најплатен актер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najplaten-akter/ За подобро да се разбереме Fri, 08 Mar 2024 11:25:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најплатен актер Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najplaten-akter/ 32 32 Адам Сендлер е најплатениот глумец за изминатава година https://arhiva3.republika.mk/scena/film/adam-sendler-e-najplateniot-glumets-za-izminatava-godina/ Fri, 08 Mar 2024 11:25:26 +0000 https://republika.mk/?p=752613

Адам Сендлер нема да добие „Оскар“ овој викенд за комедијата „Случајни детективи 2“ (Murder Mystery 2), но може да се утеши со фактот дека овој филм му помогна да стане најплатениот глумец во Холивуд за изминатава година, според списанието „Форбс“.

Комичарот последен пат беше на врвот на таа топ-листа во 2002 година. Според пресметките, тој заработил 73 милиони долари, пред сé благодарение на договорот со стрим-платформата „Нетфликс“ и неколкуте филмови со коишто е актуелен. Тоа го постави над Марго Роби, која е втора. Нејзината заработка од 59 милиони долари главно се заснова на главната улога во филмот „Барби“, но и во остварувањето на Вес Андерсон - „Град на астероиди“ (Asteroid City) и како продуцентка на филмот „Салтбурн“.

Том Круз е на место број 3 на листата на „Форбс“ (45 милиони долари), најмногу поради филмот „Невозможна Мисија: Одмазда 1. дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One), како и правата за стрим на „Топ ган 2: Маверик“.

Рајан Гослинг и Мет Дејмон го делат четвртото место, со заработка од по 43 милиони долари.

На топ-10 листата најплатени глумци се наоѓаат и Џенифер Анистон (42 милиони), Леонардо ди Каприо и Џејсон Стејтам (со по околу 41 милион долари заработка), Бен Афлек (38 милиони) и ѕвездата на „Израмнувач 3“ - Дензел Вашингтон со заработени 24 милиони долари.

The post Адам Сендлер е најплатениот глумец за изминатава година appeared first on Република.

]]>

Адам Сендлер нема да добие „Оскар“ овој викенд за комедијата „Случајни детективи 2“ (Murder Mystery 2), но може да се утеши со фактот дека овој филм му помогна да стане најплатениот глумец во Холивуд за изминатава година, според списанието „Форбс“. Комичарот последен пат беше на врвот на таа топ-листа во 2002 година. Според пресметките, тој заработил 73 милиони долари, пред сé благодарение на договорот со стрим-платформата „Нетфликс“ и неколкуте филмови со коишто е актуелен. Тоа го постави над Марго Роби, која е втора. Нејзината заработка од 59 милиони долари главно се заснова на главната улога во филмот „Барби“, но и во остварувањето на Вес Андерсон - „Град на астероиди“ (Asteroid City) и како продуцентка на филмот „Салтбурн“. Том Круз е на место број 3 на листата на „Форбс“ (45 милиони долари), најмногу поради филмот „Невозможна Мисија: Одмазда 1. дел“ (Mission: Impossible – Dead Reckoning Part One), како и правата за стрим на „Топ ган 2: Маверик“. Рајан Гослинг и Мет Дејмон го делат четвртото место, со заработка од по 43 милиони долари. На топ-10 листата најплатени глумци се наоѓаат и Џенифер Анистон (42 милиони), Леонардо ди Каприо и Џејсон Стејтам (со по околу 41 милион долари заработка), Бен Афлек (38 милиони) и ѕвездата на „Израмнувач 3“ - Дензел Вашингтон со заработени 24 милиони долари.

The post Адам Сендлер е најплатениот глумец за изминатава година appeared first on Република.

]]>
Том Круз за секој збор заработува над 7.000 долари https://arhiva3.republika.mk/scena/film/tom-kruz-za-sekoj-zbor-zarabotuva-nad-7-000-dolari/ Wed, 01 Feb 2023 11:53:33 +0000 https://republika.mk/?p=603336

Според податоците на веб-страницата „Казумо“, Круз заработува 7.091 долари по изговорен збор или 205.639 долари за 10 секунди дијалог.

Круз не добива стандардна плата, туку зема одреден процент од заработката на филмот, бидејќи заработил повеќе од 200 милиони долари на франшизата „Mission Impossible“.

По Том, на второ место е актерот Курт Расел (71) кој заработува 5.682 долари по изговорен збор, а на трето место е Џони Деп кој заработува 4.877 долари по збор.

The post Том Круз за секој збор заработува над 7.000 долари appeared first on Република.

]]>

Според податоците на веб-страницата „Казумо“, Круз заработува 7.091 долари по изговорен збор или 205.639 долари за 10 секунди дијалог. Круз не добива стандардна плата, туку зема одреден процент од заработката на филмот, бидејќи заработил повеќе од 200 милиони долари на франшизата „Mission Impossible“. По Том, на второ место е актерот Курт Расел (71) кој заработува 5.682 долари по изговорен збор, а на трето место е Џони Деп кој заработува 4.877 долари по збор.

The post Том Круз за секој збор заработува над 7.000 долари appeared first on Република.

]]>