Наградни Игри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagradni-igri/ За подобро да се разбереме Fri, 21 Jul 2023 07:42:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://arhiva3.republika.mk/wp-content/uploads/2018/11/cropped-favicon-32x32.png Наградни Игри Archives - Република https://arhiva3.republika.mk/tema/nagradni-igri/ 32 32 Апел од МВР: На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат внимателни со кого споделуваат лични податоци https://arhiva3.republika.mk/zivot/servisi/apel-od-mvr-na-internet-se-spodeluvaat-lazhni-nagradni-igri-graganite-da-bidat-vnimatelni-so-kogo-spodeluvaat-lichni-podatotsi/ Fri, 21 Jul 2023 07:41:29 +0000 https://republika.mk/?p=663768

На интернет, особено на социјалната мрежа „Фејсбук“, се споделуваат лажни наградни игри. МВР апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци.

Апелот на МВР доаѓа откако Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во изминатиот период констатирал зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа „Фејсбук“, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.

При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди. Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра, објаснуваат од МВР.

Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта.

Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет.

Воедно, апелираме до граѓаните со особено внимание и одговорно да постапуваат со своите лични податоци, да не ги споделуваат и разменуваат со непознати лица, како и со лица на кои не може да им се утврди вистинскиот идентитет, апелираат од МВР.

The post Апел од МВР: На интернет се споделуваат лажни наградни игри, граѓаните да бидат внимателни со кого споделуваат лични податоци appeared first on Република.

]]>

На интернет, особено на социјалната мрежа „Фејсбук“, се споделуваат лажни наградни игри. МВР апелира до граѓаните да бидат крајно внимателни со кого споделуваат лични податоци. Апелот на МВР доаѓа откако Секторот за компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност во изминатиот период констатирал зголемена појава на пријави за лажни наградни игри на интернет, преку користење на социјалните мрежи, особено преку социјалната мрежа „Фејсбук“, преку отворање на лажни профили именувани по некоја позната компанија од земјата со долгогодишно постоење, со цел неовластено прибавување на лични податоци од граѓаните.
При отворањето на лажните профили се користат логото и брендот на компанијата, со објава дека поради одреден повод (наводен роденден на компанијата и слично) се организира наградна игра со разни подароци за среќните добитници, како на пример вредносни ваучери, мобилни телефони и други наводни награди. Притоа од граѓаните, за да учествуваат во овие наградни игри кои се лажни, од се бара да извршат допаѓање „like“ на страната и на конкретната објава, во коментар да напишат „учествувам“, како и да извршат нејзино споделување, со цел што повеќе да се рашири лажната наградна игра, објаснуваат од МВР.
Потоа од креаторите на овие лажни наградни игри им се испраќа порака на граѓаните дека се добитници на награда, а за нејзино подигање потребно е да ги дадат своите лични податоци, да испратат слика од нивната лична карта (од двете страни), како и фотографија од имателот на личната карта. Оттаму, Министерството за внатрешни работи во интерес на заштита на граѓаните, на нивните лични податоци и можните злоупотреби и последици што можат да произлезат, апелира до јавноста за посебна внимателност при споделување на лични податоци на други лица, особено преку интернет.