најубави градови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najubavi-gradovi/ За подобро да се разбереме Sat, 08 Apr 2023 20:27:15 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најубави градови Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najubavi-gradovi/ 32 32 Топ-листа на 25 најубави градови во светот, има два од Балканот https://arhiva3.republika.mk/zivot/patuvanja/top-lista-na-25-najubavi-gradovi-vo-svetot-ima-dva-od-balkanot/ Sat, 08 Apr 2023 20:45:51 +0000 https://republika.mk/?p=628827

Американскиот портал „Травел + лејжр“ (Travel + Leisure) објави топ-листа на 25 најубави градови во светот. Од нив, меѓу најблиските во нашето соседство е Дубровник којшто се наоѓа на 18. место.

Како што пишува изданието, во „бисерот на Јадранот“, во шармантниот, компактен и стар град во Хрватска, посетителите може да видат средновековна архитектура во сочувана состојба, вклучувајќи тука и готско-ренесансно наследство, палати и дебели камени ѕидови... Според рецензијата, ова е еден од најдобро сочуваните средновековни утврдувања во светот.

Од градовите на Балканот, на топ-листата се наоѓа и Истанбул, кој е рангиран на четвртото место.

 

Во првите 10 градови, покрај Истанбул, се Сиднеј (Австралија), Барселона (Шпанија), Квинстаун (Нов Зеланд), Париз (Франција), Сан Франциско (Калифорнија), Палермо (Италија), Кејп Таун (Јужна Африка) , Сеул (Јужна Кореја) и Картагена (Колумбија).

На списокот натаму следат и Кјото (Јапонија), Рио де Жанеиро (Бразил), Тбилиси (Грузија), Рим (Италија), Хој Ан (Виетнам), Лондон (Англија), Буенос Ариес (Аргентина), Седина (Аризона, САД), Шафшауан (Мароко), Тајпеј (Тајван), Единбург (Шкотска), Сан Мигел де Аљенде (Мексико), Сингапур и Њујорк (САД).

The post Топ-листа на 25 најубави градови во светот, има два од Балканот appeared first on Република.

]]>

Американскиот портал „Травел + лејжр“ (Travel + Leisure) објави топ-листа на 25 најубави градови во светот. Од нив, меѓу најблиските во нашето соседство е Дубровник којшто се наоѓа на 18. место. Како што пишува изданието, во „бисерот на Јадранот“, во шармантниот, компактен и стар град во Хрватска, посетителите може да видат средновековна архитектура во сочувана состојба, вклучувајќи тука и готско-ренесансно наследство, палати и дебели камени ѕидови... Според рецензијата, ова е еден од најдобро сочуваните средновековни утврдувања во светот. Од градовите на Балканот, на топ-листата се наоѓа и Истанбул, кој е рангиран на четвртото место.   Во првите 10 градови, покрај Истанбул, се Сиднеј (Австралија), Барселона (Шпанија), Квинстаун (Нов Зеланд), Париз (Франција), Сан Франциско (Калифорнија), Палермо (Италија), Кејп Таун (Јужна Африка) , Сеул (Јужна Кореја) и Картагена (Колумбија). На списокот натаму следат и Кјото (Јапонија), Рио де Жанеиро (Бразил), Тбилиси (Грузија), Рим (Италија), Хој Ан (Виетнам), Лондон (Англија), Буенос Ариес (Аргентина), Седина (Аризона, САД), Шафшауан (Мароко), Тајпеј (Тајван), Единбург (Шкотска), Сан Мигел де Аљенде (Мексико), Сингапур и Њујорк (САД).

The post Топ-листа на 25 најубави градови во светот, има два од Балканот appeared first on Република.

]]>