нападната жена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napadnata-zena/ За подобро да се разбереме Wed, 14 Jun 2023 09:31:57 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нападната жена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napadnata-zena/ 32 32 Гостиварец нападнал жена поради нерасчитен долг од нејзиниот сопруг https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/gostivarets-napadnal-zhena-poradi-neraschiten-dolg-od-nejziniot-soprug/ Wed, 14 Jun 2023 09:31:57 +0000 https://republika.mk/?p=651185

Триесет и шестгодишната гостиварка А.Д. вчера (13 јуни) во 16 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот и 50 минути во деловна канцеларија на улица „Илинденска“ во Гостивар физички била нападната од Е.Б.(50) од Гостивар, а поради нерасчистени должничко-
доверителски односи со нејзиниот сопруг.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.

The post Гостиварец нападнал жена поради нерасчитен долг од нејзиниот сопруг appeared first on Република.

]]>

Триесет и шестгодишната гостиварка А.Д. вчера (13 јуни) во 16 часот и 25 минути во СВР Тетово пријавила дека околу 13 часот и 50 минути во деловна канцеларија на улица „Илинденска“ во Гостивар физички била нападната од Е.Б.(50) од Гостивар, а поради нерасчистени должничко- доверителски односи со нејзиниот сопруг. Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот.

The post Гостиварец нападнал жена поради нерасчитен долг од нејзиниот сопруг appeared first on Република.

]]>
Ученик дивјачки соборува и шутира наставничка зошто не му дозволила да игра на „нинтендо“ на час https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/uchenik-divjachki-soboruva-i-shutira-nastavnichka-zoshto-ne-mu-dozvolila-da-igra-na-nintendo-na-chas/ Thu, 02 Mar 2023 17:34:45 +0000 https://republika.mk/?p=614603

Седумнаесетгодишен ученик нападна вработена во неговото училиште, затоа што му го одзела „нинтендото“ на кое играл за време на часовите, пренесува „Јаху“.

Нападот се случил на 21 февруари во средното училиште „Матанзас“ во Палм Коуст, Флорида, а на објавеното видео се гледа како ученикот дивјачки се залетува жената, ја соборува, по што почнува и да ја шутира и удира. Петмина вработени едвај го оттргнуваат од жената, која веќе изгубила свест.

https://youtube.com/watch?v=LLAeB8fmgTk&feature=shares

Од кабинетот на шерифот наведено е и дека ученикот е висок 198 сантиметри, а тежок 120 килограми.

Ученикот рече дека бил вознемирен затоа што наставната асистентка му го одзела неговиот Nintendo Switch за време на училишните часови, се вели во полицискиот извештај.

После тоа, ученикот повеќе од десет пати ја удира жената која онесвестена лежи на подот.

Нападот траел околу 25 секунди. Неколку лица натрчаа за да го задржат ученикот и да спречат нападот да продолжи. Претепаната жена завршила во болница со тешки повреди.

Студентот е уапсен и приведен, соопшти канцеларијата на шерифот. Ќе му се суди како на возрасен.

The post Ученик дивјачки соборува и шутира наставничка зошто не му дозволила да игра на „нинтендо“ на час appeared first on Република.

]]>

Седумнаесетгодишен ученик нападна вработена во неговото училиште, затоа што му го одзела „нинтендото“ на кое играл за време на часовите, пренесува „Јаху“. Нападот се случил на 21 февруари во средното училиште „Матанзас“ во Палм Коуст, Флорида, а на објавеното видео се гледа како ученикот дивјачки се залетува жената, ја соборува, по што почнува и да ја шутира и удира. Петмина вработени едвај го оттргнуваат од жената, која веќе изгубила свест. https://youtube.com/watch?v=LLAeB8fmgTk&feature=shares Од кабинетот на шерифот наведено е и дека ученикот е висок 198 сантиметри, а тежок 120 килограми.
Ученикот рече дека бил вознемирен затоа што наставната асистентка му го одзела неговиот Nintendo Switch за време на училишните часови, се вели во полицискиот извештај.
После тоа, ученикот повеќе од десет пати ја удира жената која онесвестена лежи на подот. Нападот траел околу 25 секунди. Неколку лица натрчаа за да го задржат ученикот и да спречат нападот да продолжи. Претепаната жена завршила во болница со тешки повреди. Студентот е уапсен и приведен, соопшти канцеларијата на шерифот. Ќе му се суди како на возрасен.

The post Ученик дивјачки соборува и шутира наставничка зошто не му дозволила да игра на „нинтендо“ на час appeared first on Република.

]]>
Маж ја нападнал сопругата со која се разведува во домот на нејзините родители https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/mazh-ja-napadnal-soprugata-so-koja-se-razveduva-vo-domot-na-nejzinite-roditeli/ Wed, 01 Mar 2023 12:12:17 +0000 https://republika.mk/?p=614627

Вчеравечер околу 19 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот Б.Џ. од тетовско село, кој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 40-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека во домот на нејзините родители физички ја нападнал.

Се расчистува и документира случајот и против Б.Џ. ќе следува поднесок, додаваат од тетовската полиција.

The post Маж ја нападнал сопругата со која се разведува во домот на нејзините родители appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер околу 19 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 43-годишниот Б.Џ. од тетовско село, кој половина час пред тоа бил пријавен од неговата 40-годишна сопруга, со која бил во бракоразводна постапка, дека во домот на нејзините родители физички ја нападнал. Се расчистува и документира случајот и против Б.Џ. ќе следува поднесок, додаваат од тетовската полиција.

The post Маж ја нападнал сопругата со која се разведува во домот на нејзините родители appeared first on Република.

]]>
Скопјанка го сподели нападот кој го доживеала нејзината мајка во темниот Карпош: Жени, внимавајте! https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/skopjanka-go-spodeli-napadot-koj-go-dozhiveala-nejzinata-majka-vo-temniot-karposh-zheni-vnimavajte/ Thu, 16 Feb 2023 09:17:22 +0000 https://republika.mk/?p=609594

Скопјанка сподели фотографии од нападот кој непознат маж го извршил врз нејзината мајка пред влез на зграда, а снимен од безбедносните камери.

Драги пријатели,
Одвојте 2 мин од вашето време и прочитајте.
Ова на сликите е мајка ми која што беше нападната пред извесно време од овој паразит. Видеото нема да го постирам затоа што ми се превртува желудник секој пат кога и да го изгледам.
Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката.
Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА, за среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но нажалост од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите.
Но, сепак ВНИМАВАЈТЕ овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево.
Жени, мајки, девојки, девојчиња и све остало внимавајте, Скопје оддамна не е безбедно место за живеење!
И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив.
Чувајте се
П. С. Мајка ми е добро, но стравот е поголем.
‼️П. П. С. КОМШИИ Реагирајте кога ќе слушнете повик за Помош, не игнорирајте‼️, пишува Анета Малова.


Во Карпош, каде поради штедење на електрична енергија не светат сите улични светла, во изминатиов период беа споделени информации дека има зголемен број на кражби и напади.

https://republika.mk/vesti/crna-hronika/11-zheni-napadnati-vo-karposh-4-obieni-70-stanovi/

The post Скопјанка го сподели нападот кој го доживеала нејзината мајка во темниот Карпош: Жени, внимавајте! appeared first on Република.

]]>

Скопјанка сподели фотографии од нападот кој непознат маж го извршил врз нејзината мајка пред влез на зграда, а снимен од безбедносните камери.
Драги пријатели, Одвојте 2 мин од вашето време и прочитајте. Ова на сликите е мајка ми која што беше нападната пред извесно време од овој паразит. Видеото нема да го постирам затоа што ми се превртува желудник секој пат кога и да го изгледам. Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката. Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и НЕМА МЕСТО ЗА ПАНИКА, за среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но нажалост од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите. Но, сепак ВНИМАВАЈТЕ овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево. Жени, мајки, девојки, девојчиња и све остало внимавајте, Скопје оддамна не е безбедно место за живеење! И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив. Чувајте се П. С. Мајка ми е добро, но стравот е поголем. ‼️П. П. С. КОМШИИ Реагирајте кога ќе слушнете повик за Помош, не игнорирајте‼️, пишува Анета Малова.
Во Карпош, каде поради штедење на електрична енергија не светат сите улични светла, во изминатиов период беа споделени информации дека има зголемен број на кражби и напади. https://republika.mk/vesti/crna-hronika/11-zheni-napadnati-vo-karposh-4-obieni-70-stanovi/

The post Скопјанка го сподели нападот кој го доживеала нејзината мајка во темниот Карпош: Жени, внимавајте! appeared first on Република.

]]>
„Ако не ми се смириш ќе ги убијам сите“: Притвор за скопјанец кој неколкупати ја нападнал сопругата пред децата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/ako-ne-mi-se-smirish-kje-gi-ubijam-site-pritvor-za-skopjanec-koj-nekolkupati-ja-napadnal-soprugata-pred-decata/ Mon, 08 Aug 2022 09:01:13 +0000 https://republika.mk/?p=537886

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело „телесна повреда“ според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. За осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, е предложен притвор.

Според соопштението, на 10 јули годинава, пред зграда на булеварот „Јане Сандански“, осомничениот кај поранешната сопруга ги враќал двете малолетни деца за кои имале спогодба за видување. Најпрвин инсистирал да се качи во станот и да разговараат, а кога оштетената не му дозволила, пред влезот им го попречил патот и започнал да ја удира со тупаници во пределот на главата и да ја стиска за вратот и рацете. Повикот за помош на оштетената го слушнале тројца таксисти, кои го оттргнале осомничениот. Нападнатата жена настанот го пријавила во полициска станица.

На 4 август, пак, осомничениот отишол на работното место на оштетената и прво вербално ја нападнал, упатувајќи и заканувачки и погрдни зборови. Откако заминал, продолжил да и се заканува по телефон дека ако не се согласи да се смират, ќе влезе во станот на нејзините родители и ќе ги убие сите. Загрижена за безбедноста на нејзините деца и нејзините родители, оштетената настанот го пријавила во полициска станица.

Во попладневните часови, осомничениот ја зел од градинка малолетната ќерка и се упатил кон станот на родителите на оштетената. Кога детето влегло во домот, таткото на оштетената го замолил осомничениот да си замине, но тој започнал агресивно да удира по влезната врата и да се обидува насилно да влезе. Оштетената и нејзиниот татко се обидувале вратата да ја држат затворена, а од туркањето се здобиле со телесни повреди – гребаници и исекотини. Откако успеале да ја заклучат вратата, осомничениот, занемарувајќи го фактот што повторно биле присутни малолетните деца, продолжил да им се заканува дека ќе ги убие и да се однесува агресивно. Оштетените повикале полиција, која го затекнала осомничениот пред станот и го привела, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител, дополнуваат од ЈО, оценил дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.​

The post „Ако не ми се смириш ќе ги убијам сите“: Притвор за скопјанец кој неколкупати ја нападнал сопругата пред децата appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело „телесна повреда“ според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. За осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, е предложен притвор. Според соопштението, на 10 јули годинава, пред зграда на булеварот „Јане Сандански“, осомничениот кај поранешната сопруга ги враќал двете малолетни деца за кои имале спогодба за видување. Најпрвин инсистирал да се качи во станот и да разговараат, а кога оштетената не му дозволила, пред влезот им го попречил патот и започнал да ја удира со тупаници во пределот на главата и да ја стиска за вратот и рацете. Повикот за помош на оштетената го слушнале тројца таксисти, кои го оттргнале осомничениот. Нападнатата жена настанот го пријавила во полициска станица. На 4 август, пак, осомничениот отишол на работното место на оштетената и прво вербално ја нападнал, упатувајќи и заканувачки и погрдни зборови. Откако заминал, продолжил да и се заканува по телефон дека ако не се согласи да се смират, ќе влезе во станот на нејзините родители и ќе ги убие сите. Загрижена за безбедноста на нејзините деца и нејзините родители, оштетената настанот го пријавила во полициска станица. Во попладневните часови, осомничениот ја зел од градинка малолетната ќерка и се упатил кон станот на родителите на оштетената. Кога детето влегло во домот, таткото на оштетената го замолил осомничениот да си замине, но тој започнал агресивно да удира по влезната врата и да се обидува насилно да влезе. Оштетената и нејзиниот татко се обидувале вратата да ја држат затворена, а од туркањето се здобиле со телесни повреди – гребаници и исекотини. Откако успеале да ја заклучат вратата, осомничениот, занемарувајќи го фактот што повторно биле присутни малолетните деца, продолжил да им се заканува дека ќе ги убие и да се однесува агресивно. Оштетените повикале полиција, која го затекнала осомничениот пред станот и го привела, стои во соопштението. Надлежниот јавен обвинител, дополнуваат од ЈО, оценил дека постојат околности што укажуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство, па до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор.​

The post „Ако не ми се смириш ќе ги убијам сите“: Притвор за скопјанец кој неколкупати ја нападнал сопругата пред децата appeared first on Република.

]]>