најдобрите во Русија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdobrite-vo-rusija/ За подобро да се разбереме Tue, 29 Oct 2024 09:46:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најдобрите во Русија Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdobrite-vo-rusija/ 32 32 Македонската балерина Стефанија Гаштарска меѓу најдобрите осум во Русија, според „Форбс“ https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/makedonskata-balerina-stefanija-gashtarska-megu-najdobrite-osum-vo-rusija-spored-forbs/ Tue, 29 Oct 2024 09:46:25 +0000 https://republika.mk/?p=831948

Младата македонска балерина Стефанија Гаштарска (22) според руското издание на престижниот магазин „Форбс“ е избрана меѓу осумте млади балерини кои се надежта на рускиот балет.

Мекоста и тежината на нејзиниот танц точно го одразуваат нејзиниот кореографски стил, вели „Форбс“.

Ова не е прв пат ова престижно списание да ја вклучи Гаштарска на оваа листа. За една сезона изигра седум главни улоги во најголемите класични дела. На гостување во театарот „Михајловски“ во Санкт Петербург играше во „Лебедово езеро“, а критичарите ја споредија со Ана Павлова.

Гаштарска се занимава со балет од девет години како ученичка во ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, во класата на Дафина Данилоска - Кочевска. На 15 години замина да учи во Државното училиште во Перм (Русија), една од најстарите балетски школи кои работат по Ваганова методот, а образованието го продолжи во Академијата за балет на „Бољшој“.

На 16 години настапи во Бољшој, играјќи ја принцезата Аурора од балетот „Заспаната убавица“.

The post Македонската балерина Стефанија Гаштарска меѓу најдобрите осум во Русија, според „Форбс“ appeared first on Република.

]]>