наоад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naoad/ За подобро да се разбереме Sat, 26 Oct 2024 08:26:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наоад Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naoad/ 32 32 Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/izrael-go-napadna-iran-eksplozii-i-vo-glavniot-grad-teheran/ Sat, 26 Oct 2024 08:26:22 +0000 https://republika.mk/?p=831197

Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета.

Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран.

„Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран.

Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена.

Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти.

Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.

The post Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран appeared first on Република.

]]>

Израел започна воздушни напади врз Иран, а во главниот град Техеран се слушаат експлозии, јавува Би-Би-Си. Израелската војска соопшти дека цел на нападите биле ирански воени цели и дека сите авиони кои учествувале во нападот се вратиле безбедно. Според иранската новинска агенција блиска до Револуционерната гарда, цел биле воените бази на запад и југозапад од иранската престолнина, но иранските државни медиуми засега негираат дека има вистинска штета. Израелските одбранбени сили велат дека нападите се одговор на континуираните напади од Иран и по налетот ирански проектили што го погодија Израел на почетокот октомври, израелската војска соопшти дека погодила воени цели во Иран. „Одмаздничките цели на Израел во Иран не вклучуваат енергетска инфраструктура“, изјави израелски воен извор за Си-Ен-Ен. Израел ја отфрли и можноста за напади врз нуклеарни и нафтени постројки во Иран. Официјалните ирански медиуми соопштија дека биле погодени делови од воени локации во три провинции Техеран, Илам и Кузестан, но рекоа дека неговата противвоздушна одбрана била успешна и штетата е ограничена. Одлуката на Израел да нападне ирански воени цели дојде по неколкунеделни размислувања во неговиот безбедносен кабинет за природата и обемот на таквиот напад, информираа израелските власти. Пентагон денеска соопшти дека САД претходно биле информирани за нападите, но немале никакво учество во операцијата.

The post Израел го нападна Иран, експлозии и во главниот град Техеран appeared first on Република.

]]>
Напаѓачот на лекарката во Охрид недостапен за полицијата https://arhiva3.republika.mk/vesti/crna-hronika/napagjachot-na-lekarkata-vo-ohrid-nedostapen-za-policijata/ Mon, 17 Jan 2022 13:49:50 +0000 https://republika.mk/?p=445900

Напаѓачот на 62 годишната докторка од Инфективното одделение во охридската општа болница, сè уште не ѝ е достапен на полицијата.

Од СВР Охрид за Алсат велат дека се прибираат сознанија и оти работеле на идентификација на можниот сторител. Тој вчера најпрво вербално, а потоа и физички ја нападнал докторката, фаќајќи ја за врат бидејќи веќе не можел да чека на ред. Во меѓувреме, вработените на инфективниот оддел бараат од раководството на болницата, засилено обезбедување. Директорот на болницата вели дека ќе преземат дополнителни мерки.

The post Напаѓачот на лекарката во Охрид недостапен за полицијата appeared first on Република.

]]>

Напаѓачот на 62 годишната докторка од Инфективното одделение во охридската општа болница, сè уште не ѝ е достапен на полицијата. Од СВР Охрид за Алсат велат дека се прибираат сознанија и оти работеле на идентификација на можниот сторител. Тој вчера најпрво вербално, а потоа и физички ја нападнал докторката, фаќајќи ја за врат бидејќи веќе не можел да чека на ред. Во меѓувреме, вработените на инфективниот оддел бараат од раководството на болницата, засилено обезбедување. Директорот на болницата вели дека ќе преземат дополнителни мерки.

The post Напаѓачот на лекарката во Охрид недостапен за полицијата appeared first on Република.

]]>