најдени пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdeni-pari/ За подобро да се разбереме Wed, 05 Apr 2023 09:18:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најдени пари Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najdeni-pari/ 32 32 Ако најдете пари на улица треба да ги пријавите: Штом сумата е под овој износ може да ги задржите https://arhiva3.republika.mk/vesti/svet/ako-najdete-pari-na-ulitsa-treba-da-gi-prijavite-ako-sumata-e-pod-ovoj-iznos-mozhe-da-gi-zadrzhite/ Thu, 06 Apr 2023 20:03:07 +0000 https://republika.mk/?p=627431

Повеќето луѓе кои наоѓаат пари на улица ги земаат и ги ставаат во своите џебови, но во Германија е донесен закон кој пропишува до која сума, пронајденото не мора законски да се пријави.

Како што пренесува „Феникс Магазин“, монетите и се што е помало од 10 евра може да слободно се земе бидејќи се премали, но секоја сума поголема од 10 евра мора да биде пријавена во локалната канцеларија за изгубено и пронајдено или во полициска станица.

И покрај тоа, пронаоѓачите сè уште можат да ги „добијат“ парите што ги нашле, но само ако ниту еден сопственик не се јави во рок од шест месеци.

Сепак, доколку се јави сопственикот на изгубените пари, на наоѓачот му следуваат пет отсто од сумата до 500 евра или три отсто од сумата над 500 евра.

Случај од Баден-Виртемберг го потврди токму тоа - човек донел во полиција ранец со 130.000 евра што го нашол на улица, за што бил награден кога бил пронајден сопственикот.

Кога станува, пак, збор за германските железници, наоѓачот има право на компензација само ако пронајденото вреди повеќе од 50 евра.

До вредност од 500 евра се добива награда од 2,5 отсто, а над 500 евра наградата е 1,5 отсто, при што предметите може да се предадат и на железничкиот персонал.

Доколку лицето, сепак одлучи да ги земе пронајдените пари без да ги пријави, може да се соочи со казна за „проневера“ и до три години затвор.

The post Ако најдете пари на улица треба да ги пријавите: Штом сумата е под овој износ може да ги задржите appeared first on Република.

]]>

Повеќето луѓе кои наоѓаат пари на улица ги земаат и ги ставаат во своите џебови, но во Германија е донесен закон кој пропишува до која сума, пронајденото не мора законски да се пријави. Како што пренесува „Феникс Магазин“, монетите и се што е помало од 10 евра може да слободно се земе бидејќи се премали, но секоја сума поголема од 10 евра мора да биде пријавена во локалната канцеларија за изгубено и пронајдено или во полициска станица. И покрај тоа, пронаоѓачите сè уште можат да ги „добијат“ парите што ги нашле, но само ако ниту еден сопственик не се јави во рок од шест месеци. Сепак, доколку се јави сопственикот на изгубените пари, на наоѓачот му следуваат пет отсто од сумата до 500 евра или три отсто од сумата над 500 евра. Случај од Баден-Виртемберг го потврди токму тоа - човек донел во полиција ранец со 130.000 евра што го нашол на улица, за што бил награден кога бил пронајден сопственикот. Кога станува, пак, збор за германските железници, наоѓачот има право на компензација само ако пронајденото вреди повеќе од 50 евра. До вредност од 500 евра се добива награда од 2,5 отсто, а над 500 евра наградата е 1,5 отсто, при што предметите може да се предадат и на железничкиот персонал. Доколку лицето, сепак одлучи да ги земе пронајдените пари без да ги пријави, може да се соочи со казна за „проневера“ и до три години затвор.

The post Ако најдете пари на улица треба да ги пријавите: Штом сумата е под овој износ може да ги задржите appeared first on Република.

]]>