налог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nalog/ За подобро да се разбереме Fri, 17 Mar 2023 15:49:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png налог Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nalog/ 32 32 За воени злосторства во Украина: Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/za-voeni-zlostorstva-vo-ukraina-hashkiot-sud-izdade-nalog-za-apsene-na-putin/ Fri, 17 Mar 2023 15:49:35 +0000 https://republika.mk/?p=620800

Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за руските воени злосторства во Украина.

Москва постојано ги негира обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства за време на едногодишната инвазија на Украина и тврди дека тие не напаѓаат цивили.

Налогот за апсење на Путин се темели на сомнежите за нелегална депортација на деца и за нелегален трансфер на луѓе од Украина на територијата на Руската Федерација. Налог за апсење по истите обвиненија е издаден и за Марија Алексејевна Лвова-Белова, руската комесарка за правата на децата.

ИЦЦ неодамна ја покрена првата истрага во врска со војната во Украина, но Русија веднаш кажа дека не ја признава јурисдикцијата на овој суд.

The post За воени злосторства во Украина: Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин appeared first on Република.

]]>

Меѓународниот кривичен суд (ИЦЦ) издаде налог за апсење на рускиот претседател Владимир Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за руските воени злосторства во Украина. Москва постојано ги негира обвинувањата дека нејзините сили извршиле злосторства за време на едногодишната инвазија на Украина и тврди дека тие не напаѓаат цивили. Налогот за апсење на Путин се темели на сомнежите за нелегална депортација на деца и за нелегален трансфер на луѓе од Украина на територијата на Руската Федерација. Налог за апсење по истите обвиненија е издаден и за Марија Алексејевна Лвова-Белова, руската комесарка за правата на децата. ИЦЦ неодамна ја покрена првата истрага во врска со војната во Украина, но Русија веднаш кажа дека не ја признава јурисдикцијата на овој суд.

The post За воени злосторства во Украина: Хашкиот суд издаде налог за апсење на Путин appeared first on Република.

]]>
Твитер го блокираше налогот на милијардерот Плиега заради навреди кон новинарка https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/tviter-go-blokirashe-nalogot-na-milijarderot-pliega-zaradi-navredi-kon-novinarka/ Thu, 20 Jan 2022 07:13:07 +0000 https://republika.mk/?p=446886

Твитер вчера соопшти дека ја блокирал сметката на мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего поради навредливо однесување кон мексикански новинар.

Раководството на Твитер соопшти дека Салинас на неговиот налог „учествувал во вознемирувачки ситуации насочени кон едно лице“.

Минатата недела Салинас, сопственик на „Banco Azteca SA“, влезе во расправија со мексиканската новинарка Дениз Дресер, коментирајќи го на Твитер нејзиниот изглед, што социјалната мрежа го смета за прекршување на нејзините правила.

Салинас на својот профил на Телеграм напиша дека ќе ги користи своите налози на Телеграм, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок додека не го реши „проблемот со Твитер“.

Милијардерот и неговото семејство се рангирани на 153-то место на листата на милијардери на Форбс, со проценета нето вредност од 13,5 милијарди долари.

The post Твитер го блокираше налогот на милијардерот Плиега заради навреди кон новинарка appeared first on Република.

]]>

Твитер вчера соопшти дека ја блокирал сметката на мексиканскиот милијардер Рикардо Салинас Плиего поради навредливо однесување кон мексикански новинар. Раководството на Твитер соопшти дека Салинас на неговиот налог „учествувал во вознемирувачки ситуации насочени кон едно лице“. Минатата недела Салинас, сопственик на „Banco Azteca SA“, влезе во расправија со мексиканската новинарка Дениз Дресер, коментирајќи го на Твитер нејзиниот изглед, што социјалната мрежа го смета за прекршување на нејзините правила. Салинас на својот профил на Телеграм напиша дека ќе ги користи своите налози на Телеграм, Фејсбук, Инстаграм и ТикТок додека не го реши „проблемот со Твитер“. Милијардерот и неговото семејство се рангирани на 153-то место на листата на милијардери на Форбс, со проценета нето вредност од 13,5 милијарди долари.

The post Твитер го блокираше налогот на милијардерот Плиега заради навреди кон новинарка appeared first on Република.

]]>