наплата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naplata/ За подобро да се разбереме Wed, 21 Aug 2024 20:31:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наплата Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naplata/ 32 32 Од мај влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/od-maj-vlezot-vo-eu-ke-se-naplaka-7-evra/ Wed, 21 Aug 2024 19:40:34 +0000 https://republika.mk/?p=808831

Од мај следната година граѓаните на Западен Балкан, односно Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, како и Молдавија и Украина, ќе треба да платат виза од седум евра за влез во Шенген зоната.

Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Џонсон потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), според кој британските и другите граѓани ќе треба да аплицираат за укинување на визите пред да влезат во ЕУ, најверојатно ќе стапи на сила од мај следната година.

Тој ќе важи и за граѓаните на други земји на кои не им треба виза за влез во ЕУ, како што се САД, Австралија и Канада, пишува Гардијан.

Системот ETIAS ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за патна дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната, која ги вклучува 27-те членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Дозволата ќе трае три години, односно до истекот на пасошот на патникот.

Патниците ќе треба да дадат лични податоци на интернет, како што се адреса и вработување, како и криминални досиеја и информации за контакт во земјата дестинација. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа, пишува Гардијан, пренесува Анадолија.

Во меѓувреме, ЕУ потврди дека на 10 ноември, односно половина година пред имплементацијата на системот ETIAS, по неколку одложувања, ќе почне да функционира системот за влез и излез (ЕЕС) за земјите од Шенген зоната.

EES ќе бара од патниците да обезбедат биометриски податоци како што се отпечатоци од прсти и слики од лицето на границата. Тоа е дел од мерките кои имаат за цел да им го отежнат влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши. Според првите предвидувања, системот требаше да биде оперативен во 2022 година.

The post Од мај влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра appeared first on Република.

]]>

Од мај следната година граѓаните на Западен Балкан, односно Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, како и Молдавија и Украина, ќе треба да платат виза од седум евра за влез во Шенген зоната. Еврокомесарката за внатрешни работи Илва Џонсон потврди дека Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS), според кој британските и другите граѓани ќе треба да аплицираат за укинување на визите пред да влезат во ЕУ, најверојатно ќе стапи на сила од мај следната година. Тој ќе важи и за граѓаните на други земји на кои не им треба виза за влез во ЕУ, како што се САД, Австралија и Канада, пишува Гардијан. Системот ETIAS ќе бара од државјаните кои не се членки на ЕУ да аплицираат за патна дозвола од седум евра пред да влезат во Шенген зоната, која ги вклучува 27-те членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија. Дозволата ќе трае три години, односно до истекот на пасошот на патникот. Патниците ќе треба да дадат лични податоци на интернет, како што се адреса и вработување, како и криминални досиеја и информации за контакт во земјата дестинација. Повеќето барања се очекува да бидат одобрени во рок од неколку минути, но некои одлуки може да потраат до 72 часа, пишува Гардијан, пренесува Анадолија. Во меѓувреме, ЕУ потврди дека на 10 ноември, односно половина година пред имплементацијата на системот ETIAS, по неколку одложувања, ќе почне да функционира системот за влез и излез (ЕЕС) за земјите од Шенген зоната. EES ќе бара од патниците да обезбедат биометриски податоци како што се отпечатоци од прсти и слики од лицето на границата. Тоа е дел од мерките кои имаат за цел да им го отежнат влезот на криминалците или терористите во ЕУ со лажни пасоши. Според првите предвидувања, системот требаше да биде оперативен во 2022 година.

The post Од мај влезот во ЕУ ќе се наплаќа 7 евра appeared first on Република.

]]>
Во тек е надградба на системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници https://arhiva3.republika.mk/vesti/skopje/vo-tek-e-nadgradba-na-sistemot-za-elektronska-naplata-vo-avtobusite-na-jsp-skopje-i-privatnite-prevoznitsi/ Wed, 21 Aug 2024 15:21:14 +0000 https://republika.mk/?p=808727

Ве известуваме дека во тек е надградба на Системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, согласно со договорот бр. 08-359/1 од 15.04.2024 година со софтверската компанија Аитоникс Македонија, стои во писменото соопштение на ЈСП.

Надградбата  се врши во 3 фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем.  Оваа фаза ќе заврши до 15.09.2024 година кога почнува третата фаза, односно паралелна работа на двата системи, при што новиот валидатор во целост ќе ги прифаќа билетите како и во стариот систем. (Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи сеуште не се во функција, а со цел да се заштитат до моментот додека не се заврши втората фаза во сите автобуси). Третата фаза ќе трае 15-30 дена при што ќе се детектираат сите недостатоци на новиот систем, доколку постојат такви. Потоа се исклучува во целост стариот систем, се поврзува и предниот валидатор на  новиот систем, со што надградбата ќе биде завршена.

Ги молиме граѓаните за разбирање во овој преоден период, велат оттаму.

The post Во тек е надградба на системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници appeared first on Република.

]]>

Ве известуваме дека во тек е надградба на Системот за автоматска локација на возила и електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници, согласно со договорот бр. 08-359/1 од 15.04.2024 година со софтверската компанија Аитоникс Македонија, стои во писменото соопштение на ЈСП.

Надградбата  се врши во 3 фази. Моментално се работи на втората фаза, во која се инсталира по еден валидатор во сите возила од новиот надграден систем.  Оваа фаза ќе заврши до 15.09.2024 година кога почнува третата фаза, односно паралелна работа на двата системи, при што новиот валидатор во целост ќе ги прифаќа билетите како и во стариот систем. (Поради оваа причина новите валидатори се во моментов заштитени, бидејќи сеуште не се во функција, а со цел да се заштитат до моментот додека не се заврши втората фаза во сите автобуси). Третата фаза ќе трае 15-30 дена при што ќе се детектираат сите недостатоци на новиот систем, доколку постојат такви. Потоа се исклучува во целост стариот систем, се поврзува и предниот валидатор на  новиот систем, со што надградбата ќе биде завршена.

Ги молиме граѓаните за разбирање во овој преоден период, велат оттаму.

The post Во тек е надградба на системот за електронска наплата во автобусите на ЈСП Скопје и приватните превозници appeared first on Република.

]]>
УЈП: Избегнете присилна наплата, платете го веднаш доспеаниот долг за 2023 година! https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/ujp-izbegnete-prisilna-naplata-platete-go-vednash-dospeaniot-dolg-za-2023-godina/ Fri, 05 Jul 2024 10:56:25 +0000 https://republika.mk/?p=793751

Согласно евиденцијата на УЈП, оттаму информираат дека  4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход („ДЛД-ГДП”) за 2023 година што требаше да се плати во законскиот рок до 30.06.2024 година.

Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата.
За чекорите на плаќање, повеќе информации види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1990

Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10,000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172, велат од УЈП.

The post УЈП: Избегнете присилна наплата, платете го веднаш доспеаниот долг за 2023 година! appeared first on Република.

]]>

Согласно евиденцијата на УЈП, оттаму информираат дека  4.767 даночни обврзници ја немаат платено разликата за доплата на данокот на личен доход утврдена во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход („ДЛД-ГДП”) за 2023 година што требаше да се плати во законскиот рок до 30.06.2024 година. Во следниот период УЈП ќе премине кон опоменување и присилна наплата на доспеаните неплатени долгови по овие основи што ќе доведе до дополнителни трошоци по основ на камата за задоцнето плаќање од 0,03% дневно и еднократна посебна такса во постапка на присилна наплата. За чекорите на плаќање, повеќе информации види линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/category/1990 Ги поттикнуваме оние даночни обврзници со даночен долг над 10,000 денари кои имаат потешкотии во обезбедувањето на тековна ликвидност и платежна способност, а редовно ги исполниле другите даночни обврски, да поднесат барање за одложено плаќање http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/172, велат од УЈП.

The post УЈП: Избегнете присилна наплата, платете го веднаш доспеаниот долг за 2023 година! appeared first on Република.

]]>
Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/bochvarski-ksifaras-gi-otvorame-prashanata-za-zaednichki-granichni-premini-i-povrzan-sistem-za-plakane-patarini/ Tue, 12 Dec 2023 09:24:46 +0000 https://republika.mk/?p=722041

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари билатерална средба со Јоанис Ксифарас, кој ја предводеше грчката делегација во име на Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција.

 

Тие на средбата ја потврдија добрата соработка помеѓу Македонија и Грција и разговараа во однос на заедничките заложби за европска интеграција на регионот.

 

Министерот Бочварски ја потенцираше важноста на зголемување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и поврзувањето на Битола со Месонисон, во Грција.

 

Исто така двајцата разговараа за отворање на зелени коридори на граничните премини, како и можноста за интероперабилност на патарините.

 

„Разговаравме и разменивме искуства за процесите на олеснување и подобрување на транспортот помеѓу нашите земји, а дадовме и фокус на продлабочување на соработката, особено во делот на туризмот и патничкиот транспорт. Ја отворив темата за отворање на граничниот премин Маркова Нога, како и модернизација на останатите заеднички гранични премини. Македонија работи активно за интеграција и членство во Европската Унија, а поддршката од нашите соседи е  и повеќе од добредојдена.“ – изјави министерот Бочварски.

 

Билатералната средба помеѓу министерот Бочварски и државниот секретар Ксифарас е во рамките на Министерскиот совет, кој овие два дена се одржува во Скопје.

The post Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини appeared first on Република.

]]>

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски оствари билатерална средба со Јоанис Ксифарас, кој ја предводеше грчката делегација во име на Министерството за инфраструктура и транспорт на Република Грција.   Тие на средбата ја потврдија добрата соработка помеѓу Македонија и Грција и разговараа во однос на заедничките заложби за европска интеграција на регионот.   Министерот Бочварски ја потенцираше важноста на зголемување на соработката во делот на железничкиот сообраќај и поврзувањето на Битола со Месонисон, во Грција.   Исто така двајцата разговараа за отворање на зелени коридори на граничните премини, како и можноста за интероперабилност на патарините.   „Разговаравме и разменивме искуства за процесите на олеснување и подобрување на транспортот помеѓу нашите земји, а дадовме и фокус на продлабочување на соработката, особено во делот на туризмот и патничкиот транспорт. Ја отворив темата за отворање на граничниот премин Маркова Нога, како и модернизација на останатите заеднички гранични премини. Македонија работи активно за интеграција и членство во Европската Унија, а поддршката од нашите соседи е  и повеќе од добредојдена.“ – изјави министерот Бочварски.   Билатералната средба помеѓу министерот Бочварски и државниот секретар Ксифарас е во рамките на Министерскиот совет, кој овие два дена се одржува во Скопје.

The post Бочварски – Ксифарас: Ги отвораме прашањата за заеднички гранични премини и поврзан систем за плаќање патарини appeared first on Република.

]]>
Платформата X воведе уште две нивоа на претплата, еве колку чинат и што нудат https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/platformata-x-vovede-ushte-dve-nivoa-na-pretplata-eve-kolku-chinat-i-shto-nudat/ Mon, 30 Oct 2023 11:45:53 +0000 https://republika.mk/?p=696287

Дали ви беше прескапо да плаќате осум евра месечно за X Premium? Платформата на Маск сега нуди уште две нивоа на претплата, едното за три, а другото за дури 16 евра месечно, со различни достапни функции.

Продолжуваат обидите на X (поранешен Twitter) да префрли што е можно повеќе свои корисници на еден од платените начини на користење. По контроверзната платена програма за верификација Twitter Blue, која сега се нарекува X Premium и чини осум евра месечно, социјалната мрежа и нејзиниот сопственик Илон Маск смислија уште неколку начини како да зграпчат пари.

Неодамна започнаа платена програма за отворање на сите нови сметки, која важи за Нов Зеланд и Филипини, а чини еден долар годишно. Таа има за цел да го намали количеството на спам и ботови.

Сега се реализира уште една неодамнешна објава на Маск – се проширува понудата на достапни претплатни пакети. Покрај постоечкиот X Premium за осум евра месечно, корисниците сега добиваат и поевтин, по цена од три евра, како и двојно поскап претплатен пакет. Во зависност од цената се менуваат и поволностите што ги нуди секој претплатен пакет.

X Basic

Основниот пакет Basic ако го купите преку десктоп верзија чини три евра месечно или 32 евра годишно. Им овозможува на претплатниците да пост-уредуваат објави, да објавуваат подолги објави и видеа, да преземаат видеа, да слушаат содржини со исклучен екран на телефонот, како и одредени опции за персонализација (од иконата на апликацијата до криење на сопствените допаѓања и слично). Овој претплатен пакет не бара проверка на идентитетот, а претплатниците на него на X нема да имаат видлив „син беџ“.

X Premium

Средниот пакет, по цена од осум евра месечно или 84 евра годишно, останува како што беше. Значи, нуди се што нуди Basic, но носи и проверка за верификација, покажува помалку реклами на платформата, нуди поголема видливост на објавите, како и можност за заработка од објави (за професионални создавачи на содржина).

X Premium+

Најскапиот пакет сега чини 16 евра месечно или 168 евра годишно. Само уште две поволности се додадени во пакетот Premium: подобра видливост на објавите и целосно отстранување на рекламите од прикажувањето на содржината.

The post Платформата X воведе уште две нивоа на претплата, еве колку чинат и што нудат appeared first on Република.

]]>

Дали ви беше прескапо да плаќате осум евра месечно за X Premium? Платформата на Маск сега нуди уште две нивоа на претплата, едното за три, а другото за дури 16 евра месечно, со различни достапни функции. Продолжуваат обидите на X (поранешен Twitter) да префрли што е можно повеќе свои корисници на еден од платените начини на користење. По контроверзната платена програма за верификација Twitter Blue, која сега се нарекува X Premium и чини осум евра месечно, социјалната мрежа и нејзиниот сопственик Илон Маск смислија уште неколку начини како да зграпчат пари. Неодамна започнаа платена програма за отворање на сите нови сметки, која важи за Нов Зеланд и Филипини, а чини еден долар годишно. Таа има за цел да го намали количеството на спам и ботови. Сега се реализира уште една неодамнешна објава на Маск – се проширува понудата на достапни претплатни пакети. Покрај постоечкиот X Premium за осум евра месечно, корисниците сега добиваат и поевтин, по цена од три евра, како и двојно поскап претплатен пакет. Во зависност од цената се менуваат и поволностите што ги нуди секој претплатен пакет. X Basic Основниот пакет Basic ако го купите преку десктоп верзија чини три евра месечно или 32 евра годишно. Им овозможува на претплатниците да пост-уредуваат објави, да објавуваат подолги објави и видеа, да преземаат видеа, да слушаат содржини со исклучен екран на телефонот, како и одредени опции за персонализација (од иконата на апликацијата до криење на сопствените допаѓања и слично). Овој претплатен пакет не бара проверка на идентитетот, а претплатниците на него на X нема да имаат видлив „син беџ“. X Premium Средниот пакет, по цена од осум евра месечно или 84 евра годишно, останува како што беше. Значи, нуди се што нуди Basic, но носи и проверка за верификација, покажува помалку реклами на платформата, нуди поголема видливост на објавите, како и можност за заработка од објави (за професионални создавачи на содржина). X Premium+ Најскапиот пакет сега чини 16 евра месечно или 168 евра годишно. Само уште две поволности се додадени во пакетот Premium: подобра видливост на објавите и целосно отстранување на рекламите од прикажувањето на содржината.

The post Платформата X воведе уште две нивоа на претплата, еве колку чинат и што нудат appeared first on Република.

]]>
„X“ воведува претплата – пробно, во Нов Зеланд и Филипини https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/x-voveduva-pretplata-probno-vo-nov-zeland-i-filipini/ Thu, 19 Oct 2023 07:55:01 +0000 https://republika.mk/?p=692692

Платформата „X“ (порано „Твитер“), почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипини еден американски долар годишно за пристап до социјалната мрежа на Илон Маск. Ова засега е тест-програма. Од „X“ соопштуваат дека ова е мерка против виртуелните тн. ботови.

Почнувајќи од 17 октомври 2023 година, почнавме да го тестираме ‘Not A Bot’ (‘Не бот’) – нов метод за претплата за нови корисници во две земји. Овој нов тест беше развиен за да ги зајакне нашите веќе значајни напори за намалување на појавите како спам, манипулациите со нашата платформа и активностите на ботовите. Постојните корисници не се засегнати од оваа програма, велат тие.

Како што објави „Форбс“ вчера, новите „клучни одлики“ вклучуваат објавување свои написи, одговори кон други корисници и сеопфатна активност на социјалната мрежа. Оние кои нема да плаќаат претплата ќе можат само да читаат објави, да гледаат видеа и да следат други профили.

Маск и во септември најави дека ќе почне да наплаќа за користење на „Х“. Потоа во живо рече дека компанијата ќе воведе „мала месечна претплата за борба против армијата ботови“. Покрај тоа, „X“ веќе нуди премиум претплата – „X Blue“ којашто чини осум долари месечно, што на корисниците им дава сина ознака и им овозможува подолги објави, уредување на веќе поставените, како и приоритет на нивниот профил во пребарувањето.

The post „X“ воведува претплата – пробно, во Нов Зеланд и Филипини appeared first on Република.

]]>

Платформата „X“ (порано „Твитер“), почна да им наплаќа на новите корисници во Нов Зеланд и Филипини еден американски долар годишно за пристап до социјалната мрежа на Илон Маск. Ова засега е тест-програма. Од „X“ соопштуваат дека ова е мерка против виртуелните тн. ботови. Почнувајќи од 17 октомври 2023 година, почнавме да го тестираме ‘Not A Bot’ (‘Не бот’) – нов метод за претплата за нови корисници во две земји. Овој нов тест беше развиен за да ги зајакне нашите веќе значајни напори за намалување на појавите како спам, манипулациите со нашата платформа и активностите на ботовите. Постојните корисници не се засегнати од оваа програма, велат тие. Како што објави „Форбс“ вчера, новите „клучни одлики“ вклучуваат објавување свои написи, одговори кон други корисници и сеопфатна активност на социјалната мрежа. Оние кои нема да плаќаат претплата ќе можат само да читаат објави, да гледаат видеа и да следат други профили. Маск и во септември најави дека ќе почне да наплаќа за користење на „Х“. Потоа во живо рече дека компанијата ќе воведе „мала месечна претплата за борба против армијата ботови“. Покрај тоа, „X“ веќе нуди премиум претплата – „X Blue“ којашто чини осум долари месечно, што на корисниците им дава сина ознака и им овозможува подолги објави, уредување на веќе поставените, како и приоритет на нивниот профил во пребарувањето.

The post „X“ воведува претплата – пробно, во Нов Зеланд и Филипини appeared first on Република.

]]>
Корисниците на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ може да плаќаат до 13 евра месечно https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/korisnitsite-na-fejsbuk-i-instagram-vo-eu-mozhe-da-plakaat-do-13-evra-mesechno/ Tue, 03 Oct 2023 11:25:47 +0000 https://republika.mk/?p=687457

Компанијата Мета размислува за план според кој корисниците на нејзините платформи Фејсбук и Инстаграм во Европската Унија ќе треба да плаќаат до 13 евра месечно за верзија без реклами или да се согласат на персонализирани реклами доколку сакаат да продолжат да ја користат бесплатната верзија.

Според овој план, Мета месечно би наплатувала околу 10 евра за сметки на Фејсбук или Инстаграм на персоналните компјутери и уште околу шест евра за секоја дополнителна поврзана сметка, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на упатени извори.

Како што пренесува Ројтерс, корисниците на мобилни телефони месечно би плаќале околу 13 евра за користење на споменатите платформи бидејќи Мета во цената би ги вклучила и провизиите што ги наплаќаат продавниците за апликации Епл и Гугл.

Претходно оваа година, ирската регулаторна агенција ДПЦ ја казни компанијата Мета со 390 милиони евра и заклучи дека калифорниската компанија нема право да испраќа реклами до корисниците во ЕУ врз основа на нивните онлајн-активности врз основа на постоечкиот договор. Мета потоа објави дека ќе бара согласност од корисниците во ЕУ пред да го дозволи таканареченото насочено рекламирање.

The post Корисниците на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ може да плаќаат до 13 евра месечно appeared first on Република.

]]>

Компанијата Мета размислува за план според кој корисниците на нејзините платформи Фејсбук и Инстаграм во Европската Унија ќе треба да плаќаат до 13 евра месечно за верзија без реклами или да се согласат на персонализирани реклами доколку сакаат да продолжат да ја користат бесплатната верзија. Според овој план, Мета месечно би наплатувала околу 10 евра за сметки на Фејсбук или Инстаграм на персоналните компјутери и уште околу шест евра за секоја дополнителна поврзана сметка, објави Волстрит џурнал, повикувајќи се на упатени извори. Како што пренесува Ројтерс, корисниците на мобилни телефони месечно би плаќале околу 13 евра за користење на споменатите платформи бидејќи Мета во цената би ги вклучила и провизиите што ги наплаќаат продавниците за апликации Епл и Гугл. Претходно оваа година, ирската регулаторна агенција ДПЦ ја казни компанијата Мета со 390 милиони евра и заклучи дека калифорниската компанија нема право да испраќа реклами до корисниците во ЕУ врз основа на нивните онлајн-активности врз основа на постоечкиот договор. Мета потоа објави дека ќе бара согласност од корисниците во ЕУ пред да го дозволи таканареченото насочено рекламирање.

The post Корисниците на Фејсбук и Инстаграм во ЕУ може да плаќаат до 13 евра месечно appeared first on Република.

]]>
За 13,6 проценти повеќе од лани: Од патарини наплатени 12 милиони евра во вториот квартал годинава https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/za-13-6-procenti-povekje-od-lani-od-patarini-naplateni-12-milioni-evra-vo-vtoriot-kvartal-godinava/ Fri, 18 Nov 2022 11:45:12 +0000 https://republika.mk/?p=575388

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплатило патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Наплатените средства се 20,99 проценти од вкупно планираниот приход по тој основ за годинава. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари.

ЈПДП во рамки на иницијативата Отворен Балкан е една од институциите што треба да го спроведат заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во државава, во Србија и во Албанија.

Стартот на проектот беше најавен за крајот на септември годинава, но се уште е во подготовка.

Проектот се уште е во фаза на прилагодување на системите, изработка на веб апликација и законски усогласувања, изјавија од ЈПДП за МИА.

Со проектот треба да се обезбеди побрз проток на возила кои со електронската наплата на патарина, односно со користење на микробрановите транспондери (ТАГ), без запирање ќе поминуваат на наплатните станици на земјите членки на Отворен Балкан. Користењето еден уред за плаќање на патарина во сите земји членки покрај побрз проток на сообраќај, ќе значи и помало загадување, помала потрошувачка на гориво, намалување на улогата на човечкиот фактор итн.

Со процесот на модернизација на наплатните станици на Коридор 8, што го почна ЈПДП, пак, сите наплатни станица треба да имаат ист електронски систем на наплата на патарина, како што е воспоставен и на Коридорот 10.

На сите постоечки наплатни станици на Коридор 8 ќе се изврши реконструкција за поставување на системот на електронска наплата, на кабините, на островот каде што се кабините и на сообраќајните ленти за поминување. Во моментов, како што велат од ЈПДП, течат подготовките за почнување на проектот за модернизација.

Според извештајот за финансиското работење на ЈПДП за вториот квартал годинава, покрај од патарина, ЈПДП има приходи и од патна такса што се плаќа при регистрација на возилата, во износ од 461.682.144 денари, или за 3,48 проценти повеќе споредено со приходот по тој основ во истиот период лани. Приходот на ЈПДП од акциза на нафтени деривати, пак, во вториот квартал годинава изнесува 1.079.735.226 денари. И по овој основ претпријатието има зголемени приходи, за 2,21 процент или за 23.358.983 денари.

The post За 13,6 проценти повеќе од лани: Од патарини наплатени 12 милиони евра во вториот квартал годинава appeared first on Република.

]]>

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) во вториот квартал годинава наплатило патарини во износ од 745.037.340 денари (12 милиони евра). Наплатените средства се 20,99 проценти од вкупно планираниот приход по тој основ за годинава. Во споредба со истиот период од минатата година, приходот од патарини е поголем за 13,6 проценти, односно за 89.166.912 денари. ЈПДП во рамки на иницијативата Отворен Балкан е една од институциите што треба да го спроведат заедничкиот проект за воспоставување еден уред за наплата на патарини во државава, во Србија и во Албанија. Стартот на проектот беше најавен за крајот на септември годинава, но се уште е во подготовка. Проектот се уште е во фаза на прилагодување на системите, изработка на веб апликација и законски усогласувања, изјавија од ЈПДП за МИА. Со проектот треба да се обезбеди побрз проток на возила кои со електронската наплата на патарина, односно со користење на микробрановите транспондери (ТАГ), без запирање ќе поминуваат на наплатните станици на земјите членки на Отворен Балкан. Користењето еден уред за плаќање на патарина во сите земји членки покрај побрз проток на сообраќај, ќе значи и помало загадување, помала потрошувачка на гориво, намалување на улогата на човечкиот фактор итн. Со процесот на модернизација на наплатните станици на Коридор 8, што го почна ЈПДП, пак, сите наплатни станица треба да имаат ист електронски систем на наплата на патарина, како што е воспоставен и на Коридорот 10. На сите постоечки наплатни станици на Коридор 8 ќе се изврши реконструкција за поставување на системот на електронска наплата, на кабините, на островот каде што се кабините и на сообраќајните ленти за поминување. Во моментов, како што велат од ЈПДП, течат подготовките за почнување на проектот за модернизација. Според извештајот за финансиското работење на ЈПДП за вториот квартал годинава, покрај од патарина, ЈПДП има приходи и од патна такса што се плаќа при регистрација на возилата, во износ од 461.682.144 денари, или за 3,48 проценти повеќе споредено со приходот по тој основ во истиот период лани. Приходот на ЈПДП од акциза на нафтени деривати, пак, во вториот квартал годинава изнесува 1.079.735.226 денари. И по овој основ претпријатието има зголемени приходи, за 2,21 процент или за 23.358.983 денари.

The post За 13,6 проценти повеќе од лани: Од патарини наплатени 12 милиони евра во вториот квартал годинава appeared first on Република.

]]>
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје деновиве ќе најде полесен начин за склучување на договорите со граѓаните https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/esm-snabduvanje-so-toplina-dooel-skopje-denovive-kje-najde-polesen-nachin-za-skluchuvanje-na-dogovorite-so-gragjanite/ Mon, 17 Oct 2022 18:43:32 +0000 https://republika.mk/?p=562245

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје во текот на наредните денови ќе проба да најде полесен начин како граѓаните да ги склучат новите договори за топлинска енергија, со оглед на тоа што во моментов на три пункта во Скопје, околу 60 илјади домаќинства треба да склучат нов договор, по преземањето на дејноста од компанијата БЕГ.

На трите пункта во Скопје се прават големи редици, а според сознанијата на МИА на граѓаните им се бараат имотни листови и други документ, иако првично беше соопштено дека е потребен само документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач.

На прашањето на МИА зошто не е пронајден друг начин, посовремен, дигитализиран или евентуално ставање во сандаче на новите договори, кои граѓаните би ги пополниле и испратиле до ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ, директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изјави дека не сакаат да го отежнат процесот и оти наредните денови ќе пробаат да најдат полесен начин.

Ќе бараме да се најде полесен начин како сите тие потрошувачи, којшто се голем број, околу 60 000 треба да склучат договори. Но во ова прилика да ги известам сите наши граѓани коишто се наши потрошувачи на топлинска енергија, да не се грижат иако се уште не се склучени договорите, ЕСМ ќе испорачува енергија. До крајот на месецов, ќе најдеме начин како и колку брзо да ги склучиме тие договори. Така да, новите сметки во ноември коишто ќе се однесуваат за месецот октомври, ќе ги добијат и притоа нема да има прекин на испорака на топлинска енергија, и тоа нема да ги загрижува граѓаните на Скопје, истакна Ковачевски.

Што се однесува до договорите коишто ги имаат потрошувачите во Градот Скопје, нагласи Ковачевски денеска испратиле соопштение до јавноста, во кое ги информирале сите потрошувачи дека треба да се склучат нови договори.

Истите немаат правно наследство, значи претходните договори, затоа што ние формиравме нова компанија за топлинска енергија и не е класично преземање на БЕГ од страна на АД ЕСМ. До колку така беше како преземање ќе можеше да ги преземеме и договорите. Со формирањето на новата компанија сега сите потрошувачи треба да склучат нови договори, затоа што треба да имаме должничко доверителски односи помеѓу АД ЕСМ и потрошувачот на топлинската енергија, нагласи Ковачевски.

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека новите договори за парно греење може да се потпишат на три пункта во Скопје со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот: пункт Центар, на ул.„Кочо Рацин“ бр.33 кај Олимписки базен, пункт Исток, на ул. „Јане Сандански“ бр.49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица „Лондонска“ бр.8 во населба Тафталиџе.

Новиот носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика, кој има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи РКЕ воедно порачува дека испораката на топлина нема да биде прекината.

За таа цел потрошувачите на чии име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, каде во куса постапка ќе им биде приложен на потпис Договор со новиот снабдувач, кон кого ќе ја имаат обврската за плаќање на услугата. Договорот е ист како и досега, и е одобрен од Регулаторната комисија за енергетика. За склучување на договорот потребно е да се понесе документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач, информираат од ЕСМ.

Оттаму исткнуваат дека корисниците можат веднаш да пристапат кон пунктовите со цел склучување на договорите. Напоменуваат дека ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската и доколку од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена.

Корисниците кои нема да ги склучат договорите по овој повик, ќе бидат контактирани од снабдувачот ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, со цел да се изнајде термин соодветен за потрошувачите за склучување на договорот, со оглед на тоа што одредени корисници може да бидат отсутни во следниот период, или од различни лични, здравствени и други причини да не можат да се јават на пунктовите.

ЕСМ Снабдување ќе воспостави директни контакти, додека за корисниците кои не можат да ги напуштат своите домови ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом. Поради повеќе прашања пристигнати до Службата за грижа на корисници ги информираат корисниците дека не е правно возможно преземање на постоечките договори со претходниот снабдувач, односно е единствено можно да се склучат нови договори, информира ЕСМ и најавува дека новиот снабдувач во следниот период ќе воспостави и сопствен систем за он лајн наплата.

The post ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје деновиве ќе најде полесен начин за склучување на договорите со граѓаните appeared first on Република.

]]>

ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје во текот на наредните денови ќе проба да најде полесен начин како граѓаните да ги склучат новите договори за топлинска енергија, со оглед на тоа што во моментов на три пункта во Скопје, околу 60 илјади домаќинства треба да склучат нов договор, по преземањето на дејноста од компанијата БЕГ. На трите пункта во Скопје се прават големи редици, а според сознанијата на МИА на граѓаните им се бараат имотни листови и други документ, иако првично беше соопштено дека е потребен само документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач. На прашањето на МИА зошто не е пронајден друг начин, посовремен, дигитализиран или евентуално ставање во сандаче на новите договори, кои граѓаните би ги пополниле и испратиле до ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ, директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски изјави дека не сакаат да го отежнат процесот и оти наредните денови ќе пробаат да најдат полесен начин.
Ќе бараме да се најде полесен начин како сите тие потрошувачи, којшто се голем број, околу 60 000 треба да склучат договори. Но во ова прилика да ги известам сите наши граѓани коишто се наши потрошувачи на топлинска енергија, да не се грижат иако се уште не се склучени договорите, ЕСМ ќе испорачува енергија. До крајот на месецов, ќе најдеме начин како и колку брзо да ги склучиме тие договори. Така да, новите сметки во ноември коишто ќе се однесуваат за месецот октомври, ќе ги добијат и притоа нема да има прекин на испорака на топлинска енергија, и тоа нема да ги загрижува граѓаните на Скопје, истакна Ковачевски.
Што се однесува до договорите коишто ги имаат потрошувачите во Градот Скопје, нагласи Ковачевски денеска испратиле соопштение до јавноста, во кое ги информирале сите потрошувачи дека треба да се склучат нови договори.
Истите немаат правно наследство, значи претходните договори, затоа што ние формиравме нова компанија за топлинска енергија и не е класично преземање на БЕГ од страна на АД ЕСМ. До колку така беше како преземање ќе можеше да ги преземеме и договорите. Со формирањето на новата компанија сега сите потрошувачи треба да склучат нови договори, затоа што треба да имаме должничко доверителски односи помеѓу АД ЕСМ и потрошувачот на топлинската енергија, нагласи Ковачевски.
ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје денеска соопшти дека новите договори за парно греење може да се потпишат на три пункта во Скопје со работно време од понеделник до петок од 08 до 18 часот и сабота од 9 до 13:30 часот: пункт Центар, на ул.„Кочо Рацин“ бр.33 кај Олимписки базен, пункт Исток, на ул. „Јане Сандански“ бр.49 во населба Аеродром и пункт Запад на улица „Лондонска“ бр.8 во населба Тафталиџе. Новиот носител на лиценца издадена од Регулаторната комисија за енергетика, кој има обврска да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија во согласност со лиценцата, Законот за енергетика и актите кои ги носи РКЕ воедно порачува дека испораката на топлина нема да биде прекината.
За таа цел потрошувачите на чии име се води парното греење во домот/објектот, потребно е да се обратат во пунктовите на ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, каде во куса постапка ќе им биде приложен на потпис Договор со новиот снабдувач, кон кого ќе ја имаат обврската за плаќање на услугата. Договорот е ист како и досега, и е одобрен од Регулаторната комисија за енергетика. За склучување на договорот потребно е да се понесе документ за лична идентификација и фактура (или копија) за топлинска енергија од претходниот снабдувач, информираат од ЕСМ.
Оттаму исткнуваат дека корисниците можат веднаш да пристапат кон пунктовите со цел склучување на договорите. Напоменуваат дека ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје ќе им овозможи на граѓаните соодветен временски период за регулирање на обврската и доколку од различни причини корисниците не успеат да склучат нов договор до крајот на месецот, греењето непрекинато ќе се испорачува и во ниеден момент испораката нема да биде загрозена. Корисниците кои нема да ги склучат договорите по овој повик, ќе бидат контактирани од снабдувачот ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје, со цел да се изнајде термин соодветен за потрошувачите за склучување на договорот, со оглед на тоа што одредени корисници може да бидат отсутни во следниот период, или од различни лични, здравствени и други причини да не можат да се јават на пунктовите.
ЕСМ Снабдување ќе воспостави директни контакти, додека за корисниците кои не можат да ги напуштат своите домови ќе им излезе во пресрет и ќе им овозможи Договорот да го склучат во нивниот дом. Поради повеќе прашања пристигнати до Службата за грижа на корисници ги информираат корисниците дека не е правно возможно преземање на постоечките договори со претходниот снабдувач, односно е единствено можно да се склучат нови договори, информира ЕСМ и најавува дека новиот снабдувач во следниот период ќе воспостави и сопствен систем за он лајн наплата.

The post ЕСМ Снабдување со топлина ДООЕЛ Скопје деновиве ќе најде полесен начин за склучување на договорите со граѓаните appeared first on Република.

]]>