најкус животен век Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najkus-zhivoten-vek/ За подобро да се разбереме Tue, 11 Apr 2023 08:37:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најкус животен век Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najkus-zhivoten-vek/ 32 32 Македонците и Бугарите имаат најкус животен век во регионот https://arhiva3.republika.mk/zivot/zdravje/makedontsite-i-bugarite-imaat-najkus-zhivoten-vek-vo-regionot/ Tue, 11 Apr 2023 08:37:50 +0000 https://republika.mk/?p=629710

Граѓаните на Бугарија и на Македонците имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП).

Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година.

Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години.

Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години.

„Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години.

Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.

 

The post Македонците и Бугарите имаат најкус животен век во регионот appeared first on Република.

]]>

Граѓаните на Бугарија и на Македонците имаат најкус очекуван животен век во регионот, а се ниско позиционирани и на европската листа, покажува анализата што ја објави веб-страницата „Landgeist“ базирана на податоци на Програмата за развој на ОН (УНДП). Очекуваниот животен век на Бугарите е 74,9 години, а на Македонците 75,7. Следуваат Србите и Албанците со 75,8 години, Црногорците со 76,8, жителите на Босна и Херцеговина со 77,3 и Хрватите со 78,3 години. Најдлоговечни во регионот се Грците чиј очекуван животе век е 82,1 година. Во Европа најкус животен век имаат Украинците 72 и Русите 72,4 години. Најдолго, пак, живеат Италијанците 83,6, Шпанците и Швајцарците 83,4 години. „Landgeist“ забележува дека има прилично голема разлика во очекуваниот животен век на луѓето во Западна и во Источна Европа. Посочува и дека гледано по региони најкратко живее населението во северозападна Бугарија 69,7 години и во јужна и источна Србија 71,9 години. Најдолг животен век имаат луѓето во италијанскиот регион Тичино 85,7 и во шпанскиот Мадрид 85,4 години.  

The post Македонците и Бугарите имаат најкус животен век во регионот appeared first on Република.

]]>