најдобри фестивали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdobri-festivali/ За подобро да се разбереме Mon, 30 Jan 2023 11:39:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најдобри фестивали Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdobri-festivali/ 32 32 „Егзит“ на петто место на најдобри фестивали во светот според гласовите објавени во „Диџеј Маг“, еден од водечките музички медиуми https://arhiva3.republika.mk/scena/muzika/egzit-na-petto-mesto-na-najdobri-festivali-vo-svetot-spored-glasovite-objaveni-vo-didhej-mag-eden-od-vodechkite-muzichki-mediumi/ Mon, 30 Jan 2023 11:38:56 +0000 https://republika.mk/?p=602607

Најголемиот музички фестивал во нашиот регион, „ЕГЗИТ“ е изгласан за 5-ти најдобар фестивал во светот, објави еден од водечките светски музички медиуми „Диџеј Маг“ (DJ Mag)! Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за своите омилени фестивали, а „Егзит“ се најде пред гигантските настани како што се „Гластонбери“, „Коачела“, „Брнинг Мен“, „Лолапалуза“, „Сигет“, „Авејкенингс“ и многу други!

Со ова признание уште еднаш се потврдува глобалниот углед на ‘Егзит’, кој веќе над две децении важи за еден од најпрестижните фестивали на светот. Посебно е значаен фактот дека листата е формирана исклучиво со гласови од публиката ширум планетата“, изјави основачот и директор на „ЕГЗИТ“ фестивалот Душан Ковачевиќ.

Гласањето за најдобрите фестивали траеше од 5 до 26 октомври 2022 година. На прво место е белгискиот „Тумороуленд“, по него следуваат американските „Ултра Мјузик“ и „ЕДК Лас Вегас“, а потоа британскиот „Кримфилдс Норт“. Големото значење на ова признание е во тоа што доаѓа баш од читателите на угледниот „ДЈ Маг“, чии листи Топ 100 фестивалиТоп 100 диџеи и Топ 100 клубови претставуваат индустриски стандард, особено во електронската музика.

Затоа не изненадува фактот дека фестивалите кои се најдоа пред најголемиот регионален фестивал се посветени исклучиво на електронската музика, додека пак „ЕГЗИТ“ веќе над две децении негува мултижанровски пристап. Едно од главните обележја по кои „Егзит“ е познат во светот е фамозната Денс Аренакоја важи за водечка сцена на електронската музика во светот. Голем придонес даваат и „Но Слип Нови Сад“ бината, која доби и свој повеќекратно наградуван фестивал, како и низата помали бини кои веќе две децении ја промовираат електронската музика. „ЕГЗИТ“ беше домаќин на највозбудливите имиња на електронската музика во последните 20 години, а многу од нив редовно се наоѓаат на „ДЈ Маг“ листата на најдобри диџеи.

На фестивалската листа на „ДЈ Маг“, покрај „Егзит“, се најдоа и уште неколку фестивали од регионот, како што се „Антолд“, „Хајдаут“, „Сонус“, „Ултра Јуроп“. Овогодишните резултати од гласањето се објавуваат по тригодишна пауза, а „ЕГЗИТ“ беше на „ДЈ Маг“ листата и во  2019 година.

Овој британски магазин со тридецениска традиција е основан како месечник посветен на електронската музика и како таков се дистрибуира во повеќе земји во светот, меѓу кои се С.А.Д., Шпанија, Франција, Италија, Кина, Холандија, а негов заштитен знак се токму споменатите топ-листи.

The post „Егзит“ на петто место на најдобри фестивали во светот според гласовите објавени во „Диџеј Маг“, еден од водечките музички медиуми appeared first on Република.

]]>

Најголемиот музички фестивал во нашиот регион, „ЕГЗИТ“ е изгласан за 5-ти најдобар фестивал во светот, објави еден од водечките светски музички медиуми „Диџеј Маг“ (DJ Mag)! Повеќе од 100.000 луѓе од целиот свет гласаа за своите омилени фестивали, а „Егзит“ се најде пред гигантските настани како што се „Гластонбери“, „Коачела“, „Брнинг Мен“, „Лолапалуза“, „Сигет“, „Авејкенингс“ и многу други!
Со ова признание уште еднаш се потврдува глобалниот углед на ‘Егзит’, кој веќе над две децении важи за еден од најпрестижните фестивали на светот. Посебно е значаен фактот дека листата е формирана исклучиво со гласови од публиката ширум планетата“, изјави основачот и директор на „ЕГЗИТ“ фестивалот Душан Ковачевиќ.
Гласањето за најдобрите фестивали траеше од 5 до 26 октомври 2022 година. На прво место е белгискиот „Тумороуленд“, по него следуваат американските „Ултра Мјузик“ и „ЕДК Лас Вегас“, а потоа британскиот „Кримфилдс Норт“. Големото значење на ова признание е во тоа што доаѓа баш од читателите на угледниот „ДЈ Маг“, чии листи Топ 100 фестивалиТоп 100 диџеи и Топ 100 клубови претставуваат индустриски стандард, особено во електронската музика. Затоа не изненадува фактот дека фестивалите кои се најдоа пред најголемиот регионален фестивал се посветени исклучиво на електронската музика, додека пак „ЕГЗИТ“ веќе над две децении негува мултижанровски пристап. Едно од главните обележја по кои „Егзит“ е познат во светот е фамозната Денс Аренакоја важи за водечка сцена на електронската музика во светот. Голем придонес даваат и „Но Слип Нови Сад“ бината, која доби и свој повеќекратно наградуван фестивал, како и низата помали бини кои веќе две децении ја промовираат електронската музика. „ЕГЗИТ“ беше домаќин на највозбудливите имиња на електронската музика во последните 20 години, а многу од нив редовно се наоѓаат на „ДЈ Маг“ листата на најдобри диџеи. На фестивалската листа на „ДЈ Маг“, покрај „Егзит“, се најдоа и уште неколку фестивали од регионот, како што се „Антолд“, „Хајдаут“, „Сонус“, „Ултра Јуроп“. Овогодишните резултати од гласањето се објавуваат по тригодишна пауза, а „ЕГЗИТ“ беше на „ДЈ Маг“ листата и во  2019 година. Овој британски магазин со тридецениска традиција е основан како месечник посветен на електронската музика и како таков се дистрибуира во повеќе земји во светот, меѓу кои се С.А.Д., Шпанија, Франција, Италија, Кина, Холандија, а негов заштитен знак се токму споменатите топ-листи.

The post „Егзит“ на петто место на најдобри фестивали во светот според гласовите објавени во „Диџеј Маг“, еден од водечките музички медиуми appeared first on Република.

]]>