најден тодоров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najden-todorov/ За подобро да се разбереме Fri, 13 Sep 2024 14:38:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png најден тодоров Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/najden-todorov/ 32 32 Љутков се сретна со бугарскиот колега: Културната дипломатија е инструмент за еманципација на културата во надворешната политика https://arhiva3.republika.mk/vesti/kultura/lutkov-se-sretna-so-bugarskiot-kolega-kulturnata-diplomatija-e-instrument-za-emantsipatsija-na-kulturata-vo-nadvoreshnata-politika/ Fri, 13 Sep 2024 14:54:01 +0000 https://republika.mk/?p=816115

Министерот за култура Зоран Љутков денеска во Софија оствари средба со министерот за култура на Република Бугарија, Најден Тодоров, пред вечерашното гостување на македонската Национална опера и балет на сцената во главниот град на Бугарија. На средбата, Љутков ја истакнал подготвеноста на нашата држава да го продолжи дијалогот и соработката со Република Бугарија. Според Љутков, културната дипломатија е инструмент за еманципација на културата во надворешната политика преку која може да се реализираат долгорочни цели како и интензивна соработка, промоција и одржлив развој на односите со другите држави.

Љутков на својот фејсбук профил објави дека на средбата со Тодоров ја истакнал важноста на потпишаните билатерални документи како Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Македонија и Бугарија склучен во 2000 година (што стапи во сила од 2002 година) и Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Бугарија во областа на културата од 2000 година (што стапи во сила во 2002 година).

Врз основа на оваа Спогодба досега се потпишани повеќе Програми за соработка меѓу надлежните министерства за култура. Последната Програма е потпишана во 2022 година и истата е со важност до 2025 година. Министерството за култура и туризам, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија во наредниот период ќе иницира изготвување на нов текст на овој билатерален документ кој би се потпишал наредната година и кој би бил уште еден силен импулс во продлабочување на културните врски меѓу двете држави. Потенцирав дека како непосредни соседи сме упатени на интензивна меѓусебна комуникација која низ делувањето на националните установи, авторите и репродуктивните уметници и во иднина ќе настојуваме да ја унапредуваме и развиваме, напиша Љутков на Фејсбук.

Тој изразил задоволство од реализацијата на изложбата „105 години Требеништа“ која е пример за меѓусоседска соработка од значење за регионот и за Европа.

Оваа изложба, како што потенцираше, беше надоврзување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, Народниот музеј на Србија – Белград, Археолошкиот музеј на Република Македонија – Скопје и Заводот и музеј – Охрид.

Досега изложбата беше претставена во Скопје и Софија, а во 2025 година ќе биде отворена во Белград. Според Љутков, позитивно искуство во областа на културата меѓу двете држави беше и реализацијата на изложбата „Сребрена Тракија“ која го освои вниманието на културната јавност во Македонија.

На средбата со колегата Тодoров, Љутков ја поздравил соработката во музичко-сценската дејност, особено меѓу националните оперски куќи.

Македонската публика неодамна, на Мајските оперски вечери имаше можност да ја проследи Вагнеровата „Валкира“, а особено радува и денешната возвратена посета на Националната опера и балет со Вердиевиот „Набуко“. Притоа ја поддржав иницијативата на бугарскиот министер за организирање заеднички концерт на Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун и Македонската филхармонија во Софија, а понатаму и во Скопје и во Солун, посочи Љутков.

Тој напомена дека средбата беше можност да се изрази задоволство од соработката во областа на театарот меѓу двете држави, реализацијата на проектот „Манифест“на Велешкиот театар и театарот од Пловдив и секако подготвеност за соработка на националните театри,МНТ и „Иван Вазов“ преку реализација на заеднички копродукции.

The post Љутков се сретна со бугарскиот колега: Културната дипломатија е инструмент за еманципација на културата во надворешната политика appeared first on Република.

]]>

Министерот за култура Зоран Љутков денеска во Софија оствари средба со министерот за култура на Република Бугарија, Најден Тодоров, пред вечерашното гостување на македонската Национална опера и балет на сцената во главниот град на Бугарија. На средбата, Љутков ја истакнал подготвеноста на нашата држава да го продолжи дијалогот и соработката со Република Бугарија. Според Љутков, културната дипломатија е инструмент за еманципација на културата во надворешната политика преку која може да се реализираат долгорочни цели како и интензивна соработка, промоција и одржлив развој на односите со другите држави. Љутков на својот фејсбук профил објави дека на средбата со Тодоров ја истакнал важноста на потпишаните билатерални документи како Договорот за соработка во областа на туризмот меѓу Владата на Македонија и Бугарија склучен во 2000 година (што стапи во сила од 2002 година) и Спогодбата меѓу Владата на Македонија и Бугарија во областа на културата од 2000 година (што стапи во сила во 2002 година).
Врз основа на оваа Спогодба досега се потпишани повеќе Програми за соработка меѓу надлежните министерства за култура. Последната Програма е потпишана во 2022 година и истата е со важност до 2025 година. Министерството за култура и туризам, во соработка со Министерството за култура на Република Бугарија во наредниот период ќе иницира изготвување на нов текст на овој билатерален документ кој би се потпишал наредната година и кој би бил уште еден силен импулс во продлабочување на културните врски меѓу двете држави. Потенцирав дека како непосредни соседи сме упатени на интензивна меѓусебна комуникација која низ делувањето на националните установи, авторите и репродуктивните уметници и во иднина ќе настојуваме да ја унапредуваме и развиваме, напиша Љутков на Фејсбук.
Тој изразил задоволство од реализацијата на изложбата „105 години Требеништа“ која е пример за меѓусоседска соработка од значење за регионот и за Европа. Оваа изложба, како што потенцираше, беше надоврзување на неколкугодишната соработка меѓу Националниот археолошки институт со музеј при БАН – Софија, Народниот музеј на Србија – Белград, Археолошкиот музеј на Република Македонија – Скопје и Заводот и музеј – Охрид. Досега изложбата беше претставена во Скопје и Софија, а во 2025 година ќе биде отворена во Белград. Според Љутков, позитивно искуство во областа на културата меѓу двете држави беше и реализацијата на изложбата „Сребрена Тракија“ која го освои вниманието на културната јавност во Македонија. На средбата со колегата Тодoров, Љутков ја поздравил соработката во музичко-сценската дејност, особено меѓу националните оперски куќи.