Нарин Гуран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narin-guran/ За подобро да се разбереме Sun, 08 Sep 2024 17:41:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нарин Гуран Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narin-guran/ 32 32 Пронајдено телото на исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран – убиено и фрлено во торба https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/pronajdeno-teloto-na-ischeznatoto-osumgodishno-devojche-narin-guran-ubieno-i-frleno-vo-torba/ Sun, 08 Sep 2024 17:41:57 +0000 https://republika.mk/?p=814452

Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, било пронајдено во поток недалеку од селото во кое живело, по 19 дена потрага.

Телото на девојчето е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина, јавува Anadolu Agency.

Според првичните сознанија објавени во турските медиуми, девојчето било убиено, а телото било ставено во торба и фрлено на брегот на потокот. Чантата била покриена со гранки и камења на начин што нема да предизвика сомнеж.

Откако Нарин Гуран беше пријавена за исчезната, започна копнена и воздушна потрага во регионот. Била пребарана површина од 11.000 квадратни метри од страна на 2.000 луѓе, како и два хеликоптери и 48 воздушни дронови. Биле прегледани околу 150 возила за кои било утврдено дека минувале по патот во часовите кога Нарин исчезнала. Се претресувале куќи во населбата и возила кои влегувале во селото. Исто така, 24 нуркачи пребарале пет потоци, три езера, 18 бунари и 24 километри водени канали. При претресот користени се и подземни уреди за снимање.

Жандармеријата во придружба на истражниот обвинител со подземен апарат за снимање ги пребараа соседните гробишта, особено гробовите на оние кои неодамна беа погребани. Сепак, не биле пронајдени траги. Биле испитувани и членови на семејството, меѓу кои и братот и вујкото на исчезнатото девојче, кој е приведен. Нарин Гуран била пријавена за исчезната од нејзиниот татко на 21 август вечерта, откако девојчето не се вратило од верска настава, а семејството и соседите кои веднаш почнале да ја бараат не успеале да ја најдат.

Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека телото на девојчето го пронашле припадници на жандармеријата и упати сочувство до семејството. Турската јавност е во шок поради ова брутално злосторство, а властите најавија дека одговорните ќе бидат најстрого казнети.

The post Пронајдено телото на исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран – убиено и фрлено во торба appeared first on Република.

]]>

Безживотното тело на осумгодишното девојче Нарин Гуран, кое исчезна во турската провинција Дијарбекир на 21 август, било пронајдено во поток недалеку од селото во кое живело, по 19 дена потрага.
Телото на девојчето е однесено на обдукција во Институтот за судска медицина, јавува Anadolu Agency.
Според првичните сознанија објавени во турските медиуми, девојчето било убиено, а телото било ставено во торба и фрлено на брегот на потокот. Чантата била покриена со гранки и камења на начин што нема да предизвика сомнеж. Откако Нарин Гуран беше пријавена за исчезната, започна копнена и воздушна потрага во регионот. Била пребарана површина од 11.000 квадратни метри од страна на 2.000 луѓе, како и два хеликоптери и 48 воздушни дронови. Биле прегледани околу 150 возила за кои било утврдено дека минувале по патот во часовите кога Нарин исчезнала. Се претресувале куќи во населбата и возила кои влегувале во селото. Исто така, 24 нуркачи пребарале пет потоци, три езера, 18 бунари и 24 километри водени канали. При претресот користени се и подземни уреди за снимање. Жандармеријата во придружба на истражниот обвинител со подземен апарат за снимање ги пребараа соседните гробишта, особено гробовите на оние кои неодамна беа погребани. Сепак, не биле пронајдени траги. Биле испитувани и членови на семејството, меѓу кои и братот и вујкото на исчезнатото девојче, кој е приведен. Нарин Гуран била пријавена за исчезната од нејзиниот татко на 21 август вечерта, откако девојчето не се вратило од верска настава, а семејството и соседите кои веднаш почнале да ја бараат не успеале да ја најдат. Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја денеска соопшти дека телото на девојчето го пронашле припадници на жандармеријата и упати сочувство до семејството. Турската јавност е во шок поради ова брутално злосторство, а властите најавија дека одговорните ќе бидат најстрого казнети.

The post Пронајдено телото на исчезнатото осумгодишно девојче Нарин Гуран – убиено и фрлено во торба appeared first on Република.

]]>