напаѓачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napagjachi/ За подобро да се разбереме Sat, 23 Mar 2024 11:01:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png напаѓачи Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napagjachi/ 32 32 Уапсени се двајца напаѓачи за терористичкиот напад во Москва, при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uapseni-se-dvajtsa-napagachi-za-teroristichkiot-napad-vo-moskva-pri-pretresot-na-avtomobilot-bile-pronajdeni-pasoshi-na-drzhavjani-na-tadhikistan/ Sat, 23 Mar 2024 11:14:48 +0000 https://republika.mk/?p=757740

Двајца напаѓачи вклучени во нападот на Москва се приведени, соопшти претставникот на руската Државна дума Александар Хистеин.

Пратеникот рече и дека при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан.

Претходно, одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС).

Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“ каде меѓу другото во тој момент се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“.

Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата.

Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран. Потоа започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот.

Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија.

The post Уапсени се двајца напаѓачи за терористичкиот напад во Москва, при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан appeared first on Република.

]]>

Двајца напаѓачи вклучени во нападот на Москва се приведени, соопшти претставникот на руската Државна дума Александар Хистеин. Пратеникот рече и дека при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан. Претходно, одговорноста за нападот во Москва ја презеде Исламската држава (ИСИС). Нападот се случил во 18 часот кога најмалку три лица во маскирни униформи упаднале во „Crocus City Hall“ каде меѓу другото во тој момент се одржувал концерт на популарната руска група „Пикник“. Напаѓачите буквално отвориле оган врз присутните цивили од вратата, а потоа фрлиле бомба или запалив материјал кој предизвикал голем пожар. На местото на настанот излегле припадници на итната помош, како и голем број специјалци кои влетале во зградата. Неколку часа подоцна беше објавено дека зградата е безбедна и дека пожарот е локализиран. Потоа започна евакуацијата на ранетите и загинатите, а ИСИС објави дека нејзините членови успеале да побегнат по нападот. Пораки со сочувство и осуда за нападот пристигнаа од целиот свет, од САД до Белорусија.

The post Уапсени се двајца напаѓачи за терористичкиот напад во Москва, при претресот на автомобилот биле пронајдени пасоши на државјани на Таџикистан appeared first on Република.

]]>
Напаѓачите носеле кафена облека или кафени елеци, тврди очевидец https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/napagachite-nosele-kafena-obleka-ili-kafeni-eletsi-tvrdi-ochevidets/ Fri, 22 Mar 2024 21:44:27 +0000 https://republika.mk/?p=757627

Примов ги опиша напаѓачите како група луѓе кои испукале многу митралески рафали. Тие носеле кафена облека или кафени елеци, додека „Блиц“ претходно објави дека биле облечени во маскирни униформи.

- Бевме на балконот, а стрелците беа во близина на сцената - доста далеку од нас. И низ толпата луѓе имаше пукање од митралез - и тие тргнаа од влезот во салата кон бината, принудувајќи ги луѓето кон центарот на салата - изјави тој.

The post Напаѓачите носеле кафена облека или кафени елеци, тврди очевидец appeared first on Република.

]]>

Примов ги опиша напаѓачите како група луѓе кои испукале многу митралески рафали. Тие носеле кафена облека или кафени елеци, додека „Блиц“ претходно објави дека биле облечени во маскирни униформи.
- Бевме на балконот, а стрелците беа во близина на сцената - доста далеку од нас. И низ толпата луѓе имаше пукање од митралез - и тие тргнаа од влезот во салата кон бината, принудувајќи ги луѓето кон центарот на салата - изјави тој.

The post Напаѓачите носеле кафена облека или кафени елеци, тврди очевидец appeared first on Република.

]]>
Лица во маскирни униформи влегле во приземјето на концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва и отвориле оган од автоматско оружје https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/litsa-vo-maskirni-uniformi-vlegle-vo-prizemjeto-na-kontsertnata-sala-krokus-siti-hol-vo-moskva-i-otvorile-ogan-od-avtomatsko-oruzhje/ Fri, 22 Mar 2024 20:22:15 +0000 https://republika.mk/?p=757594

RT објави дека најмалку 40 луѓе загинале, а над 130 се повредени и ранети.

Припадниците на специјалната единица успеале да влезат во зградата, за да ги евакуираат преживеаните и отпочнаа потрага по напаѓачите.

Во Москва, околу 18:30 часот по средноевропско време се случи терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“.

Според првичните извештаи, лица во маскирни униформи влегле во приземјето на зградата и отвориле оган од автоматско оружје. Во областа се слушнале и најмалку две големи експлозии.

На социјалните мрежи се објавуваат видеа кои ги прикажуваат моментите на нападот, како во салата, така и во ходниците на салата.

На видеата се гледаат луѓе како лежат на под и бараат помош и се слушаат истрели.

The post Лица во маскирни униформи влегле во приземјето на концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва и отвориле оган од автоматско оружје appeared first on Република.

]]>

RT објави дека најмалку 40 луѓе загинале, а над 130 се повредени и ранети. Припадниците на специјалната единица успеале да влезат во зградата, за да ги евакуираат преживеаните и отпочнаа потрага по напаѓачите. Во Москва, околу 18:30 часот по средноевропско време се случи терористички напад во концертната сала „Крокус сити хол“. Според првичните извештаи, лица во маскирни униформи влегле во приземјето на зградата и отвориле оган од автоматско оружје. Во областа се слушнале и најмалку две големи експлозии. На социјалните мрежи се објавуваат видеа кои ги прикажуваат моментите на нападот, како во салата, така и во ходниците на салата. На видеата се гледаат луѓе како лежат на под и бараат помош и се слушаат истрели.

The post Лица во маскирни униформи влегле во приземјето на концертната сала „Крокус сити хол“ во Москва и отвориле оган од автоматско оружје appeared first on Република.

]]>
Очевидец ги опишува напаѓачите во Москва https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ochevidets-gi-opishuva-napagachite-vo-moskva/ Fri, 22 Mar 2024 19:39:07 +0000 https://republika.mk/?p=757573

Еден од очевидците на терористичкиот настан кој попладнево се случи во концертна сала во Москва, Русија ги опишува напаѓачите.

Беа најмалку петмина, имаат брада. Се однесуваат како тренирани и обучени милитанти. Наоружани се со со јуришни пушки АКМ. Некои од нив носат разна муниција. Најмалку двајца од напаѓаите носеа ранци, веројатно полни со молотови коктели, раскажува очевидецот.

Според него, пукањето почнало истовремено и во гледалиштето и во фоајето, каде што во тој миг имало многу народ. Териристите ги запалиле седиштата во холот и пожарот се проширил скоро по цела зграда.

Пожарникарите евакуирале околу 100 луѓе, а гостите во салата се спасуваат од кровот, со помош на скали за подигнување кои ги користат пожарникарите соопшти Министерството за вонредни ситуации.

 

The post Очевидец ги опишува напаѓачите во Москва appeared first on Република.

]]>

Еден од очевидците на терористичкиот настан кој попладнево се случи во концертна сала во Москва, Русија ги опишува напаѓачите. Беа најмалку петмина, имаат брада. Се однесуваат како тренирани и обучени милитанти. Наоружани се со со јуришни пушки АКМ. Некои од нив носат разна муниција. Најмалку двајца од напаѓаите носеа ранци, веројатно полни со молотови коктели, раскажува очевидецот. Според него, пукањето почнало истовремено и во гледалиштето и во фоајето, каде што во тој миг имало многу народ. Териристите ги запалиле седиштата во холот и пожарот се проширил скоро по цела зграда.
Пожарникарите евакуирале околу 100 луѓе, а гостите во салата се спасуваат од кровот, со помош на скали за подигнување кои ги користат пожарникарите соопшти Министерството за вонредни ситуации.
 

The post Очевидец ги опишува напаѓачите во Москва appeared first on Република.

]]>
Од 10 години до доживотен затвор: На напаѓачите од Бањска ќе им се суди за нарушување на уставниот поредок https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/od-10-godini-do-dozhivoten-zatvor-na-napagachite-od-banska-ke-im-se-sudi-za-narushuvane-na-ustavniot-poredok/ Thu, 28 Sep 2023 08:59:23 +0000 https://republika.mk/?p=685926

Од 10 години до доживотен затвор им се заканува на уапсените српски напаѓачи во инцидентот кај селото Бањска во Косово, пишува Н1. Медиумот вели дека бројот на уапсените од нив не е точно потврден, но она што е познато дека пред судот во Приштина веќе беа изнесени двајца од напаѓачите.

Тие ќе одговараат за „тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“, за „подготовка терористички дејствија или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ и за „неовластено поседување, контрола и држење оружје“.

Британски Гардијан во сопствена анализа пишува дека „ако е вмешан (српскиот претседател Александар) Вучиќ, можни се санкции за Србија“. Весникот пишува дека дел од оружјето кое беше пронајдено во автомобил близу местото на инцидентот е од српско потекло:

Властите во Приштина покажаа низа модерно оружје што го користела групата, вклучително и два оклопни автомобили од српско производство и фрлач на гранати, заедно со документ што наводно покажува дека фрлачот гранати, произведен од „Застава Армаментс“, бил испорачан од српската армија, се вели во написот.

Обвинувањата меѓу Белград и Приштина во врска со одговорноста за инцидентот продолжуваат. Косовскиот министер за надворешни работи Џељал Свеќла на фејсбук објави фотографија од документ за кој тој тврди дека е „доказ дека српската армија to го доставила на групата по повод испораката на фрлачот на гранати“.

Во судирите во Бањска загинаа еден косовски полицаец, четворица членови на паравоена група, а неколкумина беа повредени. Според косовскиот министер за надворешни работи, српската група потоа се повлекла со оклопни автомобили во манастир во близина на селото, што довело до судири.

Администрацијата на Бајден ја истражува можната вмешаност на Белград. Едвард П. Џозеф, поранешен заменик-шеф на мисијата во Косово за Организацијата за безбедност и соработка во Европа, рече дека ако Белград стои зад паравоената група, САД ќе мора да го преиспитаат својот пристап кон регионот.

The post Од 10 години до доживотен затвор: На напаѓачите од Бањска ќе им се суди за нарушување на уставниот поредок appeared first on Република.

]]>

Од 10 години до доживотен затвор им се заканува на уапсените српски напаѓачи во инцидентот кај селото Бањска во Косово, пишува Н1. Медиумот вели дека бројот на уапсените од нив не е точно потврден, но она што е познато дека пред судот во Приштина веќе беа изнесени двајца од напаѓачите. Тие ќе одговараат за „тешки кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“, за „подготовка терористички дејствија или кривични дела против уставниот поредок и безбедноста на Република Косово“ и за „неовластено поседување, контрола и држење оружје“. Британски Гардијан во сопствена анализа пишува дека „ако е вмешан (српскиот претседател Александар) Вучиќ, можни се санкции за Србија“. Весникот пишува дека дел од оружјето кое беше пронајдено во автомобил близу местото на инцидентот е од српско потекло: Властите во Приштина покажаа низа модерно оружје што го користела групата, вклучително и два оклопни автомобили од српско производство и фрлач на гранати, заедно со документ што наводно покажува дека фрлачот гранати, произведен од „Застава Армаментс“, бил испорачан од српската армија, се вели во написот. Обвинувањата меѓу Белград и Приштина во врска со одговорноста за инцидентот продолжуваат. Косовскиот министер за надворешни работи Џељал Свеќла на фејсбук објави фотографија од документ за кој тој тврди дека е „доказ дека српската армија to го доставила на групата по повод испораката на фрлачот на гранати“. Во судирите во Бањска загинаа еден косовски полицаец, четворица членови на паравоена група, а неколкумина беа повредени. Според косовскиот министер за надворешни работи, српската група потоа се повлекла со оклопни автомобили во манастир во близина на селото, што довело до судири. Администрацијата на Бајден ја истражува можната вмешаност на Белград. Едвард П. Џозеф, поранешен заменик-шеф на мисијата во Косово за Организацијата за безбедност и соработка во Европа, рече дека ако Белград стои зад паравоената група, САД ќе мора да го преиспитаат својот пристап кон регионот.

The post Од 10 години до доживотен затвор: На напаѓачите од Бањска ќе им се суди за нарушување на уставниот поредок appeared first on Република.

]]>
Вооружени напаѓачи упаднале во болницата каде е сместено бебето кое се роди во урнатините на земјотресот https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vooruzheni-napagachi-upadnale-vo-bolnitsata-kade-e-smesteno-bebeto-koe-se-rodi-vo-urnatinite-na-zemjotresot/ Tue, 14 Feb 2023 21:28:34 +0000 https://republika.mk/?p=609102

Вооружени напаѓачи упаднаа во болница во северна Сирија во која е сместено бебе родено во урнатините на земјотресот, изјави официјален претставник на болницата, додавајќи дека напаѓачите го претепале директорот на клиниката.

Аја беше однесена во болница неколку часа по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари.

Таа е родена во урнатините на куќата, а нејзините родители, браќата и сестрите загинале во земјотресот.

Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, ги негираше извештаите на социјалните мрежи дека нападот во понеделникот вечерта бил обид за киднапирање на новороденчето, кое го добило името Аја.

The post Вооружени напаѓачи упаднале во болницата каде е сместено бебето кое се роди во урнатините на земјотресот appeared first on Република.

]]>

Вооружени напаѓачи упаднаа во болница во северна Сирија во која е сместено бебе родено во урнатините на земјотресот, изјави официјален претставник на болницата, додавајќи дека напаѓачите го претепале директорот на клиниката. Аја беше однесена во болница неколку часа по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија на 6 февруари. Таа е родена во урнатините на куќата, а нејзините родители, браќата и сестрите загинале во земјотресот. Официјалниот претставник, кој сакаше да остане анонимен, ги негираше извештаите на социјалните мрежи дека нападот во понеделникот вечерта бил обид за киднапирање на новороденчето, кое го добило името Аја.

The post Вооружени напаѓачи упаднале во болницата каде е сместено бебето кое се роди во урнатините на земјотресот appeared first on Република.

]]>