Напуштена иднина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napushtena-idnina/ За подобро да се разбереме Thu, 09 May 2024 08:42:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Напуштена иднина Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napushtena-idnina/ 32 32 „Табу република“ на Русески и „Напуштена иднина“ на Битровски на 20. издание на Танц Фест https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/tabu-republika-na-ruseski-i-napushtena-idnina-na-bitrovski-na-20-izdanie-na-tants-fest/ Thu, 09 May 2024 08:42:08 +0000 https://republika.mk/?p=776189

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, кој под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење, ја продолжува својата програма на сцената на Македонскиот народен театар на 11 мај во 20 часот. Публиката ќе има можност да ги проследи извонредните кореографски остварувања „Напуштена иднина“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески, во изведба на Скопје танцовиот театар.

„Напуштена иднина е современ танцов перформанс кој црпи инспирација од темите на футуризмот и нашите дискусии за напредокот, издржливоста и човечкото искуство. Преку движење, музика и визуелно раскажување приказни, претставата ја истражува цикличната природа на иновациите и последиците од занемарувањето на нашата колективна судбина“ – вели кореографот Битровски, кој се јавува, како комплетен автор и ги потпишува костимите и сценското обликување. Настапуваат Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Илина Костовска, Надја Лукановска, Нина Петрушевска, Михаела Колцунова, Елена Терзиева, Викторија Коцева и Стефани Шаршмит.

„Табу република нема цензура. Претставата се бави со тематиките на лицата од женскиот род, лица со оштетен вид и слух, лицата со инвалидитет, жената како родилка/носител на живот, стапката на смртноста на жените при породување, честите абортуси. Ставен е фокус на абортусот, за кој причинител е недоволното сексуално образование кај младите лица, стишување на нивниот глас поради општествените предрасуди и погледи кон самиот чин. Често наидував на млади девојки, познанички, кои се соочуваа со тој проблем и тоа ме поттикна повеќе да истражувам на оваа тема. Една од многуте табу теми во нашите краишта, која најмногу ме инспирира да го создадам ова дело, сè со цел да ја кренам свеста во нашето општество, да се доближам поблиску до младите, медиумите и институциите со цел заедно да говориме гласно и јасно на оваа тема.“ – истакнува кореографот Русески. Музиката за претставата е на Александар Бошков, а музичкото обликување го заокружуваат и Ема Ананиевска со пијано изведба во живо и Ива Дамјановски која настапува на терамин. Исто така во живо. Костимите се на Благој Мицевски, визуелен уметник е Кристијан, а ќе настапи и актерката Наталија Ристеска. Изведувачи се танчерите на Скопје танцовиот театар Стефи Шааршмит, Викторија Коцева, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Нина Петрушевска, Илина Костовска, Микаела Анџела Глигорова, Надја Лукановска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Михаела Колчунова, Сара Крковиќ, Теоа Ѓуровска, и Марија Андовскa.

Многу сум среќна дека фестивалот дочека Јубилејно издание од 20 години постоење на културната сцена кај нас, но и дека успеа да се наметне на европската и светската современа танцова сцена, како фестивал со извонредни квалитети и престижно е да се настапи во неговата програма. Мисијата која ја остваруваме овие дваесет години, се остварува, па така во една двонасочна улица презентираме најдобри светски компании, но градиме и домашни автори кои се пласираат кај нас и во странство преку учество во фестивалската програма. Посебно ме радуваат новите кореографски остварувања на младите кореографи Дејан Битровски и Бобан Русески, кои публиката ќе има можност да ги види во сабота на 11 мај, на сцената на Македонскиот народен театар. Современата танцова сцена кај нас зајакнува и се шири и фестивалот има голема улога во тоа, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест Скопје.

 

The post „Табу република“ на Русески и „Напуштена иднина“ на Битровски на 20. издание на Танц Фест appeared first on Република.

]]>

Фестивалот Танц-Фест Скопје 2024, годинава, кој под мотото „Сирово: од движење до виртуозност – 20 години Извонредност во современиот танц“ го прославува јубилејот 20 години постоење, ја продолжува својата програма на сцената на Македонскиот народен театар на 11 мај во 20 часот. Публиката ќе има можност да ги проследи извонредните кореографски остварувања „Напуштена иднина“ на Дејан Битровски и „Табу република“ на Бобан Русески, во изведба на Скопје танцовиот театар. „Напуштена иднина е современ танцов перформанс кој црпи инспирација од темите на футуризмот и нашите дискусии за напредокот, издржливоста и човечкото искуство. Преку движење, музика и визуелно раскажување приказни, претставата ја истражува цикличната природа на иновациите и последиците од занемарувањето на нашата колективна судбина“ – вели кореографот Битровски, кој се јавува, како комплетен автор и ги потпишува костимите и сценското обликување. Настапуваат Сара Димовска, Клара Христова, Јоана Благадуша, Илина Костовска, Надја Лукановска, Нина Петрушевска, Михаела Колцунова, Елена Терзиева, Викторија Коцева и Стефани Шаршмит. „Табу република нема цензура. Претставата се бави со тематиките на лицата од женскиот род, лица со оштетен вид и слух, лицата со инвалидитет, жената како родилка/носител на живот, стапката на смртноста на жените при породување, честите абортуси. Ставен е фокус на абортусот, за кој причинител е недоволното сексуално образование кај младите лица, стишување на нивниот глас поради општествените предрасуди и погледи кон самиот чин. Често наидував на млади девојки, познанички, кои се соочуваа со тој проблем и тоа ме поттикна повеќе да истражувам на оваа тема. Една од многуте табу теми во нашите краишта, која најмногу ме инспирира да го создадам ова дело, сè со цел да ја кренам свеста во нашето општество, да се доближам поблиску до младите, медиумите и институциите со цел заедно да говориме гласно и јасно на оваа тема.“ – истакнува кореографот Русески. Музиката за претставата е на Александар Бошков, а музичкото обликување го заокружуваат и Ема Ананиевска со пијано изведба во живо и Ива Дамјановски која настапува на терамин. Исто така во живо. Костимите се на Благој Мицевски, визуелен уметник е Кристијан, а ќе настапи и актерката Наталија Ристеска. Изведувачи се танчерите на Скопје танцовиот театар Стефи Шааршмит, Викторија Коцева, Клара Христовска, Јоана Благадуша, Нина Петрушевска, Илина Костовска, Микаела Анџела Глигорова, Надја Лукановска, Елена Стојкоска, Елена Терзиева, Миа Петровиќ, Михаела Колчунова, Сара Крковиќ, Теоа Ѓуровска, и Марија Андовскa.
Многу сум среќна дека фестивалот дочека Јубилејно издание од 20 години постоење на културната сцена кај нас, но и дека успеа да се наметне на европската и светската современа танцова сцена, како фестивал со извонредни квалитети и престижно е да се настапи во неговата програма. Мисијата која ја остваруваме овие дваесет години, се остварува, па така во една двонасочна улица презентираме најдобри светски компании, но градиме и домашни автори кои се пласираат кај нас и во странство преку учество во фестивалската програма. Посебно ме радуваат новите кореографски остварувања на младите кореографи Дејан Битровски и Бобан Русески, кои публиката ќе има можност да ги види во сабота на 11 мај, на сцената на Македонскиот народен театар. Современата танцова сцена кај нас зајакнува и се шири и фестивалот има голема улога во тоа, изјави Рисима Рисимкин, уметнички директор на Танц Фест Скопје.
 

The post „Табу република“ на Русески и „Напуштена иднина“ на Битровски на 20. издание на Танц Фест appeared first on Република.

]]>