Најдоброто од Копров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdobroto-od-koprov/ За подобро да се разбереме Wed, 17 Jul 2024 12:47:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Најдоброто од Копров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdobroto-od-koprov/ 32 32 Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/tsela-sala-stana-na-noze-i-mu-rakopleskashe-na-grigor-koprov-na-kontsertot-vo-opera-i-balet-posveten-na-negovite-hitovi/ Fri, 05 Jul 2024 09:58:26 +0000 https://republika.mk/?p=793709

Полн беше салонот на Националната опера и балет и сите гледачи станаа и со долг аплауз го поздравија македонскиот композитор Григор Копров во чија чест вчера, на 4 јули во рамките на Скопско лето се одржа концерт „Најдоброто од Копров“.

Песните на концертот ги испеаја Ана Петановска, младата вокалистка со раскошен талент, која соработува со Копров, а на сцената се појавија и Наде Талеска, која ја почнала кариерата со Копров, Денис Димоски, Горан Наумовски кој е дел од организацијата на концертот и на крај Владо Јаневски како специјален гостин. На крајот од концертот в.д директорот на Операта Орце Ицковски го покани Копров на сцената да му врачи плакета од името на Скопско лето и од Операта, а Копров, видно возбуден кратко кажа:

Сите ние во одреден дел од животот чувствуваме некоја возбуда. Бев возбуден кога се женев, кога ми се роди синот, кога мажиш или жениш дете. Јас вечерва, со оглед на годината на производството, чувствувам голема возбуда“, кажа Копров и доби громогласен аплауз од гледачите во салата.

За Петановска, Копров е многу широк човек и според она што го сподели со публиката, секој ден во студио со него е мошне интересен.

Тој нам, младите пејачи, ни дава можност да бираме како една песна ќе звучи, ги прифаќа нашите идеи. Ви посакувам вака да терате до 120, а за назад, ќе му ја мислиме, му рече Петановска на Копров.

Концертот почна со песни од Тоше Просески кои ги испеа Петановска, која потоа во дует со Димоски ја испеаја „Немир“ на Тоше и Каролина. Публиката се развесели со „Лиду ду“ и „Сребрени улици“ од Маја Оџаклиевска. Наумовски ја изведе „Прости ми“, исто така на Оџаклиевска. Талевска јавно му се заблагодари на Копров и го нарече легенда и ги отпеа хитовите „Анушка“ и „Лео“ од Ана Костовска и Калиопи.

Наде Талевска и Горан Наумовски беа одличен дует во „Остани во мене“ од Калиопи и Ромео Грил, а Петановска и Наумовски во „Љуби ме и главата горе” од Зафир и Сенка. Концертот заврши со „Не допирај ме“ од Маја Оџаклиевска, за која Петановска рече можеби оваа песна е потценета, но нејзе ѝ е омилена.

 

 

The post Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови appeared first on Република.

]]>

Полн беше салонот на Националната опера и балет и сите гледачи станаа и со долг аплауз го поздравија македонскиот композитор Григор Копров во чија чест вчера, на 4 јули во рамките на Скопско лето се одржа концерт „Најдоброто од Копров“. Песните на концертот ги испеаја Ана Петановска, младата вокалистка со раскошен талент, која соработува со Копров, а на сцената се појавија и Наде Талеска, која ја почнала кариерата со Копров, Денис Димоски, Горан Наумовски кој е дел од организацијата на концертот и на крај Владо Јаневски како специјален гостин. На крајот од концертот в.д директорот на Операта Орце Ицковски го покани Копров на сцената да му врачи плакета од името на Скопско лето и од Операта, а Копров, видно возбуден кратко кажа:
Сите ние во одреден дел од животот чувствуваме некоја возбуда. Бев возбуден кога се женев, кога ми се роди синот, кога мажиш или жениш дете. Јас вечерва, со оглед на годината на производството, чувствувам голема возбуда“, кажа Копров и доби громогласен аплауз од гледачите во салата.
За Петановска, Копров е многу широк човек и според она што го сподели со публиката, секој ден во студио со него е мошне интересен.
Тој нам, младите пејачи, ни дава можност да бираме како една песна ќе звучи, ги прифаќа нашите идеи. Ви посакувам вака да терате до 120, а за назад, ќе му ја мислиме, му рече Петановска на Копров.
Концертот почна со песни од Тоше Просески кои ги испеа Петановска, која потоа во дует со Димоски ја испеаја „Немир“ на Тоше и Каролина. Публиката се развесели со „Лиду ду“ и „Сребрени улици“ од Маја Оџаклиевска. Наумовски ја изведе „Прости ми“, исто така на Оџаклиевска. Талевска јавно му се заблагодари на Копров и го нарече легенда и ги отпеа хитовите „Анушка“ и „Лео“ од Ана Костовска и Калиопи. Наде Талевска и Горан Наумовски беа одличен дует во „Остани во мене“ од Калиопи и Ромео Грил, а Петановска и Наумовски во „Љуби ме и главата горе” од Зафир и Сенка. Концертот заврши со „Не допирај ме“ од Маја Оџаклиевска, за која Петановска рече можеби оваа песна е потценета, но нејзе ѝ е омилена.    

The post Цела сала стана на нозе и му ракоплескаше на Григор Копров на концертот во Опера и балет посветен на неговите хитови appeared first on Република.

]]>
Концерт „Најдоброто од Корпов“ со Ана Петановска на Скопско лето https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/kontsert-najdobroto-od-korpov-so-ana-petanovska-na-skopsko-leto/ Wed, 03 Jul 2024 08:14:51 +0000 https://republika.mk/?p=792931

В четврток, на 4 јули, со почетокот во 20,30 часот во Националната опера и балет во склоп на Скопско лето ќе се одржи концертот „Најдоброто од Корпов“ на Ана Петановска.

Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други.

Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: мега ѕвездата Владо Јаневски, единствената Наде Талевска и топлиот вокал на Горан Наумовски, а во придружба на камерен оркестар.

The post Концерт „Најдоброто од Корпов“ со Ана Петановска на Скопско лето appeared first on Република.

]]>

В четврток, на 4 јули, со почетокот во 20,30 часот во Националната опера и балет во склоп на Скопско лето ќе се одржи концертот „Најдоброто од Корпов“ на Ана Петановска. Публиката ќе има можност да ужива во најголемите хитови компонирани од Григор Копров како што се „Лиду ду“, „Остани во мене“, „Не зори зоро“, „Не допирај ме“, „Твоите бакнежи на моите бели кошули“, „Анушка“ и многу други. Концертот преставува музичко патување низ долгогодишното творештво на Григор Копров, во изведба на моќниот вокал на Ана Петановска со ексклузивните гости: мега ѕвездата Владо Јаневски, единствената Наде Талевска и топлиот вокал на Горан Наумовски, а во придружба на камерен оркестар.

The post Концерт „Најдоброто од Корпов“ со Ана Петановска на Скопско лето appeared first on Република.

]]>