нападнати новинари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napadnati-novinari/ За подобро да се разбереме Thu, 20 Jul 2023 12:15:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нападнати новинари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napadnati-novinari/ 32 32 Новинарска екипа нападната во Росоман, искршена е телевизиска камера https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/novinarska-ekipa-napadnata-vo-rosoman-iskrshena-e-televiziska-kamera/ Thu, 20 Jul 2023 12:15:32 +0000 https://republika.mk/?p=663546

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го лишиле од слобода Љ.Р.(43) од Росоман, кој на 18.07.2023 на излезот од Росоман, агресивно се однесувал кон новинар на телевизиска екипа кој снимал инсерти од сообраќајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера.

Од МВР денеска информираа дека лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

The post Новинарска екипа нападната во Росоман, искршена е телевизиска камера appeared first on Република.

]]>

Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера го лишиле од слобода Љ.Р.(43) од Росоман, кој на 18.07.2023 на излезот од Росоман, агресивно се однесувал кон новинар на телевизиска екипа кој снимал инсерти од сообраќајна незгода, а потоа и ја оштетил неговата камера. Од МВР денеска информираа дека лицето е приведено во полициската станица во Кавадарци и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

The post Новинарска екипа нападната во Росоман, искршена е телевизиска камера appeared first on Република.

]]>
СВР Тетово: Расчистен физички напад врз новинар https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/svr-tetovo-raschisten-fizichki-napad-vrz-novinar/ Thu, 03 Nov 2022 14:02:28 +0000 https://republika.mk/?p=569243

Тетовската полиција информира дека ќе бидат поднесени поднесоци за две лица вработени во средно училиште кои се пријавени од новинар за физички напад.

Двајцата пријавени биле повикани на 1 и 2 ноември во полициската станица Тетово за службен разговор.

На 01.11 и 02.11.2022 во Полициската станица Тетово бил извршен службен разговор со Џ.С.(47) од тетовска Мала Речица и Н.Т.(46) од тетовско Селце поради сомнение дека на 31.10.2022 околу 13.00 часот во средно училиште во Тетово, Џ.С. му го одзел мобилниот телефон на новинарот Н.А.(24) од гостиварско Калиште, кој извршувал професионални задачи, по што се обидел и физички да го нападне, додека Н.Т. со физичка сила го отстранил од објектот, се вели во информацијата на СВР Тетово.

The post СВР Тетово: Расчистен физички напад врз новинар appeared first on Република.

]]>

Тетовската полиција информира дека ќе бидат поднесени поднесоци за две лица вработени во средно училиште кои се пријавени од новинар за физички напад. Двајцата пријавени биле повикани на 1 и 2 ноември во полициската станица Тетово за службен разговор.
На 01.11 и 02.11.2022 во Полициската станица Тетово бил извршен службен разговор со Џ.С.(47) од тетовска Мала Речица и Н.Т.(46) од тетовско Селце поради сомнение дека на 31.10.2022 околу 13.00 часот во средно училиште во Тетово, Џ.С. му го одзел мобилниот телефон на новинарот Н.А.(24) од гостиварско Калиште, кој извршувал професионални задачи, по што се обидел и физички да го нападне, додека Н.Т. со физичка сила го отстранил од објектот, се вели во информацијата на СВР Тетово.

The post СВР Тетово: Расчистен физички напад врз новинар appeared first on Република.

]]>
Oбвинение за мажот што со секира нападна новинарска екипа https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/obvinenie-za-mazot-shto-so-sekira-napadna-novinarska-ekipa/ Fri, 01 Apr 2022 11:07:32 +0000 https://republika.mk/?p=481906

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште во општина Врапчиште, за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sekirata-mi-beshe-na-pet-santimetri-od-glava-novinarot-ademi-so-detali-za-vcherashniot-napad-vrz-nego-i-kolegata-snimatel/

Државното јавно обвинителство информира дека обвинетиот на 16 февруари ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.

Тој најпрвин започнал караница со нив, упатувајќи им пцости и погрдни зборови, а потоа зел секира со која почнал кон нив да замавнува. Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица., информира ЈО.

The post Oбвинение за мажот што со секира нападна новинарска екипа appeared first on Република.

]]>

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог против 50-годишен жител на селото Ѓурѓевиште во општина Врапчиште, за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница од член 133 од Кривичниот законик. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/sekirata-mi-beshe-na-pet-santimetri-od-glava-novinarot-ademi-so-detali-za-vcherashniot-napad-vrz-nego-i-kolegata-snimatel/ Државното јавно обвинителство информира дека обвинетиот на 16 февруари ги забележал двајцата оштетени – новинар и снимател во тетовска телевизија кои снимале прилог за училиштето во селото.
Тој најпрвин започнал караница со нив, упатувајќи им пцости и погрдни зборови, а потоа зел секира со која почнал кон нив да замавнува. Оштетените веднаш се оддалечиле од местото и настанот го пријавиле во полициска станица., информира ЈО.

The post Oбвинение за мажот што со секира нападна новинарска екипа appeared first on Република.

]]>
„Секирата ми беше на пет сантиметри од глава“: Новинарот Адеми со детали за вчерашниот напад врз него и колегата снимател https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/sekirata-mi-beshe-na-pet-santimetri-od-glava-novinarot-ademi-so-detali-za-vcherashniot-napad-vrz-nego-i-kolegata-snimatel/ Thu, 17 Feb 2022 14:13:03 +0000 https://republika.mk/?p=459931

Новинарот Невриј Адеми и снимателот Збулим Максути од Телевизија Полог кои вчера беа физички нападнати во гостиварското село Ѓурѓевиште, денеска споделија со што се соочиле и како нивните животи биле доведени во опасност.

Адеми рече дека бара со закон новинарите да бидат прогласени за службени лица, со што би имале поголема заштита од насилство.

До инцидентот, како што нагласи, дошло кога стигнале во село Ѓурѓевиште за да снимаат кои работи се подобриле во училиштето откако за неповолните услови известувале пред некој месец.

Таму сега има инвестиции и се прави кон подобро. Ние бевме таму за да снимиме. Се доближи еден човек со кола, седеше пет минути надвор додека нашиот камерман беше внатре. Кога излезе нашиот камерман од внатре тој почна да пцуе по нас да навредува и дојде до влезот на школото. Ме фати мене, ме турна по скалите и почнавме да му збориме дека не сме овде за нешто лошо.Тој не разбрираше никако. Отиде и зеде секира од хигиеничарот, кој во тоа време сечеше дрва. Значи секирата ми беше пет сантиметри од глава. И пак навредуваше. Ние најдовме момент и избегавме со кола, раскажа Невриј.

Додека се движеле кон соседното село Неготино, човекот ги следел. Новинарот и снимателот затоа заминале кон полициската станица за да се спасат од евентуален нов напад и да го пријават случајот.

Јас го молам обвинителството да преземе мерки за да не случуваат овие настани, да не чекаме месеци и години за да донесат одлука. За мотивите на насилникот, јас не можам да кажам, ама првите зборови му беа политички. Тебе те испрати некој овде, пцуеше лидери на партии. Јас не можам да кажам дека тој беше од некоја партија, истакна Адеми.

Ова не е му е првпат да му се случи ваков инцидент, вели 23-годишниот новинар кој случајот го пријавил и во Здружението на новинарите од каде имаше јавна реакција.

Властите итно да најдат решение, да не биде законот во фиока во парламентот, треба да се донесе многу брзо тој закон за напад на службено лице за нас новинарите, рече Невриј.

Полицијата вчера информираше дека 59-годишникот кој новинарот го пријавил е лишен од слобода вчера околу 17 часот и 30 минути. Приведеното лице во консултација и координација со Јавен обвинител, задржано е во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

The post „Секирата ми беше на пет сантиметри од глава“: Новинарот Адеми со детали за вчерашниот напад врз него и колегата снимател appeared first on Република.

]]>

Новинарот Невриј Адеми и снимателот Збулим Максути од Телевизија Полог кои вчера беа физички нападнати во гостиварското село Ѓурѓевиште, денеска споделија со што се соочиле и како нивните животи биле доведени во опасност. Адеми рече дека бара со закон новинарите да бидат прогласени за службени лица, со што би имале поголема заштита од насилство. До инцидентот, како што нагласи, дошло кога стигнале во село Ѓурѓевиште за да снимаат кои работи се подобриле во училиштето откако за неповолните услови известувале пред некој месец.