нападнат полицаец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napadnat-policaec/ За подобро да се разбереме Thu, 17 Oct 2024 08:39:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png нападнат полицаец Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napadnat-policaec/ 32 32 Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pretepal-dete-vo-uchilishte-vo-kochani-pa-so-noze-mu-vlegol-i-na-politsaets/ Thu, 17 Oct 2024 08:23:26 +0000 https://republika.mk/?p=827910

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди.

Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Кочани поведе постапка против 24-годишник за кого постои основано сомнение дека ги сторил кривичните дела „насилство врз дете“ и „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“. Како што соопшти Јавното обвинителство, на 15 октомври, во утринските часови, во дворот на средно училиште во Кочани, осомничениот извршил физичко насилство над дете родено 2008 година, удирајќи го со тупаници по лицето, носот и устата и нанесувајќи му телесни повреди. Петнаесетина минути подоцна, кога полициски службеници дошле да го приведат лицето, осомничениот им се заканувал и ги навредувал. Во полициската станица во Кочани во еден момент и физички нападнал полицаец, удирајќи го со нога неколку пати во пределот на градниот кош и нозете со што му нанел телесни повреди. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

The post Претепал дете во училиште во Кочани, па со нозе му влегол и на полицаец appeared first on Република.

]]>
Пијан кумановец се удирал сам себе пред полицајци https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pijan-kumanovets-se-udiral-sam-sebe-pred-politsajtsi/ Wed, 01 May 2024 16:32:35 +0000 https://republika.mk/?p=773067

На 30 април во 20.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол.

Како што соопшти полицијата, тој потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службеници дејства и се удирал самиот.

По целосно документирање на случајот против Г.Ш. ќе следува соодветна пријава.

The post Пијан кумановец се удирал сам себе пред полицајци appeared first on Република.

]]>

На 30 април во 20.50 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле Г.Ш. (49) од Куманово, затоа што управувал возило под дејство на алкохол. Како што соопшти полицијата, тој потоа агресивно се однесувал кон полициски службеници кои вршеле службеници дејства и се удирал самиот. По целосно документирање на случајот против Г.Ш. ќе следува соодветна пријава.  

The post Пијан кумановец се удирал сам себе пред полицајци appeared first on Република.

]]>
Штипјанец се обидел да прегази полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/shtipjanets-se-obidel-da-pregazi-politsaets/ Fri, 15 Mar 2024 19:52:22 +0000 https://republika.mk/?p=755247

Вчера во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(44) и Ш.Д.(54), двајцата од Штип, затоа што Љ.Д. се обидел со патничко возило „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки да удри полициски службеник, а Ш.Д. се однесувал агресивно и ги попречувал полициските службеници при преземање на службени дејствија.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

The post Штипјанец се обидел да прегази полицаец appeared first on Република.

]]>

Вчера во Штип, полициски службеници од Полициската станица Штип ги лишиле од слобода Љ.Д.(44) и Ш.Д.(54), двајцата од Штип, затоа што Љ.Д. се обидел со патничко возило „алфа ромео“ со кочански регистарски ознаки да удри полициски службеник, а Ш.Д. се однесувал агресивно и ги попречувал полициските службеници при преземање на службени дејствија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.  

The post Штипјанец се обидел да прегази полицаец appeared first on Република.

]]>
Тошковски за дезинформациите: Акцијата била завршена кога се случило насилството, лицето е суспендирано веднаш https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/toshkovski-za-dezinformatsiite-aktsijata-bila-zavrshena-koga-se-sluchilo-nasilstvoto-litseto-e-suspendirano-vednash/ Mon, 19 Feb 2024 14:05:21 +0000 https://republika.mk/?p=745757

Познатата изрека како до сега е завршена. Секој еден што се огрешил ќе одговара пред законот, без разлика дали е љубител на десни или леви. И во иднина само така ќе се постапува. Сторен е напад на службено лице, ќе се преземат сите потребни дејствија од страна на МВР како што е суспензија на предметното лице кое нема да оди на работа се до донесување на пресуда и покренување на кривична постапка од страна на МВР по претходно дадена наредба од јавен обвинител, порача денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Нека се пофалат моите претходници дека истото го сториле за еден ден за неколку други случаи кои се интересни за јавноста. Многу ми е жал што досега не се постапувало така, како во последните шест – седум година, така и претходно, но тоа време заврши. Припадник на МВР сторил насилство со коешто ја погазил честа на службите во Министерството, па и честа на Македонија. Согласно првичните информации, тоа лице ќе биде суспендирано од работа се до донесување на правосилна пресуда, а МВР се надевам уште во текот на овој ден ќе поднесе кривична пријава за напад на службено лице, рече Тошковски во одговор на прашање на одбележувањето на Денот на Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи.

Нагласи дека со тоа постапката во МВР експресно ќе биде завршена и додаде дека ќе информира веднаш штом ќе биде поднесена кривичната пријава.

Во овој случај веднаш излегов со осуда за насилство штом ја добив информацијата, особено затоа што станува збор за насилство на припадник од МВР. Во делот на тоа дека предметното лице попречувало одредена акција при нејзино спроведување, сакам да потенцирам дека тоа е неточно, односно предметното лице во конкретнава ситуација коешто сторило напад на службено лице влегло во акција од кога акцијата на службените лица во предметниот објект е завршена. Ова го кажувам исклучиво само заради тоа што гледам некои обиди за дефокус, обиди за манипулација, рече Тошковски.

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев посочи дека во неговиот фејсбук статус не коментирал лицето кого обезбедува и каде работи само информирал дека се работи за лице кое припадник на МВР кое претходно извршувало високи функции во Министерството. Побара по закон максимално професионално да се изврши целата истрага и да се дојде до крајот без никакви политички заднини од било која партија.

Не ме интересира ни една ни друга партија. Тука се работи за напад на припадник на македонската полиција, а напад на полицаец е напад на државата и барам и судството и обвинителството сериозно да постапат по овој случај во рамките на доказите што ќе ги обезбедат. За мене како човек и носител на оваа функција е недозволиво да има такви инциденти. Затоа повикав и вчера, а и денеска ќе повикам, внатрешната контрола и сите истражни органи максимално професионално да го испитаат случајот до крај без политички заднини. Барам како што е по закон така да постапат, изјави Бојмацалиев.

За мене, додаде, е неприфатливо припадник на македонската полиција да спречува друг припадник во вршење на службени дејствија, посебно кога се работи за дрога.

Никој нема поддршка ниту ќе има поддршка од мене за таа работа. Политичките партии да се воздржат од тоа дали некој ќе бил обезбедување или нема да биде обезбедување. Тоа кажуваме ние во МВР кој ќе биде обезбедување до кога и каде, порача Бојмацалиев.

The post Тошковски за дезинформациите: Акцијата била завршена кога се случило насилството, лицето е суспендирано веднаш appeared first on Република.

Нереди пред кафана во Маврово: Скопјанец нападнат, уапсени четири лица https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/neredi-pred-kafana-vo-mavrovo-skopjanets-napadnat-uapseni-chetiri-litsa/ Tue, 02 Jan 2024 09:57:51 +0000 https://republika.mk/?p=728910

На 2 јануари, околу 3 часот и 10 минути, во Маврово, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле М.Р.(19) и Т.А.(18) од Скопје, кои биле пријавени од скопјанецот Н.Ќ.(18), дека пред угостителски објект бил физички нападнат.

Во исто време, приведени се С.Е.(18) и Г.Х.(19), исто така, од Скопје, кои се однесувале агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејствија и ги приведувале нивните другари М.Р. и Т.А.

По целосно документирање на случајот против пријавените ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Нереди пред кафана во Маврово: Скопјанец нападнат, уапсени четири лица appeared first on Република.

]]>

На 2 јануари, околу 3 часот и 10 минути, во Маврово, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ги привеле М.Р.(19) и Т.А.(18) од Скопје, кои биле пријавени од скопјанецот Н.Ќ.(18), дека пред угостителски објект бил физички нападнат. Во исто време, приведени се С.Е.(18) и Г.Х.(19), исто така, од Скопје, кои се однесувале агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејствија и ги приведувале нивните другари М.Р. и Т.А. По целосно документирање на случајот против пријавените ќе следуваат соодветни поднесоци, велат од СВР Тетово.

The post Нереди пред кафана во Маврово: Скопјанец нападнат, уапсени четири лица appeared first on Република.

]]>
Нападнат уште еден полицаец, овојпат од група шверцери кај Блаце https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/napadnat-ushte-eden-politsaets-ovojpat-od-grupa-shvertseri-kaj-blatse/ Sun, 12 Nov 2023 16:34:21 +0000 https://republika.mk/?p=700771

Вчера околу 20.30 часот додека полициски службеник се движел со службено возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, по локалниот пат од с. Долно Блаце кон граничниот премин „Блаце“, неколку лица од кои претходно биле одземени криумчарени производи, се обиделе да му го блокираат патот, а М.Б. со тврд предмет го оштетил возилото.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

The post Нападнат уште еден полицаец, овојпат од група шверцери кај Блаце appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 20.30 часот додека полициски службеник се движел со службено возило „дачиа дастер“, сопственост на МВР, по локалниот пат од с. Долно Блаце кон граничниот премин „Блаце“, неколку лица од кои претходно биле одземени криумчарени производи, се обиделе да му го блокираат патот, а М.Б. со тврд предмет го оштетил возилото. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

The post Нападнат уште еден полицаец, овојпат од група шверцери кај Блаце appeared first on Република.

]]>
Тетовец се обидел да прегази полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/tetovets-se-obidel-da-pregazi-politsaets/ Mon, 24 Jul 2023 12:18:27 +0000 https://republika.mk/?p=664728

Вчеравечер во 21.35 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода лицата А.Ш.(33) од тетовско Непроштено и Г.С.(39) од тетовски Требош
затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а А.Ш. се обидел со патничко возило „шевролет“ со тетовски
регистарски ознаки, кое го управувал, да удри полициски службеник.

Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање и расчистување на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

The post Тетовец се обидел да прегази полицаец appeared first on Република.

]]>

Вчеравечер во 21.35 часот, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода лицата А.Ш.(33) од тетовско Непроштено и Г.С.(39) од тетовски Требош затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а А.Ш. се обидел со патничко возило „шевролет“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, да удри полициски службеник. Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање и расчистување на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

The post Тетовец се обидел да прегази полицаец appeared first on Република.

]]>
Двајца битолчани нападнаа полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/dvajtsa-bitolchani-napadnaa-politsaets/ Sun, 28 May 2023 16:10:07 +0000 https://republika.mk/?p=645471

Ноќеска во 03.30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Д.(22) и В.С.(28), двајцата од Битола поради тоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Двајца битолчани нападнаа полицаец appeared first on Република.

]]>

Ноќеска во 03.30 часот во Битола од полициски службеници од СВР Битола биле лишени од слобода С.Д.(22) и В.С.(28), двајцата од Битола поради тоа што физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

The post Двајца битолчани нападнаа полицаец appeared first on Република.

]]>
Инцидент пред ноќен клуб: Скопјанец се пресметувал со полицаец, му извадил и нож https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/intsident-pred-noken-klub-skopjanets-se-presmetuval-so-politsaets-mu-izvadil-i-nozh/ Sun, 28 May 2023 14:44:37 +0000 https://republika.mk/?p=645447

Ноќва околу 3 часот во Градскиот парк во Скопје, во близина на угостителски објект, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(36) од Скопје.

Како што соопшти МВР, тој физички нападнал и му се заканувал со остар предмет на полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

The post Инцидент пред ноќен клуб: Скопјанец се пресметувал со полицаец, му извадил и нож appeared first on Република.

]]>

Ноќва околу 3 часот во Градскиот парк во Скопје, во близина на угостителски објект, полициски службеници го лишиле од слобода С.А.(36) од Скопје. Како што соопшти МВР, тој физички нападнал и му се заканувал со остар предмет на полициски службеник кој извршувал службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.  

The post Инцидент пред ноќен клуб: Скопјанец се пресметувал со полицаец, му извадил и нож appeared first on Република.

]]>
Чегранец нападнал полицаец по сообраќајка https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/chegranets-napadnal-politsaets-po-soobrakajka/ Thu, 13 Apr 2023 10:50:42 +0000 https://republika.mk/?p=630506

Вчера (12 април) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.А. (28) од гостиварско Чегране, кој се однесувал агресивно и нападнал еден од нив додека преземале службени дејствија околу претходно случена сообраќајна несреќа.

Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот и против него ќе следува поднесок.

Додаваат дека поврзано со овој случај, нешто подоцна во Полициската станица Гостивар се пријавил и И.А.(52), исто така, од Чегране.

The post Чегранец нападнал полицаец по сообраќајка appeared first on Република.

]]>

Вчера (12 април) околу 14 часот и 30 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода А.А. (28) од гостиварско Чегране, кој се однесувал агресивно и нападнал еден од нив додека преземале службени дејствија околу претходно случена сообраќајна несреќа. Од СВР Тетово велат дека се расчистува и документира случајот и против него ќе следува поднесок. Додаваат дека поврзано со овој случај, нешто подоцна во Полициската станица Гостивар се пријавил и И.А.(52), исто така, од Чегране.

The post Чегранец нападнал полицаец по сообраќајка appeared first on Република.

]]>
Приведен 80-годишник: Нападнал полицаец и агресивно се однесувал кон сопругата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/priveden-80-godishnik-napadnal-politsaets-i-agresivno-se-odnesuval-kon-soprugata/ Sun, 19 Feb 2023 16:24:35 +0000 https://republika.mk/?p=610749

Вчера околу 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.С.(80) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и агресивно се однесувал кон неговата 72-годишна сопруга.

Како што соопштија од МВР, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Приведен 80-годишник: Нападнал полицаец и агресивно се однесувал кон сопругата appeared first on Република.

]]>

Вчера околу 16.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје го привеле В.С.(80) од Скопје затоа што физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија и агресивно се однесувал кон неговата 72-годишна сопруга. Како што соопштија од МВР, по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.  

The post Приведен 80-годишник: Нападнал полицаец и агресивно се однесувал кон сопругата appeared first on Република.

]]>
Полицаец сведочи дека пијаниот градоначалник на Крива Паланка физички го нападнал https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/politsaets-svedochi-deka-pijaniot-gradonachalnik-na-kriva-palanka-fizichki-go-napadnal/ Tue, 17 Jan 2023 10:53:00 +0000 https://republika.mk/?p=597814

Со оглед на сензитивноста на овој случај што ќе го напишам, тежината и притисокот врз мене и мојата фамилија што се случува, сметам дека потребно е целата јавност да ја знае, а верувам дека ќе се согласите по читање на истиот, вели Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, објавувајќи го своето сведоштво за инцидентот кога, како што раскажува, бил физички нападнат од градоначалникот на градот, Сашко Митовски од СДСМ.

Тој напоменува дека не се служи со никакви партиски цели, ниту еден збор не е дезинформација, а случајот е пријавен во полиција веднаш по настанувањето на целокупниот хаос и има записници за истиот.

На ден 13.01.2023 година, односно после полноќ околу 01:50 минути (по датум веќе 14.01.2023) по завршување на забава во Етно Гостилница Воденица 3, јас, Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, го напуштив локалот со својата девојка. На прославата присуствуваа многу луѓе, па така и паркингот беше полн. По заминување, на 50 метри од влезот се случува судир помеѓу 2 возила, едно во сопственост на вработен во СЕЛЕКТ КАФЕ . Настаната е материјална штета и секако, на човечки начин без расправии е направен договор како да се покријат тие штети меѓусебе. Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој САМО неколку минути, па така ВИДНО изреволтиран и во ВИДНО АЛКОХОЛИЗИРАНА состојба, ТАТКОТО НА КРИВА ПАЛАНКА - С.M. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка. За среќа, немаше никој повреден при судирот, но за жал пак, градоначалникот не ги знае законските прописи, своите обврски и должности, а најмалку и да ги почитува истите. Уште не ја знаеме причината за нападот, но со сигурност можеме да тврдиме дека тоа е дел од скриеното лице кое го покажа на најлош можен начин. Јас не возвратив на насилството ниту физички ниту вербално и како што е пропишано по закон, на професионален начин се јавив веднаш во полиција и го пријавив случајот. Полицијата дојде, направен е записник со притоа огромни притисоци и закани како од таткото на градот така и од неговиот брат, бидејќи сепак напаѓачот е добро познат на сите - таткото на градот!, вели Стоевски.

Како што вели, насилствата и глумењето шерифи низ градот од фамилија Митовски не е првпат, но дефинитивно првпат е пријавен во полициска станица „без страв и трепет и ниту едни притисоци и закани нема да ја променат мојата одлука да не го сокриеме насилството“.

Јас постапувам како што е пропишано по закон и одам на судска разрешница и затоа апелирам до медиумите да го истражат случајот, да не помине незабележано, а дивеењето да продолжи и на други лица. Ви повторувам, ова не е првпат да се случи таков испад од горенаведените, но првпат храбро некој одлучува да си ги бара правата. Ви ветуваме сите ќе го знаат текот на овој случај, како и неговата разрешница. Со тоа ќе спречиме било кој недолжен да настрада понатаму!
Јас никогаш не сум помислувал да правам циркуз и да се објавува моето име насекаде, но за сметка на тоа да се поштедат сите граѓани понатаму од безобразлукот на таткото на градот, решив за овој случај да дознаат сите.
Сведоци сме дека таткото на градот ја замајува јавноста и како и секогаш, фрла во бездна се што не му одговара, а на своја сметка и на своите портали само пофалби прима.
Нема ниту грам одговорност и достоинство да признае, ниту да се извини. Ние сме шокирани од неговата постапка, но уште пошокирани од степенот на безобразлук до каде може да оди! Велам ние, затоа што притисоците пристигнуваат врз целата моја фамилија, а тоа не сме да се дозволи.
Со задоволство ќе дадам изјава во присуство на сторителот и сум спремен со сите сили да докажам дека секој збор од мојата изјава е вистина, за тие што не беа присутни и се сомневаат дека вистина може некој а таква позиција да направи такво нешто. За тие што беа присутни, нема потреба да ги правиме слепи, како што сограѓаните си ги прави таткото на градот. Немам никакви ниту политички ниту приватни цели да го деградирам угледот на наведениот , бидејќи сите знаат дека јас, искрено со огромно сега каење, го поддржував истиот!
Јас сум во својство на службеник на државата и сум задолжен за заштита на безбедноста на сите граѓани и насилство НИКОГАШ нема да поддржам, преќутам или оправдам и секогаш ќе се борам против тоа. Согледно влијателноста на напаѓачот, не се плашам од никакви закани и притисоци, ниту пак од губење на работата, затоа што си ги знам своите човекови права и ќе се борам до крај за истите, вели полицаецот.

Тој сака да потенцира дека на настанот имало многу луѓе, околу 100 присутни во моментот на случувањето, но никој не му се спротистави на градоначалникот-насилник затоа што имало преку 10 лица од обезбедувањето на неговиот локал кои исто така не му се спротиставиле, туку мирно стоеле како ништо да не се случува.

АКО ИМАШЕ РЕАКЦИЈА СПРЕМА НАПАЃАЧОТ, ЗНАЕМЕ КАКО ЌЕ СЕ ЗАВРШЕШЕ, потенцира тој. „ Ќе тепаме, само ако него го тепаат. Отприлика така оди приказната“.

Благодарам за поддршката што ја добив од сите пријатели и луѓе што ми се јавија, но исто така искажувам револт и срам за сите што молчат, а беа сведоци. За мене секогаш срамот ќе биде поголем од стравот.
Штом молчиш, значи поддржуваш, но следен пат можеш да бидеш и ти!
Сметам дека е од голема сензитивност за целата нација бидејќи такво насилничко однесување никој не заслужува. Тоа е нешто што може да се провери во секој момент.
Не реагирам на никакви провокации и прашања зошто не се спротиставив. Машкоста и јачината не се мери на таков начин. Насилство со насилство не се враќа, ама казната треба секој да ја добие.
Таткото си изјасни дека НЕ СЕ КАЕ, тој би го утепал и своето дете да стои на пат. Тоа се неговите зборови и уште многу други грозоморни работи. Сега преку свои портали се оградува и вели дека ништо не се случило од тоа, а ПАРАЛЕЛНО ГИ БАРА СИТЕ СВЕДОЦИ КОИ СЕ ПРИЈВИЛЕ ДА СВЕДОЧАТ, а многу се на број, да дознае кои се, а зошто? Знаеме сите.
Ако ги сакаш своите граѓани кои се под твоја закрила, постапи одговорно и излези, признај го делото, немој да лажеш, туку постапи согласно сите законски прописи кои имаш должност да ги почитуваш и ОДГОВАРАЈ ЗА ИСТОТО! Храбар си со 10 луѓе обезбедување околу себе, но дали си храбар пред секој обичен граѓанин?
ОВА ГО ПИШУВАМ ПОД МОРАЛНА И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ДЕКА СЕКОЈ НАВЕДЕН ЗБОР Е ТОЧЕН, И ИСТО ТАКА САКАМ ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА СЕКОЈА НАРЕДНА ИЗЈАВА ОД СТРАНА НА СТОРИТЕЛОТ НА ДЕЈСТВИЕТО ДЕКА Е ЛАЖНО ОБВИНЕТ ОД МОЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА ДОПОЛНИТЕЛНО И ЗА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ СВЕДОК КОЈ ЌЕ ИЗЈАВИ СПРОТИВНО ОД ТОА ШТО ВИДЕЛ И СЛУШНАЛ .
ПС ВИДЕАТА ОД НАСТАНОТ ЌЕ ГИ СОЧУВАМ ЗА НА СУД !!!, пишува тој.

За време на гостувањето во ТВ24, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека инцидентот е пријавен и дека градоначалникот е дел од истиот и дека веќе се работи на расчистување на случајот.

The post Полицаец сведочи дека пијаниот градоначалник на Крива Паланка физички го нападнал appeared first on Република.

]]>

Со оглед на сензитивноста на овој случај што ќе го напишам, тежината и притисокот врз мене и мојата фамилија што се случува, сметам дека потребно е целата јавност да ја знае, а верувам дека ќе се согласите по читање на истиот, вели Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, објавувајќи го своето сведоштво за инцидентот кога, како што раскажува, бил физички нападнат од градоначалникот на градот, Сашко Митовски од СДСМ. Тој напоменува дека не се служи со никакви партиски цели, ниту еден збор не е дезинформација, а случајот е пријавен во полиција веднаш по настанувањето на целокупниот хаос и има записници за истиот.
На ден 13.01.2023 година, односно после полноќ околу 01:50 минути (по датум веќе 14.01.2023) по завршување на забава во Етно Гостилница Воденица 3, јас, Кристофер Стоевски, вработен како полицаец во МВР Крива Паланка, го напуштив локалот со својата девојка. На прославата присуствуваа многу луѓе, па така и паркингот беше полн. По заминување, на 50 метри од влезот се случува судир помеѓу 2 возила, едно во сопственост на вработен во СЕЛЕКТ КАФЕ . Настаната е материјална штета и секако, на човечки начин без расправии е направен договор како да се покријат тие штети меѓусебе. Бидејќи автомобилите стоеја оштетени на патот, сообраќајот беше во застој САМО неколку минути, па така ВИДНО изреволтиран и во ВИДНО АЛКОХОЛИЗИРАНА состојба, ТАТКОТО НА КРИВА ПАЛАНКА - С.M. приоѓа и од нигде никаде, ме напаѓа со 2 шамари затоа што сум чекал со автомобилот на пат, што е согласно законските прописи дека не треба да се поместува возило при сообраќајка. За среќа, немаше никој повреден при судирот, но за жал пак, градоначалникот не ги знае законските прописи, своите обврски и должности, а најмалку и да ги почитува истите. Уште не ја знаеме причината за нападот, но со сигурност можеме да тврдиме дека тоа е дел од скриеното лице кое го покажа на најлош можен начин. Јас не возвратив на насилството ниту физички ниту вербално и како што е пропишано по закон, на професионален начин се јавив веднаш во полиција и го пријавив случајот. Полицијата дојде, направен е записник со притоа огромни притисоци и закани како од таткото на градот така и од неговиот брат, бидејќи сепак напаѓачот е добро познат на сите - таткото на градот!, вели Стоевски.
Како што вели, насилствата и глумењето шерифи низ градот од фамилија Митовски не е првпат, но дефинитивно првпат е пријавен во полициска станица „без страв и трепет и ниту едни притисоци и закани нема да ја променат мојата одлука да не го сокриеме насилството“.
Јас постапувам како што е пропишано по закон и одам на судска разрешница и затоа апелирам до медиумите да го истражат случајот, да не помине незабележано, а дивеењето да продолжи и на други лица. Ви повторувам, ова не е првпат да се случи таков испад од горенаведените, но првпат храбро некој одлучува да си ги бара правата. Ви ветуваме сите ќе го знаат текот на овој случај, како и неговата разрешница. Со тоа ќе спречиме било кој недолжен да настрада понатаму! Јас никогаш не сум помислувал да правам циркуз и да се објавува моето име насекаде, но за сметка на тоа да се поштедат сите граѓани понатаму од безобразлукот на таткото на градот, решив за овој случај да дознаат сите. Сведоци сме дека таткото на градот ја замајува јавноста и како и секогаш, фрла во бездна се што не му одговара, а на своја сметка и на своите портали само пофалби прима. Нема ниту грам одговорност и достоинство да признае, ниту да се извини. Ние сме шокирани од неговата постапка, но уште пошокирани од степенот на безобразлук до каде може да оди! Велам ние, затоа што притисоците пристигнуваат врз целата моја фамилија, а тоа не сме да се дозволи. Со задоволство ќе дадам изјава во присуство на сторителот и сум спремен со сите сили да докажам дека секој збор од мојата изјава е вистина, за тие што не беа присутни и се сомневаат дека вистина може некој а таква позиција да направи такво нешто. За тие што беа присутни, нема потреба да ги правиме слепи, како што сограѓаните си ги прави таткото на градот. Немам никакви ниту политички ниту приватни цели да го деградирам угледот на наведениот , бидејќи сите знаат дека јас, искрено со огромно сега каење, го поддржував истиот! Јас сум во својство на службеник на државата и сум задолжен за заштита на безбедноста на сите граѓани и насилство НИКОГАШ нема да поддржам, преќутам или оправдам и секогаш ќе се борам против тоа. Согледно влијателноста на напаѓачот, не се плашам од никакви закани и притисоци, ниту пак од губење на работата, затоа што си ги знам своите човекови права и ќе се борам до крај за истите, вели полицаецот.
Тој сака да потенцира дека на настанот имало многу луѓе, околу 100 присутни во моментот на случувањето, но никој не му се спротистави на градоначалникот-насилник затоа што имало преку 10 лица од обезбедувањето на неговиот локал кои исто така не му се спротиставиле, туку мирно стоеле како ништо да не се случува. АКО ИМАШЕ РЕАКЦИЈА СПРЕМА НАПАЃАЧОТ, ЗНАЕМЕ КАКО ЌЕ СЕ ЗАВРШЕШЕ, потенцира тој. „ Ќе тепаме, само ако него го тепаат. Отприлика така оди приказната“.
Благодарам за поддршката што ја добив од сите пријатели и луѓе што ми се јавија, но исто така искажувам револт и срам за сите што молчат, а беа сведоци. За мене секогаш срамот ќе биде поголем од стравот. Штом молчиш, значи поддржуваш, но следен пат можеш да бидеш и ти! Сметам дека е од голема сензитивност за целата нација бидејќи такво насилничко однесување никој не заслужува. Тоа е нешто што може да се провери во секој момент. Не реагирам на никакви провокации и прашања зошто не се спротиставив. Машкоста и јачината не се мери на таков начин. Насилство со насилство не се враќа, ама казната треба секој да ја добие. Таткото си изјасни дека НЕ СЕ КАЕ, тој би го утепал и своето дете да стои на пат. Тоа се неговите зборови и уште многу други грозоморни работи. Сега преку свои портали се оградува и вели дека ништо не се случило од тоа, а ПАРАЛЕЛНО ГИ БАРА СИТЕ СВЕДОЦИ КОИ СЕ ПРИЈВИЛЕ ДА СВЕДОЧАТ, а многу се на број, да дознае кои се, а зошто? Знаеме сите. Ако ги сакаш своите граѓани кои се под твоја закрила, постапи одговорно и излези, признај го делото, немој да лажеш, туку постапи согласно сите законски прописи кои имаш должност да ги почитуваш и ОДГОВАРАЈ ЗА ИСТОТО! Храбар си со 10 луѓе обезбедување околу себе, но дали си храбар пред секој обичен граѓанин? ОВА ГО ПИШУВАМ ПОД МОРАЛНА И ОПШТЕСТВЕНА ОДГОВОРНОСТ ДЕКА СЕКОЈ НАВЕДЕН ЗБОР Е ТОЧЕН, И ИСТО ТАКА САКАМ ДА НАПОМЕНАМ ДЕКА СЕКОЈА НАРЕДНА ИЗЈАВА ОД СТРАНА НА СТОРИТЕЛОТ НА ДЕЈСТВИЕТО ДЕКА Е ЛАЖНО ОБВИНЕТ ОД МОЈА СТРАНА ЌЕ БИДЕ ПОДНЕСЕНА ТУЖБА ЗА КЛЕВЕТА ДОПОЛНИТЕЛНО И ЗА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ СВЕДОК КОЈ ЌЕ ИЗЈАВИ СПРОТИВНО ОД ТОА ШТО ВИДЕЛ И СЛУШНАЛ . ПС ВИДЕАТА ОД НАСТАНОТ ЌЕ ГИ СОЧУВАМ ЗА НА СУД !!!, пишува тој.
За време на гостувањето во ТВ24, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски потврди дека инцидентот е пријавен и дека градоначалникот е дел од истиот и дека веќе се работи на расчистување на случајот.

The post Полицаец сведочи дека пијаниот градоначалник на Крива Паланка физички го нападнал appeared first on Република.

]]>
Инцидент во Идризово: Осуденик со нож нападна затворски полицаец, после им се заканувал и на останатите https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/incident-vo-idrizovo-osudenik-so-noz-napadna-zatvorski-policaec-posle-im-se-zakanuval-i-na-ostanatite/ Fri, 23 Dec 2022 17:00:10 +0000 https://republika.mk/?p=589289

Осуденото лице М.М. кое престојува во Отвореното одделение во Казнено – поправниот дом Идризово утринава, околу 8:40 часот, без особена причина со ладно оружје го нападнал припадникот на затворската полиција Х.Х., кој ги извршувал работните задачи во одделението.

Како што информира Управата за извршување на санкциите, М.М. му нанел на Х.Х. повреди по телото во вид на посекотини и набиеници.

Повредениот откако побарал помош од дежурниот командир на одделение, кон одделението се упатиле пет припадници на затворската полиција заедно со командирот, кои откако дошле на местото на настанот, осудениот исто така им упатил закани дека ќе ги нападне ако му се доближат.

М.М., како што се наведува во соопштението, иако се уште бил вознемирен и подготвен одново да нападне, со употреба на зафат бил веднаш совладан од затворската полиција и издвоен во посебна просторија за да не биде нападнато друго лице.

За повредениот затворски полицаец била повикана Итна медицинска помош од која првично бил згрижен и итно префрлен во Клиничкиот центар – Скопје, од каде по санирање на повредите е пуштен на домашно лекување.

Осуденото лице било спроведено во Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар – Скопје, од каде по смирување на состојбата е вратен во установата.

The post Инцидент во Идризово: Осуденик со нож нападна затворски полицаец, после им се заканувал и на останатите appeared first on Република.

]]>

Осуденото лице М.М. кое престојува во Отвореното одделение во Казнено – поправниот дом Идризово утринава, околу 8:40 часот, без особена причина со ладно оружје го нападнал припадникот на затворската полиција Х.Х., кој ги извршувал работните задачи во одделението. Како што информира Управата за извршување на санкциите, М.М. му нанел на Х.Х. повреди по телото во вид на посекотини и набиеници. Повредениот откако побарал помош од дежурниот командир на одделение, кон одделението се упатиле пет припадници на затворската полиција заедно со командирот, кои откако дошле на местото на настанот, осудениот исто така им упатил закани дека ќе ги нападне ако му се доближат. М.М., како што се наведува во соопштението, иако се уште бил вознемирен и подготвен одново да нападне, со употреба на зафат бил веднаш совладан од затворската полиција и издвоен во посебна просторија за да не биде нападнато друго лице. За повредениот затворски полицаец била повикана Итна медицинска помош од која првично бил згрижен и итно префрлен во Клиничкиот центар – Скопје, од каде по санирање на повредите е пуштен на домашно лекување. Осуденото лице било спроведено во Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар – Скопје, од каде по смирување на состојбата е вратен во установата.

The post Инцидент во Идризово: Осуденик со нож нападна затворски полицаец, после им се заканувал и на останатите appeared first on Република.

]]>
Одел во клуб и не сакал да биде легитимиран: Скопјанец расече полицаец, неколкумина едвај го собориле https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/odel-vo-klub-i-ne-sakal-da-bide-legitimiran-skopjanec-raseche-policaec-nekolkumina-edvaj-go-soborile/ Mon, 12 Dec 2022 13:49:01 +0000 https://republika.mk/?p=584795

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“.

Како што информираат од Јавното обвинителство, на 10 декември извршувајќи работни задачи по претходно изготвен план „Безбеден град“ за подрачјето на Град Скопје, полициски службеник забележал автомобил кој се движел со поголема брзина кон ноќен клуб. Го запрел возилото и се обидел да го легитимира возачот и неговиот сопатник.

Притоа, совозачот во автомобилот најпрвин вербално реагирал на наредбата за легитимирање, а потоа започнал да му се заканува и да го навредува полицискиот службеник. Кога полицаецот го предупредил осомничениот да ги почитува наредбите, тој нагло се свртел кон него и со двете раце во пределот на градите се обидел да го завлече. Во тој момент реагирале уште неколкумина полицајци кои се обиделе да го оттргнат осомничениот и да му стават лисици на рацете, но тој продолжил да дава активен отпор. При туркањето, еден полициски службеник се здобил со телесна повреда – расцепна рана на вратот.

Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходната постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

The post Одел во клуб и не сакал да биде легитимиран: Скопјанец расече полицаец, неколкумина едвај го собориле appeared first on Република.

]]>

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело „напад врз службено лице при вршење на работи од безбедноста“. Како што информираат од Јавното обвинителство, на 10 декември извршувајќи работни задачи по претходно изготвен план „Безбеден град“ за подрачјето на Град Скопје, полициски службеник забележал автомобил кој се движел со поголема брзина кон ноќен клуб. Го запрел возилото и се обидел да го легитимира возачот и неговиот сопатник. Притоа, совозачот во автомобилот најпрвин вербално реагирал на наредбата за легитимирање, а потоа започнал да му се заканува и да го навредува полицискиот службеник. Кога полицаецот го предупредил осомничениот да ги почитува наредбите, тој нагло се свртел кон него и со двете раце во пределот на градите се обидел да го завлече. Во тој момент реагирале уште неколкумина полицајци кои се обиделе да го оттргнат осомничениот и да му стават лисици на рацете, но тој продолжил да дава активен отпор. При туркањето, еден полициски службеник се здобил со телесна повреда – расцепна рана на вратот.
Бидејќи постои опасност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходната постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, се наведува во соопштението.

The post Одел во клуб и не сакал да биде легитимиран: Скопјанец расече полицаец, неколкумина едвај го собориле appeared first on Република.

]]>
Вработени во Комуналец нападнале полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/vraboteni-vo-komunalec-napadnale-policaec/ Wed, 07 Dec 2022 17:14:20 +0000 https://republika.mk/?p=583059

Вчера во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со И.И. и А.М.Б., двајцата од Скопје.

Како што соопштува МВР, претходно во просториите на ЈП „Комунална хигиена“ во нас.Ќерамидница му се заканувале и навредувале полициски службеник, по што И.И. физички го нападнал.

По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Вработени во Комуналец нападнале полицаец appeared first on Република.

]]>

Вчера во Полициската станица Гази Баба бил извршен службен разговор со И.И. и А.М.Б., двајцата од Скопје. Како што соопштува МВР, претходно во просториите на ЈП „Комунална хигиена“ во нас.Ќерамидница му се заканувале и навредувале полициски службеник, по што И.И. физички го нападнал. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Вработени во Комуналец нападнале полицаец appeared first on Република.

]]>
Струмичанец со „ауди“ удрил полицаец, па побегнал од местото https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/strumichanec-so-audi-udril-policaec-pa-pobegnal-od-mestoto/ Mon, 31 Oct 2022 13:50:30 +0000 https://republika.mk/?p=567841

Полицијата го уапсила И.Ј.(40) од Струмица затоа што вчера околу 02:20 часот со автомобил марка „ауди“ удрил во полициски службеник кој извршувал службени задачи и потоа побегнал од местото на настанот.

Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, возачот на „аудито“ бил запрен од страна на полицискиот службеник на улицата „Димитар Цветинов“ и откако му се легитимирал му било наредено да се врати назад заради вршење увид од страна на полицијата. Toj не постапил по наредбата и удрил во полицаецот со автомобилот.

Полицаецот не е повреден, а лицето било пронајдено и задржано во полициска станица.

За настанот бил запознат Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против струмичанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Струмичанец со „ауди“ удрил полицаец, па побегнал од местото appeared first on Република.

]]>

Полицијата го уапсила И.Ј.(40) од Струмица затоа што вчера околу 02:20 часот со автомобил марка „ауди“ удрил во полициски службеник кој извршувал службени задачи и потоа побегнал од местото на настанот. Како што информираше портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, возачот на „аудито“ бил запрен од страна на полицискиот службеник на улицата „Димитар Цветинов“ и откако му се легитимирал му било наредено да се врати назад заради вршење увид од страна на полицијата. Toj не постапил по наредбата и удрил во полицаецот со автомобилот. Полицаецот не е повреден, а лицето било пронајдено и задржано во полициска станица. За настанот бил запознат Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот против струмичанецот ќе биде поднесена соодветна пријава.

The post Струмичанец со „ауди“ удрил полицаец, па побегнал од местото appeared first on Република.

]]>
Уапсена млада скопјанка, пред локал нападнала полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/uapsena-mlada-skopjanka-pred-lokal-napadnala-policaec/ Sun, 02 Oct 2022 14:51:15 +0000 https://republika.mk/?p=556557

Вчера околу полноќ пред угостителски објект на подрачје на Центар од полициски служебници од СВР Скопје е лишена од слобода В.А.(21) од Скопје, соопштија од МВР, додавајќи дека таа физички нападнала полициски службеник при вршење на службена дејност.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Уапсена млада скопјанка, пред локал нападнала полицаец appeared first on Република.

]]>

Вчера околу полноќ пред угостителски објект на подрачје на Центар од полициски служебници од СВР Скопје е лишена од слобода В.А.(21) од Скопје, соопштија од МВР, додавајќи дека таа физички нападнала полициски службеник при вршење на службена дејност. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

The post Уапсена млада скопјанка, пред локал нападнала полицаец appeared first on Република.

]]>
Притвор за бесните прилепчани кои со нозе шутираа полицаец https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/pritvor-za-besnite-prilepchani-koi-so-noze-shutiraa-policaec/ Mon, 04 Apr 2022 10:02:58 +0000 https://republika.mk/?p=483025

Триеседневен притвор за две лица од Прилеп, на возраст од 31 и 28 години, поради напад на четири полициски службеници пред ноќен клуб на улицата „Рампо Левката“.

Осомничените прилепчани, на возраст од 31 и 28 години, на 3 април во раните утрински часови, пред ноќен клуб на улицата „Рампо Левката“ во Прилеп, физички нападнале четири полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат чување на јавниот ред и мир, информираат од ЈО.

Откако обезбедувањето на ноќниот клуб ги отстранило осомничените и уште две лица, бидејќи направиле инцидент расправајќи се меѓу себе, тие продолжиле со расправијата непосредно пред објектот. Потоа започнале и физички да се пресметуваат, па полициските службеници дошле пред објектот за да интервенираат.

Кога пристигнала полициската екипа и се легитимирала, двете други лица чиј идентитет не е утврден се дале во бегство, додека осомничените, кои биле во алкохолизирана состојба, почнале да даваат активен отпор и физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со раце и нозе, известуваат од ЈО.

Од здобиените удари еден полициски службеник паднал на земја, а обвинетите продолжиле со нозе да го удираат по телото и главата, со што му нанеле тешки телесни повреди.

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходната постапка од Основниот суд во Прилеп поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, бидејќи оцени дека постои опасност од бегство и можност за влијание врз сведоците. Судијата го прифати предлогот и со решение на осомничените им определи притвор во траење до 30 дена, соопштуваат од ЈО.

The post Притвор за бесните прилепчани кои со нозе шутираа полицаец appeared first on Република.

]]>

Триеседневен притвор за две лица од Прилеп, на возраст од 31 и 28 години, поради напад на четири полициски службеници пред ноќен клуб на улицата „Рампо Левката“.
Осомничените прилепчани, на возраст од 31 и 28 години, на 3 април во раните утрински часови, пред ноќен клуб на улицата „Рампо Левката“ во Прилеп, физички нападнале четири полициски службеници кои вршеле работи на јавната безбедност што се однесуваат чување на јавниот ред и мир, информираат од ЈО.
Откако обезбедувањето на ноќниот клуб ги отстранило осомничените и уште две лица, бидејќи направиле инцидент расправајќи се меѓу себе, тие продолжиле со расправијата непосредно пред објектот. Потоа започнале и физички да се пресметуваат, па полициските службеници дошле пред објектот за да интервенираат.
Кога пристигнала полициската екипа и се легитимирала, двете други лица чиј идентитет не е утврден се дале во бегство, додека осомничените, кои биле во алкохолизирана состојба, почнале да даваат активен отпор и физички ги нападнале полициските службеници, удирајќи ги со раце и нозе, известуваат од ЈО.
Од здобиените удари еден полициски службеник паднал на земја, а обвинетите продолжиле со нозе да го удираат по телото и главата, со што му нанеле тешки телесни повреди. Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.