намалување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/namaluvanje/ За подобро да се разбереме Thu, 18 Jul 2024 07:41:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намалување Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/namaluvanje/ 32 32 Германија ќе ја намали воената помош за Украина https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/germanija-ke-ja-namali-voenata-pomosh-za-ukraina/ Thu, 18 Jul 2024 07:41:58 +0000 https://republika.mk/?p=797918

Според нацрт-буџетот одобрен од владата, Германија следната година планира речиси за половина да ја намали воената помош за Украина, од околу осум милијарди евра на околу четири милијарди евра.

Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека финансирањето на Украина е „сигурно во догледна иднина“ поради планот на Г7 да собере 50 милијарди долари од каматите на замрзнатите руски средства.

Германија е вториот најголем воен донатор на Украина, по САД. Во 2024 година германскиот буџет за Киев изнесуваше речиси 7,5 милијарди евра.

Планираните намалувања на помошта доаѓаат поради стравувањата во Украина и меѓу нејзините европски сојузници дека американското финансирање би можело да биде намалено или дури и запрено доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во ноември.

The post Германија ќе ја намали воената помош за Украина appeared first on Република.

]]>

Според нацрт-буџетот одобрен од владата, Германија следната година планира речиси за половина да ја намали воената помош за Украина, од околу осум милијарди евра на околу четири милијарди евра. Министерот за финансии Кристијан Линднер рече дека финансирањето на Украина е „сигурно во догледна иднина“ поради планот на Г7 да собере 50 милијарди долари од каматите на замрзнатите руски средства. Германија е вториот најголем воен донатор на Украина, по САД. Во 2024 година германскиот буџет за Киев изнесуваше речиси 7,5 милијарди евра. Планираните намалувања на помошта доаѓаат поради стравувањата во Украина и меѓу нејзините европски сојузници дека американското финансирање би можело да биде намалено или дури и запрено доколку Доналд Трамп победи на претседателските избори во ноември.

The post Германија ќе ја намали воената помош за Украина appeared first on Република.

]]>
Вежбањето спречува појава на деменциија https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/vezhbaneto-sprechuva-pojava-na-dementsiija/ Mon, 17 Jun 2024 09:45:38 +0000 https://republika.mk/?p=788371

Деменцијата е синдром којшто се одликува со прогресивно влошување на когнитивните функции, како што се помнењето, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните должности, а најчесто е предизвикана од дегенеративни заболувања на мозокот.

Возраста се смета за еден од поважните фактори на ризик, којшто човекот не може да го контролира. Сепак, и други фактори, како што се секојдневните навики, начинот на живот и сл. - играат важна улога. На некој начин, тоа е добра вест, според стручњаците, и ова значи дека имаме одредена моќ на контрола врз здравјето на својот мозок. Според истражувањето што ги поделило испитаниците во пет групи, имено, една навика може значително да ја намали опасноста од деменција - физичките вежби. Во таа смисла, дури и благото надминување на неделните препораки за вежбање може да биде прилично корисно.

Се говори за вежбите за срцето, белите дробови, мускулите, коишто исто така, се полезни и за мозокот.

Во споредба со групата испитаници означени како „најмалку фит“, оние со малку подобра форма имале 13 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест... Натаму - средната група имала 20 отсто помал ризик, следната група на скалата имала 26 отсто помал ризик, а луѓето од „физички најактивната група“ имале 33 отсто помала опасност.

Авторите заклучуваат дека кардиореспираторната кондиција е поврзана со помали шанси за деменција, а како што луѓето стареат, сѐ тоа е поистакнато.

Истражувањето покажа дека најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно се клучни за оптимално здравје на мозокот како што старееме. „Помалку значи повеќе“ има свое место во одредени случаи, но и надминувањето на неделните препораки за вежбање може да биде доста корисно вели невропсихологот д-р Џесика Калдвел за „Парејд“.

Таа вели оти за помладите луѓе или оние кои биле физички активни во минатото и постојано во нивниот живот, вежбањето до 300 минути или поинтензивно вежбање може да биде уште покорисно за мозокот. Како што возраста напредува, и рамнотежата меѓу физичката кондиција и спречувањето повреди и добрата аеробна кондиција се зацврстува.

Според сѐ, вежбањето е корисно не е само здравјето на срцето, туку и за мозокот.

The post Вежбањето спречува појава на деменциија appeared first on Република.

]]>

Деменцијата е синдром којшто се одликува со прогресивно влошување на когнитивните функции, како што се помнењето, размислувањето и способноста за извршување на секојдневните должности, а најчесто е предизвикана од дегенеративни заболувања на мозокот. Возраста се смета за еден од поважните фактори на ризик, којшто човекот не може да го контролира. Сепак, и други фактори, како што се секојдневните навики, начинот на живот и сл. - играат важна улога. На некој начин, тоа е добра вест, според стручњаците, и ова значи дека имаме одредена моќ на контрола врз здравјето на својот мозок. Според истражувањето што ги поделило испитаниците во пет групи, имено, една навика може значително да ја намали опасноста од деменција - физичките вежби. Во таа смисла, дури и благото надминување на неделните препораки за вежбање може да биде прилично корисно. Се говори за вежбите за срцето, белите дробови, мускулите, коишто исто така, се полезни и за мозокот. Во споредба со групата испитаници означени како „најмалку фит“, оние со малку подобра форма имале 13 отсто помал ризик од Алцхајмерова болест... Натаму - средната група имала 20 отсто помал ризик, следната група на скалата имала 26 отсто помал ризик, а луѓето од „физички најактивната група“ имале 33 отсто помала опасност. Авторите заклучуваат дека кардиореспираторната кондиција е поврзана со помали шанси за деменција, а како што луѓето стареат, сѐ тоа е поистакнато.
Истражувањето покажа дека најмалку 150 минути вежбање со умерен интензитет неделно се клучни за оптимално здравје на мозокот како што старееме. „Помалку значи повеќе“ има свое место во одредени случаи, но и надминувањето на неделните препораки за вежбање може да биде доста корисно вели невропсихологот д-р Џесика Калдвел за „Парејд“.
Таа вели оти за помладите луѓе или оние кои биле физички активни во минатото и постојано во нивниот живот, вежбањето до 300 минути или поинтензивно вежбање може да биде уште покорисно за мозокот. Како што возраста напредува, и рамнотежата меѓу физичката кондиција и спречувањето повреди и добрата аеробна кондиција се зацврстува. Според сѐ, вежбањето е корисно не е само здравјето на срцето, туку и за мозокот.

The post Вежбањето спречува појава на деменциија appeared first on Република.

]]>
Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/jogurtot-mozhe-da-go-namali-rizikot-od-dijabetes-tip-2/ Sat, 09 Mar 2024 16:53:34 +0000 https://republika.mk/?p=753072

Во одлуката која се донесува речиси пет години, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) им дозволи на производителите на јогурт да наведат дека храната може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, пренесува „Си-ен-ен“.

Одлуката од петокот го означува првото здравствено тврдење коешто федералната агенција го издаде за јогуртот, но е помалку моќна бидејќи, иако „подржана со научни докази, не го исполнува построгиот стандард“ на научниот консензус, соопшти ФДА.

„За да се осигура дека овие тврдења не се погрешни, тие мора да бидат проследени со одрекување од одговорност или со друг соодветен јазик за на потрошувачите точно да им се пренесе нивото на научни докази што го поддржуваат тврдењето.“

Во случајот на јогуртот, прифатено е дека, според ограничените научни докази, „редовното консумирање јогурт, најмалку 2 шолји (3 порции) неделно“, може да го намали ризикот од болеста, од која боледуваат околу 462 милиони луѓе во светот.

Врз основа на две студии, ФДА заклучила дека оваа препорачана количина јогурт е потребна за да се постигне наведениот ефект.

Направен од млеко ферментирано со бактерии или пробиотици Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus, јогуртот е богат со калциум, протеини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи магнезиум, фосфор и калиум.

Овој потег доаѓа како одговор на петицијата од 2018 година поднесена од северноамериканската компанија за храна и пијалаци „Данон“. Поднесувањето на барањето ја навело ФДА да ги разгледа постојните истражувања за врската помеѓу јогуртот и дијабетес тип 2, се наведува во соопштението за печатот.

„Петицијата да се дозволи квалификуваното здравствено тврдење поврзано со дијабетес тип 2 да се појави на етикетите на јогуртот е поддржана со соодветни чекори и вклучуваше рецензирано истражување кое ја поддржува нивната петиција“, рекла д-р Каролин Пасерело, регистрирана диететичарка нутриционистка и инструкторка во факултетот за здравствени и рехабилитациски науки од Универзитетот во Питсбург.

Но, освен тоа што се ограничени, овие студии исто така „не се силни“, рекла Пасерело.

Начинот на кој е спроведено истражувањето „значи дека не можеме со сигурност да кажеме дека постои причинско-последична врска, туку поголема корелација помеѓу дијабетесот тип 2 и јогуртот“.

ФДА ретко донесува одлуки да ги дозволи овие типови на здравствени тврдења и во изминатата деценија тоа го направила за само 10 намирници, вклучително и какао во прав со висока содржина на флавоноли за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени производи од брусница за намалување на шансите за повторување на инфекции на уринарниот тракт кај жените.

Д-р Марион Нестле, професорка по исхрана, здрава храна и јавно здравје на Универзитетот во Њујорк, ја критикувала одлуката, прашувајќи: „Зошто кој било разумен човек би помислил дека сè што треба да направите за да спречите дијабетес тип 2 е да консумирате 2 шолји јогурт неделно?”.

Таа додала дека „сè што можеме да се надеваме е дека јогуртот е барем незасладен, но бидејќи е навистина тешко да се најде незасладен јогурт, ова им кажува на луѓето кои сакаат да избегнат дијабетес тип 2 дека засладените јогурти се добри за нив“.

„Според прегледот на студиите на ФДА, количината на шеќер во јогуртот не влијаела на резултатите. Затоа, за ФДА, шеќерот не е проблем“, додала Нестле.

Секој јогурт може да се повика на научното тврдење на ФДА сè додека ја користи точната формулација што ја одредила агенцијата, додала Нестле.

Високата потрошувачка на додаден шеќер е поврзана со поголем ризик од развој на дијабетес тип 2, според повеќе студии.

The post Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>

Во одлуката која се донесува речиси пет години, американската Администрација за храна и лекови (ФДА) им дозволи на производителите на јогурт да наведат дека храната може да го намали ризикот од дијабетес тип 2, пренесува „Си-ен-ен“. Одлуката од петокот го означува првото здравствено тврдење коешто федералната агенција го издаде за јогуртот, но е помалку моќна бидејќи, иако „подржана со научни докази, не го исполнува построгиот стандард“ на научниот консензус, соопшти ФДА. „За да се осигура дека овие тврдења не се погрешни, тие мора да бидат проследени со одрекување од одговорност или со друг соодветен јазик за на потрошувачите точно да им се пренесе нивото на научни докази што го поддржуваат тврдењето.“ Во случајот на јогуртот, прифатено е дека, според ограничените научни докази, „редовното консумирање јогурт, најмалку 2 шолји (3 порции) неделно“, може да го намали ризикот од болеста, од која боледуваат околу 462 милиони луѓе во светот. Врз основа на две студии, ФДА заклучила дека оваа препорачана количина јогурт е потребна за да се постигне наведениот ефект. Направен од млеко ферментирано со бактерии или пробиотици Lactobacillus bulgaricus и Streptococcus thermophilus, јогуртот е богат со калциум, протеини, витамини од групата Б и минерали, вклучувајќи магнезиум, фосфор и калиум. Овој потег доаѓа како одговор на петицијата од 2018 година поднесена од северноамериканската компанија за храна и пијалаци „Данон“. Поднесувањето на барањето ја навело ФДА да ги разгледа постојните истражувања за врската помеѓу јогуртот и дијабетес тип 2, се наведува во соопштението за печатот. „Петицијата да се дозволи квалификуваното здравствено тврдење поврзано со дијабетес тип 2 да се појави на етикетите на јогуртот е поддржана со соодветни чекори и вклучуваше рецензирано истражување кое ја поддржува нивната петиција“, рекла д-р Каролин Пасерело, регистрирана диететичарка нутриционистка и инструкторка во факултетот за здравствени и рехабилитациски науки од Универзитетот во Питсбург. Но, освен тоа што се ограничени, овие студии исто така „не се силни“, рекла Пасерело. Начинот на кој е спроведено истражувањето „значи дека не можеме со сигурност да кажеме дека постои причинско-последична врска, туку поголема корелација помеѓу дијабетесот тип 2 и јогуртот“. ФДА ретко донесува одлуки да ги дозволи овие типови на здравствени тврдења и во изминатата деценија тоа го направила за само 10 намирници, вклучително и какао во прав со висока содржина на флавоноли за намалување на ризикот од кардиоваскуларни болести и одредени производи од брусница за намалување на шансите за повторување на инфекции на уринарниот тракт кај жените. Д-р Марион Нестле, професорка по исхрана, здрава храна и јавно здравје на Универзитетот во Њујорк, ја критикувала одлуката, прашувајќи: „Зошто кој било разумен човек би помислил дека сè што треба да направите за да спречите дијабетес тип 2 е да консумирате 2 шолји јогурт неделно?”. Таа додала дека „сè што можеме да се надеваме е дека јогуртот е барем незасладен, но бидејќи е навистина тешко да се најде незасладен јогурт, ова им кажува на луѓето кои сакаат да избегнат дијабетес тип 2 дека засладените јогурти се добри за нив“. „Според прегледот на студиите на ФДА, количината на шеќер во јогуртот не влијаела на резултатите. Затоа, за ФДА, шеќерот не е проблем“, додала Нестле. Секој јогурт може да се повика на научното тврдење на ФДА сè додека ја користи точната формулација што ја одредила агенцијата, додала Нестле. Високата потрошувачка на додаден шеќер е поврзана со поголем ризик од развој на дијабетес тип 2, според повеќе студии.  

The post Јогуртот може да го намали ризикот од дијабетес тип 2 appeared first on Република.

]]>
Се намалува бројот на заболени од грип https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/se-namaluva-brojot-na-zaboleni-od-grip/ Thu, 07 Mar 2024 18:10:28 +0000 https://republika.mk/?p=752388

Од 26 февруари до 3 март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, во споредба со истиот период минатата година е намален за 3,9 проценти, покажуваат податоците од најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнале 35 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се седум позитивни случаи на Influenza и тоа шет со Influenza А(H1)pdm09 и двајца со Influenza А(H3). Регистрирани се два пациенти со SARS-CoV-2.

Според објавените податоци, најголем број пријавени случаи се во Кавадарци – 146, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 100.

Во однос на возрасната дистрибуција, 396 лица се на возраст од 15 до 64 години, 135 се деца на возраст од пет до 14 години, 68 – деца на возраст до четири години и 42 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години, наведуваат од ИЈЗ.

Регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип во текот на оваа недела. Се работи за лица на возраст од 39 и 66 години од Скопје и Велес, кои биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“.

Кај двете лица е утврдено присуство на коморбидитети – невролошки и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај едното починато лице докажан е вирусот на Influenza A(H1)pdm09 и другото лице Influenza B/Victoria, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.

Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 13.382 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 51,0 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 24,4 проценти.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 13 починати лица асоцирани со грипот.

Се забележува намалување на бројот на заболувања слични на грип, кој е во рамки на ниска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 отсто. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е намален споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и низок интензитет на активноста на вирусот на грип, посочуваат од ИЈЗ.

Заклучно со деветтата недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.785 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.

The post Се намалува бројот на заболени од грип appeared first on Република.

]]>

Од 26 февруари до 3 март во државата се пријавени 641 случај на грип што претставува 21,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Бројот на пријавени лица оваа недела, во споредба со истиот период минатата година е намален за 3,9 проценти, покажуваат податоците од најновиот седмичен извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје пристигнале 35 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектирани се седум позитивни случаи на Influenza и тоа шет со Influenza А(H1)pdm09 и двајца со Influenza А(H3). Регистрирани се два пациенти со SARS-CoV-2. Според објавените податоци, најголем број пријавени случаи се во Кавадарци – 146, а во останатите, бројот на пријавени е помал или еднаков на 100.
Во однос на возрасната дистрибуција, 396 лица се на возраст од 15 до 64 години, 135 се деца на возраст од пет до 14 години, 68 – деца на возраст до четири години и 42 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст до четири години, наведуваат од ИЈЗ.
Регистрирани се два смртни случаи асоцирани со грип во текот на оваа недела. Се работи за лица на возраст од 39 и 66 години од Скопје и Велес, кои биле хоспитализирани во ГОБ „8 Септември“.
Кај двете лица е утврдено присуство на коморбидитети – невролошки и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај едното починато лице докажан е вирусот на Influenza A(H1)pdm09 и другото лице Influenza B/Victoria, се појаснува во извештајот на ИЈЗ.
Во сезоната 2023/2024, вкупниот број случаи на грип – заболувања слични на грип изнесува 13.382 , во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 51,0 отсто, а во однос на моделот од последните 13 сезони, има намалување од 24,4 проценти. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 13 починати лица асоцирани со грипот.
Се забележува намалување на бројот на заболувања слични на грип, кој е во рамки на ниска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има регионална распространетост на вирусот на грип, а процентот на позитивност е над границата од 10 отсто. Според податоците од САРИ надзорот, бројот на хоспитализации е намален споредено со претходниот период. Согласно податоците од рутинскиот и САРИ надзорот, Република Македонија има регионална географска распространетост и низок интензитет на активноста на вирусот на грип, посочуваат од ИЈЗ.
Заклучно со деветтата недела, во земјава вакцинирани се вкупно 61.785 лица со бесплатна или комерцијална вакцина против грип.  

The post Се намалува бројот на заболени од грип appeared first on Република.

]]>
Предлог законот за нефер трговски практики утре е на комисиска расправа https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/predlog-zakonot-za-nefer-trgovski-praktiki-utre-e-na-komisiska-rasprava/ Mon, 04 Mar 2024 19:54:59 +0000 https://republika.mk/?p=751199

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики е ставен на дневен ред на утрешната седница на Комисијата за европски прашања закажана за 13 часот.

Овој Предлог-закон треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница.

Со донесувањето на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот на снабдување со земјоделство и храна. Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи.

Министерството за економија токму поради тоа не ја продолжи одлуката за гарантирани цени која важеше до 29 февруари.

Голем број прехранбени производи со ознаката „гарантирана цена“ од 20 септември лани се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август 2023 година, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност заврши на 1 март.

Директорот на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски во петокот на прес-конференција рече дека нивните првични информации покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, но дел ги имаат. Посочи дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираше на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало. Рече дека не можат да влијаат на цените, но оти верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.

The post Предлог законот за нефер трговски практики утре е на комисиска расправа appeared first on Република.

]]>

Предлог законот за забрана на нефер трговски практики е ставен на дневен ред на утрешната седница на Комисијата за европски прашања закажана за 13 часот. Овој Предлог-закон треба да помине и на Законодавно-правната комисија за потоа пратениците да расправаат за него на пленарна седница. Со донесувањето на Предлог законот се очекува да се постигнат позитивни ефекти во деловното работење кај сите оператори (купувачи и добавувачи), кои се активни во синџирот на снабдување со земјоделство и храна. Надлежните очекуваат да се стави крај на нелојалната конкуренција во трговијата и дека овој закон ќе доведе до намалување на цените на прехранбените производи. Министерството за економија токму поради тоа не ја продолжи одлуката за гарантирани цени која важеше до 29 февруари. Голем број прехранбени производи со ознаката „гарантирана цена“ од 20 септември лани се продаваа во маркетите по цена за 10 проценти пониска од износот на 1 август 2023 година, согласно одлуката на Министерството за економија, чија важност заврши на 1 март. Директорот на Пазарниот инспекторат Горан Трајковски во петокот на прес-конференција рече дека нивните првични информации покажуваат дека дел од маркетите ги немаат зголемено цените, но дел ги имаат. Посочи дека е можно извесно зголемување на цените, но апелираше на општествена одговорност на трговците на големо и трговците на мало. Рече дека не можат да влијаат на цените, но оти верува дека дел од големите ланци на маркети ќе прават акции со кои ќе има намалувања на одредени прехранбени производи.

The post Предлог законот за нефер трговски практики утре е на комисиска расправа appeared first on Република.

]]>
Тренчевска: До крајот на годината ќе најдеме решение за намалување на платите на функционерите https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/trenchevska-do-krajot-na-godinata-ke-najdeme-reshenie-za-namaluvane-na-platite-na-funktsionerite/ Tue, 14 Nov 2023 15:19:29 +0000 https://republika.mk/?p=701502

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска најави дека до крајот на годината ќе се пронајде решение за намалување на платите на функционерите, кои од март со одлука на Уставен суд беа зголемени за 78 отсто.

Таа одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод одбележување на официјалниот почеток на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, истакна дека се разгледуваат две опции или нов закон за плати во јавниот сектор или измени на шест, седум закони, каде се регулираат платите на функционерите, но нагласи и дека досега ова можело да го направи и Собранието, а не целата работа да ја остава на Владата.

Во Владата разговаравме. Одлуката за покачување на платите на функционерите не ја донесе Владата, туку Уставниот суд. Разговараме и бараме начин како да се реши прашањето во однос на покачувањето на платите на функционерите. Една опција е законот на плати во јавниот сектор, друга е измена и дополнување на повеќе закони, шест или седум закони, каде се регулираат платите на сите оние функционери, кои се вклучени со одлуката на Уставниот суд, рече Тренчевска и додаде дека на крајот решението треба да помине во Собранието, кое го има последниот збор.

Таа зебележа дека и пратениците во периодот, кој поминал од донесувањето на одлуката на Уставниот суд, можеле да донесат законски решенија, по иницијатива на пратениците и на пратеничките групи и оти не морало се да се остави да сработи Владата.

Ако Собранието имаше поинакво решение можеше во изминатиот период да го донесе тоа решение. Како и да е бараме решение до крајот на годината, ќе се избере една од опциите, дали со нов закон за плати во јавниот серктор, за кој не верувам дека ќе можеме да стигнеме, особено во делот на коефициентите, кои мора да се направат заедно со социјалните партнери, со претставниците на синдикатите и на тој начин да се регулираат највисоките коефициенти во секоја од областите, здравство, образование, социјална заштита, детска заштита, администрација, јавни претпријатија. Но не сум убедена дека оваа опција ќе успеее да ја направиме до месец декември, рече Тренчевска.

The post Тренчевска: До крајот на годината ќе најдеме решение за намалување на платите на функционерите appeared first on Република.

]]>

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска најави дека до крајот на годината ќе се пронајде решение за намалување на платите на функционерите, кои од март со одлука на Уставен суд беа зголемени за 78 отсто. Таа одговарајќи на новинарско прашање на настанот по повод одбележување на официјалниот почеток на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, истакна дека се разгледуваат две опции или нов закон за плати во јавниот сектор или измени на шест, седум закони, каде се регулираат платите на функционерите, но нагласи и дека досега ова можело да го направи и Собранието, а не целата работа да ја остава на Владата.
Во Владата разговаравме. Одлуката за покачување на платите на функционерите не ја донесе Владата, туку Уставниот суд. Разговараме и бараме начин како да се реши прашањето во однос на покачувањето на платите на функционерите. Една опција е законот на плати во јавниот сектор, друга е измена и дополнување на повеќе закони, шест или седум закони, каде се регулираат платите на сите оние функционери, кои се вклучени со одлуката на Уставниот суд, рече Тренчевска и додаде дека на крајот решението треба да помине во Собранието, кое го има последниот збор.
Таа зебележа дека и пратениците во периодот, кој поминал од донесувањето на одлуката на Уставниот суд, можеле да донесат законски решенија, по иницијатива на пратениците и на пратеничките групи и оти не морало се да се остави да сработи Владата.
Ако Собранието имаше поинакво решение можеше во изминатиот период да го донесе тоа решение. Како и да е бараме решение до крајот на годината, ќе се избере една од опциите, дали со нов закон за плати во јавниот серктор, за кој не верувам дека ќе можеме да стигнеме, особено во делот на коефициентите, кои мора да се направат заедно со социјалните партнери, со претставниците на синдикатите и на тој начин да се регулираат највисоките коефициенти во секоја од областите, здравство, образование, социјална заштита, детска заштита, администрација, јавни претпријатија. Но не сум убедена дека оваа опција ќе успеее да ја направиме до месец декември, рече Тренчевска.
 
The post Тренчевска: До крајот на годината ќе најдеме решение за намалување на платите на функционерите appeared first on Република.

]]>
Утре одлука за намалување на цените на пијалоците, за хигиенските производи ќе почекаме https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/utre-odluka-za-namaluvane-na-tsenite-na-pijalotsite-za-higienskite-proizvodi-ke-pochekame/ Mon, 25 Sep 2023 12:20:23 +0000 https://republika.mk/?p=684980

Владата утре треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците, а во тек е анализата за хигиенските производи која најверојатно ќе биде завршена до крајот на неделава.

Тоа што знаеме точно е дека утре ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на компанијата „Алма-М“ во Визбегово.

Следниот месец, според најавите на премиерот Димитар Ковачевски, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.

The post Утре одлука за намалување на цените на пијалоците, за хигиенските производи ќе почекаме appeared first on Република.

]]>

Владата утре треба да донесе одлука за намалување на цените на пијалоците, а во тек е анализата за хигиенските производи која најверојатно ќе биде завршена до крајот на неделава. Тоа што знаеме точно е дека утре ќе има одлука за намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци. За хигиенските производи најверојатно во текот на оваа недела ќе бидат завршени сите консултации и ќе видиме дали има простор да се донесат одредени мерки, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши по посетата на компанијата „Алма-М“ во Визбегово. Следниот месец, според најавите на премиерот Димитар Ковачевски, ќе бидат направени и анализите за деветиот пакет антикризни мерки кои ќе бидат насочени кон ранливите категории на граѓани и кон сите оние што во време на криза не остваруваат дополнителни приходи.  

The post Утре одлука за намалување на цените на пијалоците, за хигиенските производи ќе почекаме appeared first on Република.

]]>
Денеска ќе се знае кои производи ќе се намалат за 10% https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/deneska-ke-se-znae-koi-proizvodi-ke-se-namalat-za-10/ Tue, 19 Sep 2023 06:51:43 +0000 https://republika.mk/?p=683008

Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена.

Многу повеќе од 50 производи се, околу 25 категории. На листата се речиси сите прехранбени производи, од пекарската, млечната, месната индустрија, а има и вид на наполитанки кои се продаваат во државава. Генерално листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно со нивните методологии за утврдување на инфлацијата и на производите се трошат повеќе, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Со одлуката на Владата ќе има обврски за трговците на мало и на големо, како и за домашните производители.

Во договор со стопанските комори и сите чинители во секторот трговија во маркетите производите што ќе бидат опфатени со владината одлука ќе бидат означени со „гарантирана цена“. Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе има можност да види ознака со која ќе биде наведена гарантирана цена и ќе се знае дека нема да поскапува до 30 ноември.

Министерот за економија ги повика производителите и диструбутерите кои не се на листата доброволно да се пријават за намалување на цените, со што нивните производи ќе имаат ознака „гарантирана цена“.

Со одлуката за забрана за акции што е во сила од викендов, според министерот, ќе се спречи преку ознаката за гарантирана цена да се подметнат производи од магацините од кои трговците сакаат да се ослободат.

Сите производи кои согласно денешната владина одлука ќе поевтинат за 10 проценти, ќе може да се ставаат и на „акциски“ продажби во маркетите, но по цени пониски од веќе намалените. Доколку, пак, „акцијата“ е поради рокот на траење на производите, тоа ќе мора да биде јасно наведено - дека намалувањето на цената е поради истекот на рокот на производот.

За подобра заштита на потрошувачите, Министерството за економија изготви ново законско решение за нефер трговски практики, кое содржи одредени механизми за казнување и злоупотреба во делот на формирање цени Предлог законот за нефер трговски практики ќе биде поднесен во Собранието со европско знаменце. Исто така, ќе се зголемат и надлежностите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Владата подготвува нов антикризни мерки од кои, според најавите, дел би стартувале од ноември, а во фокус ќе бидат ранливите категории граѓани. Финансиите се предвидени во владината Одлука за прераспределба на средства од Буџетот, која е ставена во предложениот дневен ред на 126. седница на Собранието што е најавена за денеска. За деветтиот пакет антикризни мерки се предвидени 4,55 милијарди денари, велат оттаму.

The post Денеска ќе се знае кои производи ќе се намалат за 10% appeared first on Република.

]]>

Владата денеска на седница треба да донесе одлука со која ќе се намалат цените на над 50 прехранбени производи за најмалку 10 проценти. Референтна цена за намалувањето на цените за 10 проценти е 1 август, а одлуката ќе биде во сила до крајот на ноември годинава. Производите опфатени со одлуката во маркетите ќе бидат означени со гарантирана цена.
Многу повеќе од 50 производи се, околу 25 категории. На листата се речиси сите прехранбени производи, од пекарската, млечната, месната индустрија, а има и вид на наполитанки кои се продаваат во државава. Генерално листата е преземена од Државниот завод за статистика согласно со нивните методологии за утврдување на инфлацијата и на производите се трошат повеќе, рече министерот за економија Крешник Бектеши.
Со одлуката на Владата ќе има обврски за трговците на мало и на големо, како и за домашните производители. Во договор со стопанските комори и сите чинители во секторот трговија во маркетите производите што ќе бидат опфатени со владината одлука ќе бидат означени со „гарантирана цена“. Секој потрошувач кога ќе оди во супермаркет ќе има можност да види ознака со која ќе биде наведена гарантирана цена и ќе се знае дека нема да поскапува до 30 ноември. Министерот за економија ги повика производителите и диструбутерите кои не се на листата доброволно да се пријават за намалување на цените, со што нивните производи ќе имаат ознака „гарантирана цена“. Со одлуката за забрана за акции што е во сила од викендов, според министерот, ќе се спречи преку ознаката за гарантирана цена да се подметнат производи од магацините од кои трговците сакаат да се ослободат. Сите производи кои согласно денешната владина одлука ќе поевтинат за 10 проценти, ќе може да се ставаат и на „акциски“ продажби во маркетите, но по цени пониски од веќе намалените. Доколку, пак, „акцијата“ е поради рокот на траење на производите, тоа ќе мора да биде јасно наведено - дека намалувањето на цената е поради истекот на рокот на производот. За подобра заштита на потрошувачите, Министерството за економија изготви ново законско решение за нефер трговски практики, кое содржи одредени механизми за казнување и злоупотреба во делот на формирање цени Предлог законот за нефер трговски практики ќе биде поднесен во Собранието со европско знаменце. Исто така, ќе се зголемат и надлежностите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ). Владата подготвува нов антикризни мерки од кои, според најавите, дел би стартувале од ноември, а во фокус ќе бидат ранливите категории граѓани. Финансиите се предвидени во владината Одлука за прераспределба на средства од Буџетот, која е ставена во предложениот дневен ред на 126. седница на Собранието што е најавена за денеска. За деветтиот пакет антикризни мерки се предвидени 4,55 милијарди денари, велат оттаму.

The post Денеска ќе се знае кои производи ќе се намалат за 10% appeared first on Република.

]]>
Цената на лебот пониска за 13 отсто, намалувањата на млекото и месните производи ќе почекаат до декември https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/cenata-na-lebot-poniska-za-13-otsto-namaluvanjata-na-mlekoto-i-mesnite-proizvodi-kje-pochekaat-do-dekemvri/ Fri, 18 Nov 2022 13:03:33 +0000 https://republika.mk/?p=575436

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 12 – 13 отсто. Ако нема толкаво намалување, како што рече денеска по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети, ќе се донесат новите мерки што произлегуваат од Законот за трговија.

Тоа што им беше најголем товар на компаниите, се среди. Затоа во континуитет одржуваме состаноци со производителите на основните прехранбени производи. Тие може да ги достават нивните предлози и тоа, по мое барање, треба да се случи наредната недела. Таму каде што ќе има можност, ќе се интервенира од страна на надлежните институции. Но, согласно сите проекции и анализи очекувам такво намалување во речиси секој од производите наведени во Одлуката на Царинската управа. Да, може да се случи да има зголемување на цената на суровини кои се увезени, но секако дека има одредени механизми и за таму да може да се стабилизира и ако тоа е проблемот за да има дополнително намалување на цените, ние сме подготвени и тоа да го направени, но прво сакаме да видиме дека има волја дека кризата не треба да биде на товар на граѓаните, односно потрошувачите, туку сите да ја распределиме - истакна министерот.

Тој напомена и дека граѓаните може да пријавуваат на дневна основа во Државниот пазарен инспекторат ако забележат дека некаде нема намалување на цените на основните прехранбени производи.

Веќе почна трендот на намалување на цените на одредени производи, посебно на лебот, млекото, млечните и на некои месни производи. Одреден производител на млеко имаше пред 4-5 дена цена над 80 денари, а денеска цената е 76 и најверојатно од 1 декември ќе има дополнително намалување. Одредени производители на леб имаат цени над 40 денари, а денеска тие се движат од 36 – 38 денари. И таму очекуваме дополнително намалување. Истото важи и за месните производи. Согласно сите калкулации, ќе има дополнително намалување во наредните денови со оглед дека завршуваат сите постапки во ЕСМ продажба за склучување на договорите со компаниите приозводители на основните прехранбени производи - подвлече министерот.

На средбата производителите, како што рече Бектеши, биле информирани и дека се прават анализи за дополнителни мерки кои би требало да се донесат до крајот на годината.

На денешната средба со претставниците на производителите и на најголемите ланци маркети, како што информира Бектеши, станало збор за новиот закон за заштита на потрошувачите кој е веќе објавен во Службен весник.

The post Цената на лебот пониска за 13 отсто, намалувањата на млекото и месните производи ќе почекаат до декември appeared first on Република.

]]>

Министерот за економија Крешник Бектеши очекува во почетокот на декември да има намалување на цената на основните прехранбени производи од пет до 12 – 13 отсто. Ако нема толкаво намалување, како што рече денеска по средбата со производителите и со претставниците на најголемите ланци маркети, ќе се донесат новите мерки што произлегуваат од Законот за трговија.
Тоа што им беше најголем товар на компаниите, се среди. Затоа во континуитет одржуваме состаноци со производителите на основните прехранбени производи. Тие може да ги достават нивните предлози и тоа, по мое барање, треба да се случи наредната недела. Таму каде што ќе има можност, ќе се интервенира од страна на надлежните институции. Но, согласно сите проекции и анализи очекувам такво намалување во речиси секој од производите наведени во Одлуката на Царинската управа. Да, може да се случи да има зголемување на цената на суровини кои се увезени, но секако дека има одредени механизми и за таму да може да се стабилизира и ако тоа е проблемот за да има дополнително намалување на цените, ние сме подготвени и тоа да го направени, но прво сакаме да видиме дека има волја дека кризата не треба да биде на товар на граѓаните, односно потрошувачите, туку сите да ја распределиме - истакна министерот.
Тој напомена и дека граѓаните може да пријавуваат на дневна основа во Државниот пазарен инспекторат ако забележат дека некаде нема намалување на цените на основните прехранбени производи.
Веќе почна трендот на намалување на цените на одредени производи, посебно на лебот, млекото, млечните и на некои месни производи. Одреден производител на млеко имаше пред 4-5 дена цена над 80 денари, а денеска цената е 76 и најверојатно од 1 декември ќе има дополнително намалување. Одредени производители на леб имаат цени над 40 денари, а денеска тие се движат од 36 – 38 денари. И таму очекуваме дополнително намалување. Истото важи и за месните производи. Согласно сите калкулации, ќе има дополнително намалување во наредните денови со оглед дека завршуваат сите постапки во ЕСМ продажба за склучување на договорите со компаниите приозводители на основните прехранбени производи - подвлече министерот.
На средбата производителите, како што рече Бектеши, биле информирани и дека се прават анализи за дополнителни мерки кои би требало да се донесат до крајот на годината. На денешната средба со претставниците на производителите и на најголемите ланци маркети, како што информира Бектеши, станало збор за новиот закон за заштита на потрошувачите кој е веќе објавен во Службен весник.

The post Цената на лебот пониска за 13 отсто, намалувањата на млекото и месните производи ќе почекаат до декември appeared first on Република.

]]>
Намалување за 50 отсто на акцизите за бензинот и дизелот и 100 посто на акцизите за течниот природен гас, бараат од ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namaluvanje-za-50-otsto-na-akcizite-za-benzinot-i-dizelot-i-100-posto-na-akcizite-za-techniot-priroden-gas-baraat-od-vmro-dpmne/ Thu, 03 Nov 2022 11:18:04 +0000 https://republika.mk/?p=569153

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ во текот на денешниот ден до Собранието на Република Македонија повторно ќе го поднесе Предлог законот за намалување на акцизите. Со овој Предлог закон предлагаме 50% намалување на акцизите за бензинот и дизелот, како и 100% намалување на акцизите за течниот природен гас, откри Тони Јаревски, пратеник на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните и стопанството за секој наточен литар гориво плаќаат енормно високи цени. Во моментов еден литар дизел гориво чини 99 денари, еден литар бензин 98 чини 92,5 денари, додека еден литар бензин 95 чини 90,5 денари. Оваа Влада ги донесе граѓаните и стопанството во исклучително тешки услови за живот и работа, затоа е потребно власта да го прифати овој предлог закон со кој граѓаните ќе плаќаат поевтино 11 односно 13 денари за литар бензин и 8 односно 9,5 денари поевтино за литар дизел гориво. Ова е мерка која реално е од помош за граѓаните и компаниите - рече тој.

Јаревски посочи дека е точно дека Владата не може да влијае на цената на светските берзи, точно е дека Македонија нема нафтени полиња, но исто така точно е дека власта доколку сака може да влијае врз давачките кои ги плаќаат граѓаните и стопанството.

Ја повикуваме власта да се фокусира на решавање на проблемите на граѓаните и да го прифати овој наш Предлог закон и наместо парите да ги троши на бифтеци и сомнителни тендери, тие средства да останат кај граѓаните и компаниите со цел полесно да ја надминат кризата. Оттука, како пратеничка група сметаме дека колегите од мнозинството треба уште еднаш да размислат дали го претставуваат народот или и понатаму слепо ќе ги извршуваат наредбите и нарачките на оваа неодговорна власт. Високата цена на горивата влијае врз нашето секојдневие, ги поскапува цените на производите кои ги купуваме, услугите кои ги користиме и транспортните трошоци. Оваа неиздржливо висока цена на горивата, веќе ги поскапе меѓуградскиот и такси превозот - посочи пратеникот.

Со овој предлог закон, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата уште еднаш ја докажува својата одговорност и принципиелност. Од друга страна, Владата ја докажа својата неспособност и неодговорност, сега останува да видиме во какво светло ќе се покажат пратениците на мнозинството и дали ќе ја прифатат оваа предлог мерка на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, заклучи Јаревски.

The post Намалување за 50 отсто на акцизите за бензинот и дизелот и 100 посто на акцизите за течниот природен гас, бараат од ВМРО-ДПМНЕ appeared first on Република.

Намалување на цените на горивата од полноќ https://arhiva3.republika.mk/vesti/ekonomija/namaluvanje-na-cenite-na-gorivata-od-polnokj/ Mon, 04 Apr 2022 11:14:54 +0000 https://republika.mk/?p=483086

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 %  во однос на одлуката од 1.04.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 82,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг, и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,154 ден/кг.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646% или за 17,450 $/тон,  кај  дизелот намалување во просек за 2,275% или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 % или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204% или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223 % понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, порачуваат од Регулаторна.

The post Намалување на цените на горивата од полноќ appeared first on Република.

]]>

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,50 %  во однос на одлуката од 1.04.2022 година. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 82,00 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 78,50 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,976 ден/кг, и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 54,154 ден/кг. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 1,646% или за 17,450 $/тон,  кај  дизелот намалување во просек за 2,275% или за 25,900 $/тон, кај екстра лесното масло намалување во просек за 1,931 % или за 20,500 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,204% или за 15,450 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 55,8040 ден/$ и е за околу 0,223 % понизок од курсот на доларот (55,9286 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 5.4.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, порачуваат од Регулаторна.

The post Намалување на цените на горивата од полноќ appeared first on Република.

]]>
Мицотакис најави намалување за 13 отсто на данокот на сопственост на недвижнини https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/micotakis-najavi-namaluvanje-za-13-otsto-na-danokot-na-sopstvenost-na-nedviznini/ Wed, 02 Feb 2022 12:55:05 +0000 https://republika.mk/?p=453004

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска најави „ново храбро и трајно” намалување за 13 отсто на годишниот данок на сопственост на недвижнини, одлука, која како што рече, е праведна за општеството и корисна за економијата, јави дописничката на МИА од Атина.

Мицотакис објасни дека намалувањето значи дека Грците ќе платат 860 милиони евра помалку во споредба со 2018 година и 350 милиони евра помалку во 2022 година.

Тој додаде дека со промените осум од десет граѓани ќе плаќаат уште понизок данок, некои ќе платат ист износ, а за околу 6 отсто ќе има зголемување, со оглед на тоа дека реалната вредност на имотот во некои области е двојно или тројно зголемена.

Мицотакис рече дека новата иницијатива се заснова на конзистентната економска политика што ја следи Владата и овозможува соодветни дополнителни мерки за олеснување, но и дека станува збор за реален потег што не ги надминува буџетските граници.

Секој чекор напред мора да се прави на начин што нема да доведе до два чекори назад. Така, нашата држава остана исправена и се разви во текот на двегодишната криза. Така, ќе се справи и сега со привремените глобални турбуленции, рече грчкиот премиер.

Истакна дека поради меѓународната енергетска криза, што носи и покачувања на цените, државата продолжува да покрива дел од покачувањата на сметките за струја, паралелно воведува и намалување на даноците, се со цел да се поддржи расположливиот приход на сите домаќинства и повтори дека од 1 мај ќе се воведе и второ зголемување на минималната плата.

The post Мицотакис најави намалување за 13 отсто на данокот на сопственост на недвижнини appeared first on Република.

]]>

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, денеска најави „ново храбро и трајно” намалување за 13 отсто на годишниот данок на сопственост на недвижнини, одлука, која како што рече, е праведна за општеството и корисна за економијата, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис објасни дека намалувањето значи дека Грците ќе платат 860 милиони евра помалку во споредба со 2018 година и 350 милиони евра помалку во 2022 година. Тој додаде дека со промените осум од десет граѓани ќе плаќаат уште понизок данок, некои ќе платат ист износ, а за околу 6 отсто ќе има зголемување, со оглед на тоа дека реалната вредност на имотот во некои области е двојно или тројно зголемена. Мицотакис рече дека новата иницијатива се заснова на конзистентната економска политика што ја следи Владата и овозможува соодветни дополнителни мерки за олеснување, но и дека станува збор за реален потег што не ги надминува буџетските граници.