највисока температура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najvisoka-temperatura/ За подобро да се разбереме Tue, 16 Jul 2024 10:46:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png највисока температура Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najvisoka-temperatura/ 32 32 Во Дубровник измерена рекордна температура на морето https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/vo-dubrovnik-izmerena-rekordna-temperatura-na-moreto/ Tue, 16 Jul 2024 10:46:19 +0000 https://republika.mk/?p=797327

Највисоката температура на морето е измерена во Хрватска откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ)

Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C.

Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.

 

The post Во Дубровник измерена рекордна температура на морето appeared first on Република.

]]>

Највисоката температура на морето е измерена во Хрватска откако се достапни мерењата на Хрватскиот хидрометереолошки завод (ДХМЗ) Во Дубровник вчера температурата на морето во 17 часот изнесуваше 29,7 степени Целзиусови. Досега, апсолутната највисока температура на морето во Хрватска на станиците на ДХМЗ беше измерена на 21 јули 2015 година на островот Раб и изнесуваше 29,5 °C. Во северниот дел на хрватското крајбрежје туристите се згрозени од валканите лигави површини на водата предизвикано од т.н. цветање на морето. Релативно високите температури на морето, многу врнежи и многу хранливи соли поттикнаа поголема репродукција на природниот фитопланктон, кој формира лигави површини во морето.  

The post Во Дубровник измерена рекордна температура на морето appeared first on Република.

]]>
Летото не е ни почнато, а во Бразил се измерени највисоки до сега 44,8 степени целзиусови https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/letoto-ne-e-ni-pochnato-a-vo-brazil-se-izmereni-najvisoki-do-sega-44-8-stepeni-tselziusovi/ Tue, 21 Nov 2023 07:53:51 +0000 https://republika.mk/?p=714612

Во Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја.

Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица. Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа дека жештината веројатно ќе се намали оваа недела.

Официјални лица на Националниот институт за метеорологија (Инмет) соопштија дека во трите главни градови на бразилските држави ќе бидат забележани температури до 40 степени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил. Претходниот температурен рекорд беше 44,7 степени и беше измерен во 2005 година.

Поради жештините, црвени предупредувања беа издадени во делови од земјата, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера. Потрошувачката на енергија во Бразил скокна на рекордно ниво, бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со клима уреди.

 

The post Летото не е ни почнато, а во Бразил се измерени највисоки до сега 44,8 степени целзиусови appeared first on Република.

]]>

Во Бразил е измерена највисоката температура досега, дури 44,8 степени Целзиусови, во екот на неподносливиот топлотен бран што зафати делови од таа голема јужноамериканска земја. Рекордот беше соборен во неделата во градот Арасуаи, во југоисточната бразилска држава Минас Жераис, соопштија официјални лица. Невидената жештина се припишува на феноменот Ел Нињо и климатските промени. Синоптичарите рекоа дека жештината веројатно ќе се намали оваа недела. Официјални лица на Националниот институт за метеорологија (Инмет) соопштија дека во трите главни градови на бразилските држави ќе бидат забележани температури до 40 степени, пренесе Си-Ен-Ен Бразил. Претходниот температурен рекорд беше 44,7 степени и беше измерен во 2005 година. Поради жештините, црвени предупредувања беа издадени во делови од земјата, еден месец пред почетокот на летото на јужната хемисфера. Потрошувачката на енергија во Бразил скокна на рекордно ниво, бидејќи луѓето се обидуваат да се разладат со клима уреди.  

The post Летото не е ни почнато, а во Бразил се измерени највисоки до сега 44,8 степени целзиусови appeared first on Република.

]]>