Нарендра Моди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narendra-modi/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Oct 2024 20:18:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Нарендра Моди Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/narendra-modi/ 32 32 Лидерите на Индија и Кина на прв состанок по пет години https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderite-na-indija-i-kina-na-prv-sostanok-po-pet-godini/ Wed, 23 Oct 2024 20:42:37 +0000 https://republika.mk/?p=830354

Индискиот премиер Нарендра Моди и кинескиот претседател Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на БРИКС во Русија, на нивниот прв билатерален состанок по пет години.

Како што соопшти индиското Министерство за надворешни работи, состанокот доаѓа само неколку дена откако двата соседа го објавија договорот за границата, кој има за цел да стави крај на четиригодишниот конфликт во планинската област Ладак.

Си и Моди се ракуваа и двајцата ја истакнаа важноста од решавање на мешусебните спорови.

Двајцата лидери потврдија дека стабилните и пријателски односи меѓу Индија и Кина, како два соседа и најголемите нации во светот, ќе имаат позитивно влијание врз регионалниот и глобалниот мир и просперитет, рече индискиот министер за надворешни работи, Викрам Мисри.

Кинескиот лидер изјави дека двете земји се на клучна фаза од развојот и дека „треба внимателно да ги решаваат разликите и несогласувањата и да си го олеснат меѓусебното остварување на развојните аспирации“.

Важно е двете страни да ги преземат своите меѓународни одговорности, да бидат пример за зајакнување на силата и единството на земјите во развој и да придонесат за промовирање на мултиполаризацијата и демократизацијата во меѓународните односи, изјави Си.

Индија во понеделникот соопшти дека двете земји се согласиле на пакт за обновување на воените патроли долж спорната граница на Хималаите.

Кина го потврди договорот следниот ден, наведувајќи дека двете страни постигнале резолуции во врска со нивната граница.

Кина ќе работи со Индија за правилна имплементација на овие резолуции, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Ѓан.

Двајцата лидери последен пат се сретнаа на самитот во јужна Индија во октомври 2019 година, неколку месеци пред да почнат немирите на нивната граница.

Односите меѓу двете земји се влошија во јули 2020 година, кога во воен судир загинаа 20 индиски војници и четворица Кинези.

The post Лидерите на Индија и Кина на прв состанок по пет години appeared first on Република.

]]>

Индискиот премиер Нарендра Моди и кинескиот претседател Си Џинпинг се сретнаа на маргините на самитот на БРИКС во Русија, на нивниот прв билатерален состанок по пет години. Како што соопшти индиското Министерство за надворешни работи, состанокот доаѓа само неколку дена откако двата соседа го објавија договорот за границата, кој има за цел да стави крај на четиригодишниот конфликт во планинската област Ладак. Си и Моди се ракуваа и двајцата ја истакнаа важноста од решавање на мешусебните спорови.
Двајцата лидери потврдија дека стабилните и пријателски односи меѓу Индија и Кина, како два соседа и најголемите нации во светот, ќе имаат позитивно влијание врз регионалниот и глобалниот мир и просперитет, рече индискиот министер за надворешни работи, Викрам Мисри.
Кинескиот лидер изјави дека двете земји се на клучна фаза од развојот и дека „треба внимателно да ги решаваат разликите и несогласувањата и да си го олеснат меѓусебното остварување на развојните аспирации“.
Важно е двете страни да ги преземат своите меѓународни одговорности, да бидат пример за зајакнување на силата и единството на земјите во развој и да придонесат за промовирање на мултиполаризацијата и демократизацијата во меѓународните односи, изјави Си.
Индија во понеделникот соопшти дека двете земји се согласиле на пакт за обновување на воените патроли долж спорната граница на Хималаите. Кина го потврди договорот следниот ден, наведувајќи дека двете страни постигнале резолуции во врска со нивната граница.
Кина ќе работи со Индија за правилна имплементација на овие резолуции, изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Лин Ѓан.
Двајцата лидери последен пат се сретнаа на самитот во јужна Индија во октомври 2019 година, неколку месеци пред да почнат немирите на нивната граница. Односите меѓу двете земји се влошија во јули 2020 година, кога во воен судир загинаа 20 индиски војници и четворица Кинези.

The post Лидерите на Индија и Кина на прв состанок по пет години appeared first on Република.

]]>
Индискиот премиер: Се молам за мир и просперитет на Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/indiskiot-premier-se-molam-za-mir-i-prosperitet-na-ukraina/ Fri, 23 Aug 2024 15:09:28 +0000 https://republika.mk/?p=809535

Индискиот премиер, Нарендра Моди, и посака просперитет и мир на Украина при посетата на Киев.

Во име на 1,4 милијарди луѓе во Индија, се молам за мир, напредок и просперитет на пријателскиот народ на Украина“, напиша Моди во книгата за почесни гости во Маринскиот двор, пренесоа украинските медиуми.

Моди изјави дека Индија е цврсто посветена на зајакнување на врските со Украина.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски и индискиот премиер Нарендра Моди во Киев одржаа билатерални разговори зад затворени врати, што траеја два часа.

Ова е прва посета на индиски лидер по прогласувањето украинската независност.

Зеленски истакна дека посетата на индискиот премиер Нарендра Моди е „многу пријателска“ и „историска“. Украинскиот претседател претходно им изјави на новинарите дека ќе разговара со индискиот премиер за мировниот самит за Украина и додаде дека двете земји треба да ја зајакнат трговската и воената соработка.

За време на оваа посета беа потпишани четири документи за заедничка соработка.

The post Индискиот премиер: Се молам за мир и просперитет на Украина appeared first on Република.

]]>

Индискиот премиер, Нарендра Моди, и посака просперитет и мир на Украина при посетата на Киев.
Во име на 1,4 милијарди луѓе во Индија, се молам за мир, напредок и просперитет на пријателскиот народ на Украина“, напиша Моди во книгата за почесни гости во Маринскиот двор, пренесоа украинските медиуми.
Моди изјави дека Индија е цврсто посветена на зајакнување на врските со Украина. Украинскиот претседател Володимир Зеленски и индискиот премиер Нарендра Моди во Киев одржаа билатерални разговори зад затворени врати, што траеја два часа. Ова е прва посета на индиски лидер по прогласувањето украинската независност. Зеленски истакна дека посетата на индискиот премиер Нарендра Моди е „многу пријателска“ и „историска“. Украинскиот претседател претходно им изјави на новинарите дека ќе разговара со индискиот премиер за мировниот самит за Украина и додаде дека двете земји треба да ја зајакнат трговската и воената соработка. За време на оваа посета беа потпишани четири документи за заедничка соработка.

The post Индискиот премиер: Се молам за мир и просперитет на Украина appeared first on Република.

]]>
Индискиот премиер Моди соопшти дека лидерите од Г20 се договориле за текстот на лидерската декларација https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/indiskiot-premier-modi-soopshti-deka-liderite-od-g20-se-dogovorile-za-tekstot-na-liderskata-deklaratsija/ Sat, 09 Sep 2023 12:01:38 +0000 https://republika.mk/?p=680243

Индискиот премиер Нарендра Моди соопшти дека лидерите од Г20 постигнале консензус за текстот на лидерската декларација и дека таа е усвоена, јави германската агенција ДПА.

Благодарение на напорната работа на сите тимови, постигнавме консензус за текстот на Декларацијата на лидерите на Самитот на Г20, им соопшти Моди на лидерите од блокот на Самитот во Делхи. - Најавувам прифаќање на оваа декларација, додаде Моди.

Објавата дојде откако делегатите од најмоќните земји во светот претходно постигнаа компромис за јазикот што ќе се користи за опишување на војната во Украина, според Ројтерс, пренесува БТА. Групата е длабоко поделена околу војната во Украина, при што западните земји се залагаат жестока осуда на Русија да биде вклучена во декларацијата, додека други инсистираа таа да се фокусира на пошироки економски прашања.

Формулацијата најверојатно ќе биде слична на декларацијата од Самитот во Индонезија во 2022 година, во која се забележува дека иако повеќето нации ја осудуваат Русија за инвазијата, постојат различни ставови.

Во претходниот нацрт на декларацијата во кој имал увид Ројтерс, ставот „геополитичка ситуација“ беше оставен празен, додека 75 други параграфи кои покриваат прашања од глобалниот долг и криптовалутите до климатските промени беа договорени.

The post Индискиот премиер Моди соопшти дека лидерите од Г20 се договориле за текстот на лидерската декларација appeared first on Република.

]]>

Индискиот премиер Нарендра Моди соопшти дека лидерите од Г20 постигнале консензус за текстот на лидерската декларација и дека таа е усвоена, јави германската агенција ДПА.
Благодарение на напорната работа на сите тимови, постигнавме консензус за текстот на Декларацијата на лидерите на Самитот на Г20, им соопшти Моди на лидерите од блокот на Самитот во Делхи. - Најавувам прифаќање на оваа декларација, додаде Моди.
Објавата дојде откако делегатите од најмоќните земји во светот претходно постигнаа компромис за јазикот што ќе се користи за опишување на војната во Украина, според Ројтерс, пренесува БТА. Групата е длабоко поделена околу војната во Украина, при што западните земји се залагаат жестока осуда на Русија да биде вклучена во декларацијата, додека други инсистираа таа да се фокусира на пошироки економски прашања. Формулацијата најверојатно ќе биде слична на декларацијата од Самитот во Индонезија во 2022 година, во која се забележува дека иако повеќето нации ја осудуваат Русија за инвазијата, постојат различни ставови. Во претходниот нацрт на декларацијата во кој имал увид Ројтерс, ставот „геополитичка ситуација“ беше оставен празен, додека 75 други параграфи кои покриваат прашања од глобалниот долг и криптовалутите до климатските промени беа договорени.

The post Индискиот премиер Моди соопшти дека лидерите од Г20 се договориле за текстот на лидерската декларација appeared first on Република.

]]>