наим бајрами Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naim-bajrami/ За подобро да се разбереме Mon, 05 Aug 2024 13:46:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png наим бајрами Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/naim-bajrami/ 32 32 Министерот Наим Бајрами од СДС и ДУИ за 4 месеци во кафеани потрошил 231 илјади денари, една просечна годишна плата https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ministerot-naim-bajrami-od-sds-i-dui-za-4-mesetsi-vo-kafeani-potroshil-231-iljadi-denari-edna-prosechna-godishna-plata/ Mon, 05 Aug 2024 11:04:18 +0000 https://republika.mk/?p=803496

Власта на СДС и ДУИ се однесувале кон државната каса како кон бунар без дно, не само што се ограбувала државата преку тендери, туку и немилосрдно се трошело на кафански седенки, на јадење и пиење на нивните функционери, рече на денешната прес-конференција пратеникот Бране Петрушевски.

Денес низ наједноставен пример, ќе ја доловиме сликата за ограбената држава од страна на СДС и ДУИ. И како тоа министрите во претходната власт гледале на државата. Пример за аздисано трошење е министерот Наим Бајрами, кој беше министер во МИОА од 01.02.2024 година до 01.06.2024 година. За 4 месеци колку што Наим Бајрами бил министер во МИОА на службената картичка успеал да направи долг од цели 231.729 денари. Бајрами потрошил за 4 месеци на кафеани, јадење и пиење преку службена картичка, колку што еден граѓанин со минимална плата заработува за цела година. Како СДС и ДУИ правдаат што нивен функционер за само 4 месеци на кафеани потрошил колку што еден граѓанин троши за една година, и тоа за живот и преживување? Со кое лице СДС и ДУИ и Наим Бајрами ќе ги погледнат граѓаните и како ќе им кажат дека за 4 месеци еден човек потрошил во кафеани колку тие за живот на нивното семејство за една година - истакна Петрушевски.

Во наредните неколку дена ќе кажеме детално како овој функционер ги трошел народните пари и како се однесувал додека народот мислел дека тој работи за државата, додава Петрушевски.

The post Министерот Наим Бајрами од СДС и ДУИ за 4 месеци во кафеани потрошил 231 илјади денари, една просечна годишна плата appeared first on Република.

]]>

Новиот министер за информатичко општество ќе го подига нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/noviot-minister-za-informatichko-opshtestvo-ke-go-podiga-nivoto-na-znaene-od-oblasta-na-sajber-bezbednosta/ Tue, 20 Feb 2024 17:00:44 +0000 https://republika.mk/?p=746235

Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, се обрати на обука наменета за државните и јавните службеници во државава, која се спроведува во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста во Западен Балкан“.

Обуката е во организација на Министерствоти за информатичко општетсво и администрација, заедно со ДЦАФ - Женевски центар за управување со безбедносниот сектор.

Министерот Бајрами, ја истакна важноста на ваквите обуки за зајакнување на националните капацитети за справување со сајбер заканите и подобрување на сајбер безбедноста, кои се приоритет за Република Македонија.

Секоја обука се состои од неколку теми кои се креирани за одредена целна група и се насочени кон подигнување на нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста и соодветно на тоа, подигање на нивото на сајбер безбедност во институцијата, рече Бајрами.

Тој истакна дека меѓу стратешките цели се: изградба на сајбер отпорна ИКТ инфраструктура, идентификување и имплементирање на соодветни решенија со цел заштита на националните интереси, промовирање на култура за сајбер безбедност со цел подигнување на јавната свест и разбирање за сајбер заканите, како и градење и унапредување на потребните национални капацитети за заштита, како и намалување на потенцијалните ризици во сајбер просторот.

Како што информира МИОА, меѓу темите за обука биле: пејзаж за сајбер безбедност на Балканот, преглед на 2023 година и предвидувања за 2024 година, улогата на ИТ персоналот од јавниот сектор во управувањето со сајбер безбедноста, сајбер кризи и одговор на инциденти и нагласување на мерките за заштита.

The post Новиот министер за информатичко општество ќе го подига нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста appeared first on Република.

]]>

Министерот за информатичко општество и администрација, Наим Бајрами, се обрати на обука наменета за државните и јавните службеници во државава, која се спроведува во рамки на проектот „Добро владеење во областа на сајбер безбедноста во Западен Балкан“. Обуката е во организација на Министерствоти за информатичко општетсво и администрација, заедно со ДЦАФ - Женевски центар за управување со безбедносниот сектор. Министерот Бајрами, ја истакна важноста на ваквите обуки за зајакнување на националните капацитети за справување со сајбер заканите и подобрување на сајбер безбедноста, кои се приоритет за Република Македонија.
Секоја обука се состои од неколку теми кои се креирани за одредена целна група и се насочени кон подигнување на нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста и соодветно на тоа, подигање на нивото на сајбер безбедност во институцијата, рече Бајрами.
Тој истакна дека меѓу стратешките цели се: изградба на сајбер отпорна ИКТ инфраструктура, идентификување и имплементирање на соодветни решенија со цел заштита на националните интереси, промовирање на култура за сајбер безбедност со цел подигнување на јавната свест и разбирање за сајбер заканите, како и градење и унапредување на потребните национални капацитети за заштита, како и намалување на потенцијалните ризици во сајбер просторот. Како што информира МИОА, меѓу темите за обука биле: пејзаж за сајбер безбедност на Балканот, преглед на 2023 година и предвидувања за 2024 година, улогата на ИТ персоналот од јавниот сектор во управувањето со сајбер безбедноста, сајбер кризи и одговор на инциденти и нагласување на мерките за заштита.

The post Новиот министер за информатичко општество ќе го подига нивото на знаење од областа на сајбер безбедноста appeared first on Република.

]]>
Собранието едвај ги избра министрите на Села https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/sobranieto-edvaj-gi-izbra-ministrite-na-sela/ Mon, 12 Feb 2024 20:02:49 +0000 https://republika.mk/?p=743387

Собранието попладнево, во рамки на 143-тата седница, ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери.

И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави.

https://republika.mk/vesti/makedonija/janushev-so-poraka-do-vlasta-ke-ve-zgazime-na-izbori-za-haosot-shto-go-napravivte-so-lichnite-dokumenti/

The post Собранието едвај ги избра министрите на Села appeared first on Република.

]]>

Собранието попладнево, во рамки на 143-тата седница, ги избра Илир Демири и Наим Бајрами за министри за здравство и за информатичко општество и администрација на местото на нивните сопартијци Фатмир Меџити и Азир Алиу кои во петокот беа разрешени на предлог на техничкиот премиер Талат Џафери. И Демири и Бајрами се избрани со 63 гласа „за“, ниту еден против и воздржан. По изборот, тие дадоа свечени изјави. https://republika.mk/vesti/makedonija/janushev-so-poraka-do-vlasta-ke-ve-zgazime-na-izbori-za-haosot-shto-go-napravivte-so-lichnite-dokumenti/

The post Собранието едвај ги избра министрите на Села appeared first on Република.

]]>
Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество https://arhiva3.republika.mk/vesti/makedonija/ilir-demiri-direktorot-na-bolnitsata-vo-tetovo-e-predlog-za-nov-minister-za-zdravstvo-od-aa-a-naim-bajrami-za-minister-za-informatichko-opshtestvo/ Wed, 07 Feb 2024 14:54:45 +0000 https://republika.mk/?p=741575

Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата.

Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи:

За министер за здравство се предлага Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово.

- За министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението од АА.

The post Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество appeared first on Република.

]]>

Алијансата за Албанците попладнево преку соопштение до медиумите објави дека одлучила да предложи нови кандидати за министри за здравство и за информатичко општество и администрација, на местата на Фатмир Меџити и Азир Алиу, кои како кадри на АА станаа членови на Владата. Врз основа на статутот на партијата, членовите 152, 154, 156 и член 84, Управниот совет на Алијансата за Албанците со 5 гласа од 7, едногласно одлучи: За министер за здравство се предлага Илир Демири, актуелен директор на Клиничка болница -Тетово. - За министер за информатичко општество и администрација се предлага Наим Бајрами, магистер по политички науки, се наведува во соопштението од АА.  

The post Илир Демири, директорот на Болницата во Тетово е предлог за нов министер за здравство од АА, а Наим Бајрами за министер за информатичко општество appeared first on Република.

]]>