најнесреќен ден во годината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najnesreken-den-vo-godinata/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Oct 2023 09:08:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најнесреќен ден во годината Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najnesreken-den-vo-godinata/ 32 32 Денеска е најнесреќниот ден во годината, или пак не? https://arhiva3.republika.mk/zivot/kaleidoskop/deneska-e-najnesrekniot-den-vo-godinata-ili-pak-ne/ Fri, 13 Oct 2023 09:08:39 +0000 https://republika.mk/?p=690780

Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој страв е прекумерен - фобија од петок 13 или параскаведекатријафобија.

Ова прилично распространето суеверие, според некои познавачи, можеби потекнува од средниот век, а можеби дури и од библиско време. По некои преданија, тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнала поплавата и изградбата на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за последните Исусови искушенија на Велики четврток, ден пред распнувањето на Христос на Велики петок.

Некои историчари, пак, веруваат дека сè тоа почнало кога францускиот крал Филип Четврти затворил стотици „Темплари“ во петок, на 13 октомври 1307 година. Во „Кодот на Да Винчи“, писателот Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Моле на петок 13. Тој, според приказната, ги проколнал папата и кралот на Франција.

Можно е и романот на Томас Лосон од 1907 година - „Петок 13-ти“ да одиграл значајна улога во ширењето на ова суеверие. Во романот, бескрупулозниот брокер го користи уверувањето за да создаде паника на Волстрит на петок 13-ти.

По 20 години, во 1927. се случил вториот најголем крах на берзата во историјата. Денот остана запаметен како „црн петок“ и тоа уште повеќе им влеа страв на Американците, па стравот се проширил и во Европа и остатокот од светот.

Стравот од бројот 13, веројатно, е поврзан и со норманскиот мит за 12 богови кои подготвиле вечера на којашто дошол непоканет 13-ти гостин - лукавиот Локи. Тој го измамил слепиот бог на темнината Ходер да го застрела богот на радоста Балдер - по што „целата земја беше обвиена во црно“, вели преданието.

Тоа наведува кон претпоставкјата дека бројот 13 се сметал за несреќен и во ерата пред Христа. Имено, историски, бројот 12 се сметал за едно цело, односно совршенство - има 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 хороскопски знаци... А, 13 ја нарушува таа хармонија.

Во многу земји, на пр., високите згради немаат 13-ти кат. Куќите на бројни улици, исто така, често го немаат бројот 13, а многу хотели, немаат соба бр. 13. Во САД се смета за несреќа ако 13 луѓе вечераат заедно, како што верувал американскиот претседател Теодор Рузвелт. Тој одбивал и да патува во петок, 13-ти.

Во Округот Сомерсет, во Велика Британија, се вели дека „оној кој го преместува креветот во петок, ги превртува бродовите на море, а во Округот Кумбрија бебињата родени во петок се ставаат на Библија. Во некои области, кој ќе се јави на лекар првпат в петок, „ја предвидува смртта“, гласи едно од верувањата.

Потстрижувањето на косата или сечењето нокти во петок исто така се смета за несреќно, а некои и не се венчаат, или одбиваат да купат куќа во петок, па и според статистиката, сѐ помалку луѓе летаат со авион на тој ден.

Од малку поведрите податоци, на петок 13-ти во 1930 година, била основана првата нудистичка колонија - во Велика Британија, во Норт Девон. Во САД, пак, на ридот над Лос Анџелес, бил откриен знакот „Холивуд“ на петок 13-ти, 1923 година.

 

The post Денеска е најнесреќниот ден во годината, или пак не? appeared first on Република.

]]>

Според многумина во светот, петок 13-ти е најнесреќниот ден во годината. Психолозите дури имаат и дијагноза за она кога тој страв е прекумерен - фобија од петок 13 или параскаведекатријафобија. Ова прилично распространето суеверие, според некои познавачи, можеби потекнува од средниот век, а можеби дури и од библиско време. По некои преданија, тоа бил денот кога Ева го натерала Адам да го касне јаболкото, кога почнала поплавата и изградбата на Вавилонската кула. Во Новиот завет имало 13 луѓе кои зборуваат за последните Исусови искушенија на Велики четврток, ден пред распнувањето на Христос на Велики петок. Некои историчари, пак, веруваат дека сè тоа почнало кога францускиот крал Филип Четврти затворил стотици „Темплари“ во петок, на 13 октомври 1307 година. Во „Кодот на Да Винчи“, писателот Ден Браун ја споменува егзекуцијата на темпларот Жак де Моле на петок 13. Тој, според приказната, ги проколнал папата и кралот на Франција. Можно е и романот на Томас Лосон од 1907 година - „Петок 13-ти“ да одиграл значајна улога во ширењето на ова суеверие. Во романот, бескрупулозниот брокер го користи уверувањето за да создаде паника на Волстрит на петок 13-ти. По 20 години, во 1927. се случил вториот најголем крах на берзата во историјата. Денот остана запаметен како „црн петок“ и тоа уште повеќе им влеа страв на Американците, па стравот се проширил и во Европа и остатокот од светот. Стравот од бројот 13, веројатно, е поврзан и со норманскиот мит за 12 богови кои подготвиле вечера на којашто дошол непоканет 13-ти гостин - лукавиот Локи. Тој го измамил слепиот бог на темнината Ходер да го застрела богот на радоста Балдер - по што „целата земја беше обвиена во црно“, вели преданието. Тоа наведува кон претпоставкјата дека бројот 13 се сметал за несреќен и во ерата пред Христа. Имено, историски, бројот 12 се сметал за едно цело, односно совршенство - има 12 месеци во годината, 12 олимписки богови, 12 часа на часовникот, 12 апостоли, 12 потомци на Мухамед, 12 хороскопски знаци... А, 13 ја нарушува таа хармонија. Во многу земји, на пр., високите згради немаат 13-ти кат. Куќите на бројни улици, исто така, често го немаат бројот 13, а многу хотели, немаат соба бр. 13. Во САД се смета за несреќа ако 13 луѓе вечераат заедно, како што верувал американскиот претседател Теодор Рузвелт. Тој одбивал и да патува во петок, 13-ти. Во Округот Сомерсет, во Велика Британија, се вели дека „оној кој го преместува креветот во петок, ги превртува бродовите на море, а во Округот Кумбрија бебињата родени во петок се ставаат на Библија. Во некои области, кој ќе се јави на лекар првпат в петок, „ја предвидува смртта“, гласи едно од верувањата. Потстрижувањето на косата или сечењето нокти во петок исто така се смета за несреќно, а некои и не се венчаат, или одбиваат да купат куќа во петок, па и според статистиката, сѐ помалку луѓе летаат со авион на тој ден. Од малку поведрите податоци, на петок 13-ти во 1930 година, била основана првата нудистичка колонија - во Велика Британија, во Норт Девон. Во САД, пак, на ридот над Лос Анџелес, бил откриен знакот „Холивуд“ на петок 13-ти, 1923 година.  

The post Денеска е најнесреќниот ден во годината, или пак не? appeared first on Република.

]]>