напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napadi/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 11:52:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png напади Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/napadi/ 32 32 Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/iran-tvrdi-deka-ima-pravo-i-dolzhnost-da-se-brani-po-izraelskite-napadi/ Sat, 26 Oct 2024 12:15:47 +0000 https://republika.mk/?p=831247

Иран има право и должност да се брани по израелските напади во кои беа погодени ирански воени цели и загинаа двајца војници, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи.

Иранското министерство се повикува на член 51 од Повелбата на Обединетите нации врз основа на кој, како што наведува, Иран има право и должност да се брани, објави Тајмс оф Израел.

Претходно, Скај Њуз Арабија, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Иран преку странски посредник го известил Израел дека нема да одговори на последните израелски напади.

Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во земјата.

Серија експлозии се слушнале и во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври.

The post Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади appeared first on Република.

]]>

Иран има право и должност да се брани по израелските напади во кои беа погодени ирански воени цели и загинаа двајца војници, соопшти денеска иранското Министерство за надворешни работи. Иранското министерство се повикува на член 51 од Повелбата на Обединетите нации врз основа на кој, како што наведува, Иран има право и должност да се брани, објави Тајмс оф Израел. Претходно, Скај Њуз Арабија, повикувајќи се на неименувани извори, јави дека Иран преку странски посредник го известил Израел дека нема да одговори на последните израелски напади. Израелската армија ноќеска го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во земјата. Серија експлозии се слушнале и во околината на Техеран веднаш откако израелската војска соопшти дека врши напади врз воени цели во Иран како одмазда за иранскиот напад врз Израел на 1 октомври.

The post Иран тврди дека има право и должност да се брани по израелските напади appeared first on Република.

]]>
Во Косово од јануари годинава имало 38 напади врз новинари, вели новинарската асоцијација https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/vo-kosovo-od-januari-godinava-imalo-38-napadi-vrz-novinari-veli-novinarskata-asotsijatsija/ Tue, 24 Sep 2024 17:09:09 +0000 https://republika.mk/?p=819355

Од јануари до септември оваа година во Косово се регистрирани 38 напади врз новинари, додека 2023 година Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) ја смета за година со најмногу напади врз медиумски работници - вкупно 74, јави дописникот на МИА од Приштина.

На презентацијата на годишниот извештај „Показатели за нивото на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите“ и „Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан“, извршната директорка на АГК, истражувачката Гетоарба Мулиќи, рече дека сексуалното вознемирување е уште еден предизвик за новинарите во Косово.

Како посебен проблем Мулиќи го издвои ризикот со кој новинарите се соочуваат при известувањето од северот на земјата, населен со мнозинско српско население.

„Во споредба со 2022 година, кога беа пријавени вкупно 33 случаи, бројот на напади врз новинари во 2023 година е зголемен за 41, што ја прави година со најголем број на повреди на слободата на медиумите и напади врз новинари. Новинарите кои известуваат од северните општини се соочуваат со закани по нивните животи, вербални и физички напади, како и оштетување на лична и професионална сопственост.

Во извештајот, назначувањето на директорот на јавната радио и телевизија РТК, Рилинд Грвала, се смета за политичко, поради неговата блискост со владејачката партија Движење Самопределување на премиерот Албин Курти.

„Згора на сé, и именувањето на директор на првиот канал на јавниот сервис на Косово се смета за политичко поради поврзаноста на Грвала со владејачката партија“, рече Муриќи.

Правниот експерт Или Зекај додаде дека и покрај тоа што АГК има континуирани состаноци со Судскиот и Обвинителскиот совет, сè уште нема поделба на предметите по професија, а тоа, според него, им нанесува штета на новинарите.

Истражителката Леонита Морина истакна дека една од главните пречки на кои наидуваат новинарите во текот на нивната работа се стратешките тужби против учеството на јавноста. Во однос на овој проблем, иако нема точни податоци за тужбите, АГК има создадено база на податоци, во која се евидентирани над 35 случаи.

Покрај нападите и заканите, друг предизвик за косовските новинари и другите медиумски работници, според Асоцијацијата на новинари на Косово, се нивните неповолни договори и ниските плати.

The post Во Косово од јануари годинава имало 38 напади врз новинари, вели новинарската асоцијација appeared first on Република.

]]>

Од јануари до септември оваа година во Косово се регистрирани 38 напади врз новинари, додека 2023 година Асоцијацијата на новинари на Косово (АГК) ја смета за година со најмногу напади врз медиумски работници - вкупно 74, јави дописникот на МИА од Приштина. На презентацијата на годишниот извештај „Показатели за нивото на слобода на медиумите и безбедноста на новинарите“ и „Индексот за безбедност на новинарите од Западен Балкан“, извршната директорка на АГК, истражувачката Гетоарба Мулиќи, рече дека сексуалното вознемирување е уште еден предизвик за новинарите во Косово. Како посебен проблем Мулиќи го издвои ризикот со кој новинарите се соочуваат при известувањето од северот на земјата, населен со мнозинско српско население.
„Во споредба со 2022 година, кога беа пријавени вкупно 33 случаи, бројот на напади врз новинари во 2023 година е зголемен за 41, што ја прави година со најголем број на повреди на слободата на медиумите и напади врз новинари. Новинарите кои известуваат од северните општини се соочуваат со закани по нивните животи, вербални и физички напади, како и оштетување на лична и професионална сопственост.
Во извештајот, назначувањето на директорот на јавната радио и телевизија РТК, Рилинд Грвала, се смета за политичко, поради неговата блискост со владејачката партија Движење Самопределување на премиерот Албин Курти.
„Згора на сé, и именувањето на директор на првиот канал на јавниот сервис на Косово се смета за политичко поради поврзаноста на Грвала со владејачката партија“, рече Муриќи.
Правниот експерт Или Зекај додаде дека и покрај тоа што АГК има континуирани состаноци со Судскиот и Обвинителскиот совет, сè уште нема поделба на предметите по професија, а тоа, според него, им нанесува штета на новинарите. Истражителката Леонита Морина истакна дека една од главните пречки на кои наидуваат новинарите во текот на нивната работа се стратешките тужби против учеството на јавноста. Во однос на овој проблем, иако нема точни податоци за тужбите, АГК има создадено база на податоци, во која се евидентирани над 35 случаи. Покрај нападите и заканите, друг предизвик за косовските новинари и другите медиумски работници, според Асоцијацијата на новинари на Косово, се нивните неповолни договори и ниските плати.

The post Во Косово од јануари годинава имало 38 напади врз новинари, вели новинарската асоцијација appeared first on Република.

]]>
23 години од терористичките напади во САД https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/23-godini-od-teroristichkite-napadi-vo-sad/ Wed, 11 Sep 2024 08:09:01 +0000 https://republika.mk/?p=815162

Во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година се случија терористички напади организирани од екстремната исламистичка група Ал Каеда, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе.

На тој ден, два патнички авиона, со разлика од 16 минути, удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден од симболите на тој град.

Претходно истото утро, членовите на терористичката организација Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, кои потоа ги насочија кон важни објекти, со идеја да ги извршат најразорните напади врз водечките симболи на САД.

Првиот удар се случи во 8:46 часот, во Северната кула на комплексот Светски трговски центар. Тоа беше летот 11 на Американ Ерлајнс.

Вториот удар се случи седумнаесет минути подоцна во Јужната кула на Трговскиот центар. Тоа беше летот 175 на Американ Ерлајнс.

Двете кули на Светскиот трговски центар, кои имаа по 110 ката, се урнаа во рок од еден час и четириесет минути. Уништени или оштетени беа и околните згради.

Набргу по нападот во Њујорк, имаше напад и во Вашингтон. Беше нападната зградата на Пентагон и во неа се урна трет авион, авионот на Американ Ерлајнс, лет бр. 77 во 09.37 часот.

Само четвртиот авион терористите не го користеле за разорен напад. Тој се урна во Пенсилванија во 10:03 часот во полето на градот Стони Крик, недалеку од Шанксвил. Група патници во него се обиделе да ги совладаат киднаперите, надевајќи се дека ќе го преземат авионот. Тоа беше летот бр. 93 на Јунајтед ерлајнс.

Се претпоставува дека терористите на Ал Каеда имале намера со четвртиот авион да ја нападнат зградата на Капитол во Вашингтон или можеби Белата куќа.

Загинаа вкупно 2.996 луѓе, меѓу кои и 19 терористи на Ал Каеда, киднапери и напаѓачи. Имаше голем број повредени, според некои извештаи дури 25.000.

Исламските екстремисти, напаѓачите, претежно беа од Саудиска Арабија, 15 од нив, како и нивниот лидер Осама Бин Ладен. Двајца беа од Обединетите Арапски Емирати, а по еден од Египет и Либан.

Во Њујорк загинаа 2.606 луѓе, меѓу кои и членови на итната помош, медицински персонал. Загинаа и 343 пожарникари, како и 71 припадник на полицијата и другите безбедносни служби. Меѓу жртвите во Њујорк имаше 372 странски државјани од 102 земји.

Во Вашингтон, односно Пентагон загинаа 125 луѓе. За време на тој напад, во авионот загинаа 59 лица, вклучувајќи го и екипажот.

Во авионот што се урна недалеку од Шенксвил, Пенсилванија, пак, вкупниот број загинати беше 40, патници, екипаж и терористички напаѓачи.

Официјалните лица на САД само неколку часа по разорните терористички напади објавија дека напаѓачите биле дел од екстремната исламистичка организација Ал Каеда. Веднаш беше започната сеопфатна акција за справување со таа организација. Лидерот Осама бин Ладен беше убиен на 2 мај 2011 година во Аботабад, во регионот Хазара, на северот на Пакистан.

Комплексот на Светскиот трговски центар, односно целата област околу него, беше расчистен во текот на следните осум месеци, а Пентагон за една година.

Во САД со посебна почит се сеќаваат на жртвите од разорните терористички напади од 11 септември 2001 година.

The post 23 години од терористичките напади во САД appeared first on Република.

]]>

Во Њујорк и Вашингтон на 11 септември 2001 година се случија терористички напади организирани од екстремната исламистичка група Ал Каеда, во кои загинаа речиси 3.000 луѓе. На тој ден, два патнички авиона, со разлика од 16 минути, удрија во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, еден од симболите на тој град. Претходно истото утро, членовите на терористичката организација Ал Каеда киднапираа четири патнички авиони, кои потоа ги насочија кон важни објекти, со идеја да ги извршат најразорните напади врз водечките симболи на САД. Првиот удар се случи во 8:46 часот, во Северната кула на комплексот Светски трговски центар. Тоа беше летот 11 на Американ Ерлајнс. Вториот удар се случи седумнаесет минути подоцна во Јужната кула на Трговскиот центар. Тоа беше летот 175 на Американ Ерлајнс. Двете кули на Светскиот трговски центар, кои имаа по 110 ката, се урнаа во рок од еден час и четириесет минути. Уништени или оштетени беа и околните згради. Набргу по нападот во Њујорк, имаше напад и во Вашингтон. Беше нападната зградата на Пентагон и во неа се урна трет авион, авионот на Американ Ерлајнс, лет бр. 77 во 09.37 часот. Само четвртиот авион терористите не го користеле за разорен напад. Тој се урна во Пенсилванија во 10:03 часот во полето на градот Стони Крик, недалеку од Шанксвил. Група патници во него се обиделе да ги совладаат киднаперите, надевајќи се дека ќе го преземат авионот. Тоа беше летот бр. 93 на Јунајтед ерлајнс. Се претпоставува дека терористите на Ал Каеда имале намера со четвртиот авион да ја нападнат зградата на Капитол во Вашингтон или можеби Белата куќа. Загинаа вкупно 2.996 луѓе, меѓу кои и 19 терористи на Ал Каеда, киднапери и напаѓачи. Имаше голем број повредени, според некои извештаи дури 25.000. Исламските екстремисти, напаѓачите, претежно беа од Саудиска Арабија, 15 од нив, како и нивниот лидер Осама Бин Ладен. Двајца беа од Обединетите Арапски Емирати, а по еден од Египет и Либан. Во Њујорк загинаа 2.606 луѓе, меѓу кои и членови на итната помош, медицински персонал. Загинаа и 343 пожарникари, како и 71 припадник на полицијата и другите безбедносни служби. Меѓу жртвите во Њујорк имаше 372 странски државјани од 102 земји. Во Вашингтон, односно Пентагон загинаа 125 луѓе. За време на тој напад, во авионот загинаа 59 лица, вклучувајќи го и екипажот. Во авионот што се урна недалеку од Шенксвил, Пенсилванија, пак, вкупниот број загинати беше 40, патници, екипаж и терористички напаѓачи. Официјалните лица на САД само неколку часа по разорните терористички напади објавија дека напаѓачите биле дел од екстремната исламистичка организација Ал Каеда. Веднаш беше започната сеопфатна акција за справување со таа организација. Лидерот Осама бин Ладен беше убиен на 2 мај 2011 година во Аботабад, во регионот Хазара, на северот на Пакистан. Комплексот на Светскиот трговски центар, односно целата област околу него, беше расчистен во текот на следните осум месеци, а Пентагон за една година. Во САД со посебна почит се сеќаваат на жртвите од разорните терористички напади од 11 септември 2001 година.

The post 23 години од терористичките напади во САД appeared first on Република.

]]>
Израелските авиони ноќеска погодиле околу 30 позиции на Хезболах во јужен Либан https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskite-avioni-nokeska-pogodile-okolu-30-pozitsii-na-hezbolah-vo-juzhen-liban/ Wed, 11 Sep 2024 07:26:47 +0000 https://republika.mk/?p=815139

Израелските борбени авиони во текот на ноќта погодиле околу 30 ракетни фрлачи на Хезболах и друга инфраструктура во јужен Либан, соопшти денеска израелската армија.

Според ИДФ, нападите биле извршени во градовите Џебеин, Накура, Деир Серијан и Зибкин, објави „Тајмс оф Израел“.

Израелската армија додаде дека фрлачите на Хезболах и другите цели „претставувале закана за израелските цивили“.

Во претходната минатонеделна размена на оган беа истрелани повеќе од 50 ракети од Либан кон областа Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северен Израел.

Одговорноста за нападот ја презеде либанската милитантна група Хезболах, повикувајќи се на израелски напад врз градот Фурун, во кој загинаа тројца болничари.

The post Израелските авиони ноќеска погодиле околу 30 позиции на Хезболах во јужен Либан appeared first on Република.

]]>

Израелските борбени авиони во текот на ноќта погодиле околу 30 ракетни фрлачи на Хезболах и друга инфраструктура во јужен Либан, соопшти денеска израелската армија. Според ИДФ, нападите биле извршени во градовите Џебеин, Накура, Деир Серијан и Зибкин, објави „Тајмс оф Израел“. Израелската армија додаде дека фрлачите на Хезболах и другите цели „претставувале закана за израелските цивили“. Во претходната минатонеделна размена на оган беа истрелани повеќе од 50 ракети од Либан кон областа Галилеја и градот Кирјат Шмон, во северен Израел. Одговорноста за нападот ја презеде либанската милитантна група Хезболах, повикувајќи се на израелски напад врз градот Фурун, во кој загинаа тројца болничари.

The post Израелските авиони ноќеска погодиле околу 30 позиции на Хезболах во јужен Либан appeared first on Република.

]]>
Конфликтот се разгорува: Хезболах нема да ги ограничува нападите само на воени цели во Израел https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/konfliktot-se-razgoruva-hezbolah-nema-da-gi-ogranichuva-napadite-samo-na-voeni-tseli-vo-izrael/ Sat, 03 Aug 2024 12:02:16 +0000 https://republika.mk/?p=803036

Претставништвото на Иран во Обединетите нации денеска порача дека нивниот сојузник Хезболах треба да го нападне Израел „во длабочина“ и да не се ограничува само на воени цели, како одговор на убиството на воениот шеф на тоа либанско екстремистичко движење во близина на Бејрут.

Воениот водач на Хезболах, Фуад Шукр, беше убиен во вторникот навечер во израелски воздушен удар на зграда во јужното предградие на Бејрут, при што загинаа уште шест лица, од кои петмина цивили.

Во говорот во четвртокот, шефот на Хезболах, Хасан Насрала, вети дека ќе одговори на „агресијата“ врз упориштето на Хезболах во главниот град на Либан, што предизвика страв од нова ескалација.

По тој удар, „предвидуваме дека Хезболах ќе избере повеќе цели и ќе нападне во длабочина (на Израел)“, соопшти денеска претставништвото на Иран во Обединетите нации, пренесе официјалната иранска агенција Ирна.

Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, поддржан од Иран, речиси секојдневно разменува оган со израелската војска долж израелско-либанската граница од почетокот на војната во појасот Газа на 7 октомври, започната со напад на исламистичкиот покрет Хамас врз Израел.

„Хезболах и (израелскиот) режим почитуваа одредени линии за напади кои (во вторникот вечерта) беа преминати“, соопшти иранското претставништво.

Поради тоа, либанското движење нема да го ограничува својот одговор само на воени цели, се додава во соопштението.

Иран и Хамас го обвинија Израел и за убиството на шефот на палестинското исламистичко движење Исмаил Ханија во средата во Техеран и ветија дека остро ќе возвратат.

The post Конфликтот се разгорува: Хезболах нема да ги ограничува нападите само на воени цели во Израел appeared first on Република.

]]>

Претставништвото на Иран во Обединетите нации денеска порача дека нивниот сојузник Хезболах треба да го нападне Израел „во длабочина“ и да не се ограничува само на воени цели, како одговор на убиството на воениот шеф на тоа либанско екстремистичко движење во близина на Бејрут. Воениот водач на Хезболах, Фуад Шукр, беше убиен во вторникот навечер во израелски воздушен удар на зграда во јужното предградие на Бејрут, при што загинаа уште шест лица, од кои петмина цивили. Во говорот во четвртокот, шефот на Хезболах, Хасан Насрала, вети дека ќе одговори на „агресијата“ врз упориштето на Хезболах во главниот град на Либан, што предизвика страв од нова ескалација. По тој удар, „предвидуваме дека Хезболах ќе избере повеќе цели и ќе нападне во длабочина (на Израел)“, соопшти денеска претставништвото на Иран во Обединетите нации, пренесе официјалната иранска агенција Ирна. Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, поддржан од Иран, речиси секојдневно разменува оган со израелската војска долж израелско-либанската граница од почетокот на војната во појасот Газа на 7 октомври, започната со напад на исламистичкиот покрет Хамас врз Израел. „Хезболах и (израелскиот) режим почитуваа одредени линии за напади кои (во вторникот вечерта) беа преминати“, соопшти иранското претставништво. Поради тоа, либанското движење нема да го ограничува својот одговор само на воени цели, се додава во соопштението. Иран и Хамас го обвинија Израел и за убиството на шефот на палестинското исламистичко движење Исмаил Ханија во средата во Техеран и ветија дека остро ќе возвратат.

The post Конфликтот се разгорува: Хезболах нема да ги ограничува нападите само на воени цели во Израел appeared first on Република.

]]>
Шефот на Пентагон ги осуди украинските напади врз руските рафинерии https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/shefot-na-pentagon-gi-osudi-ukrainskite-napadi-vrz-ruskite-rafinerii/ Wed, 10 Apr 2024 10:33:13 +0000 https://republika.mk/?p=764540

Нападите на Украина врз рафинериите во Русија можат да влијаат негативно на светските енергетски пазари затоа Киев треба да селектира други цели, изјави синоќа шефот на Пентагон Лојд Остин.

Тие напади можат да направат домино ефект во глобалната ситуација со енергетиката. И, чесно говорејќи, мислам дека за Украина е подобро да нанесува удари по тактички и оперативни цели кои директно можат да влијаат на тековните воени дејства, изјави Остин синоќа на сослушување пред сенатската Комисија за вооружени сили.

Тим Котон, сенаторот републиканец коментираше на ова дека позицијата на Остин доаѓа од чисто политички причини. „Ми се чини дека администрацијата на Бајден не сака цените на гасот и нафтата да растат во изборна година“, изјави Котон.

Вашингтон досега повеќекратно го повика Киев да запре со нападите на енергетската инфраструктура на Русија.

Украина од почетокот на годината започна кампања со напади на беспилотни летала врз главните складишта со гас и рафинерии на Русија. Последниот напад се случи минатата недел врз една од најголемите рафинерии во земјата лоцирана во Татарстан и одалечена повеќе од 1.300 километри од боиштето во Украина.

Нападите нанесоа сериозна штета врз рафинерските постројки и прозводството на горива во Русија. Според некои западни медиуми, прозводството на бензин во март се намалило за 10 отсто, додека производството на дизел за четири отсто. Аналитичарите предвидуваат дека внатрешниот пазар на земјата во мај може да се судри со недостаток од бензин.

The post Шефот на Пентагон ги осуди украинските напади врз руските рафинерии appeared first on Република.

]]>

Нападите на Украина врз рафинериите во Русија можат да влијаат негативно на светските енергетски пазари затоа Киев треба да селектира други цели, изјави синоќа шефот на Пентагон Лојд Остин. Тие напади можат да направат домино ефект во глобалната ситуација со енергетиката. И, чесно говорејќи, мислам дека за Украина е подобро да нанесува удари по тактички и оперативни цели кои директно можат да влијаат на тековните воени дејства, изјави Остин синоќа на сослушување пред сенатската Комисија за вооружени сили. Тим Котон, сенаторот републиканец коментираше на ова дека позицијата на Остин доаѓа од чисто политички причини. „Ми се чини дека администрацијата на Бајден не сака цените на гасот и нафтата да растат во изборна година“, изјави Котон. Вашингтон досега повеќекратно го повика Киев да запре со нападите на енергетската инфраструктура на Русија. Украина од почетокот на годината започна кампања со напади на беспилотни летала врз главните складишта со гас и рафинерии на Русија. Последниот напад се случи минатата недел врз една од најголемите рафинерии во земјата лоцирана во Татарстан и одалечена повеќе од 1.300 километри од боиштето во Украина. Нападите нанесоа сериозна штета врз рафинерските постројки и прозводството на горива во Русија. Според некои западни медиуми, прозводството на бензин во март се намалило за 10 отсто, додека производството на дизел за четири отсто. Аналитичарите предвидуваат дека внатрешниот пазар на земјата во мај може да се судри со недостаток од бензин.

The post Шефот на Пентагон ги осуди украинските напади врз руските рафинерии appeared first on Република.

]]>
Хутите порачаа дека американските и британските напади нема да останат без одговор https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hutite-porachaa-deka-amerikanskite-i-britanskite-napadi-nema-da-ostanat-bez-odgovor/ Tue, 23 Jan 2024 14:40:44 +0000 https://republika.mk/?p=736021

Јеменските бунтовници, проиранските Хути, денеска порачаа дека американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“, пренесоа американските медиуми.

Авионите Тајфун и Војаџер на британските воздухопловни сили (РАФ) денеска се вратија во базата Акротири на Кипар, откако извршија воздушни напади врз воени цели на Хутите во Јемен, јавува Си-Ен-Ен.

„Американските и британските воздушни напади извршени во текот на изминатата ноќ нема да останат без одговор“, изјави портпаролот на јеменската бунтовничка група на својот Х профил и потврди дека американските и британските авиони денеска нападнале четири провинции и извршиле вкупно 18 воздушни напади.

Портпаролот рече дека биле извршени 12 воздушни напади врз цели во главниот град Сана, три врз градот Ходеида, два врз Таиз и еден врз Ал-Бајд.

„Денешните напади на воени авиони на САД и Велика Британија се осми бран напади врз инфраструктурата на јеменските бунтовници за нешто повеќе од 10 дена“, се вели во заедничката изјава на американските и британските сили.

На 11 јануари, САД и Велика Британија започнаа напади врз повеќе од 60 воени цели на Хутите на 28 локации во Јемен. Тоа беше првиот американски воен одговор на нападите што Хутите почнаа да ги вршат на трговските бродови во Црвеното Море, како поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна против Израел.

The post Хутите порачаа дека американските и британските напади нема да останат без одговор appeared first on Република.

]]>

Јеменските бунтовници, проиранските Хути, денеска порачаа дека американските и британските воздушни напади „нема да останат без одговор“, пренесоа американските медиуми. Авионите Тајфун и Војаџер на британските воздухопловни сили (РАФ) денеска се вратија во базата Акротири на Кипар, откако извршија воздушни напади врз воени цели на Хутите во Јемен, јавува Си-Ен-Ен. „Американските и британските воздушни напади извршени во текот на изминатата ноќ нема да останат без одговор“, изјави портпаролот на јеменската бунтовничка група на својот Х профил и потврди дека американските и британските авиони денеска нападнале четири провинции и извршиле вкупно 18 воздушни напади. Портпаролот рече дека биле извршени 12 воздушни напади врз цели во главниот град Сана, три врз градот Ходеида, два врз Таиз и еден врз Ал-Бајд. „Денешните напади на воени авиони на САД и Велика Британија се осми бран напади врз инфраструктурата на јеменските бунтовници за нешто повеќе од 10 дена“, се вели во заедничката изјава на американските и британските сили. На 11 јануари, САД и Велика Британија започнаа напади врз повеќе од 60 воени цели на Хутите на 28 локации во Јемен. Тоа беше првиот американски воен одговор на нападите што Хутите почнаа да ги вршат на трговските бродови во Црвеното Море, како поддршка на палестинската милитантна група Хамас во нејзината војна против Израел.

The post Хутите порачаа дека американските и британските напади нема да останат без одговор appeared first on Република.

]]>
Хамас ја презеде одговорноста за смртоносните напади во близина на Тел Авив https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-ja-prezede-odgovornosta-za-smrtonosnite-napadi-vo-blizina-na-tel-aviv/ Mon, 15 Jan 2024 17:56:44 +0000 https://republika.mk/?p=733371

Палестинската исламистичка организација Хамас денеска ја презеде одговорноста за двојниот терористички напад во градот Ранани, во централниот дел на Израел, недалеку од Тел Авив, во кој една жена загина, а 17 лица беа ранети, меѓу кои и неколку деца.

Како што се наведува во соопштението на Хамас, нападите се „одговор на масакрите на окупаторот и продолжување на неговата агресија врз палестинскиот народ“.

Израелската полиција соопшти дека двајца осомничени Палестинци од областа Хеброн биле уапсени набргу по истовремените напади во кои украле возила и на повеќе места со нив удриле во група луѓе.

Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачите со нож нападнале најмалку една жртва.

Полицијата претходно соопшти дека осомничените се роднини, но не ја коментираше изјавата за одговорност на Хамас.

Хеброн е град во окупираниот Западен Брег. Делови од таа територија се управувани од палестинската управа, во која доминира Фатах, ривал на Хамас.

Напаѓачите влегле илегално во Израел, што го правеле многупати досега, а сега се во полиција.

Сè уште е во тек потера во областа Ранана за да се осигура дека нема дополнителни напади во услови на зголемени тензии по повеќе од три месеци војна во Појасот Газа.

The post Хамас ја презеде одговорноста за смртоносните напади во близина на Тел Авив appeared first on Република.

]]>

Палестинската исламистичка организација Хамас денеска ја презеде одговорноста за двојниот терористички напад во градот Ранани, во централниот дел на Израел, недалеку од Тел Авив, во кој една жена загина, а 17 лица беа ранети, меѓу кои и неколку деца. Како што се наведува во соопштението на Хамас, нападите се „одговор на масакрите на окупаторот и продолжување на неговата агресија врз палестинскиот народ“. Израелската полиција соопшти дека двајца осомничени Палестинци од областа Хеброн биле уапсени набргу по истовремените напади во кои украле возила и на повеќе места со нив удриле во група луѓе. Израелските медиуми јавуваат дека напаѓачите со нож нападнале најмалку една жртва. Полицијата претходно соопшти дека осомничените се роднини, но не ја коментираше изјавата за одговорност на Хамас. Хеброн е град во окупираниот Западен Брег. Делови од таа територија се управувани од палестинската управа, во која доминира Фатах, ривал на Хамас. Напаѓачите влегле илегално во Израел, што го правеле многупати досега, а сега се во полиција. Сè уште е во тек потера во областа Ранана за да се осигура дека нема дополнителни напади во услови на зголемени тензии по повеќе од три месеци војна во Појасот Газа.

The post Хамас ја презеде одговорноста за смртоносните напади во близина на Тел Авив appeared first on Република.

]]>
Хамас: Ќе ги ослободиме заложниците само доколку Израел се согласи со нашите услови https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-ke-gi-oslobodime-zalozhnitsite-samo-dokolku-izrael-se-soglasi-so-nashite-uslovi/ Tue, 02 Jan 2024 19:45:39 +0000 https://republika.mk/?p=729106

Израелските заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври и одведени во Газа ќе бидат ослободени само под „услови“ поставени од исламистичката група, потврди денеска во телевизиска порака шефот на Хамас Исмаил Ханије.

Непријателските затвореници ќе бидат ослободени само според условите поставени од движењето на отпорот, рече Ханије.

Хамас пред повеќе од 80 дена киднапираше 250 луѓе, но 129 од нив се уште се во заробеништво.

Хамас им ја пренесе својата позиција на Катар и Египет и таа се заснова на „целосен прекин на агресијата“ против Палестинците.

Ханије, исто така, рече дека Хамас е отворен за можноста за формирање единствена палестинска влада која ќе управува со Газа и на Западниот Брег.

„Добивме бројни иницијативи во врска со палестинската ситуација и отворени сме за идејата за формирање национална влада за Западниот Брег и Газа“, рече Ханије.

Стационирана во Катар, Ханије, исто така, рече дека „планот за раселување на палестинскиот народ нема да помине“, откако двајца десничарски израелски министри предложија доброволно напуштање на Палестинците од енклавата.

The post Хамас: Ќе ги ослободиме заложниците само доколку Израел се согласи со нашите услови appeared first on Република.

]]>

Израелските заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври и одведени во Газа ќе бидат ослободени само под „услови“ поставени од исламистичката група, потврди денеска во телевизиска порака шефот на Хамас Исмаил Ханије. Непријателските затвореници ќе бидат ослободени само според условите поставени од движењето на отпорот, рече Ханије. Хамас пред повеќе од 80 дена киднапираше 250 луѓе, но 129 од нив се уште се во заробеништво. Хамас им ја пренесе својата позиција на Катар и Египет и таа се заснова на „целосен прекин на агресијата“ против Палестинците. Ханије, исто така, рече дека Хамас е отворен за можноста за формирање единствена палестинска влада која ќе управува со Газа и на Западниот Брег. „Добивме бројни иницијативи во врска со палестинската ситуација и отворени сме за идејата за формирање национална влада за Западниот Брег и Газа“, рече Ханије. Стационирана во Катар, Ханије, исто така, рече дека „планот за раселување на палестинскиот народ нема да помине“, откако двајца десничарски израелски министри предложија доброволно напуштање на Палестинците од енклавата.

The post Хамас: Ќе ги ослободиме заложниците само доколку Израел се согласи со нашите услови appeared first on Република.

]]>
Дарманин: Зголемена е заканата од тероризам во Франција на новогодишната ноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/darmanin-zgolemena-e-zakanata-od-terorizam-vo-frantsija-na-novogodishnata-nok/ Fri, 29 Dec 2023 13:04:55 +0000 https://republika.mk/?p=727875

Засилено полициско присуство ќе има на улиците на Франција за да се одговори на заканата од тероризам на новогодишната ноќ, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин за телевизијата БФМ.

„Како што знаете, Франција многу години, а особено во последните месеци, беше силно погодена од терористички закани“, рече Дарманин за телевизијата.

Тој рече дека побарал мобилизација на 90.000 полицајци, заедно со 5.000 војници и десетици илјади пожарникари.

Франција е под највисокото ниво на терористичка закана по смртоносниот напад врз наставник од страна на исламист во октомври.

Терористички напад имаше и на почетокот на месецов, кога млад човек со нож избоде германски турист во Ајфеловата кула во Париз.

Минатата недела пет лица беа приведени за време на антитерористичка операција на истокот на земјата.

The post Дарманин: Зголемена е заканата од тероризам во Франција на новогодишната ноќ appeared first on Република.

]]>

Засилено полициско присуство ќе има на улиците на Франција за да се одговори на заканата од тероризам на новогодишната ноќ, изјави денеска министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин за телевизијата БФМ. „Како што знаете, Франција многу години, а особено во последните месеци, беше силно погодена од терористички закани“, рече Дарманин за телевизијата. Тој рече дека побарал мобилизација на 90.000 полицајци, заедно со 5.000 војници и десетици илјади пожарникари. Франција е под највисокото ниво на терористичка закана по смртоносниот напад врз наставник од страна на исламист во октомври. Терористички напад имаше и на почетокот на месецов, кога млад човек со нож избоде германски турист во Ајфеловата кула во Париз. Минатата недела пет лица беа приведени за време на антитерористичка операција на истокот на земјата.

The post Дарманин: Зголемена е заканата од тероризам во Франција на новогодишната ноќ appeared first on Република.

]]>
Предупредувања за координирани терористички напади за Божик и за Нова година https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/predupreduvana-za-koordinirani-teroristichki-napadi-za-bozhik-i-za-nova-godina/ Sun, 24 Dec 2023 10:57:43 +0000 https://republika.mk/?p=726134

Официјални лица во Австрија, Германија и Шпанија добиле индикации дека исламистичка група планирала неколку напади во Европа, веројатно на новогодишната ноќ и на Божик, објави германскиот дневен весник Билд доцна во саботата.

Според весникот, мети на овие напади би можеле да бидат божикните миси во Келн, Виена и Мадрид.

Исто така, објави дека специјалните сили во австриската престолнина Виена и во Германија, уапсиле осомничени во саботата.

Австриската полиција во саботата соопшти дека ги засилува контролите, особено околу црквите, верските настани и божикните базари во Виена.

„Терористичките актери ширум Европа повикуваат на напади врз христијанските настани, особено околу 24-ти декември“, се вели во соопштението.

„Поради тековната проценка на ризикот… и континуираното зголемено ниво на тревога за терор, генерално постои зголемен ризик во Австрија за време на божикните празници“.

The post Предупредувања за координирани терористички напади за Божик и за Нова година appeared first on Република.

]]>

Официјални лица во Австрија, Германија и Шпанија добиле индикации дека исламистичка група планирала неколку напади во Европа, веројатно на новогодишната ноќ и на Божик, објави германскиот дневен весник Билд доцна во саботата. Според весникот, мети на овие напади би можеле да бидат божикните миси во Келн, Виена и Мадрид. Исто така, објави дека специјалните сили во австриската престолнина Виена и во Германија, уапсиле осомничени во саботата. Австриската полиција во саботата соопшти дека ги засилува контролите, особено околу црквите, верските настани и божикните базари во Виена. „Терористичките актери ширум Европа повикуваат на напади врз христијанските настани, особено околу 24-ти декември“, се вели во соопштението. „Поради тековната проценка на ризикот… и континуираното зголемено ниво на тревога за терор, генерално постои зголемен ризик во Австрија за време на божикните празници“.

The post Предупредувања за координирани терористички напади за Божик и за Нова година appeared first on Република.

]]>
Хамас: Во израелските напади во северниот дел на Газа загинаа 110 луѓе https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/hamas-vo-izraelskite-napadi-vo-severniot-del-na-gaza-zaginaa-110-luge/ Mon, 18 Dec 2023 09:57:17 +0000 https://republika.mk/?p=724238

Министерството за здравство на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека 110 Палестинци се убиени од синоќа во израелските напади врз Џабалија, на северот на палестинската енклава.

Министерството за здравство соопшти дека во ударите загинале 50 „маченици во куќите на Џабалија“, со што од вчера во тој град загинале вкупно 110 лица.

Според последниот биланс на Министерството, објавен во петокот, од почетокот на војната со Израел на 7 октомври во Газа загинале 18.800 луѓе.

 

The post Хамас: Во израелските напади во северниот дел на Газа загинаа 110 луѓе appeared first on Република.

]]>

Министерството за здравство на Хамас во Појасот Газа денеска соопшти дека 110 Палестинци се убиени од синоќа во израелските напади врз Џабалија, на северот на палестинската енклава. Министерството за здравство соопшти дека во ударите загинале 50 „маченици во куќите на Џабалија“, со што од вчера во тој град загинале вкупно 110 лица. Според последниот биланс на Министерството, објавен во петокот, од почетокот на војната со Израел на 7 октомври во Газа загинале 18.800 луѓе.  

The post Хамас: Во израелските напади во северниот дел на Газа загинаа 110 луѓе appeared first on Република.

]]>
Во Германија значително е зголемен бројот на напади врз бегалци https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/vo-germanija-znachitelno-e-zgolemen-brojot-na-napadi-vrz-begaltsi-2/ Tue, 14 Nov 2023 12:08:37 +0000 https://republika.mk/?p=701428

Бројот на напади врз бегалци и баратели на азил во Германија е значително зголемен оваа година, објави денеска германската Влада.

Во првите три квартали од оваа година евидентирани се 1.515 политички мотивирани напади врз бегалци и баратели на азил, што е повеќе од целата претходната година, се вели во одговорот на германската Влада на истрагата на пратеничката група на Левицата во Бундестагот.

Најголем број напади, две третини, им се припишуваат на извршителите од политичкото милје од екстремната десница.

Партијата на левицата го критикуваше зголемувањето на насилството врз бегалците и барателите на азил и го поврза ова зголемување со актуелната дебата за ограничување на илегалната имиграција во Германија.

Сојузната влада и претставниците на сојузните покраини неодамна договорија пакет мерки кои треба да резултираат со намалување на бројот на бегалците, кои од почетокот на оваа година повторно во зголемен број доаѓаат во Германија.

Меѓу другото, мерките вклучуваат зголемена контрола на границите како и укинување на социјалните бенефиции за бегалците, што треба да ја намали атрактивноста на Германија како дестинација за мигрантските текови.

Германските граѓани во анкетите на јавното мислење го наведуваат токму проблемот со неконтролираната имиграција како најголем социјален проблем. Партиите како десничарската Алтернатива за Германија (AfD), кои се противат на сите форми на имиграција, имаат најголема корист од ова расположение.

The post Во Германија значително е зголемен бројот на напади врз бегалци appeared first on Република.

]]>

Бројот на напади врз бегалци и баратели на азил во Германија е значително зголемен оваа година, објави денеска германската Влада. Во првите три квартали од оваа година евидентирани се 1.515 политички мотивирани напади врз бегалци и баратели на азил, што е повеќе од целата претходната година, се вели во одговорот на германската Влада на истрагата на пратеничката група на Левицата во Бундестагот. Најголем број напади, две третини, им се припишуваат на извршителите од политичкото милје од екстремната десница. Партијата на левицата го критикуваше зголемувањето на насилството врз бегалците и барателите на азил и го поврза ова зголемување со актуелната дебата за ограничување на илегалната имиграција во Германија. Сојузната влада и претставниците на сојузните покраини неодамна договорија пакет мерки кои треба да резултираат со намалување на бројот на бегалците, кои од почетокот на оваа година повторно во зголемен број доаѓаат во Германија. Меѓу другото, мерките вклучуваат зголемена контрола на границите како и укинување на социјалните бенефиции за бегалците, што треба да ја намали атрактивноста на Германија како дестинација за мигрантските текови. Германските граѓани во анкетите на јавното мислење го наведуваат токму проблемот со неконтролираната имиграција како најголем социјален проблем. Партиите како десничарската Алтернатива за Германија (AfD), кои се противат на сите форми на имиграција, имаат најголема корист од ова расположение.

The post Во Германија значително е зголемен бројот на напади врз бегалци appeared first on Република.

]]>
ФБИ: Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/fbi-napadot-na-hamas-vrz-izrael-bi-mozhel-da-gi-inspirira-najznachajnite-teroristichki-zakani-za-sad-od-podemot-na-islamska-drzhava/ Tue, 31 Oct 2023 21:54:30 +0000 https://republika.mk/?p=696841

Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава пред речиси десет години, предупреди директорот на ФБИ, Кристофер Вреј.

Тој кажа дека од почетокот на последниот израелско-палестински конфликт повеќе странски терористички организации повикале на напади против Американците и западот, зголемувајќи ја заканата од домашни насилни екстремисти.

„Дејствата на Хамас и неговите сојузници ќе послужат како инспирација каква што не е видена откако ИСИС го прогласи својот калифат пред неколку години“, изјави Вреј на сослушување во американскиот Конгрес.

Американската влада има забележано пораст на закани против Евреите, муслиманите и американските Арапи откако почна војната во Газа. Во исто време, се случија бројни напади врз американските воени бази на Блиски Исток од страна на милитантни групи поддржани од Иран, кажа Вреј.

„Сајбернападите врз САД веројатно ќе се влошат доколку конфликтот се прошири“, изјави Вреј.

The post ФБИ: Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава appeared first on Република.

]]>

Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава пред речиси десет години, предупреди директорот на ФБИ, Кристофер Вреј. Тој кажа дека од почетокот на последниот израелско-палестински конфликт повеќе странски терористички организации повикале на напади против Американците и западот, зголемувајќи ја заканата од домашни насилни екстремисти. „Дејствата на Хамас и неговите сојузници ќе послужат како инспирација каква што не е видена откако ИСИС го прогласи својот калифат пред неколку години“, изјави Вреј на сослушување во американскиот Конгрес. Американската влада има забележано пораст на закани против Евреите, муслиманите и американските Арапи откако почна војната во Газа. Во исто време, се случија бројни напади врз американските воени бази на Блиски Исток од страна на милитантни групи поддржани од Иран, кажа Вреј. „Сајбернападите врз САД веројатно ќе се влошат доколку конфликтот се прошири“, изјави Вреј.

The post ФБИ: Нападот на Хамас врз Израел би можел да ги инспирира најзначајните терористички закани за САД од подемот на Исламска држава appeared first on Република.

]]>
Израелската армија ја интензивира копнената офанзива во Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izraelskata-armija-ja-intenzivira-kopnenata-ofanziva-vo-gaza/ Sun, 29 Oct 2023 09:35:40 +0000 https://republika.mk/?p=695945

Израелската армија повторно нападна стотици позиции на Хамас, соопштија денеска ИДФ, додека ги интензивираат своите копнени операции во Газа.

Борбени авиони бомбардираа повеќе од 450 цели во текот на изминатиот ден, вклучувајќи командни центри, набљудувачки пунктови и лансирни рампи за противтенковски ракети, соопштија ИДФ утрово.

Израелските борбени единици нападнаа терористички ќелии кои се обидоа да нападнат и испукаат противтенковски проектили, соопштија ИДФ.

Израелски офицер е тешко повреден во текот на ноќта кога бил погоден од минофрлачка граната во северниот дел на Појасот Газа, додаде армијата. Уште еден израелски војник е повреден во престрелка со терористи, исто така на север, се вели во соопштението. И двајцата се згрижени во болница.

Израелски дронови, воени авиони и проектили гаѓаат цели низ Газа која е под контрола на Хамас.

Војната меѓу Израел и Хамас кој владее во Газа почна по големиот напад врз израелски цивили од страна на милитантите на Хамас на 7 октомври, кога убија повеќе од 1.400 луѓе и киднапираа најмалку 229 лица.

Израел влегува во следната фаза од својата војна против Хамас во Газа од воздух, копно и море, изјави портпаролот на ИДФ Даниел Хагари во видео објавено во текот на ноќта на X.

The post Израелската армија ја интензивира копнената офанзива во Газа appeared first on Република.

]]>

Израелската армија повторно нападна стотици позиции на Хамас, соопштија денеска ИДФ, додека ги интензивираат своите копнени операции во Газа. Борбени авиони бомбардираа повеќе од 450 цели во текот на изминатиот ден, вклучувајќи командни центри, набљудувачки пунктови и лансирни рампи за противтенковски ракети, соопштија ИДФ утрово. Израелските борбени единици нападнаа терористички ќелии кои се обидоа да нападнат и испукаат противтенковски проектили, соопштија ИДФ. Израелски офицер е тешко повреден во текот на ноќта кога бил погоден од минофрлачка граната во северниот дел на Појасот Газа, додаде армијата. Уште еден израелски војник е повреден во престрелка со терористи, исто така на север, се вели во соопштението. И двајцата се згрижени во болница. Израелски дронови, воени авиони и проектили гаѓаат цели низ Газа која е под контрола на Хамас. Војната меѓу Израел и Хамас кој владее во Газа почна по големиот напад врз израелски цивили од страна на милитантите на Хамас на 7 октомври, кога убија повеќе од 1.400 луѓе и киднапираа најмалку 229 лица. Израел влегува во следната фаза од својата војна против Хамас во Газа од воздух, копно и море, изјави портпаролот на ИДФ Даниел Хагари во видео објавено во текот на ноќта на X.

The post Израелската армија ја интензивира копнената офанзива во Газа appeared first on Република.

]]>
ИДФ продолжија со напаѓање цели на Хамас во Појасот Газа https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/idf-prodolzhija-so-napagane-tseli-na-hamas-vo-pojasot-gaza/ Fri, 20 Oct 2023 08:48:21 +0000 https://republika.mk/?p=693149

Израелските бомбардирања против позициите на Хамас во Појасот Газа продолжија и синоќа, речиси две недели по нападот врз Израел во кој животот го загубија повеќе од 1.400 луѓе, јави ДПА.

Борбени авиони нападнаа повеќе од 100 позиции и убиле припадник на палестинската група за која наводно учествувал во нападот на Хамас на 7 октомври, соопштија утрово Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Претставници на ИДФ додадоа дека биле бомбардирани тунел, магацини за оружје и десетици командни центри. Дополнително, при целен напад на градот Газа, била „ликвидирана дивизија на Хамас“.

Објектите и оружјето на групата биле уништени во џамија северно од градот Џабалија, за кој Израел рече дека се користи како место за набљудување и тренинг.

Израел одговори на нападот од страна на милитантите на Хамас со силно бомбардирање на Појасот Газа, во кој според палестинските власти досега загинаа 3.785 луѓе.

На границите на крајбрежната енклава, каде живеат повеќе од два милиони луѓе, израелската Армија се подготвува за можна копнена офанзива. Хамас држи повеќе од 200 заложници во Газа.

The post ИДФ продолжија со напаѓање цели на Хамас во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>

Израелските бомбардирања против позициите на Хамас во Појасот Газа продолжија и синоќа, речиси две недели по нападот врз Израел во кој животот го загубија повеќе од 1.400 луѓе, јави ДПА. Борбени авиони нападнаа повеќе од 100 позиции и убиле припадник на палестинската група за која наводно учествувал во нападот на Хамас на 7 октомври, соопштија утрово Израелските одбранбени сили (ИДФ). Претставници на ИДФ додадоа дека биле бомбардирани тунел, магацини за оружје и десетици командни центри. Дополнително, при целен напад на градот Газа, била „ликвидирана дивизија на Хамас“. Објектите и оружјето на групата биле уништени во џамија северно од градот Џабалија, за кој Израел рече дека се користи како место за набљудување и тренинг. Израел одговори на нападот од страна на милитантите на Хамас со силно бомбардирање на Појасот Газа, во кој според палестинските власти досега загинаа 3.785 луѓе. На границите на крајбрежната енклава, каде живеат повеќе од два милиони луѓе, израелската Армија се подготвува за можна копнена офанзива. Хамас држи повеќе од 200 заложници во Газа.

The post ИДФ продолжија со напаѓање цели на Хамас во Појасот Газа appeared first on Република.

]]>
Лидерот на Хамас предупреди: Нападите врз Газа може да се претворат во регионална војна https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/liderot-na-hamas-predupredi-napadite-vrz-gaza-mozhe-da-se-pretvorat-vo-regionalna-vojna/ Fri, 20 Oct 2023 08:16:17 +0000 https://republika.mk/?p=693122

Шефот на Политичкото биро на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије, предупреди дека израелските напади врз Газа може да се претворат во регионална војна, јавува Анадолија.

Тој истакна дека „ако продолжат овие брутални напади, уништување и крвопролевање против Газа, ова може да се претвори во регионална војна“.

Во видеото што го објави Ханије дава оценка за конфликтите со Израел и политичките настани во Газа, Западниот Брег и Либан.

Потсетувајќи дека Соединетите Американски Држави и некои европски земји го посетија Израел за морална поддршка, Ханије тврди дека и покрај сите овие напори, администрацијата од Вашингтон не била успешна во „давањето регионална и меѓународна поддршка на Израел во однос на нападите врз Газа и придобивањето на Арапите да прифатат депортација“.

Истакнувајќи дека и покрај сите притисоци, односот на арапските и исламските земји кон депортацијата на Палестинците е многу јасен, Ханије рече дека тоа било нагласено на состаноците на Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и Арапската лига.

Пофалувајќи го ставот на арапските и исламските земји, особено Египет, против депортацијата, Ханије повика на поддршка за тој став.

Наведувајќи дека во последните денови се сретнале со бројни претставници од арапскиот и исламскиот свет, Ханије рече дека на тие состаноци „изјавиле дека единственото решение е можно со ставање крај на окупацијата и формирање независна палестинска држава со Ал Кудс (Ерусалим) како главен град и на окупационите команданти да им се суди за нивните злосторства“, пренесува Анадолија.

Ханије го повика палестинскиот народ и арапскиот и исламскиот свет денеска да излезат на улиците со слоганот „Стоп за нападите врз Газа, а не депортација и алтернативна татковина“.

The post Лидерот на Хамас предупреди: Нападите врз Газа може да се претворат во регионална војна appeared first on Република.

]]>

Шефот на Политичкото биро на палестинското движење Хамас, Исмаил Ханије, предупреди дека израелските напади врз Газа може да се претворат во регионална војна, јавува Анадолија. Тој истакна дека „ако продолжат овие брутални напади, уништување и крвопролевање против Газа, ова може да се претвори во регионална војна“. Во видеото што го објави Ханије дава оценка за конфликтите со Израел и политичките настани во Газа, Западниот Брег и Либан. Потсетувајќи дека Соединетите Американски Држави и некои европски земји го посетија Израел за морална поддршка, Ханије тврди дека и покрај сите овие напори, администрацијата од Вашингтон не била успешна во „давањето регионална и меѓународна поддршка на Израел во однос на нападите врз Газа и придобивањето на Арапите да прифатат депортација“. Истакнувајќи дека и покрај сите притисоци, односот на арапските и исламските земји кон депортацијата на Палестинците е многу јасен, Ханије рече дека тоа било нагласено на состаноците на Советот за соработка во Заливот (ГЦЦ), Организацијата за исламска соработка (ОИЦ) и Арапската лига. Пофалувајќи го ставот на арапските и исламските земји, особено Египет, против депортацијата, Ханије повика на поддршка за тој став. Наведувајќи дека во последните денови се сретнале со бројни претставници од арапскиот и исламскиот свет, Ханије рече дека на тие состаноци „изјавиле дека единственото решение е можно со ставање крај на окупацијата и формирање независна палестинска држава со Ал Кудс (Ерусалим) како главен град и на окупационите команданти да им се суди за нивните злосторства“, пренесува Анадолија. Ханије го повика палестинскиот народ и арапскиот и исламскиот свет денеска да излезат на улиците со слоганот „Стоп за нападите врз Газа, а не депортација и алтернативна татковина“.

The post Лидерот на Хамас предупреди: Нападите врз Газа може да се претворат во регионална војна appeared first on Република.

]]>
Израел: Хамас изведува воздушни напади од Газа, сè повеќе неуспешни ракетни лансирања https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-hamas-izveduva-vozdushni-napadi-od-gaza-se-poveke-neuspeshni-raketni-lansirana/ Wed, 18 Oct 2023 12:19:14 +0000 https://republika.mk/?p=692512

Израелската војска соопшти дека 450 ракети биле истрелани од Газа во Израел. Тие додаваат и дека се зголемува бројот на неуспешни ракетни лансирања од Газа.

Во серија твитови, израелските воздухопловни сили соопштија дека Хамас „континуирано ги користи цивилите во Појасот Газа како жив штит“.

Израелските сили тврдат дека лансирањето се врши до згради во кои се сместени цивили „како што се болници, училишта на ОН, џамии, ресторани, дипломатски згради и хотели“.

The post Израел: Хамас изведува воздушни напади од Газа, сè повеќе неуспешни ракетни лансирања appeared first on Република.

]]>

Израелската војска соопшти дека 450 ракети биле истрелани од Газа во Израел. Тие додаваат и дека се зголемува бројот на неуспешни ракетни лансирања од Газа. Во серија твитови, израелските воздухопловни сили соопштија дека Хамас „континуирано ги користи цивилите во Појасот Газа како жив штит“. Израелските сили тврдат дека лансирањето се врши до згради во кои се сместени цивили „како што се болници, училишта на ОН, џамии, ресторани, дипломатски згради и хотели“.

The post Израел: Хамас изведува воздушни напади од Газа, сè повеќе неуспешни ракетни лансирања appeared first on Република.

]]>
Затресете го тлото под американските воени бази: Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/zatresete-go-tloto-pod-amerikanskite-voeni-bazi-al-kaeda-gi-povika-sinovite-na-islamot-da-gi-napagaat-evreite-i-nivnite-sojuznitsi-nasekade/ Sat, 14 Oct 2023 07:21:33 +0000 https://republika.mk/?p=691079

Терористичката мрежа Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот.

Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо, се наведува во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа, пренесе Хина.

Синовите на исламот треба да ги нападнат ционистите“ на улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин, пишува Ал Каеда.

Терористичката група ги повика симпатизерите и другите исламисти да им се придружат во борбата.

Исламистичката милитантна група Хамас минатата сабота изврши масакри на југот од Израел, убивајќи над 1.300 лица во израелските погранични градови и на музички фестивал, а повредија 3.391.

Палестинското Министерство за здравство наведе дека во израелскиот одговор досега во Газа се загинати над 1.900 Палестинци, а повеќе од 7.696 се ранети.

Ал Каеда ги повика милитантите да ги нападнат поддржувачите на Израел.

Затресете го тлото под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасади во нашите исламски региони. Затоа што од нивните магацини муницијата оди во Израел и паѓа врз главите и градите на нашите браќа Палестинци, се додава во соопштението на терористичката мрежа.

Меѓутоа, останува отворено прашањето колкаво е влијание на оваа терористичка група.

The post Затресете го тлото под американските воени бази: Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде appeared first on Република.

]]>

Терористичката мрежа Ал Каеда ги повика симпатизерите да почнат да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници ширум светот. Џихадот против агресивните Евреи и нивните сојузници нека се прошири на секоја земја, море и небо, се наведува во соопштението објавено вчера преку вообичаените пропагандни канали на терористичката мрежа, пренесе Хина. Синовите на исламот треба да ги нападнат ционистите“ на улиците на Дубаи, Абу Даби, Саудиска Арабија и Бахреин, пишува Ал Каеда. Терористичката група ги повика симпатизерите и другите исламисти да им се придружат во борбата. Исламистичката милитантна група Хамас минатата сабота изврши масакри на југот од Израел, убивајќи над 1.300 лица во израелските погранични градови и на музички фестивал, а повредија 3.391. Палестинското Министерство за здравство наведе дека во израелскиот одговор досега во Газа се загинати над 1.900 Палестинци, а повеќе од 7.696 се ранети. Ал Каеда ги повика милитантите да ги нападнат поддржувачите на Израел. Затресете го тлото под американските воени бази, нивните аеродроми и амбасади во нашите исламски региони. Затоа што од нивните магацини муницијата оди во Израел и паѓа врз главите и градите на нашите браќа Палестинци, се додава во соопштението на терористичката мрежа. Меѓутоа, останува отворено прашањето колкаво е влијание на оваа терористичка група.

The post Затресете го тлото под американските воени бази: Ал Каеда ги повика „синовите на исламот“ да ги напаѓаат Евреите и нивните сојузници насекаде appeared first on Република.

]]>
Киев: Русија ги зајакна нападите врз Херсон https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/kiev-rusija-gi-zajakna-napadite-vrz-herson/ Fri, 13 Oct 2023 08:38:44 +0000 https://republika.mk/?p=690768

Русија ги засили артилериските напади врз Херсон, убивајќи цивили и предизвикувајќи голема штета, а руските сили го погодија тој регион во јужна Украина 100 пати во 24 часа, изјави денеска гувернерот на Херсон Олександр Прокудин.
Украинската војска соопшти дека Москва продолжува со обидите да го заземе Авдијивка, град во близина на Доњецк кој е под руска контрола, пренесува РСЕ.

Прокудин изјави дека руските сили користеле артилерија, минофрлачи, тенкови и беспилотни летала за да ја нападнат областа и нејзиниот главен град Херсон, кој бил погоден 49 пати.

Две лица загинаа, а шестмина се ранети, од кои едно дете“, рече Прокудин, додавајќи дека во нападите биле уништени образовни објекти, куќи, станбени блокови, медицинска установа и индустриска платформа во областа Берислав во Херсон.

Херсон, кој украинските војници делумно го ослободија пред една година, постојано е цел на руски артилериски напади од другата страна на Днепар.

Во обид да се пробијат во областа, руските војници ги засилија немилосрдните напади на Авдијевка, каде што украинските сили одбија 20 напади за 24 часа, соопшти денеска Генералштабот.

Украинските сили водеа вкупно 64 блиски битки додека го продолжија постепеното напредување во областа Бахмут во Доњецк и во јужниот правец на Мелитопол, соопшти армијата.

Претседателот Володимир Зеленски во порака на објавена на апликацијата Телеграм ги пофали бранителите на Авдијевка. „Благодарен сум на секој војник, секоја единица за нивниот отпор“, напиша Зеленски.

The post Киев: Русија ги зајакна нападите врз Херсон appeared first on Република.

]]>

Русија ги засили артилериските напади врз Херсон, убивајќи цивили и предизвикувајќи голема штета, а руските сили го погодија тој регион во јужна Украина 100 пати во 24 часа, изјави денеска гувернерот на Херсон Олександр Прокудин. Украинската војска соопшти дека Москва продолжува со обидите да го заземе Авдијивка, град во близина на Доњецк кој е под руска контрола, пренесува РСЕ. Прокудин изјави дека руските сили користеле артилерија, минофрлачи, тенкови и беспилотни летала за да ја нападнат областа и нејзиниот главен град Херсон, кој бил погоден 49 пати. Две лица загинаа, а шестмина се ранети, од кои едно дете“, рече Прокудин, додавајќи дека во нападите биле уништени образовни објекти, куќи, станбени блокови, медицинска установа и индустриска платформа во областа Берислав во Херсон. Херсон, кој украинските војници делумно го ослободија пред една година, постојано е цел на руски артилериски напади од другата страна на Днепар. Во обид да се пробијат во областа, руските војници ги засилија немилосрдните напади на Авдијевка, каде што украинските сили одбија 20 напади за 24 часа, соопшти денеска Генералштабот. Украинските сили водеа вкупно 64 блиски битки додека го продолжија постепеното напредување во областа Бахмут во Доњецк и во јужниот правец на Мелитопол, соопшти армијата. Претседателот Володимир Зеленски во порака на објавена на апликацијата Телеграм ги пофали бранителите на Авдијевка. „Благодарен сум на секој војник, секоја единица за нивниот отпор“, напиша Зеленски.

The post Киев: Русија ги зајакна нападите врз Херсон appeared first on Република.

]]>