намален број Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/namalen-broj/ За подобро да се разбереме Thu, 29 Feb 2024 10:42:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png намален број Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/namalen-broj/ 32 32 За 40,8 отсто е помал бројот на заболени од грип во однос на минатата недела, покажува Извештајот на ИЈЗ https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/za-40-8-otsto-e-pomal-brojot-na-zaboleni-od-grip-vo-odnos-na-minatata-nedela-pokazhuva-izveshtajot-na-ijz/ Thu, 29 Feb 2024 10:42:51 +0000 https://republika.mk/?p=749585

Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%, соопшти Институтот за јавно здравје.

Во однос на возрасната дистрибуција, 496 лица се на возраст од 15-64 години, 178 се деца од 5-14 години, 74 се над 65 години и 72 се деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца има кај децата на возраст од 5-14 години.

Најмногу заболените се пријавени во Кавадарци – 180 и во Струмица – 134, а во останатите градови бројот на пријавени е помал од 100.

Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години од Скопје и Велес кои биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми Септември. Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (бубрежни, кардиолошки, дијабет) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza А – несубтипизиран.

Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 12.741. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1%.

Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица асоцирани со грип, 5 од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, шест од возрасната група на лица 15-64 години и пет од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, 10 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип.

 

The post За 40,8 отсто е помал бројот на заболени од грип во однос на минатата недела, покажува Извештајот на ИЈЗ appeared first on Република.

]]>

Во текот на осмата недела од 2024 година (19-25.02.2024), пријавени се 820 случаи на заболени од грип/заболувања слични на грип, што е за 40,8% помалку во споредба со претходната седмица. Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 8-ма недела од минатата сезона е намален за 6,0%, а во споредба со бројот за 8-ма недела од типичната епидемиска крива, е помал за 67,4%, соопшти Институтот за јавно здравје. Во однос на возрасната дистрибуција, 496 лица се на возраст од 15-64 години, 178 се деца од 5-14 години, 74 се над 65 години и 72 се деца на возраст од 0-4 години. Највисока инциденца има кај децата на возраст од 5-14 години. Најмногу заболените се пријавени во Кавадарци – 180 и во Струмица – 134, а во останатите градови бројот на пријавени е помал од 100. Во текот на оваа недела, регистрирани се два смртни случаја асоцирани со грип. Станува збор за лица на возраст од 49 и 65 години од Скопје и Велес кои биле хоспитализирани во КИБФС и ГОБ 8-ми Септември. Кај едно од починатите лица е утврдено присуство на коморбидитети (бубрежни, кардиолошки, дијабет) и не биле вакцинирани со вакцина против сезонски грип. Кај починатите лица, лабораториски е потврдена Influenza А(H1)pdm09 и Influenza А – несубтипизиран. Во сезоната 2023/2024 вкупниот број на случаи на грип/заболувања слични на грип изнесува 12.741. Во споредба со истиот период од минатата сезона, бројот на пријавени случаи е зголемен за 55,5%, а во однос на моделот од последните 13 сезони има намалување од 19,1%. Во досегашниот тек на сезоната на грип, регистрирани се 11 починати лица асоцирани со грип, 5 од Скопје и по едно лице од Велес, Куманово, Неготино, Гостивар, Демир Хисар и Штип, шест од возрасната група на лица 15-64 години и пет од возрасната група на лица над 65 години, сите хоспитализирани, 10 со коморбидитети и сите невакцинирани против сезонски грип.  

The post За 40,8 отсто е помал бројот на заболени од грип во однос на минатата недела, покажува Извештајот на ИЈЗ appeared first on Република.

]]>
Опаѓа бројот на дневно заразени и активни случаи со ковид, но и интересот за вакцинација https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/opagja-brojot-na-dnevno-zarazeni-i-aktivni-sluchai-so-kovid-no-i-interesot-za-vakcinacija/ Thu, 21 Apr 2022 07:13:11 +0000 https://republika.mk/?p=491529

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава продолжува да опаѓа и во моментов изнесува 802. Се намалува и бројот на новозаболени и на починати, а низок е и дневниот процент на заразени.

Над половина од активните (431) се Скопје, а повеќе од 100 има уште само во Битола каде што се евидентирани 126. Болни од ковид нема во Крива Паланка, Дебар, Богданци, Кратово, Македонски Брод и Дојран, а само по еден случај има во Свети Никола, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Пехчево и Македонска Каменица.

Во претходното деноноќие беа забележани 127 нови случаи од 1.908 тестови што е околу 6,6 отсто.

Епидемиолошката состојба продолжува да се подобрува, но министерот за здравство Беким Сали сепак предупредува дека граѓаните треба да останат внимателни, а институциите подготвени.

Се намалува и интересот за вакцинација. Вкупниот опфат на вакцинирани е 46 отсто, иако Сали вели дека има доволен број вакцини за сите што сакаат да се имунизираат.

Состојбата со Ковид-19 се подобрува и во светот. Според евиденцијата на сајтот „Ворлдметерс”, во изминатите седум дена на глобално ниво бројот на новозаболени е намален за 30 проценти, а само во Европа за 31 отсто. Значително зголемување од 127 проценти се бележи во Кина каде што во изминатата седмица се регистрирани 21,5 илјади случаи.

Податоците за Македонија покажуваат дека бројот на новозаразени е намален за 23, а на починатите за 72 отсто. Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени е 298.811, а на починати 9.265.

Засега нема нови препораки од Комисијата за заразни болести за ублажување на мерките.

Од вчера престана да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во земјава задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР-тест направен 72 часа пред влезот во државава или негативен брз антиген-тест направен 48 часа пред влезот во земјата.

Веќе не важи и мерката за домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди.

Претходно, беше укинато и задолжителното носење маски во основните и средните училишта и во затворени простории, освен во болници, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Не се бараат ниту сертификати за влез во шопинг-центри.

Засега останува во сила обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност за затворените делови на угостителските објекти.

The post Опаѓа бројот на дневно заразени и активни случаи со ковид, но и интересот за вакцинација appeared first on Република.

]]>

Бројот на активни случаи на Ковид-19 во земјава продолжува да опаѓа и во моментов изнесува 802. Се намалува и бројот на новозаболени и на починати, а низок е и дневниот процент на заразени. Над половина од активните (431) се Скопје, а повеќе од 100 има уште само во Битола каде што се евидентирани 126. Болни од ковид нема во Крива Паланка, Дебар, Богданци, Кратово, Македонски Брод и Дојран, а само по еден случај има во Свети Никола, Виница, Пробиштип, Крушево, Демир Хисар, Демир Капија, Пехчево и Македонска Каменица. Во претходното деноноќие беа забележани 127 нови случаи од 1.908 тестови што е околу 6,6 отсто. Епидемиолошката состојба продолжува да се подобрува, но министерот за здравство Беким Сали сепак предупредува дека граѓаните треба да останат внимателни, а институциите подготвени. Се намалува и интересот за вакцинација. Вкупниот опфат на вакцинирани е 46 отсто, иако Сали вели дека има доволен број вакцини за сите што сакаат да се имунизираат. Состојбата со Ковид-19 се подобрува и во светот. Според евиденцијата на сајтот „Ворлдметерс”, во изминатите седум дена на глобално ниво бројот на новозаболени е намален за 30 проценти, а само во Европа за 31 отсто. Значително зголемување од 127 проценти се бележи во Кина каде што во изминатата седмица се регистрирани 21,5 илјади случаи. Податоците за Македонија покажуваат дека бројот на новозаразени е намален за 23, а на починатите за 72 отсто. Вкупниот број ковид-дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 308.878, бројот на оздравени е 298.811, а на починати 9.265. Засега нема нови препораки од Комисијата за заразни болести за ублажување на мерките. Од вчера престана да важи обврската на домашните и странските државјани кои влегуваат во земјава задолжително да приложат сертификат за извршена вакцинација, сертификат за прележан КОВИД-19 во последните 180 дена, медицинска потврда за негативен ПЦР-тест направен 72 часа пред влезот во државава или негативен брз антиген-тест направен 48 часа пред влезот во земјата. Веќе не важи и мерката за домашна изолација/карантин во времетраење од седум дена за лицата кои при влез на граничните премини нема да приложат еден од досега предвидените сертификати или потврди. Претходно, беше укинато и задолжителното носење маски во основните и средните училишта и во затворени простории, освен во болници, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица. Не се бараат ниту сертификати за влез во шопинг-центри. Засега останува во сила обврската за задолжително поседување сертификат за вакцинација или за прележаност за затворените делови на угостителските објекти.

The post Опаѓа бројот на дневно заразени и активни случаи со ковид, но и интересот за вакцинација appeared first on Република.

]]>