најдобра цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdobra-tsena/ За подобро да се разбереме Mon, 02 Sep 2024 07:46:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најдобра цена Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdobra-tsena/ 32 32 Најдобра цена: Повелете на евтина паштета, млеко, прашок за перење и пелени во Србија https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/najdobra-tsena-povelete-na-evtina-pashteta-mleko-prashok-za-perene-i-peleni-vo-srbija/ Sun, 01 Sep 2024 09:54:21 +0000 https://republika.mk/?p=811947

Во Србија почна промоцијата „Најдобра цена“ во чии рамки, како што најави Владата на Србија, до крајот на октомври цените на околу 700 производи ќе бидат пониски од сегашната промотивна цена во околу 2.500 малопродажни продавници во земјата, јави дописникот на МИА од Белград.

Акцијата вклучува 81 производ, а попустот во просек ќе биде 26,82 отсто, рече премиерот Милош Вучевиќ на презентацијата на акцијата и истакна дека домаќинствата ќе можат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно со купување на производи кои ќе бидат вклучени во акцијата.

Станува збор за важни производи кои ја сочинуваат потрошувачката кошничка, а овде зборуваме за производи како што се средства за лична хигиена, прашок за перење, пелени за бебиња, храна за бебиња, сокови, хемикалии за домаќинство, секакви видови храна, јајца, сладолед, овошје, зеленчук, месо и млечни производи, јогурт и млеко. Намалувањето на овие намирници во просек ќе изнесува близу 27 отсто, преточено во обичен речник - граѓаните во домашниот буџет ќе имаат една третина повеќе пари во споредба со претходното купување на овие производи, изјави денес за Курир Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија.

Поевтинувањата ќе се движат од седум отсто, колку ќе се намали цената на киселото млеко, до 58 отсто, колку што ќе поевтини прашокот за перење.

На пример, цената на стиснатата шунка ќе се намали од 1.199,99 динари на 799,99 динари, шунка во црево од 829,99 на 599,99 динари, компири од 84,99 на 59,99 динари, сирење од 899,99 на 689 динари.

Цената на килограм пилешко ќе се намали за 15,22 отсто, свинско за 11,57 отсто, јајцата за 13,41 отсто, компирите за 27,65 отсто.

Кога станува збор за средствата за хигиена, детскиот шампон ќе поевтини за 34,87 отсто, пелените за бебиња за 28,64 отсто, а пакувањето од две четкички за заби за 33,17 отсто.

Со акцијата вклучена е и сувата храна за домашни миленици, која ќе поевтини за 30 отсто, па седум килограми храна за кучиња наместо 999,99 динари ќе чинат 699,99 динари

The post Најдобра цена: Повелете на евтина паштета, млеко, прашок за перење и пелени во Србија appeared first on Република.

]]>

Во Србија почна промоцијата „Најдобра цена“ во чии рамки, како што најави Владата на Србија, до крајот на октомври цените на околу 700 производи ќе бидат пониски од сегашната промотивна цена во околу 2.500 малопродажни продавници во земјата, јави дописникот на МИА од Белград. Акцијата вклучува 81 производ, а попустот во просек ќе биде 26,82 отсто, рече премиерот Милош Вучевиќ на презентацијата на акцијата и истакна дека домаќинствата ќе можат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно со купување на производи кои ќе бидат вклучени во акцијата.
Станува збор за важни производи кои ја сочинуваат потрошувачката кошничка, а овде зборуваме за производи како што се средства за лична хигиена, прашок за перење, пелени за бебиња, храна за бебиња, сокови, хемикалии за домаќинство, секакви видови храна, јајца, сладолед, овошје, зеленчук, месо и млечни производи, јогурт и млеко. Намалувањето на овие намирници во просек ќе изнесува близу 27 отсто, преточено во обичен речник - граѓаните во домашниот буџет ќе имаат една третина повеќе пари во споредба со претходното купување на овие производи, изјави денес за Курир Томислав Момировиќ, министер за внатрешна и надворешна трговија.
Поевтинувањата ќе се движат од седум отсто, колку ќе се намали цената на киселото млеко, до 58 отсто, колку што ќе поевтини прашокот за перење. На пример, цената на стиснатата шунка ќе се намали од 1.199,99 динари на 799,99 динари, шунка во црево од 829,99 на 599,99 динари, компири од 84,99 на 59,99 динари, сирење од 899,99 на 689 динари. Цената на килограм пилешко ќе се намали за 15,22 отсто, свинско за 11,57 отсто, јајцата за 13,41 отсто, компирите за 27,65 отсто. Кога станува збор за средствата за хигиена, детскиот шампон ќе поевтини за 34,87 отсто, пелените за бебиња за 28,64 отсто, а пакувањето од две четкички за заби за 33,17 отсто. Со акцијата вклучена е и сувата храна за домашни миленици, која ќе поевтини за 30 отсто, па седум килограми храна за кучиња наместо 999,99 динари ќе чинат 699,99 динари

The post Најдобра цена: Повелете на евтина паштета, млеко, прашок за перење и пелени во Србија appeared first on Република.

]]>
Млеко, брашно, кафе, риба, шампон: Поевтинуваат 700 основни производи во српските маркети https://arhiva3.republika.mk/vesti/balkan/mleko-brashno-kafe-riba-shampon-poevtinuvaat-700-osnovni-proizvodi-vo-srpskite-marketi/ Sat, 31 Aug 2024 20:08:51 +0000 https://republika.mk/?p=811876

Српскиот премиер Милош Вучевиќ на прес-конференција истакна дека цените се пониски од промотивните во трговските синџири, а ќе се применуваат во 2.500 малопродажни објекти, објави Новости.

Исто така, беше истакнато дека преку оваа кампања домаќинствата ќе успеат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно.

Инаку, акцијата ќе трае до 31 октомври, а опфатени се речиси сите категории на храна кои ќе се продаваат по ниски цени.

Премиерот рече дека се подготвуваат и многу други работи за да им се помогне на граѓаните и посочи дека Владата пред сѐ мора да се грижи за граѓаните и дека е проблем доколку трговците имаат екстра профит од нив. Тој рече дека мора внимателно да се подготви за да не се наруши принципот на пазарната економија и да не се оспорува ничие право на бизнис:

- Повторувам, немам проблем некој да профитира, туку имам проблем само ако некој создаде екстра профит. Како влада мораме да се грижиме и за граѓаните и за економијата, кои и двете ја сочинуваат средината на една земја. Пред сѐ, треба да се грижиме за граѓаните, за луѓето со помали примања, за пензионерите, за да ја почувствуваат грижата на државата.

The post Млеко, брашно, кафе, риба, шампон: Поевтинуваат 700 основни производи во српските маркети appeared first on Република.

]]>

Српскиот премиер Милош Вучевиќ на прес-конференција истакна дека цените се пониски од промотивните во трговските синџири, а ќе се применуваат во 2.500 малопродажни објекти, објави Новости. Исто така, беше истакнато дека преку оваа кампања домаќинствата ќе успеат да заштедат од 8.000 до 22.000 динари месечно. Инаку, акцијата ќе трае до 31 октомври, а опфатени се речиси сите категории на храна кои ќе се продаваат по ниски цени. Премиерот рече дека се подготвуваат и многу други работи за да им се помогне на граѓаните и посочи дека Владата пред сѐ мора да се грижи за граѓаните и дека е проблем доколку трговците имаат екстра профит од нив. Тој рече дека мора внимателно да се подготви за да не се наруши принципот на пазарната економија и да не се оспорува ничие право на бизнис: