедно од првиот ден, решавајте што е можно повеќе проблеми и бидете промената која може и мора да се види од првиот час. Секој ќе добие шанса, секој од вас, но таа шанса е обврска која морате да ја исполните. Знајте дека ја имате мојата доверба, но и ќе ја имате мојата апсолутна жестокост без пардон доколку било кој од вас влезе во коруптивни или заткулисни игри“, заклучи Мицкоски и дополни дека мораме да се обединиме под исто знаме, по исто небо и да работиме за заедничката иднина.

The post Мицкоски: Следува ново поглавје со работа, одговорност и резултати – Македонија се враќа на народот appeared first on Република.

]]>

Преполни колони народ за потпис за Гордана Силјановска Давкова https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/prepolni-koloni-narod-za-potpis-za-gordana-siljanovska-davkova/ Sun, 03 Mar 2024 10:58:40 +0000 https://republika.mk/?p=750698

Денеска сите места назначени за собирање потписи за претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова, се преполни со народ. Кисела Вода, Бутел, Зелениково, Крива Паланка, Илинден, Битола,Шуто Оризари, Свети Николе, Крушево, Демир Хисар, но и сите останати места се преплавени од граѓани дојдени да ја дадат својата поддршка за Силјановска Давкова.

The post Преполни колони народ за потпис за Гордана Силјановска Давкова appeared first on Република.

Мицкоски: Географски сме Европа, но со власт како од Африка, барам силна поддршка за големи промени https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/mitskoski-geografski-sme-evropa-no-so-vlast-kako-od-afrika-baram-silna-poddrshka-za-golemi-promeni/ Sun, 24 Sep 2023 14:00:35 +0000 https://republika.mk/?p=684716

Задоволството е големо кога гледам толку млади лица кои горат во желбата да се вградат во генерацијата која треба да издвојува голема победа, да донесе промени и да сврти нов лист кој ќе биде различен од се досега. Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ било средиштето од каде се градат карактерите кои подоцна ќе ја имаат одговорноста да управуваат со работите кои се важни за нашата Македонија и воопшто тоа не е едноставно, ниту лесно како ќе биде насаден тој плод и како ќе изникне тој никулец кој треба да донесе живот, радост и промени, ова денеска го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Оваа Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ денес е жарот од каде ВМРО-ДПМНЕ ја црпи и силата и енергијата за големи промени кои мора да се случат. Надежта која треба да се расемени низ сите млади луѓе и да се охрабрат, да се внесе сигурност и чувство на младешка пркост, дека не зависи се од политичарите, од Владата која ја гуши енергијата, од системот кој те прилепува до просечноста, од авторитетите кои се медиокритети, туку дека сега оваа битка да зависи од тебе, од сите нас и доаѓаат тие 5 минути кога треба да се ослободи енергијата која мора револуционерно да ги промени работите. Таа енергија се овие млади луѓе тука и илјадници други, низ улиците на градовите, по домовите, на куќите кои ја бараат шансата за која сонуваат. Младиот човек во оваа земја е отргнуван настрана, додека истите нивни врсници во светот се тие кои ја имаат одговорноста да ги движат работите. Соништата на младите тука не се поразлични од тие на големиот Запад, но она што е различно е шансата да стигнат до сонот. Тие таму го имаат системот и сета поддршка која тој ја дава за нивните соништа. Младите тука го имаат за жал системот против себе. Ако прашањето е што треба да направиме, одговорот е јасен и недвосмислен, а тоа е заедно да го смениме системот кој е пречка за вашите соништа. Затоа што како човек кој половина од својот живот го посвети на образувањето на млади луѓе, можам со сигурност да кажам дека најголемата загуба е залудно потрошениот талент. Некогаш тоа зависи од способностите и посветеноста на поединецот, но кај нас овде во Македонија тоа зависи за жал од системот кој што пак влече надоле. Системот граден од Владата, составен од лукративни и себични политичари, и ги скратува крилјата на соништата и можноста младите да полетаат со своите способности и да бидат она што сакаат да бидат. Затоа што само кај нас способноста за жал не е доволна, трудот и часовите посветени за надоградување за тоа што вистински сакате да бидете, не се доволни, потребно е да ве посака среќата, да имате врски или пак вистински да бидете виртуоз да се снајдете во системот на извртени вредности преполн со неморални спирали и лукративни интереси. И нормално најверојатно по пат ќе ја загубите надежта низ тој лавиринт и може да се обесхрабрите како илјадниците други кои веќе тоа го направија се откажаа и си заминаа, вели Мицкоски.

Тој додава дека не осудувам никого, ниту пак имам предрасуди кон нив, но ние што останавме тука го немаме комодитетот да се откажеме затоа што во наши раце е нашата судбина и судбината на идните генерации кои доаѓаат по нас. А, има ли подобар начин од тоа вие, сите заедно да го пресечеме гордиевиот јазол на таквиот корумпиран систем во распаѓање и да започнете со промените. Затоа Унијата на младите сили ќе ја има мојата поддршка. Заедно овие години ги водиме сите битки, заедно се надополнуваме, заедно растеме во нашите искуства, заедно се радуваме и тагуваме за сите наши порази и победи. И заедно овој пат тргнуваме во последната, но најважната битка да ја промениме оваа грда слика на тежок живот, чемер, страдања и упропастен систем и она што е најважно заедно да победиме. Не еден покрај друг, туку еден до друг. Заедно да изградиме иднина. Заедно да го одбележиме времето на доаѓање на една млада полетна и сигурна генерација која ќе расчисти со сите сеништа од минатото и ќе донесе не само зрак и надеж, туку светлина и иднина, сега и тука. Со овие луѓе и за заедничката кауза и цел. Македонија горда и исправена. Држава на среќни и реализирани луѓе. Ваквите сериозни промени бараат и сериозна подготовка. Треба да знаете дека го немаме луксузот да го разочараме народот и оние луѓе кои во нас гледаат надеж. Тоа не е само за нас одговорност, туку и порака дека друг избор немаме отколку силно, одлучно да тргнеме напред против неправдите, да ги донесеме промените и да ги поразиме оние кои преку ноќ станаа милионери на грбот на народот и кои ја опљачкаа нашата држава. Никој не е посилен од народот, а најмалку оваа забревтана власт која најсилно се држи до фотелјата бидејќи знае дека ако нејзе ја нема, нема ништо. И да, после нивниот пораз на следните парламентарни избори следува неизбежното, а тоа е одговорност. Во оваа наша последна и најважна битка за промени еден од најважните сегменти е Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ, затоа што тоа е структурата која треба да се вклучи во промените и да ја направи разликата, и ова е Унијата кон која секој член на партијата има посебно чувство на припадност и почит. Сергеј имаш тешка задача, но знам дека ти и твојот тим заедно со нас ќе победиме. Сега е моментот кога ни треба секоја поддршка затоа што само заедно ќе бидеме посилни, а промените ќе се случат толку силно колку што ќе биде и нашата поддршка. А, победата нема да биде само наша, моја или ваша победа, туку триумф на народот, правдата и Македонија ќе си ја вратиме на народот која сегашните политичари ја оддалечија и приграбија. Македонија на народот, на генерациите кои ќе го одбележат повторното раѓање на надежта и ќе создадат нови стандарди, да завладеат вредностите во кои силно веруваме.

-Власта е сериозно разнишана. Нивната фузија не е ниту некаква идеологија, ниту пак постигнување на некоја заедничка цел како што е влез во ЕУ, ниту пак некакви реформи околу кои се обединуваат, нивниот најсилен лепак се парите и фотелјите. Нема човек кој не знае дека следи промена на власта, но тие се држат до фотелјите и се борат за гола власт не само затоа што им се слатки парите што ги крадат, туку знаат дека потоа ќе се соочат и со одговорност за секој украден денар. И ќе кажам дека треба да се плашат, затоа што таквата одговорност мора да дојде. Не може да има акција без реакција, или крадење и криминал без притоа да дојде и правда за тоа. Правда ќе има затоа што забегаа и претворија општество каде владее култура на крадење и корупција. Денес стана нормално во државата секој еден поединец кој си има работа со системот да даде пари или мито. Од највисоката до најмалата позиција. Се краде од министер до портир низ државните институции, а оној кој не го прави тоа, на него се гледа како исклучок. И оваа култура на корупција и крадење е само пресликување на однесувањето на челните луѓе на државата. И таквата култура на корупција ја гледаме и во случајот со Онкологија каде се крадело од болните со рак. Човек со мачнина гледа како имало профитери од туѓата смрт. И досега немало ваков скандал кој морам да признам дека никако не може да биде ниту разбран од човек со нормална свест. И знаете, секаде во светот, и во други држави има случаи каде ќе има недостатоци на системот и грозоморни исклучоци на брутално кршење на правилата и законите. Но, функционалните држави се разликуваат од нас по начинот на кој тие реагираат и постапуваат откако ќе излезе ваков скандал и одговорноста која мора да ја има. А, што направи оваа власт? Влезе обвинителството не со истрага, туку со предистрага, а истиве кои профитирале на грбот на најзагрозените сега се уште се во состојба да работат. Повторно одредуваат терапија која ја краделе и во секој час може да го повторат делото. Воедно доста со навреди на интелигенција дека за големите катастрофи во Македонија може да биде виновен кабелот, кочниците, или сестрите, а не и оние што потпишуваат договори и даваат насоки. Еден познаник ми вели, а што ќе направеше ти да беше власт. Ќе ги уапсев од првиот до последниот и ќе мораа да одговараат. И кој сака нека биде директор, и од која и да доаѓа партија. Па овој директор сега што го толерираат им шета по штабот и држи предавања и се смее на правдата в лице. И мисли ли дека сега тој траор ќе престане или мисли дека вечно ќе биде заштитен? На секој еден кој се огрешил спрема законот има причина и треба да се плаши, и треба да стравува затоа што неодминливо како што има ден и ноќ ќе има одговорност и правда. Тоа јас ви го ветувам, вели Мицкоски.

Тој додава дека и драги пријатели во исто време кога и крадат од терапија за болни ќе ги видите како излегуваат и држат трибини под насловот „И ние сме Европа“. Да ние географски сме во Европа, но со власт како од Африка. Дојде време и пензионерите да протестираат зошто и тие се незадоволни и тоа го прават со право. Ги оставија на питачки стап и ниту еднаш не ги покачија пензиите додека инфлацијата ги изеде нивните примања. Владее беспарица за која власта нема слух. И доста со приказните реформи, ЕУ, вакви – такви измени, претседавање со ОБСЕ, шетање низ светот на Владата како демек работат нешто. Народот го оставивте без леб. Народот е гладен. Не е главна тема меѓу народот Европската Унија, или колку пати Ковачевски ќе каже и ние сме Европа, туку тоа што народот нема пари ниту за леб. Кога последен пат прошетале низ маркетите, ги виделе ли цените и платите на луѓето. Тоа е главната тема која го мачи нашиот народ. Економијата никогаш не била полоша. Имаме образование без учебници, земјоделие без платен труд, компании кои се затвораат, медиуми кои животаркаат, новинари чија професија ја дезавуираат, со примања кои ги потценуваат и профитери над маката на народот. Ова се главните теми кај реалниот човек, а не маглата која тие ја продаваат. Тука власта ја убива надежта и животот кај луѓето, а не големите теми за кои само зборат, а ништо не прават и ова мора да се промени. Промената која мора да се случи и новата влада која ќе дојде ќе одговори на реалните проблеми важни за секој човек. Највеќе од се ви ветувам дека ќе работам на тоа економијата да ја кренам на нозе и народот да почувствува повеќе пари. За бадијала соништа, големи цели и идеали, ако стомакот на народот е празен. Промени мора да има секаде во секој сегмент, но најголемата мора да се случи во економијата, каде народот мора да има пари, повеќе пари за секого и сиромаштија која мора да се намалува. Мора да се направат промени и да се обнови надежта кај луѓето за подобар живот и иднина која ќе ја градиме сега и тука. Не за 5, 10 или 15 години, туку сега и тука.

Додека се случуваат сите овие проблеми, пропагандите на соседите никогаш не престанаа. Додека оваа власт не убедува во придобивките од добрососедскиот договор кои самите го склучија, Бугарија тера отворена пропаганда против Македонија и како тоа да не е доволно, овие денови тие вршат жесток притисок и терор при пописот во Албанија, македонското малцинство да се впишува како етнички Бугари. И сега познати ни се намерите на бугарската политика, но необјаснив е молкот на македонската власт. Да бидам искрен не очекувам дека Али Ахмети ќе се прекрши за Македонците во Албанија, но барем Ковачевски да преземе мерки и да реагира на ваквиот отворен притисок за асимилација која гледаат како им се случува пред очи. Од овде, од срцето на Македонија јавно повикувам и апелирам Македонците од Албанија да излезат и да се попишат како Македонци, она што со векови биле и ќе продолжат да бидат. Апелирам дека сега е моментот да не потклекнуваат, и одговорот на сите туѓи пропаганди да биде масовност. Следуваат промени во Македонија и како Македонци и Македонија како нивна држава од која тие влечат потекло, ќе им помогне во иднина, и ќе ни биде полесно повеќе да се вклучиме во поддршката за развој и негување на македонските особености и култура. Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот. Основата на се она што овие денови се случува во политиката тука во Македонија, се уставните измени. Позади измените на Кривичниот законик, амнестијата која сами си ја гласаа, и оние јавни превирања и препукувања со сеништата од минатото, се основата на валканиот план на Владата, валканиот план на власта се само уставни измени. Бидејќи ја знаат непопустливоста на пратениците, ја знаат и одлучноста на раководството на ВМРО-ДПМНЕ и народот против прифаќање на бугарски диктати, тие пробуваат да создадат непринципиелни коалиции кои би можеле да доведат до уставни измени. Иако шансите реално тие да се случат не се ни ниту теоретски. Во тој контекст за жал се темели на нивниот план за непринципиелна соработка на СДСМ – ДУИ и за жал, некои делови од поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Морам да кажам дека како човек оваа јавна преписка со поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ не ме прави среќен, ниту ова е битка која ја одбрав јас, но недвојбено никој не треба да ја тестира мојата определба да се опстои на нашите ставови дека прифаќање на диктати не доаѓаат во предвид по ниту една цена. Ниту пак дека тоа може да помине низ мала врата или било каква комбинација. Морам да кажам дека сум длабоко разочаран од неговото однесување. Долго време јавно одбегнував да се произнесам за тоа, и за многу, многу други работи кои ми се случуваа мене и на моите најблиски соработници во битката ВМРО-ДПМНЕ да ја ставиме на здрави нозе и она што е денес силна структура на прагот на најголемата победа. Се до извесен период, иако немав и немам никакви контакти, мислев дека делиме иста цел. Патот до оваа цел ВМРО-ДПМНЕ силно и обединето беше трновит, со многу удари, и мене како човек ми е предизвик да се борам против оваа власт и да бидам рамо до рамо со мојот народ во битката да ги смениме, но морам да кажам дека воопшто не ми беше лесно, ниту сеедно да ги примам ударите внатре, од луѓето со кои сум мислел дека делиме иста кауза. Не можам никако да разберам како воопшто е возможно да се уортачи било кој со истите кои ја предизвикаа и се причина за сите неволји, па дури и неговите лични, прогони и предавства кои се случија на Македонија. Да дели усбеа и писма по кабинетите на ДУИ, да има непринципиелни разговори. Ја сфаќам и неговата тешка судбина, но пеколно е сознанието дека зад завесата се прават валкани планови за кои цената би требало да ја плати друг. За многу работи од внатрешните работи со поранешниот претседател нема да говорам и ќе оставам историјата да суди, за многу работи ќе се послужам со онаа народната „ти кон мене со клетви, јас со благослови“, но немојте никогаш и никој да ја тестира нашата одлучност да ги браниме нашите ставови, ниту пак намерата да не отстапиме во работите кои веруваме или пак било како да го разочарам народот, вели Мицкоски.

Тој додава дека чудно е тоа проклетство на историјата, човекот кој збореше за нож во грб, и разни ножиња да стане токму тоа за сопствената партија. Мене не ми беше цел да влезам во конфликт и јавна преписка со него, но овој валкан план мораше да го знае јавноста. И ова е вистински последниот пат кога се осврнувам на оваа тема и нема повеќе да говорам за ова зошто имаме работа, а тоа е пад на оваа криминална Влада. Јас му посакувам добро здравје, добра среќа и да не го прави на другите тоа што нему не сака да му го прават. Имаме работа, нашиот противник е оваа криминална Влада на чело со СДСМ и ДУИ.

-Сакам да одговорам уште на една теза, што сме правеле овие пет и половина години во опозиција како раководство. На почетокот од 2018 година ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија беше предизвикот исправен пред нејзе да биде прогласена како терористичка организација е избришана од регистарот во кој функционираше како политичка партија, со замрзнат имот, со блчокирана сметка, меѓународно изолирана, бевме среќни ако некој по ходници здраво ни направеше. Тоа бепе реалноста таа зима 2018, чекор по чекор благодарение на вас, на народот дојдовме до оваа двојна победа која се случи на локалните избори во 2021 година. Историска победа која не ја направила ниту една политичка партија од позиција на опозиција. Денеска ВМРО-ДПМНЕ има двојно повеќе градоначалници од власта, денеска ВМРО-ДПМНЕ има најголема пратеничка група во парламентот, денеска ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од 30 проценти повеќе членови на Советите во општините. Денеска ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот има два пати поголем рејтинг од владеачката СДСМ и за неколку месеци од денеска ВМРО-ДПМНЕ заедно со народот ќе постигне уште еден историски резултат, а тоа е историска победа на претседателките избори и историска победа на парламентарните избори. Во меѓувреме додека ја консолидиравме партијата и обединувавме го пративме во пензија поранешното раководство на СДСМ. Во меѓувреме додека ја консолидиравме партијата и повторно ВМРО-ДПМНЕ стана најголемата и најсилната политичка партија во Македонија го пративме во пензија СЈО и обвинителите криминалци кои го прогонуваа ВМРО-ДПМНЕ и секој еден член во ВМРО-ДПМНЕ. Затоа денеска ВМРО-ДПМНЕ драги браќа и сестри е силно и без внатрешни поделби.Обединето и сплотено. Фокусирано кон пад на оваа власт. А, тоа го покажува и бројката на 44 пратеници кои се гаранцијата дека нема да попушти браната против уставните измени кои значат прифаќање на надворешен диктат, наспроти поделената СДСМ и помалиот број на пратеници за уставни измени. Тука не треба да се заборави и фактот за дестабилизрината и поделна ДУИ. И ги слушам оние прозивки од СДСМ дека сме биле разединети и со конфликти, тие кои не смеат ниту името на нивниот поранешен претседател да го кажат. Епа еве една порака до нив и до нивните лакеи и до сите оние подлизурковци кои што мислат дека ВМРО-ДПМНЕ на овој начин че се раздели ќе се подели има еден начин ад тестирате и да се соочите со вистината, ајде на избори. Еве ако ВМРО-ДПМНЕ е навистина така поделено како што вие викате, ајде избори тоа е единствениот начин како ќе покажете и докажете дека тоа што го зборувате е вистина. Но, тоа вие обични кукавици нема да го направите. Затоа што знаете како ќе поминете. Ќе ве разбиеме сите на купче и СДСМ и ДУИ. Цунами ќе ви се случи, ќе ве оддува торнадо, затоа што позади нас стои народ, и народ ќе ви се случи. Ќе ве победиме силно затоа што ја претеравте. Затоа што камен на камен не оставивте. Ајде на избори. Да видите што е сила и посветеност, истакна Мицкоски.

Тој додава дека овој период мора да го посветиме на терен. Да го посетиме секој дом и секое населено место. Да ги збиеме редовите. Да направиме јасна линија на оние кои и во опозицијата се слуги на власта и да не се ситни браната против оваа власт. Оние кои се лакеи и постојат за да прават проблеми во опозицијата. Колку биде поголема поддршката за ВМРО-ДПМНЕ толку ќе бидат поголеми промените кои мора да се случат и кои народот ги бара. Ако си против оваа власт тогаш мора гласот да биде за ВМРО-ДПМНЕ само така може да има сила вашиот глас.

Ве повикувам да земете учество во промените, машко и женско, старо и младо да излезе и да даде поддршка. Да победиме и да ги промениме работите. Сеништата да ги оставиме и поразиме во минатото, да зборуваме за иднината. За иднината која мора да дојде и да ја создадеме. Македонија да ја кренеме. Гордо високо, сите заедно, да победи заедничкиот патриотизам, надежта и верба за иднината. Заедно, ВМРО-ДПМНЕ силно, Македонија горда. Да дојде часот кога ќе дојде генерација создадена за големи промени и победи. Македонија во која веруваме и во која се исполнуваат соништата. Имаме сила и знаење за големи работи. Да победи правдата и вистината. Да бидеме заедно горди и свои на своето. Да сте живи и здрави! Да живее ВМРО-ДПМНЕ, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ! Да живее Македонија, рече на крајот тој.

The post Мицкоски: Географски сме Европа, но со власт како од Африка, барам силна поддршка за големи промени appeared first on Република.

Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ambasada-na-sad-odlukata-koj-e-vo-ili-nadvor-od-vladata-ja-nosi-narodot/ Mon, 12 Jun 2023 15:08:38 +0000 https://republika.mk/?p=650558

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата.

Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Македонија.

Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата, наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје.

The post Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот appeared first on Република.

]]>

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје во пишана изјава за порталот ПРЕСонлајн ги охрабрува сите политички партии да седнат на преговарачка маса за европската иднина на земјата. Од амбасадата велат дека одлуката кој е во, а кој надвор од Владата ја носи народот на Македонија.
Одлуките за тоа кој е во и надвор од владата им припаѓаат на народот на Македонија и нивните политички претставници. Ги охрабруваме сите политички партии да седнат на маса и да бидат дел од дискурсот за иднината на земјата, наведуваат од Амбасадата на САД во Скопје.
 
The post Амбасада на САД: Одлуката кој е во или надвор од Владата ја носи народот appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Се врши екоцид – антимакедонската СДС не само што ја уништува Македонија, туку и го труе народот https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-se-vrshi-ekocid-antimakedonskata-sds-ne-samo-shto-ja-unishtuva-makedonija-tuku-i-go-true-narodot/ Tue, 30 Aug 2022 06:41:03 +0000 https://republika.mk/?p=545445

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен?

Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско? Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК? Очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух. Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот, стои во соопштението на партијата.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Се врши екоцид – антимакедонската СДС не само што ја уништува Македонија, туку и го труе народот appeared first on Република.

]]>

Власта на СДС и ДУИ се фрлени на криминал и местење тендери. Затоа состојбата со РЕК Битола е во катастрофална и затоа од таму со денови се гледа густ жолт-кафеав чад што е мешавина од пепел и земја. Ова е екоцид за кој мора некој да одговара, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека власта треба да одговори дали наместо јаглен се согорува мешавина од земја и јаглен?
Дали со намера да се прикрие аматерското работење со енергетските капацитети, свесно се загрозува здравјето и животите на граѓаните во Битола и битолско? Каде беа потрошени милионите евра кои ги најавуваа Заев и СДС со кои требаше да се реши загадувањето од РЕК? Очигледно е дека РЕК Битола во моментот загадува, а поради недозволениот начин на работа се загрозува животната средина и амбиенталниот воздух. Молчат активистите на копче кои не така одамна беа гласни. Лагите на криминалците од власта излегуваат на виделина. Оваа антимакедонска СДС не само што решила да ја уништи Македонија, решила и да го отруе народот, стои во соопштението на партијата.
 
The post ВМРО-ДПМНЕ: Се врши екоцид – антимакедонската СДС не само што ја уништува Македонија, туку и го труе народот appeared first on Република.

]]>
Радев би можел преку референдум да го праша народот дали да се тргне ветото за Македонија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/radev-bi-mozel-preku-referendum-da-go-prasha-narodot-dali-da-se-trgne-vetoto-za-makedonija/ Wed, 01 Jun 2022 15:28:43 +0000 https://republika.mk/?p=509851

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека нема услови за негова посета на Франција, каде што треба да се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и да зборуваат за укинување на ветото за преговорите на Македонија со ЕУ.

Според Радев, последна инстанца секогаш е народот и порача дека секогаш постојат уставни механизми за негово консултирање, па така најави дека би можеле да организираат референдум за прашањето за ветото.

Досега единствена бугарска партија која побара референдум е опозициската ВМРО-БНД.

The post Радев би можел преку референдум да го праша народот дали да се тргне ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>

Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека нема услови за негова посета на Франција, каде што треба да се сретнат со францускиот претседател Емануел Макрон и да зборуваат за укинување на ветото за преговорите на Македонија со ЕУ. Според Радев, последна инстанца секогаш е народот и порача дека секогаш постојат уставни механизми за негово консултирање, па така најави дека би можеле да организираат референдум за прашањето за ветото. Досега единствена бугарска партија која побара референдум е опозициската ВМРО-БНД.

The post Радев би можел преку референдум да го праша народот дали да се тргне ветото за Македонија appeared first on Република.

]]>
Мицкоски: Кој го потценува сопствениот народ, народ му се случува! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/mickoski-koj-go-potcenuva-sopstveniot-narod-narod-mu-se-sluchuva/ Thu, 10 Mar 2022 09:06:28 +0000 https://republika.mk/?p=470456

Кој го потценува сопствениот народ, народ му се случува!, вели Христијан Мицкоски, лидер на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ.

Мицкоски во статус на Фејсбук вели дека власта нема план и го полни буџетот со пари на народот.

Нов ден, нов грабеж. Немаат план, го полнат буџетот со пари на народот за да делат тендери во четири очи и крадат.
Набргу ќе му се поклонат на народот, да не биде доцна…
Кој го потценува сопствениот народ, народ му се случува!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски: Кој го потценува сопствениот народ, народ му се случува! appeared first on Република.

]]>

Кој го потценува сопствениот народ, народ му се случува!, вели Христијан Мицкоски, лидер на најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ. Мицкоски во статус на Фејсбук вели дека власта нема план и го полни буџетот со пари на народот.
Нов ден, нов грабеж. Немаат план, го полнат буџетот со пари на народот за да делат тендери во четири очи и крадат. Набргу ќе му се поклонат на народот, да не биде доцна… Кој го потценува сопствениот народ, народ му се случува!, пишува Мицкоски на Фејсбук.

The post Мицкоски: Кој го потценува сопствениот народ, народ му се случува! appeared first on Република.

]]>
ВМРО-ДПМНЕ: Народот без леб, а за Ковачевски знатни чинии https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/vmro-dpmne-narodot-bez-leb-a-za-kovachevski-znatni-chinii/ Fri, 14 Jan 2022 07:57:02 +0000 https://republika.mk/?p=444419

Владата набавува златни чинии и лажици за пиунот Ковачевски, а во исто време народот нема леб да јаде. Додека инфлацијата го јаде стандардот на народот, додека поскапуваат цените на лебот, маслото, шеќерот, додека поскапува цената на струјата и парното, додека граѓаните плаќаат милиони евра за приватни ковид тестови, главен приоритет на заевизмот е да обезбеди луксузен кујнски прибор за пионот Ковачевски. Oва денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму додаваат дека па така однародената власт на Заевизмот набавува чинии од 88 евра по парче, лажици од 10 евра по парче, кристални чаши во време на економска , енергетска и здравствена криза. Ова е уште еден показател дека елитата на СДСМ секогаш јадела со златни лажици додека народот едвај врзувал крај со крај. Така беше и во време на транзицијата и криминалната приватизација, така е и сега. Впрочем и самиот Димитар ковачевски е дете на таа елита од транзицијата.

Ова мора да престане. Заевизмот мора да биде поразен на предвремени парламентарни избори бидејќи заевизмот е најголемиот проблем на народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

The post ВМРО-ДПМНЕ: Народот без леб, а за Ковачевски знатни чинии appeared first on Република.

]]>

Владата набавува златни чинии и лажици за пиунот Ковачевски, а во исто време народот нема леб да јаде. Додека инфлацијата го јаде стандардот на народот, додека поскапуваат цените на лебот, маслото, шеќерот, додека поскапува цената на струјата и парното, додека граѓаните плаќаат милиони евра за приватни ковид тестови, главен приоритет на заевизмот е да обезбеди луксузен кујнски прибор за пионот Ковачевски. Oва денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ. Од таму додаваат дека па така однародената власт на Заевизмот набавува чинии од 88 евра по парче, лажици од 10 евра по парче, кристални чаши во време на економска , енергетска и здравствена криза. Ова е уште еден показател дека елитата на СДСМ секогаш јадела со златни лажици додека народот едвај врзувал крај со крај. Така беше и во време на транзицијата и криминалната приватизација, така е и сега. Впрочем и самиот Димитар ковачевски е дете на таа елита од транзицијата.