најскап лек на светот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najskap-lek-na-svetot/ За подобро да се разбереме Wed, 23 Aug 2023 20:31:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најскап лек на светот Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najskap-lek-na-svetot/ 32 32 Двегодишниот Лав од Нови Сад го прими најскапиот лек на светот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/dvegodishniot-lav-od-novi-sad-go-primi-najskapiot-lek-na-svetot/ Wed, 23 Aug 2023 20:31:07 +0000 https://republika.mk/?p=675118

Двегодишниот Лав Тодоовииќ од Нови Сад, Србија, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА) тип 1 денеска го прими најскапиот лек на светот, Золгенсма. Тој е и првиот пациент во Сбија кој ја добил оваа терпија, на Универзитетската детска клиника во Белград.

Примањето на терапијата траело околу еден час, а мајката на Лав за „Нова.рс“ со широка насмевка на лицето изјавила дека за неа и за целото семејство конечно почнува нов живот и тие може да здивнат.

Јас и Лав сме сами во изолација, тоа е неопходно. Но, брзо ќе излеземе. Лекарите велат за ден-два можеме дома. Имаше многу возбуда, но и страв, изјави мајката на Лав.

По терапијата со Золгенсма се очекува дека кај Лав набрзо ќе се вратат, односно ќе се обноват сите загубени моторички способности и дека тој ќе може сам да се движи.

Детската клиника во Белград е сертифицирана да ја дава терапијата со Золгенсма, а Лав пред неколку месеци бил на преглед каде што било докажано дека тој е одличен кандидат за оваа генетска терапија. Досега децата од Србија кои се болни од СМА се лечеа во САД и во Унгарија. Цената на лекот е околу два милиони евра.

 

The post Двегодишниот Лав од Нови Сад го прими најскапиот лек на светот appeared first on Република.

]]>

Двегодишниот Лав Тодоовииќ од Нови Сад, Србија, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА) тип 1 денеска го прими најскапиот лек на светот, Золгенсма. Тој е и првиот пациент во Сбија кој ја добил оваа терпија, на Универзитетската детска клиника во Белград. Примањето на терапијата траело околу еден час, а мајката на Лав за „Нова.рс“ со широка насмевка на лицето изјавила дека за неа и за целото семејство конечно почнува нов живот и тие може да здивнат.
Јас и Лав сме сами во изолација, тоа е неопходно. Но, брзо ќе излеземе. Лекарите велат за ден-два можеме дома. Имаше многу возбуда, но и страв, изјави мајката на Лав.
По терапијата со Золгенсма се очекува дека кај Лав набрзо ќе се вратат, односно ќе се обноват сите загубени моторички способности и дека тој ќе може сам да се движи. Детската клиника во Белград е сертифицирана да ја дава терапијата со Золгенсма, а Лав пред неколку месеци бил на преглед каде што било докажано дека тој е одличен кандидат за оваа генетска терапија. Досега децата од Србија кои се болни од СМА се лечеа во САД и во Унгарија. Цената на лекот е околу два милиони евра.  

The post Двегодишниот Лав од Нови Сад го прими најскапиот лек на светот appeared first on Република.

]]>